IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали си спасен?!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали си спасен?!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 789
Автор
Порака
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2010 во 12:49



      Predestinacija (latinski: praedestinare- predopredelenost, odnapred opredeluva; ucenje spored koe sudbinata na covekot odnapred mu e opredelena) Mnozinstvoto dispenzacionalisti, koi go prifakaat dispenzacionalizmot (za sto ke stane zbor pri krajot od knigava), gi prifatile Kalvinovite verski pogledi - dlaboko veruvanje vo predestinacija.
Spored ovaa doktrina, covekot tolku dlaboko padnal vo grev, sto ne e vo sostojba sam da izvrsi izbor. Spored toa, spasenieto ne e uslovno ili bezuslovno, tuku covekot e predopredelen ili za vecno spasenie ili za vecna propast. Spored dispenzacionalistite, site vetuvanja od Pismoto, isto taka se bezuslovni, a Evreite se Bozji izbran narod, nezavisno od toa dali tie toa go sakaat ili ne! Megutoa, ova ne e biblisko ucenje, zasto ja unistuva slobodata i pravoto na covekot da bira, da ima sloboden izbor. Ovaa teologija e cisto krsenje na bibliskoto ucenja za uslovnost (2. Mojs. 19,5.6; 5. Mojseeva 28,1.15; Eremija 18,7-10).

Poimot “predestinacija” ne se spomenuva vo Stariot, tuku samo vo Noviot zavet, i toa vkupno sest pati. Ke gi citirame site tie mesta. 1. “Za da go napravat ona sto tvojata raka i tvojata volja odnapred opredelile da se zbidne.” (Dela 4,28)
“Zasto onie koi gi poznavase odnapred, niv i gi predopredeli da se preobrazat spored likot na negoviot Sin, za Toj da bide provoroden megu mnogute braka.” (Rimjanite 8,29)
“Onie koi gi predopredeli, niv i gi povika, a onie koi gi povika, niv i gi opravda, a onie koi gi opravda, niv i gi proslavi.” (Rimjanite 8,30) “Tuku govorime za Bozjata mudrost, vo tajna, skriena, koja Bog od damnina ja predopredelil za nasa slava.”
(1. Korin} anite 2,7) 5. “Toj odnapred ne opredeli za da ne posini preku Isusa Hrista, spored blagonaklonosta na svojata volja.” (Efes. 1,5) . “Vo kogo i nie bevme izbrani za naslednici, zasto bevme odnapred opredeleni spored namerata na Onoj koj pravi se po sovetot na svojata volja.” (Efescite 1,11).
Za poimot predopredelenost vo Noviot zavet se upotrebeni razlicni zborovi, kako sto se zamisla ili namera. Vo Svetoto pismo postojat i zborovi koi glasat poinaku, no imaat slicno znacenje. Na primer, nisto ne se slucuva sto Bog ne predvidel i ne resil; ime zapisano od sozdavanjeto na svetot vo knigata na zivotot; Bog rasporedil se; iminjata zapisani na nebesata... So niv se srodni i nekoi formulacii od Stariot zavet, kako sto se Bozja namera, Bozja volja, Bozja zamisla, Bozja odluka. “Denovite mi bea odredeni uste dodeka ne bese nieden.” (Psalm 139,16) Ako ova prasanje go razgleduvame izdeleno od kontekstot na Biblijata (tota skriptura- cela Biblija), sigurno ke dojdeme do pogresen zaklucok, kako i crkovnite pisateli od dalecnite vreminja, do razlicni mislenja za coveckata “sudbina”, pa i do tvrdiot, fatalisticki zaklucok za predopredelenost nekoi luge da bidat spaseni, a drugi, nezavisno od nivnata vera, predopredeleni za vecna propast.

Vo noviot vek najtvrd zastapnik na ucenjeto za bezuslovna predopredelenost bil Zan Kalvin (1509-1564), Svajcarsko- francuski reformator, spored kogo celo edno krilo od protestantizmot e nareceno kalvinizam, koj se pojavil na verskata scena na Evropa cel eden milenium po Avgustina, ciesto vlijanie vrz protestantskite doktrini ne treba da se zanemari. Ne e ednostavno da se izlozi Kalvinovoto sfakanje za predestinacija bez da se stekne vpecatok za krajna beznadeznost koga e vo prasanje coveckoto opravdanie i spasenie. Bozjata velicvestvenost - smeta Kalvin - ja nadminuva sposobnosta na coveckoto sfakanje i zatoa treba da se slavi negovata vozvisenost, a ne smelo da se ispituvaat negovite nameri, da se precekoruvaat granicite na Svetoto pismo i pricinite za sopstvenata propast da se baraat vo tajnite za koi Bog smetal deka ne e dobro da im gi otkrie na lugeto.

Kalvin kazuva: “CVovekot hristijanin sekogas treba da bide umeren, i koga ke vidi deka Bozjata sveta usta e zatvorena, i toj treba da go zatvori patot na svoeto baranje... Premudrost ja narekuvame vecnata Bozja mudrost so koja opredelil sto saka da stori od sekoj covek poedinecno, zasto ne gi sozdava site vo isti uslovi, tuku edni gi opredeluva za vecen zivot, a drugi za vecno prokletstvo. Spored celta za koja covekot e sozdaden velime deka toj e predopredelen za smrt ili za zivot.
Koga se kazuva deka Bog kaznuva ili ukazuva milosrdie spored svojata volja, toa nas ne opomenuva da ne barame nikakva pricina nadvor od negovata volja... “Zatoa sto Bozjata volja e takvo vrvno i suvereno pravilo na pravdata - se sto saka treba da se smeta za pravda zatoa sto Toj taka saka. Spored toa, koga se prasuva - zosto Bog go storil toa - treba da se odgovori: zatoa sto taka sakal. Ako se premine i preku toa i se prasuva: zosto taka sakal - toa veke e postavuvanje na prasanja koi zasegaat poveke i podaleku od Bozjata volja, a toa ne e mozno. Zatoa coveckata smelost treba da se odmeri i da ne go bara ona sto ne pripaga...”1 Kako dokaz za “neumesnite” prasanja vo vrska so Bozjiot izbor spored koj nekoi luge se opredeleni za spasenie, a drugi za unistuvanje, Kalvin gi naveduva zborovite na apostol Pavle od poslanieto do Rimjanite 9,20-21:

“Koj si ti, covece, da se raspravas so Boga? Zar rakotvorbata ke mu rece na svojot tvorec: ‘Zosto vaka si me napravil?’ Ili, zar grncarot nema pravo nad glinata, od istata smesa da napravi eden sad za pocesna, a drug za sekojdnevna upotreba?” Bez somnenie, vakvoto ucenje vo kalvinizmot pridonelo negovite sledbenici da se potcinat na Bozjata volja. No nim hristijanstvoto ne im nosi radosna vest za spasenie.
I ovaa nauka e pesimisticka kolku i anticvkoto sfakanje za neizbeznost na sudbinata sto im ja opredelile bogovite na lugeto.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2010 во 04:42
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Кого славите на 31 Август? - Св. Кипријан Картагински.


Па, зависи според кој календар гледаш. Според Григоријански (новиот), споменот на св. Кипријан Картагински се слави на 13 септември.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Дали Св. Кипријан Картагински е признат „свет отец“ во МПЦ? - Да.


Делумно. Св. Кипријан Картагински е признат СВЕТ ОТЕЦ не само во МПЦ, туку и во целтата ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, без разлика дали нејзините членови се наоѓаат во Русија (па се нарекува Руска Православна Црква – РПЦ), во Грција (па се нарекува Грчка Православна Црква – ГПЦ), во Бугарија (па се нарекува Бугарска Православна Црква – БПЦ) или на некоја друга територија на земјината топка. Кај и да си – важно православен си

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Ајде да видиме што вели овој православен свет отец:

"Extra Ecclesiam nulla salus" (Надвор од црквата нема спасение) алудирајќи се разбира на католичката црква.
Кипријан исто така рекол дека: Не можеш да го имаш Бог за татко, ако ја немаш (католичката) црква за мајка.
Кипријан веднаш потоа додава: Оние кои што се надвор од (Католичката) црква имаат спасение толку колку што имаат оние кои што се нашле надвор од границите на Ноевата арка.


Охоооо, види, види... Од сите мои прашања, ти пак само едно си избра (и тоа што никој не те праша). Епа, мил мој, едно избра... ама ПОГРЕШНО. Нели ти беше речено поарно да не се ваѓаш со светите отци на Едната, Света, Православна (Католичка=Соборна) Црква, затоа што длабоко ќе заглибаш? Епа, кој не слуша...

Ајде да видиме што всушност вели св. Кипријан Картагински. Да почнеме од почеток: Св. Кипријан Картагински потекнува од ПАГАНСКО семејство. Откривајќи за Христа, го прима крштението во Христа и е поставен за Епископ на Картагина. Во тоа време, многу од христијаните почнале да се опуштаат во духовниот живот и почнале да прифаќаат пагански работи. Св. Кипријан, како пастир на неговото стадо, почнува да ги разобличува сите ереси, секти и паганштини (така што тие негови зборови безрезервно се однесуваат и на “изворните“ христијани), да ги кара и поучува христијаните. Токму од таа причина тој вели: НАДВОР ОД ЦРКВАТА НЕМА СПАСЕНИЕ, што е сосема исправно и издржано според Православната Црква. Односно, оној кој што еднаш вкусил колку е благ Христос и отпаднал од Неговата Црква, доколку не се покае и врати назад, тешко дека ќе се спаси. Такви примери има многу (на пример Јулијан Отстапник, кој прво бил Православен и школски другар на св. Григориј Богослов и св. Василиј Велики, за потоа да отстапи од Христос и Неговата Црква и да стане богоборник).

Еве ти и занимација, да прочиташ нешто од св. Кипријан – цела книга посветена на Црквата On the Church – St. Cyprian of Carthage

Кога сакаш да приложиш некоја изјава или текст од некој свет отец во твоја корист, прво провери зошто тој свет отец го рекол или напишал конкретното дело, а не вака да се резилиш. Уште ли не ја научи лекцијата !?

Интересно е тоа што го има во житието на св. Нифонт (колку за освежување на меморијата, тоа е оној свет отец за кој ти истресе бисер за 2009 дека имал исламско учење, а тој живеел 300 години пред воопшто и да постои исламот, и каде пак, поради немање аргументи, ја замчакуваше дискусијата лево-десно). Тој имал видение за Праведниот Суд Божји, каде меѓудругото раскажува:

„По нив влегле мноштво идолопоклоници кои не го познавале законот Христов, туку ги водела совеста, та се држеле до него несвесно. Тоа биле оние што покажале дека законот е напишан во нивните срца, бидејќи совеста им сведочи (Рим. 2:15)...Тие се удостоиле да го наследат Царството Небесно и да се насладат со Бога...“

(Библиотека: Небесни Цветови. Манстир „Св. Атанасиј Велики“ – Журче, Демир Хисар 2008)



Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Сметам дека ова се доволно докази.


Какви докази? Зарем некој виде линк приложен од тебе? Или да не случајно даде извор од кое дело е тоа што си го приложил од св. Кипријан? Всушност, искривувањето на туѓите изјави и не се некаков доказ кој оди против твојот соговорниk, туку доказ кој е против тебе, разобличувајќи те дека дрско манипулираш кога немаш аргументи.

п.с. Според текстот изложен од Благој, излегува дека твоите „теологии“ што тука ни ги изнесуваш се всушност оние на Калвин



Изменето од Maran Ata - 07.Април.2010 во 04:46
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2010 во 12:01
Значи мало потсетување:
Откако јас реков дека...

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Според православието ти можеш да се веруваш колку ти душа сака, но ако не си под капата на православието (пр. си католик, протестант итн) џабе ти е верата, ќе гориш у пеколот.


Ти ме обвини за клевета:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:



О, роде клеветнички... докази, мил мој, докази:


За потоа истата „клеветна“ изјава да излезе и од твојата уста голема%20насмевка

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Токму од таа причина тој вели: НАДВОР ОД ЦРКВАТА НЕМА СПАСЕНИЕ, што е сосема исправно и издржано според Православната Црква.


Или пак можеби сакаш да кажеш дека Кипријан под поимот „ЦРКВА“ не ја подразбирал православната црква? трепкање
Или пак можеби сакаш да кажеш дека Православната црква е само дел Едната Христова Црква?

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Интересно е тоа што го има во житието на св. Нифонт (колку за освежување на меморијата, тоа е оној свет отец за кој ти истресе бисер за 2009 дека имал исламско учење, а тој живеел 300 години пред воопшто и да постои исламот,


Е ова е типична клевета, а не она што ти ме обвинуваше погоре (за потоа таа „клевета“ да излезе од твојата уста голема%20насмевка) Ова е вистински доказ за клевета. Во линкот кој го постираш јас не реков дека тоа Исламското учење е векови пред учењето на овој твојов Нифонт, туку реков дека тоа е векови пред учењето за митарствата...

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


исламското учење кое датира со векови пред учењето за митарствата да биде воведено во православието.


Ислам = 7-ми век <------------> Григориј, Василиј, Теодора = 10-ти век

Но типично за тебе, откако ќе загалвиш со аргументите да почнеш да ај заташкуваш дискусијата и лукаво да ја пренасочуваш во друг правец надвор од топикот на темата. Впрочем речиси секогаш кога си се држела барем 2 последователни реплики во топикот на темата си била фаќана во ќорсокак со „аргументите“ и веднаш си посегнувала по дискутирање, анализа, и клеветење на соговорникот наместо на темата или пак, во најдобар случај, заташкување и пренасочување на темата.

Да се вратиме на темата. Доколку не се согласуваш со твојот „свет отец“ Кипријан или пак глумиш во даденава ситуација дека не се согласуваш затоа што се фати во јамка, тогаш одговори јасно и прецизно која е според тебе Едната Христова и Апостолска Католичка Црква?
Дали е тоа МПЦ? СПЦ? ГПЦ? БПЦ?
Дали сите православни цркви заедно?
Дали православните и (римо)католичката црква?
Или?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2010 во 14:50
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Значи мало потсетување:Откако јас реков дека...
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Според православието ти можеш да се веруваш колку ти
душа сака, но ако не си под капата на православието (пр. си католик,
протестант итн) џабе ти е верата, ќе гориш у пеколот.
Ти ме обвини за клевета:
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:



О, роде клеветнички... докази, мил мој, докази:

За потоа истата „клеветна“ изјава да излезе и од твојата уста голема%20насмевка
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Токму од таа причина тој вели: НАДВОР ОД ЦРКВАТА НЕМА СПАСЕНИЕ, што е сосема исправно и издржано според Православната Црква.
Или пак можеби сакаш да кажеш дека Кипријан под поимот „ЦРКВА“ не ја подразбирал православната црква? трепкањеИли пак можеби сакаш да кажеш дека Православната црква е само дел Едната Христова Црква?



Или јас тебе да те потсетам што точно реков:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Св. Кипријан Картагински потекнува од ПАГАНСКО семејство. Откривајќи за Христа, го прима крштението во Христа и е поставен за Епископ на Картагина. Во тоа време, многу од христијаните почнале да се опуштаат во духовниот живот и почнале да прифаќаат пагански работи. Св. Кипријан, како пастир на неговото стадо, почнува да ги разобличува сите ереси, секти и паганштини (така што тие негови зборови безрезервно се однесуваат и на “изворните“ христијани), да ги кара и поучува христијаните. Токму од таа причина тој вели: НАДВОР ОД ЦРКВАТА НЕМА СПАСЕНИЕ, што е сосема исправно и издржано според Православната Црква. Односно, оној кој што еднаш вкусил колку е благ Христос и отпаднал од Неговата Црква, доколку не се покае и врати назад, тешко дека ќе се спаси. Такви примери има многу (на пример Јулијан Отстапник, кој прво бил Православен и школски другар на св. Григориј Богослов и св. Василиј Велики, за потоа да отстапи од Христос и Неговата Црква и да стане богоборник).

Еве ти и занимација, да прочиташ нешто од св. Кипријан – цела книга посветена на Црквата On the Church – St. Cyprian of Carthage

Кога сакаш да приложиш некоја изјава или текст од некој свет отец во твоја корист, прво провери зошто тој свет отец го рекол или напишал конкретното дело, а не вака да се резилиш. Уште ли не ја научи лекцијата !?


Интересно е тоа што го има во житието на св. Нифонт

„По нив влегле мноштво идолопоклоници кои не го познавале законот Христов, туку ги водела совеста, та се држеле до него несвесно. Тоа биле оние што покажале дека законот е напишан во нивните срца, бидејќи совеста им сведочи (Рим. 2:15)...Тие се удостоиле да го наследат Царството Небесно и да се насладат со Бога...“

(Библиотека: Небесни Цветови. Манстир „Св. Атанасиј Велики“ – Журче, Демир Хисар 2008)


И ајде, плиз, плиз, плиз, како другарче те молам, не продолжувај вака да се резилиш.

Јасно како ден е: ОНИЕ КОИ НЕ БИЛЕ ЗАПОЗНАТИ СО ХРИСТОВОТО УЧЕЊЕ, А ГО ИМАЛЕ НЕГОВИОТ ЗАКОН ВРЕЖАН ВО НИВНАТА СОВЕСТ - ЌЕ БИДАТ СПАСЕНИ, А ОНИЕ КОИ ОТПАДНАЛЕ ОД ВИСТИНСКАТА ЦРКВА И НЕ СЕ КААТ ЗА ТОА - НЕМА. СВ. КИПРИЈАН ЗБОРУВА ЗА ОНИЕ КОИ ОТПАДНАЛЕ!


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Интересно е тоа што го има во житието на св. Нифонт (колку за освежување на меморијата, тоа е оној свет отец за кој ти истресе бисер за 2009 дека имал исламско учење, а тој живеел 300 години пред воопшто и да постои исламот,
Е ова е типична клевета, а не она што ти ме обвинуваше погоре (за потоа таа „клевета“ да излезе од твојата уста голема%20насмевка) Ова е вистински доказ за клевета. Во линкот кој го постираш јас не реков дека тоа Исламското учење е векови пред учењето на овој твојов Нифонт<span ="highlight"></span>, туку реков дека тоа е векови пред учењето за митарствата...


Го цитираш мојот коментар за св. Нифонт, кој е од 4-ти век и зборува за митарствата, велејќи дека исламското учење е векови пред учењето за митарствата?! Ептен си вицкаст    Ајде да не одиме со линкови, туку оние кои читаат директно нека погледнат што всушност ЕвАнгелос истресе:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Св. Нифонт епископ на Константијана Александриска митарствата јасно и концизно ги објаснува: „Штом душата ќе излезе од телото, доаѓаат ангелите да ја преземат, но тогаш се собираат и мноштво демони. Ангелите ги претставуваат добрите дела на душата, додека демоните ги претставуваат лошите.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Ова учење е многу слично како и исламското учење кое датира со векови пред учењето за митарствата да биде воведено во православието. Имено Исламот учи дека мелеките (ангелите) ги запишуваат добрите и лошите дела на луѓето и по нивната смрт ги претставуваат истите пред Аллах кој потоа им суди.



Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Евангелосе, душичко, абе ти имаш ли школо завршено? Па на училиште се учи дека Исламот потекнува и се шири со Мухамед кој живеел чак во 7-ми век. Златно, ами какво е тоа исламско учење кое датира пред митарствата да бидат воведени во православното учење, кога св. Нифонт кој го земаш за пример е од 4-ти век ??? Алоооо, венераааа...

Не само што не знаеш кога потекнува исламот, а го споредуваш со православието, туку уште еднаш докажа дека веза немаш од нашата Света, Католичка и Апостолска Вера, а се дрзнуваш ти да објаснуваш како верувале Православните. Баналност и комедија! Утка од цели 3 века, 300 години, најмалку 3 генерации...


Ислам = 7-ми век <------------> св. Нифонт = 4-ти век






Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Впрочем речиси секогаш кога си се држела барем 2 последователни реплики во топикот на темата си била фаќана во ќорсокак со „аргументите“ и веднаш си посегнувала по дискутирање, анализа, и клеветење на соговорникот наместо на темата или пак, во најдобар случај, заташкување и пренасочување на темата.


Не знам каде тука виде дека некој ја анализира твојата личност. Зарем потенцирањето на твоето „познавање“ на Православното Христијство (и историјата воопшто) дадено од Христа на апостолите и пренесено преку Светите Отци до ден денеска е некаква си анализа на твојата личност? Зарем потенцирањето на тоа што дрско манипулираш со стихови од Светото Писмо само за да излезеш во право и со тоа се гордееш, е клеветење?

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Но типично за тебе, откако ќе загалвиш со аргументите да почнеш да ај заташкуваш дискусијата и лукаво да ја пренасочуваш во друг правец надвор од топикот на темата.


Или тоа што ги избегнуваш прашањата што ти беа поставени, е мое заглавување во ќор сокак? Или ова, според тебе, не е заташкување на дискусијата:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Баш ме интересира, ЕвАнгелосе, дали јас сум спасена? Или дали ти си спасен? И според кој критериум ти оценуваш кој е спасен, а кој не?



Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Оние што сеуште не се спасени т.е. не се покајале и не го предале животот на Христос, треба да го направат тоа, а оние кои веќе го направиле тоа и се спасени, да се стремат кон совршенство, кон светост...


Гледам дека правиш разлика помеѓу спасени и осветени. Ме интересира, според тебе, во што е таа разлика? И што е тоа совршенство, светост?



Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Господ вели дека Неговите заповеди не се тешки, а апостол Павле вели дека тој прави зло, што не сака да го прави:

Римјаните 7: 14-19 Затоа знаеме дека Законот е духовен, а јас, пак, сум од тело, продадено на гревот. А што правам, не знам; бидејќи не го вршам она, што сакам, туку она, што го мразам, тоа го правам. И така, јас веќе не го правам тоа, туку гревот, што живее во мене. Јас знам дека во мене, односно во моето тело, не живее доброто; бидејќи желба за добро во мене има, но да го правам тоа, не наоѓам сили. Оти не доброто, кое го сакам, го правам, туку злото, што не го сакам, го вршам.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Павле не го вели тоа, туку ти толкуваш дека апостол Павле го вели тоа.


Епа, ајде, златен, објасни ми и мене и на оние што читаат, што вели апостол Павле во следниот стих и што мисли со истиот, затоа што јас не сум не сум кадарна (според тебе) тоа да го направам:



Изменето од Maran Ata - 07.Април.2010 во 14:53
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Niko777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Niko777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2010 во 18:23
Никој не смее да си го присвојува зборот "Црква" за себе.

Црквата не се ниту згради, не е ниту бетон, ниту се камења, ниту пак свештиници, ниту пагански ритуали.

Црквата на Исус се неговите верници кои го бараат со целото свое срце затоа што Исус е меѓу нив, а Храмот на Господ се нивните тела.

(Коринтјаните 3:16) 16 Не знаете ли дека сте Божји храм и дека Божјиот Дух живее во вас?

(Матеј 18:20) Исус рече... 20 Зашто каде се двајца или тројца собрани во Мое Име, таму Сум и Јас посреде нив.”

Еве две видеа со еден верник, кој и по 18 години се уште плаче и не може да ги задржи солзите.

дел 1 oд 2: http://www.youtube.com/watch?v=J8qFrcA8sAg
дел 2 oд 2: http://www.youtube.com/watch?v=6RYao6K5J2A

се надевам ќе функционира македонскиот превод.

Поздрав,


Изменето од Niko777 - 10.Април.2010 во 03:28
Кон врв
Niko777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Niko777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2010 во 03:31
Видеата, но сега со вграден македонски превод
1 од 2 http://www.youtube.com/watch?v=J8qFrcA8sAg
2 од 2 http://www.youtube.com/watch?v=6RYao6K5J2A

Поздрав,

Изменето од Niko777 - 10.Април.2010 во 03:32
Кон врв
Niko777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Niko777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2010 во 14:30
Еве го сега целиот филм 20мин со македонски превод.
(во еден целосен дел, а не поделен во 2 дела)

http://www.veoh.com/browse/videos/category/lifestyle/watch/v19992216KBjSReWb

Поздрав,

Изменето од Niko777 - 12.Април.2010 во 14:30
Кон врв
dejanpp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanpp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2010 во 17:12
dali  nekoj  moze  da  bide  spasen  i  za  kolku  vreme 
moze  da  se  bide  spasen  no  ne  za  pomalce  od  10  god  zasto  toj  e  periodot  koga  covekot  minuva  od  edna  etapa  vo  druga  t.e.  informaciite  pocnuvaat  da  mu  se  zapisuvaat  vo  druga  grupa  na  kletki  pa  taka  ako  izdrzis  deset  godini  so  zapovedite  vo  slednata  etapa   od  zivotot   ke  vlezes  cist    t.e.  ke  bides  vo  rajot.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2010 во 17:49
Kompletnata regeneracija na teloto trae okolu 2 godini. Informaciite ne se zapishuvaat vo kletkite.

Teloto, kako materijalna ekspresija, ima samo odreden vek na traenje.

Koga se govori za spasuvanje ne se govori za telesno spasuvanje.











Изменето од Messenger - 01.Јуни.2010 во 17:51
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
dejanpp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanpp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2010 во 18:05
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Kompletnata regeneracija na teloto trae okolu 2 godini. Informaciite ne se zapishuvaat vo kletkite.

Teloto, kako materijalna ekspresija, ima samo odreden vek na traenje.

Koga se govori za spasuvanje ne se govori za telesno spasuvanje.

pa   dobro  ako  mislis  na  spasuvajne  kako  proces  koj  treba  da  se  sluci  vo  svesta  na  drugite  lujdze  seto  toa  mora  da  e  potkrepeno  so  naseto  odnesuvajne  vo  sprotivno  se  pajdza  vo  voda.a   toa  sto  velis  za  regeneracija   ovde  ne  stanuva  zbor  za  regeneracija  nego  pomestuvajne  na  citacot  vo  svesta  da  edna  oblast  vo  druga  vo  prostor  kade  sto  ima  20  bilioni  kletki  od  koi  nie  iskoristuvame  10  posto.









Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2010 во 18:16
Dali mozhesh toa da go argumentirash malu podobro? Mislam na onoa za "chitachot" koj "se pomestuva" vo svesta "od edna oblast vo druga".
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 789
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.