IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига на Шампиони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига на Шампиони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 43>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 23:11
Доста интересно во четвртфиналето ќе биде,но мислам дека Манчестер има отворен пат до финалето оваа година.да
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2010 во 11:33
Олиќ како Солскјер

Хрватскиот репрезентативец Ивица Олиќ повторно се покажа како човек за одлука за Баерн Минхен. На искусниот напаѓач не му пречеше тоа што се играа последните мигови од натпреварот против Манчестер Јунајтед за да постигне гол кој на неговиот тим ќе му донесе предност пред реваншот на Олд Трафорд идната недела. Јунајтед имаше и предност, а сигурно ќе се задоволеше и со реми, но Олиќ беше немилосрден во финишот и се погрижи за целосен пресврт.

Манчестер Јунајтед ја имаше добитната комбинација и овој пат како и во дуелот со Милан во осминафиналето, но не издржа до крај. Вејн Руни донесе предност по само 65 секунди по големата грешка на Мартин Демикелис кој се лизна во сопствениот шеснаесетник и му овозможи на напаѓачот на Јунајтед да го постигна петтиот гол оваа сезона во Лигата на шампионите. Руни нешто подоцна имаше уште една шанса за поубедлива предност, но не ја искористи.

Баерн во вториот дел ја презеде иницијативата, нападна со сите сили, но никој не можеше ниту да претпостави дека ќе биде способен за пресврт. Се играше 76. минута кога Невил направи прекршок на околу 20 метри. Рибери го изведе, топката го погоди Руни и го фати Ван дер Сар на погрешна нога, па не можеше да интервенира. Нешто подоцна Видиќ ја погоди пречката, а Гомез од неколку метри не успеа да го совлада противничкиот голман.

Сепак, Баерн не се откажа. Во втората минута од судиското продолжение Евра направи голема грешка, а Олиќ му донесе победа на својот тим идентична како онаа на Јунајтед од фамозното финале од 1999 година кога се сретнаа истите екипи. Сепак, ниту таа не му гарантира пласман на Баерн во полуфиналето бидејќи на Јунајтед сега му е потребна минимална победа во реваншот за конечна победа.

Возбудливиот меч во Минхен го стави во втор план дуелот на двете француски екипи. Лион е многу поблиску до полуфиналето откако синоќа триумфираше со 3:1 благодарение на двата гола на Лисандро Лопез нанесувајќи му го на Бордо првиот пораз во годинашното издание од Лигата на шампионите. Сепак, Бордо успеа да ја погоди противничката мрежа, па со 2:0 на реваншот ќе обезбеди натамошен пласман.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2010 во 11:34
Најатрактивните на мегдан во Лондон

Арсенал на својот фудбалски храм Емирати ќе го пречека европскиот шампион Барселона во првиот четвртфинален дуел од елитното фудбалско натпреварување на Стариот континент. Со оглед на нивниот брз и напаѓачки стил на игра може да се каже дека ова е меч меѓу најатрактивните европски екипи: Арсенал со млади сили желни за успех, Барселона тим со ѕвезди чиј мотив е освојување на трофеи. "Топчиите" Лигата на шампионите ја почнаа во плеј-офот каде го елиминираа Селтик, а потоа на експресен начин ја минаа групната фаза во друштво со Олимпијакос, Стандард и АЗ Алкмар. Во осминафиналето загубија во Порто, но на домашен терен на маестрален начин го анулираа дефицитот и си обезбедија место меѓу осумте најдобри со што добија можност да го бркаат третото полуфинале во својата историја. Моментално "топчиите" се уште имаат шанси за титулата во Премиер-лигата, но она што посебно радува е нивната форма која оди во нагорна линија. Имено, од поразот во дербито со Челзи на почетокот на февруари лондонскиот тим запиша шест победи во серија која за момент ја прекина во саботата кога одигра 1:1 кај Бирмингем.

Емоционално враќање во Лондон - Тијери Анри

Нивниот противник имаше компликувана одисеја низ групната фаза каде беа Интер, Динамо Киев и Рубин, но обезбедија осминафинале во кое го минаа Штутгарт демолирајќи го на домашен терен во меч на кој брилијантно одигра најдобриот светски фудбалер Лионел Меси. Во првенството водат мртва трка со конк*рентот Реал, меѓутоа тим каков што е Барселона има моќен состав способен да одигра на секој фронт.

Вистински емотивен натпревар ќе одигра Тиери Анри, кој за првпат ќе настапи против поранешниот тим. Името на францускиот репрезентативец се уште стои врежано во историјата на Арсенал како стрелец-рекордер бидејќи постигна 174 погодоци во 254 премиерлигашки натпревари, односно 226 гола во 369 меча вкупно во период од 1999 до 2007 година.

"Ќе ми биде тешко да одиграм против Арсен Венгер. Она што сум сега е благодарение на него. Ме зема на 17 години и имаше целосна доверба во мене. Ме пушташе во игра и секогаш ме убедуваше дека можам подобро. Без него, навистина не знам што ќе се случеше со мојата кариера. Меѓутоа, јас сум професионалец и треба да ги почитувам правилата на игра. Сега сум член на Барса и доколку Гвардиола побара да играм ќе морам да заборавам на емоциите и да дадам се од себе", изјави Анри.

На другата страна капитенот Цеск Фабрегас ќе има можност да заигра против својот поранешен клуб кој го напушти во 2003 година како 16-годишно момче. Шпанецот влече незгодна повреда повреда на десното колено поради која го пропушти реваншот со Порто, а на дуелот со Бирмингем ја обнови, меѓутоа според последните информации ќе биде фит за големиот меч. Барселона го зема Андрес Иниеста во тимот, но поради повреда од дуелот со Мајорка, шансите да се појави на теренот се многу мали.

По триумф над Русите - Самуел Ето

На Џузепе Меаца Интер ја пречекува руската ЦСКА. "Неро-азурите" веќе одиграа еден дуел со руски клуб, во групната фаза против Рубин каде победија дома, а ремизираа на гости. Интер има проблеми со резултатите во домашното првенство, а откако загуби на дербито со Рома си ја загрози шампионската круна. Но Жозе Мурињо секогаш знае како да го подигне својот тим. Така беше пред мечот со Челзи. Лошата форма во првенството не им пречеше двапати да го совладаат англискиот гигант, а со тоа се промовираа како едни од главните фаворити за пехарот од елитното натпреварување сезонава. ЦСКА, пак, е најголемото изненадување. Групната фаза ја минаа во тешка група со Манчестер Јунајтед, германскиот шампион Волфсбург и турскиот гигант Бешикташ. Потоа ја победија Севиља на Рамон Санчез Писхиан со што за првпат си обезбедија место меѓу осумте најдобри.

Кај Интер поради суспензија нема да настапат Тиаго Мота и дефанзивецот Лусио, што значи дека дефанзивата би требало да ја предводат Киву (Кордоба) и Самуел, додека пак ЦСКА во понеделникот доби вознемирувачки вести поради повредата на зглобот на Јапонецот Хонда кој најверојатно ќе го нема во тимот, а останатите ѕвезди Нечид, Красиќ и Акинфеев ќе се обидат да приредат сензација на стадионот во Милано.

ЈУБИЛЕЈ

Голманот на Барселона, Виктор Валдез, вечерва против Арсенал ќе го одигра својот јубилеен 350 натпревар во дресот на каталонскиот клуб. Шпанскиот голман стана дел од Барселона во 1992 година на 10-годишна возраст, а откако ги мина сите категории доби шанса да дебитира во најсилниот тим на 1 септември 2002 година кога Барселона одигра 2:2 со Атлетико. Веќе следната година почнува да брани стандардно за првата екипа. Кога станува збор за ЛШ овде Валдез бележи фантастични резултати. Статистиката вели дека Шпанецот примил 0,65 гола по натпревар (на 63 одиграни мечеви досега), а зад него се наоѓаат Пепе Реина (0,73), Ван дер Сар и Дида (0,75), Чех (0,93), а Буфон и Касиљас се далеку зад него со 0,97 и 1,25 гола по натпревар. Оваа сезона само голманот на Бордо Карасо има подобар ефект од него (два примени гола на седум меча).

к*рИОЗИТЕТ

Стратегот на Интер, Жозе Мурињо, има 100% ефект во четврфиналните пресметки од Лигата на шампионите. Во 2004 како предводник на Порто го мина Лион со вкупен резултат 4:2, а истата година стигна и до трофејот совладувајќи го Монако во финалето. Подоцна како предводник на Челзи двапати ја минуваше оваа фаза. Во 2005 неговиот тим беше поуспешен во двомечот со Баерн (вкупни 6:5), а две години подоцна ја мина Валенсија (3:2). Интересно како тренер на Челзи двапати се сретнал со ЦСКА и забележал две победи (2:0 дома и 1:0 на гости).

ОВА МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

Фудбалерите на Арсенал упатиле 37 удари надвор од рамките на голот, најмалку од сите екипи во четртфиналето.

"Топчиите" постигнале 18 погодоци во 67 прецизни удари, што е најдобар ефект во ЛШ.

Алекс Сонг направил 20 прекршоци, додека Цеск Фабрегас е најфаулираниот играч со 24 старта врз него.

Фудбалерите на Барселона претрпеле 99 фаули, најмалку од сите четвртфиналисти.

Златан Ибрахимовиќ има најмногу прецизни удари кон голот - 17 на осум меча.

Швајцарецот Масимо Бусака шестпати и судел на Барселона и бил среќен за овој тим (пет победи и едно реми). На Арсенал му судел само еднаш, оваа сезона во плеј-офот на гости против Селтик (победа од 2:0).

ЦСКА има само еден триумф на четири претходни гостувања против италијански екипи. Во октомври 1991 година во КПК ја совладала Рома.

Диего Милито бил "фатен" во офсајд 16 пати, најмногу од сите фудбалери кои учествуваат во четвртфиналето.

ЦСКА досега има одиграно 50 натпревари во ЛШ(КЕШ).

Рускиот тим има примено 12 голови, најмногу од сите четврфиналисти.

Фудбалерите на ЦСКА биле уловени во офсајд осумпати најмалку од сите екипи и упатиле 35 удари кон голот најмногу од екипите кои се во четвртфиналето.

Англискиот арбитар Хаурад Веб досега не и судел на ЦСКА, а еднаш ја делел правдата на меч во кој бил инволвиран Интер.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Go4eto Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 29
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Go4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2010 во 14:41
Mnogumina bea ubedeni deka Manchester ke ostvari visoka pobeda nad Bayern...no se sluci tokmu sprotivnoto
Daj boze i idnata sedmica da se povtori ova (ne e loso uste nekoj gol poveke za Bayner )
Napred Bayern!!!!
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2010 во 20:05
Bayern

Odlicno odigra Vcera Bayern i zasluzeno go pobedi Manchester so 2-1!

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2010 во 20:08
Originally posted by Vardar1947 Vardar1947 напиша:

Bayern

Odlicno odigra Vcera Bayern i zasluzeno go pobedi Manchester so 2-1!
 
 
Чиста среќа ѓто имате Хрвати во составот , они ги решаваат утакмиците намигнувањеголемо%20гушкање
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2010 во 22:49
Kakva srekja be bolji bea od Manchester...Olic vredi kolku tolku Pranjic za nikade e kako i site ostanati Hrvati

Кон врв
Go4eto Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 29
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Go4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2010 во 12:35
BYE BYE MANCHESTER!
Samo napred Bayern!
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2010 во 17:16
Баерн со дефанзивни проблеми во Лион

Вечерашниот реванш против Баерн е историски натпревар за Лион. Седумкратниот француски првак има негативен резултат по првите 90 минути и сега е потребно да тргне на ризик и да го анулира водството на Баерн. Трилерот на Алианц арената зачинет со два црвени картони е веќе минато, тоа му е јасно на тренерот Клод Пуел, кој веќе заборави на домашните обврски со оглед на тоа дека титулата е веќе далеку, па целосно е насочен кон овој важен дуел кој може да го впише Лион во историјата на ова натпреварување. "Лавовите" веќе си го одложија натпреварот со Монако и имаа седум дена за мирни подготовки, а Пуел разгледуваше неколку варијанти со оглед на тоа дека ќе мора максимално да ги искористи напаѓачите. Едно е сигурно, екипата мора да тргне поагресивно и да создава константен притисок пред голот на "Баварците".

"Тимот мора да го промени начинот на игра. Во Минхен одигравме премногу дефанзивно иако добро му париравме на Баерн. Ги чекавме на нашата половина, а кога имавме играч повеќе повторно не напаѓавме. Тоа резултираше со негативен резултат кој сега сме принудени да го бркаме. На Жерлан ќе биде поинаку. Тука секогаш играме одлично, ги совладавме Реал и Бордо, а подготвени сме да го повториме истото", изјави најдобриот напаѓач на Лион Лисандро Лопез.

"Најдобро играме кога ни е потребен резултат. Не сакам да бидат преоптимистичен, меѓутоа имаме реални шанси да се најдеме во финалето. Свесни сме до каде сме дојдени и подготвени сме да го направиме завршниот чекор", кратко истакна Клод Пуел, кој на овој натпревар нема да смета на суспендираниот Џереми Тулалан, меѓутоа добра вест за него е тоа што на тренинзите се вратија Жан-Алан Бумсонг и Крис, кои имаа повреди.

И Баерн има доста проблеми во своите редови кои се одразија врз неговата игра. Франк Рибери се најде на насловните страници на светските медиуми поради секс-скандалот со малолетна проститутка која кулминираше на првиот меч против Лион кога Французинот заработи црвен картон откако во бес стартуваше врз Лисандро. Меѓутоа, фортуната беше на нивна страна и Арјен Робен ја направи разликата. За Холанѓанецот тоа беше 20 гол во 31 настап, или 16 во 18 мечеви од почетокот на годината. Тој е во моментов единствениот човек кој може да го однесе Баерн до финалето за првпат по 2001 година кога беа и шампиони. За вечерашниот натпревар тренерот Луис Ван Гал покрај Рибери, нема да смета и на суспендираниот Даниел Прањиќ, потоа за Лион не отпатува и Анатолиј Тимошчук поради стомачен вирус, а Даниел Ван Бујтен и Марин Демикелис заработија повреди на листот на ногата на саботниот меч со Борусија Менхенгладбах. Белгиецот ја напушти играта во 64 минута, а Аргентинецот на полувремето. Се уште е неизвесно дали некој од нив ќе се појави на Жерлан.

"Ситуацијата не е добра. Поради болка не можам да се движам. Како што стојат работите, нема да бидам подготвен на време за реваншот", откри Ван Бујтен.

Во случај на вакво сценарио товарот ќе мора да го понесат младите Холгер Бадштубер и Давид Контенто, а ќе им помага капитенот Марк ван Бомел, кој го пропушти првиот меч поради суспензија.

Низ историјата Баерн гостувал трипати на Жерлан и притоа остварил една победа, онаа во 2008 година од 3:2. Претходно во 2003 двата тима играа 1:1, а во март 2001 Лион забележа висок триумф од 3:0. Ако се погледне статистиката на Баерн ќе се забележи дека овој тим има одиграно 20 полуфинални натпревари во УЕФА натпреварувањата, на девет од нив победил, додека на 11 загубил.

Лион никогаш не играл во финале од Европските купови, а најблиску до такво остварување бил во сезоната 1963/64 во поранешниот КПК кога во полуфиналето изгубил од Спортинг Лисабон.

ЈУБИЛЕЈ

Вечерва напаѓачот на Лион Сидни Гову ќе го запише 75. натпревар во Европските купови. 30-годишниот Французин е еден од најзабележителните играчи на Лион во изминатите 10 години, а за овој клуб има одиграно преку 350 натпревари. Првиот Европски натпревар го одигра на 12.09.2000 година кога Лион го пречека Херенвен во групната фаза од ЛШ (победа од 3:1), а оттогаш во ова натпреварување одигра 70 меча. Четири пати настапи во Купот на УЕФА. Оваа сезона во елитното европско натпреварување се појави на 10 натпревари, еднаш се запиша во листата на стрелци, а еднаш асистираше.

к*рИОЗИТЕТ

Баерн Минхен бил успешен на 38 од вкупно 46 двомеча во Европските купови откако го добил првиот натпревар на домашен терен. Двапати минал во следната фаза кога првиот меч го играл во Минхен и победил со 1:0 (последниот е во Купот на УЕФА во сезоната 2007/08 против Белененсес, дома 1:0, гости 2:0), а исто толку пати не поминал понатаму. Двата дуели кој ги загубил се: четвртфиналето во КЕШ во 1976/77 од Динамо Киев (пораз од 2:0) и од Тотенхем во сезоната 1983/84 во третото коло од Купот на УЕФА (пораз од 2:0).

ОВА МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

Сезонава фудбалерите на Лион направиле најмногу прекршоци од сите полуфиналисти (197).

Напаѓачот на францускиот тим Лисандро бил фаулиран 25 пати, најмногу од сите фудбалери во полуфиналето.

Фудбалерите на Баерн извеле вкупно 86 корнери и упатиле 71 удар надвор од рамките на голот, што е најмногу сезонава.

Лион дома одиграл 10 натпревари против германски екипи и има биланс од шест победи, едно реми и три порази.

Баерн гостувал во Франција 11 пати и остварил само две победи. Три пати ремизирал и шест пати бил поразен.

Во двомечевите со германски тимови Лион има две победи и три порази.

Само двапати Лион успеал да надополни негатива од првиот меч во УЕФА натпреварувањата. Шест пати не успеал да го оствари тој подвиг.

Напаѓачот на Баерн Мирослав Клосе нема добри спомени во дуелите со Лион. Како член на Вердер во ЛШ во сезоната 2004/05 неговиот тим загуби со вкупни 10:2.

Лион примил 98 голови во Лигата на шампионите (не вклучувајќи ги квалификациите), а 197 во сите европски натпреварувања.

Баерн примил 149 гола во Лигата на шампионите (не вклучувајќи ги квалификациите).

Швајцарскиот арбитар Масимо Бусака еднаш му судел на Лион, а двапати на Баерн.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 10:42

Бајерн Минхен е првиот финалист во Лигата на шампионите. Германскиот фудбалски клуб синоќа и во реваншот во Лион беше поуспешен од домаќинот Олимпик со убедливи 3:0.

Играчите на Бајерн уште од почетокот на синоќешниот натпревар во Лион ставија до знаење дека не се дојдени да го бранат резултатот од првиот натпревар. Баварците доминираа во текот на целиот меч и со хет-трикот на Ивица Олиќ славеа со 3:0 против домаќинот Олимпик. Тренерот Луис Ван Гал по мечот самоуверено изјави: „Бајерн може да ја победи секоја екипа и за тоа дојдовме овде. Сметам дека прикажавме извонредна игра.“

За хрватскиот репрезентативец Олиќ, кој игра извонредно сезонава ова беше, како што самиот рече по мечот, најдобриот натпревар во кариерата. Трикратниот стрелец и самиот беше изненаден од убедливата победа над Лион: „Јас не верував дека ќе победиме лесно, а да не зборувам за три гола разлика. Тоа е извонредно, но ние заедно игравме многу добро и потоа за мене беше едноставно во нападот. Имав многу шанси и едноставно морав да ги постигнам трите гола“, рече Олиќ.

Противник на Бајерн во финалето на Лигата на шампионите во Мадрид на 22 мај ќе биде победникот од двомечот меѓу актуелниот шампион Барселона и Интер. Шпанците денеска ќе се обидат да ја анулираат предноста од 3:1 на гостите од Милано, за кои настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Тој по лесната повреда повторно е во поширокиот состав на тимот на тренерот Жозе Мурињо. ...

 
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 13:24
Само голови ја спасуваат Барса од елиминација

Тешкиот пораз од два гола разлика пред една недела во Милано ја принуди Барселона да заигра отворено и на голови на вечерашниот реванш натпревар кој е од особена важност со оглед на тоа дека влогот е голем, финале и пехар во еминентното фудбалско натпреварување на Стариот континент. Она што Барса го прикажа на првиот натпревар беше разочарувачки и буквално беше уништена, нешто што не & се случило под водство на Пеп Гвардиола. Мечот пројде и сега фудбалерите на каталонскиот клуб мора да дадат 100% од силите да го достигнат овој дефицит. А екипата има шанси за успех, ако се земе предвид дека во ноември минатата година во групната фаза го совлада Интер со 2:0, па ако можела тогаш, зошто да не го стори истото повторно. Од друга страна Барса игра многу ефикасно, особено на домашен терен, а високиот процент од 2,6 гола по натпревар навестува дека и вечерва ќе има дожд од погодоци.

Во саботата фудбалерите на европскиот првак одиграа рутински против Ксерез, еден вид тест натпревар, во меч каде Ибрахимовиќ, Жефрен и Анри се запишаа во листата на стрелците. Освен тоа фудбалерите им ветија на своите навивачи дека скапо ќе ја продадат кожата порачувајќи дека ќе се борат до смрт за посакуваниот триумф. Тимот ќе биде ослабен со неиграњето на Ерик Абидал поради повреда и Карлес Пујол поради суспензија, па нивното место најверојатно ќе го заземат Максвел и Габриел Милито. Ударната игла се очекува повторно да ја сочинуваат Лионел Меси, Златан Ибрахимовиќ и Педро.

"Сигурен сум дека вечерва ќе извојуваме висока победа и ќе се појавиме на Сантјаго Бернабе на 22 мај. Резултатот бара од нас да излеземе и да ја наполниме мрежата на противникот. Точно знаеме како треба да го сториме тоа и понесени од преполниот стадион и атмосферата ќе ја постигнеме целта", изјави Ибрахимовиќ.

"Посакувам да ги принудиме играчите на Интер да го замразат фудбалот за 90 минути. Ги повикувам фановите да го исполнат Ноу Камп и да ни дадат целосна поддршка. За разлика од Џузепе Меаца, овој пат ние ќе ја претставиме нашата вистинска игра. Резултатот е достижен и ние ќе бидеме оние кои ќе се појават во финалето во Мадрид", дополни дефанзивецот Пике.

Додека Гвардиола ја мотивира својата екипа, Мурињо се обидува да го прекине 45-годишниот пост на Интер во елитното натпреварување. Во саботата тимот извојува лесна победа над Аталанта и со голема самодоверба патува на Ноу Камп. Жозе Мурињо подготви одлична противигра на првиот меч во Милано и го доби првото полувреме, меѓутоа прашањето е дали може да издржи уште 90 минути. Според најновите информации Весли Снајдер тренира и сигурно ќе се најде во екипата, додека, пак, ќе недостасува суспендираниот Дејан Станковиќ, а неизвесна е ситуацијата со проблематичниот Марио Балотели. "Нероазурите" потајно се надеваат дека можат да извлечат добар резултат, па барем минимален пораз кој ќе ги однесе понатаму. Она што се посакуваат е да постигнат барем еден погодок, со кој барем малку ќе си ја олеснат задачата.

"Очекувам тежок натпревар. Постои мал страв кај нашите фудбалери, но тоа е секогаш така кога се игра против голем тим како што е Барселона. Од друга страна победата од првиот меч ни дава надеж дека ќе успееме да минеме во финалето. Имам целосна доверба во Мурињо и мислам дека има подготвено тактика за вечерашниот меч", изјави првиот човек на Интер Масимо Морати.

Што се однесува до историјата, таа вели дека Барселона досега 10 пати играла во полуфиналето од Лигата на шампионите (КЕШ) и петпати излегла како победник. Интер успеал да ја мине полуфиналниот дуел од Лигата на шампионите (КЕШ) четирипати од седум обиди. "Блауграна" одиграла вкупно 34 натпревари против италијански екипи и остварила 16 победи и 10 реми, а на домашен терен од 14 натпревари има остварено девет победи и три нерешени. Интер гостувал во Шпанија 17 пати, на три меча си заминал како победник, а на два ремизирал.

ЈУБИЛЕЈ

Доколку вечерва се појави на Ноу Камп, Бојан Кркиќ ќе го запише 25. настап во Лигата на шампионите. Младиот напаѓач кој е производ на школата на Барселона во елитното натпреварување дебитираше на 19.09.2007 година кога шпанскиот гигант на Ноу Камп го совлада Лион со 3:0. Оваа сезона настапи на четири натпревари и постигна еден погодок, додека, пак, вкупно во Лигата на шампионите има дадено пет гола. Со Барселона освои вкупно шест титули, нешто што на поискусни и поголеми фудбалери не им успеало во кариерата, а има и трофеј европски шампион со репрезентација на Шпанија до 17 години во 2007 година.

к*рИОЗИТЕТ

Ова не е првпат Барселона да брка негатива од 3:1 на домашен терен. "Каталонците" пет пати губеле со овој резултат на гости и двапати успеале да се пласираат во следната фаза. Во сезоната 1999/2000 изгубија од Челзи во Лондон со 3:1 во осминафиналето во Лигата на шампионите, а во реваншот откако во регуларниот дел победија со ист резултат по продолженијата стигнаа до убедлива победа од 5:1. Во сезоната 1993/94 беа поразени со 3:1 од Динамо Киев во Украина, а во реваншот стигнаа до триумф од 4:1. Претходно Порто, Цирих и Реал Мадрид биле поуспешни од каталонскиот клуб откако на првата средба си обезбедиле победа од 3:1.

ОВА МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

Барселона постигнала 19 погодоци и упатила 84 шута кон противничкиот гол, најмногу од сите полуфиналисти.

Даниел Алвес направил најмногу прекршоци од сите останати фудбалери во овогодинешната Лига на шампиони (27).

Голманот Виктор Валдес е единствениот во Барса кој ги одиграл сите минути во ЛШ. Кај Интер тоа го сториле Жулио Цезар и капитенот Хавиер Занети.

Фудбалерите на Интер постигнале најмалку голови (15) од сите полуфиналисти, и собрале вкупно 25 жолти картони. Притоа 52 пати биле "уловени" во офсајд.

Голот на Диего Милито на првиот натпревар во Милано беше 150 што Барселона го примила во Лигата на шампионите (на вклучувајќи ги квалификациите).

Интер нема постигнато гол на Ноу Камп. Одиграл две средби и двапати бил поразен со 3:0 и 2:0.

Белгискиот арбитар Франк де Блекере на Интер му судел четирипати, а на Барса пет. Притоа Интер славел двапати, а Барса добила три меча.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 13:36

Вечер навивам за Интер,тоа не од што многу ги сакам и обожавам туку единствено и само поради Горан Пандев што сакам да го видам во почесната ложа како Платини му го предава медалот за победниците во Лига на Шампионида

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Go4eto Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 29
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Go4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 14:25
Nikakov tim e toj Inter bre
Ako ne e Pandev koj ke gi opravi...
Kako i da e, mislam deka Bayern ke bide vtori ovaa godina, a navistina bi sakal da bidat prvi

PODOBRITE NEKA POBEDAT !
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 14:30
Баерн прв????
 
Баерн не ни заслужи да дојде до финале со играта што ја прикажа до сега.
 
Ни Баерн ни Лион уште помалку не заслужи да дојде до полуфинале.
Секој што мисли дека овие две екипи се подобри од испаднатите Ман.јунајтед и Рела Мадрид мислам дека греши.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 43>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.