|
Питу Гули |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |||
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Се самоубил, тоа сите го знаат. Откако бил директор или некаков управник на музеј или што и да било, за време на бугарската окупација на Македонија, знаел дека по ослободувањето, нема да помине добро, па самиот си пресудел. Кај братот на Никола Карев е сосема друг случајот, не го мешај со оној на Стерју. |
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Злосторство ли е да се биде директор или некаков управник на музеј? Можеби тоа се коси со идеологијата, доктрината и методологијата на комунизмот. Во музеите има артефакти- незгодна работа Комунизмот не секогаш умее да ги организира фаактите, а особено артефактите за да бидат во склад со комуњарските потреби. И како да не мешам- сите кои биле поврзани со ВМРО на овој или оној начин за време на комунизмот поминале лошо. Без исклучок! |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ти очигледно поимот администрацијата не си доволно запознаен. Дали знаеш функцијата директор на јавна установа на кој начин се добива? Говориме за дел од администрација на окупаторска држава. Прво со тоа расчисти, па потоа говори за артефакти. Во однос на тоа дека сите луѓе поврзани со ВМРО во времето на комунизмот поминале лошо, само ќе ти напоменам на Димитар Влахов, потоа на Петар Шанданов, Сматракалев, Васил Ивановски и Александар Мартулков, претставниците на НР Македонија во Софија, назначени и во дослух со Претседателот на Владата на НР Македонија, за кој верувам дека знаеш кој во тоа време ја врши таа функција. За второто имаш повеќе во темата за творечкиот опус на македонските револуционери. Изменето од Македон - 08.Април.2010 во 19:50 |
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Tака, да...А зошто Бугарите би му дале таква одговорна позиција на еден Македонец, потомок на славен македонски револуционер? Што работел брат му на Карев во тоа време? Васил Атанасков Ивaновски......Во 1944-1945 година се спротивставува на просрпската и антибугарска политика на Лазар Колишевски при создавањето на македонскиот литературен јазик и азбука[1]. По изгласувањето на Резолуцијата на Информбирото е осуден на 7 годишен затвор. Се враќа во Софија и си го премислува животот. Умира во Бугариjа. http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB_%D0%98%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8 Комунистичкото раководство во Македонија, на чело со Лазар Колишевски, пополека го потиснува Влахов од власта http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B0%D1%80_%D0%92%D0%BB%D0%B0%D1%85%D0%BE%D0%B2 |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Секако дека ќе му дадат, кога се сообразил со нивниот пропаганден систем, станал дел од истиот. Тој како директор ги застапувал интересите на Царството Бугарија, не на Македонија. Како таков е подобен да стане дел од јавната администрација на окупаторската држава. Во однос на Карев, прочитај го интервјуто со член на семејството Кареви, воопшто не соработувал со Бугарите, за тоа има и сведоштва од самите окупатори. Во однос на другите револуционери и доказите кои ми ги принесе, ќе напоменам дека сепак дека тоа не е дел од темата и дека тоа што ми го принесе ти, не претставува примарен извор. На друга тема поставив примарни извори, со кои ги побив нештата напишани на Википедија, повеќе има во линкот подолу. Повели |
|||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Писмо од крушевските власи Никола Петрашинку и Анастас Илиа до генералниот инспектор Хилми паша- ТУРСКИ ДОКУМЕНТИ ЗA ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ, Архив на Македониja, Скопjе 1993 г.
Изменето од lav4eto - 07.Декември.2010 во 22:19 |
|||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
На влашки е пишан оригиналот од писмото?Види ги какви биле тие, кодоши, изненаден сум.
Ако го видам уште еднаш тој збор наместо овој што стои сега, одма санкционирам. Да нема недоразбирање потоа! Македон Изменето од Македон - 07.Декември.2010 во 16:25 |
|||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Пишува превод од романски, не знам дури како изгледа влашки.
Изменето од Македон - 07.Декември.2010 во 16:27 |
|||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Вака http://www.promacedonia.org/ksh_4/index.html.Скоро најдолу. Велиш да е верно дека востаниците отепале 2 жени и 2 деца муслимани ?Знаев дека „востанието“ била чиста глупост и дивеење, ама до толку ... Инаку на втор преглед, сепак се работи за романски јазик.Сега изгледа се пороманчвале, нив крајот неможиш да му го најдиш. Изменето од DragancoLeskoec - 07.Декември.2010 во 16:33 |
|||
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ova pismo prvpat go citam, mislam deka e izoliran slucaj.Inaku za ova kako se imenuvaat revolucionerite go sretnav i vo edni memoari kade pisuvase za proslavata na republikata na centarot na Krusevo.
|
|||
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |