Питу Гули
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22167
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 11:34 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Питу Гули
Постирано од: Vercingetorix
Наслов: Питу Гули
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 16:49
Питу Гули е македонски револуционер со влашко потекло. Современици сведочат дека имал завршено само две одделенија основно училиште, во младоста бил овчар, крчмар, гостилничар, заточеник и комита. По раната смрт на таткото, мајка му го главила да работи кај богатиот трговец и сточар Манду во Кочани. По некое време, како и многумина други крушевчани, во потрага по подобра егзистенција, се нашол меѓу македонските печалбари во Софија.
Годината на раѓањето се изведува од сведоштвата за неговото влегување во четата на Адам Калмиков. Неколкумина современици тврдат дека во 1885 година, тој бил на дваесетгодишна возраст и може да се прифати дека Питу Гули е роден во 1865 година. Тој бил врсник на Пере Тошев и Ѓорче Петров, а на Мечкин Камен загинал на 38-годишна возраст.
Калмиковата чета се формирала во Ќустендил, а се состоела од 120 четници, чија главнина дошла од Софија. Со неа дошол и Питу Гули. Префрлувањето преку границата станало во две групи, ноќта на 18 спроти 19 мај 1885. По влегувањето во Македонија, четата се движела во јужна насока - преку Осогово, Пијанец, Голак, Плачковица, Радовишко и Плауш кон Демир Капија. Во Радовишко четата била откриена. Против неа излегле потерни единици, составени од турска војска и башибозуци. Останувајќи без водичи и врски, четата изгубила ориентација, а преминот на Вардар кај селото Градец бил чуван од бројна аскерска единица.
Заробените востаници во Солун биле држани неколку месеци во затворот "Беаз Куле" (Белата Кула), којашто и денес стои до самиот морски брег. Востаниците добиле по десет години затвор, освен Ташко од Лазарополе, кој затоа што изјавил дека тие дошле да се бијат за ослободувањето на Македонија добил 15 години. Судот го одредил затворот на градот Аргале Маден за место на издржувањето, оддалечен два дена пешачење на исток од Дијарбекир. Поаѓајќи со брод од Солун, изврзани еден со друг со синџири од по седум алки. Целото патување од Солун до Аргале Маден траело три и пол месеци, од 19 декември 1885 до 28 март 1886 година.
Питу Гули се вратил во родниот крај во годината на основањето на Внатрешната македонска револуционерна организација којашто само по две години ќе почне да ја разгранува својата мрежа и во Крушевско. Се спријателил со семејството Зердевци кои држеле гостилница во Кичево. Питу Гули, пак во тие години и во Крушево отворил кафеанче во месноста Ќошкот, кај Влашка Корија. Зачленет во Организацијата меанчето го претворил во јатак за организационата чета на Дуко Тасев, другарот од заточеништво. Преку него крушевската организација ги одржувала врските со четите на ВМРО. Во тие години, во 1895 или 1896 година, тој се оженил со крушевчанката Евгенија, ќерка на сточар од Крушево. Така Питу задомил дом и формирал семејство. Во бракот со Евгенија имале четири деца - три сина и една ќерка.
Питу Гули повторно оди како печалбар и емигрант во Софија кон 1900 година. И во Софија, на периферијата од градот, Питу држел скромна гостилница која станала сврталиште на македонските емигранти и комити, во прв ред, од Крушевско, Кичевско, Прилепско, Демирхисарско.
Питу Гули во Софија останал до март 1903 година, кога по вторпат, сега веќе како војвода на чета, тргнал за Крушевско.
------------- "И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
Коментари:
Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 16:51
Драматична разврска
По пристигнувањето во родниот крај Питу Гули наеднаш бил вброен меѓу командниот кадар и вклучен во војводското тело на Крушевскиот востанички реон. Сите биле максимално ангажирани во подготовките на востанието, а за Питу ги обиколувал селата. Неговиот одред бил најмногуброен. Тој од селата ја собрал и селската милиција, па одредот на почетокот броел околу 350 луѓе.
На Втори август утрината Питу пред сите востаници одржал говор, наспомнувајќи им ја заклетвата и барајќи строго извршување на наредбите од претпоставените старешини.
Веднаш по преземањето на градот, Питу Гули демонстративно ја искажал својата гордост и радоста од постигнатиот успех. Јавнат на бел ждребец, облечен во запленета беговска срмена облека, тој одел на чело на одредот, следен од знаменосецот Ѓорѓи Димев, со развеано знаме. Утрото на 12 август Бахтијар паша го испратил фатениот Крушевчанец Коста Њику Баждавела во својство на парламентарец кај востаниците со порака да се предадат "на милоста на султанот". Заедно со пораката дошол и ултиматумот дека "доколку не се предадете и не наведнете глави, градот ќе го бомбардирам и запалам", додавајќи дека тој го смирил Косово и е кадарен да го смири Крушево. Иако постоело колебање во Штабот, конечното решение гласело градот да се брани, а на војводите им била испратена наредба секој да остане на своите позиции.
Наум Томалевски знае дека Питу на последното советување во Штабот решително го отфрлил предлогот за предавање на градот, изјавувајќи дека тргнува кај четата за да се бие и да ги брани честа и градот.
Тој добил известување дека турскиот аскер наидува од три правци, така што морал да ја поведе четата кон Мечкин Камен. Пред конечниот распоред на бојното поле војводата, со кратка реч ги ок*ражил борците, строго наредувајќи им никој да не отстапува од своето место, а стрелбата да ја почнат само откако ќе го чујат истрелот од неговата пушка. Еден од учесниците во битката убаво се сеќава: "Потоа Ѓорѓи знаменосецот го раздипли свиленото црвено знаме и го забоде во земјата близу до себе и до двајцата свои наследници - знаменосци. Ја изгореа сета архива, се испрегрнавме и избацивме и фативме позиции во каменестото место. Питу беше во средината. Чекавме да наближат Турците".
По сигналот од војничка труба, непријателот тргнал во жесток јуриш, но бил запрен од плотуните на востаничките пушки и бомби. Томалевски запишал: "Турската колона кај Трстеник и Врбовец се појави зад грбот на четата, која веќе е блокирана скоро од сите страни. Страшен бој. Дојдовме на 5-10 метри, потем на 2-3 чекори и најпосле се измешавме со Турците... Не можевме да се служиме со пушките, зашто недостасуваа фишеци, а и затоа што тетовките и грчките пушки се прегреаја и не ги исфрлаа к*ршумите. Приквечер борбата престана, зашто Мечкин Камен беше покриен со мртви и тешко ранети четници на коишто никој не можеше да им помогне. Турците не запреа, туку со брз марш го продолжија своето настапување кон градот. Четници, башибозуци и турски војници лежеа мртви и ранети еден до друг. Дури утредента, по конечното освојување на градот, Мечкин Камен повторно поцрне од војници. Дојдоа да ги доубијат нашите ранети, да ги ограбат и да ги погребат своите".
Академик Манол Пандевски потенцира дека набргу по загинувањето, петчленото семејство на Питу се распаднало. "Него долго време ќе го прогонува проклетството на илинденскиот пораз.
Неговата Чета.
-Неговиот гроб во Крушево.
-Питу Гули на Мечкин Камен.
------------- "И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 16:54
Постирано од: Pat
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 17:02
Boromir напиша:
Академик Манол Пандевски потенцира дека набргу по загинувањето,
петчленото семејство на Питу се распаднало. "Него долго време ќе го
прогонува проклетството на илинденскиот пораз.
Извор:Википедија-Неговиот гроб во Крушево. |
Ха, се распаднало, ги снемало и готово! Изгледа Манол Пандевски не слушнал за Стерју Гули.
А инаку, еве една статија во „Вест“ за семејството на Питу:
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=82331&idg=5&idb=1238&rubrika=Po{ta
------------- Zero Tolerance For Silence
|
Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 17:06
Pat напиша:
Boromir напиша:
Академик Манол Пандевски потенцира дека набргу по загинувањето,
петчленото семејство на Питу се распаднало. "Него долго време ќе го
прогонува проклетството на илинденскиот пораз.
Извор:Википедија-Неговиот гроб во Крушево. | Ха, се распаднало, ги снемало и готово! Изгледа Манол Пандевски не слушнал за Стерју Гули.А инаку, еве една статија во „Вест“ за семејството на Питу:http://star.vest.com.mk/default.asp?id=82331&idg=5&idb=1238&rubrika=Po{ta
| Дееј стварно,ајде постирај,овие се интересни факти
------------- "И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
Постирано од: Pat
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 17:14
Па ете има нешто во линкот од Вест. Инаку, за „несреќниот случај“ во кој загинал Стерју има и друга верзија, а тоа е дека се самоубил во 1944 и притоа ги изговорил зборовите: „пак ли ќе не гази српска чизма?“ А братот на Никола Карев умрел во затвор во Идризово. Па така испаѓа дека сите од ВМРО биле преследувани за време на комунистичката власт, а вистината за нашата историја била „благо“ искривена.
------------- Zero Tolerance For Silence
|
Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 17:19
Pat напиша:
Па ете има нешто во линкот од Вест. Инаку, за „несреќниот случај“ во кој загинал Стерју има и друга верзија, а тоа е дека се самоубил во 1944 и притоа ги изговорил зборовите: „пак ли ќе не гази српска чизма?“ А братот на Никола Карев умрел во затвор во Идризово. Па така испаѓа дека сите од ВМРО биле преследувани за време на комунистичката власт, а вистината за нашата историја била „благо“ искривена. | А,последните зборови на Гули биле: Не'плашете се момчиња,продолжете ја борбата,вратете ми ја пушката!
------------- "И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
Постирано од: Pat
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 17:20
Што сакаш да кажеш со тоа? Сепак Питу Гули не бил Крали Марко.
------------- Zero Tolerance For Silence
|
Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 17:23
Pat напиша:
Што сакаш да кажеш со тоа? Сепак Питу Гули не бил Крали Марко. | Па кој рече дека бил крале Марко?
------------- "И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
Постирано од: чоли
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 17:31
http://bg.wikipedia.org/wiki/Никола_Гулев - Никола Питу Гулев
|
Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 19:14
чоли напиша:
http://bg.wikipedia.org/wiki/Никола_Гулев - Никола Питу Гулев
| Како Гулев бе?
------------- "И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
Постирано од: да бе
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 19:18
ам бугарите си стават ЕВ или ОВ
и прадедо ми кога дошол во БГ требало да стави ЕВ
------------- http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ
|
Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 19:50
да бе напиша:
ам бугарите си стават ЕВ или ОВи прадедо ми кога дошол во БГ требало да стави ЕВ
| Па гули не бил бугарин бе братко...
------------- "И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
Постирано од: чоли
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 20:02
Boromir напиша:
да бе напиша:
ам бугарите си стават ЕВ или ОВи прадедо ми кога дошол во БГ требало да стави ЕВ
| Па гули не бил бугарин бе братко... |
Секоj коj доjде да живее во Бугариjа кон фамилиjата му слагат окончанието "ев" или "ов". Изклучок има само за арменците и евреите... По тоj начин Никола Гули станал Никола Гулев.
|
Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 20:08
чоли напиша:
Boromir напиша:
да бе напиша:
ам бугарите си стават ЕВ или ОВи прадедо ми кога дошол во БГ требало да стави ЕВ
| Па гули не бил бугарин бе братко... |
Секоj коj доjде да живее во Бугариjа кон фамилиjата му слагат окончанието "ев" или "ов". Изклучок има само за арменците и евреите... По тоj начин Никола Гули станал Никола Гулев. | Axa...
------------- "И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 06.Април.2010 во 16:55
Pat напиша:
Па ете има нешто во линкот од Вест. Инаку, за „несреќниот случај“ во кој загинал Стерју има и друга верзија, а тоа е дека се самоубил во 1944 и притоа ги изговорил зборовите: „пак ли ќе не гази српска чизма?“ А братот на Никола Карев умрел во затвор во Идризово. Па така испаѓа дека сите од ВМРО биле преследувани за време на комунистичката власт, а вистината за нашата историја била „благо“ искривена. |
Се самоубил, тоа сите го знаат. Откако бил директор или некаков управник на музеј или што и да било, за време на бугарската окупација на Македонија, знаел дека по ослободувањето, нема да помине добро, па самиот си пресудел.
Кај братот на Никола Карев е сосема друг случајот, не го мешај со оној на Стерју.
-------------
|
Постирано од: Pat
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 16:36
Македон напиша:

Злосторство ли е да се биде директор или некаков управник на музеј? Можеби тоа се коси со идеологијата, доктрината и методологијата на комунизмот. Во музеите има артефакти- незгодна работа Комунизмот не секогаш умее да ги организира фаактите, а особено артефактите за да бидат во склад со комуњарските потреби.
И како да не мешам- сите кои биле поврзани со ВМРО на овој или оној начин за време на комунизмот поминале лошо. Без исклучок!
------------- Zero Tolerance For Silence
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 19:49

Ти очигледно поимот администрацијата не си доволно запознаен. Дали знаеш
функцијата директор на јавна установа на кој начин се добива? Говориме за дел од администрација на окупаторска држава. Прво со тоа расчисти, па потоа говори за артефакти.
Во однос на тоа дека сите луѓе поврзани со ВМРО во времето на комунизмот поминале лошо, само ќе ти напоменам на Димитар Влахов, потоа на Петар Шанданов, Сматракалев, Васил Ивановски и Александар Мартулков, претставниците на НР Македонија во Софија, назначени и во дослух со Претседателот на Владата на НР Македонија, за кој верувам дека знаеш кој во тоа време ја врши таа функција. За второто имаш повеќе во темата за творечкиот опус на македонските револуционери.
-------------
|
Постирано од: Pat
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 21:54

Tака, да...А зошто Бугарите би му дале таква одговорна позиција на еден Македонец, потомок на славен македонски револуционер? Што работел брат му на Карев во тоа време?
Васил Атанасков Ивaновски......Во 1944-1945 година се спротивставува на просрпската и антибугарска
политика на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9B%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D1%80_%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%88%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8 - Лазар Колишевски при создавањето на
македонскиот литературен јазик и азбука http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB_%D0%98%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8#cite_note-0 - [1] .
По изгласувањето на Резолуцијата на Информбирото е осуден на 7 годишен
затвор.
Се враќа во Софија и си го премислува животот. Умира во Бугариjа.
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB_%D0%98%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8
Комунистичкото раководство во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0 - Македонија , на чело со http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9B%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D1%80_%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%88%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8 - Лазар Колишевски , пополека го потиснува
Влахов од власта
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B0%D1%80_%D0%92%D0%BB%D0%B0%D1%85%D0%BE%D0%B2
------------- Zero Tolerance For Silence
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 09.Април.2010 во 13:07

Секако дека ќе му дадат, кога се сообразил со нивниот пропаганден систем, станал дел од истиот. Тој како директор ги застапувал интересите на Царството Бугарија, не на Македонија. Како таков е подобен да стане дел од јавната администрација на окупаторската држава. Во однос на Карев, прочитај го интервјуто со член на семејството Кареви, воопшто не соработувал со Бугарите, за тоа има и сведоштва од самите окупатори.
Во однос на другите револуционери и доказите кои ми ги принесе, ќе напоменам дека сепак дека тоа не е дел од темата и дека тоа што ми го принесе ти, не претставува примарен извор. На друга тема поставив примарни извори, со кои ги побив нештата напишани на Википедија, повеќе има во линкот подолу.
http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21796&PN=3 - Повели
-------------
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 07.Декември.2010 во 15:41
Писмо од крушевските власи Никола Петрашинку и Анастас Илиа до генералниот инспектор Хилми паша- ТУРСКИ ДОКУМЕНТИ ЗA ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ, Архив на Македониja, Скопjе 1993 г.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: DragancoLeskoec
Датум на внесување: 07.Декември.2010 во 16:11
На влашки е пишан оригиналот од писмото?Види ги какви биле тие, кодоши, изненаден сум.
Ако го видам уште еднаш тој збор наместо овој што стои сега, одма санкционирам. Да нема недоразбирање потоа!
Македон
------------- Брсјачка нација !
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 07.Декември.2010 во 16:21
Пишува превод од романски, не знам дури како изгледа влашки.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: DragancoLeskoec
Датум на внесување: 07.Декември.2010 во 16:29
lav4eto напиша:
Пишува превод од романски, не знам дури како изгледа влашки.
|
Вака http://www.promacedonia.org/ksh_4/index.html.Скоро најдолу.
Велиш да е верно дека востаниците отепале 2 жени и 2 деца муслимани ?Знаев дека „востанието“ била чиста глупост и дивеење, ама до толку ...
Инаку на втор преглед, сепак се работи за романски јазик.Сега изгледа се пороманчвале, нив крајот неможиш да му го најдиш.
------------- Брсјачка нација !
|
Постирано од: ADVISOR
Датум на внесување: 07.Декември.2010 во 16:45
Ova pismo prvpat go citam, mislam deka e izoliran slucaj.Inaku za ova kako se imenuvaat revolucionerite go sretnav i vo edni memoari kade pisuvase za proslavata na republikata na centarot na Krusevo.
|
|