|
Астромедицина |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | ||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 06.Април.2010 во 13:14 |
|
Што се случува кога ќе се обединат Медицина и Астрологија?
А? Што? Да слушнам? Астромедицинаааааааа Така ееееееееее! Да дадам еден едноставен вовед, а потоа ако сакате ќе пишувам повеќе, ќе дискутираме, ќе разгледуваме поединечни состојби Главен фокус на астромедицината е прашањето: зошто доаѓа до болест, кои се главни пренатални фактори но и случки во раното детство кои се одговорни за болеста, кој знак е наклонет кон одредена болест, дали воопшто ќе дојде до болест но и како се третира поединечно зависно од знакот....и други работи. И Хипократ бил добар познавач на астромедицината-ако не и зачетник. Тој многу добро знаел кога смее а кога не да се оперира одреден орган (“никогаш не се реже орган во чиј знак се наоѓа Месечината“), кога анестезијата најдобро делува...По мене секој доктор би требало да знае бар основи на астромедицината за доброто на пациентот. Многу јака област. Ако помисливте дека е ова некаков си тарот или гатање на грав, подобро само читајте. Се враќам подоцна... |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
хах...wat?...xD
несмеам да пипкам бубуљици ако месечината е полна? или ? хD... дај нешо поише информации.. =-) |
||
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
||
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како
Ти доаѓа итен случај на хирургија што веднаш треба да се оперира и докторов му вели: Ѕвездите нешто не се наклонети денес за вршење на операција ќе почекаме...и оп exitus letalis Интересна ќе да е темава Кога се работи и за хороскоп и јас исто имам читано дека секој од хороскопските знаци има предиспозиции кон заболување на некој дел од телото т.е. некој систем или орган. Колку е тоа точно - не знам. Баш ме интересира повеќе за ова... |
||
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Полека моме, полека...
Неможеш така веднаш да фрлаш в канта една голема наука за која и сам Хипократ се придржувал. Интервентните случки се интервентни, тие често бараат и импровизации и отстапување од стандарди(често и невозможни) за да се спаси пациент. На пример, лекар работи во субстандардни услови поради војна и не работи стерилизатор а стандардот налага стерилизација со автоклав. И? пациентот ќе се остави или оперира со нестерилни инструменти? Не, туку инструментот ќе се стерилизира со вриење и сл импровизации. Значи, ако веќе се фати за лекувањето, и имаме време пред себе не е лошо да се погледне малку “ѕвездостојот“ над нас, наталот на пациентот (но и на екимот)... Како и да е... За почеток би навела кој знак со кој орган/дел од тело владее и тој дел секогаш е најделикатен за дадениот знак. Овен-глава, очи, лице, вилица(горна), мозок... Бик-врат, грло, дишник, крајници, тироида Близнаци-раменици, раце, бели дробови, дишник, граден кош Рак-гради, стомак Лав-кичма, грб, срце Девица-абдомен, црева, панкреас... Вага-кожа, бубрези, органи со мазна мускулатура Шкорпија-репродуктивни органи, простата, секреции Стрелец-бутини, колкови, артерии, жолч, семе, крв Јарец-колена, зглобови, скелет, слезина Водолија-коски на долен дел од тело, потколеница, листови, психа.. Риба-стапало, прсти на нозе, жлезди, психа... |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Никако не ги пипкај сам, закажи кај некоја добра козметичарака третманче и тоа кога Месецот е во опаѓање, така полесно ќе се оттарасиш односно лицето подолго ќе ти е чисто. |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За ефектите на Месечината врз планетата Земја се знае од памтивек дека има силни влијанија. Под дејство на Месечината настанува и плимата и осеката. Кога може да покрене цели мориња и океани зошто луѓето мислат дека нема влијание и врз нив? Конкретно за изведба на хируршки операции во астромедицината се верува дека кога Месечината се наоѓа во својата полна мена дека може да предизвика несакани или зголемени крварења и затоа се би требало да се обрне посебно внимание на ова а не дека има незнам какви мистериозни значења. Многу хирурзи се родени во знакот на Шкорпија, тука во оваа бранша не заостануваат ни Рибите и Раковите оти нагонот за проникнување во длабочините и истражувањето им е вродено и тие се обдарени со посебно чувство и интуиција.
И самиот Нострадамус (Риба) бил лекар и астролог и ги познавал доктрините и древните знаења на астрологијата и ги применувал во својата работа.
Повеќе од точно е дека одредени хороскопски знакови страдаат од одредени болести.
Јас како една Вага точно ги имам сите оние слабости на кои укажува астрологијата, особено оние со кожата. Изменето од Glenn - 07.Април.2010 во 12:30 |
||
Beauty fades, dumb is forever
|
||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас ова воопшто не го почитувам, не верувам во хороскоп...
|
||
МИР со сите
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Вакво нешто и можев да очекувам од тебе |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
бооо...зошо ме срамиш бе вака ??? |
||
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нема ништо срамно во тоа, секој знак владее со поединечен орган (заборавив ад кажам кога си веќе Шкорпија, го испуштивме анусот и тој е под дејство на Шкорпија). Замисли го Зодијакот и раѓањето на едно бебе: прво излегува главата (Овен), вратчето (Бик), граден кош (Близнаци...Рак.. Лав итн се до стапалата, со кој владее последниот зодијачки знак, Рибата). Едноставно нели? |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Полжавче мило девојче, целта на темава не е да убеди некого да верува во ова или не, ниту да се изјаснуваме дали веруваме или не во Астромедицината. Едноставно, тие што се разбираме или веруваме во оваа гранка да си размениме мислења, да поднаучиме едни од други, да разгледаме по некоја болештија, состојба зошто дошла, како, што делува кај поединечен знак... |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се извинувам што упаѓам како бибер у манџава....
|
||
МИР со сите
|
||
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А сите небесни тела би можеле да влијаат на нечија здравствена состојба , или постојат само одредени , и дали воопшто само небесните тела влијаат ? ( во астромедицината )
|
||
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кога сите небесни тела би влијаеле врз нашата состојба и однесување би настанал тотален хаос.
Но за да ти стане појасна Астромедицината замисли го својот организам како еден микрокосмос. Сонцето и Месецот се родители (машки и женски принцип во психологијата):светлина, топлина, вода. Фотосинтезата која е директно условена од Сонцето постои само на земјата (бар до сега не наидовме на докази кои го тврдат спротивното). Целиот живот на Земјата од своите прапочетоци е условен токму од Сонцето и Месечината. Два пола: Сонце машко и Месечина како женско... Е сега замисли дека истовремено, во ист ден час година место-се раѓаат две особи, машко и женско. Да претпоставиме дека во истиот час постои некоја афликција на Месецот: да речеме конјукција со Марс. Машкото ќе се роди слепо на левото а женското-на десното око!!! Ова е само еден мал пример, мала капка во океанот на оваа голема наука... Дали е сега појасно како влијаат небесните тела? Освен планетите од Сончевиот систем и нивните аспекти тука се и ѕвездите недвижници...Но нивното влијание мислам е повеќе на положбата, моќта...Да не навлегуваме премногу зашто ќе се изгубиме... И да, еден цитат од Хипократ:“Лекар кој не ја познава астрологијата повеќе лиќи на бивол отколку на човек“ (превземено од “Астромедицина на М. Дупор) |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |