Астромедицина
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22179
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 23:15 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Астромедицина
Постирано од: maria_magdalena
Наслов: Астромедицина
Датум на внесување: 06.Април.2010 во 13:14
Што се случува кога ќе се обединат Медицина и Астрологија? А? Што? Да слушнам?
Астромедицинаааааааа Така ееееееееее!
Да дадам еден едноставен вовед, а потоа ако сакате ќе пишувам повеќе, ќе дискутираме, ќе разгледуваме поединечни состојби Главен фокус на астромедицината е прашањето: зошто доаѓа до болест, кои се главни пренатални фактори но и случки во раното детство кои се одговорни за болеста, кој знак е наклонет кон одредена болест, дали воопшто ќе дојде до болест но и како се третира поединечно зависно од знакот....и други работи.
И Хипократ бил добар познавач на астромедицината-ако не и зачетник. Тој многу добро знаел кога смее а кога не да се оперира одреден орган (“никогаш не се реже орган во чиј знак се наоѓа Месечината“), кога анестезијата најдобро делува...По мене секој доктор би требало да знае бар основи на астромедицината за доброто на пациентот.
Многу јака област. Ако помисливте дека е ова некаков си тарот или гатање на грав, подобро само читајте.
Се враќам подоцна...
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Коментари:
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 06.Април.2010 во 13:50
хах...wat?...xD
несмеам да пипкам бубуљици ако месечината е полна? или ?
хD...
дај нешо поише информации.. =-)
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 06.Април.2010 во 17:13
Како
Ти доаѓа итен случај на хирургија што веднаш треба да се оперира и докторов му вели: Ѕвездите нешто не се наклонети денес за вршење на операција ќе почекаме...и оп exitus letalis
Интересна ќе да е темава
Кога се работи и за хороскоп и јас исто имам читано дека секој од хороскопските знаци има предиспозиции кон заболување на некој дел од телото т.е. некој систем или орган. Колку е тоа точно - не знам.
Баш ме интересира повеќе за ова...
------------- You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 10:49
Полека моме, полека...
Неможеш така веднаш да фрлаш в канта една голема наука за која и сам Хипократ се придржувал. Интервентните случки се интервентни, тие често бараат и импровизации и отстапување од стандарди(често и невозможни) за да се спаси пациент. На пример, лекар работи во субстандардни услови поради војна и не работи стерилизатор а стандардот налага стерилизација со автоклав. И? пациентот ќе се остави или оперира со нестерилни инструменти? Не, туку инструментот ќе се стерилизира со вриење и сл импровизации.
Значи, ако веќе се фати за лекувањето, и имаме време пред себе не е лошо да се погледне малку “ѕвездостојот“ над нас, наталот на пациентот (но и на екимот)...
Како и да е...
За почеток би навела кој знак со кој орган/дел од тело владее и тој дел секогаш е најделикатен за дадениот знак.
Овен-глава, очи, лице, вилица(горна), мозок...
Бик-врат, грло, дишник, крајници, тироида
Близнаци-раменици, раце, бели дробови, дишник, граден кош
Рак-гради, стомак
Лав-кичма, грб, срце
Девица-абдомен, црева, панкреас...
Вага-кожа, бубрези, органи со мазна мускулатура
Шкорпија-репродуктивни органи, простата, секреции
Стрелец-бутини, колкови, артерии, жолч, семе, крв
Јарец-колена, зглобови, скелет, слезина
Водолија-коски на долен дел од тело, потколеница, листови, психа..
Риба-стапало, прсти на нозе, жлезди, психа...
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 10:52
Џо напиша:
хах...wat?...xD
несмеам да пипкам бубуљици ако месечината е полна? или ?
хD...
дај нешо поише информации.. =-) |
Никако не ги пипкај сам, закажи кај некоја добра козметичарака третманче и тоа кога Месецот е во опаѓање, така полесно ќе се оттарасиш односно лицето подолго ќе ти е чисто.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 12:29
За ефектите на Месечината врз планетата Земја се знае од памтивек дека има силни влијанија. Под дејство на Месечината настанува и плимата и осеката. Кога може да покрене цели мориња и океани зошто луѓето мислат дека нема влијание и врз нив?
Конкретно за изведба на хируршки операции во астромедицината се верува дека кога Месечината се наоѓа во својата полна мена дека може да предизвика несакани или зголемени крварења и затоа се би требало да се обрне посебно внимание на ова а не дека има незнам какви мистериозни значења. Многу хирурзи се родени во знакот на Шкорпија, тука во оваа бранша не заостануваат ни Рибите и Раковите оти нагонот за проникнување во длабочините и истражувањето им е вродено и тие се обдарени со посебно чувство и интуиција.
И самиот Нострадамус (Риба) бил лекар и астролог и ги познавал доктрините и древните знаења на астрологијата и ги применувал во својата работа.
Повеќе од точно е дека одредени хороскопски знакови страдаат од одредени болести.
Јас како една Вага точно ги имам сите оние слабости на кои укажува астрологијата, особено оние со кожата.
------------- Beauty fades, dumb is forever
|
Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 12:40
Јас ова воопшто не го почитувам, не верувам во хороскоп...
------------- МИР со сите
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 13:29
Glenn напиша:
За ефектите на Месечината врз планетата Земја се знае од памтивек дека има силни влијанија. Под дејство на Месечината настанува и плимата и осеката. Кога може да покрене цели мориња и океани зошто луѓето мислат дека нема влијание и врз нив?
Конкретно за изведба на хируршки операции во астромедицината се верува дека кога Месечината се наоѓа во својата полна мена дека може да предизвика несакани или зголемени крварења и затоа се би требало да се обрне посебно внимание на ова а не дека има незнам какви мистериозни значења. Многу хирурзи се родени во знакот на Шкорпија, тука во оваа бранша не заостануваат ни Рибите и Раковите оти нагонот за проникнување во длабочините и истражувањето им е вродено и тие се обдарени со посебно чувство и интуиција.
И самиот Нострадамус (Риба) бил лекар и астролог и ги познавал доктрините и древните знаења на астрологијата и ги применувал во својата работа.
Повеќе од точно е дека одредени хороскопски знакови страдаат од одредени болести.
Јас како една Вага точно ги имам сите оние слабости на кои укажува астрологијата, особено оние со кожата. |
Вакво нешто и можев да очекувам од тебе
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 14:03
maria_magdalena напиша:
Шкорпија-репродуктивни органи, простата, секреции
|
бооо...зошо ме срамиш бе вака ???
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 14:14
Џо напиша:
maria_magdalena напиша:
Шкорпија-репродуктивни органи, простата, секреции
|
бооо...зошо ме срамиш бе вака ??? |
Нема ништо срамно во тоа, секој знак владее со поединечен орган (заборавив ад кажам кога си веќе Шкорпија, го испуштивме анусот и тој е под дејство на Шкорпија). Замисли го Зодијакот и раѓањето на едно бебе: прво излегува главата (Овен), вратчето (Бик), граден кош (Близнаци...Рак.. Лав итн се до стапалата, со кој владее последниот зодијачки знак, Рибата). Едноставно нели?
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 14:17
polzavce напиша:
Јас ова воопшто не го почитувам, не верувам во хороскоп... |
Полжавче мило девојче, целта на темава не е да убеди некого да верува во ова или не, ниту да се изјаснуваме дали веруваме или не во Астромедицината. Едноставно, тие што се разбираме или веруваме во оваа гранка да си размениме мислења, да поднаучиме едни од други, да разгледаме по некоја болештија, состојба зошто дошла, како, што делува кај поединечен знак...
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 15:38
Се извинувам што упаѓам како бибер у манџава....
------------- МИР со сите
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 19:44
А сите небесни тела би можеле да влијаат на нечија здравствена состојба , или постојат само одредени , и дали воопшто само небесните тела влијаат ? ( во астромедицината )
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 13:23
Кога сите небесни тела би влијаеле врз нашата состојба и однесување би настанал тотален хаос.
Но за да ти стане појасна Астромедицината замисли го својот организам како еден микрокосмос. Сонцето и Месецот се родители (машки и женски принцип во психологијата):светлина, топлина, вода. Фотосинтезата која е директно условена од Сонцето постои само на земјата (бар до сега не наидовме на докази кои го тврдат спротивното). Целиот живот на Земјата од своите прапочетоци е условен токму од Сонцето и Месечината. Два пола: Сонце машко и Месечина како женско...
Е сега замисли дека истовремено, во ист ден час година место-се раѓаат две особи, машко и женско. Да претпоставиме дека во истиот час постои некоја афликција на Месецот: да речеме конјукција со Марс. Машкото ќе се роди слепо на левото а женското-на десното око!!! Ова е само еден мал пример, мала капка во океанот на оваа голема наука... Дали е сега појасно како влијаат небесните тела?
Освен планетите од Сончевиот систем и нивните аспекти тука се и ѕвездите недвижници...Но нивното влијание мислам е повеќе на положбата, моќта...Да не навлегуваме премногу зашто ќе се изгубиме...
И да, еден цитат од Хипократ:“Лекар кој не ја познава астрологијата повеќе лиќи на бивол отколку на човек“ (превземено од “Астромедицина на М. Дупор)
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 16:31
Ако ова навистина го мислел Хипократ,тогаш ќе излезе дека еден куп биволи ги лечат луѓето.
Јас лично не сум налетала на ниту еден лекар кој се помага со астрологијата за да изврши одредена интервенција.
Инаку како тема ми е интересна Астромедицината и ги следам сите постови на maria_magdalena.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 16:41
Сонце и Месечина
http://www.mojnet.com/korisnik/jagi/slika/rijeka-amazona-iz-svemira-slikana/150215">
Секогаш се препорачува планирани болни интервенци да се извршат наутро до касно напладне.... а да се избегуваат приквечерните и вечерните планирани интервенции.. Што сакам да кажам?? исти човек на пример поинаку ја доживува и осеќа инекцијата, анестетикот или хирушката интервенција ако е утринска или ноќна..... Во контекст на темава ..... телото додека е дење т.е. сонце поинаку реагира..... посмирено , повеќе трпи бол т.е. јачината е помала отколку истата интервенција да ја направи навечер т.е. на месечина... лично јас....планирано идење на стоматолог.....ми се во утрински часови.. никако приквечер или навечер.... стравот и самата болка е потенцирана во вечерните часови.... ист анестетик делува и побрзо и во помала количина во утрински часови...велиме кога сонцето е тука... додека потешко и поголема количина на анестетик треба за иста работа при приквечерните часови.....велиме кога месечината е тука....
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 17:14
Брадавици http://www.mojnet.com/korisnik/japanez/slika/amor-se-odmara/153451">
Вака .... едно од ,,астролошко,,искуство на лечење , т.е. ај подобро да кажам исчезнување на брадавици..... но предходно ај малку медицински што се тоа брадавици..... Едни од
најчестите бенигни тумори на кожата се брадавиците, кои се создаваат и кај
децата и возрасните. Најчесто се јавуваат на рацете, на прстите, а може и на
другите делови на телото. Се смета дека причинителите на брадавиците се вируси.
Затоа може да исчезнат како што се појавиле и без терапија...... Лечењето на брадавиците
може да биде конзервативно со масти, може да се горат со киселини и со течен
јаглен двооксид. Ако брадавицата е поголема и не може да се излечи со овие
методи, се практикува и хируршко лекување, со ексцизија на брадавицата. Е сега со оглед
на вирусната етиологија на брадавицата и можноста за рецидив,( значи пак да се појават) без разлика дали
се лекува конзервативно или хируршки, болните многу често се подвргнуваат на
лечење кај надрилекари, кои ги лечат со разни масти и треви, а се вклучуваат и
бајачки......кои ја користат наивноста на пациентите и ги лекуваат на полна
месечина, кога има ѕвезди, или во друг "амбиент", што само го отежнува и
комплицира понатамошното медицинско лекување....... Но колку нашите баби ги остранувале брадавиците .....тајна пренесена со генераци..... сета процедура е бцнување на брадавицата со трн од маслинка или од еж......и знаете кога и само кога??? на полна месечина!! и за ова има објаснување , составот на трнот, психолошката сигурност на пациентот дека навистина ќе му исчезнат со третаманот( нели нешто се мрмори демек се бае)..... и како трето полната месечина како највлијателна кај човекот.... тогаш човечкиот организам е најсензибилен и најнеотпорен..... така да таа тумурозна формација дефинитивно се уништува не давајќи можност на телото да се брани да ги заштити нејзините клетки непрепознавајќи ги за нездрави........
-------------
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 19:25
Ова за брадавиците е интересно, мојата класна од средно, микробиолог, ни кажа дека иако не знае како делуваат бабините лекови и бајачки врз брадавиците-тоа е најефикасен начин за раатисување од истите
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 21:59
Не ви е интересна темава? Гледам, нема никој нешто да напише...
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 22:29
Кои лековити билки одговарааат на вашиот натален хороскопси знак:
ОВЕН Нане - против главоболка Коприва - ја подобрува циркулацијата на крвта. БИК Капина - против воспаление на респираторниот систем, крајници Липа - го чисти слузавицата од грлото. Жалфија - за исфрлање на вишокот течности од организмот, го прочистува организмот од токсини. БЛИЗНАЦИ Ангелика - ги лечи дишните патишта. Храстов лист - против болести на белите дробови. Исландска маховина - против кашлица. РАК Каминица - против воспаление и стомачни тешкотии.. Нане - Против стомачни тешкотии и смирување. Анис - против грчеви во стомакот. Мајчина душичка - го регулира правилната работа на гениколошките органи. ЛАВ Рузмарин - против болести на срцето. Коприва - ја подобрува циркулацијата на крвта. ДЕВИЦА Нане - за стомачни тешкотии. Камилица - ја регулира работата на цревата и органите за варење. ВАГА Чичак - против кожни болести и ексеми. Преслица - за правилна работа на бубрезите и против камен во бубрегот. Лист од црн дуд - го регулира шекерот во крвта. ШКОРПИЈА Мајчина душичка - pпротив воспаление на јајниците; ги регулира гинеколошките органи и неуредната менструација. Нане - против стомачни тешкотии и смирување. Жалфија - против воспаленија и исфрлање на вишокот течности од организмот. СТРЕЛЕЦ Капина - ја чисти крвта и крвните садови. Маслачак - против болести на јетрата. лист од црн дуд - го регулира шекерот во крвта. ЈАРЕЦ Исландска маховина - против чиреви. Жалфија - го подобрува имунитетот на организмот и чисти од токсини. ВОДОЛИЈА Камилица - против стомачни тешкотии. Матичњак - против воспаленија и болки во коските. Нане - за опуштање и смирување на нервниот систем. РИБИ Жалфија - го подобрува имунолошкиот систем и чисти од токсини. Рузмарин - го регулира притисокот. Коприва - ја подобрува циркулацијата и штити од анемичност.
-------------
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 22:36
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 11.Април.2010 во 00:37
У суштина е точно...
Јарец-колена, зглобови, скелет, слезина...
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 11.Април.2010 во 11:47
Tiggy Vicious напиша:
У суштина е точно...Јарец-колена, зглобови, скелет, слезина...
|
Абе добро ти...
Види на нас шкорпиите шо ни кажува...
Шкорпија-репродуктивни органи, простата, секреции
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 11.Април.2010 во 11:56
Ха...па вие шкорпиите нели сте најосетливи на гениталиите?
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 12.Април.2010 во 16:07
Внимавајте на полна месечина.....!!!
|
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 12.Април.2010 во 16:21
Како да се направи бебе по желба.....зависи од месечината...
http://www.mojvideo.com/uporabnik/mb170/slika/slika-208516/208516"> http://www.mojvideo.com/uporabnik/tudor/slika/vesolje/205583"> http://www.mojvideo.com/uporabnik/mb170/slika/slika-208518/208518"> Од почетокот на менструалниот циклус следните денови се препорачани
за зачнување на женско дете:5,6,7,8,9,10,12,14,15......
а преостанатите се за
машко дете.... Како би се родило машко дете многу треба да се внимава и
месечината да биде во машки знак (огнени и воздушни т.е. овен, лав, стрелец,вага, близнаци,водолија)......
Неповолни денови за зачнување на дете се: полна месечина,млада
месечина,осмиот ден од полна и млада месечина,единаесетиот ден,од полна
и празна месечина.........
-------------
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 12.Април.2010 во 22:08
renatax напиша:
Ха...па вие шкорпиите нели сте најосетливи на гениталиите? |
Кој ли те лажел?...
Како машки , се разбира , осетливи сме...
Ама откај таква титула па сеа...
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 22.Април.2010 во 18:07
Вишок на килограми како болест ??еве што препорачува астромедицината... Познатите астролози препорачуваат диета според хороскопскиот
знак и тврдат дека токму таа диета е најефикасна. Секој хороскопски знак
мора да почитува и следи одреден начин на исхрана која најмногу му
одговара за да постигне што е можно подобар резултат. Еве што велат
астролозите..........
ОВЕН - во рибата е спасот Овните на диетите им
пристапуваат полни со оптимизам. Поради изразениот напреварувачки дух за
нив најдобро решение е да се договорат со својот партнер или близок
пријател за заедничка диета... Најдобра диета за припадниците на овој
огнен знак се темели на риба, свежи салати и овошни сокови.
БИК- традиционален тип Биковите се одлучни и
тврдоглави. Но, припадниците на овој знак имаат изразено силна волја и
се многу трпеливи, па така кога ќе посакаат да загубат некој килограм,
ништо во тоа не може да ги спречи. Биковите се прилично конзервативни,
па така најдобар избор за нив се традиционалните диети, кои подразбираат
намален внес на масти.
БЛИЗНАЦИ- детоксикација на организмот Близнаците
се љубопитни и спремни на различни предизвици. Сепак тоа значи дека
честопати јадат на брзина и воглавно нездрава храна. Затоа за нив
одличен избор се детоксикациските диети со многу овошје и зеленчук.
Заборавете на кафето и заменете го со зелен чај.
РАК - влакна и интегрални житарки за подобар резултат Раковите
се семејни луѓе. Најмногу им одговараат диетите кои се всушност здрав
режим на исхрана и кои ги вклучуваат сите членови од семејството. Кога
се Раковите на диета, зголемениот внес на влакна дава одлични резултати.
Значи јадете јаболки и интегрални житарки, а резултатите нема да
изостанат.
ЛАВ - теретана наместо помалку храна Лавовите се
одлучни и независни, така што диетата обично ја доживуваат како
предизвик, а бидејќи тие се знак со исклучително силна волја, најчесто
излегуваат како победници. Екстровертни и полни со самодоверба, Лавовите
постигнуваат одлични резултати кога ќе се појават во теретана каде ќе
бидат во центарот на вниманието.
ДЕВИЦА - вегетаријанството е вистински избор Практичната
природа на Девиците ги тера пред да преземат било каква акција, добро
да размислат за целта која сакаат да ја постигнат и најефикасниот начин
да ја спроведат. Девиците се свесни колку е здравјето важно, па обично
освен здравата исхрана се одлучуваат и за вежбање. Со добар план и
привремено воведување на вегетаријанската исхрана резултатите ќе стигнат
многу брзо.
ВАГА- медитеранска храна за витка става Вагите се
друштвени лица и вистински гурмани кои уживаат во храната и пијалакот и
времето поминато на трпезата заедно со семејството и пријателите.
Медитеранскиот тип на исхрана за нив е одлично решение. Лесна тестенина,
црно вино во умерени количини, маслиново масло, зеленчук, риба и лесни
сирења ќе им пружат задоволство, но нема да ја загрозат нивната линија.
СКОРПИЈА - слабеење со вежбање Скорпиите се
динамични и страствени, така што обично успеваат во секоја своја намера.
Најдобро решение за припадниците на овој знак е диета која вклучува и
интензивно вежбање, а најважно е да не ги прескокнуваат оброците, кон
што се склони поради својата немирна природа. Поради нивната
нетрпеливост, најдобро е кога диетата опфаќа оброци кои се подготвуваат
едноставно и брзо.
СТРЕЛЕЦ- додаток на витамин Ц Стрелецот е прв кој
ќе ги прифати новите трендови па така неретко инспирацијата за диета ја
пронаоѓа во списанијата. Сепак, за која и да се одлучат, не треба да
заборават на засилено внесување на намирници богати со витамином Ц -
агруми, домати и кромидот мора да бидат застапени во нивната исхрана.
Припадниците на овој знак се темелни и дисциплинирани, па и логично е
што немаат големи проблеми со линијата.
ЈАРЕЦ- броење на калории Припадниците на овој
знак се многу дисциплинирани и немаат проблеми со одржувањето на
тежината. Ако сепак сакаат да загубат по некој килограм, за Јарците е
најдобро да ги бројат калориите кои ги внесуваат во организмот и да
запишуваат се што ќе изедат во текот на денот.
ВОДОЛИЈА- спас во интегралните житарки Водолиите
по природа се лидери, па така кај нив не палат диети кои им ги
препишуваат другите луѓе. Послушајте го своето тело и смислете личен
план на здрава исхрана. Кај Водолиите особено добри резултати дава
воведувањето на интегрални житарки, овошје и зеленчук во исхраната.
РИБИ- потреба од стручна помош Емотивната природа
и недостаток на волја на рибите често им го отежнува одржувањето на
идеална тежина. Не би било лошо да започнат со диета препорачана од
стручњак како и темелен план. Потребно е само да пронајдат нешто што ќе
им ги оттргне мислите од храната по која копнеат. и тооооо
-------------
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 23.Април.2010 во 16:27
Џо напиша:
renatax напиша:
Ха...па вие шкорпиите нели сте најосетливи на гениталиите? |
Кој ли те лажел?...
Како машки , се разбира , осетливи сме...
Ама откај таква титула па сеа... |
ваљда е нешо споена жицата, у смисол, шкорпиите се опседнати со секс, па сеа тие делови ги “чешкаат“највише.
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 23.Април.2010 во 16:27
„ЈАРЕЦ- броење на калории Припадниците на овој
знак се многу дисциплинирани и немаат проблеми со одржувањето на
тежината. Ако сепак сакаат да загубат по некој килограм, за Јарците е
најдобро да ги бројат калориите кои ги внесуваат во организмот и да
запишуваат се што ќе изедат во текот на денот.“
Ех.. бар да беше вака.
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
|