IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 127128129130131 146>
Автор
Порака
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2010 во 22:27
Кога Јас не сум Јас

Спокојот на сивите сонца…
Се изгубив во нивниот
молчелив залез.
Погледни го моево тело.
Нема ништо на него
што може да биде разбрано.
Очиве ги нарекле очи,
зошто и тие со нив гледаат.
Солзиве ги нарекле солзи
зошто и тие со нив плачат.
А немаме ништо заедничко…

Знаеш ли колку зборови
пресушија за да го направат
ова пусто корито од песни?
Одглас на луда месечина
во овој шарен пејсаж
од празни срца.
Не знам каде припаѓам.
Понекогаш мислам дека е
залудно дури и
тоа што сме залудни…
Шарена пеперуга ми слетува
на показалецот и ветувам
дека душава ќе ги надлета
сите врвови…
Е оние онде…
Догледуваш ли?

Заборавам…
Некој огласил душа
за продавање во дневниот весник.
Засега, одбивам да ја
копам бездната во која
одлучив да се скршам.
Секој тежи на нечии гранки.
Јас на своите.
Кон врв
marinija Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 07.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 11
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marinija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2010 во 02:49
Од далечина те следам,
во мислите те гледам,
замислувам нешто
убаво и сјајно,
те замислувам тебе,
моја голема тајно.
Дали ме гледаш
или само лажен поглед
ми праќаш,
дали ме сакаш
или само лажна надеж
ми даваш.
Кон врв
Party Girl Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 58
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Party Girl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2010 во 21:43
Јас сум старомодна цура
Сакам приземни куќи со крастави ѕидови
Со дворови преполни со старудии,
Наместо облакодери и апартмани
Во кои се будам и спијам.
Цвеќиња во прозорите и во тенџериња на туфни
Повеќе сакам од имитации, од вештачки...
Јас сум старомодна цура
Што повеќе сака веспи од автомобили.
Трескање на трамваи и клокотење на парни локомотиви,
Повеќе од татнежите на млазните авиони.
Патчиња наместо авении и булевари,
По кои моите штикли одекнуваат.
Јас сум старомодна цура
Што сака мирис на испрани алишта
Кого ветерот го дува
Во моето лице, преку мојот нос
И се она што вее од претходниот живот.
Јас сум старомодна цура
Сеуште слушам лонгплејки и типкам Оливети,
Зборувам, благодарам, извинете, молам
Сакам фраерот да ми ја запали цигарата
Отвори вратата, придржи палтото, принесе столчето
Да ме соблекува крпче по крпче.
Јас сум старомодна цура
Што сака кич сцени со залез на сонцето,
Модни журнали и семејни албуми,
Од друштвени игри „фаќање“ единствено разбирам.
Јас сум старомодна цура
Не шврљам и не скитам било каде
Дома дремам цел ден
Како глинен ќуп што се суши на промаја
Самотија и задоволства,
Мамурна од сништа.
Јас сум старомодна цура
За љубовта и страста малку нешта знам
Вдовица родена со девствено срце,
Под чии нозе животот испарува
Како пареа од шахта
Која ја заобикулувам со брзи чекори.
Јас сум старомодна цура
Не купувам на попуст
Ни насмевки ни свила.
Не носам мини сукњи и деколтеа,
Тоа би било лесно оружје за некој
Кој е со намера да освојува без...
Јас сум старомодна цура
Што се вари во сопствениот лонец
Од марката сакам - не сакам.
Како кучка самата си ги лижам раните,
Да умрам наскоро нема.
Јас сум старомодна цура
Не пцујам, не зановетам, нити пак беснеам,
Можете да ме мачкате на лебче.
Но со медот секогаш се добива и малку отров,
Љубов во смртни дози.
Јас сум старомодна цура
Ме стегаш како нови чевли
Кои морам да ги изујам, променам,
За еден удобен како патики
Или разгазен како сандалите на сосетката.
Јас сум старомодна цура
Добра кон мажите,
Како кон оние што се плашат од темнина,
Во лифтот или подземниот пешачки премин.
Со нив сакам да одам на кино
И да гледам нови филмови на стар начин,
Од последниот ред на полутемнината во киното
Додека избраните ми пикаат рака под здолништето.
Јас сум старомодна цура
Древна како Картагина,
Минимално оштетена од забот на времето.
Музејски примерок што го нема на аукцијата.
Пипкањето не е дозволено.
Земи или остави.


Изменето од Party Girl - 09.Април.2010 во 08:29
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2010 во 22:21

Никогаш нема да имаш се’

Ако заминам,

ќе остане ли некој да им дава

правец на твоите стапки

и да измислува тишина кога светот зуи,

за да заспиеш?

Чинам, ги потрошив сите умирања….

Морам да тргнам.

Ги расчистив долговите со земјата,

се помирив со пропуштените зајдисонца…

Oдам…Итам…Летам…

Кон ливада

што виси падната меѓу ѕвездите,

спружена на боја потемна од црната,

затворена со безграничност,

во која уморни друиди бараат

волшебна напивка за умирање…

Таа ме чека со подготвени реплики

и живот испланиран за

моите идни две милиони срцебиења.

Допирите собирани во картонско кутивче,

безосетно и’ го поткреваат здолништето…

Таму водам љубов со некоја што има се’ твое,

а е посиромашна за се’ што си имала ти…

Кон врв
Stojadin Lord Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Јуни.2008
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 128
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Stojadin Lord Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2010 во 22:33
Ja s'm ovcar stari,
s's opinke svet s'm proso,
nemam para, srebra, zlata,
nemam knjige ni vanzemske slike.
Kuca mi je mala,
hvala Bogu sasvim zdrava,
u njoj za sve ima mesto
kozice i ovce su mi drustvo cesto.

Bog mi nije dao meke ruke,
zivot naucih kroz svoje muke.
Zahvalan sam stadom svojem
ovcice i kozice svaku noc brojem.

Al ti znam sta zivot u malom mestu znaci
ljepojkama stradnim da se u velik grad otkace,
da nauce dva-tri strana slova
da se dovuku do gradskoga krova.
Video sm mlogo ljepojke seoske
sta prozultle ruke od nizanje tutun
zamenise s's zlatnim nakitom,
s's sarme u glavu
i tuflije gace
podzose da trazu zivotne puteve krace.

Vidoh mlogo seoskih cura
s's nadu za zivot laksi,
prevarise majke stare
i podzu u grad da srecu traze.

Rekose svojima da ce u grad da traze uku,
a u noc po smrdljivim sobama
varljive barabe vuku,
s's bolnom nadom u ocima
tela svoja seoska daju
da stave kraj poljskom radu
da se ne vrate u svom rodnom kraju.

Video s'm ti mlogo takvih
hvala Bogu sta kcer nemam
radujem se na zivinu svoju
od kokos nece da bude zena.

Sve vi afionasice,
sve vi tutunarke,
sve vi kokosice male
ne zobajte proso tudzo
prevelika su zrna za seoski grkljan mao,
zadavice vas lakomstvo i sjaj grada,
ostavite cipele sjajne
i opet nazad u svoje opanke
kafanske barabe ceo noc
u mojoj kozi najbolje disem....
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2010 во 22:47

Related image



Татко и син

и длвото се искливи за да ни наплави сенка.....
молето има бланови , ама  плекласно сино е....
немој тато да тагуваш , јас сум со тебе.....
заедно ќе чекаме....
златното липче сигулно ќе дојде...
тлите желби мои ќе ти ги поклонам тебе.....
за да ти се оствали твојата .....
една единствена желба....
љубов....


Изменето од bijonse1 - 05.Јули.2018 во 21:09
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2010 во 19:11


 
      Контакт

пружи го прстот .....
еден мал контакт ми треба
да добијам сила во очи да те погледнам...

одиш по улица сите се вртат......
озборуваат , горат сите ги шакна
твоите тесни фармерки и кожна јакна...

се вратам по тебе ако треба и сто пати....
твоето дупе ме прогонува
се насмевнуваш или ми се присторува.....

сите те гледаат , со поглед стрелаат...
ухх , за такво парче и сред ноќ се будам
забележуваш како со поглед те следам...

се доближуваш ......
дали ќе го испружиш прстот
останува кога ќе ме погледнеш во очи ти....

Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2010 во 20:14
 

Што научив?


Што научив од љубовта?

Да ги местам чаршафите

растурени од нашиот ветер.

Да ја раздавам во раскош и обилност,

за да ми ја вратиш искината и боса…

И пак да бидам среќен.

 

Што научив од течението?

Дека и најслаткиот нектар

што го пијат малкумина,

мора да содржи вода

што ја пијат сите...

Свесно да се согласувам да ме удават,

за да ме има во коритото,

и пак да не стигнам нигде...

 

Што научив од болката?

Дека силата се одвојува од намерата...

Ме гризнуваш крволочно,

за да ме казниш за нешто

што не сакаш да признаеш

дека те повредило.

 

Што научив за песните?

Дека не е важно до кого и каде стигнале,

како што ни на небото не му е важно

дека од милион мокри улици на светот,

најубаво се огледува на Водњанска... 

 

Бесцелно е да си џин меѓу ситни билки.

(Ќе нема начин да сфатат колку си голем.)

Бесцелно е да си Бог меѓу обични смртници.

(Ќе нема начин да те сфатат.)

 

Зошто јас не оспорував ничии потреби

за мрачно лутање по брановите...?

Зашто на светлината не и’ требаат очи

за да ја уверат дека постои.




Изменето од Quentin - 18.Април.2010 во 13:14
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2010 во 11:45

одеднаш како од небо

одеднаш како утро

одеднаш како неочекувано

одеднаш, не се случи ништо

.

тогаш одеднаш ми стана секогаш

а сакајќи небо, утро, неочекувано

зборот тој игуби смисла

денес го викам – секогаш

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2010 во 11:52
а ова?

сакаше да го сокриеш, а? ее, нема

ме бараш да не ме најдеш
песна напиша да не разберам
пееш песни на многу повисока октава
а јас не можам да ја испеам


(од anakin)

Изменето од ПодВодно - 23.Април.2010 во 11:52
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2010 во 10:10
Да се родам повторно
би била слово златно
под перото твое непресушно.
Да се родам пак
би била реч ѕвонлива
на усните твои румени.
Немо би лебдела
закачена на белилото
во мирисот на тетратаката
која ја чуваш како зеницата.
Закачена во просторот,
како слика на ѕидот,
би била нем сведок
на нешто кое никогаш
не се искажува до крај.
Икона на вечноста наша
во храмот на Бог,
пред која крстот
го ставаш на себе
и дланка на мене,
оставајки секој ден
по еден дел
од душата твоја страдна.
Вечно да останеш запечатен
во душата моја мачна.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2010 во 20:10
kratka pesna od 2 i 1/2 stih
.

http://hollabackdc.files.wordpress.com/2009/07/smile1.jpg

.

солзите не оставаат лузни на лицето

подобро е, да оставаа таму

многу подобро


SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2010 во 16:32
Дозволи ми да те сакам
како што се сака брат по душа.
Дај му на срцево да чука,
како немирно дете да подрипнува.
Дојди!!!Допри го телово порочно.
Исчисти го гревот насобран.
Подари ми љубов исконска.
Помилувај ме со својата чистота.
Легни ме на кревет од облачиња.
Крени ме високо до сонцето,
да се напијам светлина,
да соберам топлина...
И пак назад врати ме,
да пиеш од изворот мој.
Да згаснеш жед.
Да скротиш ѕвер.
Да се роди светица до тебе...
Своја!Единствена!Твоја!
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 11:31
Ко ѕвонлива песна во ушите
ми трепери гласот твој.
Камен студен во гради
здив ми одзема,болка ми задава.
Болка за тебе,
а се срамам од себе,
да кажам гласно
те боледувам секој ден.
Ме болиш секој час.
Ми недостигаш секоја минута
се повеќе и повеќе.
Толку недостижна ми е далечината
недофатен ми е ликот твој,
а толки си ми близок.
Ѕиркам низ оквирот од прозорецот
да ја догледам далечината
која стои меѓу нас,
небаре ќе го сретне таму некаде
погледот мој-зеленилото на окото твое.
Недоглед ми е се
Непознато....а толку познато.
Насмевка си насекаде
Лик во мојата драма
Брат на мојата болка
Сестра на мојата несреќа
Дете на моето мајчинство
Маж на мојот сон
На мојот живот.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 127128129130131 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,422 секунди.