|
Бугарин,бугарофон,мак.Бугарин во Македони |
Внеси реплика | страница <1 3839404142 81> |
Автор | ||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Испратена: 06.Април.2010 во 13:54 | |
Одлично! Сметај ја за своја Рондова, која јазикот кој го говориш го нарекува српскомакедонски, која измислува приказни и слични глупости, секако, немајќи факти, а и немајќи луѓе да потврдат, ама не пречи тоа некој да и верува. Ако некој те понижува, а ти го сметаш за свој, секоја ти чест! А кога си толку објективен, не ги заборавај и Словенофоните Елини да ги споменеш дека се твои. П.С. Среќа што во Втората Светска војна кога се врати "ОХРАНА" не ги дочекаа како свои, туку зедоа пушка да ги гонат, инаку којзнае каде ќе им беше крајот на Македонците во Егејска Македонија! |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Испратена: 06.Април.2010 во 14:42 | |
Тој член се налути оти чепкаше таму каде не ти е местото, а се сеќавам уште тогаш ти вети дека ке ти најде доказ за личностите за кои говоревте, а за кои се налути, па пред некое време црно на бело ти го презентираше доказот. Е сега сонот и реалноста не барај ги кај тој член, туклу на друго место. А тој член сеуште не заборавил некои работи, тоа и самиот ти го кажа! |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Испратена: 06.Април.2010 во 15:01 | |
Докажавме дека Динев не е во право за годината, преку весникот "МАКЕДОНСКО ДЕЛО", зар не? |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Испратена: 06.Април.2010 во 15:06 | |
Јас членот го спомнав оној ден во врска со констатацијата дека некои се собудиле од сонот. А нашиот член сега пак повторна дремка го налегнала, сега сонува како неговиот предок од желба да си го зачува вистинскиот идентитет се запишал како поробувач, ама одржал си го идентитетот и не се запишал како шизматик.
Незнам доколку е свесен членот за тезите на грчката пропаганда во тој период. Најверојатно Чуварот на идентитетот навистина си го имал таквиот идентитет, нема шанси точно тој Чувар да се запишел како шизматик, поскору би се запишал како г. отколку како б.. Значи членот може спокојно да си се собуди, да си стане од креветот и да си оди по работите. Неговото чисто минато во однос на шизматизам е докажано. Тоа не може да се каже за некои други членови. |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Испратена: 06.Април.2010 во 15:11 | |
Не. Зошто јас ти покажав нешто слично од Панчо Михајлов, ама ти го отфрли. А и Влахов и сие пишуваат во „Балканска федерација“ за Бугари во Македонија. „Македонскиот сфинкс“ се вика статијата. Немам ја фототипно и ти ја отфрли. Да ги дополнам и спомените на Сматракалев. Периодот за освестување се потврдува.1931-2г. А кристализацијата според Динев е 1935. А и Михајловистите пишуваат за Македонци, дури имаат македонска парламентарна група во Бугарија. |
||
eptendosadno1
Сениор ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ Регистриран: 30.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
Испратена: 06.Април.2010 во 15:12 | |
Сите ние во Европа , а посебно на Балканот имаме некои заеднички нешта .
Македонските националисти напишале дело со наслов “ Зашто ние Македонците сме посебна нација “ и таму ги наведува разликите од другите на Балканот . Тоа дело не е во прилог на бугарската политика во минаото ( денес ???? ) , на идејата за “ Санстефанска Бугарија “ и постојано настојуваат да ги прикријат разликите , и сепак доколку не успеат во тоа истите да ги именуваат како “ бугарски “ спацифики . Кога неможеш да ги победиш , ти им се придружи . И сега , каква е улогата на бугарофилите , бугароманите во целата ситуација ? Истите настојуваат постојано да ни држат лекции за тоа колку сме блиски со бугарите , лексички , верски , крвно , и сл. Тоа е мал чекор кон побугарчувањето но голем за бугарскиот шовинизам Изменето од eptendosadno1 - 06.Април.2010 во 15:13 |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Испратена: 06.Април.2010 во 15:30 | |
Ќе бидам директен, бидејќи ме спомена, а должен по тоа прашање не ти останувам! Нашиот член ти даде УПАТСТВО за како да се запишуваат Македонците, а може да ти приложи и доказ да видиш дека има бришени Македонци на бродот со кој истиот тој Чувар патувал. И грешка си, не е тој дел од "игуменската фамилија", тие се од кај баба ми, а не дедо ми ( кога веќе толку те интересира ), а ниту се запишал како Грк, ниту како Бугарин, туку го запишале како нешто друго, многу добро знаеш што, според УПАТСТВОТО секако. Ако ни сега не можеш да разбереш, жалам, проблемот не е кај мене. А во однос на шизматизмот, Чакаларов јасно напишал за жртви од фамилијата на Чуварот, во текот на Илинден. Толку од твоите теории...како и секогаш! |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Испратена: 06.Април.2010 во 15:34 | |
Го отфрлив затоа што правам разлика меѓу "македонска национална гордост" и "македонско национално самосознание". Македонска национална гордост е и Ибе Паликуќа, која била Албанка, ама немала македонско национално самосознание. Сматракалев можеби се освестил тогаш, ама тоа не значи дека сите се освестиле. Михајлов јасно си кажал се, нема што да додавам, слушни го интервјуто, тоа е доволно. |
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Испратена: 06.Април.2010 во 15:37 | |
Ајде да ја префрлиме топката и на другата страна малку. Кои се најголемите бугарофоби во Македонија? Кој најмногу се плаши од тоа дека македонската историја е испреплетена со бугарската, како и тоа дека нашиот јазик, нашиот фолклор итн. е најсроден со бугарскиот?
Јас би рекол истите тие кои сега почнуваат една нова етапа, а тоа е минимизирање на „спорните“ личности од македонската историја. Така, Џинот некој сака да го прикаже како обичен продажник, Миладиновци и Шапкарев како влашко-руски платеници, Прличев како колатерална штета, Питу Гули како нели, Влав, па ние демек не би требало да имаме ништо со него, а од друга страна ќе го форсираме Крале Марко, кој всушност избегал од бојното поле, и кој што бил турски вазал, а кој што во македонското колективно паметење останал само како еден мит- значи, има разлика помеѓу личноста Марко Мрњавчевич или како и да беше, и помеѓу митот Крале Марко. На истите тие им пречи буквата ' , и истите тие форсираат една приказна дека Бугарите се Татари, Туркомонголи и што ли не, и на тој начин поставуваат пречки кон воспоставувањето на нормалната комуникација со луѓето од другата страна на границата, од кои што многумина можеби и ни се роднини, и истите тие спречуваат било каков проток на информации, на културни релации итн. од Бугарија. Зошто во Македонија не се гледа некоја нормална бугарска телевизија, а се пушта само пластичарницата „Планета“? Зошто во Македонија не се продаваат бугарски весници? Зошто во Македонија не се слуша бугарска музика, а Бугарите имаат многу добра музика? Зошто во македонските книжарници нема книги на бугарски јазик? Сите овие „зошто“ се само показатели, и тоа симптоматични, на еден културолошки проблем со кој ние Македонците сме соочени, и секој кој што пројавува волја истиот да се реши се оквалификува на овој или оној начин. А сега да видиме друг вид на „зошто“: Заменете ја придавката „бугарски“ во погорните прашања со „српски“ и наместо зборот „нема“ ставетe го зборот „има“ и обидете се да одговорите на тие прашања. Или поконкретно кажано- зошто се форсира српското културно влијание, а се отсекува бугарското? Изменето од Македон - 06.Април.2010 во 23:18 |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Испратена: 06.Април.2010 во 16:25 | |
Станува збор за собирачот на народни песни, војводата, оној кој го кренал Ќустендилскот бугиево востание - Панчо, а не Ванчо Михајлов. И многу ќе ми биде интересно да дадеш одговор на прашањата на Пат од погоре. |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Испратена: 06.Април.2010 во 16:42 | |
Знам за кој Михајлов станува збор, не е проблем, јас ти кажав, знам и што вели во говорот, ама ти дадов пример и за Ибе Паликуќа, Питу Гули и доста други. Секако, не мора да ми одговориш. На Пат ќе му одговорам, не е проблем, иако кај мене за Туркомонголи и слично ако бара некој нешто, дури и да му одговорам, немам многу што да му кажам, јас многу добро знаеш дека на таа тема имам најмалку постови, дури и не пишувам, ако не е нешто за кое сум сигурен дека е така, ама пак не е директно поврзано со Туркомонголите, туку е со Бугарите и односот на св. Цар Борис Покрстителот и Црквата ( тоа беше последно кое го пишував таму ). |
||
depo
Сениор Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 501 |
Испратена: 06.Април.2010 во 16:56 | |
Знаев дека тоа ти е маката, ама чекав сам да кажеш за да не обвинуваш неосновано за србофилство и други бугарски фантазии. Тебе ти пречело не српското влијание туку отсуството на бугарското. За прашањата што си ги поставил постави си ги така што земјата ќе биде Бугарија а придавките на се што си набројал да биде Македонски. А вистинските Бугари (ордата што се населила на балканот) не се форсира дека се Турко-монголи туку се најверојатно се Турко-монголи, а најмалку веројатно е што и во последно време се форсира дека се од Ирански произход. Како и да е немаат никаква допирна точка со Македонците. Исто како што сме роднини со Кинезите. Поради туѓото именување на Македонците со разни имиња (меѓу кои и Бугари) кои немаат национално значење , порано а и денес некои луѓе сакаат тоа име да го наметнат како национално иако е јасно дека одат со глава во ѕид. Оквалификувањето на ваков или онаков за секој што се напишал Македонец и различен од Бугарин е жив пример Каснаковски, ние си ги почитуваме Миладиновци и покрај нивната национална определба, а тоа дали биле Руски платеници или не не е важно иако е можно и да биле. Првото што си го напишал дека бугарскиот јазик фолклор е најсличен со Македонскиот е апсолутно точно, меѓутоа тоа е заради тоа што од тука се ширела писменоста и културата и ја прифатиле и ордите населени во 6-7 век во Бугарија кои ниту имале таков фолклор ниту зборувале на таков јазик. Значи што ти е поентата на таа констатација? |
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Испратена: 06.Април.2010 во 18:11 | |
Знаеш што- наскоро ќе отворам тема во која што многу лесно ќе докажам дека Бугарите не се ниту Татари ниту Туркомонголи. Таа идиотштина која ни е наметната си има своја конкретна функција, а тоа е внушување на одвратност кон Бугарите и ништо друго. И мислам дека е многу ниско и провидно(не се однесува конкретно до тебе, туку воопшто на начинот на однесување кон Бугарите кој го имаме прифатено) тоа криење зад некои апстрактни теоретизирања демек се работи за оригиналните Бугари, за Чувашите, Гагаузите итн. Тоа „Татари“ и „Туркомонголи“ не се употребува поради ништо друго туку со цел да се омаловажуваат и навредуваат Бугарите со коишто конкретно дебатираме и разговараме. Но јас да прашам нешто- дали сте свесни дека на поголемиот дел од нас предците на овој или оној начин биле поврзани со ВМРО? Воопшто тие и да не се сметале себеси за Бугари, доволен е фактот што во своите редови имале соборци Бугари од пределите на Бугарија. А да не зборуваме за тоа дека и самиот Мисирков пишува дека Македонците го имале прифатено името Бугари како свое и воопшто не им пречело. Тоа е напишано во „За македонцките работи“ а не во „Дневникот“, каде што веќе пишува нешто сосема друго. И токму така, да- ми пречи отсуството на бугарското културно влијание од една страна, а присуството на прекумерното српско од друга. Мислам дека е природно да ми пречи, затоа што на пример, при взаемно дејство на бугарскиот и македонскиот јазик, македонскиот би бил поблизок до своите корени како и до особеностите на своите дијалекти и би се обогатувал. Така на пример многу туѓи зборови од видот на латинизми и други интернационализми би можеле да се заменат со разбирливи за нас зборови, а кои што совршено би одговарале на начинот на зборообразувањето во македонскиот јазик, додека во допир со српскиот јазик, македонскиот јазик се расипува. Изменето од Pat - 06.Април.2010 во 18:16 |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 06.Април.2010 во 19:44 | |
Не ми е јасно па да си прашам - эошто ти би се срамел од твоето потекло и твојот род,эошто би ти било навреда да ти кажат кој ти е дедо и кои ти се братучеди.Не ми е јасно эошто Татарите и ТуркоМонголите се навреда эа Бугарите,па тие го слават Аспарух кој е ТуркоМонголин а ваму кога Македонец ке напише дека родот им е од Аспарух(ТуркоМонголски) иэлегува навреда - эошто
|
||
Внеси реплика | страница <1 3839404142 81> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |