|
Српска пропаганда и окупација на Македони |
Внеси реплика | страница <1 2021222324 33> |
Автор | ||||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Srpskata prpaganda koristela cak i rumunski pisuvanja.
Author: Ilie Bărbulescu http://www.archive.org/stream/rumunipremasrbi00brgoog Изменето од Македон - 06.Април.2010 во 17:14 |
||||||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Мислиш на Печката архиепископиjа/патриаршиjа/? Софиjа не е била во неjниот диоцез. Кустендил, Банско и Разлог са били... |
||||||
eptendosadno1
Сениор ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ Регистриран: 30.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ги знаеме границите на Бугарија во 15 век , и ти тврдиш дека Софија не била под ингеренции на српската црква ? |
||||||
eptendosadno1
Сениор ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ Регистриран: 30.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Последицата на српската пропаганда :
Кон крајот на XIX век и во почетокот на XX век, во Поречието била многу силна српската пропаганда. Српската пропаганда била толку силна што Поречието било познато и како „Мала Шумадија“. Меѓутоа, тоа не се сите ѕверства што ги направиле Бугарите за време на Првата светска војна во овој крај, каде што српската пропаганда во тоа време имала големо влијание. Една година пред тоа биле ликвидирани и други видни Поречани. Поп Димитрија од селото Црешево се повлекувал заедно со српската војска, знаејќи дека црно му се пишува кога ќе дојдат Бугарите. Меѓутоа, го вратил поп Мицко, гарантирајќи му дека нема да даде да биде убиен, без разлика на тоа која војска ќе дојде во Порече. Му поверувал, но страшно се излажал. Заедно со уште двајца други свештеници, ѕверски бил убиен и фрлен во еден бунар во Македонски Брод. Таа година од Бугарите или од пробугарски ориентираните Македонци биле убиени и Јован Зенговски, Никола Дуроски и Петре Марковски од Крапа, а во Македонски Брод свештеникот Цветко Попоски и Нове Тодоровски. |
||||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Од еден блог:Зошто е убиен Александар КараѓорѓевиќНајпрво, мора да истакнам дека не смее во никој случај селективно да се гледа во сметката кој колку зло има направено во Македонија, за некои цело време да се повторува, а за некои стандардно да важи репликата „тоа е историја, треба да гледаме напред“. Во ред, ќе гледаме напред, ама не и да заборавиме, па слепо да правиме исти грешки барајќи пријатели, таму кадешто ги немаме. Извадок од книгата „Пехчево“ од група автори објавена во Штип 1990, издадена од Друштвото за наука и уметност: "Само во 1921 година, ретко некој од возрасните жители на Пехчево не бил изложен на некој вид репресија и затворање. Режимот на кралството Југославија не ги толерирал дури ни децата и жените. И тие, како и мажите, биле тепани и затворани. Таков е примерот со Ванѓа Василева Цоковска која долго време била срамотена во затворската ќелија од цела десетина џандари зулумџии. Таа по излегување од затворот отисша во манастир и е закалуѓерила, но до кајот на својот живот, во сите средини со кои доаѓала во контакт, го колнела името (СРПСКО, З.М.) на злосторниците. Покрај Ванѓа, од страна на режимските власти биле тепани, изнудувани на бесцелни признавања и апсени: Магда Стамболиска, Марија Рендева, Марија Попова, Руса Попова и други. Последните две биле обесени за нозете со цел бавно да умираат. Масакрирањето на неколку неполнолетни деца од потесната околина на Пехчево, предизвикала не само огорчен револт, туку и мотив кај пехчевци на кој начин да се УДРИ СРБИЈА ВО НАЈОСЕТЛИВОТО МЕСТО – ДА СЕ УБИЕ КРАЛОТ И ТАКА ДА СЕ ОДМАЗДИ ГОЛЕМАТА ПИРАМИДА МАКЕДОНСКИ ЧОВЕЧКИ ЧЕРЕПИ И КОСТУРИ, РАСФРЛЕНИ НАСЕКАДЕ ВО РАЗДЕЛЕНА МАКЕДОНИЈА… Меѓу 1921 и 1925 г. Бил убиен Иван Андонов Клепков, а Маца Мицева и ќерка и Зуица биле малтретирани и уапсени. Никола Попов Карајовов исто така бил измачуван и апсен, Миле Соколов го тепале со пиралка за белење алишта. Тој искрварил и подлегнал на раните. Иста судбина доживеале и Антим Колев, Серафим Медаров, Ефтим Василев, Глигор Аспровски, Коле Смиланов, Катерина Колева Смиланова и Елизабета Василева, додека Благој Илиев Клетнички, Крум Иванов Мицев и Андон Ефтимов Клетнички, ДЕЦА НА ВОЗРАСТ МЕЃУ 13 И 16 ГОДИНИ, на подмолен начин биле убиени. Децата ги паселе коњите по ливадите. Преку денот си играле, а кога се измориле заспале. Тогаш им се доближиле група СРПСКИ ПОТЕРЏИИ, кои ги избоделе децата со ножеви додека спиеле. Родителите на децата три недели трагале по нив, а кога ги нашле нивните мајки, не можејки да ја потиснат родителската тага за изгубените рожби, трите умреле плачејки." Мора да се напомене дека пред кралот, за секој терор извршен во Македонија, паѓала по една српска глава. Никогаш не било убивано српско населените, но секогаш виновниците за злосторствата и нивните нарачатели, што не е случај кај србите кои за секое убиство на началник или вазал, плаќале невини човечки жртви. Ќе забележам: На 13.07.1928 год. во Белград во самото Министерство на полицијата во министерскиот кабинет , е извршен атентат врз министерот на полицијата Жика Лазиќ- атентатор припадник на ВМРО. На 06.10.1927 год., во Штип во близина на црквата “Света Недела” е убиен генерал Ковачевиќ еден од носителите и проповедниците на српската национална пропаганда во Македонија. Атентатот е по налог на ВМРО ,атентатори тројца штипјани…. Атентатите на Жика Лазиќ – МИНИСТЕР НА ПОЛИЦИЈА, на ПРЕЛИЌ(за кој неможете да се договорите дали е од љубомора или од интереси на бугарскиот двор ама никако да кажете дека убивал Македонци-студенти), на ГЕНЕРАЛ КОВАЧЕВИЌ никако немозат да се вклопат во прикаската. После убиството на Ген.Ковачервиќ следат масовни апсења и пресуди,осудени се невини луѓе, на смрт и на долги затворски казни. Затворениците во знак на ПРТЕДУПРЕДУВАЊЕ испраќаат писмо до Претседателот на Југословенскато Собрание кое завршува: "Доколку и Вие бидете исто така жестоки и ја потпишете смртната пресуда, знајте дека ја потпишувате и Вашата." Потписници на писмото: Крум Хаџи-Андов и Тоде Шуманов – писмото е пишувано со КРВ а го пишувал секратарот на Месниот Комитет на ВМРО во Штип Димче Зографски, а го изнеле од затворот:Милан Камиларов и Илија Вуинов, сечачи на дрва во затворот.Писмото го предале на Василка Камиларова, а таа на Невена Димова која го препишала и го испратила по пошта од Велес. Писмото, кога е пишувано оваа што го пренесувам ,се наоѓало кај Коле Делипетров еден од тројцата осудени на смрт (другите двајца се Дончо Хаџисанков и Панче Бардаров), извршителите на атентатот се: Илија Лилинков, Благој Кралев и Ипократ Развигоров. .........Србите откако го превзеле вардарскиот дел од разделена Македонија, додека не го напуштиле под притисок на комунистите, не го смалиле интензитетот на теророт кој го вршеле, економското пустоешење и разврат. За тоа и претходно пишував, ..... ВМРО-историја има во неколку поста детално и опширно опишан периодот на српската окупација на Македонија.Изменето од Pat - 03.Април.2010 во 16:21 |
||||||
Zero Tolerance For Silence
|
||||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
1916 е само одговор на 1914 на пример: Мрак,пропаст и терор со СХСНасловот е цитат.
Извадок од Бели зори, сведоштва…како си поминавме додека српска чизма газеше во Македонија: „Во летото 1914 г. во нашето село Карбинци (Штипско) дојде Јован Бабунски со толема група четници кои бараа да го предадеме сокриеното оружје, да ги потскажеме јатаците на комитите, дезертерите (оние кои не сакале да служат во српска војска з.м.) и бегалците во Бугарија. Сите молчевме. Тогаш, од насобраните селани беа издвоени: Маца Панева Георгиева, Цилка (Цика) дедо Ефремова, Доие Ефрамов, поп Панче Прналивв од Штнп, Стојан Кицоров, Коце Петров Дамбев, Мите Наков, Атанас Манолев и Михаил Балабанов од Штип (на прекар го викаа ефенди Михаил). Најпрво беше тепана тетка Маца П. Георгиева за која некои раскажуваа дека претходно била групно давена од четниците. Јас за такво нешто не знам. Ја тепаа со дрва и спрострена лежеше на земјата. Четворица бевме што ја носевме на раце од турската кула до дома. На ист начин со дрва ја тепаа и Цилка. И неа ја носеа на раце блиските родниии. Во моментот не умреа. Лежеа 2-3 месеца во постела, нозете и грбот почнаа да им гнијат, им паѓаше месо од раните и така испоумреа. Братот на Цилка, Доне Ефремов го поведоа со нив и не се врати, исчезна беследно. Додека останатите цели три дена и три ноќи ги измачуваа во турската кула. Соседите слушале како офкаат кога ги боделе со бајонетите. На третиот ден во вечерните часови ги одвлекле од кулата во непознат правец. Блиските роднини од селото и од Штип ги бараа насекаде цела една година, но не пронајдоа ни трага од нив. Едно овчарче по народност Турче, кое на прекор го викавме момокот на Рангел, случајно со своето стадо се нашло во месноста „Мртвите”, се скрило во една грмушка и гледало и слушало се што им правеле на нашите селани. Еве што ни раскажа овчарчето по една година од злосторството: „Оние што не можеа да одат ги влечеа за рацете и нозете, а оние што беа на нозе ги бодеа со штикови во задникот и во грбот. Устите им беа изврзани, не можеа да викаат, туку само хрчеа. Ископаа дупка во орманот и живи ги закопаа. Јас се тресев во грмушката. Штом тие си кренаа, ги потерав овците и си дојдов, но не можев да спијам ниту тогаш, ниту сега”. Штом разбравме за тоа од Турчето, отидовме на местото и ги откопавме. Навистина живи биле закопани. На сите рацете им беа полни со коса, а забите им беа стегнати.” Уште попотресни случаи се
одиграле во штипските села Лесковица и Пиперево. Имено, од еден
„Список на жртвите на теророт 1912—1915″, (со коментар), за двете
населени места се дознава: „Се случи во 1914 година кога српските
жандарми и четници со сила ги мобилизираа нашите во српската војска.
Една група од 7-8 души мажи на брзина ги одведоа во српската војска.
Дојдоа по други, но ниту еден од 1от набор не сакаше да прифати покана
за војска. Нашите селани преку дезертерите имаа дознаено дека сите
војници од I набор (група) се наоѓале во затвор, а имало и стрелани. Во
селата се слушаа најразлични гласови. Мајките и татковците им советувале
на своите деца да бегаат во Струмица веднаш по добивањето на поканата
за војска. За да ги спречат младите да не бегаат,
Србите го испратија во нашите села Јован Бабунски со неговите
четници и жандарми. И во двете села дојдоа со описок во рацете и почнаа
да ги апсат селаните што беа запишани во книгата: Петра Аргова Данчева,
Миладин Манев Миладинов, Коце Јанев, Ефтим Илков, Гиго Василев Камчев,
Тоце Јанев Шалев(братучед на мој прадедо),
Петруш Димов Томев, Христо Јовев, Стојан Димов, Богатин Георгиев, Коста
Јовев, Тасе Лазаров, Стојан Миладинов, Јосиф Милев, Гуна Гелева и Миса
Стефкова. Последните четворица така жестоко беа тепани, што повеќе би се
рекло дека им ги кршеа ребрата, рацете, нозете,
главите… Другите тринаесетмина ги измачуваа во просториите на
поранешниот уќумат на турскиот мудир. Бидејќи ги измачуваа во близина на
училиштето, иако учителот ги терал децата да пеат
песни за да не ги слушаат писоците на мачениците, сепак, деца како деца
виделе се што им прават, а ги распознавале и писоците на своите блиски.
Во врска со овој потресен настан ученикот Стојанчо Тр. Лазаров
забележал: „Штом четниците на Јован
Бабунски почнаа да ги тепаат нашите, учителот ни заповеда да пееме песни
и викаше гласно: пејте посилно! Заедно со нас пееше и тој, но сепак
гласовите на нашите мајки и татковци што ги мачеа во турскиот каракол,
беа посилни од нашите. Едновремено учителот забележа дека
сме исплашени и почна да мрмори нешто, но не се разбираше што зборува.
Тој се сврте кон прозорецот, а истото го сторивме и ние. Тогаш видовме како им коват спици под ноктите, на некои од затворениците
им ги сечеа прстите, а потоа искрвавените раце и нозе им ги ставаа во
котел со врела вода. Сите беа раскрвавени и не се препознаваа.
Добро се сеќавам на лицето на тетка Петра, целото беше издерено и во
крв, и нејзиниот глас најмногу се слушаше. Учителот се сврте кон нас и
пак ни рече да пееме. Јас и сите мои другари им раскажавме на домашните
што видовме. Вечерта ги беа одвлекле сите 13 души, ги
избоделе и ги затрупале живи во една дупка во месноста „Јанчев Дол”.
гробницата ја открија кучињата, по крвта. На сличен и свиреп начин во
месноста „Дабје” на Плачковица, четниците на Јован
Бабунски и жандармите од станицата во с. Почивало погубиле,
односно живи ги закопале вкупно 20те невини селани. Изменето од Pat - 03.Април.2010 во 16:14 |
||||||
Zero Tolerance For Silence
|
||||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Дали е истражувано собитието. Од тоа што го читавме во весникот не е многу јасно како точно го загубиле животот тие 103 поречани.
Се` е представено така што да се истакне ГНАСНОСТА на бугарската рака. Од случките што се спомнати на многу места ја гледаме и ГНАСНАТА вмровска рака, дали го забележавте овој нианс? Па и големиот македонски револуционер Алексо Мартулков бил може би еден од прстите на ГНАСНАТА рака. |
||||||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Да тврдим го. Види што пише во изворите: Во 1219 година Српската православна црква добива автокефален статус и ранг на архиепископија . Во 1346 година е создадена печката патријаршија . Во XIV век е под турска власт и е во црковна зависност од Цариградската патријаршија . Во 1557 година повторно освоила независност, но во 1766 година повторно се понижува во зависност од Цариград . Во 1879 година повторно станува автокефална. --- Нели 15 век беше от 1401 г. до 1500 г.? |
||||||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Драганчо, ако ти пречи несреденоста на постовите, се уште тешко се снаоѓам со новиот интерфејс на форумот, тоа е...
|
||||||
Zero Tolerance For Silence
|
||||||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ми пречат настаните шо се содржани и то колку се непознати во нашата јавност.
|
||||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Настаните се непознати во нашата јавност, од иста причина поради која беа непознати и Тиквешкото и Охридско-Дебарското востание. Наредната етапа на тоа премолчување би било откако би се заборавиле тие и од народното паметење, да се промовираат Бабунски и компанија како „родољуби и борци за слободата на Македонија“, а нашите преродбеници и револуционери полека да се дискредитираат како „влашки и руски платеници“, а наредната етапа е многу предвидлива. Детално разработен план
Изменето од Pat - 03.Април.2010 во 16:28 |
||||||
Zero Tolerance For Silence
|
||||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Zero Tolerance For Silence
|
||||||
eptendosadno1
Сениор ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ Регистриран: 30.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Не , годините не ти се коректно искористени , некаде користиш година а некаде век . Но како и да е , не приметив дека Средец и неговите верски објекти во тие години се под ингеренција на бугарите - бугарската црква . Средец Од крајот на 14 век до 70-тите години на 19 век градот, како и бугарската држава, се под османлиска власт. Враќање на моштите на светиот крал Стефан Милутин во Србија (20.12.2006) Моштите на светиот крал Стефан Милутин, најголемиот српски ктитор на цркви и манастири, ќе бидат вратени од Бугарија во Србија, ...во манастирот Банска кадешто се наоѓале од 1321 до 1460 година. ( 15 век )Моштите на Светителот сега се чуваат во Софискиот храм на Света Недела. Враќањето на моштите е договорено меѓу Бугарската и Српската Православна Црква. Тоа е Српски Крал , голем верник , кој војувал против Бугарија и Византија , успешно и затоа е симптоматично зашто од 1460 година ( 15 век )моштите на Светителот сега се чуваат во Софискиот храм на Света Недела. |
||||||
Внеси реплика | страница <1 2021222324 33> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |