|
Етнологот Тома Брадина : |
Внеси реплика | страница 123 6> |
Автор | |
eptendosadno1
Сениор ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ Регистриран: 30.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 02.Април.2010 во 00:37 |
ПОРТРЕТ НА ЕТНОЛОГОТ Д-Р ТОМО СМИЛЕСКИ БРАДИНА Мијаците -пример за истрајност
Дали ќе се загубат целосно убавите обичаи, носии, везови, ора и песни, за што потрошив толку време во истражување, пишувал д-р Брадина Д-р Томо Брадина е првиот македонски етнолог, чиј творечки опус е се уште малку или сосема непознат во македонската јавност. Делата ги објавувал на македонски јазик ("Мијачки дијалект" и повеќе текстови на македонски етнотеми). Д-р Брадина, всушност Томо Смилески-Смилјаниќ, е роден во Тресонче, едно од најстарите мијачки населби, во 1888 година, во големото семејство Брадиновци. Прекарот го добил по својот прадедо Сарџо Брадина. Презимето Смилјаниќ го добил во Белград, каде што како бистро момче бил прифатен од Друштвото "Св. Сава". Оттаму бил испратен да студира етнологија, географија и историја на францускоит универзитет "Клермон Феран", каде што докторирал на француски јазик, на темата "Стари народни песни и Мијаците". Брадина е научник со највисоко образование, познавач на шест јазици, кој и се посветил на етнолошката проблематика во Македонија, конкретно - на Малореканскиот, мијачки крај, на Деборијата, Долна и Горна Река, Мавровско и на Кичевијата. Оставил значајни научни истражувања (повеќе од 150), кои се наоѓаат во МАНУ, а голем дел и во Српската академија на науките и уметностите (САНУ). "Денеска Мијаците живеат во новото социјалистичко општество - кооперативно, без личната сопственост за која со векови се бореле да ја зголемат и љубоморно да ја чуваат од многубројни узурпатори, пљачкосувачи и злосторници. Мијакот ја губи својата специфичност како ентитет на македонски народ, го губи своето наречје, обичаите, носијата и се друго што го врзува за минатото. За сето тоа, тој веќе не се грижи, а марксизмот и ленинизмот и од Мијаците создава ?социјалистички човек на иднината'. Кој можеше пред 50 години да замисли дека ќе настанат вакви промени? Дека ќе исчезне компактниот Мијак, кој со векови се опираше и опстојуваше во сите несреќи што го следеа, на просторот на кој беше компактен, на просторот кој знаеше до максимум да го искористи за да ја зголеми својата сопственост, кој единствено го движи животот напред. Мијаците се раселени под притисок на неповолните збиднувања во периодот од 1941 до 1944 година, а тие што останаа во пазувите на нивните планини и ридови, во новите околности се напрегаат да останат под задругите. Дали ќе се загубат целосно, господе мил, оние убави обичаи, говор, носии, везови, ора и песни, за што јас потрошив толку многу време во истражување и пишување?" Овој извадок за ставовите на д-р Томо Брадина за односот меѓу традицијата и културата на Мијаците и новиот комунистички режим е преземен од книгата на Кузман Смилески-Брадина "Антологија за мијачките великани". Односот кон овој значаен интелектуалец од мијачко потекло, припадник условно на македонската интелектуална десница, може да биде пример за национално помирување. Мелетија Брковски Мијак Реакцијата на “ царевоселците “ во однос на еден академик на САНУ . Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски излезе со критика за енциклопедијата. - Главното понижување на оваа енциклопедија не е во навредите кон албанската историја, туку во навредите кон македонската историја. Ликови од типот на Тома Брадина, платеник на Белград, добиле повеќе простор од браќата Миладиновци, Шапкарев или Џинот. |
|
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Би било интересно да се види што всушност пишувал Томо Брадина. Во фототипно издание, се разбира....
|
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Anciennes tribus serbes, les Mijaks, les Brsjaks et leurs voisins dans la Serbie meridionale; author: Tomo Smiljanic-Bradina, editor: J. D. Popovic, 1930
Превод од французки со Гуглето: Поранешните српски племиња Мијаци, Брсаци и нивните соседи во јужна Србија; автор: Томо Смиљаниќ-Брадина, уредник: Ј. Д. Поповиќ, 1930. http://searchworks.stanford.edu/view/2105266 Изменето од чоли - 02.Април.2010 во 06:16 |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еден список од тудови на Томо Смиљаниќ
Smiljani_ Tomo, Pastirski _ivot kod Mijaka, Glasnik srpskog geografskog dru_tva, 5 Beograd,1921; Smiljani_ Tomo, Iz oblasti Reke, Ju_na Srbija, I, Skoplje, 1921; Smiljani_ Tomo, Plemenske odlike Mijaka, Narodna starina, III, 7, Zagreb,1924 Smiljani_ Tomo, Mijaci, Gorna reka, I Mavrovsko polje, SEZb, knj. 35, Naselja i poreklo stanovni_tva, knj.20, Beograd 1924 Smiljani_ Tomo, Gjur_in Kokale, glavar Lazaropoljski, (Prilog za prou_avanje uglednih rodova iz Ju_ne Srbije) -Glasnik Skopskog nau_nog Dru_tva XXI, 1940 str. 137 Изменето од Каснакоски - 10.Октомври.2009 во 16:26 |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Нашите стари племиња Миjаците и Брсjаците во Jужна Србиjа" е доста по различно од оригиналното френско име на книгата на Томо Брадина: "Anciennes tribus serbes, les Mijaks, les Brsjaks et leurs voisins dans la Serbie meridionale" ---- Не е нужно да се напрега чоек и да види разликата. Сепак вервам на френското име на книгата. А таа Брадинова книга: "Краљ слободар - краљ Миротворац" во прослава на коj ли краљ е напишана? |
|
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, преводот на тоа заглавје би бил: „Древните српски племиња Мијаци, Брсјаци и нивните соседи во Јужна Србија“.
|
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Томо Смиљаниќ - Брадина по потекло Тресончанец, во својата книга од 1925 година, го опишал знамето-бајракот како црвено бело син крстест бајрак, со крст на врвот од копјето.(15) Тој дообјаснува дека Мијаците прават разлика меѓу знаме и бајрак, првиот термин за нив го претставува знамето на државата, а бајракот е само нивно знаме. Значајна информација што ја наведува, а која индиректно зборува и за староста на знамето е дека Мијаците официјално општеле со Султанот уште од 1521 година, според ферманот што го чува тресонечката фамилија Брадиновци, од која потекнува и авторот. Како привилегија што им помогнале на Турците во војната со Австрија, на Мијаците им биле дадени права да носат оружје, да не плаќаат даноци, да го зачуваат своето знаме и т.н. Смиљаниќ наведува и еден интересен податок: својот бајрак Мијаците го чувале во најстарата населба што ја создале по доселувањето во денешна Македонија – Сушица, каде по Косовската битка се повлекол нивниот војвода. (Во врска со ова тврдење на Смиљаниќ изразуваме комплетно несогласување, а за ваквиот негов став ќе го наведеме само податокот дека тој бил школуван во српски училишта и целосно бил потпаднат под српската пропагандистичка наука од тоа време – Слободан Шошкоски) Ова знаме по потреба го развивале, како на пример при Пиколоминиевиот поход во 1689 година.(16)
10.Томо Смиљаниќ, Мијаци, Горна Река и Мавровско Поље, ГСНД, Скопје, 1925, 61 Тома Смиљаниќ,124 спомнува дека овој тип куќа се сретнува под имињата поземечка, земечка или изба. Имено, тој го запишал следново: „...во избата живеела целата задруга. Денес, местата каде што се наоѓале овие изби се нарекуваат избишта. Сега, изба се нарекува делот од куќата кој служи за чување на мрсот и облеката. Избата била градена од трупци или камен, со правоаголен облик, приземна. Во средината било огништето, чадот излегувал низ баџата, поставена на средината од покривот. Делот од избата, од огништето нагоре, се викал катишта и во него живееле луѓето, долниот дел се нарекувал пондила и служела како засолниште на стоката. Прозорците биле многу мали, како мазгалници. Над огништето висел черенот, неколку тешки и хоризонтално поставени штици, а над черенот се наоѓал отворот за чадот. Черенот служел за да ги запира искрите, за да не дојде до пожар. Во куќата се влегувало низ големата врата, а се излегувало низ малата, која служела за поминување на луѓето, додека пак големата и за поминување на стоката. Овој тип на живеалиште било долго по петнаесет метри, а имало ширина од четири до пет метри. Во него обично живееле и до 50 луѓе во задруга.“ Одредени информации за поземката во дебарско – реканската етнографска целина ни дава етнографот Тома Смиљаниќ,122 во неговата студија Мијаци, Горна Река и Мавровско Поле. Притоа, овој автор укажува и тоа дека во долните мијачки села овој тип на куќа бил поархаичен, а додека во горните села бил забележителен развојот на живеалиштето и во вертикален план. Овој тип на куќа тој го нарекува примитивна куќа: „...тоа се приземни куќи, изградени од плот и облепени со кал. Главна граѓа се гредите и делканите штици. Куќата е четвртаста и има голема и мала врата, една наспроти друга, обично во правец север – југ. Големата и малата врата ја делат куќата на два дела. Во едниот дел покрај ѕидот, во средината, се наоѓа огништето, а наоколу е просторот за седење и спиење. Тој дел се нарекува куќа. Другиот дел служи за чување на добитокот, каде што покрај ѕидот се наоѓаат јаслите.“123 Истиот автор, овој тип на живеалиште ни го потврдува и во брсјачката етнографска целина, поточно во етничкиот предел Кичевија, во истоимениот труд (Кичевија). Тома Смиљаниќ,124 спомнува дека овој тип куќа се сретнува под имињата поземечка, земечка или изба. Имено, тој го запишал следново: „...во избата живеела целата задруга. Денес, местата каде што се наоѓале овие изби се нарекуваат избишта. Сега, изба се нарекува делот од куќата кој служи за чување на мрсот и облеката. Избата била градена од трупци или камен, со правоаголен облик, приземна. Во средината било огништето, чадот излегувал низ баџата, поставена на средината од покривот. Делот од избата, од огништето нагоре, се викал катишта и во него живееле луѓето, долниот дел се нарекувал пондила и служела како засолниште на стоката. Прозорците биле многу мали, како мазгалници. Над огништето висел черенот, неколку тешки и хоризонтално поставени штици, а над черенот се наоѓал отворот за чадот. Черенот служел за да ги запира искрите, за да не дојде до пожар. Во куќата се влегувало низ големата врата, а се излегувало низ малата, која служела за поминување на луѓето, додека пак големата и за поминување на стоката. Овој тип на живеалиште било долго по петнаесет метри, а имало ширина од четири до пет метри. Во него обично живееле и до 50 луѓе во задруга.“ Изменето од Каснакоски - 02.Април.2010 во 13:49 |
|
eptendosadno1
Сениор ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ Регистриран: 30.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу интересен податок , многу интересна тема за докторирање во Франција на француски универзитет : Оттаму бил испратен да студира етнологија, географија и историја на францускоит универзитет "Клермон Феран", каде што докторирал на француски јазик, на темата "Стари народни песни и Мијаците". Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски излезе со критика за енциклопедијата. - Главното понижување на оваа енциклопедија НЕ Е во навредите кон албанската историја, туку во навредите кон македонската историја. Ликови од типот на Тома Брадина, платеник на Белград, добиле повеќе простор од браќата Миладиновци, Шапкарев или Џинот. П.С. Тука би коментирал нешто во врска со изјавата на Љ. Г. Господинот од Благоевград не е историчар , етнолог па неговата изјава е од позиција на ,Хммммм ..... , ај да речеме став на политичар а не на Бугар или бугарофил , бугароман и сл. Можеби ќе препознаете такви “ царевоселци “ некаде , но не им замерувајте и не им судете . |
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Д-р Томо Брадина (Смилјаниќ) е прифатен во друштвото "Св. Сава", кое е создадено на 24 август 1886 год. по решение на правителството на Србија и по иницијатива на Стојан Новакович.
Ова дружество издава весник на македонско наречие, кое се придржувало кон следната програма: 1. Политички дел - Секогаш да ги зашитува интересите на Отоманската империја. Да го подигнува прашањето за откажување на македонците од Бугарската Екзархија. На македонскиот народ да му вдахновува српски дух. Да се докажува дека македонците не се бугари и дека бугарите се непријатели на македонскиот народ. 2. Филолошки дел - Да се пишува на македонски дијалект, но со оглед на тоа што тој не е усовршен, да се исфрлат сите бугарски изрази и да се воведат српски. Да се земе српската азбука како најудобна за македонскиот јазик и да се придржуваат кон српската граматика. А како стигнало до ова, ни кажува едно лично писмо од август 1885 година, кое го испраќа Стојан Новакович на Милош Гарашанин, премиер на Србија и син на Илија Гарашанин дека ја завршил подготовката за издавањето на весникот „Вардар“ на српски јазик во Цариград. За главен уредник го предложил Димитриј Алексеевич, родум во Дебар, дотогашен директор на гимназијата во Пирот, како човек вешт во исползувањето на македонскиот дијалект за српски цели. Во писмото тој наведува какви директиви му дал на Алексеевич: а) По однос на Грција и грчкиот печат: предимно да зема пријателско поведение. б) Со бугарскиот печат да води полемика. в) Кон рускиот печат апсолутно пасивно. г) Кон српскиот печат, ладнокрвно и објективно, внимателно да се регистрира сето она кое се прави и во патриотски дух да се држат читателите во течение. д) Кон Турција да се пројавува најголема лојалност. Единствената држава со која весникот „Вардар“ треба да војува е бугарската. Русите, србите, грците и турците треба да станат сојузници на весникот против бугарите |
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Љубчо Георгиевски:
..Гледаме дека во македонската преродба има нови измислени херои, како на пример Темко Попов од Охрид и Томо Брадина од Тресонче. Кога ги прочитате статиите за нив, ќе увидите дека се работи за отворени србски соработници. Зборувам за периодот од пред сто години. Проблемот не е во тоа што тие луѓе се вклучени во таа енциклопедија, проблемот е во тоа што на нив им е одделено повеќе место отколку за Браќата МИладиновци, Глигор Прличев, Партениј Зографски, Јоаким Крчовски, Џинот.Да не ги набројувам и останатите Преродбеници... --- Зар не е прав Георгиевски? |
|
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, за таа подлост на Србите пишува и Мисирков во својот Дневник.
|
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не, прв пат слушам за нив.Вторите се икони на македонската преродба, пациентот преувеличва. |
|
Внеси реплика | страница 123 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |