|
Бугарин,бугарофон,мак.Бугарин во Македони |
Внеси реплика | страница <1 3435363738 81> |
Автор | |||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Испратена: 01.Април.2010 во 23:30 | ||
Мистифицираш во еден стил кој е специфичен за одредена категорија на луѓе, која што нема да ја именувам, бидејќи веќе и го направив тоа. Димитар Влахов и Крсте Црвенковски не се истата категорија на луѓе со Конески, Колишевски, Апостолски, Страхил Гигов итн. http://www.makedonijaese.com/makedoncite od centralna (vardarska) makedonija od 1941 do 1990.htm И како што веќе напишав на темата за јазикот поопширно за тоа, класичен пример за тоа дека грижливо се водело сметка за тоа да се забошоти работата и да не се оди толку директно е примерот со македонската азбука. Така е и со револуционерите од ВМОРО, тие се славени како македонски херои, затоа што како такви останале во колективната свест на народот, за разлика од оние кои се продавале за сребреници, Соколовиќ и Бабунски и кои го мачеле сопствениот народ. Ама сепак, спомените на дејците на ВМОРО се издадени по осамостојуањето на Македонија. Шатев, Брашнаров, Ченто, Шарло, Рацин- сите тие се ликвидирани на овој или оној начин затоа што не припаѓале на групацијата српски пулени, предводени од Колишевски, кој во Македонија се појавил како анонимус. На една од темите има интервју со еден борец кој самиот си го кажува тоа. А класичен пример за забошотување и прикривање на нештата си ти- малку српство, па македонизам, па пак српство, па пак македонизам, ама кој сака да ги види твоите намери доволно е да ти ги чита постовите... На твојот „шарм“ можат да паѓаат само оние со слаби нерви кои не можат да се соочат со фактот дека Ѓорче Петров во сите свои книги ги употребува спорадично термините „Македонци“ и „македонски Бугари“, арно ама, има и такви кои немаат таков проблем со својот разум. Во „Материали по изучването на Македонија“ тој насекаде пишува за Бугари, а Македонци како етнос нема, ама таа книга не беше во слободна продажба за времето на Југославија (којзнае дали е и сега), а до неа имаа пристап само „посветените“ во тајните на знаењата на вадење на нештата од контекст, каков што е примерот со фамозниот цитат од Талев. |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Испратена: 01.Април.2010 во 23:37 | ||
Како што пишува и Жарко Кујунџиски во својата статија, тоа програмско непријателство кон се’ што е бугарско е симптом....на нешто... |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
eptendosadno1
Сениор ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ Регистриран: 30.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
Испратена: 01.Април.2010 во 23:45 | ||
Ќе те игнорирам затоа што ми правиш анализа без да наведеш цитат , конкретен мој србомански став , залагање и сл. Ти пишуваш за мене јас за Бугарофилите , Бугароманите и нивните теми , теории , настојувања и сл. Мислам , премногу си оптеретен со мене , олабај се Јас давам конкретни примери , конкретни цитати , конкретни личности : Лазар Колишевски (роден како Лазар Панев Колишев) (12 февруари 1914 - 6 јули 2000) беше долгогодишен лидер на македонските комунисти и најмоќен човек во Македонија во периодот од ослободувањето на земјата до падот на комунизмот. Не , ( “ царевоселците “ ) они не одговараат на прашање од видот “ Ако се србомани , слуги на Белград , зашто “ Хандриево “ го преименувале со некој кој му бил противник во војната , кој бил дел од бугарската администрација , кмет на Драма ? Изменето од eptendosadno1 - 01.Април.2010 во 23:46 |
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Испратена: 01.Април.2010 во 23:52 | ||
Одговорив на тоа. Што се однесува до квалификациите, препрочитај си го постот, а нема потреба да те цитирам, тоа е толку очигледно.
Сега за ова: „Зашто во “ србославија “ , за време на владеење на Конески во моето маало има ул. Христо Ботев а нема ул. Никола Пашиќ или пак Радомир Путник ? “ А кого мислиш дека маслосуваш? Па не станува за самиот Христо Ботев, туку за партизанскиот одред „Христо Ботев“. Уште едно комуњарско фрлање на прав во очите. А пак ова: „Напишав и зашто се Гоце Делчев , Шапкарев , Македонци без истите да бидат прашани односно консултирани .“ Е тоа не можам да го сфатам. Тоа е спротивно на сите логички принципи и се граничи со шизофренија. Изменето од Pat - 01.Април.2010 во 23:54 |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Испратена: 01.Април.2010 во 23:56 | ||
п.с. А малку навлегува и во некрофилија, сквернавење и непочитување на волјата на луѓе кои веќе не се меѓу живите.
Инаку тоа со Колишевски ти е уште еден пример за вадење на нештата од контекст. Зошто не го копираше и ова: Лазар Колишевски активно учествува во прогонот на македонските противници на новата власт. Со негово знаење истите биле или убивани или праќани на Голи Оток. За противници на новата власт, ги сметал сите напредни интелектуалци како и негови поранешни соборци, кои јавно ја истакнувале идејата за Независна Македонија. Голем дел од нив биле елиминирани дури и во затворите, без можност, некогаш да бидат помилувани или ослободени. На истата страница е.http://mk.wikipedia.org/wiki/Лазар_Колишевски Изменето од Pat - 02.Април.2010 во 00:10 |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
eptendosadno1
Сениор ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ Регистриран: 30.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
Испратена: 02.Април.2010 во 00:11 | ||
После капитулацијата на Бугарија , бугарските војници во Македонија не беа во својство на ГЕРИЛА туку како представници на новата бугарска власт , онаа која и објави војна на Германија . Ул. е Христо Ботев а не “ Македонско - Косовска бригада “ Ај , жити се , олабави малку , остави ме да се одморам од глупости , те молам . Изменето од eptendosadno1 - 02.Април.2010 во 00:24 |
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Испратена: 02.Април.2010 во 00:13 | ||
Добро, дали го има Ботев во македонско издание? Издадените после 1991 не се важат.
Изменето од Pat - 02.Април.2010 во 00:17 |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Испратена: 02.Април.2010 во 00:36 | ||
Ајде сепак, да не кажеш дека не те почитувам
Зар ти еднаш не напиша дека Бабунски и Соколовиќ бил родољуби и борци за слобода, како и дека Прелиќ е заслужен за слободата на Скопје? А и доста други нешта во тој правец имаш, туку ајде... |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Испратена: 02.Април.2010 во 04:54 | ||
Дали го прочита мојот пост? Одговорот ќе го најдеш во него. Од причина што имаш тенденција да бидеш селективен принуден сум да ти го приложам постот повторно: Со оглед дека во Македонија нема етнички Бугари, сите оние кои се ставаат во функција на интересите на бугарската држава можат да се наречат бугаромани или бугарофили. Дури и оние кои се населени во Македонија од источна Србија не се дефакто Бугари, туку Шопи, политчки бугаризирани. Бугароманите се резултата од процесот на бугаризацијата, а таа временски може да се лоцира некаде од почетокот на 19 век. Интензитетот се засилува по формирањето на Егзархијата (која е издејствувана под пртисок од страна на Русија врз турскиот Султан, со ферман), за истата уште повеќе да се интензивира по формирањето на бугарската држава. Со текот на времето таа станува државна стратегија. Најголеми жртви на таа бугаризација стануваат бегалците и сите оние лесноумни кои за последниве 130 години примаат редовна доза на бугарштина од протагонисти како што се Павлов, Димитров, Каркачанов, Узунов...... Погледни ги комнетарите на сите вас кои полемизирате и ќе видиш дека само ги пренесувате “научните“ докази на задолжените протагонисти за заштита на бугарштината. Стојан Новаковиќ, српска пропаганда, коминтерна, Миклучиќ, србославија, Тито, Конески, србомани, македонски Бугари, бугарски земји..... истата реторика од сите бугарски државјани, без исклучок. Ова само покажува колку се моќни мас медиумите и како влијаат врз формирањето на јавното мение во Бугарија. Несте ни свесни колку наликувате на оние до Памет Бугарска или Час по Бугарија! Ако сакаш да бидам специфичен (по се изгледа само така можат да функционираат работите со вас) тогаш ќе речам дека процесот на бугаризација започнува од почетокот на 19 век. Практично бугаризација започнува во времето кога бугарска држава непостои, но се јавуваат и јасно се дефинираат руските интереси. Тој процес е започнат од Русите, преку создавање грамтика, степендирање и образување на млади стручни кадри, политчки притисок, па и воена интервенција. Сето тоа кулминира со формирањето на Егзархијата и младото, сега словенобугарско кнежевство. Основите се поставени, а бугаризацијата ќе продолжи во наредните 130 години само овај пат самостојно, од веќе бугаризираните или од оние кои се налепиле на руската идеја. За да се докаже легитимитетот и континуитетот на бугарскиот ентитет почнува ретроградно, ама “научно“ да се бугаризира буквално се, од преродбениците, кумановласите па да се стигне до вистинските, оригиналните Бугари. Сето тоа е под плаштот на една словенобугарска научна мисла. Значи има континуирана бугаризација по формирањето на бугарската држава до денес, а истовремено се врши и “научна“ бугаризација на населението кое живеело на тие простори пред 19 век, а се протега, според некои теории, дури 75000 години во минатото, односно до времето на Атлантида. Дали ова е доволно специфично затебе?! Процес е нешто што трае, доколку тој процес не се подгрева, истиот самиот посебе нема да постои. Карајниот резултата од тој процес е производот, брендот, марката. Но секој бренд треба да има сопствени специфики со кои ќе се разликува од сличните на себе. Неговата пенетрација на пазарот ќе зависи баш од тие разлики. Бугарскиот бренд нема сопствени специфики, па се базира на македонските каркатеристики. Како таков тој може да биде само супститут, плагијат и никако оргинален бренд. Меѓутоа, научните и политичките кругови на ново формираната бугарска држава брзо учат и доаѓаат до сознание дека со соодветни маркетинг кампањи (читај пропаганди) ќе можат да го пласираат бугарскиот бренд како оригинален, уникатен. Јас би рекол, повторно без никаква грижа на совест, дека до 50% во Бугарија се бугаромани, односно го сметаат бугарскиот бренд како оригинален, а во Македонија само мал дел од населението се конзументи на бугарските маркетинг кампањи. Како поткрепа за ова што го зборувам нека послужат линковите кои ги приложив во кои јасно се елаборира бугаризацијата и односите кои ги гради Бугарија спрема Македонија. |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Испратена: 02.Април.2010 во 10:20 | ||
Од спомените на Ѓорче Петров:
30 јуни 1908. Прв пат таму решаваат окружниот комитет во името на организацијата да им стави во долг на битолските војводи да ги превртат гркоманските села во бугарски како отпор на пројавените тенденции на грчките владици и конзули да ја исползуваат катастрофата во полза на грчката пропаганда. Мотивот на окружното беше да се превземе контра-дејствие за да се божем парализира, всушност тоа беше веќе упадок на револуционерната дејност и наклоност, бесознателна може би, кај Дамета да биде пријатен на официелниот бугарски свет. |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 02.Април.2010 во 13:42 | ||
Може Сандански баш со него се скарал во Солун,кога Бугарските офицери скокнале против эдравицата "ЗА СЛОБОДНА И НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА"
|
|||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Испратена: 02.Април.2010 во 14:09 | ||
Даj наjпосле некаков извор, коj го потврдува тоа, такви приказни и jас можам да раскажам, ама не се за тука.
Еве никогаш не споменувам за изjавата на Сандански пред весникот Секуло во Тирана, 1912г., бидеjки немам статиjата, не сум го прочитал од извор (верувам дека jа знаеш, да?). И поентата во горниот пост е да ги превртат гркоманските села во бугарски (а не во бугаромански, бугарофилски и т.н.) Изменето од lav4eto - 02.Април.2010 во 14:10 |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 02.Април.2010 во 14:14 | ||
Јас ја сватиф поентата но ти не ја сваќаш,или демек ти си полн со иэвори а прикаэни секојдневно не кажуваш
Тоа што има Гркомански села само покажува дека предвници отсекогаш имало,дали се торбеши,Бугарофили,Гркомани или Србомани не е важно,секогаш се поткупувани и превртливо насочувани кон она што тие мислеле дека е вредно.Зар мислиш дека некој Грк би бил добар Бугарин или обратно |
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Испратена: 02.Април.2010 во 14:15 | ||
Кој е Петар Делјан? |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Внеси реплика | страница <1 3435363738 81> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |