IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - Дали прво жена, потоа мајка или ... ???
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали прво жена, потоа мајка или ... ???

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Дали прво жена, потоа мајка или ... ???
    Испратена: 31.Март.2010 во 09:21
 
 
......Елизабет Бадинтер, контроверзен француски филозоф и водечка феминистка тврди дека мајките прво треба да бидат жени, а на второ место да го стават мајчинството. Според неа напорот кој што го вложуваат жените со текот на времето ги направил робови на нивните деца. 
 
Во новата книга „Конфликот, жена или мајка“, Бадинтер советува жените да ги заборават сите преокупации со децата и повторно да станат вистински жени. 

Елизабет советува жените да го следат примерот на традиционалните Французинки кои не чувствуваат никаква вина кога користат млеко во прав, вештачка храна за бебиња и ги оставаат своите деца со бебиситерки. 

-Ние секогаш сме биле просечни мајки. Но, живееме далеку подобар живот, истакнува таа. 
Затоа Бадинтер дава пет совети за сите мајки:

1.Бидете прво жени, а потоа мајки

2.Не бидете робови на своите деца

3.Не се чувствувајте виновно затоа што користите млеко во прав или некој го чува вашето дете наместо вас

4. Вратете се на работа

5.Понекогаш седнете и за своја душа напијте се чаша две црвено вино
.... Ја не се согласувам со Елизабет... на прво место би го ставила ...мајчинството..... па како и да звучи ова.....среќа...
..секако ... не би се запоставила ни како ... жена...трепкање.....
 
..... Вашите размислувања на оваа тема .... Повелете......!
 
 
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2010 во 10:26
Никако не се сложувам со ова......

Да си мајка значи да си жена.

Елизабет ги измешала лончињата,и тоа бааги многу

Децата се на прво место,бидејќи самите себе си се гледаме во нив.

После смртта единствено човек останува да живее во спомените на другите и во своите деца.

Ако се ставам себе си пред децата,сум се откажал од себе

Ова од машка страна погледнато
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2010 во 12:44

Ништо ново не кажала г-жата феминистка, ниту пак гледам нешто радикално во нејзините изјави.

Мислам дека опфатила некои клучни прашања во поглед на што значи да си една современа жена, но не задолжително сите треба да се придржуваат кон нејзините совети.
Многу е важно пред секоја жена да се оствари како мајка и професионално добро да погледне во својата душа и да се запраша што навистина сака во животот и како мисли да го изведе тоа.
За да бидеш добар и полезен за другите, пред се за своите деца треба да си си најпрво добра на себе зашто и покрај огромната љубов многу нешта бараат откажување (не би го нарекла тоа жртва, зашто кога правиш нешто од љубов, тоа не е жртва, туку предавање).
Не е никаков грев децата да одат од градинка или да се поверуваат на дадилки, нормално доколку финансиите го дозволуваат тоа, за мајката да може повеќе да допринесе за иднината и сигурноста на семејството.
Писаталката е очигледно од оние жени кои заземаат стриктни ставови по некои прашања од аспект на индивидуалноста, но сепак тоа е само нејзин став.
Секако дека секоја жена која е мајка се труди да им го пружи најдоброто на своите деца а начинот на кој одбрала да го прави тоа не подобар или полош од некоја друга која има дијаметрално спротивни ставови, без оглед дали се работи за конзервативна, традиционалистка, модерна мајка или застранета феминистка.
Не постои униформиран начин за одгледување деца, битно е тие да се згрижени и сакани од своите мајки, оти и љубовта не се мери на кантар.
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
ultra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2616
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ultra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2010 во 14:44
Книгата ја немам читано, ама ми се чини дека е еден вид протест на она што се почесто се промовира посебно кај бебињата: доење, користење на платнени пелени, породилно односно не работење додека бебето не наполни мин. 3години.

Моето мислење околу ова е кој како се осеќа, така нека прави. Децата ќе си пораснат било да се доени или со млеко во прав хранети, било со користење на памперс или платнени пелени итн.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2010 во 15:15
Мислам дека авторката е дел од онаа “сексот-и-градот“ филозофија на “модерниот“ западен поглед на жената, кој пред се се фокусира на сексот, кариерата и парите.

Во сиот тој притисок, “авторкава“ заборава дека мајката е пред се жена и дека мајчинството е навистина една кулминација на женственоста. Тек кога жената ќе роди бебе односно ќе стане мајка-таа станува комплетна жена, а не кога ќе стане директорка на мултинационална компанија, ако ме разбирате што сакам да кажам.

Па така, жената е истовремено мајка која може и да работи, и да дои, и да изгледа добро, и да биде добра љубовница на својот маж,да ужива во се и да биде остварена. Функцииет жена и мајка се просто неразделни, а филозофијава на авторкава просто смрди на расипан егоизам и азападен “модернизам“

П.С. Браво за темава , замислена девојко, прекрасна си
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2010 во 19:09
Од сето погоре кажано се согласувам само со едно....НЕ БИДЕТЕ РОБОВИ НА СВОИТЕ ДЕЦА......

Родителите кои презаштитнички се однесуваат кон своите деца од секогаш ми биле фрикови....

Но тоа не значи дека родителите треба да ги боли уво што јаделе нивните деца денеска, дали испотени излегле на улица, со кого се дружат итн.....Се да е во граница.....

Сепак освен нивните деца, постојат и тие самите....нема лошо во тоа да си посветат време на себе......ако истото не е на сметка на здравјето (физичко или диховно) на децата.....
МИР со сите
Кон врв
ultra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2616
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ultra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2010 во 20:27
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Мислам дека авторката е дел од онаа “сексот-и-градот“ филозофија на “модерниот“ западен поглед на жената, кој пред се се фокусира на сексот, кариерата и парите.

Во сиот тој притисок, “авторкава“ заборава дека мајката е пред се жена и дека мајчинството е навистина една кулминација на женственоста. Тек кога жената ќе роди бебе односно ќе стане мајка-таа станува комплетна жена, а не кога ќе стане директорка на мултинационална компанија, ако ме разбирате што сакам да кажам.

Па така, жената е истовремено мајка која може и да работи, и да дои, и да изгледа добро, и да биде добра љубовница на својот маж,да ужива во се и да биде остварена. Функцииет жена и мајка се просто неразделни, а филозофијава на авторкава просто смрди на расипан егоизам и азападен “модернизам“

П.С. Браво за темава , замислена девојко, прекрасна си


Дали сметаш дека мајките кои не дојат или кои после навршени 2 месеца на бебето се враќаат на работа се егоистични и лоши мајки?
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2010 во 21:17
На прашањето би ти одговорила со прашање:
-Дали ти сметаш дека мајките кои дојат се еден вид жртви заради своите деца?

Фокусот на “аФторкава“ не е самото доење и породилното боледување, туку поставувањето на уживањата, кариерата односно СЕБЕ на прво место.

Доењето и породилното боледување немора да се гледаат како жртва од страна на мајката-токму тоа е ИЗВРТУВАЊЕ на природните процеси кои со ништо не ја прават жената помалку жена. Овде се нуди една искривена перцепција за она што треба да биде жената и за жал на вакви гледишта наседнуваат токму оние кои допрва треба да бидат мајки.(Доколку носењето деца во градинка е егоизам-треба да се затворат градинките). Убаво кажав-се може да се постигне и тоа СЕ (Мајчинство + Родителство+ Кариера) убаво да се интегрира во една целина со што жената уште повеќе ќе биде вистинска Жена.



МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
ultra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2616
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ultra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2010 во 08:34
Тоа и е намерата со книгата “Конфликт. Жена и мајка“ (“Le Conflit. La femme et la mère”):
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

...Убаво кажав-се може да се постигне и тоа СЕ (Мајчинство + Родителство+ Кариера) убаво да се интегрира во една целина со што жената уште повеќе ќе биде вистинска Жена.


Во западниот модернизам (како ти што велиш) се врши притисок од здравството врз новостанатата мајка да го дои детето, па кај тие што не можат или не сакаат да дојат имаат чувство дека се лоши мајки. Во Франција оние кои не дојат плаќаат за млекото во прав кое им го даваат на доенчињата во болница (така вели Бадентер во едно интервју за нејзината книга, ако има некој во Франција што живее може да каже дали е точно).

Инаку и самата авторка е мајка на три деца и успешна во својата кариера.

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Фокусот на “аФторкава“ не е самото доење и породилното боледување, туку поставувањето на уживањата, кариерата односно СЕБЕ на прво место.


Мојата бабица ме убедуваше дека породилното треба најмалку 2 години да ми трае (јас земав на една година), нели за доброто на детето. Кога решавав колку да ми трае породилното, првата замисла ми беше 6 месеци јас а останатите 6 месеци маж ми (бирократски неостварлива), една колешка ми искоментира "Зарем сакаш да го пропуштиш првото запче, моментот кога ќе почне да лази малото, првиот чекор", колку и да беше добронамерно добив чувство на лоша мајка ко демек ако порано се вратам на работа детето го напуштам. Можда заради ова искуство не гледам егоизам кај жените на кои и кариерата им е битна па не сакаат долго да отсуствуваат од работа
Кон врв
ultra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2616
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ultra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2010 во 08:39
Сепак мислам дека целта на книгата е да и се даде на новопечената мајка можност за избор...
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2010 во 21:05
Prvo decata.
Majka nemam.
Zjenata si e samo zjena.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2010 во 21:07
Прашањето не е “кој тебе ти е на прво место во животот“ туку “што е прво-жена или мајка“ како “функција“намигнување
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2010 во 21:18
вистината е дека  кога си маjка ти останува малку време да бидеш жена...
но...jас да можев бих доила детево си.
не дека не сакам да изгледам добро и да се средам така како и секогаш за да бидам задоволна од тоа што ке видам во огледалото, но многу по важно ми е детево да е нахранено, да не е жедно , да е чисто , добре облечено и наj веке ...да прегрне светот во своите детски игри ..надвор, да дише чист воздух, а не да седам во кафаната запалила поредната цигара  и да заборавам на тоа што детево ми е уште дете и за него ништо не е забранено или скоро не прави разлика мегу забранено и дозволено, помегу добро за него и штета...
нема ништо по убаво од тоа да уствариш професионални амбиции но не и за сметка на насмевката на моето дете, което обожава кога мама му е во близина и е активен учестник во неговите игри.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2010 во 08:44
Се си мислам дека имавме тема за исплатата на породилното отсуство, ама не ја најдов (може очи ми вади-ама не ја гледамголема%20насмевка) ппишав тука.
Прво проверка на испитување на состојбата на ликвидноста на службите на породилното отсуствоизненадување


Родилка остана без породилно
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,137 секунди.