Испечати | Затвори го прозорот

Дали прво жена, потоа мајка или ... ???

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Интима
Име на форумот: Семејство
Опис на форумот: ... до шесто колено
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22123
Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 09:28
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Дали прво жена, потоа мајка или ... ???
Постирано од: zamislena
Наслов: Дали прво жена, потоа мајка или ... ???
Датум на внесување: 31.Март.2010 во 09:21
 
 
......Елизабет Бадинтер, контроверзен француски филозоф и водечка феминистка тврди дека мајките прво треба да бидат жени, а на второ место да го стават мајчинството. Според неа напорот кој што го вложуваат жените со текот на времето ги направил робови на нивните деца. 
 
Во новата книга „Конфликот, жена или мајка“, Бадинтер советува жените да ги заборават сите преокупации со децата и повторно да станат вистински жени. 

Елизабет советува жените да го следат примерот на традиционалните Французинки кои не чувствуваат никаква вина кога користат млеко во прав, вештачка храна за бебиња и ги оставаат своите деца со бебиситерки. 

-Ние секогаш сме биле просечни мајки. Но, живееме далеку подобар живот, истакнува таа. 
Затоа Бадинтер дава пет совети за сите мајки:

1.Бидете прво жени, а потоа мајки

2.Не бидете робови на своите деца

3.Не се чувствувајте виновно затоа што користите млеко во прав или некој го чува вашето дете наместо вас

4. Вратете се на работа

5.Понекогаш седнете и за своја душа напијте се чаша две црвено вино
.... Ја не се согласувам со Елизабет... на прво место би го ставила ...мајчинството..... па како и да звучи ова.....среќа...
..секако ... не би се запоставила ни како ... жена...трепкање.....
 
..... Вашите размислувања на оваа тема .... Повелете......!
 
 



Коментари:
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 31.Март.2010 во 10:26
Никако не се сложувам со ова......

Да си мајка значи да си жена.

Елизабет ги измешала лончињата,и тоа бааги многу

Децата се на прво место,бидејќи самите себе си се гледаме во нив.

После смртта единствено човек останува да живее во спомените на другите и во своите деца.

Ако се ставам себе си пред децата,сум се откажал од себе

Ова од машка страна погледнато


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 31.Март.2010 во 12:44

Ништо ново не кажала г-жата феминистка, ниту пак гледам нешто радикално во нејзините изјави.

Мислам дека опфатила некои клучни прашања во поглед на што значи да си една современа жена, но не задолжително сите треба да се придржуваат кон нејзините совети.
Многу е важно пред секоја жена да се оствари како мајка и професионално добро да погледне во својата душа и да се запраша што навистина сака во животот и како мисли да го изведе тоа.
За да бидеш добар и полезен за другите, пред се за своите деца треба да си си најпрво добра на себе зашто и покрај огромната љубов многу нешта бараат откажување (не би го нарекла тоа жртва, зашто кога правиш нешто од љубов, тоа не е жртва, туку предавање).
Не е никаков грев децата да одат од градинка или да се поверуваат на дадилки, нормално доколку финансиите го дозволуваат тоа, за мајката да може повеќе да допринесе за иднината и сигурноста на семејството.
Писаталката е очигледно од оние жени кои заземаат стриктни ставови по некои прашања од аспект на индивидуалноста, но сепак тоа е само нејзин став.
Секако дека секоја жена која е мајка се труди да им го пружи најдоброто на своите деца а начинот на кој одбрала да го прави тоа не подобар или полош од некоја друга која има дијаметрално спротивни ставови, без оглед дали се работи за конзервативна, традиционалистка, модерна мајка или застранета феминистка.
Не постои униформиран начин за одгледување деца, битно е тие да се згрижени и сакани од своите мајки, оти и љубовта не се мери на кантар.


-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: ultra
Датум на внесување: 31.Март.2010 во 14:44
Книгата ја немам читано, ама ми се чини дека е еден вид протест на она што се почесто се промовира посебно кај бебињата: доење, користење на платнени пелени, породилно односно не работење додека бебето не наполни мин. 3години.

Моето мислење околу ова е кој како се осеќа, така нека прави. Децата ќе си пораснат било да се доени или со млеко во прав хранети, било со користење на памперс или платнени пелени итн.


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 31.Март.2010 во 15:15
Мислам дека авторката е дел од онаа “сексот-и-градот“ филозофија на “модерниот“ западен поглед на жената, кој пред се се фокусира на сексот, кариерата и парите.

Во сиот тој притисок, “авторкава“ заборава дека мајката е пред се жена и дека мајчинството е навистина една кулминација на женственоста. Тек кога жената ќе роди бебе односно ќе стане мајка-таа станува комплетна жена, а не кога ќе стане директорка на мултинационална компанија, ако ме разбирате што сакам да кажам.

Па така, жената е истовремено мајка која може и да работи, и да дои, и да изгледа добро, и да биде добра љубовница на својот маж,да ужива во се и да биде остварена. Функцииет жена и мајка се просто неразделни, а филозофијава на авторкава просто смрди на расипан егоизам и азападен “модернизам“

П.С. Браво за темава , замислена девојко, прекрасна си

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 31.Март.2010 во 19:09
Од сето погоре кажано се согласувам само со едно....НЕ БИДЕТЕ РОБОВИ НА СВОИТЕ ДЕЦА......

Родителите кои презаштитнички се однесуваат кон своите деца од секогаш ми биле фрикови....

Но тоа не значи дека родителите треба да ги боли уво што јаделе нивните деца денеска, дали испотени излегле на улица, со кого се дружат итн.....Се да е во граница.....

Сепак освен нивните деца, постојат и тие самите....нема лошо во тоа да си посветат време на себе......ако истото не е на сметка на здравјето (физичко или диховно) на децата.....

-------------
МИР со сите


Постирано од: ultra
Датум на внесување: 31.Март.2010 во 20:27
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Мислам дека авторката е дел од онаа “сексот-и-градот“ филозофија на “модерниот“ западен поглед на жената, кој пред се се фокусира на сексот, кариерата и парите.

Во сиот тој притисок, “авторкава“ заборава дека мајката е пред се жена и дека мајчинството е навистина една кулминација на женственоста. Тек кога жената ќе роди бебе односно ќе стане мајка-таа станува комплетна жена, а не кога ќе стане директорка на мултинационална компанија, ако ме разбирате што сакам да кажам.

Па така, жената е истовремено мајка која може и да работи, и да дои, и да изгледа добро, и да биде добра љубовница на својот маж,да ужива во се и да биде остварена. Функцииет жена и мајка се просто неразделни, а филозофијава на авторкава просто смрди на расипан егоизам и азападен “модернизам“

П.С. Браво за темава , замислена девојко, прекрасна си


Дали сметаш дека мајките кои не дојат или кои после навршени 2 месеца на бебето се враќаат на работа се егоистични и лоши мајки?


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 31.Март.2010 во 21:17
На прашањето би ти одговорила со прашање:
-Дали ти сметаш дека мајките кои дојат се еден вид жртви заради своите деца?

Фокусот на “аФторкава“ не е самото доење и породилното боледување, туку поставувањето на уживањата, кариерата односно СЕБЕ на прво место.

Доењето и породилното боледување немора да се гледаат како жртва од страна на мајката-токму тоа е ИЗВРТУВАЊЕ на природните процеси кои со ништо не ја прават жената помалку жена. Овде се нуди една искривена перцепција за она што треба да биде жената и за жал на вакви гледишта наседнуваат токму оние кои допрва треба да бидат мајки.(Доколку носењето деца во градинка е егоизам-треба да се затворат градинките). Убаво кажав-се може да се постигне и тоа СЕ (Мајчинство + Родителство+ Кариера) убаво да се интегрира во една целина со што жената уште повеќе ќе биде вистинска Жена.





-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: ultra
Датум на внесување: 01.Април.2010 во 08:34
Тоа и е намерата со книгата “Конфликт. Жена и мајка“ (“Le Conflit. La femme et la mère”):
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

...Убаво кажав-се може да се постигне и тоа СЕ (Мајчинство + Родителство+ Кариера) убаво да се интегрира во една целина со што жената уште повеќе ќе биде вистинска Жена.


Во западниот модернизам (како ти што велиш) се врши притисок од здравството врз новостанатата мајка да го дои детето, па кај тие што не можат или не сакаат да дојат имаат чувство дека се лоши мајки. Во Франција оние кои не дојат плаќаат за млекото во прав кое им го даваат на доенчињата во болница (така вели Бадентер во едно интервју за нејзината книга, ако има некој во Франција што живее може да каже дали е точно).

Инаку и самата авторка е мајка на три деца и успешна во својата кариера.

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Фокусот на “аФторкава“ не е самото доење и породилното боледување, туку поставувањето на уживањата, кариерата односно СЕБЕ на прво место.


Мојата бабица ме убедуваше дека породилното треба најмалку 2 години да ми трае (јас земав на една година), нели за доброто на детето. Кога решавав колку да ми трае породилното, првата замисла ми беше 6 месеци јас а останатите 6 месеци маж ми (бирократски неостварлива), една колешка ми искоментира "Зарем сакаш да го пропуштиш првото запче, моментот кога ќе почне да лази малото, првиот чекор", колку и да беше добронамерно добив чувство на лоша мајка ко демек ако порано се вратам на работа детето го напуштам. Можда заради ова искуство не гледам егоизам кај жените на кои и кариерата им е битна па не сакаат долго да отсуствуваат од работа


Постирано од: ultra
Датум на внесување: 01.Април.2010 во 08:39
Сепак мислам дека целта на книгата е да и се даде на новопечената мајка можност за избор...


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 02.Април.2010 во 21:05
Prvo decata.
Majka nemam.
Zjenata si e samo zjena.



-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 02.Април.2010 во 21:07
Прашањето не е “кој тебе ти е на прво место во животот“ туку “што е прво-жена или мајка“ како “функција“намигнување


-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: pagane
Датум на внесување: 02.Април.2010 во 21:18
вистината е дека  кога си маjка ти останува малку време да бидеш жена...
но...jас да можев бих доила детево си.
не дека не сакам да изгледам добро и да се средам така како и секогаш за да бидам задоволна од тоа што ке видам во огледалото, но многу по важно ми е детево да е нахранено, да не е жедно , да е чисто , добре облечено и наj веке ...да прегрне светот во своите детски игри ..надвор, да дише чист воздух, а не да седам во кафаната запалила поредната цигара  и да заборавам на тоа што детево ми е уште дете и за него ништо не е забранено или скоро не прави разлика мегу забранено и дозволено, помегу добро за него и штета...
нема ништо по убаво од тоа да уствариш професионални амбиции но не и за сметка на насмевката на моето дете, което обожава кога мама му е во близина и е активен учестник во неговите игри.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 19.Јуни.2010 во 08:44
Се си мислам дека имавме тема за исплатата на породилното отсуство, ама не ја најдов (може очи ми вади-ама не ја гледамголема%20насмевка) ппишав тука.
Прво проверка на испитување на состојбата на ликвидноста на службите на породилното отсуствоизненадување

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=17A29BFA6D20AE45A4A7A28AA5B9F39B -

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=17A29BFA6D20AE45A4A7A28AA5B9F39B - Родилка остана без породилно


-------------


Постирано од: zbunet
Датум на внесување: 19.Јуни.2010 во 19:31
Si bile trojca. Amerikanecot rekol deka od shvalerka nema podobro, Frnacuzinot deka od zena nema podobro, a nasion : - Abe zborete vie sto sakate, od mama nema podobro

-------------
http://jazbunet.blogspot.com/" rel="nofollow - http://jazbunet.blogspot.com/


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 07.Август.2010 во 15:32
Читајќи  го ова  се прашувам  што  е оваа  ???
...Ниту е  жена...ниту  мајка .....!  тага
 
Марија С. (31) роди бебе со 4,26 промили алкохол во крвта. Taa има четири деца и сите завршиле во домови за деца без родители. Мајката претежно живее на улица и се пијанчи со своите пријатели. 

Кога добила породилни болки, наместо да замине во болница, таа отишла во кафеана и пиела вотка. Нејзините пријатели сфатиле дека таа се породува, па некој од нив викнал брза помош. 

Жената ја одвеле во најблиската амбуланта, бидејќи немале време да је однесат во болница.

Марија имала четири промили алкохол во крвта и не сфаќала што бараат лекарите од неа. Породувањето не траело долго. Бебето е однесено во болница во Гдањск, а лекарите се чудат како останало воопшто живо. 

Бебето е родено со тежина од 900 грама, со тешко оштетување на црниот дроб и централниот нервен систем. Моментално е сместено во инкубатор, а лекарите оценуваат дека постојат минимални шанси да преживее.

Мајката сè уште е во болница, а по излегувањето ќе се соочи со казнена пријава за загрозување на здравјето на детето. Таа би можела да добие казна затвор од пет години.


-------------


Постирано од: mariija
Датум на внесување: 07.Август.2010 во 15:39
изненадувањетагаzalosno


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 24.Април.2014 во 16:43
А зошто да не и жена и мајка?!

Приказнава е многу интересна и ми разбуди многу различни чувства, од тага до среќа.




-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: svetosparki
Датум на внесување: 24.Април.2014 во 17:19
zena e zena...
no sekoja zena ne e i bioloska majka...
no e roditel...
da stanes prvo zena,pa majka?!pa,logicno...
inace nema da gi naogame po kontejneri,po ulici ili po kukni pragovi...
Koga emotivno,socioloski,ke sozrees,togas gi ispolnuvas uslovite za majka
i ne e bitno dali si optereten so profesijata so ja rabotis ili
socijalnite uslovi...
''ZAPADNATA''zena e status vo nivnoto opstestvo,imaat pravo na rabota,pravo na GLAS,respektirani se vo site sloevi na opsestvoto,posto gi stiti ZAKON,i zatoa imat moznost da se ''razleat''na site strani vo
drustveniot zivot...dodeka kaj ''NASIVE'',malku im e zakocen procesot na socijalizacija...prvo i osnovno gi koci TRADICIJATA,kaj so spaga
samokontrola,etikata,emotivnosta,nesuetnost...
OD SRCE,ISKRENO,BRAVO ZA NASITE''ZENI''!!!!!!!
ZATOA NEAME TOLKU RAZVODI,POSETI PO PSIHOLOZI,PSIHIJATRI,SOCIJALNI USTANOVI...koga ke razbere ZAPADOT so e tradicija
togas ke imaat i ''MAJKI'',a ne samo''ZENI''...

GLASAM ZA NASITE ''ZENI'',a znajte deka imame mnogu,mnogu uspesni zeni
so u dzeb si ja nosat TRADICIJATA...



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk