|
ВМРО - соэдавање и дело |
Внеси реплика | страница <1 3334353637 55> |
Автор | ||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Во Скопје имало останати германски единици, имало борби за ослободувањето на градот ( има сведоштва во темата за НОБ ), има многу сведоштва за тоа. Истотака тука не заборавај, била формирана квази-државата ( дисфункционална во секој поглед ) "независима Македонија", на чело со Спиро Китинчев. Истотака во текстот има и други неточности. Методија Андонов-Ченто никогаш не се сретнал со претставници на Михајлов, за тоа сведочи неговиот исказ пред судот. Не знам од каде им текнало да пишуваат такви глупости. Изменето од Македон - 25.Март.2010 во 17:45 |
||||
computer
Сениор Патриот Регистриран: 25.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 504 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Основачите на ВМРО На 23 октомври 1893 година (стар стил) во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, кое што ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – професор, родум од с. Смилево - Битолско, Петар Поп Aрсов – професор, родум од с. Богомила - Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово - Солунско и Христо Батанџиев – професор, родум од с.Гуменџе, Ениџе Вардарско, основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет.Заклетвата на ВМРО "Се колнеме во името на Бога, верата и честа, дека отсега ќе служиме колку што можеме за слобода на нашата татковина Македонија и Одринско; ќе ги слушаме наредбите на нашите главатари; нема никому да ги кажеме скришните народни работи. Ако не ги слушаме наредбите на нашите главатарии ако некому, свесно или несвесно, кажеме за она што сега го гледаме, што го слушаме и што го работиме да бидеме убиени од браќата со оружјето што сега го целиваме. Амин |
||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Македон каква квази држава? Нека не те маслосва бугаринот. Овој Китанчев во станот собрал тројца видел дека никој друг нема со него и како мочковци избегаа за да послем во Софија се фалат дека биле на раб да создадат држава.Мизерија е овој Китанчев а и јунакот Михајлов кој како голем бугарин го одби германецот и побрза во Софија за да изиграва најголем бугарин.А каде беа јунаците 1934 година кога доброволно им го даваа оружјето на милицијата? |
||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Затоа и ја нареков квази-држава, дисфункционална во секој поглед. Неприфатена ниту од населението, ниту од ништо друго. А Китанчев не избега, туку падна во рацете на правдата. |
||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Општо мислев ќе додеа во Македонија и послем во софија изиграваа херои.
|
||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Оригиналот на писмото на Главниот штаб на Вториот Македонско-Одрински револуционерен округ до
Бугарската влада во врска со положбата на востанатото население и
барање на помош од страна на Бугарија -- 9 септември 1903 година:
До Почитуваната Влада на Кнежеството Бугарија Со оглед на критичката и ужасна положба, во која се најде бугарското население од Битолскиот вилает по извршените опустошувања и ѕверства од турската војска и башибозук, со оглед на тоа, дека тие опустошувања и ѕверства на систематски начин продолжуваат и не може да се предвиди до каде ќе отидат; со оглед и на тоа, дека тука сe бугарско ризикува да изгине и се затре без спомен од насилства, глад и настапувачката мизерија. Главниот штаб смета за свој долг да му обрне внимание на Почитуваната Бугарска Влада на катастрофалните последици за бугарската нација, ако таа не си го исполни својот долг спрема своите еднородни браќа тука на еден впечатлив и активен начин, како што се налага од силата на околностите и опасноста, која што ја загрозува бугарската татковина денес. Верувајќи, дека Почитуваната Влада е доволно запозната со конечното опустошување на вилаетот, ние сметаме за излишно тука да ги повторуваме фактите со нивните подробности, а ќе се ограничиме само да ја резимираме во неколку точки создадената положба на нашиот народ и грозните последици од него. 1. Како во изгорените или напуштените, така и во останатите бугарски села, со мали исклучоци неизгорениот дел од реколтата остана неприбрана, затоа што секоја жена или маж, кои би се појавиле пред очите на заталканиот аскер и башибозук, бидува убиен -- храната се прибира постојано од од турското население под заштита на турската власт. Голем дел од неа, како и од грабнатиот добиток, се употребува за издршка на војската. 2. Сите материјали, орудија и рогат добиток, со кои се обработуваше земјата, изгореа во запалените села, а во останатите беа грабнати од војската и башибозукот. 3. Скоро целиот ситен добиток, со кој стопанисуваше поголемиот дел од планинското население, беше уништен или грабнат по заповед на власта. 4. Сите изгорени села беа ограбени пред нивното опожарување, а истата судбина ги снајде буквално уште сите неизгорени села, оставајќи ги нивните куќи само со голи ѕидови, а избеганите жители, мажи, жени и деца, само со кошулите на грбот. 5. Религиозните обреди се изоставени во изгорените села, и црквите се опожарени, а во неизгорените беа ограбени, оштетени или поругани. Турците на многу места ги употребија за време на нивното претстојување во селата за коњушници или нужници, како на пример во селата Таш-Моруништа, Смилево, Кривени, Круше и др. 6. Ниту едно бугарско училиште не е отворено, ниту ќе се отвори, бидејќи: а) населението е распрснато како резултат на турскиот терор, б) бидејќи сите учители, како и свештениците се со четите, следствено се невозможни пред турската власт, за звањето кое што го имале, в) никој не мисли за науката, кога е ставен вон од законите на државата, затоа што го носи името Бугарин и се бори со гладта. 7. На многу места турската власт му соопштила на неизбеганото население, дека ако сака да биде поштедено, треба да прејде под ресорот на Патријаршијата. Такви случаи има: во Охридско, Битолско, Леринско и Костурско, каде што војската, придружувана од грчкиот владика го принудувале населението да го предава своето оружје и да ја признае Патријаршијата. 8. После нашите први напаѓачки дејствија ние бевме принудени да држиме пасивно поведение, бидејќи секогаш кога ќе отпочневме борба со мобилизираните турски табори, било од одбрамбени позиции, било од фронтални позиции, согласно со нашата тактика на дејствување, Турците по завршувањето на борбата, се нафрлаат врз околните невооружени мажи, врз жените и децата и убиваат кого што ќе сретнат, обесчестуваат жени и девици, ги палат неизгорените села и го собираат добитокот, зачуван од нивните претходни наезди. Случај во селата: Арменско (Леринско), каде убија 114 старци, жени и деца, Круше, Леорка, Кривени, Златари, Болно, Подмочани, Ехла и др. (Ресенско), Плаке, Речица, Сирула, К*ратица и др. (Охридско), Смилево, Ѓавато (Битолско) и т.н. и т.н. Како резултат на сето гореизложеното му го обраќаме вниманието на Почитуваната Бугарска Влада за тешката и безпомошна положба, во која што се наоѓа сега нашиот народ, и во блиска иднина, загрозувачката, жестока и жална судбина, како во материјален и здравствен, така и во духовен и училиштен однос. Како очевидци на оваа состојба, ние се охрабруваме со сигурност да Ви ја претставиме мрачната перспектива на иднината во следното: 1. Како резултат на гладот, мизеријата и зимата што се приближува, една третина од нашиот народ е осуден на гладка смрт. 2. Бидејќи добитокот и земјоделските орудија станаа плен на огинот и Турците, населението дури и да би било оставено на мира, немајќи со што да ја обработува земјата, ќе биде принудено да им ја отстапи на Турците и фанатиците гркомани, и целосно ќе биде претворено во чифлигарство. 3. Останатиот дел од населението, западнат духовно и лишен од најнужните средства за живеење, не ќе има возможност да се спротивстави на желбата на турската власт и на примамливите и заплашувачки агитации на разбеснетите грчки владици и нивните органи, и сигурно ќе прејде под ресорот на грчката патријаршија, и ќе биде засекогаш изгубен за бугарската црква и нација. 4. Да не го пропуштиме и следното: Од некое време наваму тука почнаа да им се прават на бугарското население тајни предлози од католичките и протестантски мисионери за минување под ресорот на нивните цркви ако сака да биде заштитено од турските ѕверства. Нема да биде чудно, ако оној дел од населението, кој не би се препуштил на грчките подлажувања, да ја прифати унијата или протестанството. После сето ова нам ни е чудно, како Почитуваната Влада, која што ги раководи интересите на бугарскиот народ, продолжува да гледа со ладнокрвност на систематското истребување на бугарското население и пропаѓањето на бугарското име и чест пред светот. Поставени на чело на нашето народно движење тука, ние апелираме кон Вас од името на робот бугарин да му притекнете на помош на најефикасен начин — преку војна. Веруваме, дека одѕивот е истиот кај народот во Слободна Бугарија. Чезнеејќи по Вашата патриотска интервенција, пријатно ни е да Ви соопштиме, дека ги држиме на располагање нашите вооружени сили, кои до сега сме ги штеделе. Од Главниот штаб (Груев, Сарафов, Лозанчев) На 9 септември Штабот е собран над с. Слоештица, Демир Хисарско, за да ја разгледа положбата, која веќе станала неиздржлива. Тројцата се запираат на проектот: еден да замине во Бугарија, за да го пораздвижи општеството и да им објасни на меродавните кругови, дека положбата уште не е изгубена и може уште сe да се спаси, ако Бугарија се замеша. Но бидејќи Груев го предлага за таа мисија Сарафов, а Сарафов -- Груев, планот сам по себе си се напушта и се усвојува идејата да се направи писмено соопштение до Бугарската влада. Писмото е препратено во Софија на 17 септември 1903 год. Изменето од lav4eto - 31.Март.2010 во 08:57 |
||||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
или е фалшификат или е дебела работата
|
||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Па молел штабот и Србија,Русија,Англија,Франција па дури и Америка - секако дека требало помош
|
||||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Се посрале и молеле за помош, ги дупел ѓаоло да креват востание без цел.
Колку за ние да се пијанчиме на Мечкин Камен секој Август. Изменето од DragancoLeskoec - 31.Март.2010 во 12:48 |
||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Како бе беэ цел,целта била јасна и веке эастарена
|
||||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Е да, јасна била целта.Ама не била иста со таја во манифестот.
|
||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Бугарскиот Премиер Петров во своето интервју за ЊуЈорк Тајмс, на 16 август, 1903 година изјавил дека Илинденското востание било целосно национално македонско движење. Овие официјални изјави на бугарските власти се значајни од две причини, прво, претставуваат официјални државни ставови, второ, одговараат на временските случувања, за разлика од поновите политичко - контроверзни тврдења на одредени бугарски кругови. Ова е дел од неговото интервју, кое го претставуваме и фототипно на самиот крај: „Во врска со извештаите дека Бугарија е одговорна за востанието, тој истакна дека центарот на вознемирената област во моментов е речиси двестотини милји од бугарската граница и одделена е од неа со региони главно населени со Турци. Поради тоа, тој рече, дека е будалесто да се каже дека востанието беше потпомогнато од банди од Бугарија, и дека е подеднакво неразумно да се рече дека оружјето на востаниците пристигнало од Бугарија. Доколку се погледнат фактите, рече тој, сите пушки користени од страна на востаниците беа од француско производство, и дека повеќето од нив биле купени од турските офицери и мажи кои не примаа плати, па беа принудени да го продадат своето оружје и муниција за да добијат пари. Востанието, рече тој, беше целосно национално македонско движење организирано од страна на Македонскиот Внатрешен Комитет, кој самиот по себе е доказ .....“ Истото го потврдил и најголемиот македонски преродбеник Крсте П. Мисирков на III-та седница на Петроградцкото Македонцко Научно-Литературно Другарство „Св. Климент“ одржано на 19-и Октом 1903 г. : “Од самиот почеток на револуционерната организација Македонците во Бугарија или со бугарско образование, работеа под маската Бугари, прво за тоа, што така се викаше голем дел од населението, а друго, што по тој пат можеше да се добијат поддршката на бугарските власти, на бугарскиот народ и бугарската егзархија. “ “Македонците не се ограничија на таа двојна игра со различни замајувања на Бугарите и на Европа. Тие го пренесоа центарот на револуционерната оргнизација заедно со сите национално-политички прашања во Македонија, за да бидат слободни во своите постапки од бугарските власти. “ “Од тука е јасно, оти Бугарите ја голтнаа пилулата и доцна е да си ја исправат грешката.“ |
||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Најголемото прашање е кога Македонците се маскирале како Бугари. Дури и владејачите на филозофските клучеви го одбегнуваат одговорот на прашањето. Дури и Платеникот. |
||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Кога Војводата Анастас Јанков влегол во село во костурско (1902) за да ги подигни селаните за востание тој им се обратил со зборовите:
Македонци! Сетете се за светскиот победител, за светската слава на Македонија великиот Александар Македонски; сетете се за храбриот цар Самуил, македонскиот великан, за прекрасниот Марко Крале општословенска слава, - дека во нив течела македонска крв; тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започнато дело. Да се покажеме достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нè гуши пет века... |
||||
Внеси реплика | страница <1 3334353637 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |