|
Дали прво жена, потоа мајка или ... ??? |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | ||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 31.Март.2010 во 09:21 |
|
......Елизабет Бадинтер, контроверзен француски филозоф и водечка феминистка тврди дека мајките прво треба да бидат жени, а на второ место да го стават мајчинството. Според неа напорот кој што го вложуваат жените со текот на времето ги направил робови на нивните деца.
Во новата книга „Конфликот, жена или мајка“, Бадинтер советува жените да ги заборават сите преокупации со децата и повторно да станат вистински жени.
Елизабет советува жените да го следат примерот на традиционалните Французинки кои не чувствуваат никаква вина кога користат млеко во прав, вештачка храна за бебиња и ги оставаат своите деца со бебиситерки. -Ние секогаш сме биле просечни мајки. Но, живееме далеку подобар живот, истакнува таа. Затоа Бадинтер дава пет совети за сите мајки:
1.Бидете прво жени, а потоа мајки 2.Не бидете робови на своите деца 3.Не се чувствувајте виновно затоа што користите млеко во прав или некој го чува вашето дете наместо вас 4. Вратете се на работа 5.Понекогаш седнете и за своја душа напијте се чаша две црвено вино .... Ја не се согласувам со Елизабет... на прво место би го ставила ...мајчинството..... па како и да звучи ова........
..секако ... не би се запоставила ни како ... жена........
..... Вашите размислувања на оваа тема .... Повелете......!
|
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Никако не се сложувам со ова......
Да си мајка значи да си жена. Елизабет ги измешала лончињата,и тоа бааги многу Децата се на прво место,бидејќи самите себе си се гледаме во нив. После смртта единствено човек останува да живее во спомените на другите и во своите деца. Ако се ставам себе си пред децата,сум се откажал од себе Ова од машка страна погледнато |
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ништо ново не кажала г-жата феминистка, ниту пак гледам нешто радикално во нејзините изјави. Мислам дека опфатила некои клучни прашања во поглед на што значи да си една современа жена, но не задолжително сите треба да се придржуваат кон нејзините совети.
Многу е важно пред секоја жена да се оствари како мајка и професионално добро да погледне во својата душа и да се запраша што навистина сака во животот и како мисли да го изведе тоа.
За да бидеш добар и полезен за другите, пред се за своите деца треба да си си најпрво добра на себе зашто и покрај огромната љубов многу нешта бараат откажување (не би го нарекла тоа жртва, зашто кога правиш нешто од љубов, тоа не е жртва, туку предавање).
Не е никаков грев децата да одат од градинка или да се поверуваат на дадилки, нормално доколку финансиите го дозволуваат тоа, за мајката да може повеќе да допринесе за иднината и сигурноста на семејството.
Писаталката е очигледно од оние жени кои заземаат стриктни ставови по некои прашања од аспект на индивидуалноста, но сепак тоа е само нејзин став.
Секако дека секоја жена која е мајка се труди да им го пружи најдоброто на своите деца а начинот на кој одбрала да го прави тоа не подобар или полош од некоја друга која има дијаметрално спротивни ставови, без оглед дали се работи за конзервативна, традиционалистка, модерна мајка или застранета феминистка.
Не постои униформиран начин за одгледување деца, битно е тие да се згрижени и сакани од своите мајки, оти и љубовта не се мери на кантар.
|
||
Beauty fades, dumb is forever
|
||
ultra
Сениор Регистриран: 17.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 2616 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Книгата ја немам читано, ама ми се чини дека е еден вид протест на она што се почесто се промовира посебно кај бебињата: доење, користење на платнени пелени, породилно односно не работење додека бебето не наполни мин. 3години.
Моето мислење околу ова е кој како се осеќа, така нека прави. Децата ќе си пораснат било да се доени или со млеко во прав хранети, било со користење на памперс или платнени пелени итн. |
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мислам дека авторката е дел од онаа “сексот-и-градот“ филозофија на “модерниот“ западен поглед на жената, кој пред се се фокусира на сексот, кариерата и парите.
Во сиот тој притисок, “авторкава“ заборава дека мајката е пред се жена и дека мајчинството е навистина една кулминација на женственоста. Тек кога жената ќе роди бебе односно ќе стане мајка-таа станува комплетна жена, а не кога ќе стане директорка на мултинационална компанија, ако ме разбирате што сакам да кажам. Па така, жената е истовремено мајка која може и да работи, и да дои, и да изгледа добро, и да биде добра љубовница на својот маж,да ужива во се и да биде остварена. Функцииет жена и мајка се просто неразделни, а филозофијава на авторкава просто смрди на расипан егоизам и азападен “модернизам“ П.С. Браво за темава , замислена девојко, прекрасна си |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Од сето погоре кажано се согласувам само со едно....НЕ БИДЕТЕ РОБОВИ НА СВОИТЕ ДЕЦА......
Родителите кои презаштитнички се однесуваат кон своите деца од секогаш ми биле фрикови.... Но тоа не значи дека родителите треба да ги боли уво што јаделе нивните деца денеска, дали испотени излегле на улица, со кого се дружат итн.....Се да е во граница..... Сепак освен нивните деца, постојат и тие самите....нема лошо во тоа да си посветат време на себе......ако истото не е на сметка на здравјето (физичко или диховно) на децата..... |
||
МИР со сите
|
||
ultra
Сениор Регистриран: 17.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 2616 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дали сметаш дека мајките кои не дојат или кои после навршени 2 месеца на бебето се враќаат на работа се егоистични и лоши мајки? |
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На прашањето би ти одговорила со прашање:
-Дали ти сметаш дека мајките кои дојат се еден вид жртви заради своите деца? Фокусот на “аФторкава“ не е самото доење и породилното боледување, туку поставувањето на уживањата, кариерата односно СЕБЕ на прво место. Доењето и породилното боледување немора да се гледаат како жртва од страна на мајката-токму тоа е ИЗВРТУВАЊЕ на природните процеси кои со ништо не ја прават жената помалку жена. Овде се нуди една искривена перцепција за она што треба да биде жената и за жал на вакви гледишта наседнуваат токму оние кои допрва треба да бидат мајки.(Доколку носењето деца во градинка е егоизам-треба да се затворат градинките). Убаво кажав-се може да се постигне и тоа СЕ (Мајчинство + Родителство+ Кариера) убаво да се интегрира во една целина со што жената уште повеќе ќе биде вистинска Жена. |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
ultra
Сениор Регистриран: 17.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 2616 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тоа и е намерата со книгата “Конфликт. Жена и мајка“ (“Le Conflit. La femme et la mère”):
Во западниот модернизам (како ти што велиш) се врши притисок од здравството врз новостанатата мајка да го дои детето, па кај тие што не можат или не сакаат да дојат имаат чувство дека се лоши мајки. Во Франција оние кои не дојат плаќаат за млекото во прав кое им го даваат на доенчињата во болница (така вели Бадентер во едно интервју за нејзината книга, ако има некој во Франција што живее може да каже дали е точно). Инаку и самата авторка е мајка на три деца и успешна во својата кариера.
Мојата бабица ме убедуваше дека породилното треба најмалку 2 години да ми трае (јас земав на една година), нели за доброто на детето. Кога решавав колку да ми трае породилното, првата замисла ми беше 6 месеци јас а останатите 6 месеци маж ми (бирократски неостварлива), една колешка ми искоментира "Зарем сакаш да го пропуштиш првото запче, моментот кога ќе почне да лази малото, првиот чекор", колку и да беше добронамерно добив чувство на лоша мајка ко демек ако порано се вратам на работа детето го напуштам. Можда заради ова искуство не гледам егоизам кај жените на кои и кариерата им е битна па не сакаат долго да отсуствуваат од работа |
||
ultra
Сениор Регистриран: 17.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 2616 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сепак мислам дека целта на книгата е да и се даде на новопечената мајка можност за избор...
|
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Prvo decata.
Majka nemam. Zjenata si e samo zjena. |
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Прашањето не е “кој тебе ти е на прво место во животот“ туку “што е прво-жена или мајка“ како “функција“
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
вистината е дека кога си маjка ти останува малку време да бидеш жена...
но...jас да можев бих доила детево си. не дека не сакам да изгледам добро и да се средам така како и секогаш за да бидам задоволна од тоа што ке видам во огледалото, но многу по важно ми е детево да е нахранено, да не е жедно , да е чисто , добре облечено и наj веке ...да прегрне светот во своите детски игри ..надвор, да дише чист воздух, а не да седам во кафаната запалила поредната цигара и да заборавам на тоа што детево ми е уште дете и за него ништо не е забранено или скоро не прави разлика мегу забранено и дозволено, помегу добро за него и штета... нема ништо по убаво од тоа да уствариш професионални амбиции но не и за сметка на насмевката на моето дете, което обожава кога мама му е во близина и е активен учестник во неговите игри. |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се си мислам дека имавме тема за исплатата на породилното отсуство, ама не ја најдов (може очи ми вади-ама не ја гледам) ппишав тука.
Прво проверка на испитување на состојбата на ликвидноста на службите на породилното отсуство Родилка остана без породилно |
||
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |