|
Бугарин,бугарофон,мак.Бугарин во Македони |
Внеси реплика | страница <1 3031323334 81> |
Автор | ||
eptendosadno1
Сениор ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ Регистриран: 30.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
Испратена: 30.Март.2010 во 19:34 | |
Така , да , да , да продолжам за “ царевоселците “ . Бугароман,Бугарофон,МакедоноБ`лгарин како појава во Македонија почнува многу рано , во самиот период на национал романтизмот , таканаречените “ Србомани “ ( според стандардите на “ царевоселците “) тоа го лоцираат уште во 18 век кај двајца без тројца “ Македонски преродбеници “ ( како што се именувани од “ Србоманите “ со мало “м“ или лажно големо “ М “ ) и како такви величани истите се славени имаме патрони празници , споменици и сл . Таквите патриоти со големо “ М “ се Кирил Пејчинович , Теодосиј Синаитски и др. Нема да навлегувам подлабоко туку само ќе напоменам дека , од нив прочитаното , односно од термините кои се користени во нивните дела јас дознавам кои им се изворите за таквото сознание , односно дали истото е домицлно или е дело на “ научните “ книги кои циркулирале низ Македонија . Закључокот го извлекувам од неколку примери . Немало и сеуште нема термин “МИЗИЈА“ кој се корист кај обичниот жител на Македонија . Терминот “Простачки јазик “ е последица на терминот “ Градската азбука “ и.т.н. И да напоменам дека истите Македонци си го барале идентитетот , потеклото , додека поновите го потврдувале идентитетот и ги барале причините зашто се тоа што мислеле дека се - Бугари , додека НАЈНОВИТЕ под влијание на “ антисрпското “ движење од 1885 год. го бранат од србизми , Белград , српскиот империјализма , србокомунизам и сл, односно се агресивни , неморални , дрски и никогаш не одговараат на конкретни прашања и дилеми , само и само затоа што немаат одговори . Изменето од eptendosadno1 - 30.Март.2010 во 19:40 |
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Испратена: 30.Март.2010 во 19:50 | |
И пак некако конфузно колега. Нема нешто да се каже тоа било вака вака и вака затоа што тоа било така, така и така. Никој ниту коле ниту беси тука, само банира
Еве јас ти давам предлог, конкретизирај ги нештата, дај им завршен облик и точни термини, етноними бидејќи вака звучиш како да се извинуваш за тоа што го мислиш, нешто како Мисирков во „За македонцките работи“, а од такво нешто нема потреба, без притоа да го омаловажувам Мисирков, бидејќи во моите очи тој си е тоа што си е, еден човек кој умеел да фрли поглед „за нанапред“.. Ниту јас, а ниту ти, како Македонци (доколку искрено се сметаш за таков) немаме причина да се срамиме од историските процеси и развојот на нашата нација, која што можеби малку подоцна од останатите земји, ама почнала да се развива точно тогаш- во периодот на национал-романтизмот. Значи, дај конкретно мислење, потоа јас ќе го дадам моето видување на нештата и да видиме кој од нас двајцата ќе биде баниран |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
eptendosadno1
Сениор ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ Регистриран: 30.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
Испратена: 30.Март.2010 во 19:53 | |
Неумеам да ти појаснам подобро за генезата на бугароманите , бугарофилите и.т.н. Тоа е : Бугароман,Бугарофон,МакедоноБ`лгарин како појава во Македонија почнува многу рано , во самиот период на национал романтизмот , таканаречените “ Србомани “ ( според стандардите на “ царевоселците “) тоа го лоцираат уште во 18 век кај двајца без тројца “ Македонски преродбеници “ ( како што се именувани од “ Србоманите “ ) и како такви величани истите се славени имаме патрони празници , споменици и сл . Таквите патриоти со големо “ М “ се Кирил Пејчинович , Теодосиј Синаитски и др. Изменето од eptendosadno1 - 30.Март.2010 во 19:54 |
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Испратена: 30.Март.2010 во 19:55 | |
п.с. Кај Пејчиновиќ не пишува простачки јазик-„ препростејшим и не книжним јазиком болгарским“ не значи ни најмалку тоа што сакаш ти да значи. Ќе се поправиш или јас да те поправам?
|
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Испратена: 30.Март.2010 во 20:00 | |
Инаку, не е убаво да се гледа анахроно на нештата
http://en.wikipedia.org/wiki/Moesia А за, „двајца без тројца“- Кирил Пејчиновиќ, Теодосиј Синаитски, Јоаким Осоговски, Јоаким Крчоски, Партениј Зографски, Методиј Кусев, Теодосиј Гологанов итн. не се баш двајца без тројца, повеќе се Меѓутоа, еве бидејќи ти знаеш повеќе од мене, дали можеш да ми кажеш нешто повеќе на пример за Петар Делјан. Еве што пишува на српската википедија: http://sr.wikipedia.org/wiki/Петар_Дељан Меѓутоа на илустрацијата на Скилица која таму ја навеле, види што пишува во горниот лев агол: Изменето од Pat - 30.Март.2010 во 20:48 |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
eptendosadno1
Сениор ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ Регистриран: 30.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
Испратена: 30.Март.2010 во 23:03 | |
п.с. Кај Пејчиновиќ не пишува простачки јазик-„ препростејшим и не книжним јазиком болгарским“ не значи ни најмалку тоа што сакаш ти да значи. Ќе се поправиш или јас да те поправам?
Во ред , ете се извинувам , погрешно преведов ...... Но мора да се признае , многу си трудољубив , може да се каже и премногу упорен и дека јас не ја знам причината за тоа . Не дека не сакам полемика пријател , не дека не прифаќам сугестии , критики и сл. него , не е возможна таа мисија поради “ бремето “ кое го носат “ царевоселците “ во кожа на припадник на македонизмот Јас го кажав моето , ти твоето , други нека судат |
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Испратена: 30.Март.2010 во 23:15 | |
Ха, е многу си елементарен тогаш, бидејќи имаме уште многу што да дискутираме. Јас не сум припаднк на македонизмот- звучи како некоја секта- туку сум Македонец, меѓутоа одбивам да се правам дека не сум видел она што го гледам. Мисијата тебе секогаш ќе ти биде неуспешна бидејќи не си чесен и не си искрен. Што да ти правам, не мора секогаш македонизмот да биде поврзан со српската википедија А од друга страна- па и има разлика помеѓу македонизам и македонштина. Македнизмот за некои е средство, а македонштината е нешто многу повеќе, можеби тоа е несфатливо за човек со мисија како твојата. |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Испратена: 30.Март.2010 во 23:19 | |
П.С. Не треба некој голем напор за да се видат некои работи, како и да се рабере дека „препростејшим и не книжним“ не значи „простачки“ туку- дијалектно, колоквијално, народски- наспроти „литературно“, „книжовно“
Изменето од Pat - 30.Март.2010 во 23:36 |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
eptendosadno1
Сениор ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ Регистриран: 30.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
Испратена: 30.Март.2010 во 23:39 | |
Сепак темата е Бугароман,Бугарофон,МакедоноБ`лгарин па би додал дека сепак се употребени ПРОСТРАЧКИ ЈАЗИК , МИЗИЈА ГОРНА И ДОЛНА и Болгарским а не Бугарски како што е кај Димитар Македонски , што е доволно за мене да донесам закључок кои извори се користени при себеосознавањето . И термините , доказите , аргментите кои ги користат “ царевоселците “ , исто така се веќе детектирани и е дефинирана појава , мотив , извор на информации , реторика и сл. И тоа се провлекува од многу поодамна и се е поради таа погрешна проценка на српската воена администрација од 1885 година , од времето на “ Шуми Марица “ |
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Испратена: 30.Март.2010 во 23:51 | |
Бугарски е употребено и кај Цепенков, и кај Мисирков- бугарцки. Ама и некаде е болгарски- како во Кониковото евангелие МПОЛГАРСКИ. А ти можеш да си веруваш дека препростејшим е простачки, или дури и препростачки (интересен начин на понизност, навистина ) ама тоа не е така. Прашај било кој славист. Само не вади од контекст, дај му го целото „Огледало“. А инаку за српските лоши проценки: „Сепак, на 5.ноември Србите постигнале значителни успеси на јужниот дел од фронтот, откако Моравската дивизија го заземала гратчето Брезник , што претставувало сериозна опасност за левото крило и позадината на бугарската војска. Со пристигнувањето на војската од Тракија, Бугарите броеле околу 20.000 војници, а Србите истовремено, со новите засилувања, броеле околу 31.000 луѓе. Ноќта на 5 спрема 6 ноември, 500-600 доброволци од Македонија и една чета од Софискиот полк на чело со кап. Паница го изненадиле српскиот батаљон на позициите на српското лево крило кај с. Ропот и откако го разбиле батаљонот биле заробени 168 српски војници, а останатите српски војници биле принудени на повлекување. По борбите водени на 6.ноември, Бугарите не само што успеале да ги задржат старите позиции, туку и ги подобриле во однос на претходниот ден. На 7.ноември, кога се одиграл решавачкиот бој, српската војска броела 40.000, а бугарската 32.000 луѓе. По уште еден изненаден напад на кап. Паница, кај с. Ржана бил разбиен српскиот батаљон на кап. Милошевиќ, по што кај српската војска настанал општ метеж. Во тешки борби, со големи загуби на двете страни, Бугарите не само што ги одбиле српските напади, туку сега започнале и да напредуваат. Во оваа битка српската армија како убиени и исчезнати загубила 2.100 луѓе, а загубите кај Бугарите изнесувале 1.800 души.“ http://mk.wikipedia.org/wiki/Српско-бугарска_војна Изгледа дека некои луди Македонци допринеле за тој пресврт. „Царевоселци“, веројатно А интересен е поводот за таа војна: Српско-бугарската војна започнува на 14 ноември1885 година, кога кралството Србија, незадоволно од обединувањето на кнежевството Бугарија со автономната област Источна Румелија, и објавува војна на Бугарија. Војната завршува со пораз на српската армија и нејзино безусловно капитулирање. Победата во војната за Бугарија значи потврдување на суверенитетот над Источна Румелија. Изменето од Pat - 31.Март.2010 во 00:05 |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
eptendosadno1
Сениор ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ Регистриран: 30.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
Испратена: 31.Март.2010 во 00:48 | |
И термините , доказите , аргментите кои ги користат “ царевоселците “ , исто така се веќе детектирани и е дефинирана појава , мотив , извор на информации , реторика и сл.
И тоа се провлекува од многу поодамна и се е поради таа погрешна проценка на српската воена администрација од 1885 година , од времето на “ Шуми Марица “ Едноставно го наметнувам прашањето дали тие 500-600 македонски доброволци во српско-бугарската војна биле бугаромани, бугарофрони итн? Отидов јас |
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Испратена: 31.Март.2010 во 00:59 | |
Точно така, тоа го напишав. Или е можеби забрането да се размислува зошто на пример Марко Цепенков насекаде во своите дела гледа само Бугари, зошто Ѓорче Петров во својата Беседа за Гоце Делчев пишува дека Делчев загинал среде бугарско село, зошто Џинот го озаглавил своите две книги: „О основанију Бл’гарског Патријаршества“ и „Слово Кирила славенца солунскаго философа бугарскаго“ објавени во Белград, 1855 и 1856 Во сите спомени дејците на ВМОРО за себе пишуваат дека се Бугари, зошто и Бранислав Нушиќ за нив пишува дека се Бугари. Да не ги спомнуваме и Шапкарев, Миладинови, Прличев, сите оние кои сме ги учеле на училиште. Тоа се луѓе кои се дел од македонската историја (освен Нушиќ, тој е страно тело) и нормално е за мене да се интересирам за таа проблематика Изменето од Pat - 31.Март.2010 во 01:02 |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Испратена: 31.Март.2010 во 05:15 | |
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Испратена: 31.Март.2010 во 07:54 | |
Внеси реплика | страница <1 3031323334 81> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |