IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Јехова е Божјото име
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Јехова е Божјото име

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2010 во 18:46

Pozdrav i do tebe NikBT90 i kamo srekja site lugje da se kako Jehovinite svedoci, na ovoj svet ke nema ni vojni, ni omraza, ni kriminal, ni predrasudi.



RESPEKT
Кон врв
NikBT90 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NikBT90 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2010 во 19:16
Благодарам и јас се сложувам со тебе. Мило ми е што имам поткрепа.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2010 во 20:37
Originally posted by NikBT90 NikBT90 напиша:


(Ќе ве замолам ако можи да ми кажите како ги поставувате овие погоре Originally posted by ... заради поголема прегледност)


Со задоволство. Горе десно над секој коментар има две копчиња: „Цитирај“ и „Одговори“. Кликни на копчето цитирај и ќе го добиеш целиот коментар во едит-форма и под текстот можеш да пишуваш.
Доколку сакаш да реплицираш како мене, за тоа треба малку повеќе мака и искуство среќа
За да ставиш одреден текст во рамки на цитат за потоа да коментираш под него, потребно е текстот да го напишеш во овој облик: (ќе претпоставам дека го цитираш KINGDAVID.

[quоte=KINGDAVID]
Овде стои дел од текстот на KINGDAVID
кој што сакаш да го цитираш.
[/quоte]

И така ќе го добиеш текстот на KINGDAVID во вид на цитат затворен во рамки и под него можеш да коментираш и тоа потоа ќе изгледа прегледно. Ајде пробај, ако имаш дополнителни прашања, ќе видиме потоа.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


****А што ќе кажеш за титулите „Алфа и Омега“, „Почетокот и Свршетокот“, „Првиот и Последниот“? Дали се тоа титули на Бог или може и друг да ги има?


Originally posted by NikBT90 NikBT90 напиша:


Овие титули мислам дека се разбира на кој му припаѓаат а тоа се само за Бог, затоа што Тој е оној кој постоел пред се друго да биде создадено и Тој ќе постои и кога се друго ќе го нема, но тоа не е намерата негова.


Се сложувам со тебе NIKBT90 дека тоа се титули кои само Бог може да ги има. Ајде сега отвори во последната библиска книга - Откровението, во првото поглавје и прочитај го целото. Обрни внимание на Кого се однесуваат таму овие титули. Обрни посебно внимание на следниов стих таму:

„Не бој се! Јас Сум Првиот и Последниот и Живиот, и умрев, и ете, Жив Сум во сите векови. Амин!“ (Откровение 1:17,18)

Доколку немаш Библија при рака, еве ти он-лајн Библија: www.mkbible.net

Дали е можно овој стих да се однесува на Небесниот Татко - ЈЕХОВА?

Originally posted by NikBT90 NikBT90 напиша:


Друга работа да ја напоменам е тоа што јас не можам да речам дека јас и мојот татко сме едно исто суштество. Е тоа така неможи. Тој е постар од мене и далеку попаметен за ра разлика од мене. Исто е и случајот со Исус Христос и Бог. Можеби вас ви изгледа дека тие се едно исто но не се затоа што Исус е олицетворение на неговиот татко.


Мене, а и на многу други библиски христијани тоа не ни изгледа исто. Исус не е исто што и ЈЕХОВА, но тие се едно. Мажот не е исто што и жената, но сепак тие во брак се ЕДНО. Значи тие не се две, туку едно како што и Исус во една прилика рече:

„Така што не се веќе двајца, туку едно тело.“ (Исус во ев. Матеј 19:6)

Епа ако човечката љубов може од две да направи едно, тогаш зошто да не веруваме дека Божјата љубов може да направи од три едно единство?
Ти NIKBT90 имаш дух, душа и тело. Но сепак ти не си три личности, туку една. Ти си слика Божја, создаден по Божјиот лик и подобие, затоа и ти си еден вид тројство.

Дури и Ѓаволот го имитира Божјото тројство објавувајќи се како: ѓаволот, антихристот и лажниот пророк.
ѓаволот е пандан на Таткото.
антихристот е пандан на Синот.
лажниот пророк е пандан на Светиот Дух.

Ѓаволот ќе се отелотвори во антихристот исто како што и Божјиот син се отелотвори во личноста на Исус Христос. Антихристот ќе се обиде да ги имитира и Христовата смрт и воскресение (Откровение 13:3). Лажниот пророк исто така си работи паралелно со Светиот Дух залажувајќи ги луѓето низ целиот свет и како што Светиот Дух ги насочува луѓето кон Бог, лажниот пророк ги насочува кон ѓаволот. Како што Светиот Дух говореше преку светите пророци, така и лажниот пророк говори преку оние кои свесни или несвесно му служат на ѓаволот (политичари, луѓе на власт, гледачи, бајачи, гатачи, разно-разно самопрогласени пророци итн.)

Originally posted by NikBT90 NikBT90 напиша:


Исус бил заедно со Бог кога го создале сето друго, како што се ангелите и ова што е видливо т.е материјално.
Сепак Исус е подоцна создаден и тој има свој почеток а исто така би имал и свој крај доколку Бог така реши, но тоа нема да се случи.


Во почетокот на евангелието на Јован јасно пишува дека во почетокот беше Словото (Логосот, Причината) и дека Словото беше Бог. Во 14-от стих јасно се открива дека тоа Слово е всушност Исус Христос. Но тука во преводот на сведоците „Нов Свет“ тоа Бог е напишано со мали букви и тие толкуваат дека тоа не се однесува на вистинската титула „Бог“, туку повеќе алудира на Божествената природа.
Сепак, таму стои „на почетокот“.
Но можеш да го прочиташ и следново пророштво за Исус Христос каде се вели:

„А ти, Витлеему Ефратов, најмалиот меѓу Јудините кнезови, од тебе ќе ми излезе Оној Кој ќе владее со Израел; Неговото потекло е од дамнини, од вечните времиња.“ (Михеј 5:2)

Исто така и за Светиот Дух е кажано дека е вечен Дух:

„колку ли повеќе крвта на Христа, Кој преку вечниот Дух Му се принесе Сам Себеси на Бога“ (Евреите 9:14)

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


***А со која година има врска? Со 1914? Со 1915 1918, 1925, 1975 или 1989 година?
Зарем не ви се доволни овие погрешни пророштва за да сфатите дека Стражарската кула не е Божји пророк на земјава?***


Originally posted by NikBT90 NikBT90 напиша:


-- Стражарска кула не е напишана од совршени луѓе и затоа можеби има и грешки.


Јас колку што знам Јеховините сведоци веруваат дека стражарската кула е Божјиот збор за денешните луѓе. Стражарската кула ја сочинуваат луѓе (доста стари луѓе) за кои сведоците веруваат дека тоа се небесно помазани верници кои ја пренесуваат Божјата порака до луѓето. Можеби, заради грешките во минатото сега сведоците не велат дека овие луѓе пишуваат непогрешливо, но сепак тогаш тие велеа дека тоа е Божјиот збор за луѓето. Имам дома една книгичка каде што има наведено цитати од Стражарска Кула од тоа време каде што јасно вели дека Стражарската Кула е Божји пророк и дека го пренесува Божјиот збор. Ако си заинтересиран за ова можам да ти цитирам, преведам, а ако си од Скопје, можам и да ти ја покажам книгата или да ти ги ископирам тие делови од неа.


Originally posted by NikBT90 NikBT90 напиша:


Зарем сето ова не е исполнување на пророштвата, не се случуваат истите работи денес. Но, на своите ученици, Исус им рекол: ,,Не е ваше да ги знаете времињата или раздобјата што Таткото ги има под своја власт``(Дела1;7).


Точно така, слава на Бог тоа се пророштва што се исполнуваат пред нашите очи, но како што и самиот го цитираше Исус „не е ваше да ги знаете времињата.. што Таткото ги има под своја власт“. Стражарската кула неколку пати ја игнорираше оваа изјава на Исус и бараташе со години навстувајќи го враќањето на Исус, започувањето на милениумот, крајот на светот и сл. Секако во сите пророштва погреши.
Потоа почна да вели (слично како и адвентистите) дека Исус дојде, ама невидливо, заборавајќи дека Библијата јасно вели дека Исус ќе се врати исто така како што и замина - видливо.

„ И кога гледаа кон небото, додека Тој се вознесуваше, ете двајца мажи во бела облека застанаа покрај нив и им рекоа: „Мажи, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе во небото, ќе дојде така, како што Го видовте да оди во небо.“ (Дела 1:10,11)

„Еве, доаѓа со облаците и ќе Го види секое око, и оние, кои Го прободоа, и сите земни племиња ќе заридаат за Него. Да, амин!“ (Откровение 1:7)

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


ПС
***Да не се ставаат икони во црквите, за тие да не станат објекти за славење и обожавање. (36-от канон од Елвирскиот црковен собор во 305г.)***


Originally posted by NikBT90 NikBT90 напиша:


-- Колку што сум запознат, овој закон не датира од 305г туку тој бил директно даден на израелците кога излегле од Египет.


(2Мојсеева 20:4-5)
,,Немој да си правиш режан лик, ниту што и да е друго што личи на она што е горе на небото, или долу на земјата, или под водите на земјата.
Немој да им се клањаш, ниту да им служиш, зошто јас сум Јехова, твојот Бог.``


Знам NIKBT20 знам, јас не сум православен верник и воопшто не користам икони, но тој текст (канон) го ставив во мојот потпис за да го гледаат православните што се на форумов за да видат дека не само Библијата, туку и еден од раните црковни собори исто така ги забранил иконите од истата причина заради која треба и денес да се забранат - затоа што станаа предмет на обожавање.
Инаку секако дека мене, како библиски христијанин, не ми треба канон да ми каже дека не треба да користам икони затоа што тие се забранети во Библијата.

Поздрав брате големо%20гушкање
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
NikBT90 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NikBT90 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2010 во 18:56
Хух, само што преживеавме напад од кракери мислам хакери :)
Прво, сакам да ви го доставам извадокот за темата: Што е тоа светиот дух? И бидејќи реков дека не сум доволно спремен и компетентен да говорам на таа тема, решив да го напишам она што го пишуваше во стражарска кула, се надевам дека нема да замерите.
---------------------------------------------------------
Светиот дух
Зошто владее збрка?

Што е тоа светиот дух? Иако ова прашање е многу едноставно, изгледа дека не е баш лесно да се даде и едноставен одговор. Папата Бенедикт XVI му се обратил на едно мноштво народ во Австралија со следниве зборови: ,,Речиси е невозможно јасно да го разбереме светиот дух``.

Факт е дека постојат најразлични мислења и голема несигурност во врска со прашањето: ,,Што е тоа светиот дух?``. Еве неколку типични одговори:
-     Светиот дух е вистинска личност која живее во Христовите ученици.
-     Светиот дух е Божја наука, Божји закон што дејствува.
-     Светиот дух е Божјата активна присутност во светот.
-     Светиот дух е третата личност во тројството или Света Троица.
Зошто владее ваква збрка? Таа датира од 4 век од н.е., кога некои теолози тврделе дека светиот дух е личност која на некој начин е еднаква со Бог. Меѓутоа, ова учење го нема во Библијата ниту, пак, го ширеле првите следбеници на Христос. Во една католичка енциклопедија се објаснува: ,, Во Стариот завет, Божјиот дух воопшто не е прикажан како личност...Божјиот дух едноставно е Божјата сила``. Понатаму во истата енциклопедиа се вели: ,,Повеќето стихови од Новиот завет откриваат дека Божјиот дух е нешто, а не некој; ова особено се гледа од совпаѓањето помеѓу духот и Божјата сила``.
Разбирливо е што на луѓето им е тешко да сфатат како е можно една сила да биде личност. Така, една неодамнешна анкета во САД откри дека повеќето луѓе не се согласуваат со идеата дека светиот дух е личност или ,,живо битие``. Дали се во право? Или треба да им веруваме на теолозите кои упорно тврдат дека ,,светиот дух Личност која е одвоена од Таткото и од Синот``?

За да добиеме точен одговор, треба да видиме што вели во врска со ова Божјата реч, Библијата, во која детално е опишан светиот дух. Апостол Павле на напишал: ,,Целото писмо е вдаховено од Бог и корисно за да се поучиме за вистината и за да се исправат грешките``. (2 Тимотеј 3:16)

Зошто треба да се потрудиш да ја дознаеш вистината за светиот дух? Затоа што таа вистина може да ти помогне да добиеш помош од Бог. Дали некогаш чувствуваш дека немаш повеќе сила да продолжиш? Исус им ветил на своите ученици:
,,Молете, и ке ви се даде... Ако вие.... знаете да им давате на своите деца добри дарови, колку повеќе Таткото, кој е на небото, ќе им даде свет дух на оние што го молат за тоа`` (Лука 11:9,13)

Што е светиот дух?

Во една прилика, Исус ги прашал своите ученици: ,,Има ли татко меѓу вас, кој , ако неговиот син го замоли за риба, ќе му даде змија наместо риба? Или, ако го замоли за јајце, ќе му даде ли скорпија?`` (Лука 11:11,12) Исус рекол дека упорно треба да бараме свет дух, исто како што едно гладно дете бара да јаде (Лука 11:9,13).
Ако разбереме што, всушност, е светиот дух, полесно ќе сфатиме колку важна улога може да игра и во нашиот живот. Затоа, да видиме најнапред што учи Библијата за светиот дух.

,,Силата на Севишниот``

Библијата јасно покажува дека светиот дух е сила што Бог ја користи за да ја изврши својата волја. Кога ангелот Гавриел и кажал на Марија дека ќе роди син иако била девица, тој и рекол: ,,Светиот дух ќе дојде врз тебе и силата на Севишниот ќе те засени. Затоа детето што ќе го родиш ќе биде свето, Син Божји`` (Лука 1:35). Зборовите на Гавриел ни покажуваат дека постои поврзаност меѓу светиот дух и ,, силата на севишниот``.
Слична мисла се појавува и на други места во Библијата. Пророкот Михеј рекол: ,, Јас сум полн со силата од Јеховиниот дух`` (Михеј 3:8). Исус им ветил на своите ученици:
,,Ќе примите сила кога светиот дух ќе дојде врз вас`` (Дела 1:8) Апостол Павле исто така зборвал за ,,силата на светиот дух``. (Римјаните 15:13,19)
Што можеме да заклучиме од овие примери? Учиме дека постои тесна врска помеѓу светиот дух и Божјата сила. Всушност, светиот дух е силата со која се служи Јехова. И колку е голема таа сила! Ние не можеме да разбериме колку голема сила, или енергија, била потребна да се создаде целата вселена. Преку пророкот Исаија, Јехова ни вели да размислуваме за следново: ,,Подигнете ги очите угоре и гледајте! Кој го создал тоа? Оној што ја изведува нивната војска според нивниот број и ги вика сите по име. Поради неговата голема моќ и неговата огромна сила не изостанува ниту едни`` (Исаија 40:26)
Со овие зборови, Библијата покажува дека вселената и сиот ред и хармонија што владеат во неа, постојат благодарение на моќта и силата на Севишниот Бог. Се разбира, Божјата сила е неизмерна, а од неа зависи и самото наше постоење. Јехова може да го употреби својот свет дух за големи работи, како тогаш кога ја создавал вселената. Но, може да го употреби и за доброто на луѓето што ги создал. Во Библијата многу пати се споменува дека со својата сила Бог ги зајакнувал своите слуги на Земјата.

Јеховиниот дух е врз мене

Службата на Исус ни дава извонреден увид во оа како Божјиот свет дух може да им даде сила на неговите слуги. ,,Јеховиниот дух е врз мене``, им рекол Исус на луѓето во Назарет (Лука 4:18). Што направил тој со силата на духот? Лекувал секакви болести, ги стивнал брановите на разбеснатото море, нахранил илјадници луѓе со неколу леба и риби, па дури и воскреснувал мртви. Апостол Петар рекол дека Исус е човекот кого Бог...го потврди со моќни дела, со предзнаци и со чудесни знаци, кои преку него ги направи`` (Дела 2:22).......

Од каде знаеме дека светиот дух не е личност

Библијата го споредува светиот дух со вода. Кога му ветил на својот народ дека ќе му излее благослови, Бог рекол:
,,Ќе излеам вода врз жедниот и потоци врз сувото место. Ќе го излеам својт дух врз твоето семе, и мојот благослов врз твоите потомци`` (Исаија 44:3).
Кога Бог го излева својот дух врз оние што му служат, тие се ,,полни со свет дух``, или ,,исполнети со свет дух``. За Исус, Јован Крстител, Петар, Павле, Варнава и учениците што се собрале на педесетница 33 год. од н.е. се вели дека биле полни, или исполнети со свет дух (Лука 1:15; 4:1; Дела 4:8; 9:17;11:22,24;13:9).
Размисли за ова: Можно ли е една личност да биде ,, излеана`` врз многу луѓе? Дали би рекол дека една личност може да исполни цела група луѓе? Тоа нема никаква смисла!
Библијата спомнува дека некои луѓе биле исполнети со мудрост, со добрина, со радост или со добро познавање на Божјата волја, но никогаш не вели дека некој бил исполнет со некоја друга личност ( 5Мојсеева34:9, Дела6:8; Колошаните 1:9).
Грчкиот збор преведен со ДУХ е пневма, што има значење и на невидлива сила. Зборот ПНЕВМА првенствено означува ветар...како и здив; а особено го означува духот, кој, како ветерот, е невидлив, нематеријален и моќен.
Според тоа, јасно е дека светиот дух не е личност.

Како дејствува светиот дух

-Бог го употребил светиот дух за да ја создаде Земјата и целата вселена.
-Светиот дух вдахнал некои побожни луѓе да ја напишат Библијата.
-Светиот дух им дал способност на Божјите слуги точно да ја проречет иднината.
-Светиот дух им помогнал на Исус и на други верни луѓе да ја проповедаат добрата вест за Божјето царство и да прават чуда.

Како може да ти помогне светиот дух

-Светиот дух може да ти помогне да те зајакне да се бориш со искушенијата и да ги победиш лошите навики. (1Коринќаните 10;13)
-Светиот дух може да ти помогне да стекнеш особини кои му се допаѓаат на Бог.(Галатите 5Ч22;23)
-Светиот дух може да те зајакне да се бориш со неволјите и да ги поднесеш. (Филипјаните 4;13)

Библијата не уверува: ,,Јехова...му ја враќа силата на уморниот, му дава моќ на нејакиот... Оние што се надеваат на Јехова добиваат нова сила. Како орли се подигаат на крилја. Трчаат и не папсуваат , одат и не се уморуваат`` (Исаија 40:28-31)
---------------------------------------------------------
Некои делови ги прескокнав, бидејќи сметав дека не се од голема важност!!!
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2010 во 21:42
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2010 во 21:46
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2010 во 22:44

               Bless JEHOVAH oh my soul
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2010 во 22:55


             SING TO JEHOVAH
Кон врв
NikBT90 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NikBT90 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2010 во 23:55
Ќе ми беше мило ако некој имаше нешто да каже против, а не вака со пароли да изразуваат револт. :) :) Изгледа нема никој да каже некој контра аргумент.

,,Кој има уши да слуша, нека слуша!
Среќни се очите што го гледаат ова што вие го гледате.
Многу пророци и цареви сакаа да го видат ова што вие го гледате но не го видоа, и да го чујат ова што вие го слушате, но не го чуја.``

``Зошто ова поколение бара знак? Навистина, ви велам, нема да му се даде знак на ова поколение.``
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2010 во 01:08
Sing Praises to JEHOVAH



Prekrasna melodija i prekrasni sliki!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2010 во 01:50
Messenger, те молам да ги избришеш шалите погоре каде што се обесветува Божјото Име. Не знам за другите, но јас не би можел да продолжам да пишувам на овој форум доколку се дозволуваат вицови со Божјото свето Име за христијаните.

Originally posted by NikBT90 NikBT90 напиша:

Ќе ми беше мило ако некој имаше нешто да каже против, а не вака со пароли да изразуваат револт. :) :) Изгледа нема никој да каже некој контра аргумент.


Пријателе, види колкава реплика погоре ти напишав, но ти рамнодушно ја игнорираше и наместо да дискутираш, ти се одлучи на монолог копирајќи ни голем текст од списанието Стражарска кула.
Како би било кога сите би копирале текстови од своите книги. Како би било јас сега да спамирам и да ископирам цела книга за Светиот Дух? Зарем тоа би личело на дискусија? Не, тоа ќе бидат само неколку независни и неврзани монолози кои речиси никој нема да ги чита, а само ќе зафаќаат мемориски простор на серверот на Идивиди.
Затоа, ако сакаш дисксуија, повели дискутирај. ;)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2010 во 01:55
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Messenger, те молам да ги избришеш шалите погоре каде што се обесветува Божјото Име. Не знам за другите, но јас не би можел да продолжам да пишувам на овој форум доколку се дозволуваат вицови со Божјото свето Име за христијаните.
Originally posted by NikBT90 NikBT90 напиша:

Ќе ми беше мило ако некој имаше нешто да каже против, а не вака со пароли да изразуваат револт. :) :) Изгледа нема никој да каже некој контра аргумент.
Пријателе, види колкава реплика погоре ти напишав, но ти рамнодушно ја игнорираше и наместо да дискутираш, ти се одлучи на монолог копирајќи ни голем текст од списанието Стражарска кула.Како би било кога сите би копирале текстови од своите книги. Како би било јас сега да спамирам и да ископирам цела книга за Светиот Дух? Зарем тоа би личело на дискусија? Не, тоа ќе бидат само неколку независни и неврзани монолози кои речиси никој нема да ги чита, а само ќе зафаќаат мемориски простор на серверот на Идивиди.Затоа, ако сакаш дисксуија, повели дискутирај. ;)



Se soglasuvam so celiot tvoj post brate Evangelos.

Nevkusni se stripovite so koi se obesvetuva Bozjeto ime.

Ako pocneme site da kopirame stripovi za popovi, Papata, ili za muslimanite na sto kje lici forumot? Ke se navredat verskite cuvstva na vernicite. Toa e moe mislenje.


A brate NikBT90, ne prepisuvaj statii od Strazarska kula.

Vo red e da se konsultiras od Strazarskite kuli kako Jehovin svedok no izrazuvaj gi ucenjata so svoi zborovi i pokratko za da bide razbirlivo za site.

Pozdrav do tebe
   

Изменето од KINGDAVID - 30.Март.2010 во 02:02
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2010 во 02:40
Vo sekoja shega ima vistina.

Na vashe insistiranje gi brisham shegite osven prvata, dokolku i taa ne vi prechi.

Imeno, toa i ne e sehaga, tuku fakt na zhiveenjeto na vernicite.

Imeno, eskimot prashuva za chija interpretacija na Jehve govorat lugjeno? Pravoslavna, jehovina, protestantska, evrejska... ?

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
NikBT90 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NikBT90 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2010 во 11:54
------------------------------------------------------
Пријателе, види колкава реплика погоре ти напишав, но ти рамнодушно ја игнорираше и наместо да дискутираш, ти се одлучи на монолог копирајќи ни голем текст од списанието Стражарска кула.
Како би било кога сите би копирале текстови од своите книги. Како би било јас сега да спамирам и да ископирам цела книга за Светиот Дух? Зарем тоа би личело на дискусија? Не, тоа ќе бидат само неколку независни и неврзани монолози кои речиси никој нема да ги чита, а само ќе зафаќаат мемориски простор на серверот на Идивиди.
Затоа, ако сакаш дисксуија, повели дискутирај. ;)
------------------------------------------------------

Јас навистина жалам што предизвикав вакви бурни реакции од ваша страна, и сакам само да ви кажам дека немав таква намера. Гледам дека сте заборавиле дека во претходното мое излагање на крајот споменав дека ќе напишам дел кој што е поврзан со Светиот дух од Стражарска кула бидејќи реков дека се чувствувам недоволно спремен да коментирам на таа тема. Можеби вие требаше да кажете веднаш дека не е дозволено да се поставуваат делови од публикации. Само сакав да ви напишам за да видите какво е сваќањето на другите луѓе. Инаку, планирам да одговорам и на сите други прашања кои EvAngelos ги постави, само сум малку краток со време бидејќи имам еден куп обврски.
И навистина се извинувам уште еднаш, само би можело и некој друг да напише нешто за спорната тема. (Инаку немојте да мислите дека незнам што е тоа дијалог) :) Позз до сите!!!

Изменето од NikBT90 - 30.Март.2010 во 11:56
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.