![]() |
|
Фан клуб Интер |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 34567> |
Автор | |||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Прво нов договор со Мурињо, потоа Џерард
![]() Актуелниот договор на Мурињо е со важност до 2012 година, што значи дека Масимо Морати има желба да го задржи во својот тим уште една дополнителна сезона. Тоа ќе се обиде да го направи со зголемување на неговата годишна плата од 11 на 13 милиони евра. Кога ќе се заврши таа работа, Интер ќе тргне по засилувања за кои дополнително ќе бидат обезбедени финансиски средства. Инаку, прв на листата на желби е капитенот на Ливерпул, Стивен Жерард, за кого италијанскиот првак се посериозно "гризе". Како што е познато, Мурињо и додека беше менаџер на Челзи се обидуваше да го донесе Жерард во своите редови, но таа желба никогаш не успеа да си ја исполни. Бразилскиот интернационалец Тиаго Мота не ги оправда очекувањата, па со Жерард ќе се обиде да го засили средниот ред, за многумина најслабата линија во тимот на Интер. "Тој е одличен фудбалер, перфекционист и секогаш подготвен да го даде максимумот за својот тим. Мислам дека ќе ни биде од огромно значење и дека со него ќе останеме непобедливи во Италија", изјави Морати. Ако повторно не успее со Жерард, Интер ќе и конк*рира на Барселона во трката за фудбалерот на Арсенал, Цеск Фабрегас. И тука се мали шансите италијанскиот првак да успее, но раководството на клубот не се откажува од намерата летово да го засили средниот ред со квалитетен играч. |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Никој нема да не престигне
![]() "Конк*рентите ги пропуштија своите шанси да не престигнат. Повеќе нема да им пружиме вакви можности. Сега играме со Ливорно и тоа ќе биде почетокот на нова наша победничка серија", изјави Мурињо. По дуелот со Ливорно в среда Интер ќе го одигра дербито на Олимпико против Рома еден од клучните мечеви за "Скудетото". На неговите изјави се приклучи и голманот Жулио Цезар кој додаде дека сите екипи кои играат против Интер дополнително се мотивирани и целосно мобилизирани, меѓутоа тоа не му пречи на неговиот тим во обидот да стигне до бодовите. "Апсолутно сум сигурен дека повторно ќе бидеме шампиони. Иако ги пропуштивме двата бода против Палермо, докажавме дека сме страшен тим. Сите противници се трудат максимално кога играат со нас, но тоа е логично. Ние сме шампиони и сите сакаат да се надигруваат со нас. Не стравувам од конечниот епилог на сезоната, бидејќи верувам дека Интер на чело со Мурињо ќе стигне до нова титула", изјави бразилскиот голман. По одигрувањето на 29 коло во Серија "А" Интер е на првата позиција со 60 освоени бодови, еден повеќе од Милан и четири од Рома на третото место. |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Фабрегас од лето во дресот на Интер
![]() Шпанецот е на мета на многу клубови, а изгледа дека е најблиску до екипата на Интер. Од следната сезона играчот од средниот ред на Арсенал Фабрегас ќе го носи дресот на Интер, барем така тврдат новинарите на "Скај Спорт" Италија. Според нивните пишувања, Италијанскиот шампион на својата листа на играчи за полисите за осигурување го има ставено и името на шпанскиот репрезентативец иако тој нема потпишано никаков договор со Интер. Но тоа е сосема доволно медиумите на Апенинскиот полуостров да го преселат Фабрегас во Италија. Тренерот на "нероазурите" Жозе Мурињо го обожава играчот на Арсенал кој во моментов е проценет на 55 милиони евра бидејќи има договор со "Топџиите" до јули 2014 година. Како дел од трансферот се споменува и напаѓачот на Интер Марио Балотели кој би се преселил во Лондон. |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Интер во целост застана на страната на Мурињо, во „војната" со Балотели
![]() По доаѓањето во овој милански клуб "омилена" мета му беше 19-годишниот Марио Балотели со кого создаде вистински непријателски однос и веројатно не мина ниту еден месец без нивна караница. Последниот гаф кој го направи Балотели е оној од пред неколку дена кога во интервју за една ТВ станица покажал дрес на Милан на кој испишано било неговото презиме. Мурињо во петокот обави разговор со Балотели, по што играчот го напушти тренинг кампот на тимот каде се подготвуваат за денешното големо дерби на Серија А против Рома. Тоа ќе биде шести меч како Интер игра без Балотели. Сопственикот на Интер, Масимо Морати беше еден од најголемите фанови на Балотели, но и тој ги крена рацете од играчот по скандалот со дресот на Милан. Клубот, сепак и службено се огласи по ова прашање. "Во секој детал се согласуваме со нашиот тренер Мурињо и ги почитуваме неговите одлуки. Ако одлучи да го изостави Балотели, во целост се сложуваме со таквата одлука" - стои во извештајот. |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Нема да му се извинам на Мурињо, немам зошто
![]() Главен гостин на вечерта бил италијанскиот стратег Џовани Трапатони, кој моментално е селектор на ирската фудбалска репрезентација, но сепак емисијата кулминирала кога на телефонската линија се огласил играчот на Интер, Марио Балотели. Во текот на денешниот ден од Интер известија дека Мурињо нема да го вклучи "СуперМарио" во составот за првиот четвртфинален меч од ЛШ во кој Интер ја пречекува ЦСКА, што ќе биде шести меч по ред како Балотели го нема во составот. "Работите не се такви како што се презентираат и не е вистина она што го слушавте изминатите денови. Искрено, не сум глупав да не играм шест меча во низа и тоа да биде во ред" - рекол Балотели и продолжил: "Не, нема да му се извинам на Мурињо, бидејќи немам причина за тоа. Се ќе кажам, се ќе изнесам во јавноста кога за тоа ќе дојде време". |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Балотели им се извини на Мурињо и Интер
![]() Секако, попушти фудбалерот, кој му се извини на клубот, но и на тренерот Жозе Мурињо. "Се извинувам за ситуацијата која владее во последно време. Во неа најмногу загубив јас бидејќи не играв, но за сето тоа сум самиот виновен. Сега во тишина ќе ја чекам својата шанса повторно да се вратам во тимот. Не би сакал да се навраќам во минатото, туку сакам да размислувам за иднината и за мечевите на Интер кои следат, во кои сакам да помогнам. Знам дека можам да бидам далеку покорисен на тревникот." - изјавил Балотели. Овој играч не настапи на последните шест меча за Интер, а цело време нагласуваше каде еден ден ќе ја изнесе целата вистина во јавноста, со што ќе докаже дека не е виновен. Сепак "правата вистина" не ја обелодени и се одлучи на ваков чекор. |
|||||||
![]() |
|||||||
stigma04 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
inter sampionnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnn
|
|||||||
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
|||||||
![]() |
|||||||
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
![]() |
|||||||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|||||||
![]() |
|||||||
badboy92 ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 07.Мај.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 18 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
INTEEEEEEEEEEEEER SAMPIONIIIIIIIIIIIII ALE ALEEEE :D
|
|||||||
I AM THE BEST AND f**k THE REST !! :D
|
|||||||
![]() |
|||||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Рафаел Бенитез во Интер?
![]() "Газета дело Спорт" тврди дека техничкиот директор на европскиот првак Марко Бранка веќе ги завршил првичните преговори со шпанскиот стратег и тоа само неколку часа по објавувањето на веста дека Бенитез стави крај на соработката со Ливерпул. Како што наведува весникот, се е договорено, а се чека само зелено светло од претседателот на Интер Масимо Морати, кое не би требало да изостане. Бенитез ќе добие многу поголема сума за трансфери во споредба со онаа што ја имаше во Ливерпул, но прва задача ќе му биде да разговара со Маикон, снајдер и Диего Милито, кои сите сакаат да ги задржат во клубот. Потоа Шпанецот би можел да работи на доведување на играчите на Ливерпул, Маскерано и Кајт. Покрај Бенитез кандидат за местото тренер на Интер, на кое до неодамна седеше Жозе Мурињо, се споемнуваат и Гус Хидинк и Мануел Пелегрини. |
|||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||
![]() |
|||||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Морати ќе направи голема грешка според мене доколку го ангажира Бенитес.
Бенитес е исфорсиран тренер и само ќе придонесе за полоша игра на Интер.
|
|||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||
![]() |
|||||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Бенитез не го пушта Маикон
|
|||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||||
![]() |
|||||||
MyWay ![]() Сениор ![]() ![]() Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Go obozavam inter zaradi Pandev koj igra sega tamu....nash covek
![]() |
|||||||
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... ![]() |
|||||||
![]() |
|||||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Ето сака барем 25 голови
![]() Самуел Ето повторно се врати во гол форма. Камерунецот си ја доби својата позиција на врвот во нападот на Интер и постигна два погодоци. Постигна два погодоци кои му ја донесоа победата на неговиот тим од 2-1 над Палермо како гостин. Успехот, стави крај на серијата од 26 домашни натпревари без пораз на сицилијанците. Тие не беа поразени на Ренцо Барбера од март 2009. Ето веќе има 8 погодоци од почетокот на сезоната. Постигна 2 погодоци за суперкупот на Италија, 2 во Серија А, еден во Лигата на Шампионите и 2 за Камерун. Во текот на минатата сезона улогата на Ето беше сосема поразлична. Жозе Мурињо го постави на крилото и побара од него да асистира на другите. Сега Камерунецот е поразличен, кризата која во моментов ја има Милито, не се осеќа благодарение на Ето. „Ако не постигнам барем 25 погодоци, значи воопшто нема смисла да ги бројам. Сакам да постигнам колку што е можно повеќе погодоци“, кажа напаѓачот. |
|||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 34567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |