IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб  Реал Мадрид
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Реал Мадрид

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 09:53
НЕВЕРОЈАТНА ЕФИКАСНОСТ НА МЛАДИОТ НАПАЃАЧ НА РЕАЛ НА 22 ГОДИНИ
Игуаин подобар од Роналдо, Руни и Виља

Далеку подобра ефикасност на 22-годишна возраст бележи фудбалерот на Реал Мадрид Гонзало Игуаин од останатите ѕвезди како Кристијано Роналдо, Вејн Руни и Давид Виља, пишува шпанската Марка.

Статистички податоци говорат дека Роналдо на 22-години постигнал 17 погодоци во 34 одиграни меча во Премиер-лигата, додека пак Руни пред две години (сега има 24) дал 12 гола во 25 меча во дресот на "црвените ѓаволи", додека пак Виља во 2003 година како член на Сарагоса одиграл 38 натпревари и ја затресол противничката мрежа 16 пати. Игуаин оваа сезона оствари 20 погодоци во 1504 одиграни минути односно 21 натпревар од почетокот на сезоната во Примера, а на 17 од нив стартуваше. Игуаин упатил вкупно 58 шутеви кон противничкиот гол, а од 20 погодоци сезонава, 10 ги постигнал со десната нога, девет со левата, а еден со глава.

Интересен е фактот кој говори дека Аргентинецот ниту еднаш не шутирал пенал за разлика од останатите конк*ренти. Најдобриот светски фудбалер Лео Меси кој во јуни наполни 22 години, од почетокот на сезоната во Примера па до сега има дадено 25 погодоци во 24 одиграни натпревари (21 како стартер) меѓутоа во 115 удари кон голот, речиси двојно повеќе од Игуаин.

ЕФЕКТОТ НА ИГУАИН ВО ПРИМЕРА ОВАА СЕЗОНА

Одиграни натпревари 21

Стартер 17

Резерва 4

Постигнати голови 20

Со десна нога 10

Со лева нога 9

Со глава 1

Друго 0

Успешност 34%

Удари кон голот 58

Со десна нога 33

Со лева нога 20

Со глава 5

Друго 1

Офсајди 30

Асистенции 3

Жолти картони 2

Црвени 0

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 14:49
Маикон нова желба на Реал Мадрид

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид и понатаму не се откажува од трката по нови имиња кои би биле дел од тимот за наредната сезона. Откако минатата година во своите редови ги доведе Кака и Роналдо како нај звучни засилувања, сега од Реал Мадрид најавуваат засилување на екипата но на други позиции.

Една од целите на Реал Мадрид ќе биде да го купат играчот на Интер, бразилецот Даглас Маикон. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез изјавил дека многу му се допаѓа играта на Маикон и го сака во својата екипа и тоа по секоја цена.

Се очекува дека цената која кралскиот клуб би му ја платил на Интер за Маикон е околу 30 милиони евра, сума која не би требало да биде проблем за Реал Мадрид. Од друга страна доколку Маикон дојде на "Сантиаго Бернабеу" ќе треба да се бори за место во првиот тим на Реал Мадрид со Серхио Рамос и Алваро Арбелоа.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2010 во 10:01
Специјална сума за специјалниот Мурињо

Вистинско богатство ќе го чини Реал доколку се обиде да го ангажира еден од најдобрите тренери во светот, Жозе Мурињо. Актуелниот предводник на Интер е меѓу најплатените тренери во светскиот фудбал, а ако се спореди со договорот на Гвардиола и актуелниот европски шампион разликата е небо и земја. "Кралскиот клуб" има желба да го ангажира Мурињо за следната сезона, меѓутоа во нивните пресметки се вртат астрономски суми во кои се вклучените и парите што треба да му се исплатат на актуелниот тренер Мануел Пелегрини за предвремен раскин на договорот. Едно око, една рака и еден бубрег или тестис ќе мора да заложи Реал Мадрид доколку сака да го донесе Мурињо на местото на Пелегрини. Вака шпанските весници ги опишаа финансиските детали околу операцијата за ангажман на Португалецот.

Како прво, за да се намами да дојде во Мадрид управата ќе мора да му понуди на Мурињо годишна плата од 11 милиони евра, со оглед на тоа дека моменталната сума што ја зема во Интер изнесува 10,5 милиони. Освен тоа Реал ќе треба да одвои и по еден милион за тројцата негови помошници како и традиционалните 1,5 милиони за секој трофеј кој ќе го донесе на Сантјаго Бернабе. Се разбира во сите овие суми не е вклучен данокот. Ако се знае дека Португалецот има договор со Интер до 2012 година тогаш сигурно на италијанскиот шампион ќе треба да му се плати соодветно обесштетување.

Меѓутоа, тука не завршува маката. Раскинот на договорот со Пелегрини, ќе ги чини претседателот Флорентино Перез извонредни 14,5 милиони евра. Претходно Реал му исплати на Виљареал 4,5 милиони евра како отштета, а ако на оваа сума се придодадат и 10 милиони (4,5 + 5,5) за двегодишниот договор, тогаш се доаѓа до навистина висока сума во време на светска финансиска криза. Сега конечната одлука останува да ја донесе Перез. Дали повторно ќе се расфрла со пари или овој пат ќе се реши за скромно трошење.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2010 во 14:15
Рибери е роден за Реал Мадрид

Во вториот дел од големото интервју за "Марка" еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Зинедин Зидан даде пооделни оценки на сегашните, но и на потенцијалните засилувања на мадридски Реал.

Уште од минатото лето трае трката на "Кралскиот клуб" за играчот од средниот ред на Баерн Минхен Франк Рибери, а Зидан нема замерки околу својот сонародник.

"Рибери е роден да заигра во Реал Мадрид" порача Зидан. Потоа проговори и за Бразилецот Кака, како и за францускиот репрезентативец Карим Бензема, кој минатата година беа едни од најскапите засилувања на тимот, а кој често се на критика на јавноста поради тоа што не играат во форма како што играа додека беа членови на Милан, односно Лион.

"Што се однесува до мене нема никакви дилеми околу Кака и неговите квалитети. А Бензема поседува голем талент, само треба да работи повеќе за да ги задоволи критериумите на Реал Мадрид" изјави Зидан и на крајот му одаде признание и на капитенот Раул кој годинава често влегува од клупата за резерви. "Раул на сите може да им послужи како пример. Неговото однесување е феноменално."

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2010 во 17:14
КАПИТЕНОТ НА РЕАЛ, НАЈВЕРОЈАТНО, ГО ОДИГРА ПОСЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР ВО БЕЛИОТ ДРЕС


Раул заврши каде што почна


Легендарната "седумка" на Реал, Раул Гонзалес, најверојатно, нема повторно да го облече "белиот" дрес во својот живот. Тој доживеа повреда на скочниот зглоб на саботниот натпревар против Сарагоса и сега му е потребна пауза од четири недели што значи дека ќе ги пропушти последните четири кола од Примера кои треба да се одиграат заклучно со 16 мај.

Натпреварот со Сарагоса, најверојатно, беше последен за него во дресот на Реал затоа што одамна е најавено дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот каде ја помина целата кариера. Заедно со него, за заминување се подготвува уште една клупска легенда - Хозе Мариа Гутиерез Гути, кој самиот јавно потврди дека е во потрага по нов клуб. Засега, Раул тоа јавно не го кажува, но според малата минутажа оваа сезона такво нешто може да се предвиди.

"Официјално ќе објавам на крајот од сезоната", мистериозно изјавува Раул, кој сезонава постигна само пет гола во Примера и најголемиот дел од натпреварите на Реал ги почна од клупата за резервни фудбалери.

Интересно е тоа што својот последен натпревар за Реал, Раул го одигра на истиот стадион каде пред речиси 16 години ја почна својата блескава кариера. Ла Ромареда буди убави сеќавања кај легендарниот напаѓач кој во саботата постигна гол, што, најверојатно, ќе значи дека со погодок го крунисал последниот меч за Реал во кариерата. За "кралскиот клуб" одигра 740 натпревари и постигна 323 гола и во двете категории е рекордер на сите времиња. Прашање е дали во блиска иднина Реал ќе има таква легенда.



Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 20:20

Мурињо ги сака Швајнштајгер, Кедира и Озил

Извор: СараевоХ ком
 

Тренерот на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Жозе Мурињо сака да ги види во редовите на „кралевите“ Швајнштајгер, Кедира и Озил.

Првиот е фудбалер на Баерн, вториот на Штудгарт, а третиот на Вердер. Реал нема обврска само да преговара за трансферот на овие фудбалери со тамошните управи, туку да се бори и против другите заинтересирани клубови.

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Озил, Челзи за Швајнштајгер и Кедира, додека Арсенал за Кедира и Озил

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2010 во 22:42
Педро Леон: Се надевам дека со Реал ќе освојам многу титули

Реал Мадрид денеска го претстави своето ново засилување, Педро Леон, кој рече дека преселбата на Сантијаго Бернабеу е ’остварување на сонот’
Вчера во доцните вечерни часови Реал Мадрид официјално потврди дека е постигнат догоовр за ангажман на Педро Леон од Хетафе.

Играчот утрово ги помина лекарските прегледи и стави потпис на шестгодишен договор.

Педро Леон потоа беше презентиран како третото засилување на Кралевите по ангажманите на Серхио Каналес и Анхел Ди Мариа.

“Му се заблагодарувам на Реал Мадрид поради тоа што ми се исполни детскиот сон.” – рече Педро Леон.

“Не сакам да го разочарам претседателот па ќе работам напорно и ќе дадам се за овој дрес.”

“Се надевам дека ќе можам да освојам многу трофеи со Реал Мадрид.”

Запрашан дали очекува да биде стартер со оглед на големата конк*ренција во Реал, играчот рече: “Возбуден сум што сум тука и сум фокусиран само на тоа да работам напорно и да се борам за бенефициите на клубот, да го одработам моето и да му помогнам на Реал да стигне до целите.”

“Потоа тренерот е тој што ќе одлучи.”

Претседателот на Реал, Флорентино Перез рече: “Сакавме нашиот тим да има одлични фудбалери од Шпанија и веруваме дека токму таков е Педро.”

“Тој има квалитет да го носи дресот на Реал Мадрид. Се надевам дека Педро ќе освои многу титули.”

Претседателот потоа му се обрати на Педро и му рече: “Добредојде во твојот дом, Реал и нека ти се остварат соновите.“


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2010 во 17:04
смеење еЕете колку вределе играчите од Реал плазење
 
Трансфер рекорд - Реал го продаде Тебар за 100 евра
 

Шпанскиот гигант Реал Мадрид постави нов трансфер рекорд, но овојпат продавајќи го играчот за врска Маркос Тебар, кој досега најчесто беше дел од вториот тим на Реал, на тимот од втората дивизија Хирона за точно 100 евра.

Со тоа Кралскиот клуб доби најмала трансфер сума во историјата на шпанскиот професионален фудбал за трансфер на свој фудбалер.

Реал досега го држеше рекордот за најскапо платен играч во историјата на фудбалот.

За големата ѕвезда Роналдо беа платени 94 милиони евра

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2010 во 17:05

Озил во Реал Мадрид

 

Германскиот репрезентативец, Месут Озил е најновото засилување за мадридски Реал. Веста за комплетирањето на трансферот ја потврди Кралскиот клуб, но никој не сакаше да говори за условите под кои 21-годишниот фудбалер ќе се пресели на Сантијаго Бернабе. Неофицијално Езил во Реал ќе остане во следните шест години, а заработува пет милиони евра по сезона додека обештетувањето за Вердер пак изнесува 15 милиони евра.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2010 во 16:25
Кога игра со Барса секогаш сум за Барса..А кога игра со друг клуб одма сум за Реал...да


Изменето од MyWay - 07.Септември.2010 во 16:27

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2010 во 12:58
Роналдо доби нови копачки
 
Шминкерот Кристиано Роналдо од секогаш внимавал на сите детали. Од своето навежбано тело, преку фризурата, па  се до копачките, од кои во минатото носел жолти, зелени, па дури и розови.

Наскоро Кристиано пред светската јавност ќе ги претстави  новите леопард копачки, наречени "Nike Boots Safari", кои за него ги дизајнираше оваа позната компанија.

На 7-ми ноември овие копачки за првпат ќе згазат на терените и тоа во Шпанската лига, кога Реал со Кристиано на Сантиаго Бернабе ќе одигра градско дерби против Атлетико.

"Овие сафари копачки на вистински начин го претставуваат мојот стил.

Ми даваат се што треба за да ја подигнам својата игра", изјави португалскиот фудбалер откако ги испроба новите обувки на неговиот рекламен гигант "Nike".

 
@Со здравје нека си ги носи и помалку голови да дава со овиесмешен
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2010 во 03:28
Џеко прва желба на Мурињо во јануари

%20Еден од фудбалерите кој во јануарскиот преоден рок ќе биде на мета на тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо секако ќе биде играчот на Волфсбург, Един Џеко, открива весникот "АС", откако дознале дека Гонзало Игуаин веројатно ќе отсуствува околу два месеци поради повреда. Фудбалерот на Волфсбург кој има 24 г. и е висок  192 см е од играчите кои му одговараат на Мурињо односно на неговите желби, висок, моќен и добро технички подготвен што ќе му одговара за во Лигата на Шампионите.

А овој фудбалер веќе подолго време се интересираат неколку екипи како што се Јувентус, Манчестер Сити и Баерн Минхен кои се големи конк*ренти на Реал Мадрид за потписот на Џеко, а во февруари оваа година се зборуваше дека Џеко веќе потпишал пред договор со Милан но трансферот пропадна поради високата цена од 30 милиои евра која ја бараше Волфсбург.

Алтернативи за Реал Мадрид може да бидат Адебајор (26 г.), може да го добијат за 7 милиони евра Лукаку (17 г.), чија цена е според Андерлехт околу 20 милиони евра но нема право д аигра во Лигата на Шампионите, како и Уго Алмеида (26 г.) од Вердер, а последната варијанта е парагваецот  Нелсон Валдес кој постигна 6 гола на 9 натпревари во Примера оваа сезона и може да го прекине договорот со Херкулес за 5 милиони евра.
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2011 во 15:11

Роналдо: 60 гола на 61 меч

Благодарение на двата гола против Хетафе во понеделникот, Кристијано Роналдо веќе стигна до бројката од 60 погодоци за Реал Мадрид за една и пол година (61 меч) и го собори рекордот за најдобар старт меѓу фудбалерите што го носеле белиот дрес. Расинг Сантандер е неговата омилена жртва (пет гола), а сега го брка рекордот на Уго Санчес и Телмо Зара од 38 гола во една сезона од Примера дивисион.
Според шпанскиот весник "Ас", Роналдо го оправда својот рекорден трансфер (97 милиони евра) на најдобар можен начин: со многу голови. Португалецот има 60 гола, за што му беа потребни само 61 меч во сите официјални натпреварувања на Реал Мадрид, што го става многу блиску до магичниот просек од еден гол по натпревар (0,98). Така, тој зад себе ги остави великаните на "кралскиот" клуб, како Ференц Пушкаш (55 гола), Алфредо ди Стефано (520, Мануел Паињо (50) и Бразилецот Роналдо (43).
Кристијано се специјализираше во различни начини за постигнување голови. Сезонава, за првпат постигна покер-голови (Расинг), потоа два хет-трика (Леванте, Атлетик) и по два против Хетафе, Валенсија, Еркулес, Малага, Ла Коруња и Ајакс. Минатата сезона, хет-трик даде против Мајорка и двапати по два гола на Марсеј и Херес.
Вкупно, 25 тима примиле гол од Роналдо, а само четири успеале да го задржат, меѓу кои и најголемите ривали на Реал, Атлетико и Барселона.
Роналдо ги постигна своите 60 голови на следниот начин: 26 со десна нога, 11 со лева, десет од бела точка, девет од слободен удар и четири со глава

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2011 во 20:29
Мурињо поради недостаток на напаѓачи заминува од Реал?

Португалецот Жозе Мурињо наводно размислува да си замине од Реал на крајот на сезоната, бидејќи управата на клубот не сакала финансиски да ја проследи неговата желба да доведе еден напаѓач.

Мурињо бил бесен по ремито на Реал со Алмерија (1-1) и затоа ја обвинил управата на клубот бидејќи немал адекватен шпиц кој би го заменил повредениот Гонзало Игуаин.

Мурињо најпрво сакаше да го ангажира Фернандо Љоренте, подоцна и Емануел Адебајор, па потоа и Мирослав Клосе, но управата на клубот не сакаше ни да чуе за трансфер.

Од друга страна, спортскиот директор на клубот, Хорхе Валдано му забележа на Мурињо што против Алемрија на клупата го остави Карим Бензема, кој според него е адекватна замена за Игуаин.
 
Доколку Мурињо одлучи да замине, пишува шпански "АС", нема да има малку опции на располагање. Тука, во прв ред ќе биде Манчестер Сити и поранешниот клуб Интер, кој едвај чека можност да го врати на "Меаца".

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.