Испечати | Затвори го прозорот

Фан клуб Реал Мадрид

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Фан клубови
Опис на форумот: навивачи, секој во својот клуб
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=12012
Датум на принтање: 12.Февруари.2025 во 11:12
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Фан клуб Реал Мадрид
Постирано од: Pharaoh
Наслов: Фан клуб Реал Мадрид
Датум на внесување: 24.Октомври.2006 во 12:55
ЕПА ТОА Е ЗА СИТЕ ФАНОВИ НА РЕАЛ ТУКА ClapClapClapClapClapClapClap

-------------
Fortune favores the bold - Среќата ги прати храбрите



Коментари:
Постирано од: LouWeed
Датум на внесување: 24.Октомври.2006 во 13:17
ali naslovot me iretirase malce....deka navistina poslednive godini tapa se.....

-------------
http://www.myspace.com/louweed666 - NICE BOYs DONT PLAY ROCK&ROLL


Постирано од: Cvekence
Датум на внесување: 25.Октомври.2006 во 12:41
ne zaebavaj sea ja zgazija barcelona...najjaki seLOLLOLLOLLOLLOL

-------------
respect my authoritaaa


Постирано од: Carnation
Датум на внесување: 25.Октомври.2006 во 17:55
LOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLtemava ziva komedijaLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOL

-------------
Понекогаш дури и за Фројд бананата е само банана


Постирано од: Pharaoh
Датум на внесување: 26.Октомври.2006 во 22:38
Originally posted by Carnation Carnation напиша:

LOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLtemava ziva komedijaLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOL
abe ova komedija ama koa bi otvoril ti za juventus  tema e toa brat tie horor ni hickok nemoze da naprai postrasenLOLLOLLOLLOLLOL imam samo eden zbor za tebe VTORA LIGAAAAAAAAAALOLLOLLOLLOLLOLLOL


-------------
Fortune favores the bold - Среќата ги прати храбрите


Постирано од: Ghost
Датум на внесување: 02.Ноември.2006 во 14:12
Ене ги Реал, се изнамачија вчера и тоа на домашен терен против екипа која би требало за Реал да биде лесна домашна Big%20smileBig%20smileBig%20smile Мислам дека, доколку беше Реал на местото на Барселона во таа табела, немаше да идат даље, туку ќе им се поклонеа пред Вердер и Челзи

-------------
    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          


Постирано од: vasi44
Датум на внесување: 18.Ноември.2006 во 10:05
Originally posted by Pharaoh Pharaoh напиша:

ЕПА ТОА Е ЗА СИТЕ ФАНОВИ НА РЕАЛ ТУКА ClapClapClapClapClapClapClap
  BRAVO PRIJATELE REAL MADRID SE NAJDOBRIClapClapClap


-------------


Постирано од: raging bull 1
Датум на внесување: 01.Декември.2006 во 10:29
Real ne se klub be ....smrt za Real Madrid
 
 
Long live MANCHESTER UNITED


-------------
anger is a gift


Постирано од: RIS RES
Датум на внесување: 07.Декември.2006 во 19:04
neka kazi nekoj dali ima poveke tituli od real madrid vo momentov i dali nekoj vo bliska idnina moze da mu se doblizi na real.
mozebi minatata godina ne bea vo forma ama ovaa godina ke vidime.
ne treba da se kazuva koj igra vo real i koj e glaven na timot:kapelo
dali ima podobar trener.



-------------
pogrizise da mu se dopadnes na onoj koj sto se grizi za tebe


Постирано од: igo_19_85
Датум на внесување: 07.Декември.2006 во 19:18
DEFINITIVNO LUZERI SE REAL
 
KOGA TE PRASHUVA NEKOJ TI VIKA KAKO SI A NE KAKO BESHE PRED 10 GODINI


Постирано од: Borce REAL
Датум на внесување: 09.Декември.2006 во 15:00
REAL MADRID

-------------
R E A L    M A D R I D


Постирано од: nina```
Датум на внесување: 22.Јуни.2007 во 21:10
Утре сабајле Реал..........пфффф
 Ужас од тим DeadDead


-------------
B_A_R_C_E_L_O_N_A--->> ZAKON


Постирано од: nikolaoh1
Датум на внесување: 26.Јуни.2007 во 17:29
REAL MADRID
Smile
Smile


-------------
a


Постирано од: аџија
Датум на внесување: 28.Јуни.2007 во 17:22

Реал го отпушти Капело

28.06.2007
Фабио Капело

 

Единаесет дена откако Реал Мадрид ја освои титулата првак на Шпанија во фудбал, отказ доби тренерот Фабио Капело.

Иако Капело (61) има потпишано договор кој важи уште две години, челниците на клубот не се задоволни од неговата тактика.

„Ги поставивме основите но, треба да најдеме поентузијастички начин на игра“, изјави Рамон Калдерон, претседател на Реал.

Наследник на Капело најверојатно ќе биде Германецот Бернд Шустер, моментален тренер на Гетафе.



-------------


Постирано од: MATEMATICAR
Датум на внесување: 08.Јули.2007 во 14:52
pa da se rece deka ne e losTongue


Постирано од: ReD_StaR
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 20:54
Гледам нема направено теми за ниеден Клуб па еве јас ке напраам... Тука пишувајте за резултатите на Реал Мадрид
Фанови ајде


Постирано од: Halid ibn Velid
Датум на внесување: 08.Февруари.2008 во 18:02
Poglup Tim se nema!!!!



Постирано од: samir_sneijder
Датум на внесување: 25.Јули.2008 во 09:31
Originally posted by Halid ibn Velid Halid ibn Velid напиша:

Poglup Tim se nema!!!!



Дај малку приберисе што пишуваш на туѓи фанклубови...

---Дај малку повеке пишувајте на РЕАЛ МАДРИД фан клуб-----
сепак кралски клуб


Постирано од: samir_sneijder
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 10:08
Ајде со среќа V.D.Vart

-------------
OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 01.Јуни.2009 во 13:27
Официјално: Флорентино Перез нов претседател на Реал мадрид
01/06/2009 12:04

Како што и се очекуваше Флорентино Перез е новиот претседател на Реал Мадрид.

Како што и се наведува во официјалното соопштение, бидејќи Перез беше единствениот кандидат за оваа функција, според точка 2 во артиклот 40 на статутот на клубот Флорентино Перез е именуван за нов претседател на клубот.

Перез беше претседател на клубот за време на “галактико“ ерата каде тој во клубот ги донесе играчите како Зидан, Фиго, Бекам, Роналдо, Овен на Сантјаго Бернабе.

Се очекува да го продолжи тој тренд. Првото засилување под негово раководство би требало да биде К.Роналдо или Рибери или Кака.

Официјалното преставување на јавноста треба да биде во 13:00 часот.



-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 11.Јуни.2009 во 01:29
Кака ќе му носи на Реал 75 милиони годишно
 


Трансферот на Кака вреден 67.2 милиони евра, може да му донесе на Реал профит од 75 милиони годишно, тврди една од најпопуларните спортски бизнис консултантски куќи Weber Shandwick Sport.

Симон Чендвик, еден од директорите на компанијата објаснува: „Кака припаѓа на иста група како Бекам од економски аспект, ако неговиот имиџ биде контролиран правилно и ако Реал Мадрид ги подобри своите резултати во Лигата на шампиони“.

Според него, Бекам му донел на Реал околу 400 милиони евра од маркетинг и други продукти директно или индиректно, за четирите сезони додека Англичанецот играше за Кралевите.

„Бекам продаде милион дресови во првите шест месеци кога беше само еден од неколкуте галактикоси во Реал, покрај Зидан, Раул и Роналдо.“

Чендвик истото го напоменува и за Кристијано Роналдо. „Кристијано исто така припаѓа на овој тип медиумски играчи како Бекам, дури и повеќе од Кака“.

„Дури и да потпише Реал со уште една или две ѕвезди, фокусот пак ќе биде на Кака и Кристијано Роналдо. Тие ќе си ги исплатат своите трансфери неколкукратно и покрај огромните плати што ги земаат“, вели Чендвик.



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 03.Јули.2009 во 14:23


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Дресот на Кака се продава како алва - на секои 10 секунди по еден!
Печатот во Шпанија обзнани дека дресот на Бразилскиот ас Кака се продавал на секои 10 до 15 секунди.


Пресметано било дека за два часа биле продадени околу 600 дресови со што досега клубот успеал да заработи 60,000 евра.

Ова само покажува дека и покрај тоа што Перез даде огромни суми на пари за звезди истите тие може многу бргу да ги поврати.


Може само да се претпоставува колку од парите за дресот на Роналдо ќе легнат на контото на „Кралевите“.


Постирано од: Red`Black
Датум на внесување: 03.Јули.2009 во 15:19
Podobro da se vika BIZNIS club REAL MADRID ne futbalski klub

so ovie transferi napravija koktel nemat da uspeat :)


-------------


Постирано од: Cvekence
Датум на внесување: 04.Јули.2009 во 00:12
benzema igrac na real< id="gwProxy" ="">< ="jsCall();" id="jsProxy" ="">


-------------
respect my authoritaaa


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 07.Јули.2009 во 00:08
Кристијано Роналдо претставен пред фановите на Реал Мадрид
 

 

Кристијано Роналдо ги помина медицинските тестови и беше претставен пред навивачите на Снатијаго Бернабе, како нов играч на Реал Мадрид. Неговата презентација ја проследија некаде околку 80,000 навивачи, а тој се реши да го носи дресот со број "9"

Првите зборови на Португалецот беа: "Ова за мене е сон од детството. Сон кој од денеска станува реалност. Многу сум среќен што сум тука. Не очекував преполн стадион, ова е навистина импресивно. Ви благодарам многу"

 

Навистина владее буквално Роналдо-манија во Мардид денеска. Уште од раните утрински часови имаше турканици пред стадионот за да на крај тој биде исполнет речиси до последното место.Тоа е нов рекорд, по оној на Марадона, кога беше дочекан во Наполи од 75,000 навивачи, далечната 1984.

24 годишниот Роналдо, беше пречекан од големиот Алфредо ди Стефано за кого се смета дека е најголемиот што го носел дресот со бројот девет. Сега тој му припаѓа на Роналдо и во наредниве 6 години, колку што потпиша со Реал Мадрид, тоа ќе биде неговиот нов зашитетен знак CR9.

 

Исто така тој смета,  со парите што ги потроши Перез за донесување нови играчи, Шпанската Премиера Дивизија е супериорна во однос на Англиската Премиер Лига, каде што играше до вчера.

" И двете лиги годинава ќе бидат многу добри, но со играчите што ги донесе Флорентино Перез, дефинитивно одскокнуваме. Ќе биде магично сезонава во Шпанија" - додаде Роналдо кој со нетрпение го очекува својот прв настап.

 

Реал Мадрид до овој момент ги донесе Кака, Роналдо и Албиол, а се чека и Бензема да ги помине медицинските прегледи. За нив потрошена е сума од над 200 милиони евра. Се очекува во наредниве неколку дена "Кралевите" да тргнат поофанзивно по Франк Рибери и Чаби Алонсо со што би го комплетирале новиот Галактико.



-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 10.Јули.2009 во 20:53
Ќе ја освоиме ЛШ, Примера и кралскиот Куп

"Во Мадрид почнувам од нула. А сакам да освојам повеќе титули отколку со Манчестер Јунајтед" - изјавил најскапиот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо пред шпанските новинари. Иако навивачите го обожаваат, а тоа го покажаа при дочекот на "Сантијаго Бернабеу", на Роналдо не му е лесно да ја увери јавноста дека во Реал не е дојден само поради парите.

"И понатаму сум гладен за трофеи, се чувствувам како никогаш да не сум освоил ништо. Иако сега сум во поинаков стадиум од животот и кариерата, моите амбиции не се променети. По Манчестер, мал е бројот на клубови во кои е подобро да се игра фудбал. Затоа и одлучив да дојдам во Реал Мадрид, во клубот кој се навикна да се бори за сите трофеи. Тоа од секогаш го сакав, да играм фудбал и да освојувам трофеи. Драго ми е што и нашите навивачи се амбициозни." - изјавил Роналдо, па особено нескромно кажал дека целта на Реал Мадрид оваа година е да ги освои Лигата на Шампионите, шпанското првенство о Куп!

"Тие три титули се наша цел. Имаме одлични играчи, а сега мораме да создадеме квалитетен и компактен тим. Тогаш се ќе биде полесно. Само не смееме да брзаме, одиме чекор по чекор" - вели реаловата деветка.

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 27.Јули.2009 во 11:43
Роналдо дебитираше на Бернабе
Најскапиот светски фудбалер Кристијано Роналдо дебитираше пред мадридската публика на Сантијаго Бернабе во кој неговиот Реал одигра нерешено 1-1 против Ал Итихад во првиот меч од групата Б на Купот за мир.

Домаќините поведоа во 55 минута преку Раул, а израмни Хишам Абучеруне девет минути подоцна. Роналдо одигра шеесетина минути од натпреварот.

"Среќен сум што публиката топло ме прими. Чувствував приврзаност кон навивачите и задоволен сум од својата игра. Резултатот е во втор план. Работиме само неколку дена и се чувствувам уморно, но значајно е она што ќе следи", изјави Роналдо.

Тренерот Мануел Пелегрини не му даде шанса на Бразилецот Кака.

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 27.Јули.2009 во 23:19
Originally posted by fiks fiks напиша:


Тренерот Мануел Пелегрини не му даде шанса на Бразилецот Кака.
ne mu dade sansa zasto Kaka denes pocna da trenira! намигнување inaku samo budala bi go cuval kaka na klupa. opravdano e...големо%20гушкање
 
goal.com
 

Pellegrini Exclusive: Kaka Won’t Be Playing For Madrid In Peace Cup

“We all know that Kaka has the quality, the technique and the ability to unsettle any opponent, so we know that he is going to contribute a lot to the team,” he started off.

“But he, along with a few other of his team-mates, will only begin training this Monday [today] and they will not have any possibilities of playing in the Peace Cup.”



-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: хулиган
Датум на внесување: 08.Август.2009 во 12:42
http://vbox7.com/play:a2740cc2 - http://vbox7.com/play:a2740cc2  
 
http://vbox7.com/play:058e7774 - http://vbox7.com/play:058e7774


-------------
Българин да се наричам първа радост е за мене


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 05.Септември.2009 во 12:33
Роберто Карлос се враќа во Реал?

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е решен во кралскиот клуб да го врати легендарниот бразилски бек Роберто Карлос на Сантјаго Бернабе, тврди весникот АС. Шефот на "Кралевите" смета го бразилскиот дефанзивец за најдобриот лев бек во историјата на клубот и посакува повторно да го види назад, но овој пат како дел од стручниот штаб во клубот.

36-годишниот Карлос моментално настапува во турскиот Фенербахче, а се очекува во јануари да потпише со бразилскиот Сантос. Меѓутоа, новата варијанта би можела да му ги промени плановите, и на крајот да заврши во Мадрид каде Перез би му понудил работа во младинските категории на Реал Мадрид.

Карлос го напушти Реал во 2007 година по 11 прекрасни сезони минати во престолнината на Шпанија, каде одигра 370 натпревари. Во јануари постоеше варијанта да се врати во Кралскиот клуб како фудбалер, меѓутоа идејата пропадна и Карлос реши да остане во Истанбул до крајот на договорот.

Многу интересно


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 10.Септември.2009 во 15:23
Осумте заповеди на Перез

Ако сака фудбалските ѕвезди во тимот да не му избегаат од контрола, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, објави листа од осум правила кои секој член на кралското фудбалско семејство ќе мора да ги почитува. Своите правила ги испечатил и на посебна книга која му ја дал на секој фудбалер со цел да му даде до знаење како треба да се однесува ако сака да го носи дресот на Реал. Според одлуката на Флорентино Перез, деновите на ноќни излегувања, лудории по забави и посетување на секс-барови за ѕвездите од екипата се завршени.

Неговата листа на правила сигурно претставува голем шок за Кристијано Роналдо и сите останати во тимот. Првиот човек на клубот во својот список освен она што не смее, наведол и она што секој член на Реал може да го прави.

Како што наведува шпанската Марка, овие правила најтешко ќе им паднат на Фернандо Гаго, Серхио Рамос и Кристијано Роналдо, кои се познати по ноќниот живот и друштво со убави девојки во мадридските барови, а Икер Касиљас веќе го има прекршено правилото седум кога на една забава дојде маскиран како мускетар. С$ уште не се познати казните при евентуалното прекршување на некои од правилата.

Очигледно Перез има големи планови со екипата во иднина и сака да се осигура од евентуални штети кои би ги направиле големите фудбалски имиња. Меѓутоа, ако сакаат и понатаму да ги добиваат големите примања ќе мора да играат како што ќе "свири" Перез. Еве ги неговите правила:

1. НЕПОСРЕДНОСТ

Играчите мора да бидат достапни за навивачите.

2. КАРАКТЕР

Играчите мора да покажат почит кон тренерите, менаџерите и навивачите.

3. НАПОР

Пожртвуваност, приврзаност....

4. ТОЧНОСТ

Фудбалерите мора да ги почитуваат договорените термини.

5. ЗДРАВЈЕ

Фудбалерите мора да ги избегнуваат сите ризични ситуации.

6. РЕД

Забранети се сите ноќни излегувања.

7. ИМИЏ

Играчите мора секогаш да изгледаат репрезентативно.

8. СОРАБОТКА

Фудбалерите мора да соработуваат со вработените во клубот и новинарите.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: ВАЖНА
Датум на внесување: 13.Септември.2009 во 19:43
Originally posted by Halid ibn Velid Halid ibn Velid напиша:

Poglup Tim se nema!!!!



срам да ти е!лутиналутиналутина
реал мадрид е најдобар бре!!!
најјак клуб!


-------------
Последна изјава на црвенкоски: државата ни е на раб од провалија ако се вратиме ние на власт ќе направиме чекор напред.


Постирано од: ВАЖНА
Датум на внесување: 13.Септември.2009 во 19:43
Originally posted by samir_sneijder samir_sneijder напиша:

Originally posted by Halid ibn Velid Halid ibn Velid напиша:

Poglup Tim se nema!!!!



Дај малку приберисе што пишуваш на туѓи фанклубови...

---Дај малку повеке пишувајте на РЕАЛ МАДРИД фан клуб-----
сепак кралски клуб


имаш право!среќанамигнувањеголемо%20гушкање


-------------
Последна изјава на црвенкоски: државата ни е на раб од провалија ако се вратиме ние на власт ќе направиме чекор напред.


Постирано од: kompas
Датум на внесување: 24.Септември.2009 во 23:01
mojot klub vo srceto shto go nosam e REAL MADRID !!!
vo toa nema greshka. so nego bev koga gubea koga site gi p[cuea koga site velea nema nishto da naporavat so tolko zvezdi pa shto da vidish ... osovija liga na shampioni so magichniot udar na ZINEDINE ZIDANE .
i ovaa godina kje bide repriza na taa godina ..
pod uslov da zemat kvaliteten lev bek i ushte eden centralen defanzivec.


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 25.Септември.2009 во 11:19

Реал сака да игра порано за да го гледаат и во Кина


Спортскиот директор на Реал, Емилио Бутрагењо, сака шпанската фудбалска федерација да им овозможи порани термини на нивните натпревари за да го фатат и кинескиот пазар.

Натпреварите кои што Барса и Реал моментално ги играат започнуваат во 22:00 што е 04:00 наутро во Пекинг и неможат да го фатат тој пазар кој би донел огромни приходи.

“Сакаме порани термини за мечевите во шпанското фудбалско првенство се со цел како би добиле што повеќе фанови од Кина кои би уживале во живо со нашите фудбалери.“

“Со поместувањето на термините, Реал и неговите ривали би добиле прилика да се пробијат на кинескиот пазар. Затоа ова би требало да биде приоритет на Здружението на професионални фудбалери.“ - заврши Бутрагењо.

Главниот директор на шпанската фудбалска лига, Франциско Рока, најави дека токму на тоа работи во моментов, ја испитува можноста за промена на термините.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: ace_boy
Датум на внесување: 04.Октомври.2009 во 11:06
Originally posted by ВАЖНА ВАЖНА напиша:


Originally posted by samir_sneijder samir_sneijder напиша:

Originally posted by Halid ibn Velid Halid ibn Velid напиша:

Poglup Tim se nema!!!!



Дај малку приберисе што пишуваш на туѓи фанклубови...

---Дај малку повеке пишувајте на РЕАЛ МАДРИД фан клуб-----
сепак кралски клуб
имаш право!среќанамигнувањеголемо%20гушкање


Abe ovoj glupakov Halid ibn Velid stoposto e za barsa so vaka vika haha abe podobri od real nema!

-------------
Poarno da lezis badijala otkolku da rabotis badijala
Made by: Faruk Fazlinovic


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 12.Ноември.2009 во 14:01
Реал Мадрид - тим без душа

Вторник, 10 ноември 2009 година, ќе биде запишан во историјата на Реал Мадрид како ден кога славниот мадридски клуб е елиминиран од Кралскиот куп од "маалскиот" тим на Алкоркон. Никогаш во досегашната 107-годишна историја на Реал Мадрид не бил вака посрамотен, а неговите фудбалери смешни и без желба за игра и постигнување подобар резултат.

По срамната елиминација од третолигаш, се постанува прашањето кои се всушност вистинските вредности на овој Реал Мадрид т.н. "Галактико 2", кој се обидува да стане најдобар светски клуб во историјата и дали претседателот на клубот, Флорентино Перез, конечно, ја сфати грешката дека со пари не може да се освои се.

Што да се каже повеќе? Вистинската слика околу подготвеноста на "Кралскиот клуб" се виде на двомечот со аматерскиот тим на Алкоркон. Па сега дали вреди во еден клуб да се вложуваат милиони и милиони, а фудбалерите да не можат да совладаат ниту тим составен од менаџери, пекари, ѕидари, адвокати ...

Токму овие луѓе кои во слободно време играат фудбал им покажаа на големите професионалци како треба да се бранат боите на еден клуб, односно како треба вистински да се игра и да се сака фудбалот.

Ѕвездите кои го одиграа реваншот на Сантјаго Бернабе како Кака, Раул, Ван Нистелрој, Мамаду и Ласана Диара, Албиол, Марсело, Пепе, Ван дер Варт .... не покажаа ни 10% од она што го најавуваа пред две недели кога го загубија првиот меч со убедливи 4:0. Се подготвуваа да го демолираат противникот, да ја наполнат нивната мрежа, меѓутоа наидоа на подготвен тим, желен за надигрување, жилави играчи кои не покажаа ни трошка страв од некакви светски познати фудбалери.

Комплетна анализа е мизерна, лоша, катастрофална игра на фудбалерите на Реал на двомечот со Алкоркон. Целокупното раководство заедно со фудбалерите едноставно мора да им ги врати парите од влезниците на фановите кои дојдоа на Сантјаго Бернабе уверени во пласманот во следната фаза на својот тим. Првпат Флорентино Перез јасно ја слушна порака од фановите: "Пелегрини оставка".

ПОГРЕШНА ТАКТИКА И ИЗБОР НА ИГРАЧИ

Во отсуство на Кристијано Роналдо, Чаби Алонсо, Карим Бензема, Гути и Икер Касиљас, Мануел Пелегрини беше принуден да состави добитната комбинација и убиствен напад кој ќе атакува на голови.

Чилеанецот и постави таква формација, 4-2-2-2. Меѓутоа, нападот предводен од Ван Нистелрој и Раул потпомогнати од Игуаин и Кака во позадина едноставно не помина како опција. Чилеанецот како да заборави дека во својот тим нема фудбалери-креативци како на пример што ги има Барселона во Чави и Иниеста. Средниот ред како да го немаше. Гаго и Мамаду Диара тотално се изгубија, а Кака и Игуаин повеќе мислеа на нападот отколку на средината. Тоа им оставаше доста место за манипулација на играчите на противникот. Со ваква поставена игра Пелегрини очекуваше неговиот тим рано да постигне гол, а потоа да ги притисне играчите на Алкоркон до крај. И покрај неколкуте шанси, реално гледано Реал едноставно потфрли во првиот дел. Во вториот Пелегрини ја увиде својата грешка и ги стави во игра Марсело и Ван дер Варт, кои малку ја размрдаа играта. Но не го извади Гаго, кој беше најслаб поединец на натпреварот, туку Ласана Диара, кој беше далеку позабележителен од Аргентинецот. Тој потег навивачите на Реал го испратија со свирежи. Реал успеа да постигне погодок, но предоцна. Ван дер Варт погоди во 82. минута но немаше време да се достигнат оние четири разлика.

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: futka
Датум на внесување: 30.Ноември.2009 во 19:41
Само напред наши најаки сме во светот во све..

Фудбал,пари,навивачи,фудбалери, апсолутно во све..


Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Февруари.2010 во 12:16
                                              Касиљас од сабота во "клубот 500"

Првиот голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас, в сабота на гостувањето кај Ксерез ќе го забележи 500. настап за својот тим.

До јубилејната бројка, тој стигнува на 28 години откако веќе една деценија е стандарден на голот на "Кралскиот клуб" Дебито го забележа во сезоната 1999/2000 во мечот против Атлетик Билбао и оттогаш освои две титули во Лигата на шампионите и четири во Примера.

Во овие десет години Касиљас само во една сезона не бил константно прв голман. Станува збор за кампањата 2001/02 кога тогашниот тренер Висенте дел Боске му ја даде довербата на Цезар Санчез, актуелниот голман на Валенсија. Пред и потоа Касиљас е прв голман на Реал и фактор на речиси сите успеси на својот тим.

Со оглед на тоа што има само 28 години и речиси уште една деценија на фудбалските терени, Касиљас сигурно ќе атакува на рекордот според бројот на настапи во историјата на Реал Мадрид. Во моментов него го држи капитенот Раул кој има 726 настапи, но неговиот престој на Сантијаго Бернабеу се ближи кон крајот.

аплаузда


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Февруари.2010 во 10:17
Навивачите на Реал песимисти пред реваншот

Мадридскиот спортски дневник АС спроведе анкета меѓу своите читатели во врска со шансите на Реал за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. За потсетување, шпанскиот вицешампион загуби од Лион на Жерлан со 1:0 по голот на Жан Макун во 47. минута, што беше трет пораз за Реал од овој противник во последните пет сезони.

Тоа, очигледно, ги обесхрабри навивачите на Реал бидејќи сега само 49% од нив се надеваат на пласман на нивниот омилен тим во четвртфиналето иако пред одигрувањето на првиот натпревар овој процент беше двојно поголем. Реал сезонава има максимален учинок на домашен терен сметајќи ги сите натпреварувања, но и тоа не е доволен аргумент за навивачите на најтрофејниот шпански клуб.

Дополнителен песимизам вчера внесе истражувањето на АС кој заклучил дека при резултат од 1:0 на домашен терен од првиот натпревар, во 53,5% од случаите понатаму поминувал тимот што првиот меч го играл пред своите навивачи. УЕФА во сезоната 1970/71 го воведе системот на доделување повластен статус на екипите што имаат гол повеќе на гости при нерешен вкупен резултат од двата натпревари. Овој процент се зголемува до 58 ако се земат предвид сите европски купови, а не само Лигата на шампионите.

Реал, сепак, има пријатни спомени од ваквиот резултат. Петпати досега од гостувањата се враќал со пораз од 1:0 и само еднаш не успеал да ја надмине негативата и да се пласира понатаму. Тоа се случило во сезоната 1973/74 кога бил елиминиран од англискиот Ипсвич. Лион, пак, досега трипати имал предност од 1:0 од првиот натпревар на домашен терен и во сите три случаи поминал понатаму.

Реванш-осминафиналниот натпревар меѓу Реал и Лион на Сантијаго Бернабе се игра на 10 март.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Март.2010 во 09:40
Игуаин и Роналдо најдобри во последните две децении

Анализата што ја спроведе шпанскиот спортски дневник АС откри дека Кристијано Роналдо и Гонзало Игуаин се најдобриот напаѓачки тандем на Реал Мадрид во последните 20 години. Португалскиот и аргентинскиот репрезентативец досега заедно постигнале 34 гола од кои Игуаин 19 (на 20 настапи), а Роналдо 15 (на 17). Вкупно во Примера досега се одиграни 26 гола, а ретроспективата на претходните две децении покажува дека ниеден напаѓачки тандем на "Кралскиот клуб" не бил толку ефикасен.

Успехот на овие двајца фудбалери е уште поголем ако се знае дека Игуаин досега пропушти шест, а Роналдо девет натпревари од досегашното првенство. Апсолутни рекордери на Реал Мадрид по 26 одиграни кола од Примера се Хуго Санчез и Емилио Бутрагењо кои во сезоната 1989/90 заедно постигнаа 36 гола од кои 27 само Мексиканецот. Тоа е сезоната во која Реал Мадрид го постави рекордот на шпанското првенство со 107 постигнати гола.

Втор на оваа листа досега беше црногорско-хрватскиот тандем Мијатовиќ-Шукер од шампионската генерација на Реал Мадрид предводена од Капело во сезоната 1996/97. Двајцата тогаш постигнаа 31 гол, бројка која следната сезона ја достигнаа Раул и Роналдо.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 20.Март.2010 во 13:15
ШПАНСКАТА ЛЕГЕНДА СИГУРНО ГО НАПУШТА "КРАЛСКИОТ КЛУБ"
Раул "раскинува" со Реал на лето

Легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалез Бланко ќе го напушти Сантјаго Бернабе ова лето, пишуваат шпанските весници. Договорот на напаѓачот му истекува на 30 јуни 2011 година, но самиот фудабалер знае дека воопшто не е во плановите на директорот Флорентино Перез за следната сезона. 32-годишниот нема намера повеќе да седи на клупата и веќе ги крои плановите за идната дестинација. Засега нема официјална понуда за Шпанецот кој во јуни ќе наполни 33-години иако има интерес од неколку екипи од САД. Фудбалските фанови на "Кралскиот клуб" ќе се збогуваат со Раул на 9 мај на дуелот со Атлетик Билбао, кој ќе биде последниот меч во дресот на славниот шпански тим.

Ѕвездата на Реал го направи своето деби во 1994 година на 17-годишна возраст, а му помогна на клубот да дојде до три титули во Лигата на шампионите постигнувајќи голови на финалните натпревари во 2000 и 2002 година, но и до шест шампионски трофеи во домашното првенство.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Март.2010 во 09:53
НЕВЕРОЈАТНА ЕФИКАСНОСТ НА МЛАДИОТ НАПАЃАЧ НА РЕАЛ НА 22 ГОДИНИ
Игуаин подобар од Роналдо, Руни и Виља

Далеку подобра ефикасност на 22-годишна возраст бележи фудбалерот на Реал Мадрид Гонзало Игуаин од останатите ѕвезди како Кристијано Роналдо, Вејн Руни и Давид Виља, пишува шпанската Марка.

Статистички податоци говорат дека Роналдо на 22-години постигнал 17 погодоци во 34 одиграни меча во Премиер-лигата, додека пак Руни пред две години (сега има 24) дал 12 гола во 25 меча во дресот на "црвените ѓаволи", додека пак Виља во 2003 година како член на Сарагоса одиграл 38 натпревари и ја затресол противничката мрежа 16 пати. Игуаин оваа сезона оствари 20 погодоци во 1504 одиграни минути односно 21 натпревар од почетокот на сезоната во Примера, а на 17 од нив стартуваше. Игуаин упатил вкупно 58 шутеви кон противничкиот гол, а од 20 погодоци сезонава, 10 ги постигнал со десната нога, девет со левата, а еден со глава.

Интересен е фактот кој говори дека Аргентинецот ниту еднаш не шутирал пенал за разлика од останатите конк*ренти. Најдобриот светски фудбалер Лео Меси кој во јуни наполни 22 години, од почетокот на сезоната во Примера па до сега има дадено 25 погодоци во 24 одиграни натпревари (21 како стартер) меѓутоа во 115 удари кон голот, речиси двојно повеќе од Игуаин.

ЕФЕКТОТ НА ИГУАИН ВО ПРИМЕРА ОВАА СЕЗОНА

Одиграни натпревари 21

Стартер 17

Резерва 4

Постигнати голови 20

Со десна нога 10

Со лева нога 9

Со глава 1

Друго 0

Успешност 34%

Удари кон голот 58

Со десна нога 33

Со лева нога 20

Со глава 5

Друго 1

Офсајди 30

Асистенции 3

Жолти картони 2

Црвени 0



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 14:49
Маикон нова желба на Реал Мадрид

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид и понатаму не се откажува од трката по нови имиња кои би биле дел од тимот за наредната сезона. Откако минатата година во своите редови ги доведе Кака и Роналдо како нај звучни засилувања, сега од Реал Мадрид најавуваат засилување на екипата но на други позиции.

Една од целите на Реал Мадрид ќе биде да го купат играчот на Интер, бразилецот Даглас Маикон. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез изјавил дека многу му се допаѓа играта на Маикон и го сака во својата екипа и тоа по секоја цена.

Се очекува дека цената која кралскиот клуб би му ја платил на Интер за Маикон е околу 30 милиони евра, сума која не би требало да биде проблем за Реал Мадрид. Од друга страна доколку Маикон дојде на "Сантиаго Бернабеу" ќе треба да се бори за место во првиот тим на Реал Мадрид со Серхио Рамос и Алваро Арбелоа.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Март.2010 во 10:01
Специјална сума за специјалниот Мурињо

Вистинско богатство ќе го чини Реал доколку се обиде да го ангажира еден од најдобрите тренери во светот, Жозе Мурињо. Актуелниот предводник на Интер е меѓу најплатените тренери во светскиот фудбал, а ако се спореди со договорот на Гвардиола и актуелниот европски шампион разликата е небо и земја. "Кралскиот клуб" има желба да го ангажира Мурињо за следната сезона, меѓутоа во нивните пресметки се вртат астрономски суми во кои се вклучените и парите што треба да му се исплатат на актуелниот тренер Мануел Пелегрини за предвремен раскин на договорот. Едно око, една рака и еден бубрег или тестис ќе мора да заложи Реал Мадрид доколку сака да го донесе Мурињо на местото на Пелегрини. Вака шпанските весници ги опишаа финансиските детали околу операцијата за ангажман на Португалецот.

Како прво, за да се намами да дојде во Мадрид управата ќе мора да му понуди на Мурињо годишна плата од 11 милиони евра, со оглед на тоа дека моменталната сума што ја зема во Интер изнесува 10,5 милиони. Освен тоа Реал ќе треба да одвои и по еден милион за тројцата негови помошници како и традиционалните 1,5 милиони за секој трофеј кој ќе го донесе на Сантјаго Бернабе. Се разбира во сите овие суми не е вклучен данокот. Ако се знае дека Португалецот има договор со Интер до 2012 година тогаш сигурно на италијанскиот шампион ќе треба да му се плати соодветно обесштетување.

Меѓутоа, тука не завршува маката. Раскинот на договорот со Пелегрини, ќе ги чини претседателот Флорентино Перез извонредни 14,5 милиони евра. Претходно Реал му исплати на Виљареал 4,5 милиони евра како отштета, а ако на оваа сума се придодадат и 10 милиони (4,5 + 5,5) за двегодишниот договор, тогаш се доаѓа до навистина висока сума во време на светска финансиска криза. Сега конечната одлука останува да ја донесе Перез. Дали повторно ќе се расфрла со пари или овој пат ќе се реши за скромно трошење.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Март.2010 во 14:15
Рибери е роден за Реал Мадрид

Во вториот дел од големото интервју за "Марка" еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Зинедин Зидан даде пооделни оценки на сегашните, но и на потенцијалните засилувања на мадридски Реал.

Уште од минатото лето трае трката на "Кралскиот клуб" за играчот од средниот ред на Баерн Минхен Франк Рибери, а Зидан нема замерки околу својот сонародник.

"Рибери е роден да заигра во Реал Мадрид" порача Зидан. Потоа проговори и за Бразилецот Кака, како и за францускиот репрезентативец Карим Бензема, кој минатата година беа едни од најскапите засилувања на тимот, а кој често се на критика на јавноста поради тоа што не играат во форма како што играа додека беа членови на Милан, односно Лион.

"Што се однесува до мене нема никакви дилеми околу Кака и неговите квалитети. А Бензема поседува голем талент, само треба да работи повеќе за да ги задоволи критериумите на Реал Мадрид" изјави Зидан и на крајот му одаде признание и на капитенот Раул кој годинава често влегува од клупата за резерви. "Раул на сите може да им послужи како пример. Неговото однесување е феноменално."



-------------


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 27.Април.2010 во 17:14
КАПИТЕНОТ НА РЕАЛ, НАЈВЕРОЈАТНО, ГО ОДИГРА ПОСЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР ВО БЕЛИОТ ДРЕС


http://www.idividi.com.mk/sport/fudbal/596945/index.html - Раул заврши каде што почна


Легендарната "седумка" на Реал, Раул Гонзалес, најверојатно, нема повторно да го облече "белиот" дрес во својот живот. Тој доживеа повреда на скочниот зглоб на саботниот натпревар против Сарагоса и сега му е потребна пауза од четири недели што значи дека ќе ги пропушти последните четири кола од Примера кои треба да се одиграат заклучно со 16 мај.

Натпреварот со Сарагоса, најверојатно, беше последен за него во дресот на Реал затоа што одамна е најавено дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот каде ја помина целата кариера. Заедно со него, за заминување се подготвува уште една клупска легенда - Хозе Мариа Гутиерез Гути, кој самиот јавно потврди дека е во потрага по нов клуб. Засега, Раул тоа јавно не го кажува, но според малата минутажа оваа сезона такво нешто може да се предвиди.

"Официјално ќе објавам на крајот од сезоната", мистериозно изјавува Раул, кој сезонава постигна само пет гола во Примера и најголемиот дел од натпреварите на Реал ги почна од клупата за резервни фудбалери.

Интересно е тоа што својот последен натпревар за Реал, Раул го одигра на истиот стадион каде пред речиси 16 години ја почна својата блескава кариера. Ла Ромареда буди убави сеќавања кај легендарниот напаѓач кој во саботата постигна гол, што, најверојатно, ќе значи дека со погодок го крунисал последниот меч за Реал во кариерата. За "кралскиот клуб" одигра 740 натпревари и постигна 323 гола и во двете категории е рекордер на сите времиња. Прашање е дали во блиска иднина Реал ќе има таква легенда.





-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Јули.2010 во 20:20

Мурињо ги сака Швајнштајгер, Кедира и Озил

Извор: СараевоХ ком
 

Тренерот на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Жозе Мурињо сака да ги види во редовите на „кралевите“ Швајнштајгер, Кедира и Озил.

Првиот е фудбалер на Баерн, вториот на Штудгарт, а третиот на Вердер. Реал нема обврска само да преговара за трансферот на овие фудбалери со тамошните управи, туку да се бори и против другите заинтересирани клубови.

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Озил, Челзи за Швајнштајгер и Кедира, додека Арсенал за Кедира и Озил



-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 16.Јули.2010 во 22:42
Педро Леон: Се надевам дека со Реал ќе освојам многу титули

Реал Мадрид денеска го претстави своето ново засилување, Педро Леон, кој рече дека преселбата на Сантијаго Бернабеу е ’остварување на сонот’
Вчера во доцните вечерни часови Реал Мадрид официјално потврди дека е постигнат догоовр за ангажман на Педро Леон од Хетафе.

Играчот утрово ги помина лекарските прегледи и стави потпис на шестгодишен договор.

Педро Леон потоа беше презентиран како третото засилување на Кралевите по ангажманите на Серхио Каналес и Анхел Ди Мариа.

“Му се заблагодарувам на Реал Мадрид поради тоа што ми се исполни детскиот сон.” – рече Педро Леон.

“Не сакам да го разочарам претседателот па ќе работам напорно и ќе дадам се за овој дрес.”

“Се надевам дека ќе можам да освојам многу трофеи со Реал Мадрид.”

Запрашан дали очекува да биде стартер со оглед на големата конк*ренција во Реал, играчот рече: “Возбуден сум што сум тука и сум фокусиран само на тоа да работам напорно и да се борам за бенефициите на клубот, да го одработам моето и да му помогнам на Реал да стигне до целите.”

“Потоа тренерот е тој што ќе одлучи.”

Претседателот на Реал, Флорентино Перез рече: “Сакавме нашиот тим да има одлични фудбалери од Шпанија и веруваме дека токму таков е Педро.”

“Тој има квалитет да го носи дресот на Реал Мадрид. Се надевам дека Педро ќе освои многу титули.”

Претседателот потоа му се обрати на Педро и му рече: “Добредојде во твојот дом, Реал и нека ти се остварат соновите.“




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 17.Август.2010 во 17:04
смеење еЕете колку вределе играчите од Реал плазење
 
Трансфер рекорд - Реал го продаде Тебар за 100 евра
 

Шпанскиот гигант Реал Мадрид постави нов трансфер рекорд, но овојпат продавајќи го играчот за врска Маркос Тебар, кој досега најчесто беше дел од вториот тим на Реал, на тимот од втората дивизија Хирона за точно 100 евра.

Со тоа Кралскиот клуб доби најмала трансфер сума во историјата на шпанскиот професионален фудбал за трансфер на свој фудбалер.

Реал досега го држеше рекордот за најскапо платен играч во историјата на фудбалот.

За големата ѕвезда Роналдо беа платени 94 милиони евра



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 17.Август.2010 во 17:05

Озил во Реал Мадрид

 

Германскиот репрезентативец, Месут Озил е најновото засилување за мадридски Реал. Веста за комплетирањето на трансферот ја потврди Кралскиот клуб, но никој не сакаше да говори за условите под кои 21-годишниот фудбалер ќе се пресели на Сантијаго Бернабе. Неофицијално Езил во Реал ќе остане во следните шест години, а заработува пет милиони евра по сезона додека обештетувањето за Вердер пак изнесува 15 милиони евра.

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 07.Септември.2010 во 16:25
Кога игра со Барса секогаш сум за Барса..А кога игра со друг клуб одма сум за Реал...да


-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 29.Октомври.2010 во 12:58
Роналдо доби нови копачки
 
Шминкерот Кристиано Роналдо од секогаш внимавал на сите детали. Од своето навежбано тело, преку фризурата, па  се до копачките, од кои во минатото носел жолти, зелени, па дури и розови.

Наскоро Кристиано пред светската јавност ќе ги претстави  новите леопард копачки, наречени "Nike Boots Safari", кои за него ги дизајнираше оваа позната компанија.

На 7-ми ноември овие копачки за првпат ќе згазат на терените и тоа во Шпанската лига, кога Реал со Кристиано на Сантиаго Бернабе ќе одигра градско дерби против Атлетико.

"Овие сафари копачки на вистински начин го претставуваат мојот стил.

Ми даваат се што треба за да ја подигнам својата игра", изјави португалскиот фудбалер откако ги испроба новите обувки на неговиот рекламен гигант "Nike".

 
@Со здравје нека си ги носи и помалку голови да дава со овиесмешен


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: FeaR
Датум на внесување: 03.Декември.2010 во 03:28
Џеко прва желба на Мурињо во јануари

%20Еден од фудбалерите кој во јануарскиот преоден рок ќе биде на мета на тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо секако ќе биде играчот на Волфсбург, Един Џеко, открива весникот "АС", откако дознале дека Гонзало Игуаин веројатно ќе отсуствува околу два месеци поради повреда. Фудбалерот на Волфсбург кој има 24 г. и е висок  192 см е од играчите кои му одговараат на Мурињо односно на неговите желби, висок, моќен и добро технички подготвен што ќе му одговара за во Лигата на Шампионите.

А овој фудбалер веќе подолго време се интересираат неколку екипи како што се Јувентус, Манчестер Сити и Баерн Минхен кои се големи конк*ренти на Реал Мадрид за потписот на Џеко, а во февруари оваа година се зборуваше дека Џеко веќе потпишал пред договор со Милан но трансферот пропадна поради високата цена од 30 милиои евра која ја бараше Волфсбург.

Алтернативи за Реал Мадрид може да бидат Адебајор (26 г.), може да го добијат за 7 милиони евра Лукаку (17 г.), чија цена е според Андерлехт околу 20 милиони евра но нема право д аигра во Лигата на Шампионите, како и Уго Алмеида (26 г.) од Вердер, а последната варијанта е парагваецот  Нелсон Валдес кој постигна 6 гола на 9 натпревари во Примера оваа сезона и може да го прекине договорот со Херкулес за 5 милиони евра.


-------------
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика


Постирано од: емил
Датум на внесување: 06.Јануари.2011 во 15:11

Роналдо: 60 гола на 61 меч

Благодарение на двата гола против Хетафе во понеделникот, Кристијано Роналдо веќе стигна до бројката од 60 погодоци за Реал Мадрид за една и пол година (61 меч) и го собори рекордот за најдобар старт меѓу фудбалерите што го носеле белиот дрес. Расинг Сантандер е неговата омилена жртва (пет гола), а сега го брка рекордот на Уго Санчес и Телмо Зара од 38 гола во една сезона од Примера дивисион.
Според шпанскиот весник "Ас", Роналдо го оправда својот рекорден трансфер (97 милиони евра) на најдобар можен начин: со многу голови. Португалецот има 60 гола, за што му беа потребни само 61 меч во сите официјални натпреварувања на Реал Мадрид, што го става многу блиску до магичниот просек од еден гол по натпревар (0,98). Така, тој зад себе ги остави великаните на "кралскиот" клуб, како Ференц Пушкаш (55 гола), Алфредо ди Стефано (520, Мануел Паињо (50) и Бразилецот Роналдо (43).
Кристијано се специјализираше во различни начини за постигнување голови. Сезонава, за првпат постигна покер-голови (Расинг), потоа два хет-трика (Леванте, Атлетик) и по два против Хетафе, Валенсија, Еркулес, Малага, Ла Коруња и Ајакс. Минатата сезона, хет-трик даде против Мајорка и двапати по два гола на Марсеј и Херес.
Вкупно, 25 тима примиле гол од Роналдо, а само четири успеале да го задржат, меѓу кои и најголемите ривали на Реал, Атлетико и Барселона.
Роналдо ги постигна своите 60 голови на следниот начин: 26 со десна нога, 11 со лева, десет од бела точка, девет од слободен удар и четири со глава



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Јануари.2011 во 20:29
Мурињо поради недостаток на напаѓачи заминува од Реал?

http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/17084/zoze.bmp">

Португалецот Жозе Мурињо наводно размислува да си замине од Реал на крајот на сезоната, бидејќи управата на клубот не сакала финансиски да ја проследи неговата желба да доведе еден напаѓач.

Мурињо бил бесен по ремито на Реал со Алмерија (1-1) и затоа ја обвинил управата на клубот бидејќи немал адекватен шпиц кој би го заменил повредениот Гонзало Игуаин.

Мурињо најпрво сакаше да го ангажира Фернандо Љоренте, подоцна и Емануел Адебајор, па потоа и Мирослав Клосе, но управата на клубот не сакаше ни да чуе за трансфер.

Од друга страна, спортскиот директор на клубот, Хорхе Валдано му забележа на Мурињо што против Алемрија на клупата го остави Карим Бензема, кој според него е адекватна замена за Игуаин.
 
Доколку Мурињо одлучи да замине, пишува шпански "АС", нема да има малку опции на располагање. Тука, во прв ред ќе биде Манчестер Сити и поранешниот клуб Интер, кој едвај чека можност да го врати на "Меаца".



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Февруари.2011 во 06:58

Реал дава 58 милиони евра за Фабрегас

Раководството на Реал Мадрид има подготвено 58 милиони евра за да го ангажира Цеск Фабрегас на крајот од оваа сезона.

Откако се појави информација дека Челзи има намера да плати иста сума како за Фернандо Торес за играчот на Арсенал првата реакција следеше од Барселона.
Од таборот на шпанскиот првак се изјаснија дека нема да се наддаваат со Челзи и дека нивната понуда ќе остане иста околу 45 милиони евра. И додека сето ова се одвиваше во списокот мораше да се додадат и луѓето од Реал Мадрид кои секогаш се вклучуваат во трка за играч кој е од светска класа, а го посакува тимот на Барселона.
Според британскиот "Дејли Мејл" понудата на Реал Мадрид е неверојатна и желбата е пред с$ да се нанесе двоен удар на Барселона. Првиот е да се расипе идејата за засилување на средниот ред на Каталонците, а вториот е уништување на плановите на претседателот на Барса, Сандро Росел.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 15:54

/sport/fudbal/23276-Pepe-do-2016-vo-Real - Пепе до 2016. во Реал

Португалецот одлучи да ја прифати понудата на “кралевите“ и да остане со нив и во следните пет години.

Во текот на речиси целава актуелна сезона Пепе и Реал Мадрид беа во преговори околу новиот договор, а многу често делуваше дека двете страни нема да најдат заеднички јазик и дека дефанзивецот ова лето ќе си замине од Мадрид.

Сепак, според Marca, Пепе се одлучил да ја прифати последната понуда на “кралевите“ според која ќе заработува околу четири милиони евра по сезона. Таа сума Португалецот ќе ја добива по истекот на следната сезона, односно по истекот на актуелниот договор во летото 2012. година.

Неколку екипи со нетрпение ги следеа преговорите помеѓу Пепе и Реал, а некои тимови како Арсенал, беа подготвени да го ангажираат доколку тие преговори не вродија со плод.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Април.2011 во 16:24

Топ-листа: Славните фанови на Реал Мадрид

 
„Ел Класико“ лудилото допрва ќе доаѓа во своите главни фази, а пред утрешниот дуел од финалето на Копа дел Реи, ви подготвивме две топ-листи преку кои ќе се запознаете со најпознатите навивачи на двете екипи. Реал Мадрид и Барселона се тимови кои низ светот можат да избројат милиони фанови, а меѓу нив има и бројни познати личности кои својот печат го оставиле во комплетно различни сфери од животот. Во оваа прва топ-листа, ви ги претставуваме најпознатите навивачи на Реал Мадрид (листата за Барселона ќе биде објавена во 17 часот).

Кралот Абдула Втори од Јордан
Абдула Втори бин ал-Хусеин е еден од главните „виновници“ за атрактивноста на фудбалот на Блискиот Исток. Кралот на Јордан, кој се наоѓа на оваа функција од 1999 година, неколкупати се има изјаснето како верен навивач на Реал Мадрид. Како еден од повлијателните личности на Блискиот Исток, многупати беше поврзуван со купување на фудбалски тим во Европа, но тие најави останаа само неостварени шпекулации.

Антонио Бандерас
Еден од поголемите промотори на Реал Мадрид. Шпанскиот актер, филмски директор, продуцент и пејач, честопати се наоѓаше во ложата на „Сантијаго Бернабеу“ додека Реал играше важни натпревари.

Том Круз
Уште еден актер кој честопати се појавувал во ложата на стадионот во центарот на Мадрид. Познатиот „Џери Мегваер“ никогаш не бил особено близок со спортот, но кога се работи за фудбал, секогаш верно го следел Реал. Приближно верно колку што ја следи скиентологијата.

Пенелопе Круз
Можеби не изгледа како фудбалски вљубеник, а реално и не е. Сепак, познатата шпанска актерка е меѓу оние што секогаш му помагаат на Реал во ширењето на популарноста низ светот.

Хулио Иглесијас
Интересното со Хулио Иглесијас е што тој своевремено, односно пред да стане пејач, бил голман на младинскиот состав на Реал Мадрид. Поради сообраќајна несреќа морал да ја заврши кариерата уште пред да почне. Денес, тој останува верен навивач на клубот.

Јусеин Болт
Реално, Јусеин Болт не е конкретно навивач на Реал, туку е навивач на Кристијано Роналдо. Во превод, каде и да игра Португалецот, Болт за тој тим навива. Најбрзиот човек на светот многупати присуствуваше на тренинзите на Реал сезонава, а многу негови изјави кружеа за медиумите дека „мечтае да одигра барем еден натпревар во белиот дрес“.

Рафаел Надал
За Рафа сите многу добро знаеме. Секогаш кога ќе најде време присуствува на „Сантијаго Бернабеу“, а често во последно време го среќаваме и во медиумите како зборува за игрите на неговиот омилен фудбалски клуб. Интересно е што неговиот чичко, Мигел Анхел Надал, е поранешна легенда на Барселона.

Шакира
Кој да очекува дека колумбиската пејачка ќе стане толку незгодна тема кога е во прашање ривалството помеѓу Реал и Барселона. Ја вклучив во овој текст затоа што сè уште се нема изјаснето дека почнала да навива за Барселона, иако од Реал „ја суспендираа“. Познатата причина за суспензијата на Шакира од „Сантијаго Бернабеу“ е што таа влезе во врска со дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике.


-------------


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 20.Април.2011 во 20:11
 B A R C A -  puknete od makaсвиркање da nema nedorazbiranja skapanicite na real

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 04.Мај.2011 во 13:19
 rojalisti., zarem seushte postoite.,
 
 barca-giljotina
 
 намигнување


-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Мај.2011 во 07:05

Новиот германски шампион свика прес-конференција за во понеделник на која се очекува да се соопшти веста за трансферот на Нури Шахин во Мадрид.

 

Германскиот магазин Kicker ја објави веста дека во понеделник управата на Борусија Дортмунд треба да ја официјализира продажбата на Нури Шахин на Реал Мадрид за сума од десет милиони евра.

Шахин (22) оваа сезона беше еден од главните играчи на Борусија и еден од најзаслужните за враќањето на титулата во Дортмунд. Играчот, кој има турски корени, има клаузула во својот договор според која може да си замине од клубот за сума од десет милиони евра, но само ако замине во клуб кој не е дел од Бундеслигата.

Со цел да го замени Шахин во првиот тим, управата на “милионерите“ планира во Дортмунд да го донесе Иљкај Ѓундоган од тимот на Нирнберг. Играч кој исто така има турски корени.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Мај.2011 во 05:33
Кака и Бензема го напуштаат Реал

http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/18580/јф.jpg">

По пристигнувањето на Нири Сахин, од Реал Мадрид би можеле да си заминат играчите за кои се сметаше дека би требало да го сочинуваат костурот на екипата.

На врвот од листата играчи кои би го напуштиле "Бернабеу" се наоѓа Бразилецот Кака, за чии услуги се заинтересирани Челзи и Милан, а кој не успеа да се прилагоди на условите во Мадрид.

Торински Јувентус би сакал во своите редови да го доведе Карим Бензема, а медиумите од двете земји тврдат дека првите контакти меѓу двата клуба веќе се одработени. "Старата дама" наводно е заинтересирана и за Ласана Дијара, кој ретко добиваше шанса во Реал сезонава.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Јуни.2011 во 07:25
Роналдо со порака до Реал: Купете го Нејмар!

http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/18960/nejmar.jpg"> Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Бразилецот Риналдо совршено ги познава сите квалитети на 20-годишниот играч на Сантос, Нејмар и гои советува својот добар пријател, Флорентино През да го доведе младиот играч на "Сантијаго Бернабе". Многу европски клубови се заинтересирани за услугите на Нејмар, но Реал и Барселона веќе започнаа војна за талентираниот млади репрезентативец на Бразил. Реал има предност во тоа што веќе го доведоа Робињо преку агентот Вагнер Рибеира кој сега е агент на Нејмар. Меѓутоа, Рибеиро демантира било какви контакти. "Реал не стапил во контакт ниту со мене, ниту со Нејмар. Никој не не повика. Најважно за Нејмар сега е да се припреми добро за Копа Америка, моментално не го интересираат приказните за неговото заминување" изјави агентот на Бразилецот. "Знам дека многу клубови од Европа се заинтересирани за нашиот фудбалер, тој е новиот Меси, и има само 19 години и се разликува од сите други играчи, тој е посебен. Минатата сезона одбивме понуда од Челзи вредна 35 милиони, а сега цената е некаде околу 45 милиони евра" заврши Рибеиро.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Јуни.2011 во 05:10
Касиљас: Живеам и ќе умрам за Реал Мадрид

http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/19038/икер.bmp">

Голманот на мадридски Реал, Икер Касиљас, при посетата на Мексико изјавил дека Реал е единствениот клуб за кој навивач и дека за "белите" 'е подготвен и да умре'.

Првиот чувар на мрежата на шпанската репрезентација престојува во Мексико. Во интервју за "ЕСПН" ги открива своите и клупските амбиции.

"Имаме млад тим чиј прв заб излезе во финалето од кралскиот Куп каде го освоивме трофејот по 18 години." - изјавил Икер.

"Мурињо допринесе многу за играта на Реал значително да напредува, сега сме многу поагресивни и позрели." -додал голманот на "галактикосите".

"Реал Мадрид е единственото чувство кое се пренесува ширум целиот свет, на секој агол од планетата Земја може да се почувствува духот на Реал. Цел живот навивав за Реал Мадрид и тука би сакал и да умрам". - заклучил Касиљас.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Јуни.2011 во 06:07
Има договор меѓу Реал и Нејмар, сега Сантос е на потег

http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/19183/nejmarr.jpg"> Како што пренесува спортскиот весник "Марка", Реал Мадрид во својте редови ќе го доведе најголемиот талент во светскиот фудбал, Бразилецот Нејмар. Договорот би требал да биде потпишан на шест години. Меѓутоа постој и втор дел од оваа опција, за што ќе одлучуваат челниците на Сантос, со кој Мадриѓаните ќе се сретнат следната недела. Трансферот би требал да изнесува колку што бара бразилскиот клуб, 45 милиони евра, иако Реал ќе се обиде да ја намали оваа цена. Нејмар вечерва игра финале на Копа Либертадорес, по што ќе може да се посвети на репрезентативните обврски и ќе размислува каде би ја продолжил својата кариера.



-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 19.Септември.2011 во 19:58

Нејмар нов “галактико”


011210-neymar-santos-divulgacao38218020110611235627

Шпанските медиуми потврдија дека е постигнат договор и дека фудбалерот на Сантос, Нејмар, од јануари ќе игра во Реал Мадид, иако клубовите сеуште ги негираат тие информации.

Шпанска Марка пишува дека уште една сага е готова и дека Нејмар денеска ќе потпише договор со Кралскиот клуб.

Флорентино Перез уште еднаш ја изненади Барселона и и го украде талентираниот Бразилец пред носот.

Реал Мадид и Сантос се договориле и Нејмар денеска ќе потпише договор одкако ги поминал медицинските тестови.

Двата клубови ќе ја негираат оваа информација се до претседателскиот избор во Сантос, кој се одржува во декември, а цел е Луиз Алваро Рибеиро да добие уште еден мандат, тврдат од Марка.

Нејмар после Роналдо, Зидан и Кака ќе биде четврото најскапо засилување во историјата на мардидскиот клуб. Цената на трансверот е 60 милиони евра, а Нејмар ќе заработува 7 милиони евра годишно во шест годишен договор.





-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 19.Септември.2011 во 23:10
Eh da dojdese Neimar porano mozebi i Levante ce bese pobeden...mehehe... среќа


                                         љубов LEVANTE љубов
                                                srce na teren
плазењеплазење

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Ноември.2011 во 06:38

http://bumbar.mk/18/real-v-leto-planira-da-go-donese-runi-za-60-milioni-evra/" rel="nofollow - Реал в лето планира да го донесе Руни за 60 милиони евра

 

Жозе Мурињу, тренерот на Реал Мадрид, наредното лето подготвува сензационален трансфер – на “Сантјаго Бернабеу” да го донесе Вејн Руни, ѕвездата на Манчестер јунајтед.

runi
За оваа идеја Португалецот имал поддршка од претседателот на клубот Флорентино Перес, а наводно ниту Руни немал ништо против. Реал бил подготвен да понуди 60 милиони евра, и тоа само две години по рекордниот трансфер за Роналду од 94 милиони евра.

Овие двајца беа соиграчи на “Олд Трафорд” и заедно освоија девет трофеи – три титули во Премиерлигата, една од ЛШ, клупското првенство на светот, ФА купот, два Лига-купа и еден “Комјунити шилд”.

Ако се реализира, тоа би бил петтиот најголем трансфер во историјата. Зад споменатиот на Роналду, втор е тој на Зинедин Зидан, кој од Јувентус во Реал во 2001. дојде за 86 милиони евра, трет е трансферот на Златан Ибрахимовиќ од Интер во Барселона за 72 милиона, а Милан за Кака во 2009. од Реал доби 68 милиони евра.



-------------


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 19.Ноември.2011 во 10:31

 
 uaaaa rojalistiплазење


-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: емил
Датум на внесување: 04.Декември.2011 во 00:11

Во пресрет на ’Ел Класико’, Кралевите се загреаа со три бода и сигурна победа од гостувањето кај Спортинг Хихон. И покрај тоа што Спортинг знае да им создаде проблеми на големите клубови, Реал важеше за огромен фаворит и десетата победа во низа во Ла Лига ја најави Анхел Ди Марија.

Кон финишот на 34. минута, Аргентинецот украде топка, продре во шеснаесетникот на домакините и речиси од мртов агол го матираше голманот на Спортинг. Во 65. минута Кристијано Роналдо успешно одбегнa една офсајд стапица, и додавањето на Ди Марија го претвори во водство од 2-0.

Кралевите лесно можеа да имаат и поголема предност но Игуаин, Кака и Бензема не беа прецизни во своите обиди. Спортинг средбата ја заврши со десет фудбалери откако втор жолт картон и исклучување заработи Себастијан Егурен, а конечните 3-0 беае поставени во судиското продолжение.

Марсело итро ги измами дефанзивците на Спортинг, влезе во петерецот и биеше неодбранливо на подалечната статива за печат на победата на Реал Мадрид.

Расинг го напушти дното на табелата, откако тимот од Сантандер со минимални 1-0 славеше пред своите фанови во дуелот со Виљареал. Кристиан Стуани во 27. минута беше стрелец на единствениот погодок на средбата.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Јануари.2012 во 14:33

Мирна зима во Реал


 




Португалецот на клупата на Реал е задоволен со играчите кои ги има на располагање.


Пред отварањето на сезоната во 2012 година и првиот натпревар од купот против Малага, на прес-конференцијата новинарите повеќе ги интересираше преодниот рок.


На нивните прашања во врска со заминувањето и доаѓањето на нови фудбалери Мурињо одговори.

“Никој не не интересира во моментов, ова ќе биде мирен зимски преоден рок“, тврдеше Мурињо.


“Добри сме вакви какви што сме, не ни се потребни нови играчи, ниту пак било кој ќе го напушти клубот. Сакам да ја завршам сезоната со играчите кои ми се сега на располагање“, рече тренерот на Реал.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Јануари.2012 во 08:54

РЕАЛ МИНИМАЛНО ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ






Реал Мадрид втор пат и нанесе минимален пораз на Малага 1-0 и со севкупни 4-2 се пласираше во 1/4 финалето. 




Стрелец на победничкиот погодок е повратникот во екипата французинот Карим Бензема. Второлигашот Мирандеш направи сензација откако го елиминираше Расинг Сантандер.


По пласманот во 1/4 финалето на “кралевите“ на повидок е нова епизода од големото дерби “Ел Класико“ откако Барселона во првиот меч ја совлада Осасуна со убедливи 4-0, реванш натпреваро во “Памплона“ ќе биде чиста формалност.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 30.Март.2012 во 07:27

КАКА ОСТАНУВА ВО МАДРИД






Агентот на Кака изјави дека бразилскиот репрезентативец нема никаква намера да го напушти Сантиаго Бернабе во летниот период.

Кака дојде во Реал во 2009 година и многу тешко ја доби довербата кај Мурињо за прва постава па се појавија шпекулации дека можe да си замине од Мадрид.

Не постои можност Кака да го напушти Реал Мадрид изјави претседателот на кралскиот клуб Флорентино Перез.

Кака оваа сезона во Примера настапи на 25 натпревари и постигна 5 гола.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 10.Април.2012 во 10:37

РЕАЛ МАДРИД ГО МЕНУВА АМБЛЕМОТ НА КЛУБОТ!?






Раководството на Реал Мадрид донесе одлука да го отстрани крстот од амблемот на клубот со цел да ја зголеми својата популарност меѓу муслиманите од Европа и Блискиот Исток, пишуваат денеска медиумите во Шпанија.

Мадридскиот гигант го добил сегашниот амблем во 1920 година лично од кралот Алфонс XIII. Спор околу него се појави на крајот на март, откако беше прогласена почетокот на изградбата на туристичкиот центар "Real Madrid Island Resort" во Обединетите Арапски Емирати. 

"Кралскиот клуб" се обврза дека ќе го отфрли крстот од својот амблем по договорот потпишан од страна на раководството на Реал и шеикот Сауд бин Сакр ал-Касим.

Претходно и Барселона се откажа од крстот на амблемот, заради продажбата на клубските реквизити во муслиманските држави.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 09.Мај.2012 во 07:01

http://kurir.mk/sport/fudbal/70257-FOTO-Noviot-dres-na-Real-Madrid" rel="nofollow - ФОТО: Новиот дрес на Реал Мадрид  


real-madrid-500


-------------


Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 24.Јули.2012 во 01:02
Само што се вратив од Барселона и во авионот доживеав пријатно изненадување.

Иако мој омилен тим е Арсенал ,,,,,, имав можност да се сликам со Раул некогашен фудбалер на Реал Мадрид

Човече збеснаа колешките  од Шпанија што беа на истиот лет со мене.

А јас поима немам кој е човекот, оно да ти бил познат фудбалер , бреее си викам ами ај кога си веке тука да се сликаме среќа


И така , се вклучив на форумот за да се пофалам дека лично и персонално имав можност да разговарам со Раул и да се сликам.


Можам да ги замислам другариве мои фанови на Реал Мадрид како ке реагираат кога ке им кажам утре ѓавол


-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 07.Октомври.2013 во 23:00
И покрај тоа што е оставен на клупа , што се шпекулира за негов трансфер , Касиљас покажува како навистина се сака клубот голема насмевка




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Декември.2013 во 10:09
 


газење од смеење


-------------


Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 06.Март.2014 во 12:25
Го издрибла детето ... големиот CR7 ... голема насмевкаплазење




-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 09:48


-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 11:02
,,,,CRKNETE ROJALISTI,,,кулсмеење,,,




-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 25.Ноември.2014 во 12:58
Ако Кики после ова не се смени, нема никогаш ... газење од смеење




-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 10.Мај.2015 во 03:24
Laden tush za Kralevite i realovci , Valensija im gi odzema i teoretskite shansi za titula a vo Liga Shampioni neizvesen e prodor do finale protiv Juve

-------------
I'm out bcz of pathetic around here



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk