Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
eptendosadno
Сениор
Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
|
Испратена: 23.Март.2010 во 23:01 |
lav4eto напиша:
"Доколку знаеме , а знаеме , дека Миладинови , Прличев , Шапкарев ,
Џинот , Гоце , Даме Груев , и многу други со потекло од Македонија
имале сознание дека се Бугари и како такви се декларирале..."еptendosadno, во морето словесни напори тоа е зрното вистина.Много пати имам кажано, кога си во право, во право си, ти признавам одма!
|
Но има еден проблем , вистината не е храна за ти како нутрициониста да одбираш што ќе конзумираш а што не.
Е да , доколку си гладен за знаење и за вистината , има и она горчливото да го јадеш , и да го проголташ , да, да .
|
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|
lav4eto
Сениор
Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
|
Испратена: 23.Март.2010 во 23:07 |
eptendosadno напиша:
lav4eto напиша:
"Доколку знаеме , а знаеме , дека Миладинови , Прличев , Шапкарев ,
Џинот , Гоце , Даме Груев , и многу други со потекло од Македонија
имале сознание дека се Бугари и како такви се декларирале..."еptendosadno, во морето словесни напори тоа е зрното вистина.Много пати имам кажано, кога си во право, во право си, ти признавам одма!
|
Но има еден проблем , вистината не е храна за ти како нутрициониста да одбираш што ќе конзумираш а што не.
Е да , доколку си гладен за знаење и за вистината , има и она горчливото да го јадеш , и да го проголташ , да, да . |
Види, тоа тука на форумот, таква реченица, е ерес, за таква реченица (и то без наводници) бугарин добива бан "за прогласува ње на македонци за бугари". Затоа ми е доволно, сепак ситуациjата во Куба не е истата како во Боливиjа.
|
|
|
eptendosadno
Сениор
Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
|
Испратена: 23.Март.2010 во 23:21 |
Pat напиша:
eptendosadno напиша:
Пишаново е посветено на одредени персони кои гласно и без срам ја бранат нивната “ македонштина “ , на свој начин и со совои аргументи .
Би сакал како прво да направам мал вовед , односно една компарација со една наша соседна земја .
Како последица на “ Руско-Турската “ војна , Русија си зема за право да создаде држава на Балканот со име Бугарија и истата како победник во таа “ Руско-Турска “ војна тоа и го чини . Првично границите на таа држава се нацртани на 3-3-1878 , значи како победници настапиле со максималистички барања , за потоа во Берлин светските велесили да им го дозволат тоа само во границите на геогравската објаст Бугарија .
Како резултат на таквата руска активност на територијата на таа област , Русите одбираат кој ќе биде главен град на таа творевина и денес претпознатлив знак на Софија е црквата посветена на руски светец - Невски . Исто така постојат огромен број споменици на руски официри , војници , даван се имиња на улици , булевари и сл , кои опстојуваат како такви и денес . Сите букви во бугарската азбука се идентични со буквите кои ги има руската азбука , во бугарскиот јазик се вметнати русизми , односно зборови кои не се користеле во секојдневната комуникација помегу месното население , во основа се во Бугарија наликува на една мала Русија или во најмала рака составен дел од нешто што се нарекувало Русија .
Незнам дали тоа е затоа што Русите биле Бугаромани или има тука врска политиката на таа држава , со политиката на Русија .
Доколку би направле паралела , односно компарација со “ Српско-Турската “ војна од 1912 година која се водела на територијата на Македонија , ќе констатираат големи разлики во однос на состојбите во Бугарија , знаеме што е претпознатилив знак на Скопје , дали има споменици низ цела Македонија на српски генерали , кралеви и сл. , дали има улици , булевари на српски војводи од таа војна , дали е во целост идентична азбуката со србите , дали во македонскиот литературен јазик се вметнати србизми , односно зборови кои не се користеле на територијата на Македонија , тоа е прашање кое заслужува одговор .
Според мене одговорот е не , Р. Македонија не постапила како тоа што го направла Бугарија . Денес немаме споменик на “ македонскиот ослободител Крал Петар “ во Скопје , сепак .
Бидејки темата е Бугароман,Бугарофон,МакедоноБ`лгарин , ќе се сконцентрирам сега на тоа прашање .
„ одредените персни “ препознаваат многу србомани , српско влијание , србизми , големосрпска политика во активностите на Колишевски , Апостолски , Конески и др. , и тука постојано не “ трујат “ со неброено пати повторување на своите докази .
Доколку знаеме , а знаеме , дека Миладинови , Прличев , Шапкарев , Џинот , Гоце , Даме Груев , и многу други со потекло од Македонија имале сознание дека се Бугари и како такви се декларирале , мислам дека е невозможно личности од ковот на Лазар Колишевски , Блаже Конески и ком ( србоманите ) , истите да ги исползуваат во именување на улици низ Македонија ,за именување на :
Училишта ,
Градови ,
Награди ,
Манифестации доколку е вистинита тезата на „ одредените персни “ дека истите се србомани , дека застапувале српски позиции и незнам уште што .
Да , имало во Македонија во 19 век српски училишта каде се регрутирале деца за Срби да бидат , имало низ Македонија луѓе кои војувале за интересите на “Душанова Србија“ , имало таканаречени србомани кои војувале против четите на ВМРО , но ни еден од нив нема добиено улица со негово име , нема добиено ни училиште , манифестација , и.т.н.
Па затоа јавно го поставувам прашањето на таканаречените „ одредените персни “ , дали Колишевски според политиката која ја водел и за која бил лично он одговорен во будењето на националната свест кај Македонците е србоман или бугароман ? |
Па ти кого мислиш дека ќе излажеш со ова? За состојбите во бугарскиот јазик и писмо не навлегувам, нека си се бранат Буарите. Меѓутоа, многу убаво се гледа на која страна на светот ти влечеш, Ептендосадно. Неколку прашања до тебе:
1. Стручните термини во Македонија од кој јазик се земени? Од кој јазик е земен оксиморонот „кривично право“? Дали знаеш дека наместо латинскиот збор акцент или циркумфлекс кој го употребува твојот идол Конески во македонскиот јазик го има зборот „ударение“?
2. Скопскиот дијалект дали е ист со оној од пред пеесет години, а да не зборуваме од пред сто години?
3. Србизми нема во Македонија? Што се „ваљда“, „хаљина“, „веш“, „као“, „јеби га“, „отмен“, „није битно“, „осеќам“, „нема везе“, „али“, „љубави“, „озбилно“, „лопов“, „утакмица“, „могуче“, „уствари“, „дечко“, „боље“, „кафич“, „смета“, „рачуна“, „освета“, „штампа“, „глумец“, „месождер“, „ждере“, „сумња“, „и тако даље“итн. итн.?
4. Кога во Македонија почна засилено да се издава универзитетска литература на македонски јазик? Да не е после тоа кога „Бугарот од Царево Село“ зборуваше за „македонска валута, македонска репрезентација, македонска армија“. Тоа многу лесно се заборава. Всушност, кога подобро ќе размислам, за македонштината најмногу придонеле токму „бугарашите“, така било и по втората светска војна.
5. Дали ти се сеќаваш на оние бројни текстови кои излегуваа во весниците за алармантната состојба во македонскиот јазик, или на емисијата „Говорете македонски“? Што мислиш, тоа можеби некој си немал работа, па си пишувал глупости.
Впиши само „србизмите во македонскиот јазик“ на Гугл и ќе ти излезат едно чудо текстови, што од друга страна и ме радува, македонскиот одбрамбен систем се уште работи.
Што се однесува до останатите прашања, Соколовиќ СРБОМАНОТ не е прогласен за херој затоа што србоманите се плашеле од народот, затоа што НАРОДОТ ги воспеал Делчев, Поп Јорданов, Постол војвода, Јордан Пиперката итн. Разврти се малку низ Јутуб. Сигурно мислиш дека Ѓилас од љубов кон македонштината се заложил за денешната азбука? Не, туку затоа што српската азбука во Македонија немала шанси.
Меѓутоа србизмите навлегуваат во македонскиот јазик на подмолен начин, онака, српски.
|
Е сега ти се обраќам тебе .
Сега ќе ти покажам што е оксиморонштина :
Конески како србоман , докажан србоман ( според таквите како тебе ) , прв председател на МАНУ , икона во македонштината не успеал да издејствува простор за својот роден дедо во македонската историографија како активност на еден родољуб , да ?
Нема улица со име на неговиот дедо , школото во Небрегово не го носи името на тој револуционер , борец за слобода на Македонија . Нешто што нема двосмисленост и нема простор за полемика е дека Конески со функцијата што ја имал во МАНУ креирал македонски херои и истиот морал да живее со фактот што за народни херои , идоли на Македонците стануваат СМРТНИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ на неговиот дедо , да ?
Според селанецот од “ Царево Село “ и неговите следбеници Конески бил и секогаш ќе биде србоман , без разлика на оваквите приложени аргументи .
Второ :
Всушност, кога подобро ќе размислам, за македонштината најмногу придонеле токму „бугарашите“, така било и по втората светска војна.
Доколку се прочита некоја книга , односно се збогати спектарот со кој ќе може да се согледува историјата на Македонецот , токму бугарската наука има собрано милион докази и истите ги има публукувано со кои докажуваат дека македонштината е големосрпска измислица, доктрина на Новакович , Цвијиќ , Белиќ и.т.н.
Дали сега ти е јасно што е ОКСИМОРОН ?( повторно користа грцизам )
Изменето од eptendosadno - 23.Март.2010 во 23:21
|
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|
Pat
Сениор
Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
|
Испратена: 23.Март.2010 во 23:37 |
Најпрвин за оксиморонштината, а потоа и за македонштината, сосема накратко:
Блаже Конески се противел на БИЛО КАКВА МАКЕДОНСКА АЗБУКА со изговор „зошто да измислуваме ново, кога старото е проверено, и со српската азбука пак македонскиот јазик ќе си биде македонски“- парафраза. Денес го чуваат на пиедестал како најзаслужен за МАКЕДОНСКАТА азбука.
ВМРО се бореле за независна Македонија, а Соколовиќ не. Од каде на каде Соколовиќ е „родољуб“?
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
eptendosadno
Сениор
Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
|
Испратена: 23.Март.2010 во 23:44 |
Pat напиша:
Најпрвин за оксиморонштината, а потоа и за македонштината, сосема накратко:
Блаже Конески се противел на БИЛО КАКВА МАКЕДОНСКА АЗБУКА со изговор „зошто да измислуваме ново, кога старото е проверено, и со српската азбука пак македонскиот јазик ќе си биде македонски“- парафраза. Денес го чуваат на пиедестал како најзаслужен за МАКЕДОНСКАТА азбука.
ВМРО се бореле за независна Македонија, а Соколовиќ не. Од каде на каде Соколовиќ е „родољуб“? |
Немам коментар
|
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|
Pat
Сениор
Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
|
Испратена: 23.Март.2010 во 23:51 |
Се разбира дека немаш, не ни очекував да имаш
родољуб, да?
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
eptendosadno
Сениор
Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
|
Испратена: 24.Март.2010 во 00:08 |
Pat напиша:
Се разбира дека немаш, не ни очекував да имаш
родољуб, да? |
Јас напишав дека се борел за СЛОБОДАТА НА МАКЕДОНИЈА , а секој што се бори за слободата на својата земја е родољуб , нели ?
ВМРО се бореле за независна Македонија, а Соколовиќ не. Од каде на каде Соколовиќ е „родољуб“?
Потребен е коментар за твоето “читања на евангелието“ ?
Линкот кој ми го посочи содржи зборови :
“ Цепенков М.
Македонско народно творештво , Скопје 1972 год.“
Од биографијата на Конески дознаваме дека :
Во 1967 станува член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и е нејзин прв претседател (до 1975).
Бил председател на МАНУ кога во Македонија е публикувана книгата на Цепенков , “ Македонско народно творештво “ .
И тоа Вие “ Царевоселците “ го есапите како типичен гест на еден србоман , човек што ја искрвувал историјата , кој криел историски информации и.т.н.
Секако , историјата сепак на крај ќе пресуди
Изменето од eptendosadno - 24.Март.2010 во 00:21
|
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|
Platenik
Сениор
Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
|
Испратена: 24.Март.2010 во 06:41 |
Pat напиша:
Platenik напиша:
Pat напиша:
Platenik напиша:
Со секоја измината година, со секоја рецесија, криза општествата се хуманизраат или социјализираат. Тоа води кон крајната цел, еден современ, иделаен систем, каде се помалку ќе има потчинети и надчинети. Дали ќе се нарече тој систем комунизам или ќе му се измисли ново име, тој нов систем е неминовност. Тој нов систем нема да се појави во Македонија или Бугарија, туку таму каде што толеранцијата на етничко, национално и религиозно поле е веќе секојденвна пракса, таму каде економските услови се на многу позавидно ниво. Таму каде луѓето не се замараат со ер голем и темни вокали.
Трк назад во 19 век и сонувај дека ер голем еден ден ќе воскрсне. |
Всушност, мислам дека најмалку ти би можел на некого да му товариш анахронизам. Вук Драшковиќ има кажано:
„Ако во младоста не сте верувале во комунизмот- тогаш сте без срце, меѓутоа ако како возрасен верувате во комунизмот- тогаш сте без мозок“
Ова е и за Ептендосадно, да се увери дека сепак не сум србофоб |
Ти алудираш на нешто или пак се обидуваш политички да ме дефинираш?! Не си ми баш многу јасен.
Како и да е прогресот неможе да се стопира.
Мислиш со тоа што си го цитирал Волчко ќе се одбраниш од атаката дека си србофобичен?
Ај што си србофобичен можам и да разберам некако, ама зошто пак да си бугарофиличен?! Не дозволувај да србофобичноста и бугарофиличноста да делуваат врз развојот на македонофобичноста.
Ако веќе си педагошки истретиран од оние вторите, тогаш србофобијата и македонофобијата се норамална последица на тој педагошки третман. |
Еве темава прерасна во тема за македонскиот јазик. Мислам дека Македонс сите овие постови ќе ги префрли во темата за јазикот. Како и да е, мислам дека тоа што употребуваш толку многу шпански зборови нема да те направи поголем Италијанец, па затоа не се прави многу „на Енглез“, не сум јас србофобичен, едноставно си верувам на својот разум кога станува збор за некои работи.
И да не ти го цитирам другиот пост- какви размени на население човеку? Кои Срби од Бугарија дошле во Македонија? Се работи за протерувањето на илјадници Македонци во Бугарија од страна на српските окупатори по балканските војни. |
Така де и јас за тие зборувам, за илјадниците Македонци што протерани, што доброволно побегнати од Вардарска и Егејска Македонија. Протераните и доброволно пребегнатите со текот а времето стануваат Бугари и се предводниците на бугарштината. Значи не се аслите, туку тие дојдените.
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
Platenik
Сениор
Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
|
Испратена: 24.Март.2010 во 11:52 |
Каснакоски напиша:
Platenik напиша:
Се појавија Мицов и Радуле и безмалку ги направивте малоумни.
|
Specijalno za tebe otvoriv tema vo koja sakav da diskutirame okolu "Odgovorot na makedonomrzecot"
Se sto go napisal Radule e sosieno so beli konci.
Ama ti pobegna.
I dvajcata so Depo pak zboruvate generalno, bez nikoja konkretika.
|
Какракачанов кај Славе
Каракачанов кај Андреј и Иван
Иванов и Узунов кај Димитров
Кај Николја Григоров
Рецитал
Костадин Филипов - БНТ
Хумор?!
Провокации во Гевгелија
Вида Боева - Контрадикција
Српската експанзија
Хуморот на Слави
Росен
Прванов
Аплауз
Сидеров
Стојанов
Ако ова не ти е доволно има уште за приложување. материјалите се неисцрпни.
Овие работи се потешки дури и од најтешките наркотици, кои резултираат во општонародна хистерија и халицинации. Со секојденевно дозирање, норамлно е да се стане зависник. Немојте да се чудите тогаш кога 15-16 годишните деца пишуваат она што го пишуваат. Имаат од кого да научат, какви учители, такви ученици.
Да стекнеш право да зборуваш за минатото не треба само да ја знаеш историјата, туку и да ја разбереш!
Изменето од Platenik - 24.Март.2010 во 11:57
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
Македон
Сениор
Caesar Constantinus
Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
|
Испратена: 24.Март.2010 во 15:35 |
Pat напиша:
Еве темава прерасна во тема за македонскиот јазик. Мислам дека Македонс сите овие постови ќе ги префрли во темата за јазикот. |
Погрешно мислиш! Ти сите теми ги направи за јазикот, а ти напоменав да престанеш секаде да пишуваш за јазикот. На крајот на краиштата, темата за јазикот ако тргнам од тој начин, треба да ја направам канта, затоа што сета смисла ќе и се изгуби, а тоа немам намера да го направам со тема, која е доста квалитетна. Тоа значи дека постовите за јазикот ќе бидат избришани.
Изменето од Македон - 24.Март.2010 во 15:35
|
|
Pat
Сениор
Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
|
Испратена: 24.Март.2010 во 18:06 |
eptendosadno напиша:
Pat напиша:
Се разбира дека немаш, не ни очекував да имаш
родољуб, да? |
Јас напишав дека се борел за СЛОБОДАТА НА МАКЕДОНИЈА , а секој што се бори за слободата на својата земја е родољуб , нели ?
ВМРО се бореле за независна Македонија, а Соколовиќ не. Од каде на каде Соколовиќ е „родољуб“?
Потребен е коментар за твоето “читања на евангелието“ ?
Линкот кој ми го посочи содржи зборови :
“ Цепенков М.
Македонско народно творештво , Скопје 1972 год.“
Од биографијата на Конески дознаваме дека :
Во 1967 станува член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и е нејзин прв претседател (до 1975).
Бил председател на МАНУ кога во Македонија е публикувана книгата на Цепенков , “ Македонско народно творештво “ .
И тоа Вие “ Царевоселците “ го есапите како типичен гест на еден србоман , човек што ја искрвувал историјата , кој криел историски информации и.т.н.
Секако , историјата сепак на крај ќе пресуди |
Само да те прашам, ги имаш ли ти читано истите? Ги имаш ли читано предговорите, белешките и упатствата како да се читаат неки делови. Тоа е доста интересно.
Е да, а како се борел Соколовиќ за слободата на Македомија, сорабоувајќи со Турците против ВМРО?
Изменето од Pat - 24.Март.2010 во 18:07
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
mungos80
Модератор
АНАРХИСТ
Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
|
Испратена: 24.Март.2010 во 19:09 |
Изменето од mungos80 - 24.Март.2010 во 19:16
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
чоли
Сениор
Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
|
Испратена: 24.Март.2010 во 19:10 |
|
|
mungos80
Модератор
АНАРХИСТ
Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
|
Испратена: 24.Март.2010 во 19:18 |
Е така де овој загина за Македнија и Македонците а брат му го валка името.Ја знаеш неговата внука водителка е па види таа како се изјаснува.
Инаку секоја година има концерт во Битола за нејзиниот прадеод.
Изменето од mungos80 - 24.Март.2010 во 19:18
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|