IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали си спасен?!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали си спасен?!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 9>
Автор
Порака
VasilK Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 27
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај VasilK Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Дали си спасен?!
    Испратена: 22.Март.2010 во 01:05
Здраво драги трагачи на вистината!

Пред некое време на YouTube се појави едно предавање, преведено/титлувано на македонски со тема: „Дали си спасен?!“

Топло ви го препорачувам да го изгледате и би сакал да го слушнам и вашете мислење на истото прашање - како можеш да знаеш дека си спасен?!

>> Видео: How Do You Know You Are Saved? by Paul Washer (macedonian) <<

Вистина, вистина ви велам: кој го слуша словото Мое и верува во Оној Кој Ме пратил, има живот вечен и нема да дојде на суд, туку преминал од смрт во живот.
- Христос во Евангелие по Јован 5:24

Ние знаеме дека преминавме од смрт во живот, бидејќи ги љубиме браќата свои; оној што не го љуби братот свој, тој останува во смртта.
- 1 Јовaново 3:14

Нека Господ нè води по Неговиот пат и пред сè, нека нè благослови со бесценетото спасение!

Божји благослов!
ВасилК
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2010 во 18:09

Kako moze da znaeme deka sme spaseni?

Ne e tocno toa " Ednas spasen-zasekogas spasen" sto propagiraat mnogu Hristijanski vernici.

Toa ne e bibliski stav.

Ke citiram nekolku bibliski stihovi :

"А кој ќе издржи до крај, ќе биде спасен." (МАТЕЈ 24:13)

"Затоа, возљубени мои, како што секогаш бевте послушни, не само кога сум при вас, туку уште повеќе сега, кога не сум при вас, изработувајте го своето спасение " (ФИЛИПЈАНИТЕ 2:12)

Ниту да Го искушуваме Господа, како што Го искушуваа некои од нив, и загинаа од змии.

Ниту роптајте, како што роптаа некои од нив, и загинаа од истребителот!

А сè тоа им се случи за пример, и е напишано за поука нам, врз кои дојдоа краевите на времињата.
                                 
И така, кој мисли дека стои, нека внимава да не падне! 1 КОРИНТЈАНИТЕ 10:9-12)

"Зашто ова е љубовта Божја: да ги исполнуваме Неговите заповеди; а Неговите заповеди не се тешки"(1ЈОВАНOBO 5:3)


"Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела? Може ли верата да го спаси?

Ако некој брат или сестра се голи и без секојдневната храна,

па некој од вас им рече: „Одете си во мир, стоплете се и наситете се!” а не им даде она, што им е потребно за телото, каква е ползата?

Така и верата: ако нема дела, мртва е сама по себе."
(ЈАКОВ 2:14-16)


Spasenieto e dar od BOGA. Toa ne moze da se zasluzi so covecki zaslugi. Megjutoa, samoto veruvanje ako nemame dela e bezvredno vo Bozji oci.

Sekoj sto veruva vo BOG iskreno , kje ima i dela na poslusnost sprema Bozjite zapovedi, koi ne se teski.

Spasenieto moze da se zagubi, ako ne se pocituvaat Bozjite zapovedi. Ne e dovolno samo da kazeme: Jas veruvam vo BOG i sum spasen!

I Gavolot i demonite ( besovite) znae deka BOG postoi ama ne se spaseni.



"Ти веруваш дека има само еден Бог. Добро правиш; и бесовите веруваат и треперат. Сакаш ли пак да сознаеш, суетни човеку, дека верата без дела е мртва?

( JAKOB 2:19,20)

Кон врв
NikBT90 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NikBT90 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2010 во 19:39
Така е и јас се сложувам. Значи ако веруваш во Бог, тогаш ќе го почитуваш неговото писмо и нема да правиш ништо што е спротино на тоа.

Целото писно, Библијата не е напишано без причина, туку тоа е за сите нас, да се движиме кон верара, кон спасението, кон вистинскиот пат кој нема да не доведе до ќорсокак.

Иако наизглед изгледа тешко, но сепак не е. Ѓаволот и луѓето се ќе направат за да го оддалечат човек од вистината а со тоа да се негира постоењето на Бог.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2010 во 20:07
Originally posted by NikBT90 NikBT90 напиша:

Така е и јас се сложувам. Значи ако веруваш во Бог, тогаш ќе го почитуваш неговото писмо и нема да правиш ништо што е спротино на тоа.

Целото писно, Библијата не е напишано без причина, туку тоа е за сите нас, да се движиме кон верара, кон спасението, кон вистинскиот пат кој нема да не доведе до ќорсокак.

Иако наизглед изгледа тешко, но сепак не е. Ѓаволот и луѓето се ќе направат за да го оддалечат човек од вистината а со тоа да се негира постоењето на Бог.


AMIN!
Кон врв
VasilK Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 27
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај VasilK Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 00:48
Здраво!

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Kako moze da znaeme deka sme spaseni?

Ne e tocno toa " Ednas spasen-zasekogas spasen" sto propagiraat mnogu Hristijanski vernici.

Toa ne e bibliski stav.

Ke citiram nekolku bibliski stihovi :

Мислам дека се согласуваме дека верата, само по себе, ако не раѓа дела и ако не е поткрепена со љубов, е мртва вера - вера што не спасува... т.е. е невера. Сепак, јас верувам дека верата во Господ Исус Христос, спасоносната вера која раѓа и дела, ако е вистинска ќе биде и трајна и ќе нè донесе до спасение.

За тоа, може да прочитаме и тука:

„Но не се плашиме и сакаме што поскоро да го напуштиме телото и да се прибереме кај Господ.“ - 2 Коринќаните 5:8

„Зашто, ако со устата исповедаш дека Исус е Господ и во срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш; бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение. А и Писмото вели: „Секој кој верува во Него, нема да се посрами.” - Римјаните 10:9-11

„А секој што верува во Него да не загине, но да има живот вечен. Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот. Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. Кој верува во Него - нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Син Божји.“ - Јован 3:15-18

„А што би можеле да кажеме дека добил нашиот прататко по тело Авраам? Зашто ако Авраам се оправдал со дела, тој заслужува пофалба, но не пред Бога. Впрочем што вели Писмото? - „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се сметаше за праведност.” На оној што работи, платата му следува не по милост, туку по долг. Напротив, оному, кој не работи, а верува во Оној Кој го оправдува безбожникот, верата му се смета за праведност.“ - Римјаните 4:1-5

„Знаеме исто така дека Синот Божји дојде и ни даде светлина и разум, за да Го познаеме вистинскиот Бог; и ние пребиваме во вистинскиот Бог - Неговиот Син Исус Христос. Тој е вистински Бог и живот вечен.“ - 1 Јованово 5:20

„А притоа дојде и Законот за да се наголеми престапот. Каде што, пак, се намножи гревот, таму благодатта се јавува во голема изобилност, та, како што гревот завладеал со смртта, така и благодатта да завладее преку праведноста за живот вечен, преку Исус Христос, нашиот Господ.“ - Римјаните 5:20-21

„Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги познавам; и тие одат по Мене, и Јас ќе им дадам вечен живот; и никогаш нема да загинат; и никој не ќе ги истргне од раката Моја.“ - Исус во Јован 10:27-28

„Зашто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас - туку дар Божји! Не е од дела, за да не се пофали некој.“ - Ефешаните 2:8-9

И во контекст на темата, еве еден интересен дел од првото Јованово послание:

„Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Синот Божји, за да знаете дека имате живот вечен и да верувате во името на Синот Божји.“ - 1 Јованово 5:13

Значи, еве еден тест што може да направиме и да провериме каква вера имаме: да го прочитаме 1вото Јованово послание и да видиме каде сме ние.

Originally posted by NikBT90 NikBT90 напиша:

Така е и јас се сложувам.

Се сложуваш со кој дел?


Поздрав и Божји благослов!
ВасилК

Изменето од VasilK - 24.Март.2010 во 00:49
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 01:03

Vasil, eve edno otvoreno prasanje do tebe : Dali ti si spasen?


P.S. Izvini sto sum tolku direkten. Me interesira tvojot odgovor i mislenje za ovaa tema sto ja otvori.

Pozdrav i Bozji blagoslov!
Кон врв
VasilK Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 27
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај VasilK Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 02:02
Добра вечер!

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


Vasil, eve edno otvoreno prasanje do tebe : Dali ti si spasen?

Да KingDavid, јас верувам дека сум спасен и како што вели Апостол Павле:

„Поради тоа примете го сето оружје Божјо, за да можете да се браните во лош ден, та, откако ќе победите, да се одржите. И така стојте, откако ќе се опашете со вистината и ќе се облечете во оклопот на праведноста, и нозете да ви бидат обуени во подготвеност за да благовестите мир. А над сè, земете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги изгаснете сите вжештени стрели на лукавиот;земете го и шлемот на спасението и духовниот меч, кој е словото Божјо!“ - Ефешаните 6:13-17

Знаењето и увереноста дека Господ Исус Христос го плати мојот долг, дека ми е простено заради Неговата жртва на крстот и дека еден ден ќе бидам со Него, ми е едно од најмоќното „оружје Божјо“.

Секојдневно му благодарам за тој дар!

Поздрав!
В.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 12:02
Originally posted by VasilK VasilK напиша:


Да KingDavid, јас верувам дека сум спасен и како што вели Апостол Павле:

„Поради тоа примете го сето оружје Божјо, за да можете да се браните во лош ден, та, откако ќе победите, да се одржите. И така стојте, откако ќе се опашете со вистината и ќе се облечете во оклопот на праведноста, и нозете да ви бидат обуени во подготвеност за да благовестите мир. А над сè, земете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги изгаснете сите вжештени стрели на лукавиот;земете го и шлемот на спасението и духовниот меч, кој е словото Божјо!“ - Ефешаните 6:13-17


Е сега веќе се иде во сржта на протенстантизмот

Како прво, толкувањето на овој стих како што си го сфатил погоре е доста дискутабилно.Ако си веќе спасен зошто би имал потреба да се бориш?!(алудирам на стихот од посланието кон ефесјаните).

Originally posted by VasilK VasilK напиша:

Знаењето и увереноста дека Господ Исус Христос го плати мојот долг, дека ми е простено заради Неговата жртва на крстот..


До тука се согласувам со тебе

Originally posted by VasilK VasilK напиша:

и дека еден ден ќе бидам со Него, ми е едно од најмоќното „оружје Божјо“.


Е тука веќе не се согласувам! Значи стихот од посланијата на светиот апостол Павле си е ОК.
Твое толкување на целта не е баш ОК и заклучокот ептен не е ОК!

Ако се согласиме дека без Христос нема спасение сепак еве имаме луѓе кои го призиваат и признаваат Христос за спасител а сепак се разликувата меѓу себе?
И што е најстаршни дури и ДЕМОНИТЕ го знаат Христа(јаков 2,19)па не им помага тоа за нивно покајание или спаение.
А капак не се и тоа што самиот Христос рекол дека не секој што ми вели Господи Господи ќе влезе во царството небесно(Матеј 7,21).

И сега што правиме?!

Знам дека ти може сега да ме бомбардираш со стихови од новиот завет како потврда за тоа дека си спасен но пак тука ќе ги споманам демоните.
Во дела апостолски еден демон вели:

15 Но лошиот дух во одговор им рече: „Го познавам Исуса и Павле го знам,
16 но кои сте вие?”

или пак кога демонот од устата на слугинката им објавувал на филипјаните

17 Таа одеше по Павла и по нас, викајќи: „Овие луѓе се слуги на Сèвишниот Бог; кои ни проповедаат пат на спасение.”

Значи демоните ЗНААТ дека луѓето се искупени со Крвта Христова и самите со треперење и верувата во тоа но каква им е користа од таа вера? НИКАКВА!
А зошто? па затоа што самата вера не дава спасение ,не не соединува со Христа.
Така да освен верата во Христа потребно е и нешто друго а тоа е заедница со ЦРКВАТА ХРИСТОВА.

Без тоа протенстантизмот изгледа како некој човек што многу му ја фали водата на некој кој умира од жед али кога ќе му рече жедниот дај ми од таа вода, тој му вели абе види сега тоа е само симболично,јас НЕМАМ ВОДА да ти дадам но знам многу за истата таа вода и затоа и ти ја фалам толку!
И на крај ќе умре човекот од жед.
Му помогна ли на жедниот тоа што ептен се дознал за водата а истовремено да не ја проба?!




Изменето од ahmar1 - 24.Март.2010 во 15:07
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 21:29
Originally posted by VasilK VasilK напиша:

Добра вечер!

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


Vasil, eve edno otvoreno prasanje do tebe : Dali ti si spasen?

Да KingDavid, јас верувам дека сум спасен и како што вели Апостол Павле:

„Поради тоа примете го сето оружје Божјо, за да можете да се браните во лош ден, та, откако ќе победите, да се одржите. И така стојте, откако ќе се опашете со вистината и ќе се облечете во оклопот на праведноста, и нозете да ви бидат обуени во подготвеност за да благовестите мир. А над сè, земете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги изгаснете сите вжештени стрели на лукавиот;земете го и шлемот на спасението и духовниот меч, кој е словото Божјо!“ - Ефешаните 6:13-17

Знаењето и увереноста дека Господ Исус Христос го плати мојот долг, дека ми е простено заради Неговата жртва на крстот и дека еден ден ќе бидам со Него, ми е едно од најмоќното „оружје Божјо“.

Секојдневно му благодарам за тој дар!

Поздрав!
В.



VasilK, dali veruvas deka spasenieto moze da se zagubi ili razmisluvas kako nekoi Hristijani "Ednas spasen-zasekogas spasen"


Pozdrav do tebe!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2010 во 01:06
Не секој што вели „Господи Господи“ е спасен. Но оние што вистински се спасени, тие не можат да го загубат спасението.
Оние кои го "изгубиле" спасението, всушност не биле никогаш спасени, туку како што вели апостол Јован: „Од нас излегоа, но не беа од нас, зашто ако беа од нас, ќе останеа со нас, туку требаше да се покаже дека не се сите од нас.“ (1 Јованово 2:19)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2010 во 01:21
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Не секој што вели „Господи Господи“ е спасен. Но оние што вистински се спасени, тие не можат да го загубат спасението.Оние кои го "изгубиле" спасението, всушност не биле никогаш спасени, туку како што вели апостол Јован: „Од нас излегоа, но не беа од нас, зашто ако беа од нас, ќе останеа со нас, туку требаше да се покаже дека не се сите од нас.“ (1 Јованово 2:19)


A kako gi objasnuvas ovie stihovi brate Evangelos?

"А кој ќе издржи до крај, ќе биде спасен." (МАТЕЈ 24:13)

"Затоа, возљубени мои, како што секогаш бевте послушни, не само кога сум при вас, туку уште повеќе сега, кога не сум при вас, изработувајте го своето спасение " (ФИЛИПЈАНИТЕ 2:12)

Ниту да Го искушуваме Господа, како што Го искушуваа некои од нив, и загинаа од змии.

Ниту роптајте, како што роптаа некои од нив, и загинаа од истребителот!

А сè тоа им се случи за пример, и е напишано за поука нам, врз кои дојдоа краевите на времињата.
                                 
И така, кој мисли дека стои, нека внимава да не падне! 1 КОРИНТЈАНИТЕ 10:9-12)

"Зашто ова е љубовта Божја: да ги исполнуваме Неговите заповеди; а Неговите заповеди не се тешки"(1ЈОВАНOBO 5:3)


"Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела? Може ли верата да го спаси?

Ако некој брат или сестра се голи и без секојдневната храна,

па некој од вас им рече: „Одете си во мир, стоплете се и наситете се!” а не им даде она, што им е потребно за телото, каква е ползата?

Така и верата: ако нема дела, мртва е сама по себе."
(ЈАКОВ 2:14-16)
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2010 во 02:48
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:



A kako gi objasnuvas ovie stihovi brate Evangelos?

"А кој ќе издржи до крај, ќе биде спасен." (МАТЕЈ 24:13)


Тие што ќе издржат до крај, тоа се спасените. Тие биле спасени уште пред невољите, уште пред искушенијата, но нивното вистинско спасение дошло до израз откако биле испитани во оган. Оние кои глумеле дека се спасени, паднале на тестот - не издржале до крај.
Не секој што вели дека влегол низ тесната врата навистина влегол низ неа. Само оние што чекорат по тесниот пат навистина влегле и низ тесната врата.

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


"Затоа, возљубени мои, како што секогаш бевте послушни, не само кога сум при вас, туку уште повеќе сега, кога не сум при вас, изработувајте го своето спасение " (ФИЛИПЈАНИТЕ 2:12)


Работете на своето спасение.  Оние што сеуште не се спасени т.е. не се покајале и не го предале животот на Христос, треба да го направат тоа, а оние кои веќе го направиле тоа и се спасени, да се стремат кон совршенство, кон светост, но и да се преиспитуваат дали навистина се спасени. Тоа е моето мислење.
Не верувам дека Павле овде зборува за доживотно градење на спасението и евентуално (несигурно) добивање на крајот од животот. Ова би било спротивно на неговата увереност на своето сопствено спасение за кое што збори едно поглавје пред посочениот стих:

„Зашто за мене живот е Христос, а умирањето - придобивка. Но ако и натаму живеам во телото, тоа за мене значи: плодна работа - и не знам што да изберам. Притиснат сум од две страни: имам желба да си отидам и да бидам со Христа, што е далеку подобро,“ (Павле во Филипјаните 1:21,23)
 
Како што гледаме од овие стихови, Павле бил сосема уверен во своето спасение и со сигурност знаел дека по смртта ќе оди кај Христос.

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


Ниту да Го искушуваме Господа, како што Го искушуваа некои од нив, и загинаа од змии.
Ниту роптајте, како што роптаа некои од нив, и загинаа од истребителот!
А сè тоа им се случи за пример, и е напишано за поука нам, врз кои дојдоа краевите на времињата.
И така, кој мисли дека стои, нека внимава да не падне! 1 КОРИНТЈАНИТЕ 10:9-12)
              

Ако некој упорно го искушува или упорно ропта против Бог и притоа отпадне од верата, тоа е знак дека не бил воопшто нановороден христијанин т.е. не бил воопшто спасен.
Искрениот верник и да падне, Бог ќе го крене (пр. апостол Петар). Но доколку лажниот верник падне, неговото паѓање е пропаѓање (пр. Јуда Искариот).

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


"Зашто ова е љубовта Божја: да ги исполнуваме Неговите заповеди; а Неговите заповеди не се тешки"(1ЈОВАНOBO 5:3)


За лажниот верник Божјите заповеди се претешки, но за вистинскиот верник не се и тој/таа ги прави, не од страв од пеколот, туку инспириран од љубовта кон Бог.

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


"Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела? Може ли верата да го спаси?

Ако некој брат или сестра се голи и без секојдневната храна,

па некој од вас им рече: „Одете си во мир, стоплете се и наситете се!” а не им даде она, што им е потребно за телото, каква е ползата?

Така и верата: ако нема дела, мртва е сама по себе."
(ЈАКОВ 2:14-16)


Лажниот верник поседува мртва вера од која не произлегуваат дела. Од искрената вера на вистинскиот верник произлегуваат дела. Значи веќе спасениот прави добри дела кои се потврда на неговата искрена спасителна вера. Но тоа не значи дека делата го спасуваат. Делата се само видлив доказ дека тој е веќе спасен.

Оној што навистина верува во Исус и што му го предал својот живот Нему, тој добива нова природа од која произлегуваат добрите дела како плод на Светиот Дух. Нам ни е заповедано да се љубиме, но дури и самата љубов не е наше дело, туку е плод на Светиот Дух во нас, така што преку Божјата љубов ние ги љубиме нашите ближни. Значи, кај вистинскиот верник, дури и добрите дела не се негово дело. Се е дело на Бог, и нашето спасение, и нашето новораѓање, и нашето осветување и усовршување. Се разбира овде зборувам за некој кој му го има предадено целосно животот на Бог - како што вели Павле: „Со Христа сум распнат на крстот; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене“(Гал. 2:20).
Значи ако некој се откаже од својот егоцентричен живот (симболично се распне со Христос), тој веќе не живее за себе, туку Христос живее во него. Оттаму, тој не може да отпадне од верата, затоа што тој е распнат т.е. мртов., а мртвите не можат да направам таква одлука. Во таквиот човек живее Христос, а Христос не може да се одрече сам од себе.

„Но не радувајте се на тоа, дека духовите ви се покоруваат, туку радувајте се, дека вашите имиња се запишани на небесата!“ (Исус во Лука 10:20)

Зарем може човек да се радува доколку знае дека во секој момент Бог може да го избрише од книгата на животот? Не. Зарем би се радувал ти ако знаеш дека твоето име е запишано на небото, ама тоа не значи и дека ти ќе бидеш таму еден ден со сигурност - освен ако не го заработиш своето спасение? Не.
Радоста е разумна доколку човек знае дека има жителство на Небото, дококу знае дека еден ден сигурно ќе биде со Христос.

Поздрав!
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2010 во 13:33
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Оние кои го "изгубиле" спасението, всушност не биле никогаш спасени, туку како што вели апостол Јован: „Од нас излегоа, но не беа од нас, зашто ако беа од нас, ќе останеа со нас, туку требаше да се покаже дека не се сите од нас.“ (1 Јованово 2:19)


Просто сум останат без зборови по ова речиси ПЕРВЕРЗНО толкување на Светото Писмо.

Инаку стиховите од јовановото послание се однесуваат на ЕРЕТИЦИТЕ "кои излегоа од нас но не беа од нас",а никако дека имало "привидно" и "реално" спасени.
И најголем еретик ако се покае и се откаже од својата ерес може да се поврати кон Светата Црква чија глава е Христос.
Нема грев кој може да го одалечи неповратно човекот од Бога(освен самоубиството).

Ова што го вели Василик и Евангелосе просто СМРДИ НА ВЕРА ВО ПРЕДЕСТИНАЦИЈА.Која е се само не Христијанска.

Од православна гледна точка ако некој грешник си умислил дека е спасен без разлика на се, е прелест над прелестите!И што е најбитно, гледано од искуството на Црквата, може и само со една мисла на смртната постела некој да си го прокоцка спасението.

Како што се вели во житијата..
Некој разбојник дошол во близина на некој манастир каде на смртна постела било игуманот кој сите го почитувале како светител.Трогнат од целата таа атмосфера и секако од Божјата милост разбојникот се покајал и му пристапил на игуманот со зборовите што треба да направам за да се спасам и игуманот му рекол- гледај да бидеш како мене(!!!)и умрел а разбојникот се покајал и во молитва и он умрел по некое време.

Поуката е дека игуманот со една единствена ВИСОКОУМНА реченица сериозно си го загрозил своето спасение, додека разбојникот кој цел живот грешел сепак на крајот умрел во покајание.
Значи НЕМА Предистинација и самите сме одговорни за тоа дали ќе прифатиме да бидеме со Бога или не.
И согласно со тоа да ги трпиме последиците од таа наша одлука.






Изменето од ahmar1 - 25.Март.2010 во 13:35
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
VasilK Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 27
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај VasilK Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2010 во 14:54
Добар ден!

Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

А зошто? па затоа што самата вера не дава спасение ,не не соединува со Христа.
Така да освен верата во Христа потребно е и нешто друго а тоа е заедница со ЦРКВАТА ХРИСТОВА.

ahmar1, ако добро те разбрав, за да некој биде спасен, треба да верува во Исус (но тоа, самото по себе, не е доволно) И да биде во заедница со ЦРКВАТА ХРИСТОВА, така?

Дали тоа значи, дека ти веруваш дека Црквата е таа која спасува?

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

VasilK, dali veruvas deka spasenieto moze da se zagubi ili razmisluvas kako nekoi Hristijani "Ednas spasen-zasekogas spasen"

А Јудејците Го опколија и Му рекоа: „До кога ќе ги мачиш нашите души? Ако си Ти Христос, кажи ни отворено!” Исус им одговори: „Ви реков, и не верувате. Делата што ги вршам Јас во името на Мојот Отец, тие сведочат за Мене. Но вие не верувате, бидејќи не сте од Моите овци, како што ви реков. Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги познавам; и тие одат по Мене, и Јас ќе им дадам вечен живот; и никогаш нема да загинат; и никој не ќе ги истргне од раката Моја. Мојот Отец, што Ми ги даде, е поголем од сите; и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Отец. Јас и Отецот сме едно.” - Јован 10:24-30

KINGDAVID, јас верувам дека ако некој е сапсен, т.е. нановороден христијанин, кој се покајал за своите минати гревови и го променил начинот на живот, кој го добил и е раководен под Светиот Дух, тој е спасен еднаш за секогаш по милоста на Господ и никој не може да го грабрне од раката на Отецот.

Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Ова што го вели ВасилK и Евангелосе просто СМРДИ НА ВЕРА ВО ПРЕДЕСТИНАЦИЈА.Која е се само не Христијанска.

ahmar1, жал ми е што така остро судиш и мислиш дека имам вера која не е од Христос, а многу малку ме познаваш.

Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Од православна гледна точка ако некој грешник си умислил дека е спасен без разлика на се, е прелест над прелестите!И што е најбитно, гледано од искуството на Црквата, може и само со една мисла на смртната постела некој да си го прокоцка спасението.

ahmar1, а кој е тој, што се вратил од другата страна за да каже дека го прокоцкал своето спасение и да ја потврди оваа теза?


За крај, луѓе, тука многу читам за правење добри дела и за спасување поради правење добри дела, но за жал, многу малку читам дека се прават добри дела. Може ли да се договориме некој ден, да се собереме, да се видиме и да се договориме да направиме нешто за ова наше општество: тука имаме многу угнетени и обесправени лица, сиромашни и питачи, мажи и жени кои работат во фабрики без да им се плаќаат придонеси и без да им се платат прекувремени часови работа... има многу страдалници - ајде да се потрудиме да направиме нешто - да ги направиме добрите дела за кои само се зборува.


Поздрав и божји благослов!
Васил

Изменето од VasilK - 25.Март.2010 во 14:55
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.