IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Како се добива ХИВ-СИДА?!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Како се добива ХИВ-СИДА?!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
Автор
Порака
IggyK Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 58
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај IggyK Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 18:27
Originally posted by Monuska Monuska напиша:

Можеш да се заразиш со ХИВ и преку орален секс.


Да, има можност човек да се зарази со ХИВ и преку орален секс, но шансите за тоа се многу мали.
За да се посомневаме за евентуално заразување со ХИВ преку орален секс треба да ги имаме на ум ризичните фактори: афта во устата, непце кое крвави.
За да се случи заразувањето треба ХИВ+ секрет како крв, спермата, вагиналните течности, предсемената течност да попаднат на раскрвавени места во устата на ХИВ- партнер. Мал е процентот за можноста да се случи, но сепак постои ризик.
Строго препорачливо е при наод на афта (раничка) во устата, крававење на непцата или некој друг извор на крвен секрет од усната шуплина да не се прави орален секс на партнерот/партнерката бидејќи тоа значајно го зголемува ризикот за инфицирање со ХИБ.
Во случај да се сомневаме во нешто. Еден брз ХИВ тест ќе не направи поспокојни.
Кон врв
Avatar23 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 36
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Avatar23 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2010 во 10:15
МОНОГАМИЈА. Секогаш е ИН.
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 17:02
Што да кажам за сидата?
Ауу па да... ја уништи голема%20насмевка Африка... и така...
Американците и Русите си ја префрлуваат одговорноста... а усвари заедно соработувале...
и то.
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2013 во 23:02
Originally posted by Antiqua Antiqua напиша:

ИСПОВЕД НА ХИВ-ПОЗИТИВНИОТ СТОЈАН КОНЕВ ОД ПРИЛЕП
Сидата му ја зеде фамилијата, државата - станот

Стојан Конев од Прилеп, единствениот ХИВ-позитивен во земјава, кој јавно проговори за сидата поради која го изгуби семејството, вели дека ќе остане и без станот во кој живее, ако не му плати 10.000 евра на ЈП за стопанисување станбен и деловен простор.

- Ќе ме направат бездомник. Уште еден живот да имам, јас тие пари не можам да ги соберам за станот, кој е од солидарните, а и мене од платата ми одбиваа за нив. Ќе спијам по улици, бидејќи немам каде да одам. До денеска ништо не е сменето, иако поминаа 15 години откако дознав дека сум ХИВ-позитивен. Отфрлен сум од роднините и од сограѓаните. Леб и друго што ми треба купувам само од една продавница - раскажува Стојан, кој учествуваше на Првата регионална конференција за ХИВ/сида за земјите од Западен Балкан.

ХИВ-вирусот кај него бил откриен во 1993 година, а до денес болеста не е развиена. Стојан вели дека се уште не може да ги прежали двете деца и сопругата. Тие починале од сида - сопругата во 1991 година, а децата во 1995 и 1996 година.

Тој со години не оди на работа. Од јавната установа во која порано работел прима 5.000 денари месечно и живее осамен.

- Никој ме нејќе откако здравствените работници од Прилеп први јавно кажаа дека јас сум ХИВ-позитивен. И самиот се повлеков. Ако сакаме да седнеме заедно во кафеана, нема ниту вас да ве примат поради мене. Опстанувам благодарение на помошта од невладиниот сектор. Само да можам барем со некој сосед да разговарам. Немам ниту телефон. Барав од телекомот да ме приклучат, доволни се само две жици, но ми рекоа "не може, има технички проблем". Телевизорот што пред две години го добив како подарок не можам да го пуштам. Не го разбирам упатството, кое е на англиски. Сега на конференцијата договорив со претставници од една организација да ми помогнат со телевизорот - раскажува Стојан.

Тој не бил на лекар девет години, а не прима ниту антиретровирусна терапија.

- Кога ќе почнам со терапија, мора дури сум жив да ги примам лековите. Одам кај матичниот лекар кога ми треба упат за Скопје, а лекови купувам од приватни аптеки. Не ме боли ниту глава, а не ме фаќаат други вируси, настинки. Се чувам од тоа. Ми пломбираа заб во Клиничкиот центар. Тие знаат за дијагнозата, си ставија заштитни средства, иако јас не морам да кажам од што сум болен. Но тие мора да се заштитат - предупредува Стојан.

Тој не се кае што јавно проговорил за болеста. Смета дека нема доволно информации за ХИВ/сидата.

- Трибините не се доволни. Треба постојано да се зборува за опасноста од сидата преку медиумите, во училиштата. Здравствените работници мора да се вклучат во информирањето на населението - вели Конев.

Зимата е на прагот, а Стојан е без греење и годинава.

- Не можам да се греам на струја, бидејќи за тоа ми требаат 3.000 денари месечно. Барем тогаш некој да ми се најде, за да можам да го поминам студот и за да не ме фатат други вируси. Барав помош од Електростопанство од Прилеп, но ми одговорија дека тие не се социјална установа - вели Конев.

Националната координаторка за ХИВ/сида, д-р Весна Велиќ-Стефановска, изјави дека "заканата или плати или ќе ти го одземеме станот значи дека сега некој е подготвен и да живее во станот на Стојан, а до пред неколку години само со ливчиња комуницираа со него".

- Значи дека нешто почнало да се менува во односот на луѓето спрема болеста. И на Стојан и на другите ХИВ-позитивни им се нуди антиретровирусна терапија, која ја обезбедува државата. Не смееме да си дозволиме, кога дојдовме до овој степен, да дојде во прашање снабдувањето со тие лекови - предупреди д-р Велиќ.

На конференцијата беше речено дека сите девет лица што годинава се регистрирани како ХИВ-позитивни во Македонија вирусот го добиле од контакти во земјава.

Што бидна со човеков, како да го загледав деновиве збунетост
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 21:16
Дали е ова лекот? Уште двајца мажи излечени од ХИВ

Докторите со резерва зборуваат за потполното лечење на двајцата мажи, но две години по трансплантацијата на коскена срж, во нивното тело нема никакви знаци на ХИВ.

"Сите знаат за берлинскиот пациент. Сакавме да видиме дали може поедноставното лечење да ги има истите резултати", рекол Даниел К*ритзкес.

Пациентите заболени од AIDS подложени се на болести од рак, па престануваат да ги земаат лековите за ХИВ пред да почнат со лечењето на ракот.

"Тоа му помага на вирусот да се врати во нивното тело и да ги нападне донаторските клетки", додава Даниел. 

Околу 34 милиони луѓе се заразени со ХИВ вирусот кој предизвикува AIDS. А, oд AIDS до сега починале 25 милиони лица. Не постои вакцина против овој вирус, но коктел лекот наречен антиретровирална терапија може до некаде да го контролира вирусот и да го одржува здравјето на пациентот. 

Но, без разлика колку долго и да ја користат терапијата, пациентите не се излечени. Научниците се обидуваат да го откријат начинот како трајно да го отстранат вирусот од телото. Овие тројца мажи ни даваат надеж дека би можел да биде пронајден лекот против ХИВ.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2014 во 17:56

За само 5 месеци нови 17 заразени со ХИВ/СИДА во Македонија – сите се мажи


Oд почетокот на годинава досега вирусот ХИВ е потврден кај нови 17 лица, а сите се мажи. Повеќето од новоинфицираните го добиле вирусот преку секс со мажи, а помал е бројот на лица што се заразиле преку хетеросексуален пат, потврдува Националниот координатор за борба со ХИВ/сида, д-р Ѕвонко Миленковиќ, пишува Дневник.

hiv sidaРечиси сите лица што се носители на ХИВ, а ги има 83, меѓу кои се и новите случаи, примаат антиретровирусна терапија на Kлиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Меѓу нив е и едногодишно дете, на кое вирусот му го пренела неговата мајка во бременоста, а претходно во семејството не ни знаеле дека таа е носител на опасниот вирус.

На прашањето колку смртоносниот вирус може да се држи под контрола со примање АРВ терапија и со тоа да се одложи појавата на болеста, д-р Миленковиќ, кој е и директор на Kлиниката, тврди:

- Ако навреме се препознае инфекцијата и ако навреме се почне со ефикасни лекови и лицето оди на редовни контроли, смртноста кај овие лица е сведена речиси на нула и должината на животот може да се изедначи со таа кај лицата што немаат ХИВ/сида.

Освен во центрите и Институтот за јавно здравје, и во Kлиниката се врши тестирање на ХИВ/сида со три вида тестови.

- Тестирањето за ХИВ/сида е бесплатно, доброволно и доверливо и се препорачува задолжително да се проверат сите што имале ризично однесување. ХИВ-статусот е многу битен за што порано да се почне со неопходната терапија. Kај нас работи и советувалиштето каде што цел тим лекари се грижат за тоа како да му биде соопштен позитивниот ХИВ-статус на лицето што се тестирало – додава д-р Миленковиќ.

До април годинава ХИВ беше откриен кај 11 лица. Сите се мажи, а осуммина го добиле вирусот преку секс со мажи.

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.