|
Ваша поезија |
Внеси реплика | страница <1 127128129130131 146> |
Автор | |
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога Јас не сум Јас
Спокојот на сивите сонца… Се изгубив во нивниот молчелив залез. Погледни го моево тело. Нема ништо на него што може да биде разбрано. Очиве ги нарекле очи, зошто и тие со нив гледаат. Солзиве ги нарекле солзи зошто и тие со нив плачат. А немаме ништо заедничко… Знаеш ли колку зборови пресушија за да го направат ова пусто корито од песни? Одглас на луда месечина во овој шарен пејсаж од празни срца. Не знам каде припаѓам. Понекогаш мислам дека е залудно дури и тоа што сме залудни… Шарена пеперуга ми слетува на показалецот и ветувам дека душава ќе ги надлета сите врвови… Е оние онде… Догледуваш ли? Заборавам… Некој огласил душа за продавање во дневниот весник. Засега, одбивам да ја копам бездната во која одлучив да се скршам. Секој тежи на нечии гранки. Јас на своите. |
|
marinija
Нов член Регистриран: 07.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 11 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од далечина те следам,
во мислите те гледам, замислувам нешто убаво и сјајно, те замислувам тебе, моја голема тајно. Дали ме гледаш или само лажен поглед ми праќаш, дали ме сакаш или само лажна надеж ми даваш. |
|
Party Girl
Група Регистриран: 28.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 58 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас сум старомодна цура
Сакам приземни куќи со крастави ѕидови Со дворови преполни со старудии, Наместо облакодери и апартмани Во кои се будам и спијам. Цвеќиња во прозорите и во тенџериња на туфни Повеќе сакам од имитации, од вештачки... Јас сум старомодна цура Што повеќе сака веспи од автомобили. Трескање на трамваи и клокотење на парни локомотиви, Повеќе од татнежите на млазните авиони. Патчиња наместо авении и булевари, По кои моите штикли одекнуваат. Јас сум старомодна цура Што сака мирис на испрани алишта Кого ветерот го дува Во моето лице, преку мојот нос И се она што вее од претходниот живот. Јас сум старомодна цура Сеуште слушам лонгплејки и типкам Оливети, Зборувам, благодарам, извинете, молам Сакам фраерот да ми ја запали цигарата Отвори вратата, придржи палтото, принесе столчето Да ме соблекува крпче по крпче. Јас сум старомодна цура Што сака кич сцени со залез на сонцето, Модни журнали и семејни албуми, Од друштвени игри „фаќање“ единствено разбирам. Јас сум старомодна цура Не шврљам и не скитам било каде Дома дремам цел ден Како глинен ќуп што се суши на промаја Самотија и задоволства, Мамурна од сништа. Јас сум старомодна цура За љубовта и страста малку нешта знам Вдовица родена со девствено срце, Под чии нозе животот испарува Како пареа од шахта Која ја заобикулувам со брзи чекори. Јас сум старомодна цура Не купувам на попуст Ни насмевки ни свила. Не носам мини сукњи и деколтеа, Тоа би било лесно оружје за некој Кој е со намера да освојува без... Јас сум старомодна цура Што се вари во сопствениот лонец Од марката сакам - не сакам. Како кучка самата си ги лижам раните, Да умрам наскоро нема. Јас сум старомодна цура Не пцујам, не зановетам, нити пак беснеам, Можете да ме мачкате на лебче. Но со медот секогаш се добива и малку отров, Љубов во смртни дози. Јас сум старомодна цура Ме стегаш како нови чевли Кои морам да ги изујам, променам, За еден удобен како патики Или разгазен како сандалите на сосетката. Јас сум старомодна цура Добра кон мажите, Како кон оние што се плашат од темнина, Во лифтот или подземниот пешачки премин. Со нив сакам да одам на кино И да гледам нови филмови на стар начин, Од последниот ред на полутемнината во киното Додека избраните ми пикаат рака под здолништето. Јас сум старомодна цура Древна како Картагина, Минимално оштетена од забот на времето. Музејски примерок што го нема на аукцијата. Пипкањето не е дозволено. Земи или остави. Изменето од Party Girl - 09.Април.2010 во 08:29 |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никогаш нема да имаш се’Ако заминам, ќе остане ли некој да им дава правец на твоите стапки и да измислува тишина кога светот зуи, за да заспиеш? Чинам, ги потрошив сите умирања…. Морам да тргнам. Ги расчистив долговите со земјата, се помирив со пропуштените зајдисонца… Oдам…Итам…Летам… Кон ливада што виси падната меѓу ѕвездите, спружена на боја потемна од црната, затворена со безграничност, во која уморни друиди бараат волшебна напивка за умирање… Таа ме чека со подготвени реплики и живот испланиран за моите идни две милиони срцебиења. Допирите собирани во картонско кутивче, безосетно и’ го поткреваат здолништето… Таму водам љубов со некоја што има се’ твое, а е посиромашна за се’ што си имала ти… |
|
Stojadin Lord
Сениор Регистриран: 30.Јуни.2008 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ja s'm ovcar stari,
s's opinke svet s'm proso, nemam para, srebra, zlata, nemam knjige ni vanzemske slike. Kuca mi je mala, hvala Bogu sasvim zdrava, u njoj za sve ima mesto kozice i ovce su mi drustvo cesto. Bog mi nije dao meke ruke, zivot naucih kroz svoje muke. Zahvalan sam stadom svojem ovcice i kozice svaku noc brojem. Al ti znam sta zivot u malom mestu znaci ljepojkama stradnim da se u velik grad otkace, da nauce dva-tri strana slova da se dovuku do gradskoga krova. Video sm mlogo ljepojke seoske sta prozultle ruke od nizanje tutun zamenise s's zlatnim nakitom, s's sarme u glavu i tuflije gace podzose da trazu zivotne puteve krace. Vidoh mlogo seoskih cura s's nadu za zivot laksi, prevarise majke stare i podzu u grad da srecu traze. Rekose svojima da ce u grad da traze uku, a u noc po smrdljivim sobama varljive barabe vuku, s's bolnom nadom u ocima tela svoja seoska daju da stave kraj poljskom radu da se ne vrate u svom rodnom kraju. Video s'm ti mlogo takvih hvala Bogu sta kcer nemam radujem se na zivinu svoju od kokos nece da bude zena. Sve vi afionasice, sve vi tutunarke, sve vi kokosice male ne zobajte proso tudzo prevelika su zrna za seoski grkljan mao, zadavice vas lakomstvo i sjaj grada, ostavite cipele sjajne i opet nazad u svoje opanke kafanske barabe ceo noc |
|
u mojoj kozi najbolje disem....
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Татко и син и длвото се искливи за да ни наплави сенка..... молето има бланови , ама плекласно сино е.... немој тато да тагуваш , јас сум со тебе..... заедно ќе чекаме.... златното липче сигулно ќе дојде... тлите желби мои ќе ти ги поклонам тебе..... за да ти се оствали твојата ..... една единствена желба.... љубов.... Изменето од bijonse1 - 05.Јули.2018 во 21:09 |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Контакт пружи го прстот ..... еден мал контакт ми треба да добијам сила во очи да те погледнам... одиш по улица сите се вртат...... озборуваат , горат сите ги шакна твоите тесни фармерки и кожна јакна... се вратам по тебе ако треба и сто пати.... твоето дупе ме прогонува се насмевнуваш или ми се присторува..... сите те гледаат , со поглед стрелаат... ухх , за такво парче и сред ноќ се будам забележуваш како со поглед те следам... се доближуваш ...... дали ќе го испружиш прстот останува кога ќе ме погледнеш во очи ти.... |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да ја раздавам во
раскош и обилност, за да ми ја вратиш
искината и боса… Свесно да се
согласувам да ме удават, Дека силата се
одвојува од намерата... Дека не е важно
до кого и каде стигнале, како што ни на
небото не му е важно дека од милион
мокри улици на светот, најубаво се
огледува на Водњанска... Бесцелно е да си
џин меѓу ситни билки. (Ќе нема начин да
сфатат колку си голем.) Бесцелно е да си
Бог меѓу обични смртници. Зошто јас не оспорував
ничии потреби за мрачно лутање
по брановите...? Зашто на
светлината не и’ требаат очи Изменето од Quentin - 18.Април.2010 во 13:14 |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
одеднаш како од небо одеднаш како утро одеднаш како неочекувано одеднаш, не се случи ништо . тогаш одеднаш ми стана секогаш а сакајќи небо, утро, неочекувано зборот тој игуби смисла денес го викам – секогаш |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
а ова?
сакаше да го сокриеш, а? ее, нема ме бараш да не ме најдеш песна напиша да не разберам пееш песни на многу повисока октава а јас не можам да ја испеам (од anakin) Изменето од ПодВодно - 23.Април.2010 во 11:52 |
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да се родам повторно
би била слово златно под перото твое непресушно. Да се родам пак би била реч ѕвонлива на усните твои румени. Немо би лебдела закачена на белилото во мирисот на тетратаката која ја чуваш како зеницата. Закачена во просторот, како слика на ѕидот, би била нем сведок на нешто кое никогаш не се искажува до крај. Икона на вечноста наша во храмот на Бог, пред која крстот го ставаш на себе и дланка на мене, оставајки секој ден по еден дел од душата твоја страдна. Вечно да останеш запечатен во душата моја мачна. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
kratka pesna od 2 i 1/2 stih
. . солзите не оставаат лузни на лицето подобро е, да оставаа таму многу подобро |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дозволи ми да те сакам
како што се сака брат по душа. Дај му на срцево да чука, како немирно дете да подрипнува. Дојди!!!Допри го телово порочно. Исчисти го гревот насобран. Подари ми љубов исконска. Помилувај ме со својата чистота. Легни ме на кревет од облачиња. Крени ме високо до сонцето, да се напијам светлина, да соберам топлина... И пак назад врати ме, да пиеш од изворот мој. Да згаснеш жед. Да скротиш ѕвер. Да се роди светица до тебе... Своја!Единствена!Твоја! |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ко ѕвонлива песна во ушите
ми трепери гласот твој. Камен студен во гради здив ми одзема,болка ми задава. Болка за тебе, а се срамам од себе, да кажам гласно те боледувам секој ден. Ме болиш секој час. Ми недостигаш секоја минута се повеќе и повеќе. Толку недостижна ми е далечината недофатен ми е ликот твој, а толки си ми близок. Ѕиркам низ оквирот од прозорецот да ја догледам далечината која стои меѓу нас, небаре ќе го сретне таму некаде погледот мој-зеленилото на окото твое. Недоглед ми е се Непознато....а толку познато. Насмевка си насекаде Лик во мојата драма Брат на мојата болка Сестра на мојата несреќа Дете на моето мајчинство Маж на мојот сон На мојот живот. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
Внеси реплика | страница <1 127128129130131 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |