|
Српска пропаганда и окупација на Македони |
Внеси реплика | страница <1 1819202122 33> |
Автор | |||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не си смешен за жалење си. Даваш линк од книга која јас ти ја давам и демек јас не знам да читам што кажува авторот па ти сега ме тераш пак да ја прочитам. Викаш нема контакт со Македонци? Е убаво прво ти прочитај ја неговата автобиографија па послем соли ум |
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Линкот е до книгата на Гопчевиќ. Пак не си разбрал како обично.
Твојата книга ја читав. Читај ја и ти. Ако 15 дена во скопскиот затвор се достатачно време за контакти со Македонци ( не криминалци и сл.) добро. Самиот Хрон пишува - ПО МОЕ МИСЛЕЊЕ ... Нема категорично определуване. Па и зошто да му верувам на личното мислење на Карл Хрон, а не на еден Македонец, кој верувам ќе знае подобро од него каков се чувствува. |
|||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А зашто јас да им верувам на Гопчевиќ и Верковиќ а не на еден странец?
|
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
сновите на српската пропагнда се наоѓаат во Начертанието на Илија Гарашанин од 1844година. Во 60-години Гарашанин во тајан политичка мисија во македонија го испратил Стефан Верковиќ. Но српската пропаганда до 1868 година била далеку од тоа да созадава Срби во Македонија. Според Верковиќ, неговата мисија била по решавањето на Источното прашање, македонските словени да бидат произнати за словени, а не за грци. Во 1868 година , по иницијатива на министерскиот совет во Србија се формираа Просветителен одбор кој имал за цел да отвара српски училишта во Македонија и започнуваа процесот на србизација на македонците. Меѓутоа во текот на Руско-турската војна, српските училишта во Македонија биле затворени со исклучок на она во Штип. Српската пропагнада во Македонија се засилува по обединувањето на кнежеството Бугарија и Источна Румелија, кога српските владеачки кругови повикале да се преземаат енергични мерки против бугарската пропаганда која ги загрозувала српските интереси во Македонија. Српската пропаганда сакала да дејствува преку Цариградската патријашија во Македонија и да добие остапки од Високата порта, односно печатење на српски книги на финансиска сметка на империјата. Српската пропагнада во Македонија била раководена од српските конзули. Имено во 1886 година, Стојан Новаковиќ кој бил српски дипломатски прествник во Цариград, потпишал конзуларна конвенција со Високата порта, по што србите отвориле конзули најпрво 1887 година во Солун и Скопје, 1889 година во Битола, а 1897 година во Сер. Српската држава давала големи финансиски средстава за пропагнадата, а таквата дејност, да се создаваат срби по пат на пари, била подржувана од самите српски конзули. Српските конзули во Македонија истакнале дека кај населението во Македонија е слабо развиена националната свест и затоа тие кон пропагндите преминуваат од матерјална корист, и затоа тие можат да бидаат добри срби и грци, а не само добри бугари. 1890 година српската влада донела одлука за територијално рзаграничување на надлежностите на конзулите, така што секој српски конзул се грижел за пропагандата во вилаеетот во кој бил поставен. Српската пропаганда првенствено дејствувала во Скопскиот и Битолскиот вилаеет, а во Солунскиот Вилаеет дејствувале повеќе од тактички цели отколку од стратешки. Целта на српската пропаганда во солунскиот вилает била да се изврши притисок врз Софија и Атина за започнување на преговори за поделба на Македонија на свери на влијанија, кој би можеле да бидат идните териториални разграничувања.
|
|||
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
|||
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во 1920 година, владата во Белград донесува уредба за колонизација на Вардарска Македонија и Косово. На територијата на денешна Репиблика Македонија паралелно со српската колонизација, се спроведува и аграрна реформа. Од целата обработлива земја која потпаѓа под аграрната реформа, македонските селани добиваат само 35%, додека останатиот поголем дел е доделена на српските колонисти - жандарми, резервни офицери, солунски ветерани, четници и др. Поранешни војводи на Српскиот четнички Покрет во Македонија добиваат како подарок цели села во Тиквешко и Велешко.
Паралелно со конолизацијата, великосрпскиот хегемонистички режим врз македонското население врши физички терор. Теророт во Вардарска Македонија го спроведуваат 8 000 жандарми (од вкупно 12 000 во цела Југославија). Заради тоа што македонското население било доста револуционерно настроено во тој период, теророт бил посебно суров. Според официјални податоци, од 1920 до 1926 од страна на српската власт без никакво судење се убиени над 1 700 Македонци и Албанци. Во тој период низ затворите минуваат над 30 000 Македонци, а по 1927 во затвор остануваат над 8 000 од нив. Колонизацијата трае се до почетокот на Втората Светска Војна, кога Вардарска Македонија е окупирана од страна на Бугарија и Италија и српските колонисти се депортирани во Србија. Во 1944 година Народна Република Македонија ги прогласува српските колонисти во Македонија за реакционерни елементи и орудие на великосрпскиот шовинизам и го одбива нивното повторно населување во Македонија. За враќање во Македонија им е дозволено само на оние колонисти кои имаат склучено брак со Македонец. |
|||
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Драганов воопшто не бил дел од српската пропаганда, напротив тој е пратен како дел од бугарската пропагадна, од страна на бугарски научници, кои го пратиле во Македонија со песни и пофалби, за тоа сведочи и ставот на неговиот професор Ламански, а и нивната преписка. Во однос на другите, зарем фактот што дале мислење дека Македонците се посебен народ, говори за руска проспрска политика?! Поткрепи го тоа со докази. Доколку веќе говориме за такво нешто, интересно би било дали имаш документи за сето ова да го поткрепиш, а не само констуркции на теории за заговор против Бугарија, затоа што ако тргнеме од тој аспект, има и други работи, кои истотака може да се гледаат низ таа призма. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во тоа време скопскиот затвор верувам дека имал повеќе Христијани, отколку како што кажа на темата за Хрон, Албанци и други. Не заборавај дека тој затвор бил турски затвор, а не македонски. Сегашната состојба во скопскиот затвор, сосема е различна од состојбата во тоа време. Доколку според тебе тоа што некои биле криминалци влијае врз националната свест, чинам дека може да се најде оправдание за оспорување на националната свест и на револуционери, борци за слобода, затоа што и тие извршиле престап против законите и Уставот на определена држава, зар не? |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да се вратиме на почетокот со Илија Гарашанин
Начертаније http://www.rastko.rs/istorija/garasanin_nacertanije_c.html#_Toc412529203 |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
1902 Иако Русија е онолико(?) крви пролела за Бугариja, то што за нас Србитe не e, ние сме и` много помили одколку Бугарите http://www.rastko.rs/rastko-cg/povijest/nikola-aleksandru_c.html Изменето од Каснакоски - 20.Март.2010 во 10:30 |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во 18 век Хрватите пишувале
|
|||
eptendosadno1
Сениор ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ Регистриран: 30.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Од историски аспект , Бугарите немаат основа да го слават Крале Марко , но има основа да се постави прашањето кој етнос , според историските извори , би требало да го велича Крале Марко . Поданиците на неговото кралство ? Србите ? Христијаните ? Тоа се сериозни прашања , прашање и за македонската етно култура , “ Чив херој е Крале Марко штом влегол во етнокултурата на жителите на Македонија , Србија ? “ На поданиците на неговото кралство ? На Србите ? На Христијаните ? или нешто трето ? Да не биде дека немам став во однос на тоа прашање , мое мислење е дека е на христијаните , НО НЕ И НА ОНИЕ ОД БУГАРИЈА . |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да, ама и тие го величат. И што сега? Да им се забрани да го величат? |
|||
eptendosadno1
Сениор ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ Регистриран: 30.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да , мора да се најде причината за таквата појава . Можеби се Срби населени на тие простор , можеби се Македонци , но со сигурност не се Кумани - Бугари од 14/15 век . Каде е закопан Милутин , српскиот крал од 14 век ? Изменето од eptendosadno1 - 30.Март.2010 во 16:17 |
|||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во XIX и првите децении на XX век храмот се нарекува и "Свети Крал", бидејќи во него се чуваат моштите на српскиот крал Стефан Урош II (1282-1321). Околу 1460 година, за време на чумна епидемија Софискиот митрополит Силваниj ги пренесъл од населбата Трепче, северно од Приштина, во денешниот Лjyлински манастир "Св Кирил и Методиј" (наречен и "Св Крал"). Подоцна тие биле пренесени последователно во ротондата "Св Георги", во храмот "Св Безпл`тни сили" (или "Св архангели"), во митрополитската црква "Св Марина". Најверојатно во почетокот на XVIII век храм "Св Недела" станал митрополитски и моштите на српскиот крал биле пренесени во него. Црква Света Недела |
|||
Внеси реплика | страница <1 1819202122 33> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |