IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонската емиграција
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонската емиграција

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 17>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2010 во 19:43
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2010 во 22:40
111 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС!
Во редот на посебно значајните настани од поновата историја на македонскиот народ е и Апелот на Централниот македонски комитет во Европа, со седиште во Женева, во Швајцарија, во почетокот на 1899 година за организирање општ Македонски конгрес. Непосреден повод за тоа беа крвавите настани во Македонија предизвикани со познатата Виничка афера од есента 1897 година.

Оваа година се навршуваат сто и единаесет години од објавувањето на Апелот на Централниот македонски комитет од 12 јануари 1899 година, за одржување на Македонски конгрес во Женева, заради актуелизирање на решавањето на македонското национално политичко прашање.
Централниот македонски комитет во Европа, во Женева, беше основан во 1898 година, во времето кога во Македонија беше широко разгранета конспиративна револуционерна дејност на Македонската револуционерна организација за организирање на македонскиот народ за сенародна оружена борба за национално ослободување и за создавање самостојна Македонска држава. Македонците во Швајцарија, предводени од Ѓорѓи Капчев (македонски интелектуалец, правник и публицист, од Охрид) водени од чувството за свој долг спрема Татковината и со убеденост дека успехот на македонското ослободително дело налага неодложно и целосно ангажирање на сите интелектуални сили во странство, се определија за легална политичка дејност за разрешувањето на македонското прашање.
Кон крајот на 1898 година Централниот македонски комитет најави свикување на Македонски конгрес во Женева на што претходеше активна пропагандна дејност преку весникот “Македонија” (издаван во Загреб), хрватскиот печат и посебните публикации за актуелизирање на македонското прашање. Во книгата “Македонија или гласот на робот”, објавена во Загреб 1898 година, се бараше решавање на македонското прашање под девизата: “Македонија засебе, автономна!” На европската јавност и се даваше на знаење дека “Македонија има своја национална физиономија” и дека при политичка самостојност “ќе може гласно и јасно да ја каже својата национална припадност.” А, беа преземени активности, со посредство на политички фактори во Загреб и Љубљана, да се заинтересира австроунгарската дипломатија за решавање на македонското прашање во согласност за “правото на македонскиот роб на државен живот”. Во план беше, Виена да се придобие за “ослободување и независност на Македонија.”
При проектираното решавање на македонското прашање се пледираше и од потребата за радикално менување на состојбите на Балканот, за создавање регионална “нова, политичка организација што ќе ги задоволува интересите на балканските народи и нивните соседи.”
Македонскиот конгрес се свикуваше, како легално и единствено легитимно претставништво на македонскиот народ, да ги изрази неговите интереси и барања пред дипломатиите на европските големи сили и пред европската демократска јавност, со крајна цел, да ја претстави вистината за положбата во Македонија, да ги донесе потребните одлуки за легално, по мирен пат, разрешување на македонското прашање, во согласност со интересите и барањата на македонскиот народ.
Активноста на Централниот македонски комитет и подготовките за организирање на Македонскиот конгрес во Женева, закажан за 19 февруари (3 март) 1899 година, го сврте вниманието на европскиот печат и дипломатиите на заинтересираните големи европски сили за состојбите на Балканот. Ова посебно се однесува за дипломатските претставници и другите ангажирани институции, вклучувајќи го и печатот на балканските монархии, коишто токму во тоа време ги интензивираа пропагандните акции во Македонија за запирање на процесот на националната хомогенизација на македонскиот народ и оневозможување на борбата за ослободување и создавање самостојна Македонска национална држава.
Грчкиот весник “Неологос” на 24 декември 1898 година со загриженост пишуваше дека Македонците во Швајцарија, односно Македонскиот конгрес, има подршка од Австро-Унгарија, доведувајќи го тоа во врска со нејзините аспирации за натамошно ширење на нејзиното влијание на Балканот, посебно во Македонија, со далекусежна намера - територијално ширење на југ.
Во почетокот на јануари 1899 година Централниот македонски комитет под претседателство на Ѓорѓи Капчев објави дека се закажува одржување општ Македонски конгрес во Женева на 19 февруари 1899 година, односно, на 3 март по нов стил, за да се определат начинот и средствата за дејствување за разрешување на македонското прашање. Со така поставена цел, пред Македонскиот конгрес беа поставени две посебно важни непосредни задачи: Усвојување посебен документ - Мемоар за македонското прашање, наменет за дипломатите на големите европски сили, и формирање на Привремена влада на Македонија. За својата политичка акција во тек и за одржување на закажаниот Македонски конгрес во Женева, Централниот македонски комитет по писмен пат ги извести дипломатските претставници на европските големи држави, кои за тоа веднаш им рапортираа на своите влади.
Тоа силно ги загрижи владите на балканските држави, експонирани непријатели на слободата и независноста на македонскиот народ, колку и самата Османлиска држава. Бугарскиот дипломатски претставник во Швајцарија известувајќи ја за тоа Владата во Софија, предочуваше на импликациите од одржувањето на планираното заседание на Македонскиот конгрес, поради извесноста за одглас во европскиот печат и опасноста тоа да повлијае на некои од “меродавните кругови” во Европа за различни толкувања на македонското прашање.
Бугарскиот весник “Реформи” од Софија, веќе на 9 јануари 1899 година, во својот прв број, известувајќи за тоа, го оспоруваше постоењето на “Македонски централен револуционерен Комитет” и “Привремена влада на Македонија”, посебно најавата дека “30 дипломати” покажале интерес и најавиле свое присуство на отворањето на Македонскиот конгрес во Женева. Тоа беше доказ повеќе за стравувањето на владите на балканските држави од можните импликации со неочекуваниот развој на настаните предизвикани со македонската политичка акција во Европа.
На 12 јануари 1899 година Централниот македонски комитет, најавувајќи го престојното заседание на Македонскиот конгрес во Женева, обзнани дека ја прзема одговорната задача да го претставува и брани македонскиот народ, да ги претстави неговите легитимни аспирации за слобода и своја државност. Централниот македонски комитет, од името на Македонскиот конгрес, објави “Апел до бранителите на човечката совест, правичноста, мирот и хуманоста” во којшто беше претставена македонската политичка програма за мирољубиво разрешување на македонското прашање, со директно ангажирање на европските големи сили, како нивна морална обврска преземена со потпишувањето на Берлинскиот договор во 1878 година. Легитимноста на акцијата се засновуваше на легитимитетот токму на тој меѓународен договор со кој беше воспоставен повоениот поредок на Балканот на крајот од 70-те години на 19-от век, со посебни клаузули за мирно, еволутивно решавање на прашањето на Македонија.
Неколку дена потоа, во демократска Швајцарија, во Женева, беа организирани две многу значајни конференции за Македонија. Првата, дводневна конференција, посветена на положбата во Македонија, се одржа на Женевскиот универзитет, на 17 и 18 јануари 1899 година. Пред многуброен (цитирам) “угледен аудиториум” беше претставена ропската положба на македонскиот народ под крвавиот режим на османлискиот султан Абдул Хамид и праведните барања за слобода и самостоен државен живот. На Конференцијата дојде до израз потполната солидарност со стремежите и барањата на Македонците. Тоа го потврдуваа и дипломатските претставници на поедини големи држави во своите извештаи до респективните влади. Францускиот генерален конзул во Женева известуваше за “жив интерес и симпатии” во јавноста. Учесниците на Конференцијата, на 18 јануари 1899 година, се обратија до швајцарското и до сето европско јавно мислење за солидарно влијание на владите, посебно на големите сили, да се стави крај на неодрживата положба во Македонија и за разрешување на македонското прашање.
Втората конференција, одржана на 19 јануари 1899 година, беше посветена на подготовките за престојното заседание на Македонскиот конгрес. Конференцијата ја осуди политиката на балканските држави и бараше запирање на дејствувањето на нивните пропаганди во Македонија. На Конференцијата беа избрани 150 делегати за Македонскиот конгрес кои ќе ја претставуваат Македонија, делегати кои ќе ја претставуваат македонската емиграција во Бугарија, како и делегати кои ќе ги претставуваат Македонците во европските земји: Австрија, Франција и Англија. На Македонскиот конгрес, како легално легитимно претставничко тело на македонскиот народ и на Македонија, му претстоеше пред цивилизирана Европа јавно да ги изнесе политичките ревандикации на Македонците:
1. За Македонија, во нејзините природни и етнички граници: од Шар Планина, на север, до реката Бистрица и до Егејското Море, на југ, и од Кораб и Грамос, на запад, до Родопите и реката Места, на исток, вклучувајќи го и Одринско, се бараше ограничена државност, за период од 5 години, како преодна фаза кон потполна државна самостојност и независност. Етапа низ која што претходно минаа сите балкански народи на патот кон нивната државна независност, и
2. Да усвои акт за демократско парламентарно уредување што ќе гарантира: лична слобода; неприкосновеност на имотот на сите, без разлика на народносната и верската припадност; слобода на печатот; и сите права на националните малцинства.
За реализација на така поставената политичка национална програма беше предвидено формирање на постојано тело на Македонскиот конгрес во својство на Привремена влада на Македонија што ќе ги претставува и застапува интересите на македонскиот народ во надворешните односи, во прв ред со големите европски држави.
Централниот македонски комитет подготви и посебен Мемоар за македонското прашање за предавање на европските сили, по неговото усвојување на Македонскиот конгрес и по потврдувањето на истиот со потписите на сите членови на Македонскиот конгрес.
Апелот кон цивилизирана Европа беше и остана најзначајниот документ објавен во името на Македонскиот конгрес. Македонските претставници ја повикуваа демократска Европа, во името на праведноста и човековата совест, да го кренат својот моќен глас против тиранијата и теророт на Османлиската држава, вечно жариште и закана за светскиот мир и причина за страдањата на повеќе народи на крајот од 19-от век. Апелираа за поддршка на праведните политички ревандикации и за братска помош, за победа на вистината и правото на македонскиот народ.
На крајот, од Апелот се искажуваше надеж дека Европа ќе покаже интерес за судбината на Македонија.
Ослободувањето на Македонија се поставуваше врз принципите на легалност и општествениот морал, прокламирани како базични принципи во тогашните меѓународни односи. Притоа, посебно се нагласуваше дека со остварувањето на тие и таквите политички ревандикации на Македонците, односно, на македонскиот народ, се воспоставува правичен поредок и траен мир на целиот Балкан. Членовите на Централниот македонски комитет, свесни дека успехот на македонското ослободително дело зависеше, пред с#, од целосното единство и активното ангажирање на севкупните народни сили, со Апелот повикуваа - сите Македонци да дејствуваат како единствен хомоген организам, под девизата (цитирам) “Македонци! Сите за еден , еден за сите!” и предупредуваа, дека е во прашање судбоносен момент и “испит за политичка зрелост.”
Во актуелната констелација во Европа и посебно на Балканот, во односите помеѓу Големите сили, коишто поради глобалните но, и посебните интереси на секоја од нив во регионот, Македонците во Швајцарија не успејаа да повлијаат за менување на ставот на европските големи сили спрема Македонија и за нивно придобивање, или барем на некоја од нив, за мирно, по дипломатски пат, разрешување на македонското прашање. Пошироката европска демократска јавност објективно не ја знаеше вистинската состојба на работите на Истокот, посебно положбата во Македонија, за да можеше, со право, да се очекува соодветно влијание на владите, посебно на големите сили кои ја определуваа судбината на малите народи.
Македонија, со својата местоположба во централниот дел на Балканот, имаше посебно стратегиско значење.. Големите европски империјални држави, при тогашниот сооднос на силите во меѓусебните односи на преминот од 19-тото во 20-тото столетие, беа единствени во определбата за зачувување на територијалната целост на Османлиската држава, на што се засновуваше постберлинскиот поредок на Балканот во којшто немаше место за нова, Македонска држава. Нивните влади беа и останаа нечувствителни за трагичната положба на македонскиот народ, за неговите стремежи и барања. И не само тоа. Дипломатите на некои од нив и активно се ангажираа во поддршка и помош на владите на балканските држави за спречување на одржувањето на Македонскиот конгрес и за оневозможување на натамошната политичката дејност на Македонците во Швајцарија. Тоа беше само потврда на единствениот раководен принцип во тогашните, но не само во тогашните меѓународни односи, како историска реалност, дека кога беа во прашање интересите на големите сили не важеше никакво право и правичност за малите подвластени народи.
Во Швајцарија беше организирана силна противмакедонска едновремена акција на грчките и српските друштва, со жестоки протести и барања во швајцарскиот печат не само да се спречи одржувањето на Македонскиот конгрес, туку и целосно да се забрани политичката активност на Централниот македонски комитет. Силен притисок на швајцарските власти вршеа владите на Грција, Србија и Бугарија, преку своите дипломатски претставници.
Врховниот македонски комитет во Софија отворено се закани со физичко ликвидирање на водечките македонски личности во Швајцарија. Предупредуваше дека има подготвени егзекутори за упатување во Женева.
Во таква ситуација, при извесноста од провокации и опасност од организирање потешки инциденти за компромитирање на македонското дело, се донесе решение за одложување на одржувањето на закажаното заседание на Македонскиот конгрес, по што дојде до спласнување на македонската политичко-пропагандна активност во Швајцарија.
Сепак, идејата за Македонски конгрес не беше напуштена. Во 1900-та година иницијативна група од македонски студенти во Швајцарија, предводена од Војдан Поп Георгиев-Чернодрински, го актуелизираа прашањето за организирање Македонски конгрес. Македонските интелектуалци во Швајцарија веруваа и очекуваа Европа да покаже заинтересираност за македонското ослободително дело. Главната дејност беше посветена на мобилизирање на македонската интелигенција во Швајцарија преку организирање македонски друштва за развивање на национална политичка дејност за помагање на револуционерната ослободителна борба во Татковината. На организираните собири се популаризираше револуционерната ослободителна борба со повици за света должност спрема Татковината на секој Македонец, морално и материјално да ја помага борбата и, ако треба, “да го даде и својот живот за слободата.” Организирањето на Македонски конгрес беше актуелизирано од Македонското друштво во Берн , во соработка со Македонското друштво во Фрибург, во март 1900-та година. Во околности кога меѓународната констелација остана непроменета, неповолна за македонското ослободително дело, македонските друштва во Швајцарија не покажаа потребна организираност и истрајност за реализирање на поставената цел: организирање на Македонски конгрес. Затоа, дел од членовите се определија да се вратат во Македонија и да земат непосредно активно учество во ослободителната борба.
Причини за неуспех имаше повеќе. Главната причина беа и останаа субјективните слабости на македонскиот политички фактор. Поради недоволната отпорност спрема надворешните влијанија, прокламираното и толку посакувано единство не беше постигнато. Експонираните македонски политички личности во странство но, и во Македонија, не го положија испитот на политичката зрелост. И не само тогаш, туку и потоа. Токму тоа, а не толку надворешниот фактор, како што сите ние милуваме да тврдиме, беше основниот проблем на македонското национално-ослободително движење, што ја определи судбината на македонскиот народ.
Токму поради тоа, и по историското Илинденско востание 1903-та година, македонското национално прашање остана нерешено. Поради тоа македонскиот народ го доживеа Бук*решт 1913-та и Версај 1919-та година. Поради тоа, и по сенародната оружена национално-ослободителна борба во Втората светска војна, во рамките на сеопштата антифашистичка војна, сепаратно беше решено македонското национално прашање. Македонска национална држава беше создадена само во вардарскиот дел од Македонија. Поделеноста на македонскиот народ и на Македонија уште еднаш беше санкционирана.
Водечките политички сили во Македонската држава го положија испитот на политичката зрелост и државничка мудрост во процесот на мирното одделување на Македонија од Југословенската федерација и прогласувањето на самостојноста и независноста на Република Македонија во 1991 година.
И покрај с#, столетната идеја за Македонски конгрес најде практична реализација и се возобнови во предвечерието на процесот на осамостојувањето на Македонската држава и конечното распаѓање на поранешна СФРЈ. На третата блокада на македонско-грчката граница од 16 јуни 1990 година, општонародното собрание со акламација ја прифати Декларацијата за свикување и конституирање на Светски Македонски Конгрес, а здружението за Светски македонски конгрес, основачко собрание одржа веќе на 15 септември 1990 година во Гевгелија. На 21 септември 1990 година и формално-правно, со решение на надлежните власти, се регистрира Светскиот Македонски Конгрес како неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, во функција на македонскиот народ и неговата држава Македонија.
Изворната програмска цел на проектираниот Македонски конгрес во Женева - за целосно единство на македонскиот народ и на сите Македонци под девизата: “Сите за еден, еден за сите!” е, и останува актуелна задача во делувањето на Светскиот Македонски Конгрес.
Светскиот Македонски Конгрес ја понесе одговорната историска мисија и функција на коректив на власта по однос на виталните национални и државни интереси на македонскиот народ.
Сведоци сме дека моќни надворешни фактори одново го засилија пропагандното дејствување за негирање на историскиот континуитет на создавањето на македонската нација и за отворено присвојување на македонската национална историја и култура, со перфидно тврдење дека се работи за заедничко историско минато. Тоа се прави во спрега со минорна но, активна интелектуална група во Република Македонија. Тие си зедоа за право, по сопствен терк, со политички средства, да ги ревидираат македонското национално историско минато, македонската азбука и јазикот, што со тешка мака го именуваат како македонски. Со оспорувањето на историскиот континуитет на македонската нација, на македонското национално историско минато, свесно или несвесно, се доведува во прашање основаноста, а подалекусежно, и оправданоста од постоењето на Република Македонија како Македонска национална држава, односно како Држава на македонскиот народ, што имплицира тенденција за нејзино редефинирање, со радикално менување на Уставот.
Светскиот Македонски Конгрес, како неформален, но затоа пак како реален семакедонски национален парламент, со својот неспорен легитимитет, утврди семакедонска национална програма, којашто цели дваесет години ги одразува македонските национални и државни интереси. Друг таков или сличен документ во Македонија нема!
Македонската национална програма, како акт со трајна национална вредност, е прифатена и одговара на својата намена со речиси плебисцитарното прифаќање од легитимните претставници на асоцијациите на Македонците во целиот свет, претставени во Светскиот Македонски Конгрес. Само така државата Македонија да ја извршува својата изворна функција на матична држава за сите етнички Македонци, како и сите други европски држави.
Светскиот Македонски Конгрес не ја доведува во прашање европската ориентација на Република Македонија и стремежот за интегрирање во Европската унија како сојуз на суверени национални држави. Напротив, се застапува за следење на прагматиката на државите - нејзини членки, вклучувајќи го тука и нашиот јужен сосед, во процесот на интегрирањето и обезбедувањето на своите посебни национални и државни интереси во Европската унија.
Македонците се за пристапување во сојуз со Европската Унија и НАТО, меѓутоа доколку антимакедонизмот на Атина, грчкиот грноцид врз македонскиот народ и расистичкото барање за промена на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Грција, се отфрла членството во овие сојузи на држави. Секое подруго тврдење е или заблуда или испланирана пропаганда за залажување на македонската јавност. Зборовите на апостолот на Македонската револуционерна организација и творец на македонската државотворна програма Гоце Дел чев, искажани во друг контекст, најсоодветно ја изразуваат македонската определба: “Кој мисли поинаку се лаже себеси, а ги лаже и другите!”
Светскиот Македонски Конгрес ја извршува прифатената благородна и благодарна национална мисија, со што трајно си обезбеди позиција на респектабилен фактор во Македонија и меѓу Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, сакал тоа некој да го признае или не
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2010 во 08:28
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

На Македонскиот конгрес, како легално легитимно претставничко тело на македонскиот народ и на Македонија, му претстоеше пред цивилизирана Европа јавно да ги изнесе политичките ревандикации на Македонците:
1. За Македонија, во нејзините природни и етнички граници: од Шар Планина, на север, до реката Бистрица и до Егејското Море, на југ, и од Кораб и Грамос, на запад, до Родопите и реката Места, на исток, вклучувајќи го и Одринско, се бараше ограничена државност, за период од 5 години, како преодна фаза кон потполна државна самостојност и независност. Етапа низ која што претходно минаа сите балкански народи на патот кон нивната државна независност, и
2. Да усвои акт за демократско парламентарно уредување што ќе гарантира: лична слобода; неприкосновеност на имотот на сите, без разлика на народносната и верската припадност; слобода на печатот; и сите права на националните малцинства.


, вклучувајќи го и Одринско,

Има нешто во материјалот што не е кажано.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2010 во 08:47
„Во почетокот на јануари 1899 година Централниот македонски комитет под претседателство на Ѓорѓи Капчев објавува дека се закажува одржување општ Македонски конгрес во Женева на 19 февруари 1899 година, односно, на 3 март по нов стил, за да се определат начинот и средствата за дејствување за разрешување на македонското прашање.“


Дали датата 19 февруари е случајна или се бара некоја симболика?


Кој е Георги Капчев?

http://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%B5%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B8_%D0%9A%D0%B0%D0%BF%D1%87%D0%B5%D0%B2
„Македонија или глас на робот“


Политичката иднина на Македонија како што се види е на страната на Б`лгарите предвид фактот што поголемиот дел од населението се именува Б`лгари... Б`лгарските политички аспирации во Македонија са штетни поради фактот, што аспираторите мислат, дека б`лгарското дело во Македонија е пропаганда; а тоа е совсем криво, бидејќи Македонија е по-б`лгарска од ослободена Б`лгарија, кое го е докажала фактички на дело, во времето на црковната борба за самостојност през 1860 - 1872 г., кадешто водителите на таа црковнополитическа борба се биле Македонци, кои повеќе од другите се ги носиле најголемите морални и материални тежини.


Изменето од Каснакоски - 20.Март.2010 во 09:06
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2010 во 09:03
Мунгосе, а знаеш коj бил Ѓорѓи Капчев и што сметал за македонското население? Си читал "Македониjа или глас на робот"?

Види што пишува Блаже Ристовски, “Столетија на македонската свест”, Скопје, Култура, 2001, стр. 389-390.:

”И во Европа и на Балканот излегуваа повеќе печатени органи што ја пропагираа федералистичката/конфедералистичката идеја. Посебно место во овој план има дејноста на Македонскиот таен револуционерен комитет (1898) што го формирале во Швајцарија една група бугарски анархисти, кон кои потоа се вклучуваат и истакнати македонски дејци. Во својот орган “Одмазда” тие се залагаат за Балканска конфедерација, на којашто и посветуваат и посебна статија, каде што истакнуваат дека самостојната македонска држава “би била гаранција за една Балканска конфедерација, која не би допуштила на никаква Русија, на никаква европска дипломатија да си играат со судбината на Балканскиот полуостров”. Идејно и персонално блиски кон нив се и бугарските анархисти собрани во Македонскиот револуционерен комитетски сојуз, кои особено во “Отвореното писмо на македонските револуционери” на Д. Вихров (псевдоним на Бугаринот од Казанлак Димо Николов) проектираат разработена програма за македонска држава со федеративно републиканско уредување што би ги опфатила Солунскиот, Битолскиот, Скопскиот и Одринскиот вилает. Оваа независна држава подоцна би се вклучила во една Балканска конфедерација и би се создал “слободен и мирен Полуостров”. Треба да се одбележи дека при овие програми не се претпостатвува посебен македонски национален ентитет и се води сметка за зачувување и интегрирање на бугарските национални интереси.”
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2010 во 19:10
Јунаци светски дали еден човек е симбол за едно цело движење.Што бил Капчев и што мислел е негова работа.Што биле делата на емиграцијата е друга работа.Темата е за Македонската емиграција во целост.

Еве ви едно наградно прашање.Зошто има потреба ВМРО да испраќа член во Америка и Канада во 30-ти години ако таму народот знаел дека е бугарин и ништо друго?
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2010 во 19:14
Овој голем бугарин бега во Србија Треба малку да се преиспитате
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2010 во 19:33
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Овој голем бугарин бега во Србија Треба малку да се преиспитате


Читај до крај, таму е објаснето каде и зото ...
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2010 во 20:47
Читај ти и замисли се како можи еден голем „бугарин“ да оди во Србија
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2010 во 22:50
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Овој голем бугарин бега во Србија Треба малку да се преиспитате


Прво Капчев е член на ВМОК, после е во учесниците на сите македонски конгреси во Бугариjа, па живее во Загреб, ама секогаш ставовите му се исти:

"Бидејќи сме поделени вештачки, тогаш барем правописот на јазикот да биде заеднички и да претставува една целост, што има важно значење при постигнување на светата идеја, која постои во секој бугарски син - политичкиот интегритет на Бугарија."

"Политичката иднина на Македонија очигледно е на страната на бугарите во предвид фактот дека поголемиот дел од населението се именува Бугари ..."



Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2010 во 08:20
Е така де,ама кога бега од вас оди кај србите.


Малку чудно
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2010 во 08:28
По време на Цанковиот режим бега во Србиjа.
И Ванчо Мiхаjлов бега во Турциja, памтиш? Ама знаеш каков си останува докраj, нема врска коj каде jа спасува кожата.
Емиграциjата во Србиjа или каде и да било не може да биде критериум за оценка.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2010 во 08:34














Изменето од mungos80 - 21.Март.2010 во 08:37
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2010 во 08:43

“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.