IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига на Шампиони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига на Шампиони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2728293031 43>
Автор
Порака
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 23:11
Samo ke kazam Bayern!!!!!!

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2010 во 11:54
Бекам се враќа "дома"

Вечерва на програмата се најинтересните дуели од осминафиналето во Лигата на шампионите. Два од четирите гиганти учесници во нокаут-фазата ќе испаднат, но прашањето е дали тоа ќе бидат Реал и Милан, кои имаат негативен резултат од првите дуели со Лион, односно Манчестер Јунајтед. Најинтересно ќе биде на Олд Трафорд од неколку причини. "Росонерите" ќе мора да атакуваат на голови и да ја надополнуваат предноста на противникот од 3:2, а моментот на вечерта е враќањето на Дејвид Бекам на Олд Трафорд за првпат како играч по седум години. Англиската ѕвезда мина 12 години со Јунајтед почнувајќи како јуниор во 1991 година. Своето деби во првиот тим го направи четири години подоцна и беше стандарден се до 2003 година кога се пресели во Реал. Во дресот на "Црвените ѓаволи" одигра 394 натпревари во сите конк*ренции и постигна 86 гола, а со овој клуб ја освои титулата од Лигата на шампионите во трилер-мечот со Баерн во 1999 година.

"Дали сум нервозен? Не, среќен сум што за првпат по седум години се враќам на Олд Трафорд. Ќе се сретнам со многу пријатели кои ми даваа поддршка додека настапував овде. Никогаш не очекував дека повторно ќе заиграм на мојот омилен стадион, но во дресот на друг клуб. Не се плашам, напротив, возбуден сум што ќе играм против моите поранешни соиграчи. Што се однесува до натпреварот, Милан се уште има шанса и ќе стори се да го оствари потребниот резултат", изјави 34-годишниот Бекам.

Покрај Бекс главен адут на Милан за победа е бразилската врска Тиаго Силва-Роналдињо-Пато. Дефанзивецот заедно со Неста е командант на одбраната на "росонерите", а често се впишува и во листата на стрелците. Роналдињо е кралот на асистенциите во оваа сезона, а Пато, пак, на головите. Иако недоволно заздравен Леонардо го зеде младиот Бразилец за овој дуел и пред почетокот на мечот ќе одлучи дали ќе го пушти во "оган" од првата минута.

На другата страна Алекс Фергусон ќе може да смета на најдобриот играч и прв стрелец на екипата Вејн Руни. Напаѓачот на "Црвените ѓаволи" има проблеми со тетивата на коленото, но таа не е толку незгодна за да го пропушти големиот дуел. Руни одмораше на првенствениот меч со Вулверхемптон, што значи дека вечерва ќе се најде во тимот. Неговите 28 погодоци оваа сезона доволно говорат колку англискиот репрезентативец е неопходен во тимот. Ферги не е без проблеми. Поради суспензија ќе недостасува Мајкл Карик, а поради повреди отпаднаа Мајкл Овен, Вес Враун и Андерсон.

Реал пред своите навивачи ќе обиде да ја прекине непријатната традиција која го следи. Имено, пет сезони по ред "Кралскиот клуб" го нема поминато осминафиналето. Сега има негативен резултат, меѓутоа сите во клубот веруваат дека со помош на добрата форма Реал ќе го надомести изгубеното и, конечно, ќе влезе меѓу осумте најдобри. "Кралевите" немаат пораз на 13 првенствени натпревари, а на последните пет натпревари постигнаа дури 16 гола. Екс-напаѓачот на Лион Карим Бензема поради повреда и Чаби Алонсо заедно со Марсело поради суспензии ќе го пропуштат дуелот, меѓутоа Мануел Пелегрини верува дека Кристијано Роналдо, Кака и одличниот Игуаин ќе можат да остварат одличен резултат.

"Овој меч е да се биде или не. Играме добар фудбал и ќе биде штета ако не поминеме во следната фаза. Добро ни е познат противникот. Французите се добро психички подготвени, но немаат играчки квалитет да ни парираат. Време е да покажеме колку вредиме", изјави Роналдо за клупската интернет страница.

Лион од јануари нема пораз на првенствен или европски натпревар (седум чисти победи и две реми). Седумкратниот француски шампион знае дека во Мадрид ги очекува пекол, но се надеваат дека ќе успеат да ги неутрализираат нападите на домашните играчи.

"Ако одиграме цврсто во одбраната и мудро во нападот, ќе успееме. Сите веруваме во пласманот во четвртфиналето и напорно работиме да го оствариме тоа. Реал е во мала предност поради домашниот терен, меѓутоа не е семоќен. Можеме да изненадиме и тоа ќе го сториме", изјави тренерот на Французите, Клод Пуел, кој за овој меч нема да смета на бразилскиот напаѓач Мишел Бастос поради проблеми со мускулите на ногата.

ОВА МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

Неколку илјади фанови на Манчестер Јунајтед се подготвени да ги бојкотираат почетните 10 минути од натпреварот со Милан како дел од нивната кампања против американските сопственици - фамилијата Глејзер.

Алекс Фергусон воопшто не е среќен поради тоа што дуелот на Олд Трафорд ќе го води швајцарскиот арбитар Масимо Бусака. 41-годишниот делител на правдата не му донесе среќа на минатогодишното финале во Рим каде неговите фудбалери беа надиграни од Барселона. Една година пред тоа истите два тима се сретнаа на Ноу Камп во полуфиналето од ЛШ (мечот заврши 0:0), а Бусака не досуди пенал за Англичаните.

Екипата на Милан прими погодоци на сите седум натпревари во ЛШ.

Од 13 гола на Манчестер Јунајтед оваа сезона во ЛШ дури седум паднаа во последните 15 минути

Фудбалерите на Реал Мадрид направиле најмногу прекршоци во ЛШ оваа сезона (124) и собрале најмногу картони (20).

Кристијано Роналдо е прв на листата на стрелци во ЛШ оваа сезона со шест погодоци, а три даде од слободен удар.

Оваа сезона Лион победил на три од четирите гостински натпревари во ЛШ.

Милан е апсолутно најомилен противник на Вејн Руни. Англичанецот досега има постигнато четири погодоци против овој тим.

Лион нема пораз од Реал. Досега се одиграле вкупно пет средби на кои "лавовите" победиле трипати, а ремизирале на два меча. Освен тоа францускиот гигант секогаш постигнувал барем по еден погодок на овие дуели.

Манчестер Јунајтед победил на последните пет пресметки со италијански противници на Олд Трафорд, а на три од нив не примил гол.

Лион победил само еднаш на гости против опонент од Шпанија. Тоа се случило во сезоната 2003/04 во ЛШ со 1:0.

Реал Мадрид успеал да мине во следната фаза 20 пати откако на првиот меч имал негатива. Последниот таков случај беше во ЛШ во сезоната 2001/02 против Баерн кога беше поразен во Минхен со 2:1, а дома победи со 2:0. 11 пати е елиминиран откако го губел првиот меч.

Екипата на Лион успеала 10 пати да мине во следната нокаут-фаза откако остварил победа на првиот меч. Само еднаш е елиминиран и тоа од Вердер во 2000 година во Купот на УЕФА (победа дома од 3:0, пораз на гости од 4:0).

ЈУБИЛЕЈ

Доколку настапи вечерва, играчот од средниот ред на Милан Џенаро Гатузо ќе го забележи 75. настап во Лигата на шампионите. Беспрекорниот борец на фудбалските терени во јануари наполни 32-години, а покажува дека и покрај честите повредите во последно време се уште има сили за надигрување. Кариерата ја почна во Перуџа, по една година мина во Ренџерс и Салернитана, а во Милан моментално ја игра 11. сезона. Во Лигата на шампионите дебитираше на 14 септември 1999 година кога Милан одигра 0:0 на гости кај Челзи. Двапати го освојуваше трофејот од најелитното европско клупско натпреварување (2003 и 2007 година).

к*рИОЗИТЕТ

Екипата на Реал Мадрид е елиминирана на последните три нокаут средби со француски противници. Првиот дебакл се случи во сезоната 1992/93 од ПСЖ во четвртфиналето од Купот на УЕФА со вкупен резултат од 5:4 (победа дома со 3:1, пораз на гости со 4:1). Следната сезона истите противници повторно се сретнаа во четврфиналето, но овој пат во поранешниот Куп на победниците на куповите, а Реал загуби со вкупни 2:1 (1:1 во Париз, пораз на Сантјаго Бернабе од 1:0). Во сезоната 2003/04 во Лигата на шампионите Реал се сретна со Монако во четврфиналето. Откако победи во Мадрид со 4:2, шпанскиот гигант беше изненаден на Луј Втори каде загуби со 3:1 и поради гол повеќе постигнат во гости Французите се пласираа во следната фаза, а подоцна стигнаа и до финалето каде загубија од Порто.
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2010 во 13:42
"Петарда" на Арсенал, Баерн среќен по драмата во Фиренца

Екипите на Арсенал и Баерн се првите четвртфиналисти во Лигата на шампионите и сега можат спокојно да ја очекуваат ждрепката за следната фаза од елитното натпреварување закажана за 19 март. "Топчиите" не му дадоа никаква шанса на Порто пред своите гледачи, додека лидерот на табелата во германскиот шампионат оди понатаму само благодарение на среќата, на Том Хенинг Евребо и на голот повеќе постигнат на гостински терен.

Дека Арсенал ќе го продолжи својот пат во Лигата на шампионите се знаеше уште по завршувањето на првото полувреме. Никлас Бентнер можеби нема големо фудбалско знаење и не е омилен кај поголемиот дел тренери, но затоа покажа дека има чувство каде да се постави. При првиот гол во деветтата минута, Аршавин имаше шанса, противничкиот голман Хелтон ја одби топката, но најбрз до неа потоа беше токму Данецот кој го отвори резултатот мошне рано на задоволство на домашните навивачи. Само 15 минути подоцна повторно Аршавин се прошета по левата страна, го проигра Бентнер кој беше сам пред голот на Порто и му овозможи лесна реализација за веќе убедливо водство.

Португалскиот првак се закани само во 51. минута кога Фалкао шутираше од 15 метри, но по земја и премногу млако. Тоа беше аларм за Арсенал кој направи уште притисок кон противничкиот гол и преку Насри и Ебуе стави точка на натпреварот уште на истекот од третата четвртина. Бентнер од пенал во судиското продолжение само се погрижи за најубедливата победа на Арсенал во Лигата на шампионите и за својот прв хет-трик во ова натпреварување во кариерата.

Многу поинтересно и понеизвесно беше на Артемио Франки во Фиренца каде домашната Фиорентина остави победа против Баерн, но го заврши натпреварувањето. Дури сега се гледа колкава штета на италијанскиот тим му направи норвешката судиска тројка предводена од Том Хенинг Евребо на оној прв меч во Минхен кога призна сосема нерегуларен гол од Мирослав Клосе во последните моменти.

Фиорентина во два наврати имаше водство од два гола разлика, прво 2:0, па 3:1, но холандските репрезентативци Марк ван Бомел и Арјен Робен го однесоа Баерн во четвртфиналето. Јунак на мечот требаше да биде младиот Црногорец, Стеван Јоветиќ поради двата гола, но радоста му ја уништи Робен со неверојатниот еврогол веднаш откако фудбалерот на Фиорентина зголеми на 3:1.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2010 во 23:43
Мурињо со Интер се враќа на „Стенфорд Бриџ“

Фудбалските очи од Македонија ќе се насочат кон лулката на фудбалот. Во Лондон ќе се бие реванш битката за едно од последните 4 места во ¼ финалето од Лигата на шампионите.

Интер со Горан Пандев ќе му се противстави на Челзи и ќе се обиде да ја одбрани предноста од 2:1, заработена во првиот меч во Милано.



Веќе три години по ред Интер застанува во осмина финалето а во последните две пречка беше англиски клуб. Овој пат со Челзи е поинаку. По пауза од две ипол години посебниот се враќа на синиот стадион во Лондон со намера да ја продолжи серијата без пораз која ја имаше овде.

Португалецот постави рекорд од 66 натпревари без пораз на домашен терен во Премиер лигата. Тој е еден од виновниците што Челзи нема загубено на 21 натпревар од Лигата на шампионите на Стемфорд Бриџ или повеќе од четири години.

Иако одговара и нерешено на италијанскиот првак ќе му биде тешко против оваа традиција, но олеснителна околност ќе биде противничкиот голман.

По Чех се повреди и Хиларио па меѓу стативите ќе застане третата алтернатива, Трнбол. Мурињо нема да смета на Тијаго Мота и Балотели, но и покрај стеснетиот избор најавите се дека Горан Пандев и овој дуел ќе го почне од клупата.

Лондонската пресметка ќе фрли сенка на натпреварот во Севиља каде што шпанскиот тим е фаворит против ЦСКА Москва.

Голгетерот Луиш Фабиано се враќа во составот, за разлика од руската екипа која нема да смета на дефанзивците Ќосиќ и Набапкин, во одбрана на московските 1:1.



Samuel Eto'oooooooooooooooooooooo!!!!!!!

Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2010 во 00:09
Ајде уште Барселона да го попиет утре или во четвртфинале и Манчестер да си ја земит титулата. голема%20насмевка
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2010 во 00:17
Originally posted by bounty_hunter bounty_hunter напиша:

Ајде уште Барселона да го попиет утре или во четвртфинале и Манчестер да си ја земит титулата. голема%20насмевка


Барса утре игра 2-2 ама баунти ... Манчестер ке се нагоди на Бордо или Лион , така да заборави на титула во ЛШ , мисли во Премиер како да издржат до крај намигнувањесреќа
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2010 во 00:27
хех, ќе видиме, ќе видиме.голема%20насмевка

патем, наредно коло Манчестер - Ливерпул....тоа по него мислам дека Манчестер - Челзи. голема%20насмевка
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2010 во 00:28
Тоа значи дека за 2 недели Арсенал прв ке е среќа
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2010 во 00:34
Само не знам со кои играчи, со Бетмен???изненадување
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2010 во 00:39
смеење во другата тема тоа намигнување
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2010 во 12:12
Ноу Камп неосвоив за Германците

Откако во 1998 година Баерн го напушти Ноу Камп го кренати раце, ниту една германска екипа не успеала да оствари позитивен резултат на гости против Барселона. "Каталонскиот клуб" одигра осум средби и запиша осум едноподруго победи против опоненти од Германија, а доколку се земе предвид оваа традиција тогаш навистина лошо му се пишува на Штутгарт пред вечерашниот реванш-дуелот од осминафиналето од најелитното натпреварување на Стариот континент. Со оглед на ремито од првиот натпревар на ВФБ Арената, но и податокот дека Штутгарт нема победа на гости над шпанска екипа во историјата навистина мали се шансите на Германците да ја минат големата пречка наречена Барселона.

Штутгарт се наоѓа на деветтото место во Бундес-лигата, со 21 бод помалку од лидерот Баерн, па со сигурност нема да настапува во ЛШ следната сезона. Ова е последна можност клубот да стори нешто повеќе. Тренерот Кристијан Грос, кој го презеде тимот во декември, воведе ред и дисциплина, а под негово водство има само два порази, последниот во саботата на гостувањето против Шалке. И покрај тоа, фудбалерите се надеваат дека со трпелива и борбена игра, особено во нападот ќе успеат да стигнат до сензација на Ноу Камп.

"Барса не е семоќна. И тие имаат слаби страни. Шпанците еднаш паднаа оваа сезона пред своите навивачи (од Рубин), што значи дека постојат реални шанси за успех. Доколку покажеме цврста игра можеме да се радуваме на успех", изјави Грос.

"Каталонците" ја покажаа својата моќ и стигнаа до величествена победа во дербито против Валенсија каде блескаше Лионел Меси, кој постигна три гола и ја потврди својата светска класа. Иако важат за фаворити, фудбалерите на европскиот шампион поучени од елиминацијата на Реал минатата недела со доза на претпазливост го очекуваат натпреварот.

"Воопшто не смее да не залажува резултатот од првата средба. Видете што му се случи на Реал Мадрид минатата недела. Не сакаме да бидеме елиминирани на ист начин. Имаме целосен респект кон Штутгарт и доколку сакаме да го минеме ќе мора многу да работиме на теренот", изјави дефанзивецот Рафа Маркеz.

И двата тима немаат посериозни проблеми со повредени играчи и најавија најсилни состави на теренот.

Бордо ќе се обиде да ги заборави лошите резултати во домашното првенство каде си ја загрози првата позиција по трите меча во серија без победа и целата концентрација ќе ја насочи кон важната пресметка со Олимпијакос. Лорен Блан ги штедеше своите најдобри фудбалери Јоан Гуркуф и Маруан Шамак, кои одиграа само 20 минути против Монако, со цел одморени да му пристапат на вечерашниот дуел. Тоа го чинеше губење на два бода, но ако се знаат придобивките од Лигата на шампионите сигурно многумина ќе му простат за ваквите одлуки. Шесте победи досега во континенталното натпреварување вклучувајќи го и триумфот во Пиреја во првиот меч од 1:0 им дава надеж на "жиродинците" во обид да обезбедат четвртфинале.

Олимпијакос пополека ја губи трката по титулата во домашното првенство, па единствената шанса за спас на сезоната ја гледаат во Лигата на шампионите. Клубот од Пиреја патува со гол негатива и ќе му биде потребно чудо да слави на Шабан Делма каде Бордо е неприкосновен.

"Секогаш имало изненадувања, а зошто да не и денеска. Воопшто не се плашиме од големината на противникот. Имаме свои адути и ќе се обидеме да ги искористиме на најдобар можен начин. Доколку бргу постигнеме гол, се е можно до крајот на овој натпревар", изјави тренерот на гостите Божидар Бандовиќ.

За францускиот шампион вечерва недостапни се дефанзивецот Марк Плани и Абду Траоре поради повреди, додека, пак, грчкиот тим се соочува со многу поголеми проблеми. Отсутни се Дуду, Дидие Доми,Диого и Хесус Датоло.

ОВА МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

Златан Ибрахимовиќ упатил 15 шута кон голот по првите седум натпревари, најмногу од сите фудбалери во ЛШ.

Барселона има 49 реми средби во ЛШ (КПК) досега.

Штутгарт досега постигнал 296 погодоци во УЕФА натпреварувањата.

Бордо нема загубено реванш натпревар во европските натпреварувања откако обезбедувал предност на гости.

Бордо никогаш досега не играл против грчка екипа на домашен терен.

Како фудбалер на Манчестер Јунајтед, тренерот на Бордо, Лоран Блан, одиграл четири натпревари против Олимпијакос, а еднаш се запишал во листата на стрелците.

Олимпијакос ги загубил последните две гостувања против француски екипи со идентичен резултат 2:1 од Сент Етјен во Купот на УЕФА и Лион во ЛШ.

Олимпијакос нема победа на гостински терен во Лигата на шампионите од ноември 2007 година кога го совладаа Лацио со 2:1.

Олимпијакос само еднаш успеал да го надмине дефицитот од првата средба на домашен терен. Тоа се случило во поранешниот Куп на победници на куповите во сезоната 1992/93 против украинскиот Черноморец (пораз дома од 1:0, победа на гости од 3:0).

Матје Шалме

ЈУБИЛЕЈ

Дефанзивецот на Бордо Матје Шалме вечерва ќе го одбележи 25. натпревар во Лигата на шампионите. Дебито во најелитното натпреварување, 29-годишниот француски фудбалер го направи во дресот на Лил во 2005 година во поразот од Бенфика во Лисабон (1:0). Во Бордо се пресели во 2007 година каде стана стандарден во одбраната, а лани дојде и до титулата во домашниот шампионат. Оваа сезона во Лигата на шампионите настапи на шест средби и се уште го бара својот гол првенец.

к*рИОЗИТЕТ

Штутгарт само еднаш од четири обиди успеал да мине во следната нокаут фаза откако ремизирал на првиот меч на домашен терен. Тоа се случило во 2000 година во полуфиналето на тогашниот Интер-тото куп против белгискиот Стандард. Германскиот тим одигра дома 1:1, меѓутоа успеа да слави на гости со 1:0, а потоа преку финалето да обезбеди место во Купот на УЕФА. Кога станува збор за елиминациите, последната од трите е од сезоната 2000/01 од Селта во четвртата рунда од Купот на УЕФА. Тогаш Германците одиграа без голови дома, а загубија во Виго со 2:1.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2010 во 07:22
Демонстрација на моќ на Каталонците!
 
Европскиот шампион набрзина ги реши сите дилеми и покажа дека ќе биде најнепосакуваниот противник во четвртфиналето. Повторно блескаше Меси кој постигна два прекрасни гола. Во другиот меч, Бордо повторно го совлада Олимпијакос.

Тренерот Гвардиола како што и се најавуваше приреди мало изненадување во формацијата, па наместо стандардната 4-3-3 изведе систем кој повеќе наликуваше на 4-2-1-3, а на моменти 4-2-4 со Меси и Анри како централни напаѓачи, а Педро и Иниеста по десната, односно левата страна.

Овој систем се покажа одличен против тимот на Штутгарт кој во текот на целиот меч играше подредена улога и не упати ниеден удар кон голот на Валдес.

На првиот гол не се чекаше долго, уште во 13 минута, кога најдобриот светски фудбалер претрча 30-тина метри и од врвот на шестнаесетникот го совлада Леман. Осум минути подоцна веќе беше 2:0, Меси го пронајде Туре во празно, а тој одлично му асистираше на Педро.

По ова водство, гостинскиот состав целосно се скрши. Но, и домашните олабавија малку, па на полувреме се замина само со 2:0.

И второто полувреме почна со иницијатива на Каталонците, а точно по 60 минути игра Ноу Камп повторно експлодираше.
Прекрасната акција која почна од Педро, па преку Алвес на брилијантен начин ја заврши Меси кој од 17 метри повторно беше помоќен од Леман.

По третиот гол Штутгарт повеќе се отвори, па имаше уште неколку возбудувања на двете страни, но без гол, се до 89 минута кога штотуку влезениот Кркиќ на првиот контакт со топката при еден контранапад го постигна конечниот резултат.
__________________________________________________________________________________________________
 
Во вториот меч, Бордо не дозволи изненадување во Франција, иако за малку ќе прокоцкаа пласман меѓу најдобрите.

Мечот почна на најдобар можен начин за Жирондинците. Гуркуф по само пет минути од слободен удар прекрасно го совлада Никополидис, а од слична ситуација дваесетина минути подоцна ја погоди и пречката и стативата.

Во вториот дел, гостите добија црвен картон и кога се чинеше дека се е завршено, Митроглу постигна прекрасен гол со волеј удар. 1:1 и уште еден гол во мрежата на Каросо ќе значеше елиминација на Бордо, а за тоа придонесе и црвениот картон на капитенот Дијара.

Но, наместо изненадување, во 88 минута Шамак скокна највисоко во казнетиот простор на Грците и ги реши сите дилеми околу понатамошниот пласман.


Изменето од емил - 18.Март.2010 во 07:23
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 14:43
Извлечени двојките за 1/4 финале во ЛШ

Нион, 19 март (МИА) - На отворен и недиригиран жреб кој започна точно на пладне, денеска во Нион беа извлечени четвртфиналните двојки во фудбалската Лига на шампиони.

Генералниот секретар на Европската фудбалска асоцијација Џани Инфантино и прославениот шпански фудбалер Емилио Бутрагењо ги извлекоа топчињата со имињата на екипите кои обезбедија пласман меѓу осумте најдобри во Европа.

Двојките се: Лион - Бордо, Баерн - Манчестер Јунајтед, Арсенал - Барселона и Интер - ЦСКА Москва.

Првите натпревари во четвртфиналната фаза ќе се играат на 30 и 31 март, а реваншите се на 6 и 7 април.

Термините за полуфиналните средби се 20 и 21 април, а реваншите ќе бидат седум дена подоцна.

Во првото полуфинале ќе играат победникот од францускиот двобој против подобриот од дуелот Баерн - Манчестер.

Горан Пандев и Интер доколку ја поминат ЦСКА Москва ќе бидат домаќини во првиот дуел од второто полуфинале против победникот од двојката Арсенал - Барселона.

Големото финале е закажано за 22 мај, а ќе се одигра во Мадрид на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Последниот натпревар од Лигата на шампионите во оваа сезона првпат ќе се одигра на ден сабота. Сите досегашни финалиња се играа во среда.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 23:10
Европскиот шампион против Арсенал!

Денес во Нион беа извлечени двојките од четвртфиналето од Лигата на шампиони, како и распоредот до крајот на најелитното фудбалско натпреварување. Дефинитивно најак дуел меѓу осумте најдобри е средбата на европскиот првак со Арсенал.

Ждрепката сакаше во четвртфиналето од Лигата на шампиони да се сретнат поранешни финалисти - Барселона со Арсенал ќе го повтори финалето од 2006, а Манчестер и Баерн ќе го репризираат култното финале од 1999.

Покрај нив, ќе следиме француски дуел, откако Лион и Бордо ќе се борат за единствен претставник од Франција, а Интер се чини го доби најпосакуваниот противник – ЦСКА од Москва.

Во полуфиналните дуели ќе се вкрстат двојките Барселона – Арсенал и Интер – ЦСКА, односно Манчестер – Баерн и Лион – Бордо.

Четвртфиналните средби се на 30 и 31 март, а реваншите на 6 и 7 април.

Полуфиналето ќе се игра на 20 и 21 април, односно на 27 и 28 април, додека финалето на Сантјаго Бернабе ќе биде на 22 мај.


Четвртфинале:
1: Olympique Lyonnais (FRA) v FC Girondins de Bordeaux (FRA)
2: FC Bayern München (GER) v Manchester United FC (ENG)
3: Arsenal FC (ENG) v FC Barcelona (ESP, holders)
4: FC Internazionale Milano (ITA) v PFC CSKA Moskva (RUS)

Полуфинале:
1: Победникот од дуелот 2 против Победникот од дуелот 1
2: Победникот од дуелот 4 против Победникот од дуелот 3
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2728293031 43>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,235 секунди.