IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонската емиграција
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонската емиграција

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 17>
Автор
Порака
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 18:16
Јас не реков дека не се Македонци, не реков и дека мојот текст-документ од Елис Ајланд е од 1906.

Ако сакаш да ги преброиме Цапарците на американскиот сајт?
Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 18:19
Има и денес во Цапари шо се велат бугари, такво е селото.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 18:22
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Јас не реков дека не се Македонци, не реков и дека мојот текст-документ од Елис Ајланд е од 1906.

Ако сакаш да ги преброиме Цапарците на американскиот сајт?

Птицо имаш страна па повели докажи им дека се бугари,а во америка оди број
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 18:26
Mungose, јас не тврдам дека се Бугари. Јас тврдам дека биле во минатото.
Ете ти уште 5 од 1907


Да ти барам ли уште?
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 18:31
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 18:32
Американци од кралството Македонија

Пишува: Душан Синадиноски,
Детроит


Американската документација за пасоши и патни исправи открива многу интересни и важни податоци за македонските емигранти во Америка, кои имале намера да патуваат во Македонија пред почетокот на балканските војни. Имајќи предвид колку малку се знае за животот на првите Македонци во САД, таа документација, иако е со ограничен обем, сепак, содржи доволно податоци за да добиеме појасна претстава за нивното потекло, но и за тоа како се претставувале кога пристигнувале во Америка. Исто така, нивните кратки биографии ни помагаат да се здобиеме со една нова слика за првите македонски иселеници во Америка и која темелно се разликува од догматското мислење за нашето иселеништво. Во споредба со македонските масовни иселувања во Америка по Илиденското востание, па сѐ до седумдесеттите години од дваесеттиот век, податоците за првите македонски доселеници во Америка недвосмислено укажуваат дека тие Македонци претежно биле писмени и професионалци.

АРХИВА

Како што покажува американската пасошка архива за периодот од 1795 до 1925 година, првиот Македонец што побарал и добил американски пасош е Томас Кинеденко. Томас го добил пасошот на 24 август 1866 година, во четириесеттата година од својот живот. Пасошот му бил издаден во државата Њујорк. Во пасошот е забележано дека Томас бил роден во Македонија во 1826 година и дека бил натурализиран американски државјанин. Тој бил висок 176 см, имал високо чело, црни очи и темна комплекција, црна коса, средно широка уста, римски нос и долго бледо лице. За него сведочел дека бил честит и примерен Американец некој си Деметрио Георгиади.
Малку збунува тоа што името Томас Кинеденко не звучи македонски и тоа можеби остава сомневање кај некои читатели дека Томас не бил Македонец. Но, ваквите сомневања се продукт на бирократската стандардизација на балканските "државни" имиња и презимиња, како показатели на граѓанската национална припадност. Во случајот со Томас се работи за Македонец кој отпатувал во Америка кога во балканските држави употребата на презимињата била уште реткост. Затоа, речиси како по правило, имигрантите од балканските земји како презиме го пријавувале татковото име. Згора на тоа, американската нетолеранција на странските имиња и презимиња, особено до пред Втората светска војна, ги принудила милионите емигранти кои се доселиле во Америка веднаш по доаѓањето да ги заменат со слични англиски имиња и презимиња. Важно е да се напомене и тоа дека американските државни службеници фонетички ги запишувале имињата, онака како што тие ги чуле и ги претолкувале.
Сепак, сите овие сомњевања дека Томас можеби не бил Македонец, отпаѓаат кога ќе ги споредиме со податоците за неговиот брат Георгио Кинеденко. Овој Македонец дал изјава во Бирото за пасоши во Њујорк дека е роден во Кралството Македонија, империјата на султанот од Турција. Зошто и по која причина Георгио го нагласил "Кралството Македонија" останува тајна. Сепак, неговата изјава останува овековечена и тоа на Георгио никој повеќе не може да му го избрише. Георгио бил роден на 27 август 1821 година, бил со средна височина од 173 см, со високо чело, кафеави очи, со голем нос и голема уста, со крупно и тркалезно лице, како и со црна коса и тркалезна брада.
Томас и Георгио биле трговци, но не пишува со што тргувале. Се дознава дека двајцата браќа извесно време живееле во Австро-Унгарија од каде што и допатувале во Америка, по сѐ изгледа од некои од јадранските пристаништа.

ЖЕНАЧКА

Биографијата на Трајко Константин е многу интересна и карактеристична. Овој Македонец двапати се враќал назад во Македонија. Првпат се вратил во 1884 година. Во неговата пасошка апликација е заведено дека Трајко бил роден во 1848 година во градот Штип, Македонија, Турција, во Европа. Тој тогаш имал 37 години и бил со низок раст од 165 см. Имал високо чело, сиви очи, мала уста и широка брада, тркалезно и бело лице, со широк нос и темна коса. Живеел во Ст. Пол, Минесота.
Трајко повторно патувал во Македонија во 1901 година. Од ова патување се дознава дека Трајко бил женет за Дора. Нивниот најмал син Рој им се родил во Минесота, додека ќерката Хелен и синовите Ерл и Виктор биле родени во Варна, Бугарија. Трајко би свештеник и неколку години се занимавал со мисионерство во градот Рустчук, денешно Русе. Пред неговото враќање во Америка, тој патувал во Цариград каде што пополнил апликација за патна исправа. Иако тој долго време живеел и работел во Бугарија, тој, пак, го лоцирал Штип во Македонија, а не во Бугарија. Овој пат, Трајко изоставил да наведе дека Македонија се наоѓа во Турција.
Биографијата на Станислав Ј. Шумков претставува своевидна сензација. Тој на 5 август 1903 година, само три дена по почетокот на Илинденското востание, во американската амбасада во Виена побарал пасош за да патува во балканските земји. Тој бил роден во Крушево, Македонија на 25 февруари 1868 година. Емигрирал во Америка 1885 година преку Хамбург и непрекинато живеел во Филаделфија, Пенсилванија. Таму се здобил со американско државјанство во 1892 година. Се дознава дека Станислав бил трговец. Инаку, тој бил од среден раст, со црна коса и црни очи. Имал широко чело, средна уста и овално лице со четвртеста брада.
Битолчанката Агнес Баирд е можеби една од првите Американки која е родена во Македонија. Во нејзиното барање за патна виза пишува дека е родена во Манастир, во Македонија, од татко Американец кој бил мисионер во Битола. Девојката не знаела колку долго нејзиниот татко имал намера да живее во Македонија. Се дознава дека татко ѝ ја напуштил Америка во 1873 година, а Агнес се родила на 9 септември 1876 година, по три години од неговото доаѓање во Македонија.

ЕЛЕКТРИЧАР

Тетовецот Џејмс Димитре напишал во пасошот дека по професија бил електричар, а тоа сигурно го вбројува како еден од првите македонски електричари. Тој навел дека бил роден во Калканделен (Тетово) во 1890 година. Татко му се викал Микаел Митруш и бил роден во Романија. Џејмс нагласил дека сака да патува во Тетово, за да ја види неговата свршеничка и со неа заедно да се вратат назад во Портланд, Орегон. Тој не кажува каков накит донел за неа и што ѝ подарил на стројничката, како што се вика чинот на барање за жена, но, можеби, некојси од постарите тетовци слушнале за таа љубов и ќе се потсетат на убавото минато.
Списокот на Македонците со американски пасоши не завршува тука. Константин Стефанов кажува дека бил роден во Македонија, Турција, во Европа на 25 април 1876 година. Дошол во Америка во јули 1894 година и сѐ до 1905 година живеел во Њу Хевен, Конектикат. Тој бил студент. Џон Лазар бил роден во Монастир, Македонија на 5 март 1878 година. Емигрирал во Америка во 1900 година и живеел во Филаделфија, Пенсилванија. Таму тој работел како шеширџија. Македонецот Аристедес Димокидис изјавил дека бил роден во Мелник, Македонија на 2 мај 1826 година, а емигрирал во Америка во септември 1843 година. Во пасошот му пишува дека бил рударски инженер. Некојси А. Г. Вилијамс запишал дека бил роден во 1852 година во Света Катерина, во Македонија, односно во Турција, а во Америка отворил слаткарница. Во Македонија патувал во 1909 година.
Овие неколкумина Македонци се само еден краток дел од низата на првите иселеници кои ја напуштиле Македонија и се доселиле во Америка уште во деветнаесеттиот век. Но, затоа тие ни се еден вид сведоштво кој недвосмислено укажува дека ја чувствувале Македонија како цела и единствена татковина. Бидејќи овие пионери на американската почва успеале да ја избегнат жестоката индоктринација за нивната национална припадност од страна на балканските шовинистички држави, тие "к*ртуриле" од таа наезда и останале да се она што биле отсекогаш - Македонци. (Глобус)

КОЈ Е ДУШАН СИНАДИНОВСКИ?

Активен пропагатор на вистината за Македонија

Душан Синадиновски е еден од поактивните поединци од македонската заедница во САД, а секако и еден од пообразованите. Роден е во тетовска Вратница, а живее во САД од 1969 година. Во Америка завршил факултет за политички науки и поседува магистериум по филозафија. Неговата тема била од областа на моралната и политичката теорија а ја бранел Аристотеловата етичка тематика.
Синадиновски е еден од првите организатори на МПЦ во Детроит и нејзин втор председател. Неуморно работи за македонската кауза во Америка веќе неколку децении. Неговата статија за Македонците во Америка во 1980 г. во "Michigen ethnic directory" е меѓу првите што прави сепарација меѓу Македонците и околните нации. Ја натерал школската администрација во Детроит да го признае македонскиот јазик и на учениците да им помага на македонски јазик (а не како дотогаш - на српски). Со помош на Матицата успеал да оснива Македонска библиотека на Универзитетот во Мичиген уште во 1982 година.
Историјата мене отсекогаш ми беше хоби и или ја читам или пак нешто истражувам - ни кажува Синадиновски. - Почнав со истражување за македонските доселеници во Америка, бидејќи, во тоа време никој во Америка не ја знаеше нашата историја и не знаеа дека ние постојиме. Така маката ме натера да ја ширам вистината за нас Македонците во Америка, да пишувам писма до политичарите и многу други активности. Што се однесува за податоците изнесени во овие написи, бидите уверени дека се точни. Јас ги имам фотокопиите од документите и истите ги приложувам со текстот.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 18:34
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Znam i drugi Makedonci od Bugarija, ama vo ovoj sluchaj ne e taka. Ako bile Makedonci od Bugarija se bi bilo korektno i ne bi trebalo po toa da se poprava.

Vidi pak - vrz Bulgarija e napishano Turcija, a Bulg. e napishano odgore, t.e. kon Makedonci e dodadeno Bulg.
a ne e popraveno.


Не сум детално запознаен, а тоа што го видов, искрено, не можев многу и да го разберам, но ова кое ти го тврдиш, треба да се испита детално, односно  да се види кој преправил, кога го сторил тоа, а и зошто. Се друго е само претпоставка без докази за нејзиното потврдување.

П.С. Оние кои се напишале Македонци ( не се однесува за случајот ), секако си се Македонци, нема зошто да се коментира.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 18:35
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 18:38
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Македонци


Македонските јанки? Види го првиот -Абдул, како него има уште неколку, има Власи, Грци....

Овие се од Македонија, а не се етнички Македонци.

Тоа го имам проучено.


По вториот пост е интересно, само да не испадне дека се од Македонците на Г1 (член на форумов) и Адвајзор (каде се изгуби?)

Ајде да ги проучиме.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 18:43
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:



Овие се од Македонија, а не се етнички Македонци.

Тоа го имам проучено.


По вториот пост е интересно, само да не испадне дека се од Македонците на Г1 (член на форумов) и Адвајзор (каде се изгуби?)

Ајде да ги проучиме.


Знам дека сакаш да не се етнички Македонци, ама што да правиме што вистината е различна и не е во согласност со желбите. Џејмс Петров, Милан Змејко, Ник Танов, Еван Тодоров ниту се грчки, ниту влашки, а најмалку албански имиња.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 18:58
Македоне, знам дека сакаш да се етнички, но ако објективно ги прочиташ имињата ќе видиш дека има и од други етноси.

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 19:03
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Македоне, знам дека сакаш да се етнички, но ако објективно ги прочиташ имињата ќе видиш дека има и од други етноси.



Остави ме мене, погледни ги имињата.
А и само ќе те потсетам дека имињата на некои се грчки затоа што во грчка Црква се крштевани. Мојот прадедо запишан е истотака со грчко име, ама македонско презиме. Други се запишани и со грчко презиме.

Истотака имало и исламизирани Македонци, не знам зошто те чуди тоа што некој Абдул се запишал како Македонец. Тие и денес постојат.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2010 во 18:05
Ноќта на 15 април 1912 година потона прекуокеанскиот брод Титаник, дотогаш   најголем патнички брод изграден во светот. Во ладните води на Атлантскиот океан, освен безживотното челично тело на бродот, засекогаш потонале и двајца тресончани, единствени Македонци кои загинале на Титаник, меѓу останатите 1.523 души!

Тоа се браќата Јанко и Миле од родот Смилески - печалбари кои биле на пат за Америка. Иако нивната семејна лоза има и други толкувања, зашто и во Србија ден денеска има едно семејство кое вели дека Миле потекнувал од Црна Гора и оти немал брат Јанко, ами неколкумина браќа и една сестра кои во 1912 година живееле во Америка, а тој одел кај нив, сепак аргументите се и на двете страни, а и најстарите тресончани го задржале паметењето за двајцата браќа од маалото Врлевци кои пред почетокот на балканските војни потонале на Титаник.

Најстарите жители на Тресонче раскажуваат како дури од деца слушале за смртта на нивните соселани на Титаник. Има можност, тие да потекнуваат од познатиот тресонечки род на Сарџо Брадина или од некое друго помало семејство Смилевци, но старите не паметат дека имало други Смилевци в село. Доколку се од првиот род, во тој случај имаат врска со Смиле, внук на познатиот ќеаја Сарџо Караџа Брадина. Смиле бил син на Трене и Софија. Во родовското стебло на оваа фамилија се среќава името Милетие.

Мајка им ја викале Трена (или Треневица, н.з.) и кога разбрала оти нејзините единствени синови потонале некаде на море додека со голем брод патувале кон Америка, одлучила да засади орев, за секој намерник да каснува по едно кокале за душа на загинатите синови. Тоа го сторила и за да не се сотре паметењето за нивната фамилија, зашто пред многу години í починал и можот (стеблото од оревот, фото - долу). Трена починала во длабока старост некаде во времето на Втората светска војна.



Оревот навистина беше огромен џин и еден од најголемите во долината, но тресончани го заборавија аманетот на баба Трена. Во доцните осумдесети или во раните деведесети години од 20 век, два-тројца тресончани одлучија дрвото да се пресече, бидејќи во тие години ореовото стебло достигна нешто повисока цена од вообичаената. Едниот од нив беше од Кадиевци, а другиот од Бошковци, а денеска и двајцата не се повеќе живи.

За среќа, сé уште постојат остатоци од гигантското стебло на оревот, кое како смртно ранет див лежи на падините меѓу Врлевци и сред село - “Ленишча”, скаменето од сонцето, дождот и снеговите. Во догледна иднина неговото стебло би требало да се заштити или да се префрли на суво место, за и во иднина да остане да биде сведок за загинатите Мијаци на Титаник.

Додека авторот на овие редови со месеци го истражуваше случајот “Титаник - Тресонче”, барајќи низ американските Интернет архиви податоци за загинатите патници на тој брод, стигна допис од архивата наречена “Encyclopedia Titanica”, најбогатата Интернет страница каде може да се најдат секакви информации за несреќата. Во дописот упатен од уредниците на отворениот форум за информации стигна и потврдата за патникот Миле Смиљаниќ (или Смиљановиќ), кој загинал на 37 годишна возраст. За неговиот брат Јанко не пристигна ништо!

Од информациите до кои беше дојдено се дознава дека Миле, откако неколку години печалбарел низ Србија и Хрватска, преку Австрија заминал за Саутхемптон (Англија) и оттаму на 10 април 1912 година (во среда) се качил на Титаник на пат кон Њујорк. Се качил како патник од третата класа, пријавувајќи се како земјоделец. На бродот, како земјоделци, заедно со Миле, се пријавиле вкупно 49 лица. Бројот на неговиот билет бил 315037, што Милета го чинел 8,13 фунти. Тој ден во Саутхемптон на бродот се качиле 1.645 патници без да знаат дека за само 5 дена повеќемина од нив ќе се удават во ладните води на Атлантикот.

            Името на неговиот брат Јанко беше пронајдено во хрватски архиви во кои се цитира публикација со наслов “Титаник”, објавена во Сараево во 1998 година.Таму и двајцата се водат како Хрвати, а во големата “Encyclopedia Titanica”, Миле Смиљаниќ се води како патник кој дошол од Австрија и чија дестинација е непозната. Имињата Јанко и Миле и самите Хрвати ги токлуваат како сосема "нехрватски".

Додека живеел во Србија Миле основал семејство чии наследници и ден денеска живеат во околината на Белград. Неговата внука Софија во 2004 година беше сé уште жива, но во длабока старост. Таа носи исто име како и името на можната мајка на Миле, односно Софија, жената на Трене Смилески!

Интересно е што името на Јанко не се споменува меѓу официјалната листа на загинати. Неговото име не се поврзува ниту со местото каде што се качил на бродот. Се претпоставува оти постои можност, како и голем број други лица, Јанко да успеал скришно да влезе како слеп патник на Титаник, за со Милета да заштедат и зашпараат некоја пара за кога ќе стигнат во Америка. Тоа веројатно никогаш нема да го дознаеме.

Телата на тресончаните Миле и Јанко Смиљаниќ никогаш не биле пронајдени! Бродоломот го преживеле само 705 лица кои биле извлечни од екипажот на бродот “Карпатија”.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2010 во 19:16
Интересно е што името на Јанко не се споменува меѓу официјалната листа на загинати. Неговото име не се поврзува ниту со местото каде што се качил на бродот. Се претпоставува оти постои можност, како и голем број други лица, Јанко да успеал скришно да влезе како слеп патник на Титаник, за со Милета да заштедат и зашпараат некоја пара за кога ќе стигнат во Америка. Тоа веројатно никогаш нема да го дознаеме.
--
Тинтири-минтири
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,280 секунди.