IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Свински грип
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Свински грип

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 111213
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 07:00
„Втор бран“ од свинскиот грип

 Здравствени експерти, собрани на меѓународната конференција за новиот грип А(H1N1), што се одржува во Лондон, предупредуваат дека заканата од оваа нова болест не е надмината и дека е можен „втор бран“ во следните 12 месеци, јави дописникот на МИА од Лондон.

На конференцијата присуствуваат претставници на сто влади од светот, функционери на меѓународните здравствени организации и на фармацевтски компании. Меѓу учесниците на конференцијата е и заменик министерот за здравство на Република Македонија Владимир Поповски.

Во расправата е констатирано дека ширењето на заразата е забавено и дека болеста е ставена „под контрола“, но дека се уште не може да се рече оти работата околу овој вид на грип е завршена. Вирусолозите стравуваат дека евентуалниот нов удар на новиот грип, би можел да биде и посилен и поширок, како во поглед на опфатеноста, така и кога станува збор за последиците.

Лондонската конференција се одржува во време по острите реагирања во британската и во европската јавност за тоа дека заканата од новиот грип е преувеличена, како и дека непотребно е создадена паника, од која, како што се тврди, единствена полза имаа само компаниите за производство на лекови и на вакцини.

Британските аналитичари уште забележуваат дека „лажната тревога“ може лошо да се влијае врз луѓето за во иднина, кога нема повеќе да веруваат на предупредувањата и нема да сакаат да примаат вакцини и тогаш кога ќе биде навистина потребно.

Во Велика Британија од грипот А(H1N1) досега се починати над 400 луѓе и тоа се смета за мала бројка, затоа што секоја зима од последиците на обичниот грип умираат три до четири пати повеќе заболени.

Земјата располага со резерви од околу 90 милиони дози вакцини против новиот грип, но од нив се искористени сосема мал дел и покрај апелите за вакцинирање. Експертите собрани во Лондон, се согласуваат дека реакцијата на појавата на овој грип била панична, но инсистираат дека ризикот по луѓето од евентуалното не реагирање на владините служби би бил многу поголем, а последиците многу потешки. Меѓународните и британските вирусолози сметаат дека во сегашната фаза не би требало да попушти будноста на луѓето, кога станува збор за заштитата, со редовното миење на рацете како одбранбен механизам од заразувањето.


Кон врв
pro Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 22:52
Нема да има никаков втор бран од таканаречената пандемија на свински грип. Немаше ни прв бран. Немаше ни пандемија. Кога дознав дека СЗО ги смени критериумите за прогласување на пандемија веднаш ми беше јасно дека ова не е пандемија. Многумина нема да се сложат со мене, гледајќи ги бројките на починати од овој тип на грип кој несреќно доби страшно име „свински грип“, но јас би сакал да размислат за следново: Пред 2009 година починатите од сезонски грип Б се броеја со стотици илјади на светско ниво. Наместо тоа, во 2009 имаше 15,000 починати од грип на светско ниво, наводно од новиот тип на грип, но каде е тука статистиката за „стариот“ сезонски грип? Факт е дека 2009 беше „најдобра“ досега според бројот на починати од грип.
Стравот е посеан намерно, со цел да се оствари профит, да се продадат што повеќе вакцини и антивирусни лекови кои не само што не делуваат позитивно, туку се и неверојатно штетни по здравјето на луѓето. Сето тоа не би можело да се постигне без корупција во највисоките кругови во кои обично никој не се сомнева, од страна на фармацевтските компании.
Во врска со оваа тема пред 2 месеци објавив краток текст во дневните весници кој би сакал да ви го пренесам и тука:
Лажни пандемии, корупции и неколку чесни луѓе
Советот на ЕУ ќе покрене истрага за лажна пандемија на свински грип и можна корупција меѓу Светската здравствена организација, фармацевтската индустрија и академски научници. Конечно на највисоко ниво ќе се истражува една од најголемите измами на човештвото (за жал не и единствена).
Многумина беа принудени да го ризикуваат своето здравје заради задолжителна вакцинација (по препорака на СЗО) против лажната пандемија на свински грип.
Министерството за здравство на сојузната држава Њујорк во САД нареди задолжително вакцинирање на сите медицински лица против свински грип, под закана за отпуштање од работа. Тие ја тужеа државата барајќи право на сопствен избор. Судија на Врховниот Суд во Њујорк во октомври издаде привремена забрана за принудното вакцинирање, по што вакцинирањето продолжи само на доброволна основа.
Изгледа дека корупцијата најмногу ја има таму каде што никој не ја бара, во највисоките кругови на најважните организации во светот. Се чини дека парите стануваат основен критериум во донесувањето на најголемите одлуки.
Барак Обама ја доби Нобеловата награда за мир веднаш по стапувањето на функцијата претседател на САД, држава која во моментот води две војни на туѓа територија. За споредба, индискиот претседател Ганди, иако петпати беше номиниран за Нобелова награда за мир, никогаш не ја доби. Колкаво е влијанието на политичките и фармацевтските моќници врз одлуките кои се носат во една таква престижна институција?
Зошто германскиот научник Харалд Зур Хаузен доби Нобелова награда за пронаоѓањето на ХП вирусот и поврзаноста на ХПВ со болеста рак на грлото на матката кога до ден денес ништо од тоа не е докажано? Според интервјуто објавено во канадскиот весник Стар, обвинителот на антикорупциската комисија во Шведска, Нилс-Ерик Шулц, започнал кривична истрага поради обвинувањата дека Астра Зенека, фармацевтска компанија која финансиски учествува во процесот на номинирање и доделување на Нобеловата награда, извршила влијание при тој избор. Во прашање се двајца професори кои учествуваат во доделувањето на Нобеловата награда за медицина. Бо Ангелин, член на Нобеловото Собрание, е истовремено во бордот на директори на Астра Зенека со годишен хонорар од 50.000 долари, додека претседателот на Нобеловиот Комитет, Бертил Фредхолм, како консултант беше на платен список на АстраЗенека до 2006 година. Каде е поврзаноста и финансискиот интерес? Астра Зенека има патентирано состојки во ХПВ вакцината, и тој патент им носи милиони долари профит годишно од продадените ХПВ вакцини Гардасил (во Македонија под името Силгард) и Церварикс, произведувани од Мерк и Глаксо.
По јавно објавените докази од страна на австралиската новинарка Џенин Робертс за фалсификување на експериментот со кој е утврдено дека вирусот ХИВ ја предизвикува болеста СИДА, десетици еминентни научници, меѓу кои и двајца добитници на Нобелова награда, го кренаа својот глас потврдувајќи ги нивните претходни сомневања дека всушност сидата не е предизвикана од вирус, а ХИВ вирусот е сосема безопасен. Зошто официјално 100 проценти се верува на една сомнителна теорија задушувајќи ги и игнорирајќи ги истовремено спротивставените мислења на еминентни научници кои навреме предупредуваат на можните грешки или измами? Ова е тема која во наредните години ќе предизвика многу потреси и корупциски скандали во научната јавност, а во меѓувреме фармацевтските компании ќе заработуваат милиони долари од бескорисни и штетни анти-ХИВ лекови, на маката на болните.
Врховен судија, новинар-истражувач, јавен обвинител, член на Европската комисија ..... вистинските бранители на демократијата, човековите права, добробитта на човештвото, се луѓе чии имиња нема да ги запаметиме, но тоа се луѓе кои имаат храброст да се спротивстават на најголемите моќници и на недемократските одлуки на властите во интерес на сите нас. Тие се вистинските херои на човештвото, неколку чесни луѓе .....
Кон врв
Audiofil Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Мај.2006
Статус: Офлајн
Поени: 374
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Audiofil Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 22:43
Svinskiot grip pomina,kozjiot pomina i sega e na red jagneskiot grip.
Кон врв
mamba Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 92
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamba Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2010 во 12:28
i sega kaj se tie gripojte samo fama krevaja televizite svinski pticji sega mamba grip tuka nema spas
Кон врв
Jovan.74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Декември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Jovan.74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 16:57
Originally posted by емил емил напиша:

<SPAN =fontNaslov>„Втор бран“ од свинскиот грип </SPAN>

 Здравствени експерти, собрани на меѓународната конференција за новиот грип А(H1N1), што се одржува во Лондон, предупредуваат дека заканата од оваа нова болест не е надмината и дека е можен „втор бран“ во следните 12 месеци, јави дописникот на МИА од Лондон.


На конференцијата присуствуваат претставници на сто влади од светот, функционери на меѓународните здравствени организации и на фармацевтски компании. Меѓу учесниците на конференцијата е и заменик министерот за здравство на Република Македонија Владимир Поповски.


Во расправата е констатирано дека ширењето на заразата е забавено и дека болеста е ставена „под контрола“, но дека се уште не може да се рече оти работата околу овој вид на грип е завршена. Вирусолозите стравуваат дека евентуалниот нов удар на новиот грип, би можел да биде и посилен и поширок, како во поглед на опфатеноста, така и кога станува збор за последиците.


Лондонската конференција се одржува во време по острите реагирања во британската и во европската јавност за тоа дека заканата од новиот грип е преувеличена, како и дека непотребно е создадена паника, од која, како што се тврди, единствена полза имаа само компаниите за производство на лекови и на вакцини.


Британските аналитичари уште забележуваат дека „лажната тревога“ може лошо да се влијае врз луѓето за во иднина, кога нема повеќе да веруваат на предупредувањата и нема да сакаат да примаат вакцини и тогаш кога ќе биде навистина потребно.


Во Велика Британија од грипот А(H1N1) досега се починати над 400 луѓе и тоа се смета за мала бројка, затоа што секоја зима од последиците на обичниот грип умираат три до четири пати повеќе заболени.


Земјата располага со резерви од околу 90 милиони дози вакцини против новиот грип, но од нив се искористени сосема мал дел и покрај апелите за вакцинирање. Експертите собрани во Лондон, се согласуваат дека реакцијата на појавата на овој грип била панична, но инсистираат дека ризикот по луѓето од евентуалното не реагирање на владините служби би бил многу поголем, а последиците многу потешки. Меѓународните и британските вирусолози сметаат дека во сегашната фаза не би требало да попушти будноста на луѓето, кога станува збор за заштитата, со редовното миење на рацете како одбранбен механизам од заразувањето.



па сликава со BIOHAZARD позадина
LD Pistolero a.k.a Demolero
Кон врв
mamba Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 92
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamba Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 07:32
najnov grip mamba grip
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 15:09
Ова требаше да звучиш забавно.......ц,ц,ц,ц,ц,...
МИР со сите
Кон врв
stigmata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 183
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigmata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2010 во 00:30
Originally posted by polzavce polzavce напиша:

Ова требаше да звучиш забавно.......ц,ц,ц,ц,ц,...
ne se zamaraj so mamba toj ima tolku negativna energija so neznaj ni so pisi ni so kazva a izgleda ke go fati svinski grip mamba garant
nikada nije bilo kao sto je bilo
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 111213
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.