IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕРСКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕРСКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7071727374 86>
Автор
Порака
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 20:48
Околу 3.000 тужби за педофили свештеници во Ватикан
Бисера Благојевиќ Коментари (0)     


13.03.2010 14:43
Ватикан


Правосудството на Ватикан од 2001 година до 2010. разгледа околу 3.000 тужби за педофилија против свештеници извршени во последните 50 години.

Шеесет отсто од тужбите станува збор за педофилија со физичка привлечност кон адолесценти. Папата Бенедикт 16. им даде поддршка на бискупите во напорите за расветлување на сексуалното злоставување на малолетници во католички установи.

„Папата го проследи извештајот со голем интерес и длабока погоденост. Ние сме свесни за нашата одговорност. Сакаме да ја откриеме вистината, жртвите имаат право на тоа“, изјави Роберт Цолич, надбискуп.

Во последните девет години околу 300 свештеници биле инволвирани во педофилија, најголем број се од САД.

Специјалниот ополномоштеник на германската бискупска конференција за проблемите со сексуална злоупотреба на малолетници, бискупот Штефан Акерман, потврди дека црквата е цврсто решена да ги расветли сите случаи.

Тој порача дека црквата не бара посебен правен простор за тоа, туку ќе соработува со надлежните државни органи
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 21:12
САД ја критикуваат идејата за црквата на плоштадот



Стејт департментот смета дека „Скопје 2014“ ги подгреал меѓуетничките тензии

И американскиот Стејт департмент го критикува владиниот проект „Скопје 2014“, конкретно, идејата на премиерот Никола Груевски на скопскиот плоштад „Македонија“ да се изгради црквата „Свети Константин и Елена“. Во годишниот извештај за човекови права на Стејт департментот се укажува дека идејата за градење православен храм на централниот плоштад придонела за меѓуетничка напнатост во државава.

Во извештајот проектот „Скопје 2014“ е оценет како владина поддршка за црквата, која придонела за затегнување на меѓуетничките тензии и повела прашања за инволвирање на власта во религиозни работи. Во извештајот се наведува и дека недостигот на ефикасна полициска заштита за демонстрантите ги зголемила загриженостите околу слободата на собирање. Практично, официјален Вашингтон оценува дека биле прекршени човековите права на граѓаните што протестираа против изградба на храмот, при што дел од нив се судрија со полицијата и со граѓаните кои се „за“ црквата.

Настаните, предизвикани од идејата на Груевски за изградба на храмот, ги подгреаја меѓуетничките и меѓуверските односи. Речиси година и пол не стивнува иницијативата за изградба на Бурмали-џамија на скопскиот плоштад, која се' уште е без конечен исход.

Иницијаторите дури најавуваа дека револтот поради конечната одлука за изградба на црквата, а поради неизвесноста за џамијата, ќе вршат обреди под отворено небо. Црквата и целиот проект „Скопје 2014“ предизвикаа револт не само кај муслиманскиот блок партии и невладини организации туку воопшто кај целата муслиманска заедница. Таа смета дека со реализација на владините урбанистички визии ќе се избрише муслиманското минато оти на скопскиот плоштад не е предвидено поставување на ниту еден споменик на личност од албанската или од турската историја. (Дс.Тhttp://www.utrinski.com.mk/?ItemID=35B4477481CA57439F52DC492DE54360


Изменето од el_kevser - 13.Март.2010 во 21:13
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
skalica Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 64
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај skalica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 22:12
[QUOTE=el_kevser] САД ја критикуваат идејата за црквата на плоштадот



Стејт департментот смета дека „Скопје 2014“ ги подгреал меѓуетничките тензии
....

Дрн, дрн јариња...

Како да кажале нешто ново. Секогаш штом ќе стане збор за нешто во врска со Православната Христова Црква, америте се или резервирани или критизери, а знаете ли зошто!? Затоа што таму царува сатаната. Затоа таа земја е наречена: Сатанска земја. Значи, ништо ново. Што мислите, би сакал ли сатаната уште еден храм, уште едно место каде што ќе се возвеличува и слави името на Христа Бога - Спасителот!?
Прости ми, Господи, јас сум грешен човек!
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 18:31
se slozuvam so tebe skalica ,,

a sto im preci vas ili posiroko makedonskata javnost da ima i dzamija vo plostadot potocno kade sto bilia ponovo da se izgradi ,,, jas sum za da se izgradi pravoslavna crkvaa,
t.e isto kako i amerekancive ne vi se dopaga toa sto amerikancive go velat toa vo vrska so izgradba na pravoslaven hram treba da svatite deka i nas ne nise dopaga toa sto ja ignorirate izgradabata na dzamijata   na plostatot ,, vsusnost taaa dzamja bila   ie e urnata vo 1935 god pa natamu tocen datum neznam ,bila i ke bide izgradena na toa mesto .kolku i da go negirate toa , i toaa dzamija ke ja izgradat vernicite so sopstveni sredstva nemoraa valdata da im pomaga   kako na pravoslavnite crkvi .
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2010 во 18:55
Ватикан го брани папата од скандалот со злоупотреба



ВАТИКАН - Ватикан ги осуди обидите за поврзување на папата Бенедикт Шеснаесетти со скандалот со злоупотреба на деца во неговата родна Германија. Портпаролот, отецот Федерико Ломбардаи изјави дека има „агресивни“ напори за инволвирање на папата, но додаде: „Јасно е дека овие обиди беа неуспешни“. Обвинителот на Светиот стол во меѓувреме изјави дека „да се обвини сегашниот папа за криење (на случаи на злоупотреба) е невистина“. Од поранешната диоцеза на папата беше соопштено дека тој во една пригода несвесно одобрил сместување на свештеник обвинет за злоупотреба на деца.

Епизодата датира од 1980 година кога тој бил надбискуп од Минхен и Фрајсинг и познат како Јозеф Рацингер. Меѓутоа, поранешен заменик вели дека тој, а не идниот папа, ја донел одлуката за повторно сместување на свештеникот, кој подоцна злоупотребил други деца и бил осуден.

Отецот Ломбарди за Радио Ватикан изјави дека обвиненијата за прикривање од страна на папата се „клеветнички“. „Имаше такви што се обидоа, со одредена агресивна истрајност, во Регенсбург и Минхен, да бараат елементи на лично инволвирање на Светиот отец во проблемот со злоупотреба“, изјави тој.

Монсињор Чарлс Скиклуна, официјален претставник на Ватикан одговорен за судско гонење на свештеници, кои наводно извршиле сериозни сексуални злосторства, за „Лавенир“ - весник на Конференцијата на италијански бискупи - изјави дека обвиненијата дека римокатоличкиот поглавар помогнал да се прикрие злоупотреба се „невистинити и клеветнички“. Тој додаде дека идниот папа „покажал мудрост и непоколебливост“ во справувањето со случаите на злоупотреба кога бил прв човек на одделот одговорен за црковната дисциплина, Собир за доктирна на верата, цели четири години пред да стане папа. Но, монсињор Скиклуна призна дека од 2001 година од официјални лица во Ватикан биле примени околу 3.000 обвиненија за злоупотреба на малолетници од страна на свештеници. Тие вклучувале и епархиски и религиозни свештеници и се однесувале на дела извршени во последните 50 години. (Би-Би-Си)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0FBFAB919812054396C48258EE727EAB
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2010 во 19:02
Црквата се крсти во државата



Потребно е да помине уште време за да дојдеме до ситуација во која поврзаноста меѓу државата и Црквата нема да биде проблематична, вели владиката Тимотеј

Ништо спорно во врската меѓу државата и Македонската православна црква не наоѓаат црковните и државните претставници откако американскиот Стејт департмент повторно ја проблематизира таа врска во нашава земја. Загрозувањето на принципот на секуларноста на државата, содржано во последниот Извештај за почитувањето на човековите права и слободи нив не ги загрижува, бидејќи не постоеле причини за загриженоста околу нарушувањето на принципите на секуларноста на државата. Стејт департментот отворено предупреди дека идејата за изградба на православен храм на централниот скопски плоштад придонела за зголемување на меѓуетничките тензии и го поставила прашањето за „инволвираноста на државата во религиозните работи“. Оваа оценка практично на свој начин се надоврзува на констатациите од Извештајот за верските права и слободи во кои отворено се укажа дека „државата ја фаворизира МПЦ“.

Активисти за човекови права не само што се согласуваат дека постои спрега меѓу државата и Црквата туку и дека таа се продлабочува. Како пример за тоа се посочува жестокиот став на МПЦ и нејзината цврста поддршка на Владата во ставот дека „сексуалната ориентација“ на луѓето не може да биде основа врз која некој во земјава би можел да биде дискриминиран. Предлогот на овој закон наиде на голем број реакции низ институциите на Европската Унија и предизвика барања за корекција на законот. Меѓутоа државните претставници, сега потпомогнати и со црковната поддршка, најавуваат непопустливост во однос на барањето со заштитата од дискриминацијата да бидат опфатени и хомосексуалците, лезбејките, транссексуалците... Наспроти ова, во повеќето други земји во кои постојат големи православни заедници постоењето на вакви законски решенија воопшто не е спорно.

Далеку од секуларни стандарди

Уставните и законските решенија во земјава предвидуваат и бараат стриктна одвоеност на верските заедници и религиозните групи од државата. Меѓутоа, наспроти ова, во досегашната практика низа примери го потврдуваат мешањето на државата во верските работи, но и обратно. Начинот на кој беше избран актуелниот поглавар на МПЦ, архиепископот г.г. Стефан пред десетина години, со силно влијание на неколкумина пратеници на тогаш владејачката политичка партија, но и речиси истородни дејства на тогаш владејачката партија од албанскиот политички блок при изборот на сегашниот поглавар на Исламската верска заедница, се доволна потврда за влијанието на државата. По ова, доаѓаат цела серија потези кои, периодично, ја потврдуваат врската. Поставувањето на Милениумскиот крст на Водно крај Скопје, неуставното воведување на веронауката во образовниот систем, фаворизирање и прекуноќно одобрување на градбата само на верски објекти за православни христијански и исламски верници, отежнување на регистрацијата на помали религиозни групи, само потврдуваат дека постојат проблеми во гарантираната рамноправност на 26 верски заедници и религиозни групи во земјава.

Синодскиот портпарол и дебарско-кичевски владика Тимотеј не е загрижен поради укажувањето од американскиот Стејт департмент.

- Според мене, природно е да постои поврзаност меѓу Црквата и државата. Сите православни цркви се и национални цркви и мислам дека воопшто не е штетно доколку постои таква поврзаност. Системот што го градиме во земјава се' уште не е изграден. Потребно е да помине уште време за да дојдеме до ситуација во која таквата поврзаност меѓу државата и Црквата нема да биде проблематична за земји каква што е САД. Ние си имаме наши стандарди како треба да изгледаат тие односи и тие очигледно не се совпаѓаат со американските стандарди - вели владиката Тимотеј.

Аргументите дека државата ја фаворизира најголемата православна верска заедница, Стејт департментот ги виде и во градењето на црквите, но и на џамиите, без градежни дозволи. Наспроти ова, помалите верски заедници тешко добивале вакви дозволи за нови објекти, исто како што имале и големи проблеми при регистрацијата пред државните органи. Наведени беа случаи на 11 вакви заедници. Иван Грозданов, проповедник на Христијанската баптистичка црква, во неодамнешното интервју за „Дневник“ рече дека помалите верски заедници се дискриминирани во македонското општество.

- Со децении бараме да ни се одобри изградба на наш верски храм во Општина Центар и во други скопски општини. Ниту една не ни даде одобрение - вели тој.

Директорката на државната Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска, изјавува дека е позитивно тоа што нема забелешки за работата на Комисијата.

- При споменувањето на локацијата наменета за црква на главниот скопски плоштад не треба да се заборави и следниот факт. Таа локација на МПЦ е' е доделена како соодветна компензација за земјиштето што во процесот на денационализацијата таа требаше да го добие како надомест за локацијата на која своевремено била црквата „Свети Константин и Елена“. Законот предвидува можност на барателот на имотот да му се даде друга парцела како надомест за она земјиште што физички не може да се врати. Така е и постапено во случајот - објаснува Божиновска, која во своите јавни настапи постојано потенцира дека „христијанството е државна религија“.

Според Божиновска, во најголема мера се надминати и проблемите околу регистрирањето на помалите верски заедници.

- Најголемиот дел од нив што беа спорни добија регистрација. Остана уште случајот со Бектешката заедница. Таму е проблемот тоа што нашите закони не дозволуваат државјанин на друга земја да биде основач на верска заедница. Таков е токму проблемот со Баба Едмунд Брахи и затоа барањето е вратено. Кога ќе се изврши промената на основачот, сигурна сум дека ќе се затвори предметот - вели Божиновска.

Црковно заостанување

Митрополитите на МПЦ на последната синодска седница зазедоа став дека Уставот на Република Македонија е доволна правна рамка за заштита од дискриминација.

- Дополнителни интервенции што би се однесувале на правата и слободите врз основа на сексуалната ориентација би можеле да ги нарушат веќе постојните загарантирани права и слободи. Изразување на некои лични склоности спаѓа во доменот на приватноста и МПЦ смета дека приватноста треба да биде неприкосновена и заштитена. Јавното изразување на личните и интимните склоности, каква што е сексуалната ориентација, може да биде навреда на правото на граѓанинот на приватноста на семеен живот. Исто така, ова може да ги навреди верските убедувања на голем дел од граѓаните, нанесувајќи штета и повреда на неприкосновеното достоинство на личноста. МПЦ е со јасен став дека дискриминацијата во однос на личните склоности треба да биде ефикасно забранета - потенцира Синодот на МПЦ.

Владиката Тимотеј вели дека основа за ваквиот став им се наоѓа во христијанското учење, кое проповеда дека бракот претставува врска меѓу мажот и жената.

За Славчо Димитров, координатор на Коалицијата за заштита и промоција на правата на маргинализирани заедници, токму ставот на МПЦ во однос на законот за антидискриминација покажува каков е односот меѓу неа и државата.

- Вокабуларот што го користи МПЦ само укажува колку се моќни и колку се тесно поврзани со власта. Се сеќавате сигурно, тие претходно имаа цела серија зборови полни со омраза кон жените што бараа право на абортус. Сега, говорот што го употребува Црквата не може а да не произведува конфликти. Тој поттикнува нетрпеливост кон одредена група граѓани и оваа верска заедница, наместо да шири разбирање меѓу луѓето, што и' е основната мисија, го прави токму спротивното - предупредува Димитров.

Тој наведува дека доколку се слуша гласот на Црквата тогаш треба да се фрли сето она што е напредок во светот во последните педесетина години.

- Оправдување за вакви нивни ставови не може да се најде ниту во христијанското учење. Голем дел од христијанските цркви го прифатиле склучувањето хомосексуални бракови и зошто во тој поглед и нашата Црква не сака да напредува - се прашува Славчо Димитров.

Никола Наумов, од невладината организација „Плоштад Слобода“, смета дека е парадоксален црковниот став според кој правото на една личност може да претставува намалување на правата на друга личност.

- Црквата на плоштадот од самиот почеток беше проект на Владата со цел да промовира една култура наспроти друга. Ова е мултиконфесонална и мултиетничка земја, а плоштадот е на сите граѓани. За разлика од Стејт департментот, кој смета дека со тој проект се загрозуваат и меѓуетничките односи, ние сметаме дека тоа е и граѓанско прашање. Од друга страна, Синодот на МПЦ, кој е прозван да се изјасни дали ќе гради црква на плоштадот и се соочува со барањата на ИВЗ таму да се гради и џамија, се занимава со законот за антидискриминација - вели Наумов
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2010 во 22:19
Бискуп од Северна Ирска обвинет за прикривање на сексуално насилство врз деца
18.03.2010 - 13:03 | Свет
Бискупот од северноирскиот град Дери, Шимус Хигерти е обинет дека е вмешан во прикривање на осомничен за сексулано насилство врз деца што биле под заштита на Католичката црква во оваа британска покраина, пишува весникот „Белфаст Телегаф“.



Хигерти е посочен како еден од тројцата високи свештеници кои биле вклучени во правењето вонпарнична граѓанска спогодба за исплата на паричен надомест на едно осумгодишно девојче, кое десет години, меѓу 1979 и 1989 година, било изложено на сексуално насилство.

Според овој северноирски весник, на жртвата и биле исплатени 12.000 фунти за да се прикрие насилството од полицијата и од јавноста.

Жрвата на сексуалното насилство од еден свештеник, чиј идентитет не се открива, за „Белфаст телеграф“ изјавила дека неа, ниту тогаш, а ниту сега, спогодбата за надомест не и значи ништо.

На постигнувањето договор за вонпарнично исплата на отштета во декември 2000 година, покрај адвокатот што ја оверил спогодбата, присуствувале бискупот Шимус Хигерти, уште еден католички бискуп, како и свештеникот насилник. Тој притоа дал и писмено извинување до семејството на жртвата, во кое вели дека жали за она што се случувало во текот на една деценија.

Таткото на несреќното девојче, сега возрасна млада жена, изјавил дека не го пријавил случајот, како ни свештеникот во полиција, затоа што „тоа тогаш не било културно“ во покраината.

Парохијата во Дери, со која управува бискупот Хигерти одби да ги коментира наводите на весникот од Белфаст.
Во еден извештај од 2005 година, во парохијата од Дери имало 26 случаи со католички свештеници-сексуални насилници, во период од 40 години.

Откритието за прикривањето на свештеничкото сексуално насилство во Северна Ирска доаѓа по јавното извинување на кардиналот на ирската католичка црква Шон Брејди за неговата улога во прикривањето на она што се случувало во црквата уште додека бил само свештеник
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 00:50


  • Црквата се крсти во државата



Потребно е да помине уште време за да дојдеме до ситуација во која поврзаноста меѓу државата и Црквата нема да биде проблематична, вели владиката Тимотеј

Ништо спорно во врската меѓу државата и Македонската православна црква не наоѓаат црковните и државните претставници откако американскиот Стејт департмент повторно ја проблематизира таа врска во нашава земја. Загрозувањето на принципот на секуларноста на државата, содржано во последниот Извештај за почитувањето на човековите права и слободи нив не ги загрижува, бидејќи не постоеле причини за загриженоста околу нарушувањето на принципите на секуларноста на државата. Стејт департментот отворено предупреди дека идејата за изградба на православен храм на централниот скопски плоштад придонела за зголемување на меѓуетничките тензии и го поставила прашањето за „инволвираноста на државата во религиозните работи“. Оваа оценка практично на свој начин се надоврзува на констатациите од Извештајот за верските права и слободи во кои отворено се укажа дека „државата ја фаворизира МПЦ“.

Активисти за човекови права не само што се согласуваат дека постои спрега меѓу државата и Црквата туку и дека таа се продлабочува. Како пример за тоа се посочува жестокиот став на МПЦ и нејзината цврста поддршка на Владата во ставот дека „сексуалната ориентација“ на луѓето не може да биде основа врз која некој во земјава би можел да биде дискриминиран. Предлогот на овој закон наиде на голем број реакции низ институциите на Европската Унија и предизвика барања за корекција на законот. Меѓутоа државните претставници, сега потпомогнати и со црковната поддршка, најавуваат непопустливост во однос на барањето со заштитата од дискриминацијата да бидат опфатени и хомосексуалците, лезбејките, транссексуалците... Наспроти ова, во повеќето други земји во кои постојат големи православни заедници постоењето на вакви законски решенија воопшто не е спорно.

Далеку од секуларни стандарди

Уставните и законските решенија во земјава предвидуваат и бараат стриктна одвоеност на верските заедници и религиозните групи од државата. Меѓутоа, наспроти ова, во досегашната практика низа примери го потврдуваат мешањето на државата во верските работи, но и обратно. Начинот на кој беше избран актуелниот поглавар на МПЦ, архиепископот г.г. Стефан пред десетина години, со силно влијание на неколкумина пратеници на тогаш владејачката политичка партија, но и речиси истородни дејства на тогаш владејачката партија од албанскиот политички блок при изборот на сегашниот поглавар на Исламската верска заедница, се доволна потврда за влијанието на државата. По ова, доаѓаат цела серија потези кои, периодично, ја потврдуваат врската. Поставувањето на Милениумскиот крст на Водно крај Скопје, неуставното воведување на веронауката во образовниот систем, фаворизирање и прекуноќно одобрување на градбата само на верски објекти за православни христијански и исламски верници, отежнување на регистрацијата на помали религиозни групи, само потврдуваат дека постојат проблеми во гарантираната рамноправност на 26 верски заедници и религиозни групи во земјава.

Синодскиот портпарол и дебарско-кичевски владика Тимотеј не е загрижен поради укажувањето од американскиот Стејт департмент.

- Според мене, природно е да постои поврзаност меѓу Црквата и државата... (читај повеќе)

Извор: Дневник.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 04:59
ЕВАНГЕЛОС, нема потреба да спамираш...

      

Православната Црква во Америка неодамна во своите крилја прифати 5000 крстени Индијанци



Православната Црква во Америка, која обединува повеќе од 700 парохии во Мексико, САД и Канада, неодамна во своите крилја прифати 5000 крстени Индијанци.

Наскоро на Црквата ќе и се приклучат повеќе илјади граѓани на Гватемала кои сакаат да го примат Православието, нагласи во интервју за Pravoslavie.ru, Митрополитот на Америка и на Канада г. Јона (OCA)

Г. Јона уште нагласи: „Повеќето од граѓаните на Гватемала, кои планираат да станат Православни, му припаѓаат на народот на Маите“.

„Ако ги земеме тие граѓани на Гватемала, како и претставниците на автохтоните населенија од други земји на Латинска Америка, тогаш Индијанците би можеле да станат главната етничка група на Американската Православна Црква. Лично, јас би се радувал за тоа“, наведе Митрополитот Јона.

Исто така Митрополитот нагласи дека Католичката Црква брзо го губи своето влијание во Латинска Америка, а причина за тоа се нејзините тесни врски со повисоките класи на општеството.

„Еден голем дел од сиромашните, што претставува мнозинство од населението во областа, се разочарани од Католичките пастири и се приклучија на Протестантите, Мормоните и други еретици“, објасни Митрополитот Јона.

На крај, зборувајќи за Православните Индијанци во Америка, Митрополитот Јона наведе дека можеби наскоро во Алјаска ќе се одржи Конгрес на Православните Индијанци.




Извор: МПЦ

Изменето од Maran Ata - 19.Март.2010 во 05:00
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 20:23
Педофилијата скапо ќе го чини Ватикан
a1.com.mk     


19.03.2010 13:47
Ватикан


Педофилијата во редовите на католичката црква скапо ќе го чини Ватикан затоа што многу верници веќе ги преиспитуваат своите уверувања, поради новите скандали.

Црквата е доведена во ситуација да не може да ги игнорира монструозните сексуални злоупотреби, за кои се молчи со години.

Според истражувањата повеќе од 17 отсто од 5,6 милиони римокатолици во Австрија размислуваат да ја напуштат црквата, а 77 отсто бараат да се укинат роковите за застарените случаи на злоупотреба.

На сите за кои ќе се докаже дека во текот на службата ги злоупотребувале децата да им се изрече затворска казна.

По педофилскиот скандал 38 отсто од Австријците го промениле ставот за Католичката црква и за неа имаат негативно мислење, ниту пак, би им ги довериле децата на црковните установи.

Повеќе од половина католички Австријци не веруваат дека црквата е подготвена да се справи со педофилите во своите редови.



Изменето од el_kevser - 19.Март.2010 во 20:38
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 20:40

Katolickata crkva ja drma golema kriza ...
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 20:41
ВАТИКАН
Папата ќе го потпише писмото посветено на педофилијата
Извор: Макфакс

   19.03.2010 | 09:25





Папата Бенедикт 16 денеска ќе го потпише долго очекуваното пасторално писмо кое се однесува на случајот со педофилија што ја тресе католичката црква во Ирска.

Соочен со наводните скандали на сексуална злоупотреба на деца во католичките училишта, Папата ќе го посвети писмото на ирскиот народ што е прв папски документ кој е посветен на педофилијата.

Од друга страна Владата во Ирска објави опширен извештај во кој се говори за масовна злоупотреба на деца во Даблинската бискупија.

Содржината на писмото се очекува официјално да биде објавена во сабота




Изменето од el_kevser - 19.Март.2010 во 20:43
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 20:46
Originally posted by el_kevser el_kevser напиша:

ВАТИКАН
Папата ќе го потпише писмото посветено на педофилијата
Извор: Макфакс

   19.03.2010 | 09:25





Папата Бенедикт 16 денеска ќе го потпише долго очекуваното пасторално писмо кое се однесува на случајот со педофилија што ја тресе католичката црква во Ирска.

Соочен со наводните скандали на сексуална злоупотреба на деца во католичките училишта, Папата ќе го посвети писмото на ирскиот народ што е прв папски документ кој е посветен на педофилијата.

Од друга страна Владата во Ирска објави опширен извештај во кој се говори за масовна злоупотреба на деца во Даблинската бискупија.

Содржината на писмото се очекува официјално да биде објавена во сабота





Na koe deredze dojde Katolickata crkva.

Ubavo kaza ISUS: Nema nisto skrieno, sto nema da stane javno.
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 20:47
РИО ДЕ ЖЕНЕИРО
Свештеници во Бразил сексуално искористувале момчиња


   17.03.2010 | 14:57

Извор: Макфакс





Бразилска телевизија објавила снимки кои откриваат дека католичките свештеници сексуално искористувале млади момчиња во Бразил.

Скандалот изби во вторникот откако телевизијата SBT објавила видео снимки на кој се гледа сексуален чин помеѓу 82 годишниот свештеник, Луис Маркес Барбоса и неговиот деветнаесетгодишен помошник при црквениот олтар.

Младото момче му било помошник на Барбоса четири години, наведуваат агенциите.

Телевизијата ја објавила и приказната на три бивши членови на детскиот црковен хор од градот Арапирака, на североистокот на Бразил. Еден од овие тројца, кој сега има 20 години, тврди дека бил присилен на сексуални односи со Барбоса кога имал 12 години, и дека Барбоса „имал безброј момчиња“.

За сексуално злоставување се товарат уште два свештеника од црквата: Раимундо Гомес (52) и Едилсон Дуарте (43).

Бразилската црква соопшти дека по повод овој скандал тројцата свештеници се суспендирани.

Полицијата соопшти дека отворила истрага и осомничените свештеници нема да бидат во притвор до завршувањето на истрагата.

Портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди, потврди дека Светата столица е известена за овој случај, пренесуваат агенциите ,,, stoe rabotava so ovie svetenicii


Изменето од el_kevser - 19.Март.2010 во 20:48
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7071727374 86>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,531 секунди.