|
Историски погледи на црковните прашања |
Внеси реплика | страница <1 2425262728 37> |
Автор | ||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Писмо од жителите на градот Дебар до великиот везир (од 1 септември 1863г.), во кое сакаат да бидат избавени од грчките архиереи, кои се однесуваат со нив како животни; и да се признае од султанот jерархиjата на верната бугарска раjа во старото и седиште:
|
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
http://www.gumer.info/bibliotek_Buks/History/grig/02.php
Тука Никифор Григора (14 век) објаснува некои интересни работи за Јустинијана Прима и зошто станала на цела Бугарија. (транслејтот е смешен, кој разбира руски да види) |
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во присуство на над триста делегати, свештеници, претставници на народната власт и на Народниот фронт, делегатите автентично го искажаа расположението на македонскиот народ од сите краишта на слободна Македонија за создавање на Македонска православна црква преку обнова на старата Охридска архиепископија, во 1767 година незаконски укината од турскиот султан Мустафа Трети, а по барање на Цариградската патријаршија. На овој Собор зеле учество повеќе од 300 делегати - свештеници и мирјани. Откако бил прочитан реферат за улогата на Охридската архиепископија во историјата на македонскиот народ и биле ислушани дискусиите на бројни дискутанти, Соборот донел едногласна резолуција за идната црковна положба во слободниот дел на Македонија. Прво, да се обнови Охридската архиепископија како Македонска Православна Црква, која нема да биде потчинета на која и да било помесна национална православна црква. Второ, таа да има македонски епископи и македонско свештенство, за да се запази посебноста на македонскиот народ и тој да биде поблизок до својата родна црква: Трето, првиот македонски архијереј да ја носи титулата „Охридски архиепископ“, а Православната македонска црква да се нарекува „Свети Климентова Охридска архиепископија“. Понатаму во соборската резолуција се говори за тоа, дека Охридскиот архиепископ треба да биде хиротонисан во Охрид и устоличен на тронот на Охридските архиепископи, како и тоа дека за обновувањето на Охридската архиепископија треба да бидат известени сите автокефални православни цркви во светот. Црковно-народниот собор одлучил да биде избран нов Иницијативен одбор за организирање на Македонската православна црква, давајќи му привремена управна и законодавна власт. Српската православна црква во месец септември истата година, на заседанието на својот Архијерејски синод, се изјаснила дека не може да ја признае самостојноста и независноста на Македонската православна црква, тврдејќи дека таа се уште има јурисдикција на Епархиите во Македонија. Таа го повикала православниот македонски народ да се врати на состојбата меѓу двете светски војни. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пак да појаснам, цела Бугарија не значи и целокупна Бугарија, затоа што бугарските епархии се грчки и возглавени од Неговата Сесветост Патријархот Константинополски. Ако според тебе паствата е таква каква што мислиш дека е, другата паства, по силата на твојата констатација си е сосема различна од првата. |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Повели Каснакоски, одговори ги, чекаме веќе месеци. Само не се повторувај, ако се повторуваш, имаш одговор на се што си кажал поназад на темата.
|
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нешто не се разбираме. Кога јас сум тврдел дека црквата била бугарска во времето за кое ти се прашањата?
Јас тврдам дека 1. Охридската архиепископија потекнува од бугарската црква, како е опишано во грамотите на Василиј Втори. 2. Црквата се грецизирала и тогаш си нашла нови корени во Јустинијана Прима, која одамна ја немало. Со други зборови речено - Охридската црква од 12 век си го подменила ИДЕНТИТЕТОТ. |
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ха, абе балканот е една голема лудница, одамна го велам тоа. А Каснакоски, а зошто тогаш Прличев ја пее онаа песна: Ќе прати владици Грци в лицем светци, в срцем в’лци.. ?! |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Доколку е така, а не е, повторно нема заедничко потекло со Бугарската Црква, која во суштина е грчка Црква, дури потоа се осамостојува, ама за кусо време, пред да се врати во прегратките на Мајката Црква повторно. Од друга страна, докажавме дека списокот кој го наведе на Архиепископи, не е точен, ниту пак е признаен ( освен можеби од вашата историографија ). Дај доказ дека Охридската Црква некаде се повикува на традициите на бугарската Црква ( на потекло од истата ) освен еден Архиепископ, ама тоа ќе го разгледаме сега , во второто прашање.
Црквата не може да си најде нови корени, затоа што и никогаш и никаде истата не се повикала на корените од Бугарската Црква, која патем во тоа време и постојано се појавувала и исчезнувала од историската сцена, но секогаш појавувањето нејзино директно или индиректно се врзува со Цариград, што дополнително говори за карактерот на истата. Во однос на повикувањето на грамотите на Василиј Втори, забележано е само едно повикување на традициите од Василиј Втори, од страна на Архиепископот Јаков Проархиј ( 1275-1285 ) со барање да се востановат привилегиите дадени од Василиј Втори. Како што кажа ти, во дванаесеттиот век имаме повикување на традициите на Јустинијана Прима, но не како што сметаш ти, поради менување на идентитетот и привилегии, додека во дванаесеттиот век, имаме повикување на традициите од Василиј, со цел востановување на привилегиите. А штом е така, твојата теорија за менување идентитети поради привилегии и слично паѓа во вода, затоа што кога во дванаесеттиот век веќе ги имала привилегиите од Јустинијан, зошто истата би се повикувала на привилегиите на Василиј? |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Појасни што тврдиш
А. Јустинијана Прима била создадена од Јустинијан и си постоела се до 1767? Б. Нешто друго Ако е Б., молам да појасниш. Ако е А. кажи некој документ од 8 до 12 век, каде се пишува за црква на Јустинијана Прима. |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
а) Нема таква Црква која немала некакви промени, дури и Цариградската Црква, прва меѓу еднаквите, па морала да го менува седиштето, при инвазијата на Латините. б) Тврдам дека Охридската Црква се повикува на традициите на Јустинијана Прима, дека своето потекло го бара таму, дека како таква претставува наследничка на истата и нема потекло од бугарската Црква. Тоа е најкусото начин да објаснам. Сега ќе те замолам да ми дадеш документ каде Охридската Црква самата ( а не друг ) се повикува на потекло од Бугарската Црква, пред 13 век, односно пред Архиепископот кој го наведов погоре. |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Едно е меракот, дрого е вистината. Тоа што Охридската црква е барала приемственост со Jустиниана прима е било мерак, коj е бил оспорван од едни други цркви. Врни се по назаде во форумот и ке прочетеш: Во 1156 година Охридскиот архиепископ Јован Комнин во соборниот акт на Цариградската патријаршија се потпишал како "смирениот монах по милост Божија и архиепископ на Прва Jyстиниjaна и на цела Бугарија Комнин". Ова предизвикало протестот на кипарскиот архиепископ, бидејќи Кипарската Црква претендирала дека е единствениот црковен орган, создаден од императорот Jустинијан I. Под притисок на крајот и кипарскиот архиепископ ја прифатил формулата на Комнин. Оваа идеја е спроведувана и од архиепископот Теофилакт Охридски. Детали за споредување на Прима Jустинијана на Охридската архиепископија се среќаваат при Вилхелм Тирски во 1168 година, во XIII век кај Димитар Хоматиан и кај цар Михаил Палеолог. --- Охридската Црква се повикувала на традициите на Јустинијана Прима, ама сето тоа е станало Под притисок |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Притисокот не бил насочен против Охридската Црква, туку против Кипарската Црква, која тоа го правела за да може на соборот Архиепископот Кипарски да седи покрај Патријарсите. Откако Кипарската Црква се согласила со формулацијата, морала да го отстапи местото на Охридскиот Архиепископ, кој седел веднаш после Патријарстите и неговиот потпис следувал веднаш после оној на Патријарсите. А зошто другите Цркви не се побуниле? И од тебе ќе побарам доказ за тоа дека Охридската Црква самата се повикала на традициите од Бугарската Црква, иако знам дека ќе се повторуваш по којзнае колку пати, ама доказ нема да видиме. |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Си заборавил Списакот на Дjуканж? Тамо има една поредица: Протоген - Дамjан - Герман - Филип - Jован |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не кажав за џабе дека ќе се повторуваш по милионпати, само во круг ќе се вртиш, ама доказ нема да приложиш. Ајде и јас ќе се повторувам, ако милуваш така да дебатираме. Постирано од мене пред некое време, го има и поназад на форумот, сега повторно го постирам подолу: Toj список не е точен. Сега ќе го анализираме, има многу грешки. 1. Протоген не бил Архиепископ на никаква бугарска Црква, туку на Константинопол, бугарската држава била под власт на Константинопол, се служела богослужба на грчки итн.... 2. Ниту ова не е точно. Како може Папата Никола Први, кој во времето на пристигнувањето во Рим веќе бил починат да го ракоположи Методија за Архиепископ?! 5. Дури во времето на Дамјан бугарската Црква станува афтокефална?! Нели во 870 година?! Каснакоски нека го прочита тоа... 6. Од каде сега Филип?! По Герман, накратко е Давид, кој оди при Василиј да бара мир, а по Давид е Јован... По ова, се надевам Чоли уште нема да верува во вакви преемства...кои секако дека не се точни....нема потреба да кажам дека теоријата падна... |
||
Внеси реплика | страница <1 2425262728 37> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |