|
Македонскиот јазик и македонската азбука |
Внеси реплика | страница <1 5455565758 146> |
Автор | |||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Првин прочитај го внимателно линкот кој што самиот си го дал. А за емоциите, па да, ме иритира кога едно малцинство на дојденци се обидуваат да ја наметнат својата култура на мнозинството. |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
На пример, Марко Цепенков ги бележел тие гласови со кь и гь, Мисирков подоцна со к’ и г’ и оттаму ние денес ги имаме ќ и ѓ. Ако ги анализираме именките кои кај нас имаат ќ а во Бугарија шт, на пример свешта, нормално е дека групата тј е постара, бидејќи свеќа, т.е. свешта, доаѓа од свет+иа, односно свет+ја. Истото се однесува и за групата дј односно жд, спореди град+јанин /гражданин. Е сега, како би можеле да утврдиме дали ние сме повлијаени од Србите или обратно, кога сепак сме Словени и ние и тие и Бугарите. Да кажеме ако шопскиот регион е преоден јазичен регион помеѓу трите литературни јазици, македонскиот би можел да се третира како преоден помеѓу српскиот и бугарскиот. Согледувајќи ги фонетските карактеристики на некои зборови, во тој домен се приближува до српскиот, додека во поглед на граматиката и лексиката е поблиску до бугарскиот. Изменето од Pat - 12.Март.2010 во 15:56 |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Крум Кепески , Киселинов , Конески и др. , граматиката ја пишуваат после 1944 година . Лика - 24 домаќинства, Славонија - 5, Херцеговина - 3, Босна - 5, Црна Гора - 3, Пирот - 4, Централна Србија - 8, Горна Пчиња - 9, други краеви на Македонија - 4. Се доселувале сиромашни домаќинства претежно од планински краеви со слаба имотна состојба |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Се натажив. А бројките сами кажуваат.
|
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Српски колонисти, нели ? Во атарот на Умин Дол првата населба е основана 1908 година. Во неа живееле Мухаџири од Босна. Тоа биле иселеници ( бегалци ) од Босна со муслиманска вероисповест. Тој Стар Умин Дол, како денес се нарекува, се наоѓал 1,5 километри југоисточно од денешното село. |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Е супер. Сега прочитај малку подолу. Таму пишува кои се доселиле на нивно место. Кој народ е мнозинство во Лика?
Изменето од Pat - 12.Март.2010 во 16:37 |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Читам : Стар Умин Дол, како денес се нарекува, се наоѓал 1,5 километри југоисточно од денешното село. |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А што велиш за тоа болдираното? Мене зборот „есперанто“ ме асоцира на: 1. типично англиско арогантно лигавење 2. потценувачки тон кон јазикот со оглед на тоа дека во тоа време во македонскиот говор имало голем број на турцизми, грцизми и што ли не, читај го Цепенков- тоа е народниот говор во прилепско во тоа време. Меѓутоа, за Сандански, тоа бил јазик, различен од српскиот и бугарскиот- значи веќе бил и веќе се зборувал, а не некој план да се измисли нов јазик. Со твој камен по твоја глава |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Што имаме како факти до овој момент.
Македонски весник прераскажува што пишувало во некој англиски весник, ама напишаното го немаме. Добро, ама во истиот материјал на македонскиот весник се раскажува и за весник „Скрип“, а видовме дека од напишаното во грчкиот и во македонскиот весник има РАЗЛИКА. Ако го читаш само македонскиот весник, ќе мислиш дека ВМОРО сакала нешто, а в суност станува збор за некаков македонски организационен комитет, кој се појавил точно кога во Македонија доаѓа Чуповски и истата ВМРО го протерала од Македонија со пиштол во устата. Значи прво треба да видиме што точно пишува во англискиот весник за да бидеме сигурни дека се е во ред. Треба да се запрашаме дали Сандански имал до себе УЧЕНИ. Ако имал, кои се тие? Дали пак нема некоја грешка? Дали пак не се работи за Чуповски и неговиот комитет, тие во Петербург навистина може да се имале за учени. За англиското уво дали има голема разлика Чупоски - Сандански, особено ако првиот не го ни знаеле, а вториот е добро познат, да помислиле дека станува збор за Сандански. Т.е. СЛУШНАЛ ДЕКА ИМА НЕШТО, АМА НЕ РАЗБРАЛ КОЕ КАКО Е. Тоа не го тврдам, само го маркирам како можност, кога ќе ги проверам датите на статиите, тогаш. И зошто освен Карло Блинд никој друг не знае за такви намери на Сандански. |
|||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сигурно е само Павел Делирадев. Тоj учествува во создаването на Народната федеративна партиja, изработва неjзниот устав и програма, а по тоа се приклучва кон ВМРО (обединета)... |
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Пак ти со тој твој „македонски организационен комитет“. Упорно сакаш да си веруваш во тоа:
|
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Грчкиот весник “Емпрос“ на 8 јули 1905 година донел алармантна вест. Претходниот ден, нивниот репортер од Виена го испратил текстот отпечатен во весникот „“Неа Имерисиа“ (весник во Австрија што го издавале Грци)
Истовремено, на 8 јули 1905 година, алармантна вест ја објавил и атински “Скрип“. Според веста на „Скрип“, се создава „нова македонска граматика која ќе се употребува во бугарските училишта во Македонија“. На 5 јули 1905 година, д-р Карло Блинд, противник на македонската идеја, во лондонскиот весник Пал Мал Газете објавил текст кој ... Англичанецот Хенри Брејлсфорд, еден од водечките коментатори на „Дејли њуз“ и член на хуманитарниот Македонски помошен комитет, во својата книга „Македонија, нејзините народи и нејзината иднина“, издадена 1906 г. напишал: „Комитетот или некои негови делови, дури размислува (1905) за политика на наметнување на македонскиот словенски дијалект, наместо литературниот бугарски, како јазик во сите егзархистички училишта во Македонија. Се зборува дека за таа цел се печатени граматики. Ова, ми се чини, ја докажува искреноста на локалниот автономистички патриотизам“. Академик Блаже Ристовски тоа го опишал на следниот начин: „Во 1905 година, кога во Одеса се печати списанието Вардар на Мисирков, Д. Чуповски доаѓа во Македонија и во текот на неколку месеци држи тајни состаноци и има многу средби со истакнати македонски дејци во врска со организирањето на просветата на македонски јазик... Европскиот печат почна да пишува дека во Македонија се подготвуваат македонски учебници, македонска граматика и сл., што предизвика аларм среде заинтересираните кругови во соседните метрополи“, запишал Ристовски. Но, продолжува тој, „некои бугарофилски формации на ТМОРО, во велешко... му се заканија на Чуповски со смрт и тој мораше да се врати во Русија“. Станува збор за војводата Стефан Димитров кој му ставил пиштол в уста на Чуповски, по што тој немал избор освен да си замине. Моето мислење се совпаѓа со тоа на Рстовски. Европските весници не знаеле за што се работи. Во сите се опишани напорите на Чуповски. И сите пишувања се од почетокот на јули 1905. Ете Ептендосадно призна како ги подбирате изворите и сега од една информација во „Пал Мал Газете“ може да кажете 1. Сандански намислил да го воведе македонскиот во училиштата 2. Околу Сандански имало учени и следователно во Пирин планина Пиринскиот цар создал ВТОРИОТ МАКЕДОНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ по оној на Климент Охридски. Сега треба да се истражува каде биле лекториите - дали на Попова полјана или под сенките на Бајкушевата мура. |
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па познати се автономистичките идеи на Сандански, барем јас така мислам. Сте требале да го забраните и Талев, така ќе сме имале помалку извори за вадење од контекст
Изменето од Pat - 13.Март.2010 во 17:55 |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Чуповски немал комитет, а кој друг комитет знаеш ти на територијата на Македонија од тоа време? Има и еден грчки, ама претпоставувам дека тој е надвор од опција. Македонската Организација е една, ама со спротивставени фракции во неа- тоа не е тајна.
|
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Внеси реплика | страница <1 5455565758 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |