IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Научни вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Научни вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 14>
Автор
Порака
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2010 во 12:55
600 милиони тони вода на Месечината


Научниците користејќи го инструментот Mini-SAR на индиската сонда Чандрајаан-1 (Chandrayaan-1) открија остатоци од воден мраз во близина на северниот пол на Месечината. Синтетичкиот радар Mini-SAR пронајде повеќе од 40 мали кратери во кои има воден мраз. Кратерите се со димензии од 2 до 15 км во дијаметар. Иако целосната количина на вода зависи од дебелината на мразот во секој од кратерите, се проценува дека може да има околу 600 милиони метрички тони на воден мраз.

Кратери на северниот пол на Месечината. Црвените кругови се нови кратери, зелените кратери од аномалии

По опсежните мерења и информациите кои беа собрани за време на мисијата се заклучи дека создавањето на вода, миграција и задржување на Месечината навистина постојат. Mini-SAR континуирано ги мапираше деловите на Месечината кои се во постојана сенка на половите и кратерите кои што не се видливи од Земјата. Радарот ги користеше поларизациските карактеристики на рефлектираните радио бранови за да може да ги карактеризира елементите на површината. Резултатите потврдија дека остатоците се слични на мраз.

Резултатите се слични со други инструменти од сондата на НАСА Lunar Reconossaince Orbiter и само уште повеќе докажуваат за постоењето на вода во разни форми на Месечината.

Месечината е пред нас, а ова е уште една добра причина за да ја посетиме и уште повеќе да ја истражиме.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2010 во 13:19
bash 600....nema ni +...ni -.изненадување..kako li presmetale ?збунетост
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 11:37
Chestitki za Zlatnik za III-to mesto na natprevarot po Astronomija големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 15:21
Ајде Златник,честитки и од менеда
Само да прашам дали натпреварот беше на ниво на земјава или на меѓународно ниво?
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 18:18
Честитки златник, нека ти се множат успесите големо%20гушкање
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 23:33
Originally posted by renatax renatax напиша:

Ајде Златник,честитки и од менеда
Само да прашам дали натпреварот беше на ниво на земјава или на меѓународно ниво?


Na republichko nivo so nesto poveke od stotina natprevaruvachi среќатрепкање
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 00:14
Баш ми е мило,тоа е голем успехда
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 16:55
Антарктикот некогаш било пријатно и топло место
 

Најладното место на земјата, Антарктик, некогаш имало блага суптропска клима, тврдат научниците. Додуша, тоа било пред 53 милиони години, тврди тимот од меѓународни научници по 57-дневното истражување на океанот.

Тимот чиj брод беше укотвен во Хобарт во Тасманија, копаше 1.000 метри под дното на океанот и врз основа на 3.000 примероци е проценето дека климата навистина се променила.

Наместо ископување на самиот Антарктик, од океанот добија докази кои водат во далечното минато.

Хенк Бринкхуис од Холандија, еден од водачите на експедицијата, изјави дека очекувале да утврдат каква била климата пред 37 милиони години, но со проучувањето на карпите, фосилите и микробите успеаjа да дознаат каква била климата пред повеќе од 50 милиони години.

„Ова е спектакуларно откритие. Ние практично ја читаме книгата на историјата која е напишана на некој чуден јазик“, рече Хенк.

Тој додаде дека истражувањето на овие геолошки ископувања би можело да помогне како настанал мразот и промената на климата.

„Тоа е како филм кој го пуштате наназад. Зошто Земјата се изладила и ладела, ладела и во еден момент била толку ладна што на неа се направиле првите слоеви од мразот?

Бродот JOIDES Resolution кој научниците го користат има 143 метри и е специјализиран за ископување на морското дно. На него работат 50 научници и 65 членови на посадата.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2010 во 16:41
Откриени статуи на фараони стари 3 милениуми
 
Египетските археолози открија две статуи на фараони од 18-тата династија од Новото царство стари повеќе од три милениуми, јавија светските медиуми.

Статуите се откриени на западниот брег на реката Нил во Луксор, околу 600 километри јужно од египетската престолнина во близина на храмот на дедото на Тутанкамон, Аменотеп Трети (1410-1372 г.п.н.е).

„Неопходни се повеќе проекти за зачувување на древните храмови и гробници на западниот брег на реката Нил“, изјави еден од членовите на Високиот Совет за античко богатство на Египет.

Поголемата од двете статуи која е изработена од гранит и е висока четири метри, била пронајдена во неколку делови, додека помалата статуа на фараонот Аменотеп Трети е мошне добро зачувана.

Археолозите ги продолжија ископувањата во овој регион на Луксор со надеж дека ќе пронајдат уште статуи од овој антички период.

 

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2010 во 19:53
Откриена нова планета слична на Земјата

Планетата CoRoT-9b која беше откриена од страна на мисија предводена од француската вселенска агенција, Centre National d'Études Spatiales може да биде првата планета колонизирана од страна луѓето. Научниците открија дека на планетата која 1.500 светлосни години е оддалечена од Земјата владее умерена клима, со површинска температура од 20 и 160 степени Целзиусови.

- Оваа е првата планета каде што има смисла да се примени моделот кој што го применуваме за планетите во нашиот Сончев систем, вели др. Диг, кој работи во Instituto de Astrofisica de Canarias на Канарските Острови.

CoRoT-9b e екстра соларна планета која се наоѓа во орбитата како ѕвезда. Таа беше изучувана со користење на методот транзит, кој вклучува проучување на планетата со поминување покрај неа. Светлината од ѕвездата го прави методот возможен, а научниците ја проучуваат планетата во длабочина.

Др. Диг изјави дека CoRoT-9b има сличности со Јупитер и Мерк*р.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 14:33
Откриени отисоци на стапала од диносаурус од 20 метри и 10 тони

Капачите кои во летниот период ги посетуваат плажите крај Пула најверојатно не знаат дека се сончаат на карпи кои се стари стотици милиони години. Многу од тие плажи во древното минато биле калливо крајбрежје на плиткото тропско море, по кое чекореле диносауруси од сите видови и големини. По игра на природата, некои од овие траги во калта успеале да се скаменат и да се зачуваат под дебелите карпести слоеви, се додека дејството на морето и другите природни сили повторно не ги открија.

За пронаоѓање на траги од диносауруси на Златните карпи крај Пула потребна е поголема „индијанска“ вештина за читање на траги, отколку кај подобро зачуваните отисоци на тие животни на блискиот остров Бриони. Имено, тука се изложени на отворено море, кое немилосрдно прави ерозија, ги оштетува трагите и ги прави непрепознатливи.

Во еден разговор со д-р Златан Бајрактаревиќ од Геолошко-палеонтолошкиот завод на ПМФ, за поставување на скулптура на диносаурус на островот Бриони, професорот ми покажа многу добри фотографии со траги на диносауруси на Златните карпи. Знаев дека таму уште има стари траги, но сега повторно се заинтересирав и одлучив сам да одам и да го истражам тоа наоѓалиште. Да споменеме дека гранката палеонтологија која се бави со траги се нарекува ихнологија.


Скриени траги

Д-р Александар Мезга од Геолошко-палеонтолошкиот завод и неговите соработници за сега новото откритие на траги од диносауруси во Пула го опишаа само во кусо научно известување: Ново наоѓалиште на траги од диносауруси од доцниот алби период на Истра, Хрватска. Очигледно е дека ова богато наоѓалиште треба детално да се истражи. Во текот на мојата посета на Пула во 2009, веќе по дваесет минути барање на плажите успеав да најдам една поголема карпеста плоча веднаш до брегот, на која имаше траги на мали тероподи (диносаурус месојад) и нешто поголеми сауроподи (диносауруси со долг врат кои биле тревопасни).

Тука имаше и оддели траги на поголеми тероподи, кои беа долги околу три до четири метри. Меѓутоа, ми се причини дека гледам и остатоци од многу поголеми тропрсти стапала, подолги од половина метар, што би значело дека животното било долго околу 9 до 10 метри.


Продолжив понатаму низ брегот и најдов уште поинтересни траги. Малку подалеку открив траги од голем сауропод и слабо зачувани остатоци од траги на голем теропод. Меѓутоа, не бев сигурен дали се работи за дејство од ерозијата или тие траги навистина се од диносаурус. Веќе заморен од скокањето по карпите решив да се спуштам низ грубите бетонски столбови до брегот и таму зинав од зачуденост. Голема водена локва исполнуваше длабочина во карпата која одговараше на познатиот облик на тропрста трага од нога на теропод. Но, каков бил тој теропод! Се прашував како оваа трага до сега никој не ја забележал. Одговорот беше едноставен: тој отисок е толку голем па веројатно никој не помислил на тоа дека е траг од животно. Земав метро и измерив 135 сантиметри! Должината на стопалото беше малку покуса, бидејќи диносаурусот извлекувајќи ја ногата од калта, средниот најдолг прст го влечел по калта. Одземајќи 15-20 сантиметри од првобитната мерка, се уште останале остатоци од траг од 115 до 120 сантиметри од должината на стопалото.

За споредба, најголемата трага на светот е на познатиот северно американски вид на диносаурус Тираносаурус рекс, кој изнесува „само“ 86 сантиметри. Според моите груби проценки, „пулското чудовиште“ било долго 20 метри и тежело 10 тони и повеќе!

Да се заштити наоѓалиштето

Постои само еден кандидат кој одговара на тие мерки. Тоа е античкиот Spinosaurus aegyptiacus. Неодамна италијанскиот палеонтолог Кристијано дал Сашо врз основа на фосилите на вилицата на еден голем спиносаурус открил дека „должината на тој теропод многу ја надминува должината на останатите грабливци“. Својот примерок го оценил најмалку 17 метри и 9 тони. Заборавив да споменам дека Истра и Далмација со островите за време на периодот креда биле дел од африканскиот континент, т.е. дел од стариот суперконтинент Годван. Фотографиите и описот на откритието веднаш ги испратив на пријателот, познатиот американски палеонтолог и специјалист за траги на теропод Џејмс Фарлоу, кој работи на универзитетот во Индијана, барајќи негово мислење.


Тој ми одговори: „Трагата е еродирана, но формата е вистинска и веројатно се работи за вистинска трага. Би сакал да видам барем уште една трага од истото животно во близина“. Истата година во декември повторно отидов во Пула и се случи чудо. Најдов отисок и на другото стопало! Беше со вистински пропорции и големина и се наоѓаше на вистинското место, како животното да стоело мирно на местото држејќи ги нозете паралелно. Штета тој отисок од десната нога беше послабо зачуван. Сепак, имајќи ги предвид и другите траги кои ги најдов долж таа плажа, како и неверојатното поклопување со формата и пропорциите на трагите од Бриони, не се сомневам дека трагите се вистински. Се надевам дека во некоја од следните посети на Пула ќе најдам уште подобро зачувана трага со отисоци, а сосем е сигурно дека наоѓалиштето наскоро ќе го посетат и експерти од Геолошко-палеонтолошкиот завод.

Во секој случај, наоѓалиштата на трагите од диносауруси на пулските плажи, согласно одредбите на Законот за заштита на природата, на соодветен начин треба да се заштитат од понатамошно уништување и да се искористат во промоција на туристички и научни цели.

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2010 во 12:34
Дали ѕвездата-вампир крие одговори на некои од нашите прашања за темната енергија?


Многу големиот телескоп (Very Large Telescope) на Европската организација за астрономски истражувања на јужната хемисфера (ЕЅО) за прв пат произведе снимка во time-lapse техниката на една многу ретка обвивка од материја исфрлена од ѕвезда-вампир. Ѕвездата-вампир е дел од двојниот ѕвезден систем познат под ознаката V445 (кој се наоѓа во соѕвездието Крма (Puppis) на јужното небо) и таа, во моментот на набљудување, растргнува дел од својата ѕвезда придружничка вшмукувајќи гас.

Голема е веројатноста овој двоен ѕвезден систем да е долго-бараниот претходник на експлодирачките ѕвезди познати како супернови од типот Ia, кои се, пак, клучни при проучувањето на темната енергија. Во ноември 2009 научниците можеа да ја набљудуваат експлозијата на нова која се случи во внатрешноста на овој ѕвезден систем која предизвика исфрлање на огромни количини материја од него во вселената и која го направи 250 пати посветол од порано.

Еден од проблемите во современата астрофизика е фактот што научниците сѐ уште не знаат кој вид на ѕвездени системи експлодираат во супернова од типот Ia, што е прилично голем хендикеп со оглед на тоа што знаеме дека овие супернови играат клучна улога во поддршка на теоријата за моменталното забрзано ширење на Вселената кое е потпомогнато од темната енергија.

Објектот V445 во соѕвездието Крма е првата и за сега единствената нова која е забележана досега кај која немаме најдено докази дека во нејзиниот состав се наоѓа водород. Кај овој објект ги имаме првите докази за површинска експлозија кај бело џуџе во кое доминира хелиумот. А со оглед на претходните претпоставки, односно сознанија дека суперновите од типот Ia немаат водород во својот состав, ова откритие е од огромно значење. И ѕвездата придружничка во овој систем убаво се вклопува во целата оваа теорија со тоа што и кај неа не е нејдено присуство на водородот, а она кое таа го исфрла кон белото џуџе е главно хелиумски гас.

Самата обвивка на објектот, за разлика од оние на досега-набљудуваните нови, се движи со брзина од околу 24 милиони километри на час, а дебелиот диск од прав, кој најверојатно бил формиран за време на последниот излив на материја, ги подзакриваа двете централни ѕвезди. Длабочината со која можеме да ги набљудуваме тие детаљи е неверојатна и изнесува околу сто милиарксекунди, што може да се спореди набљудување на паричка од едно евро од далечина од 40 километри. Сето тоа е возможно благодарение на адаптибилната оптичка технологија која е достапна кај големите земјени телескопи, како што е Многу големиот телескоп на ЕЅО.

Инаку, фазата супернова е еден од можните крајни стадиуми на животот на една ѕвезда, при што таа умира во грандиозна експлозија. Фамилијата супернови од типот Ia се од особен интерест во космологијата зашто тие служат како мерка за далечините во Вселената, а тоа може да ни користи за калибрирање на нејзиното забрзано ширење кое, пак, е водено од темната енергија.

Една од карактеристикита на суперновите од типот Ia е недостатокот на траги на водород во нивниот спектар, и покрај факто што тој е најзастапениот хемиски елемент во Вселената. Таквите супернови најверојатно се јавуваат во системи составени од две ѕвезди од кои едната се наоѓа во крајната фаза од својот живот, позната како бело џуџе. Кога масата на таквите бели џуџиња, кои се однесуваат како ѕвезди-вампири и кои што ја цицаат материјата од своите придружници, премине одредна граница, тие постануваат нестабилни и експлодираат.

Со комбинирање на сликите од NACO (NAOS/CONICA Science Verification Programs) и податоците добиени од неколку други телескопи, астрономите ги утврдија оддалеченоста на системот, која изнесува околу 25 000 светлосни години од сонцето, и неговата апсолуна магнитуда, која е над 10 000 пати поголема од онаа на сонцето. Тоа укажува на фактот дека белото џуџе-вамир во системот има висока маса која е блиску до фаталната граница, а дополнително на тоа, продолжува да голта материја од својот придружник со огромна брзина.

Дали V445 од соѕвездието Крма ќе експлодира како супернова или пак моменталниот излив на нова го блокира тој развој на настани со исфрлувањето на преголемо количество материја во вселената, сѐ уште не е јасно. Меѓутоа она што научниците претпоставуваат дека моментално го гледаат во овој систем е идна супернова експлозија од типот Ia.

Izvor: http://www.astronomija.com.mk


Изменето од Sunny - 21.Март.2010 во 12:35
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 19:35
Снежно слетување за Сојуз ТМА-16
22.03.2010

Командантот Џеф Вилијамс (Jeff Williams) и инжињерот Максим Сураев (Maxim Suraev) од Експедиција 22, во четвртокот го слетаа вселенското летало Сојуз ТМА-16 на степата во Казахстан, со што заврши нивниот пет-месечен престој на Меѓународната вселенска станица. Астронаутите слетаа на 18 март во 7:24 часот, северноисточно од градот Аркалик во Казахстан.

Работејќи на студени температури, руски тимови беа на местото на слетување за да му помогнат на екипажот да излезе од возилото Сојуз и да се прилагодат на Земјината гравитација. Членовите на екипажот се вратија во тренинг центарот за космонаути „Јуриј Гагарин“ во Ѕвездениот Град североисточно од Москва. За поголема резолуција, кликнете на фотографијата

Вилијамс и Сураев полетаа со Сојуз ТМА-16 вселенското летало од космодромот Бајконур на 30 септември 2009 година. Како членови на екипажот на Експедиција 21 и 22, тие поминаа 167 дена на вселенската станица.

За тоа време до Станицата пристигнаа две шатл мисии, при што Џеф и Максим помогнаа во инсталација на модулот Tranquility, куполата за гледање и вториот руски модул за прикотвување. Научните истражувања на станицата се подобрија со зголемување на бројот на екипажот и лабораториските капацитети.

Леталото Сојуз се оддалечува од Станицата. Астронаутот Соичи ја направи оваа фотографија (и уште многу други) од неодамна поставената купола

Вилијамс досега има поминато вкупно 362 денови во вселена. Со тоа тој го зазема четвртото место на листата од вселенски патници со најдолг времеснки период поминат во Вселената. Пеги Витсон, со 377-дневен престој во Вселената, е прва на таа листа.

На вселенската станица сега престојува Експедиција 23, која се содржи од командантот Олег Котов и инжинерите Соичи Ногучи и Ти-Џеј Кремер. Ново трио од инжинери на летот – Александар Сквотсов, Трејси Калдвел Дисон и Михаил Корниенко – ќе полетаат од Бајконур на 2 Април, а на Станицата ќе пристигнат 2 дена подоцна.


Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 18:23

Big Bang реприза

Среда, 24.03.2010

Од CERN вчера го објавија датумот на кој во Големиот хадронски судирач ќе се обидат да ги судрат честичките со најголема енергија досега, и со тоа да ги рекреираат условите во кои се случил Big Bang-от пред 13.7 милијарди години.


Големиот хадронски судирач моментално работи на 3,5 тера волти (TeV), што е најголемата енергија досега постигната во судирач на честици. Во идните неколку дена се планира таа енергија да се забрза.

„Првиот обид за судир на 7 TeV е планиран за 30. март“, пишува во соопштението на CERN. „Можеби ќе требаат часови или дури денови за да дојде до судар“, вели главниот директор на CERN, Ралф Хојер.

Повеќекратните судари на енергија од 7 тера волти ќе создадат мини Bing Bang, обезбедувајќи важни податоци кои илјадници научници со години потоа ќе ги анализираат. Откако ќе се предизвикаат тие судари, во план е LHC да работи без престан 18 до 24 месеци, со кратка пауза при крајот на годината.

Научниците сметаат дека би можеле да ја откријат темната материја која, како што се претпоставува, сочинува 25 проценти од вселената, но нејзиното постоење никогаш не е докажано.

„Ако ја откриеме и сфатиме темната материја, ќе имаме сознание за 30 проценти од вселената, што е голем чекор напред“, вели Хојер.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.