IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ВМРО - соэдавање и дело
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВМРО - соэдавање и дело

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 55>
Автор
Порака
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 16:40


Од спомените на Ѓорче Петров за работите во Одринско:

"...Откако примивме 4043 пушки, се прекина примањето на пушките, зошто се расипавме со владата. Ова стана, зошто владата се обидуваше да се меша во нашите внатрешни работи. Оттука сакаше да ни се меша, да не праќаме од ова оружје во Одринско; ние не се согласивме и испративме. Стоилов најдуваше оти не треба во Одринско да дигаме револуција, за да не пострада таму бугарскиот елемент. Ние стоевме тврдо: „каде има наши робје, треба да дејствуваме еднакво и да подготвуваме револуција“.намигнување

За односите со ВМОК:

"Главната пречка беше се` таа, што тука во Бугарија го сметаа В.К. за главна организација, која што ќе го раководи македонското прашање, а пак во ова време ние добивме голема верба во својата сила, заснована на јаки врски со народот, и бевме убедени, дека ние сме и треба да останеме во улогата на иницијатори и раководители на македонското дело и дека В.К. ќе треба спрема нас да влезе во улогата на помошник, за да се оствари нашата главна цел за востанието, разрушувањето на Турција. Тукашните иницијативи на В.К. од политички карактер како на пр. митинзи, политичко воздејство над владата и т.н. нам не ни беа погодни, ние го разбиравме чисто револуционерниот пат за спасителен и сакавме, така што и тукашните Бугари да му служат на делото просто и отворено по чисто револуционерен правец."

За средбата со Егзархот:

"Му докажував, оти младината е веќе во наши раце и оти интересите на егзархијата треба да им отстапат на нашите интереси. По принцип ние сами сакаме да го запазиме црковно-учебното дело, надворешно и дека ќе и помагаме на егзархијата, колку за тоа, но егзархијата треба веќе да оди по нас; назад да го повратиме текот е невозможно. Егзархот се обиде да ја заштити еволуционата дејност на егзархијата пред револуционата, дека црковно-учебното дело ја спасило Бугарија ит.н., дека револуционото дело носи само разрушување. Јас му го докажував обратното. Не можеше да ми оспори, оти револуционото дело кај нас се јавува за стапало погоре над црковно-учебното дело и дека овој факт веќе се налага. Моите наводи беа многу категорични, превратаџиски."

"Стоав тогаш во Цариград со ѓаволувања, кое по разни хотели, кое во Бујукдере, кое во куќата на Селџобалиев. Бев останал без пари. Тогаш стана осветувањето на црквата во Цариград. Дојдоа сума гости од Софија. Јас се прикрив од нив. Но Николаев учител — управител на луѓе, ме виде и се уплаши. Отидов на Халки, таму беше Величков ми препорачи еден хотел. Бев со голема брада, лошо облечен. Слугата сомнително ме изгледа. Тогаш се водеше голема потрага против ерменците, се сообразив, го повикав газдата: Ќе те направам резил пред еден твој пријател, ме прати тука Величко ефенди, твој пријател, а ти си ми дал ваква лоша соба“. Штом разбра, дека сум Бугарин и т.н. се заинтересува оној грк-шпекулант, праша, ќе дојдат ли многу Бугари за осветувањето на црквата. Тој зеде да ме моли да му доведам Бугари муштерии и ми даде поарна соба и храна. к*ртулив. Величков беше тогаш министер."голема%20насмевка



Изменето од lav4eto - 20.Февруари.2010 во 22:13
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2010 во 01:09
Д-р Владислав (Славчо) Ковачев, роден во гр. Штип, 5.1.1875 г. Загина од наемни убијци на 13.9.1924 г. Пламенен борец за слободата на Македонија – Илинденец.

„Независна Македонија како рамноправен член на Балканската федерација! – е политичкото верују на Македонците што искрено си ја сакаат татковината, без разлика на верата, народноста, полот, возраста и убедувањето“... И ние нема да престанеме да го проповедаме и да го всадуваме овој лозунг во свеста на родољубивите Македонци, додека тој не стане тело од нивното тело и крв од нивната крв! Зашто само тогаш ќе можеме да веруваме и да се надеваме дека со заеднички и единствени сили на измачените македонски синови, најпосле ќе бидеме среќни во најблиска иднина да ја постигнеме нашата лелеава мечта: да си ја видиме татковината издигната во нејзините географски и економски граници во независна држава, како рамноправен член на балканската федерација со следниве суштински решенија во Уставот на независна Македонија:

1. Еднакви и рамноправни граѓански и политички права за сите нејзини граѓани;

2. Одделување на религијата од државата, со препуштање целосна слобода на верските општини да го негуваат верскиот култ на својот народ;

3. Бесплатно основно и средно образование на мајчин јазик,без ограничување на приватната иницијатива за отварање секаков вид училишта;

4. Официјални јазици се сите говорни јазици на етничките елементи;

5. Апсолутна забрана за одделно присоединување на Македонија кон која било соседна балканска земја;

6. Измените на основниот закон – Уставот, во неговите гореспоменати суштински решенија, може да се направат само со едногласно прифаќање од федеративниот совет, во кој секоја македонска националност е застапена со еднаков број претставници.

…Зошто историјата, чии современици сме ние, јасно не потсетува дека денешните раководители на светските судбини, како и нивните опоненти од противничкиот табор, секогаш биле и ќе си останат бескруполозни во следењето и заштитувањето на суровите економски и политички интереси на нивните земји во врска со македонското прашање. Тоа за нив секогаш претставувало монета за поткусурување, преку која доста успешно ги поддржуваат антагонизмот и соперништвото меѓу балканските народи и држави. ..

…Како природен одзив на нашето барање за независна Македонија се јавува лозунгот “Македонија на Македонците“. Тој денес претставува заеднички повик на сите македонски синови, без разлика на нивната верска,национална и партиска припадност. Ниту времето, ниту местото, ниту политичките услови и околности кај Македонецот не може да извлечат друга желба освен што поскоро татковината да си ја види слободна и независна! Нема Македонец што свесно ќе биде против тие природни и неотуѓиви ставови на своите сонародници. Притоа, треба искрено да жалиме што не се ретки случаите на заемни обвинувања меѓу македонските општественици и дејци за предавство и измама на националните интереси. И ние до скоро бевме беспомошни и жални сведоци на меѓусебното истребување и самоуништување меѓу нив, толку штетни за правилен развој на македонското ослободително движење…Нема македонски син што свесно засекогаш би се скарал со здравиот македонски разум и со чистата македонска совест, за да претпоставиме дека тој ќе биде во состојба кога и да е да ја изневери природната желба да ја види својата татковина слободна и независна! Тоа мислење би можеле да го имаме дури и во однос на ренегатите , зошто не се ретки случаите во нив да проговори македонската совест, која јасно им укажуваше на нивната заблуда и ги тераше на искрено каење за сторените штети и зла спрема нивната татковина. Затоа што тој што е задоен со сочното македонско млеко на страдалната македонска мајка и се почувствувал макар и за миг вистински Македонец, никогаш повеќе нема да биде способен свесно да стане предавник на татковината! И, ако денес ние сме сведоци на заемни обвинувања за предавство и измама што со задоволство си ги упатуваат македонските дејци и општественици, тоа се должи во нивните сфаќања и разбирања за средствата, патиштата и начинот на дејствување за да се постигне заедничката цел на сите Македонци – Слободата на Македонија!

…И никогаш не би сакале македонските револуционери несвесно да се втурнат во заблуда да ги бараат непријателите на македонската кауза во сопствената средина. Зошто како нејзини вистински непријатели ние секогаш ги гледавме и ќе ги продолжиме да ги гледаме само поробувачите на нашата татковина! А тоа се денешните владетели во несреќна Македонија и нивните високи покровители! Ете зошто нашите постојани грижи и активности во иднина не треба да се насочат кон меѓусебно уништување на македонските дејци, туку единствено против усилбите на непријателите на македонската кауза да ја држат во ропска потчинетост нашата татковина, се додека со сите можни средства не успеат еднаш засекогаш да ја избришаат кај нас Македонците секоја помисла за самостоен политички живот. И оттука логичкиот заклучок дека сме должни да создадеме единствен фронт на нашата борба за човечки и политички права.

…Водачите на македонското ослободително движење се должни коренито да го проучат македонскиот проблем, пред да ги одберат патиштата по кои ќе треба да го насочат тоа движење, во зависност од политичките и социјалните услови во дадениот момент… Притоа тие се должни да ги почитуваат барањата на дадениот политички миг, зошто тој често имал првостепена улога во развојот на општествените борби. Тоа особено важи за македонскиот проблем…А тоа од нас, Македонците, бара да прифатиме иста политичка концепција, што ќе остане неизменета во сите услови и околности, во кои допрва ќе се развива сложеното македонско прашање. За нејзиното реализирање ќе треба да застанат под веќе развиореното македонско знаме сите оние во кои чука борбеното македонско срце, страсно копнеејќи за милиот роден крај!

…Ние сметаме дека македонскиот проблем ќе си го најде трајното и правилно решение само со создавање Балканска федерација, со вклучување на независна Македонија како рамноправна членка. Само таква политичка концепција е во состојба да ги смири спротивставените интереси на големите и малите сили непосредно заинтересирани за решавање на македонското прашање…
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2010 во 10:02
Има и уште значаjни факти, кои си пропуштил:намигнување
Владислав Ковачев Михајлов, познат како Славчо Ковачев е воен и револуционер, секретар на Врховниот македонско-одрински комитет.


Ковачев како офицер од бугарската воjска.


Владислав Ковачев е роден во 1875 година во град Штип, денес во Република Македонија. Израснал во Софија. Во 1895 година дипломирал на Военото училиште во Софија и се приклучи на редовна служба во бугарската армија. Влегува во тајните офицерски братства и од 1899 до 1901 година е секретар на Врховниот комитет. Од 1902 година е војвода на ВМОК во Малешевско и Кратовско. За време на Илинденското востание дејствува во родното си Штипско. Во 1905 година заедно со Христо Силjанов  издава книгата "Т'гите на роба", посветена на револуционерните борби на македонските Бугари. Во 1910 година дипломирал право во Брисел, Белгија. Работи како адвокат, а подоцна како судија.

Славчо Ковачев учествува во војната за национално обединување и е кавалер е на три ордена "За храброст". По Првата светска војна е меѓу учредителите на Привремената комисија на македонската емиграција во Бугарија, претворила во 1921 година во Македонската федеративна организација. Од 1920 до 1923 година е уредник на весникот "Автономна Македонија".
Владислав Ковачев е убиен во Софија за време на т.н. горноџумајските настани на 13 септември 1924 година од својот согра
ѓанин и деец на ВМРО Мирче Кикиритков.

Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2010 во 10:49
Смртна казна на Вл. Ковачов од ЦК на ВМРО за неговото учество во заговорот против ВМРО и Т. Александров

Македонија, 7 септември 1924 година ВМРО

№ 966

Централниот комитет на Внатрешната македонска револуционерна организациjа натоварва Мирче Кикиритков, заклет член на Организацијата, да го казни со смрт Славчо Ковачев од градот Штип, жител Софиски, осуден од посебен организационен суд за неговото учество во заговорот против ВМРО и за интелектуалното му соучастничество во убиството на членот на централнияот комитет Тодор Александров.

Мирче Кикиритков треба веднаш да примени во исполнување смртната пресуда над Славчо Ковачев под страв на одговорност според законите на Организацијата.

Член на Централниот комитет,

(п) А. Протогеров

ЦДА, ф. 1932 к, оп. 3, а. е 64, л 35. Копија. Машинопис.

[На пресудата ген. Ал. Протогеров е напишал на рака со молив:]

"№ 1. Вкупно. Напишано после за судот. А. Пр. [Во истата а. е на Л. 36 под № 965 од истата дата е и смртната казна на Димо Хаџи Димов, која требало да биде извршена од Владимир Димитров - Возачот. Врз неа Протогеров на рака е напишал со молив:] "№ 1. Вкупно. Напишано после за судот. Такво писмо не сум потпишаал. Ал. Пр.

Смртна присъда на Вл. Ковачов
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2010 во 11:08
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2010 во 11:46
Писмо на Славчо Ковачев до премиерот Теодор Теодоров за спроведување на плебисцит за македонското прашање:

...Г-не Министер-председателе,
Сите овие прашања горепоменатата комисија имала случаи најдобро подробно и најдобре убедливо да развие пред вас и да инсистира за свикување на македонскиот конгрес.
 
Сепак, за големо изненадување на г-да членовите од предметната комисија Вие сте решително се спротивставиле на барањето за свикување на Конгресот и то со една потребна нервоза, која во секој случај лошо зборува за вас. При тоа, Вашите мотиви во случајот имале привидна форма да истакнам стравувањата Ви од формирањето на новото разединува
ње меѓу македонската емиграција, која никој свестен македонски Бугарин не може да сака, а уште помалку тоа ќе дозволи "помирителната група", која е врел и искрен партизанин на обединување на емиграцијата.

...Ние нема да влеземе сега во процена на основателността или не на овие Ваши стравувања, сепак сметаме се обврзани да објасниме на бугарското општество, дека интересите на бугарското племе ни најмалку нема да се в опасност, ако на претстојниот конгрес на македонската емиграција се донесе едно од трите можни решенија било за присоединувањето на Македонија кон Бугарија, било за Автономна Македонија, било за плебисцит, бидејќи и во трите случаи на македонскиот Бугарин ќе се гарантират целосно оние човечки и политички правдини, за кои до сега Ние дадовме толку скапи жртви, човечки и материјални.
 
Ние не знаеме, кое од овие три можни решенија ќе земе во случајот Македонскиот Конгрес. Сепак, последниот треба да се состои главно поради тоа, што само тој може да се смета за единствен висок изразител на колективната волја на целата македонска емиграција во Царството, и само тој има морално право да поднесе на Конференцијата на мирот желбите и копнежите на емиграцијата, со барањето да изразува истовремено и желбата на самиот македонски Бугарин!


... Бидејќи емиграцијата е должна да биде будна на функцијата и да го следи од близина и веднаш целите и намерите на денешниот бугарски премиер, кој, должни сме да нагласиме тоа, се чуваат до сега по македонското прашање мислења и сваќања, не само спротивставени, но и крајно разурнувачки, за интересите на македонскиот Бугарин особено и на бугарското племе, во заедница. Така, тој е еден од авторите на неморалниот и фатален договор од 1912 год, со кој тогашната бугарската влада даде согласност за формирање на "контроверзната" и "неоспорна" зони, и со тоа се санкционираа надлежните сфери на влијание меѓу бугарската и српската влада, што е равносилно со усвојувањето принципот на поделбата на Македонија, против која евентуалност македонската емиграција е обврзана да реагира благовремено, за да не стане конечно совршено подоцна.

...Може ли по сето тоа да се најде свестен Бугарин, кој да одржува мислата дека денешниот бугарски премиер, кој се подготвува за прв делегат пред Конференцијата на мирот, може да има морално право да претставува пред последната желбите и копнежите на македонскиот Бугарин?

Владислав Ковачов, бивш секретар на Врховниот Македонско-Одрински комитет и штипски војвода.
Софиjа, 20 jуни 1919г.






Изменето од lav4eto - 06.Март.2010 во 12:57
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 13:03
Во "Хувер Институтот" на Станфордскиот Универзитет се наоѓа архивот на цар Фердинанд.
Помеѓу мноштвото документи и писма на ВМОРО, jа има и кореспонденциjaта на Борис Сарафов со царот.
Сарафов како бугарски офицер пишува писма и соопштениjа со кои го информира Фердинанд по Македонското прашање.
Прекарот на Сарафов е Отец Серафим, а на царот- Отец Никифор.



Ваше Сиjателство,

Смртната казна над Fitovsky се исполни. На 1-ви Того, тој биде свечено сосечен во Бук*решт од нашите луѓе ....
Типично е цициjаштвото на нашиот Бугарин!...

(Сарафов пишува за убиствата на Михаjлjану и Фитовски во Бук*решт 1900г., после кои се стигнува до криза во односите помеѓу Романиja и Бугариjа)


Улогата на "љубезниот господар" направи голем ефект, особено меѓу офицерството.Таа предизвестува бурата.Коj има ум, нека сфати!
Весник "Пошта" се уредува од наш човек од Турско ...
Налутив му се само за ненавременото изговаране на зборот "независност". Ако имаат ум Бугарите ....



таков јазик треба да го држат во печатот спрема Русиjа.Но пусто бугарско тврдоглавие и инат.Нема никогаш да завршат !....
...Ве молам пишете ми текст дали одобрувате така скроеното рандеву и утврдени часови?
Уште подобро би било ако може јас да дојдам кај вас ако се провлечам незабележан, но дали е можно тоа?



Чекам вашиот одговор и горам од нетрпение да Ве видам и да се искажам.
Со длабоко почитување ваш покорен:
Отец Серафим

Изменето од lav4eto - 12.Март.2010 во 14:17
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 19:42
Vo edna slucajna obikolka na Sumen najdov knigi za Sarafov,kade covekot si kazuva za koj si rabotel uste pred 1900 godina,i ne gledam lavce koja ti e poentata?Sarafov e predavnik na makedonskoto delo i zatoa i takva kazna si dobi.Go imas pismoto do Gruev do Sarafov kade go tera da go vrati znameto kade sto mu e mestoto vo Makedonija a ne vo Sofija?
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 19:59
Тоа се неизвесни досега, автентични писма, а не "оноj рекол на онаа" или "баба ми има кажано со солзи во очите".
Сепак ова е историски форум, каде оригиналните документи говорат повеке од илjади зборови.
За мене Сарафов е направил не помалко за Македониjа од други, кои за тебе се херои, зависи од каква страна гледаш.
Дури да не се согласуваш со одредена личност, остави ги останатите да одлучат.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 23:24
Ги има неговите спомени каде освен што се фали нема ништо значајно.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 10:51
Друго писмо на Сарафов до Фердинанд:



Кај третманот на прашањето за вoстаническата конвенција мора јасно да го поставиме прашањето:
1) Што ќе сакаме од Русија и 2) Што ќе и дадеме.
Според мене, вашиот во Христа брат, треба да побараме од Русија следново:

1) Готовноста и да не одржува во случај на едно евентуално движење во Македониjа.Поддршката и може да се состои: или во парализира
ње на една инвазија од страна на Србија и Романија, кога Бугарија ќе се расправа со Турција, или со предизвикување на една Европска интервенција, со која да се добие и гарантира автономијата на Македонија, без да се доведува Бугарија до војна со Турција.
Тука ќе мора да се додаде дека гувернерот на Македонската автономија ќе мора да биде лице, верно на Отец Никифор (Цар Фердинанд) и Бугарија.




2) Да не поддржува за сега материално, како што ни најде или гарантира еден кредит од 100 милиони рубли, за да можеме да ставиме нашата армија на потребната висота ....

Сега што ќе дадеме во замена за тоа?
1) Ставиме на
располагање на Русија нашата армија, како ја зголемиме на 300-350 илјади ...



2) Нема да објавуваме војна никому без согласност на Русија, исклучуваjки една војна за Македонија, бидејќи бугарскиот народ не ќе може да се воздржи по известување за големи колежи во Македонија.

3) Ќе водим надворешната политика според Руската. Нашите дипломатски агенти ќе поднесат ноти и ...





Изменето од Македон - 14.Март.2010 во 19:10
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 16:49


Андреj Бук*рештлиев од Плевнjа, Драмско, во бугарска офицерска униформа:



Ovie ne se od VMRO - znackite im se drugi



Изменето од lav4eto - 24.Март.2010 во 20:06
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 17:31
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2010 во 14:36
Интересна статиjа за Андон Ќосето читаме во последниот "Глобус":

ЗА 100 ГОДИНИ УБИЛ 100 ЛУЃЕ

Цветаноски користи спомените од 1931 година на Бојан Мирчев, новинар и стенограф, по потекло од Битола. За првпат тие се објавени во Бугарија во 2003 година по повод 100-годишнината од Илинденското востание.

Еве го оригиналот на бугарски:

АНДОН ЛАЗОВ JAНЕВ - “АНДОН ЌОСЕТО”
СПОМЕНИ


Да сравниме два примера од статиjата и првоисточникот:

Цветаноски:

„Од Велес некој му пишал на Дамјан Груев за мене. Јас, пак, ништо не знаев за организацијата. Имав слушнато нешто, но како во сон. Меѓутоа, што претставува таа не можев да си објаснам. Во тоа време имаше еден Тано Мурџев. Тој беше даскал и бил во врска со таа работа. Даме Груев го задолжил да ме најде. Меѓутоа, Даме Груев не се јавува пред мене. Ме запознаа со поп Стамат, тој што го убија Грците. Тој ми кажа: ’Ќе дојдеш вечер таму и таму’. Јас отидов и во една куќа, ме испраша Мурџев подробно и ме запраша што мислам да правам. Јас му одговорив: ’Каде ми очите, таму и главата!’ И тогаш тој ме заколна... Јас си реков во себе – тоа е за мене. Јас мислев да станам разбојник. Откако ме заколнаа, ми кажаа со кои луѓе да се дружам. Најпрво сакаа да ми дадат лесна работа за да ме испитаат. Ме ставија за таен полицаец. Гледаа дека ме бидува за таа работа. Ми дадоа да завршам една акција, едно убиство. И тоа го завршив. По една вечер му забив нож на еден Грк.“, објаснува Ќосето за тоа како бил примен во организацијата и како ги извршил првите убиства.

Оригиналниот текст, преведен на македонски:

Од Велес некои пишувале на Дамјан Груев. Јас пак ништо не знам за организацијата! Бев слушал нешто, сепак, како во сон. Но како е, што е, не можев да си објаснам. Во тоа време имаше еден Тано Мурџев. Тој бил Даскал и бил во врска со оваа работа. Даме Груев го е должен да најде тоа "момче". Но Даме Груев не се јавува пред мене. Ме запознаа со поп Стамат, овој кој го убија Грците. Тој ми рече: Ќе дојдеш вечер таму и таму. " Јас отидов во една куќа, ме испраша Мурџев детално и ме запита што мислам да правам. Јас му одговорив: "Каде ми очите,  таму и главата!" И тогаш тој ме заколна и ми рече какво, што имало. Говори ми надолго и нашироко како Бугарија се ослободила; за Левски, за Ботев. Јас си реков на ак'лот -- ова е за мене! Јас мислев да станувам разбојник. Откако ме заколна, рече ми со кои луѓе да дружам. Реков му дека си имам пари, по тоа кога ги изедов трпев два дена. Сега сакаат да ми дадат некоја лесна работа, за да ме искусат. Ме ставиjа за таен полицаец. Гледаа дека ме бива за оваа работа. Ми  дадоа да извршам една акција, едно убиство. И тоа го завршив. После една вечер му забив ножа на еден Грк.

Малце пропуштено, не намерно, се разбира.голема%20насмевка





Изменето од lav4eto - 16.Март.2010 во 17:56
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.