IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што е Адвентистичката црква?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што е Адвентистичката црква?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 39>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 03:16
Originally posted by Niko777 Niko777 напиша:

Евангелос,
1) твојот пример се однесува на "исцелениот" и "Исцелителот".
Значи Исус не им се обрати на здравите и праведните да одат на пазар и шопинг, туку на болнит ѕа да ги исцели.


Грешка си. Болниот човек бил речиси неподвижен и не можел ни да се симне до водата, а камо ли така болен да оди и да ја носи својата постела. Во моментот кога Исус му заповедал на човекот да си ја земе својата постела и да оди, тој оздравел веднаш и потоа така здрав станал, си ја земал постелата и си отишол. Значи Исус му заповедал на веќе здравиот човек да ја земе постелата и да оди - нешто што било забрането во стариот завет да се прави во денот Шабат.

Исус можел да му рече на оздравениот човек само „стани и оди си“ или „стани и оди си дома, а утре дојди си по својата постела бидејќи денес е Шабат.“ Зошто имало потреба Исус да му кажува на оздравениот човек да ја земе постелата и со неа да оди?
Зарем ако и оздравениот човек не работел во тој ден ќе запрела целата Вселена како што велиш за Исус? голема%20насмевка
Зошто Исус му заповеда на оздравениот човек да ја прекршува заповедта за Шабатот? Зарем Исус го терал на грев човекот?


Originally posted by Niko777 Niko777 напиша:


3) Запримети дека Исус и исцелениот се среќаваат во Храмот во стихот (Јован 5:14).

Ако Исус е во Храмот во Сабота, каде одиш ти како негов следбеник во Саботите ??


Исус идел во Храмот во Шабат затоа што тогаш бил отворен Храмот за таква служба, затоа што тогаш иделе луѓето. Кога Исус би проповедал во исламска земја, тој би одел во петок во Џамијата, затоа што тогаш Џамијата е отворена и определена за таква служба.
Целта на Исус му била да ги поучува луѓето, а за да го стори тоа, Тој морал да доаѓа во Храмот во времето кога тие се собирале таму.
Тоа важи и за апостолите подоцна.

Сепак во една прилика апостолите се собрале и во ѓаволскиот ден според адвентистите т.е. во недела.

„А кога во првиот ден на седмицата (НЕДЕЛА!) се состанавме да раскршуваме леб (ПРИЧЕСТ!), Павле разговараше со нив, зашто сакаше да замине утреден. Го продолжи словото (ПРОПОВЕД!) до полноќ.“ (Дела 20:7, Новиот Завет)

Што ќе кажеш ти на тоа? среќа

Originally posted by Niko777 Niko777 напиша:


кратко кажано, 10те Божји Заповеди = 10 Заповеди на Исус кој е Едно со Господ

Како што самиот рече, ние се декларираме дека сме Христијани со тоа што ги пратиме Заповедите на Исус.


Дали ти се познати 6-те фрази на Исус „Сте чуле дека ви било речено..., а Јас пак ви велам...“?
Бог преку Исус некои закони ги ревидира, а некои ги измени. Бог преку Исус склучи нов завет со човештвото. Стариот завет беше склучен на планината Синај, а новиот на Голготскиот крст. На Голготскиот крст Исус

„Христос го избриша ракописниот закон, што беше против нас, а кого го зеде од средината и го прикова на крстот; и, откако ја одзеде силата на началствата и властите, Он ги изложи јавно на позор и ги победи на него. Па така, никој нека не ве осудува за јадење или пиење, или за некој празник, или за млада месечина или саботи; тоа е сенката на она што ќе дојде, а телото е Христос. .“ (Колошаните 2:14-17, Новиот Завет)

„Зашто Христос е свршетокот на Законот, за правда на секој, кој верува.“ (Римјаните 10:4, Новиот Завет)

„А кога вели „Нов” (завет), со тоа го прогласил првиот (стариот) за застарен. А што старее и оветвува не е далеку од исчезнувањето.“ (Евреите 8:13, Новиот Завет)

Стариот завет беше под Левитското свештенство, по редот на Арон. Додека Новиот Завет е под Христово свештенство, по редот на Мелхиседек.

„Зашто, ако се промени свештенството по неопходност станува и промена на Законот.“ (Евреите 7:12, Новиот Завет)

Затоа и многу од законите во Новиот завет се променети. Затоа нема жртви, затоа нема обрезување, затоа нема Шабат, затоа нема чиста и нечиста храна, затоа ги нема старозаветните празници итн. Сите овие беа старозаветни сенки за новозаветните работи.


Originally posted by Niko777 Niko777 напиша:


Дали можеме самите да си бираме кои заповеди ни се допаѓаат ??


Христијаните не бираат меѓу старозаветните заповеди, туку ги следат СИТЕ новозаветни заповеди.
Адвентистите се тие кои селективно си ги групираат старозаветните заповеди и за едните велат „овие вечно важат, а овие имале привремен карактер“ среќа
На пример, неколку пати сум ве прашал и пак ќе ве прашам, зошто не се обрезувате кога и тоа е старозаветна заповед од Бог со вечно дејство?

„Обрезувајте се и тоа нека е знак на Заветот меѓу Мене и вас. Секое машко среде вас, низ вашите поколенија, кога ќе наполни осум дена, нека биде обрезано, како она што е родено во вашиот дом, така и она што е купено со сребро од некој странец, кој не е од вашата крв. Да, и родениот во твојот дом и купениот со сребро треба да биде обрезан! Така Мојот Завет на вашите тела ќе остане вечен Завет.“ (Битие 17:11-13, Стар Завет)

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Niko777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Niko777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 18:24
Евангелос,

ке се навратам на твоите коментари подоцна. Но гледам дека тргнуваш во една друга насока, па претходно сакам да расчистимe дали според тебе Библијата ги подржува:
- концепт на безгрешност во светот и меѓу луѓето ?
- концепт на право на мнозинството и прилагодување кон мнозинството ?
- концепт на право на "времетраење" и традиции ?


Еве неколку прашања, отприлика по временски тек:


    1) Дали сатана може да завледее и да го заведе Исус кој е еден со Господ кој ја создаде Вселаната, или сатана е посилен и може да владее и да не заведува нас луѓето како обични грешници ??

Кој е Единствениот безгрешен ? или можеби според тебе ги има повеќемина ?


    2) Ное и арката. Околу илјада и нешто години по влегувањето на гревот на земјата.
Дали Господ кој е Еден со Исус, ја толерираше земјата грешна како што си беше, поради "долготрајното" постоење и "мнозинството" кои подпаднаа под тој грев што се рашири на земјата, или пак Господ ги уништи сите освен Ноа и арката ?

Кој беше праведен пред Господ, малата група од 8 членови или милионите (?милијардите?) грешници ?
Колкумина беа слуги на лагата ?


    3) Малата осамена држава на Израелците што им ја даде Господ беше опкружена со многу милионски и посилни нации секоја со своја паганска религија.

На чија страна беше Библиската вистина, на страната на малата држава на Израелците, или на страната на паганските кралства со милиони жители ?

Колкумина беа слуги на лагата ?


    4) Пророкот Даниел од стариот завет, (кого Исус го референцира во своите пророштва во Матеј 24). Кога Даниел стоеше сам и му се спротивстави на кралот на вавилон и неговите милиони поданици.

На чија страна беше Библиската вистина, на страната на едниот сам Даниел, или на страната на кралот и неговите милиони поданици ?
Кој ја имаше поддршката од Господ едниот сам Даниел или кралот со овоземската милионска империја ?

Колкумина беа слуги на лагата ?


    5) Исус кој е Еден со Господ кој ја создаде Вселената. Кога самиот еден Исус стоеше пред судот на фарисеите, и пред судот на римјаните.

На чија страна беше Библиската вистина, на страната на едниот сам Исус, или на страната на фарисеите и нивните илјадници(милиони?) поданици ?

Колкумина беа слуги на лагата ?


    6) Мартин Лутер кој ја започна Реформацијата со своите 95 тези против римо католичката религија империја. Кога Мартин Лутер стоеше сам наспроти целата римо католичка империја со милиони поданици.
Кога римо католичката империја владееше веќе илјадници години со своите учења кои Лутер докажа дека се лага во однос на Библиската вистина.

На чија страна беше Библиската вистина, на страната на едниот сам Мартин Лутер, или на страната на папата и неговите милиони поданици ?

Колкумина беа слуги на лагата ?


    7) Што научи ти од Библијата, подобро е кога има "консензус" помеѓу повеќемина богови, или помеѓу Господ и луѓето, или дека има Само Еден Господ Еден со Исус кој ја создаде вселената ?


Поздрав,

-------------------------------------------------
(mkbible.net)
(Исаија 44:6) 6 Вака зборува Израелевиот Цар и неговиот Искупител, Господ над Воинствата: ‘Јас Сум првиот и Јас Сум последниот: нема Бог освен Мене.
(Малахија 3:6) 6 Зашто Јас, Господ, не се менувам, затоа вие, Јаковови синови, не бевте уништени!
-------------------------------------------------

Изменето од Niko777 - 04.Март.2010 во 18:32
Кон врв
blagorodna Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 568
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blagorodna Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 20:32
ne rabota u subota i tea im jet najvazno
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 23:24
Niko777, бидејќи гледам дека нема дискусија со тебе, се откажувам од монологот.
Пријатен монолог.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Niko777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Niko777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2010 во 00:48
Евангелос,

Не е монолог, туку дали разбираш што кажа ?

Според тебе сега нема луѓето да го пратат Исус, туку Исус ќе го прати "мнозинството" според нашите навики и традиции, и ќе оди и во петок и во недела во црква, ама во Сабота нема да оди, за да не му се подсмеваат дека припаѓа на секта ? Или погрешно те разбрав ?


Ако не сум те разбрал погрешно, не ми треба Елен Вајт, си стои во Библијата. Која поголема самозаљубеност може да ја има, од таа да се мисли дека Господ кој ја создаде Вселената дека треба да се "прилагоди" на нашите грешнички навики и традиции, можеби ќе гласаме па да го изброиме каде е мнозинството.


(2 Тимотеј 3:1-2) 1Треба да знаеш дека во последните денови ќе настапат многу тешки времиња. 2Луѓето ќе станат себични, алчни за пари, самољубиви и горделиви.

Оваа самозаљубеност и гордост не се однесува на облека или фризура, оваа "самозаљубеност и гордост" има многу подлабоко значење.


Поздрав,

-------------------------------------------------
(Лука 23:27-30)27По Исуса врвеше многуброен народ, меѓу нив и некои жени, кои плачеа и Го оплакуваа. 28Исус се сврте кон нив и им рече: „Ќерки ерусалимски! Не оплакувајте Ме Мене, туку себеси и своите деца, 29зашто идат денови, кога ќе се вели: ,Блазе си им на неротките, на утробите што не раѓале и на градите што не доеле!‘ 30Во тие дни луѓето ќе им довикуваат на планините: ,Паднете врз нас!‘, и на ридовите: ,Затрупајте нe!‘

(Јован 3:17-18) 17 Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. 18 Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.

Исус им рече...
       27Ви давам мир - Мојот сопствен мир ви го давам. Мирот што Јас ви го давам не е како мирот што го дава светот. Затоа, не вознемирувајте се и не плашете се! (Јован 14:27)

       16 Вие не Ме избравте Мене, но Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да принесувате плод, и вашиот плод да остане; и Мојот Татко да ви даде сè што ќе посакате во Мое име. (Јован 15:16)

       2Ќе бидете исклучувани од синагогите. И не само тоа, туку ќе дојде време кога ќе ве убиваат, и ќе мислат дека со тоа му прават услуга на Бог! (Јован 16:2)
       33Овие работи ви ги кажав, за да имате мир преку единство со Мене. Додека сте во светот, ќе доживувате страдања, но разведрете се - Јас го поразив светот!“ (Јован 16:33)
-------------------------------------------------

Изменето од Niko777 - 05.Март.2010 во 00:57
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2010 во 21:31
Originally posted by Niko777 Niko777 напиша:

... Koga Gospod gi pisuvase so svojot prst 10te Bozji Zapovedi vo kamen, kade se naogase vo toj moment Isus ?


...


Originally posted by spiros spiros напиша:



Нико, се извинувам што се вмешувам вака но би сакал да те прашам дали подолунапишаново ти го одговара прашањето и дали ти помага во сваќањето на истото?



БОЖЈОТО ЖИВО СЛОВО (ХРИСТОС) е БОЖЈАТА ДЕСНИЦА РАКА, ТОА е БОЖЈИОТ ВЕЧЕН ПОКАЗАТЕЛЕН ПРСТ,
од Љубов и за спасение на сите се предаде доброволно ТОЈ - на голготскиот КРСТ!   



Originally posted by Niko777 Niko777 напиша:

Spiros,
iskrajno, kaj tvojot odgovor mi e simptomaticno sto ne go koristis imeto Isus, a i tvojot odgovor nema referenca vo Biblijata.
Se izvinuvam ako e toa nekoj stih od Bibiljata sto ne go znam napamet, bi ti bil blagodaren koga mi pisuvas na mene, da mi posocis za koj stih od Biblijata se odnesuva, zosto mene tie sto ne zborat po Biblijata mi e tesko da im veruvam za religiozni temi.

Kako i da e, ne znam kako da gi tolkuvam ovie tvoi naviki, no dokolku imas potreba nesto vo vrska so tvoite licni gledanja i pristapi da objasnis, te molam ne go mesaj vo ovaa tema/diskusija sto ja otvoril Blagoj_s, tuku otvori drug forum za da ne gi izmesame temite vo ovoj forum, posle nema da im se znae krajot.

Vo sekoj slucaj ti blagodaram za odgovorot,
i ti posakuvam Isus koj e Edno so Gospod koj ja sozdade Vselenata da te cuva od silite na zloto, zosto (Ефешаните 6:12) 12Ние не се бориме против луѓето од крв и месо, туку против злите владетели и власти на невидливиот свет, против мрачните духовни сили што владеат со овој свет и против злите духови во небесните простори.

Pozdrav,







Ти благодарам на убавите зборови.

Нико, ישוע (Исус) е одамна пред да бидат пишани заповедите во камените плочи и пред Светото Писмо воопшто!
Тој е Мудроста БОЖЈА преку Која и за Која БОГ создаде се’ и на Кого упатува се’!
Заповедите (вклучувајќи ја и саботата) се само Патопоказатели (знаци) кои упатуваат на Совршената Волја БОЖЈА, Совршениот Пат БОЖЈИ и Совршената Цел БОЖЈА (Христос) во Кого е БОГ лично !


Зошто се сомневаш дека ова што ти го пишувам сега – исто како и прошлиот пост – не е учењето за кое прекрасно сведочи Светото Писмо?
Не е ли за тебе Совршената Волја БОЖЈА, Совршената Мудрост БОЖЈА, Совршеното Слово БОЖЈЕ - БОЖЈИОТ ЛОГОС (Христос Исус) - БОЖЈАТА Рака и БОЖЈИОТ Прст преку Кого и за Кого е создадено се'?

Шабат Шалом!












   

Изменето од spiros - 06.Март.2010 во 23:09
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Niko777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Niko777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2010 во 01:02
Спирос,
Еден Друг сите ќе не суди, за моите зборови (со искључок на цитатите од Библијата) ич око да не ти трепне. Мое лично мислење е, дека подобро ништо да не правиме во саботата, зошто само така ќе има најмалку грев, зошто се што ние од себе правиме е грев, а во другите денови дури и кога не правиме ништо, повторно грешиме против 4та заповед, е толку сме грешни и е присустен гревот во нашите животи. Ќе ти одговрам на првиот ден во седмицата.


На сите,
За во текот на утрешниот 7ми ден сабота, што Господ го благослови и кога Исус редовно одеше во Храмот, еве две речиници. Едната реченица на многумина ќе им годи, а другата ќе ги навреди човечките емоции.
Размислете која реченица води во смрт, а која води во живот, и која од двете реченици е мотивирана од омраза, а која од вистинска љубов (а не од смајли).


(Битие 3:4-5)  4 „Навистина, не ќе умрете! Туку …во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, и вие ќе бидете како Бога, распознавајќи го доброто и злото.”


(Матеј 4:17) 17 Оттогаш Исус почна да проповеда и да говори: „Покајте се, зашто царството небесно се приближи!”



Поздрав,

-------------------------------------------------
(Јован 8:44-45) Исус им рече
44 Вие потекнувате од вашиот татко - ѓаволот, и сакате да ги исполнувате желбите на татка си. Тој беше човекоубиец од почеток и не остана во вистината, зашто нема вистина во него. Кога зборува лага, зборува од своето, зашто е лажец и татко на лагата.
45 Не Ми верувате Мене, зашто ви ја зборувам вистината.


(Марко 3:3-4) Исус …4потоа праша: „Што треба да се прави во сабота: добро или лошо? Да се спаси некој човечки живот, или да се уништи?“ Сите молчеа.
-------------------------------------------------

Изменето од Niko777 - 06.Март.2010 во 01:11
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2010 во 10:49
Originally posted by Niko777 Niko777 напиша:

Спирос,
Еден Друг сите ќе не суди, за моите зборови ...







Нико, зошто во предходниот пост споменуваш судење?

Одсрце ти посакувам Милоста БОЖЈА (Христос) - Која е поголема и поснажна од секоја убава заповед - да те исполни и ослободи од секој грев, гнев, суд и страв!


АМИН



п.с. Знаеш ли дека неделниот ден сабота започнува со заоѓањето на сонцето во петокот вечерта, а Вечната САБОТА започнува со вистинската преродба во Христос? Тоа значи - ако не живееш некаде на американскиот континент и овој пост го имаш пишувано т.е. коригирано во саботен ден, што според учењето на оние книжници кои Ја одбиваат Милоста БОЖЈА (Христос) како најважното нешто во однос на спасението - си направил голем грев!















Изменето од spiros - 06.Март.2010 во 11:11
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2010 во 22:44


Niko777 iskrajno ti blagodaram sto taka iskrajno i bibliski go objasni znacenjeto na sabotniot den , se nadevam deka mnogumina ke gi potiknes na razmisluvanje na ovaa tema i dojdat do vistinata.
Gospod neka te blagoslovi. MARANATA,
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Niko777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Niko777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2010 во 17:09
Спирос,
извини, недоразбирање, погрешно ја формулирав реченицата. Не грижи се за моите лични зборови, не сакам да те судам, а уште помалку се осеќам осуден од тебе. Па зарем да се дрзнам против Исус и неговите зборови ?:


   (Матеј 7:1) Исус им рече: 1 „Не судете, за да не бидете судени! 2 Зашто со каков суд судите, со таков ќе ви се суди; и со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери.”

   или, кога фарисеите сакаа да ја каменуваат грешницата што ја фатија на дело за грев… (Јован 8:6-7) 6… А Исус се наведна и пишуваше со прстот по земјата. 7 Но бидејќи и натаму Го прашуваа, се исправи и им рече: „Кој е од вас безгрешен, нека прв фрли камен врз неа!”




Да се разбереме, мојата мотивација е глаголот "зборувај", а не глаголот "суди", а гледам да "зборувам" со цитати од Библијата како единствениот сигурен извор:

(Дела Апостолски 18:9-10)    9Една ноќ, Господ му порача на Павле преку видение: „Не плаши се! Немој да молчиш, туку зборувај! 10Јас сум со тебе и никој нема да ти направи никакво зло! Има многу Мои луѓе во овој град!“


Исто така сум убеден, дека оваа наредба не се однесува само на Павле, зошто Господ има Свои луѓе во секој град (или форум)…. за жал многу од луѓето на Господ не се учени 100% според Библијата, па се обидуваме да расчистиме, зошто чашата вода со една капка отров е отровна.


Јас сум убеден дека Господ Исус повеќе му се радуваше на Савле од цитаот подолу, отколку на Петар и Јован што беа Негови апостоли. Има некој што не се согласува ?


(Дела Ап. 8:1-3)
1 Во оној ден стана и големо гонење против црквата во Ерусалим; и сите, освен апостолите се распрснаа по краиштата на Јудеја и Самарија.
2 А побожни луѓе го погребаа Стефана и направија голем плач над него.
3 Савле пак ја запустуваше црквата, влегувајќи во куќите, извлекуваше мажи и жени и ги предаваше во темница.
4 Оние кои беа распрснати одеа, проповедувајќи го Словото.
(Дела Ап. 9:1-3)
1 А Савле, кој сè уште дишеше со закана и убиство против Господовите ученици, отиде при првосвештеникот,
2 и измоли од него писма до синагогите во Дамаск; ако најде таму некои следбеници на овој Пат, мажи и жени, да ги доведе врзани во Ерусалим.

3 Кога на својот пат му се приближи на Дамаск,….(http://www.mkbible.net)


Поздрав,


-------------------------------------------------
(Лука 15:10) Исус им рече: 10 Така, ви велам, се радуваат Божјите ангели, заради еден грешник, кој се кае.”
-------------------------------------------------

Изменето од Niko777 - 07.Март.2010 во 17:14
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2010 во 22:19
Originally posted by Niko777 Niko777 напиша:

...
Јас сум убеден дека Господ Исус повеќе му се радуваше на Савле од цитаот подолу, отколку на Петар и Јован што беа Негови апостоли. Има некој што не се согласува ?


(Дела Ап. 8:1-3)
1 Во оној ден стана и големо гонење против црквата во Ерусалим; и сите, освен апостолите се распрснаа по краиштата на Јудеја и Самарија.
2 А побожни луѓе го погребаа Стефана и направија голем плач над него.
3 Савле пак ја запустуваше црквата, влегувајќи во куќите, извлекуваше мажи и жени и ги предаваше во темница.
4 Оние кои беа распрснати одеа, проповедувајќи го Словото.
(Дела Ап. 9:1-3)
1 А Савле, кој сè уште дишеше со закана и убиство против Господовите ученици, отиде при првосвештеникот,
2 и измоли од него писма до синагогите во Дамаск; ако најде таму некои следбеници на овој Пат, мажи и жени, да ги доведе врзани во Ерусалим.

3 Кога на својот пат му се приближи на Дамаск,….(http://www.mkbible.net)


Поздрав,


-------------------------------------------------
(Лука 15:10) Исус им рече: 10 Така, ви велам, се радуваат Божјите ангели, заради еден грешник, кој се кае.”
-------------------------------------------------




За она што го правеше книжникот Савле (пред да се покрсти и стане Апостол Павле) исто како за она што многу други го правеле и прават,Оној БОГ во Прачистото Срце ГОСПОДОВО воопшто не се радувал, не се радува и никогаш нема да се радува, но затоа се радува за обраќањето на грешниците и нивната преродба во Христа - Царот на Мирот!



Нико, ти пишуваш постојано мисли кои ги крепиш со Библиски места (мислам на буквите и бројките кои упатуваат на тие Библиски места што воопшто не е лошо), јас пак ти напишав сега нешто а воопшто не го направив во тој стил.

Што мислиш: кој од нас двајца имаше убедување кое е поблиску до СОВРШЕНАТА ВИСТИНА?


Шалом








Изменето од spiros - 07.Март.2010 во 22:29
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Niko777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Niko777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2010 во 14:04
Здраво Спирос,
моите одговори во 1-4:

1) <Спирос 7.Мар.2010 22:19>>За она што го правеше книжникот Савле (пред да се покрсти и стане Апостол Павле) исто како за она што многу други го правеле и прават,Оној БОГ во Прачистото Срце ГОСПОДОВО воопшто не се радувал, не се радува и никогаш нема да се радува, но затоа се радува за обраќањето на грешниците и нивната преродба во Христа - Царот на Мирот!


Се сложувам и се извинивам, мојата лична реченица/коментар во преходниот пост беше погрешно формулирана (повторно). Во врска со цитатот од (Дела Ап. 8:1-3), (Дела Ап. 9:1-3), Исус се радува на **покајанието** на секој грешник. Среќа што барем го уфрлив цитат од Библијата, па можам сега да се правдам.

-------------------------------------------------
(Лука 15:10) Исус им рече: 10 Така, ви велам, се радуваат Божјите ангели, заради еден грешник, кој се кае.”
-------------------------------------------------


2) <Спирос 7.Мар.2010 22:19>> Нико, ти пишуваш постојано мисли кои ги крепиш со Библиски места (мислам на буквите и бројките кои упатуваат на тие Библиски места што воопшто не е лошо), јас пак ти напишав сега нешто а воопшто не го направив во тој стил.

Ти самиот си одговори на тоа прашање, со тоа што веќе по втор пат ме корегираш за моите лични реченици во не повеќе од 3 постови што ги напишав. (твоите корекции воопшто не ми сметаат ниту пак ме навредуваат.)

Кога очигледно, мојот личен текст е со грешки, ако не ги вметнував тие цитати од Библијата, тогаш се што напишав ќе беше грешно, или барем неопходно за корекција и ревидирање. Затоа не сакам да пишувам без Библиски референци, тоа е единствена гаранција дека барем нешто од напишаното е точно, т.е. тие Библиски цитати.

Тоа ми го потврдува уште еднаш мислењето, само Еден е безгрешен, и само Неговото Слово е безгрешната Вистина.


3) А и како еден ден, (ако воопшто дојде до тоа), како да стојам пред Господ и да му кажам:
   "извини, но имав попаметно да напишам од Твојот Свет Збор" или
   "извини, но имав еден подобар автор да го прочитам и цитирам од Тебе"


Од овие причини не можам да пишувам без референци кон Библијата, тоа е за мене Единствената Вистина, и тоа ќе продолжам да цитирам баш така како што се таму склопени речениците, поинаку не можам.

А ако пишувам без Библиски референци, како ќе знам каде е границата кога сум станал слуга на лагата на сатана "(Битие 3:4-5)  4-5 „…А змијата и рече на жената:... ќе ви се отворат очите, и вие ќе бидете како Бога, распознавајќи го доброто и злото.

Под мотото "сигурно е сигурно", јас за себе велам дека сум слеп и не го распознавам доброто и злото, а да се споредувам со Господ нема никогаш.



4) Сум убеден дека Неговото Свето Писмо, Библијата, е напишано со целата Негова Љубов за да не спаси нас грешниците, и за на секого кој го чита Словото да им даде Живот. Јас не сум способен да ја имам или да ја дадам таква љубов.


Библијата, е извор на Исусовата Господова љубов, е извор на Животот.

(Јован 4: 10-14)
10 Исус и одговори и рече: „Кога би знаела за Божјиот дар и Кој е Оној што ти вели: ‘Дај ми да пијам,’ ти би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.”
11 Жената Му одговори: „Нема со што да нацрпиш, господине, а кладенецот е длабок! Тогаш, од каде имаш жива вода?
12 Зар си Ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде кладенецов? И тој самиот пиеше од него, и неговите синови, и неговиот добиток!”
13 Исус во одговор и рече: „Секој кој пие од водава, пак ќе ожедни.
14 А кој пие од водата што Јас ќе му ја дадам нема да ожедни довека, туку водата што ќе му ја дадам, ќе стане во него извор на вода, извирајќи во вечен живот.”


Во исто време, секоја моја лична реченица, содржи грешка (дури и такви грешки што јас или некој друг човек нема да ги примети или корегира), а секоја грешка носи смрт со себе.
На примерот со тебе, со моите реченици јас тебе ти создадов грижи во текот на викендот, можеби тоа не е смрт каква што типично се мисли, но сепак тие грижи не се живот, туку спротивното.



Поздрав,

-------------------------------------------------
(Лука 15:10) Исус им рече: 10 Така, ви велам, се радуваат Божјите ангели, заради еден грешник, кој се кае.”
-------------------------------------------------

Изменето од Niko777 - 08.Март.2010 во 14:22
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2010 во 22:02
Нико, Библијата е - за мене - најсветото Писмо на овој свет, но со Живото СЛОВО БОЖЈЕ Кое БОГ за спасение на сите Го отелотвори во ГОСПОД Исус Христос, неможе и неќеможе никогаш ниедна книга, ниеден книжник, дури ниеден вистински Пророк, нити ниеден Ангел БОЖЈИ, да се спореди!

Ме разбираш ли што сакам да ти кажам?

Без Милоста БОЖЈА, без тоа Чудесно СЛОВО БОЖЈЕ (Христос), нема спасение за грешниците а уште помалку разбирање на Светото Писмо!


Ги истражувате Писмата, зашто вие мислите дека во нив имате живот вечен; а токму тие сведочат за Мене. (Св.Ап.Јован 5:39)



Нико, од се’срце посакувам на секој човек (меѓу кои јас можеби сум еден од најнезаслужните да сведочи за Милоста БОЖЈА), со очите на срцето да ја види истата во Исуса Христа и да доживее ослободување од гревот, ослободување од тешкиот јарем, но и од казната која ја предвидува строгиот воспитувач! (Св.Ап.Јован 6:40)


АМИН












Изменето од spiros - 08.Март.2010 во 23:57
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Niko777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Niko777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 09:08
Спирос, за името на Исус апсолутно се сложувам, јас само Името кога ќе му Го спомнам се си се реди само од себе (затоа не верувам во "чуда", бидејќи за мене се секојдневие). Трикот е само да го избришеш гневот и омразата од срцето, и искрајно да му го признаеш стравот што те мачи, и само велам "помогни" (не ограничувам барајќи конкретни работи, Тој појдобро знае и од мене самиот што ми треба).

И според мене ништо повеќе од тоа не е потребно, два збора "Исусе помогни" и покајание во срцето се доволни.

Што ќе рече, кај мене не е Верба во невидливото, тука Доверба од искуството.


И мене да ме прашаш, јас сите зборови и заповеди од создавањето, преку декалогот и евангелијата, до последната заповед во Откровение би ги заменил со зборот Љубовта на Исус, и сите книги, икони, денови во седмицата, и месеци со името на Исус, само во Христовото Свето Име е Патот, Вистината и Животот!


Поздрав,

-------------------------------------------------
(http://www.mkbible.net)

Ги истражувате Писмата, зашто вие мислите дека во нив имате живот вечен; а токму тие сведочат за Мене. (Св.Ап.Јован 5:39)

(Јован 3:16-18
Исус му одговори и рече:
16 Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.
17 Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.
18 Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.


(Дела Ап 2:36-39)
А Петар стана... и им рече:
36 И така, нека сиот Израелев дом знае веродостојно дека Бог Го направи Господ и Христос, Овој Исус, Кого вие Го распнавте!
37 А кога го чуја тоа, ги засегна во срцето и му рекоа на Петра, и на другите апостоли: „Мажи, браќа, што да правиме?”
38 А Петар им рече: „Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исуса Христа за проштавање на вашите гревови; и ќе примите дар од Светиот Дух.
39 Зашто, ова ветување е за вас, и за вашите деца, и за сите далечни, колку што ќе ги повика Господ, нашиот Бог.”


(Откровение 22:20-21)
20 Оној, Кој го сведочи ова, говори: „Да, доаѓам скоро!” - Амин! Да дојди! Господи Исусе!
21 Благодатта на нашиот Господ Исус Христос со сите вас. Амин!
-------------------------------------------------


Изменето од Niko777 - 09.Март.2010 во 09:10
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 39>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.