|
Грција економски руинирана |
Внеси реплика | страница <1 34567> |
Автор | ||||||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Неможеше да бидеш по исправен во своите констатации, со кои наполно се согласувам. За наша несреќа Грција од секогаш била и по сеизгледа ќе биде галениче, пред се на политчки, а тоа неминовно значи и на екосномски план. Залогот е премногу голем за некој да го одстапи. Без разлика што во последниве години рускиот капитал се повеќе пенетрира во Грција, сепак таа и понатаму останува свера на интерес на западниот свет. Во една таква економско-политичка консталација Македонија се наоѓа во една инфериорна состојба апропо Грција. Борабта е нерамноправна, но сметам дека Македонија има капацитет и треба да издржи до крај. Верувајте на никому не му чуе во светот дека таму на Балканот некоја си Грција води спор со името на Македонија. Мнзинството ниту знаат за Грција ниту за Македонија. Единствени кои го подгреваат овај “проблем“ се Грците и оние кои се фатиле на оро со нив. Всушност оние кои ги имаат создадено Грција и митот за Хелените. Зошто го велам ова? Покрај сите детски болести кое ги поминува младото демократско општество во Македонија, покрај недостатокот на ресурси (човечки, материајлни и финасиски) и без јасна или конкретна политчка подршка од некои од големите играчи, Македонија сепак успева да опстане. Не само што опстанува туку и во одредени сегменти, барем спрема економските параметри, Македонија покажува дека е пред многу земји во опкружувањето. Конзервативната и разуманта економска политика која Македонија ја води ја става во рангот на средно задолжените земји. Да не се разберем погрешно, далеку од тоа дека сакам да ја иделаизирам состојбата, но човек кој живее надвор од Македонија и ја посетува на секои 3-4 години сметам дека е во состојба пообјективно да ги види промените. Најмногу што мене ме загрижува, покрај објективните фактори односно политичкото опкружување во кое се наоѓа Македонија е субјективниот фактор. Константото незадолство и неаргументираната самокритика, почнуваат да стануваат дел од културата на живеењето, постануваат искарикирано кажано, генетска деформација. Но, и тоа го разбирам како дел од процесот, сите недостатоци, недоречености ќе треба да не принудат да се фатиме во костец со истите. Реалноста треба да се прифати, разбере но никако и помирување со неа. Решавањето на пробелмите треба да биде прагамтично, без емоции и партиски препукувања, а таквиот пристап ќе не доведе до саканата цел. За се може да се дебатира, расправа, за се има решение со исклучок на една работа, а тоа е името на Македонија и идентитетот на народот. На крајот, несакам да се добие впечаток дека Македонија нема шанси за да се избори за посветла иднина или дека тревта е позелена кај соседите, па ајде ќе се поситиветуваме со нив. Но знам едно, капиталот нема крв, нема боја, нема национална одреденост. Оди таму каде што смета дека ќе се оплоди најбрзо и со најмал можен труд. Од тој аспек, анализирајќи ги состојбите и покрај тоа што Србија беше една цела декада третирана како едно мало размазено и инаетчиски настроено дете кое добро беше исплескано по газот, што една Бугарија наликуваше на руина, без никаков смисол за дебата, резон за демократски диалог, корумпирана и поткуплива, држава која наликува на брод кој тоне, а нејзините грѓани како глувци кои го напуштаат бродот или една Албанија која со степенот на образованост на скала од 1 до 10 имаше -5, без никаква инфаструктура, сепак тие имаат копаративна предност во однос на Македонија. За Грција веќе зборувавме. Бројноста на тие држави, а последователно на тоа и пазарите, објективно се поголеми. Тоа го сака политичкиот естаблишмент, тоа го сака капиталот. Покрај несреденоста на демократските процеси во тие земји, сепка странскиот капитал таму многу повеќе се инвестира. Колку и да звучат охрабрувачки декларациите за човекови права, еднаквост, рамноправност, толерантност, компромис сепак се соочуваме со решенија кои се дијаметрално спротивни на погоре споменатите декларации. На самата Европа и е потребна промена, пред се во начинот на рзмислување, а и во начинот на кој се води високата политика. Таквиот однос треба да биде само доплнителен мотив за Македонија да истрае до крај, борбата ќе биде тешка, а победата не пирова, туку слатка. Понетата на моите постови (предходен, а и на овај) повеќе е сугестија, кон оние дежурни критизери и неверни Томи, како обејктивно да почне да се гледа на нештата. Да не се критизира без аргументи, а неопходно е да се има аналитички пристап како кон економкската така и кон политичката проблематика. Грција во мојот преходен пост ја зедов само како репер, а истото можев да го сторам со било која друга земја во соседството. Изменето од Platenik - 16.Февруари.2010 во 05:48 |
||||||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||||||
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Kako prilog na temava, na linkov imame eden retko dobar i 'izdrzhan scan`, nesamo na momentalnite sostojba na Grcija tuku i na Balkanov, kako i idnite `prospekcii` na golemite igrachi vo vrska so regionov:
http://www.globusmagazin.com.mk/default.asp?ItemID=843C006BA3BD204B8BFFAFAB47D9EA5B |
||||||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Текстот е издржан и една убава геополитичка анализа за Балканот. Единствено не се согласувам со делот каде авторот пишува за малите диктатори, националисти од типот на Ѓукановиќ, Куштуница или Груевски. Тука, сметам , фали обејктивност. Ниеден лидер на Балканот, а тука ги вметнувам и Борисов, Папандреу или било кој друг не се во состојба, односно моќни да поставуваат услови или доснесуваат самостојни решенија. Големината на било кој од нив е правопропорционална со подршката која некој од нив ја добива од големите играчи, а пред се на политчки план. Нивна работа е само да слушаат и ги применуваат “добронамерните совети“. Нивен избор може да биде само на кој од големите игачи ќе му се подадат, отворат. Србија се знае традиционално гравитира кон Русија. Бугарија, малку запад, малку исток, па повотрно малку запад, малку исток или секогаш во правец каде ветрот ќе им дува во грб. Грција е традиционално свртена кон запад и нивните креатори, барем што се однеува до политчката врхушка, додека народот е генерално хомос балканикус со некои социјалистички симпатии. Албанија е се само не источно ореинетирана, кокетира со запад, али на големиот броја албански национал роматичари погледите им се свртени кон блискиот исток и Мека и Медина. Овие последниве, не ради тоа што антрополошки припаѓаат таму, туку ради врските по основа на исламот. Македонија е само таа која е оставена на ветрометина од причина што никој од големите играчи никогаш не се ни заинтересирал за неа. Генерално Македонците би ја држеле истата опција која што ја држат и Србите, но за жал Русија историски гледано никогаш не ги отворила картите према Македонија. Што и останува на Македонија, единствено да балансира и да се надева на милост дека во 21 век конечно ќе почнат да се спроведуваат во дело универзалните декларации за човекови права, рамнорпавност, еднаквост, правот на само определување итн. Затоа кога ќе ги видам писанијата по медиумите дека Груевски и Иванов биле вакви, Црвеновски и Фрчквски онакви или дека овај бил диктатор, онај бил демократ или СДСМ имал решение за Македонија, а ВМРО ја водел Македонија во изолација, незнам дали да се смеам или да плачам. Можеби и двете, трагикомедија. Да не се лажеме, таман Македонија и да ги исполни сите услови, да ги препише сите европски закони прашање е дали Европа е спремна да се промени, да се конфронтира со своето галениче, со нејзината творба Грција. Тоа значи да се погази самата себе и се она што го правела во изминативе 200 години. Сметам дека Европа не е спремна за тоа. Оваа политика и однос спрема Македонија е преседан, досега незабележан во историјата на човечанството. Македонија стана експериментална лабароторија, а демократските права кои малцинствата ги уживаат во Македонија ги немаат ниту малцинствата во САД, Канада или Австралија. Тие демократски права во Европа сеуште се мислена именка. Затоа ќе ве молам, дали тоа е Црвенковски, Груевски или пак се Марко и Платеникот, за Европа неправи разлика. “Добронамерните“ претставници на Европа кои ја посетуваат Македонија и нудат солуции за нашиот идентит треба само љубезно да бидат дочекани и пољубезно испратени. Оваа финансиска криза, која ја тресе Грција, се надевам дека ќе ги принуди Грците да ја научат лекцијата и сватат дека време е да се оди напред, да се покаже поголемо разбирање, толеранција, компромис. Очекувам ниванта преговарачка моќ, која доаѓа од позиција на сила, да биде разнишана и спуштена на едно реално рамниште. Исто така се надевам дека Европа конечно ќе сфати дека своето дете Грција, која таа го има родено, не е повеќе достојно за родителската љубов. Мислам дека е време на своето мрсулаво дериште му каже доста, порасни и почни да се грижиш сам за себе. Изменето од Platenik - 17.Февруари.2010 во 03:35 |
||||||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Германија да плати воена отштета
20.02.2010 Грчки опозициски пратеници вчера побараа Германија да исплати репарации за окупацијата на Грција за време на Втората светска војна, како одговор на германските критики за грчката должничка криза, пренесоа светските агенции. - Како смее Германија да не суди за нашите финансии, кога се уште не ги исплатила компензациите за грчките жртви во војната. Се уште има Грци кои ги оплакуваат своите загинати браќа - изјави Маргаритис Ѕимас, пратеник од најголемата опозициска партија Нова демократија, за време на парламентарна дебата за предлог-законот за преструктурирање на Националната статистичка служба. Шестмина пратеници од Коалицијата на радикалната левица СИРИЗА ја повикаа Владата да изврши притисок врз Берлин за исплаќање на репарациите. Тие ги обвинија германските банки и германската влада за кризата во Грција. - Со своите изјави германските политичари и германските финансиски институции играат водечка улога во подлата игра на шпекулации на штета на грчкиот народ - посочуваат пратениците од СИРИЗА во писменото прашање до Владата. Во одговорот на критиките дека Грција ги преправала податоците за своите финансии за да влезе во еврозоната во 2001 година, пратеникот од Комунистичката партија (ККЕ) Никос Папаконстантину изјави дека самата Германија употребувала слични шеми за да влезе во Европската монетарна унија. Министерот за финансии Јоргос Папаконстантину, меѓутоа, не се приклучи кон нападите за Германија. - Сите имаме свои критики за тоа како јавното мнение во една или друга земја го доживува грчкиот проблем - посочи тој за време на парламентарната дебата. Во 1960 година Германија и исплати на Грција околу 115 милиони германски марки компензации за жртвите на нацистичките репресии. Грција, меѓутоа, инсистира на тоа дека оваа сума не ги покрива цивилните жртви на репресиите. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefau...ticleID=134460 Е не се нормални навистина, Германија до сега 100 пати им ги има исплатено и преплатено сите оштети на Гејовите па уште барат , ако не беше таа Германија досега 100 пати ќе пропаднаа , и сега повторно кога се пред банкрот ќе ги вадат од гомна...Но никој не и е крив на Германија која ја преплати втората светска војна и уште плаќа , а не ги подржува другите народи врз кој бил извршен геноцид во остварување на нивните права... |
||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
И да ја спаси Грција, еврозоната може да се распаднеПривремена помош е доволна за Грција, но ќе останат Шпанија, Италија, Португалија и Ирска, кои не може да се спасат на ист начин. ЕУ треба да воведе построг надзор и да создаде механизам за помош на членките, под конкретно определени услови, смета американскиот инвеститор СоросЗасега е доволна привремена помош за спас на Грција, но еврозоната е соочена со уште поголеми проблеми што го доведуваат во прашање опстанокот на еврото, оценува американскиот инвеститор Џорџ Сорос.
Во авторски текст во „Фајненшл тајмс“, милијардерот вели дека ЕУ треба да воведе построг надзор и институционален механизам за обезбедување помош на своите членки, при конкретно определени услови. Сорос смета дека е потребен и доброорганизиран пазар на еврообврзници. - Привремена помош би била доволна за Грција, но остануваат Шпанија, Италија, Португалија и Ирска. Тие заедно претставуваат преголем дел од евроленд за да може да им се помогне на ваков начин. И да опстане Грција, проблемот со иднината на еврото ќе остане нерешен - нагласува Сорос. Во меѓувреме, Брисел, Берлин и Атина ги демантираа информациите објавени во саботата во неделникот „Шпигел“, дека еврозоната ќе ја спасува Грција со сума меѓу 20 и 25 милијарди евра. Германија, пак, нагласи дека ЕУ треба да воведе построги казни за членките што нема да ги почитуваат ограничувањата за буџетскиот дефицит. Според правилата на евроклубот, буџетскиот дефицит на членките не смее да надмине три отсто од бруто-домашниот производ (БДП), а 16-те држави на еврозоната може да се соочат со санкции доколку ги прекршат правилата. Но светската криза ги вивна буџетските дефицити на земјите на ЕУ до таван. Грција, чиј дефицит лани достигна 12,7 отсто од БДП, поради тоа е ставена под надзор на Брисел, а делегации на ЕУ и на ММФ неделава во Атина разгледуваат можности за воведување нови мерки за пополнување на буџетската дупка. Владата на Јоргос Папандреу утре ќе се најде пред нов тест, за кога е закажан национален штрајк на синдикатите поради најавените кастрења. Сепак, наспроти стравувањата за социјални безредија, испитувањата на јавното мислење покажуваат дека мнозинството Грци ја поддржуваат политиката на штедење на Папандреу. Според резултатите од анкетата објавена во „Етнос“, 60 отсто од Грците ги одобруваат мерките на владата. Во меѓувреме, ЕУ соопшти дека Грција не го испочитувала рокот за достава на информации за финансиските зделки со неколку американски банки со кои, според „Њујорк тајмс“, земјата го прикрила долгот за да влезе во еврозоната. Атина се правдала оти го пробила рокот поради штрајк на вработените во Министерството за финансии, јави АФП.
|
||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
ccccc...ke propadne ,...jaz'k!...samo makedonija ke ostane!
|
||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
..... и турција ............ која вчера ни подари и џип .......... за гасење пожари
|
||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Дипломатска војна Берлин-Атина за карикатура на гола Венера
Карикатура на Венера која покажува среден прст и наслов „измамниците во европското семејство’’ во текстот за економската криза во Грција, осамна во најновиот број на германскиот неделник „Фокус“ од 22 февруари. Претседателот на грчкиот парламент Филипос Пецалникос го повикал германскиот амбасадор во Атина да му упати протест поради третманот на Грција во германските медиуми. Пецалникос протестирал поради срамната карикатура на насловната страна на неделникот „Фокус“ со закана дека Грција е еден од најголемите купувачи на оружје од Германија. Сторијата на „Фокус“ се однесува на начинот на кој Грција со години криела дека има големи долгови пред Европската комисија и на тој начин успеала да влезе во евро зоната. „Грција врати ни ги парите, и што ќе стане со Шпанија, Португалија и Италија?“, се наведува во текстот на „Фокус“. Германскиот амбасадор во Атина се оградил од пишувањата на германските медиуми имајќи ја в предвид слободата на печатот, но изјавил дека ќе го пренесе протестот до германското министерство за надворешни работи. |
||||||||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
ЕВРО 2 нова грчка валута ?!
Се размислува за воведување на нова валута, евро 2, што би била со послаба вредност од еврото и што би служела како платежно средство во Грција се додека таа не излезе од економската и финансиската криза Бран штрајкови и социјални немири се шири низ Европа. По протестите во Шпанија, Германија и Франција, стотини илјади Грци излегоа на улица на генерален штрајк против плановите на владата за намалување на трошоците со цел да се спаси грчкото стопанство. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=72163C8B26D3E64094BA0DDB64A0C293 Интересно, интересно... Така е секогаш со разгалените деца...никогаш неможат да се осамостојат и сами да се издржуваат... |
||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
jas pa,..nachuv...makednoskata para,..ke ja zele za glavna valuta!....mnogu bila jaka ,..vikale.
|
||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Знамето на ЕУ гореше во Атина
Знамето на Европската Унија синоќа гореше низ улиците на Атина. Гневни што товарот за излегување од должничката криза ќе падне на нивниот грб, Грците излегоа на улиците, некои носејќи ги и децата. Намалувањето на платите и зголемувањето на даноците натераа некои од нив да се судрат со полицијата. Демонстрантите кои вчера го окупираа министерството за финансии вечерта се судрија со безбедносните сили, толпата почнала да гаѓа со камења, на што полицијата возврати со солзавец и со шок-гранати. Со безбол палки се кршеле автобуски постројки и влезови на банки. Нови протести се најавени и за денеска, кога парламентот треба да го одобри планот за затегнување на појасот. Нема да работат сите јавни служби, ќе биде прекинат и сообраќајот. Ќе протестира и приватниот сектор. „Сите знаат кој треба да плаќа, но секогаш плаќаат само работниците“, изјави Никос Гиолус, протестант. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска заминува во клучна посета на Берлин. Германскиот канцелар Ангела Меркел деновиве изјави дека ги поддржува напорите на Грција за излез од кризата, но оти не планира доделување финансиска помош. Папандреу пак истакна дека Атина од Берлин ќе побара само политичка поддршка, но „ниту еден цент од парите на германските даночни обврзници“. Насилства во Атина, каменувана полицијата
05.03.2010 18:56
Солзавец, шок гранати, проектили, тепачки, каменувања, претепани полицајци и граѓани. Насилства во Атина по усвојувањето на планот за штедење кој треба да и ги намали долговите на Грција и да ја ублажи кризата. Маскирани вандали го нападнаа лидерот на најголемите грчки синдикати Панагопулос, а се обидоа да се пресметаат и со специјалната единица што го обезбедува парламентот. Полицијата апси, граѓаните каменуваат. Илјадници демонстранти се собраа во центарот на метрополата додека пратениците јавно гласаа за новиот закон за кратење на трошењата на државата за цели 4,8 милијарди евра. Граѓаните се револтирани оти врз нивни грб ќе падне операцијата намалување на трошоците бидејќи ќе се зголемат даноците, ќе се намали платата на административците за 8 проценти. Паралелно со протестите новите економски мерки денеска ги затворија болниците и училиштата, го парализираа јавниот превоз во Атина. „Се чувствувам предаден и изманипулиран, се чувствувам како да ми ја одземаат гордоста“, изјави жител на Атина. „Денеска треба народот да се крене, пратениците преземаат мерки кои не осудуваат на сиромаштија и мизерија“, вели жител на Атина. Во меѓувреме премиерот на грција папандреу во луксембург лансираше дипломатско барање за конкретна помош од Унијата во битката на неговата земја со должничката криза. „Ова е проблем на европа и ние треба да го решиме проблемот како Европска Унија“, рече Жан Клод Јункер, премиер на Луксембург. Папандреу вечерва треба да се сретне и со германската канцеларка Меркел во Берлин. Ова воопшто не им е важно на граѓаните на Атина кои доцна синоќа го запалија знамето на европската унија. кризата во Грција ќе ја погоди и Македонија. Најмногу ќе страда трговската размена со јужниот сосед. |
||||||||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
toa ti se vika vistinski narod...svaka im chast !
|
||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
кој има и грам достоинство , ќе го стори истото што го сторија тие
Изменето од МАРШАЛ - 05.Март.2010 во 21:44 |
||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
koj ima gram dostoinstvo?....ovie?...
|
||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||||
Внеси реплика | страница <1 34567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |