|
На денешен Ден |
Внеси реплика | страница <1 2728293031 36> |
Автор | |
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1500.- Шпанскиот морепловец Висенте Ханес Пинсон го откри Бразил. 1531.- Португалија ја зафати катастрофален земјотрес. Главниот град Лисабон беше целосно разурнат, а загинаа околу 30.000 луѓе. 1788.- Британски бродови со првите доселеници од Велика Британија, вклучувајќи и група затвореници впловија во заливот Ботани Беј (Сиднеј), Австралија, каде што формираа колонија. 1827.- Перу прогласи независност. 1841.- Прогласен е британски суверенитет над Хонгконг. По шест дена Кина беше принудена да го отстапи Хонгконг на Велика Британија. 1880.- Роден е американскиот генерал Даглас Макартур. Во Втората светска војна беше командант на американските трупи на Далечниот Исток и во име на САД во септември 1945 година беше сопотписник на капитулацијата на Јапонија. Потоа беше поставен за командант на сојузничките сили во Јапонија, а во почетокот на војната во Кореја командуваше со силите на Обединетите нации, но беше сменет во април 1951 година, поради намерата војната да ја пренесе на територијата на Кина. 1885.- Суданските востаници на Мухамед Ахмед Абдул, кој се прогласи за водач на исламот, ги победија Британците, го зазедоа Картум, го убија англискиот генерал Чарлс Гордон и основаа самостојна држава. Дури во 1898 година британско-египетската војска на генералот Хорејш Киченер ги победи суданските сили. Судан беше под владение на Лондон до 1 јануари 1956 година. 1891.- Умре германскиот инженер Николаус Аугуст Ото, кој во 1861 година го направи првиот мотор на бензин, а во 1876 година го измисли четирикратниот мотор со внатрешно согорување, познат како „Ото мотор“, кој овозможи развој на автомобилите. 1905. - Кај Преторија во Јужна Африка откриен е "Калинан", најголемиот дијамант во светот, со вредност од 3.106 карати. 1918.- Роден е романскиот диктатор Николау Чаушеску, кој ја презеде власта во 1965 година, станувајќи генерален секретар на владејачката Комунистичка партија на Романија. Во 1967 година стана претседател на Државниот совет, а во 1975 година и претседател на Романија кога набрзо изгради силен култ на личност, потпирајќи се исклучиво на политичката полиција. По декемвриската побуна на граѓаните во 1989 година, на која набрзо и се придружи војската, беше тргнат од власта и на 25 декември по тајното судење, беше стрелан заедно со сопругата Елена. 1924.- Во Советскиот Сојуз на вториот Сесојузен конгрес на Советите беше одлучено Лениновото тело да биде балсамирано. Исто така беше одлучено во негова чест некогашната престолнина на Царска Русија Петроград да биде преименуван во Ленинград. 1925.- Роден е американскиот филмски глумец и режисер Пол Њумен, кој се истакна со психолошки изнијансирани интерпретации на ликови со силни индивидуални своиства. Филмови: „Долго топло лето“, „Слатка приказна за младоста“, „Насилство“, „Судија за бесење“, „Бафало Бил и Индијанците“, „Боја на парите“ (Оскар), режија - „Рејчел, Рејчел“. 1934.- Потпишана е германско-полската изјава за ненапаѓање и за мирно решавање на споровите. Со тоа Хитлер доби безбедност на исток и можеше да тргне во освојување на Подунавје. Излегувањето на Полска од францускиот блок значеше голема пукнатина на европскиот систем на колективна безбедност и успех на Хитлер. 1942.- САД ги упатија првите сили во Европа во која во тоа време војната се водеше само на Источниот фронт и на подрачјето на Југославија. Трупите беа стационирани во Северна Ирска. 1947.- Во авионска несреќа во Данска загина шведскиот престолонаследник Густав Адолф, оставајќи пет деца, вклучувајќи го и сегашниот крал на Шведска Карл Шеснаесетти Густав. 1950.- Индија формално е прогласена за Република во рамките на Британскиот комонвелт. 1952.- Во Каиро избија големи демонстрации против британското присуство во Египет. Демонстрациите се претворија во нереди, при што изгоре и познатиот хотел „Шепердс“. 1956.- Во Скопје умре Лазар Танев, прв претседател на Градското собрание на слободното Скопје. Роден е во Скопје, во 1884 година. 1962.- Умре Фран Лотка, хрватски композитор, познат по балетот „Ѓавол на село“. Во своите композиции искажа голема смисла за ритам и ефективна инструментализација. Роден е во 1883 година. 1965.- Инду стана официјалниот јазик во Индија, кој предизвика немири на југот од земјата каде тој помалку се користи. Поради тоа владата на Индија во февруари 1965 година одлучи во официјална употреба да влезе и англискиот јазик. 1972.- Над Чехословачка, по експлозија подметната од бомба, падна авион на ЈАТ „ДЦ-9“ кој леташе на линијата Копенхаген - Белград. Во несреќата загинаа 26 патници и членови на екипажот, а падот од скоро 10.000 метри го преживеа единствено стјуардесата Весна Вуловиќ. 1973.- Умре американскиот филмски глумец од романско потекло Едвард Робинсон, кој се прослави со улоги на гангстери во криминалистички филмови, но и како сјаен комичар. Филмови: „Малиот Цезар“, „Кид Калабед“, „Неочекуваниот д-р Глитербауз“, „Целиот град раскажува“, „Двојна отштета“, „Жена на прозорецот“, „Рт Ларго“, „Насилство“, „Зелено сонце“. 1993.- Вацлав Хавел е избран за прв претседател на Чешка. 1994.- Романија стана прва поранешна членка на Варшавскиот пакт која со НАТО-пактот потпиша Документ "Партнерство за мир". 1994.- Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународната банка за финансирање на развојот на земјоделството (ИФАД). 1994.- Умре Ацо Филип, македонски писател - прозаирст, роден во Ресен во 1922 година. Од перото на овој автор се излезени книгите: „Монографија за поетот Мите Богоевски“, романот „Разговор со портретите“, објавен на албански јазик, збирката раскази „Долгото умирање на пеликанот“, романите „Терорист“ во 1989, „Молитва на Свети Климент“, 1990, „Домашни кажувања“ - раскази во 1993 година, романот „Бољко“, објавен непосредно по неговата смрт, како и вториот дел од романот „Ќерката на терористот“ и збирките раскази „Чаршијата“ и „Рамазански вечери“. Автор е и на неколку сценарија за документарни филови. 1996.- Американскиот Сенат го одобри Договорот Старт-2 за намалување на бројот на американските и руските нуклеарни ракети. 1997.- Умре Филимен Џинес, еден од водечките актери на Народниот театар во Штип и на македонското театарско творештво. Роден е во 1947 година. 2000.- По повеќе од една година, поради тоа што ДНК-тестот покажа дека можноста некогашниот претседател на САД Томас Џеферсон да има син со неговата црна робинка Сели Хемингс, Џеферсоновата фондација призна дека тој бил таткото, а можеби и на сите шест нејзини деца. 2000.- Во Скопје умре Рахилка Фирфова Ѓоргова - Раца, „магичната муза“ на Кочо Солев. Македонскиот поет Кочо Солев на 6 октомври 1928 година како псевдоним го зеде нејзиното име и стана познат како Рацин. Родена е во Велес, во 1911 година. 2001.- Земјотрес во западната индиска држава Гуџарат усмрти најмалку 18.000 луѓе. 2003.- Американската тенисерка од чешко потекло Мартина Навратилова (46) заедно со индискиот тенисер Леандер Паес ја освои тутулата на Отвореното првенство на Австралија во конк*ренција не мешани парови, станувајќи најстара тенисерка која освоила еден грен слем на еден турнир. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
- Светски ден на холокаустот 1756.- Во Салцбург е роден Волганг Амадеус Моцарт, голем австриски композитор, автор на голем број музички дела со кои даде печат на совршенството и на неповторливиот личен израз. Негови најпознати дела се оперите "Волшебната флејта", "Дон Жуан" и други. Умре во Виена, на 5 декември 1791 година. 1775.- Роден е Вилхелм Шелинг, германски филозоф, последен претставник на германската класична филозофија. Во своето учење го поврзуваше Фихтеовиот идеализам со Спинозовиот пантеизам. Умре на 20 април 1854 година. 1814.- Во Берлин умре Јохан Готлиб Фихте, германски филозоф, еден од водечките претставници на германскиот класичен идеализам. Од делата познати му се „Наука на знаењето“, „Основа на целокупната теорија на науката“ и „Основа на природното право“. Роден е на 19 мај 1762 година. 1822.- На собранието во Епидаур грчките востаници ја прогласија независноста на Грција која Османлиското царство ја призна дури во 1829 година, по жестоките борби и интервенции на европските сили. 1832.- Роден е германскиот филозоф Фридрих Вилхелм Шелинг кој заедно со Кант, Фихте и Хегел се творци на германскиот идеализам. Дела: „Идеи за филозофија на природата“, „За светската душа“, „Прв нацрт на системот на природна филозофија“, „Предавања за филозофија на уметноста“, „Излагање на мојот систем на филозофија“ „Филозофија и религија“, „Филозофија на митологијата“ и др. 1859.- Роден е германскиот цар и пруски крал Фридрих Вилхелм II Виктор Алберт, творец на политиката на продорот на исток и предизвикувач на низа воено-дипломатски кризи, вклучувајќи ја и објавата на војна против Србија во 1914 година со што настана неизбежната светска војна. На престолот на Германското царство стапи во 1888, а во 1918 година по поразот на Германија беше принуден да абдицира и побегне во Холандија, која одби да го испорача на сојузниците поради судење за воени злосторства. 1865.- Шпанија ја призна независноста на Перу. 1885.- Роден е американскиот композитор Џери Керн, татко на мјузиклот. Неговата оперета „Пловечки театар“ е една од најубавите во историајта на американскиот театар. Компонираше и филмска музика. 1901.- Во Милано умре Џузепе Верди, италијански композитор, еден од најголемите творци на опери во 19 век. Земајќи за свои либрета дела од големите писатели (Иго, Шекспир, Бајрон и други), компонира повеќе опери што му донесоа светска слава. Неговите најдобри опери "Аида", "Риголето", "Трубадур", "Травијата" и други се наоѓаат и денес на репертоарите на оперските куќи во целиот свет. Роден е во Ронколе, на 10 октомври 1813 година. 1916.- Во Берлин е формирана социјалистичка револуционерна организација "Сојуз на спартаковците", на чие чело се наоѓаа Роза Луксембург и Карл Либкнехт. 1919.- Умре унгарскиот писател Ендре Ади. Дела: „Нови песни“, „Крв и злато“, „Би сакал да ме сакаат“, „Кој ме виде?“, „На чело на мртвите“. 1924.- Кралството на Србите, Хрватите и Словенците во Рим го потпишаа пактот за пријателство и соработка со Италија и договорно Фиуме (Риека) и припадна на Италија. 1926.- Англискиот пронаоѓач Џон Логи Берд во Лондон за првпат јавно ја демонстрираше телевизијата. 1942.- Се случи „Игмански марш“ кога Првата пролетерска бригада (во текот на втората непријателска офанзива) пропешачи 100 километри од Јахорина до Фоча, преку Сараевско поле и планината Игман. Маршот во кој учествуваа повеќе од 700 борци, од кои 50 беа ранети и болни, траеше околу 18 часа. Во длабокиот снег, на температура од минус 32 Целзиусови степени многу од од луѓето настрадаа, а многу беа и премрзнати со што станаа инвалиди. 1944.- По дводневни тешки борби е разбиена германската блокада на Ленинград. Она што го издржа Ленинград е единствено во историјата, бидејќи од јулските денови во 1941 година во германскиот обрач се наоѓаа околу три милиони граѓани, од кои половина милион деца. 1945.- Црвената армија го ослободи Аушвиц, најголемиот и најстраотниот логор во Втората светска војна. Во логорот останаа околу 7.000 затвореници кои Германците во брзањето не стигаа да ги погубат. Во гасните комори на Аушвиц се убиени, вклучувајќи деца и жени, најмалку 1.500.000 луѓе, повеќето Евреи, а над 25.000 граѓани на Југославија. 1949.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар, е прикажана првата балетска претстава „Валпургиска ноќ“ од францускиот композитор Шарл Гуно. Кореограф беше Ѓорѓи Македонски, диригент Трајко Прокопиев, сценограф Василие Поповиќ Цицо, а нацртот на костимите беше на Милица Бабиќ - Јовановиќ. 1964.- Франција воспостави дипломатски односи со Кина. 1967.- Подготвувајќи се за лет на Месечината, тројца американски астронаути загинаа во вселенскиот брод „Аполо 1“, во кој избувна пожар. 1967.- Советскиот Сојуз, САД и 60 други земји потпишаа договор за забрана на нуклеарни експерименти во статосферата. 1969.- Во Багдат загинаа 14 луѓе, меѓу нив девет Евреи кои ирачките власти ги обвинија дека се израелски шпиони. 1981.- Најмалку 500 луѓе загинаа на индонезискиот ферибот „Тампомас II“, кој по пожарот потона во Јванско Море. 1991.- Американската авијација во Заливската војна започна масовно бомбардирање на Басра, втор по големина ирачки град. 1991.- Собранието на Република Македонија со тајно изјаснување и со мнозинство гласови за претседател на Републиката го избра Киро Глигоров. 1993.- Во селото Бистрица, Битолско, умре Благоја Фотев, учесник на Првото заседание на АСНОМ, прв повереник за финансии, а потоа и за земјоделство во Владата на НР Македонија, а од 1947 до 1950 година претседател на Президиумот на Народното собрание на НР Македонија (на оваа функција пред него беше Методија Андонов - Ченто). Беше борец за идеите на ВМРО (обединета) и активен популаризатор и толкувач на идеите на движењето МАНАПО. Роден е во селото Герман, Леринско, на 14 август 1900 година. 1995.- Република Молдавија и Република Македонија воспоставија дипломатски односи. 1995.- Во Скопје умре Лилјана Белева, македонска писателка. Познати и се делата „Моето парче земја“, „Жолтата амфора“ и „Перниче од ружи“. Родена е во Заечар, на 23 март 1940 година. 2002.- Во експлозија на складиште на оружје во главниот град на Нигерија, Лагос, загинаа повеќе од илјада луѓе. 2006.- Умре германскиот политичар Јоханес Рау, поранешен претседател на Германија и долгогодишен министер, како и претседател на покраината Северна Рајна Вестфалија. 2008.- Умре
поранешниот претседател на Индонезија Сухарто. Генерал Сухарто, кого
симпатизерите го нарекуваа „татко на развојот“, на чело на
земјата остана цели 32 години. На политичката сцена се појави во 1965,
по воениот удар. Како непоколеблив антикомунист, уживаше поддршка од
САД. Сухарто успеа да обезбеди стопански развој на подолгорочен рок
и консолидација на многунационалната Индонезија. Од друга страна, беше
обвинуван за бруталост кон неистомислениците, како и за корупција и
злоупотреба. Беше симнат од власта на 21 мај 1998 година, во екот на
економската криза и масовните протести во Џакарта. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
814.- Умре францускиот цар Карло Велики, кој од доаѓањето на престолот во 768 година до смртта во 814 година, ја прекрои картата на Европа и ја прошири француската држава од Севено Море до Италија и од Атлантик до Чешка. Папата Лав III во 800 година го круниса за римски цар. Тоа беше чин со трајни последици по историјата на Европа. 1457.- Роден е англискиот крал Хенри VII, татко не Хенри VIII и основач на династијата Тјудор. Со неговото доаѓање на престолот во 1485 година е ставен крај на 40-годишната „Војна меѓу двете ружи“. Војната е наречена така бидејќи династијата Ланкастер, со која Хенри VII беше во сродство, на грбот имаше црвена, а династијата Јорк бела ружа. Престолот успеа да го осигура со победата во битката кај Босворт во 1485 година, во која загина кралот Ричарт III. Во 1486 година Хенри VII со стапувањето во брак со сестрата на Ричард III - Елизабета - ги обедини куќите на Ланкастер и Јорк. 1547.- Умре англискиот крал Хенри VIII, кој со раскинувањето со римокатоличката црква изврши црковна реформа. Притоа, во 1534 година Англиканската црква ја прогласи за независна од Ватикан со кралот, како врховен верски поглавар. Се женеше шест пати бидејќи немаше син наследник, а со Рим раскина кога не доби дозвола да се разведе од Катарина Арагонска за да се ожени со Ана Болен. Ја прошири власта на Велс, Шкотска и Ирска и успешно изгради силна флота која стана темел на подоцна силната англиска поморска моќ. 1596.- Умре англискиот гусар и адмирал Френсис Дрејк, прв Англичанец кој од 1577 до 1580 година го преплови светот. Неговите гусарски напади врз Шпанците битно придонесоа за англискиот поморски престиж и за подоцна успешно запоседнатите колонии, посебно во северна Америка. Одигра и една од клучните улоги во победата на британската воена морнарица во 1588 година над шпанската „Непобедива армада“. Се мисли дека тој во 1586 година прв го донесе компирот од Америка во Европа. 1689.- Англискиот парламент го објави повлекувањето на кралот Џемјс II, последниот од династијата Стјуарт, поради наметнување на римокатолицизмот. 1821.- Прокламирана е независноста на Перу, со што, сепак, не беше дефинитивно завршено речиси 300-годишното колонијално владеење на Шпанија во таа латинскоамериканска земја. Шпанија се обидуваше уште три години да ја наметне својата власт во Перу. 1841.- Роден е англискиот новинар и истражувач Џон Роуландс, познат како Хенри Мортон Стенли. Тој во 1871 година се прослави со „спасувањето“ на шкотскиот истражувач Дејвид Ливингстон, за кого погрешно се веруваше дека се изгубил во Африка. До 1889 година повеќе пати патуваше во Африка при што ги откри езерата Албертово, Едвардово и Леополдово, како и планинскиот масив Рувензори, а вршеше и испитување на голем дел од басенот на реката Конго. 1871.- Франција капитулираше во војната со Прусија и го предаде Париз. 1878.- Во Њу Хевн, САД, пуштена е во употреба првата телефонска централа, две години подицна откако Александар Грејем Бел го патентираше телефонот. 1884.- Роден е швајцарскиот физичар и истражувач на морските длабочини Огист Пикар, професор на Универзитетот во Брисел. Ги проучуваше радиоактивноста, атмосферскиот електрицитет и вселенските зраци. Во 1931 година стана првиот човек кој доспеа во стратосферата - со балон до 15.780 метри, а во 1934 година дури и до 17.550 метри. Од 1938 година се спушти 48 пати во океанската длабочина и до 4.000 метри. 1887.- Во Лоѓ, Полска, е роден Артур Рубинштајн, пијанист и еден од најголемите интерпретатори на класичната музика во 20 век. Познат е по тоа што сакаше да ја комбинира страста за музиката со страста за животот. Прв пат седна да свири клавир во својата четврта година, а на шест години имаше прв јавен настап во Варшава, на еден концерт за добротворни цели. Пред да наполни 20 години стана познат музичар, одржувајќи концерти во САД, во Латинска Америка и во Европа. Особено беше познат како хуманист. Јавно настапуваше до 1976 година. Умре во Женева, на 20 декември 1982 година. 1898.- Во Велес е роден Кирил Ќамилов, еден од македонските учесници во Шпанската граѓанска војна (1936-1939 г.). Умре во Скопје, на 8 септември 1976 година. 1906.- Роден е грчкиот партизански водач Вафијадис Маркос, командант на таканаречената Демократска армија на Грција (ДАГ) во граѓанската војна од 1946 до 1949 година. 1912.- Роден е американскиот сликар Џексон Полок, најистакнат претставник на апстрактниот експресионизам. 1918.- Владимир Илич Ленин од името на Советот на народните комесари на Советска Русија потпиша декрет за формирање на Црвената армија. 1919.- Во Берлин умре Франи Меринг, германски социолог и историчар, една од водечките личности на левото крило на германската социјалдемократија и на „Сојузот на спартаковците“ и еден од основачите на КП на Германија. Од неговите дела најзначајни се „Легенда за Лесинг“, „Историја на германската социјалдемократија“ и „Биографија на Каркл Маркс“. Роден е на 27 февруари 1864 година. 1928.- Умре шпанскиот писател и политичар Винсенте Бласко Ибањес. Светската слава му ја донесе романот „Четири јавачи на апокалипсата“. Во 1923 година кога во Шпанија беше заведена диктатурата тој ја објави брошурата „Разобличениот Алфонсо XIII“ која одигра важна улога во уривањето на монархијата. Во младоста го основа влијателниот весник „Ел Пуебло“. Останати дела: романите „Меѓу портокалите“, „Крв и арена“, „Хорда“, „Мртвите заповедуваат“, „Катедрала“, „Подрум“, „Колумбо“. 1930.- Во Шпанија е окончана диктатурата на Мигел Прима де Ривере. 1935.- Исланд стана првата земја во која е легализиран абортусот од медицински или социјални причини. 1939.- Умре ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1923 година. Тој е еден од најголемите автори кој создаде дела на англиски јазик. Дела: поезијата „Оисиновите скитања“, „Ветер во трска“, „Остров на езерото Инисфри“, драмите „Грофицата Кетлин“, „Мачка и месечина“, есеите „Келтски сутон“, „Автобиографија“. 1943.- Германскиот нацистички водач Адолф Хитлер во Втората светска војна ја објави мобилизацијата за сите Германци способни за борба. 1945.- Во Скопје е отворена првата градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им беа обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители беа на работа. 1950.- Француското собрание ја ратификува спогодбата со која Виетнам, Лаос и Камбоџа станаа независни држави во рамките на Француската унија. Дотогаш тие земји беа составен дел на Француска Индокина со статус на колонија. 1962.- Американскиот вселенски брод без екипаж „Ренџер III“ наместо да се спушти на Месечината ја промаши целта за 35.300 километри. 1980.- Во Љубљана умре Цирил Космач, еден од најголемите современи словенечки писатели. Ги напиша збирките раскази „Среќа и леб“, „Од мојата долина“, „Пролетен ден“, романот „Балада за трубата и облакот“ и други дела. Роден е во селото Слан, на 28 септември 1910 година. 1986.- Две минути по полетувањето во вселената, американскиот вселенски брод "Челенџер", експлодира над Кејп Канаверал и во парчиња се урна во водите на Атлантикот. Тоа беше најголемата несреќа што се случила во космичките летови во која загинаа сите седум членови на екипажот. 1987.- Во Варшава умре професорот Адолф Циборовски, истакнат архитект и член на Државниот совет на НР Полска. Долга низа години беше главен урбанист и архитект на повоената изградба на Варшава. Големи заслуги има и за обновата на Скопје по земјотресот во 1963 година. 1990.- Полската обединета работничка партија (комунистите) е расформирана, а е основана Социјалдемократија на Република Полска која се определи за пазарно стопанство и демократска држава. Лидерот на новата партија Алекандар Квашњевски во 1995 година стана шеф на државата, победувајќи го на изборите Лех Валенса. 1995.- Во најкрвавиот судир од почетокот на насилствата на исламските терористи во Египет загинаа 14 терористи, двајца полицијаци и двајца минувачи кои се најдоа во вкрстениот оган. 1996.- Во Париз умре Борне Хогарт, илустраторот на „Тарзан“. Роден е во Чикаго, на 25 декември 1911 година. 1996.- Во Њујорк умре Јосиф Бродски, руски писател. Во 1987 година ја доби Нобеловата награда за книжевност, а во 1991 година стана добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата. Од делата познати му се „Песни и поеми“, „Станица вo пустина“, „Крај на прекрасната епоха“ и „Римски елегии“. Роден е во Санкт Петербург, на 24 мај 1940 година. 1998.- Во Индија се осудени на смрт 26 лица обвинети за учество во заговорот за убиство на поранешниот претседател на владата Раџив Ганди. 2002.- Еквадорскиот авион „Боинг 727“ се урна во вулканот Кумбал во Колумбија при што загинаа сите 92 патника и членови на екипажот. 2004.- Во Скопје умре Алаетин Тахир, писател, литературен критичар, есеист и новинар од турската националност во Македонија. Автор е на книгите „Апартман 18“ и „Портрет“. Роден е во Скопје, на 23 април 1949 година. 2004.- Комисијата на лордот Катон симна каква било одговорност од британскиот премиер Тони Блер за самоубиството на експретот за ирачкото оружје Дејвид Кели, обвинувајќи ја ББЦ за начинот на информирање за овој настан. Претседавачот на управата на ББЦ Гевин Дејвис поднесе оставка. Кели, наводно заради „грижа на совеста“, изврши самоубиство. 2006.- Во полскиот град Катовице поради тежината од големиот снег падна покривот на сајмиштето во моментот кога во објектот се наоѓаа околу 700 луѓе. Загинаа 64 лица, а беа повредени 160. 2008.- Умре поглаварот на Грчката
црква, архиепископот атински Христодулос. За атински архиепископ беше
избран во 1998 година, како најмлад архиепископ за последните 157
години. Работејќи на подобрување на односите со Ватикан, во 2001 година
во Атина го прими тогашниот папа Јован Павле Втори, прв римски
поглавар што ја посетил Грција во последните илјада години. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1573.- Под водство на Матија Губец, во Хрватска избувна Селанската буна против неподносливите услови за живот што ги наметнаа австриските и унгарските феудалци. Тоа беше една од најголемите селански буни во Европа во тоа време. Востанието беше крваво задушено, а Матија Губец беше погубен во Загреб, на 15 февруари 1573 година. Хрватскиот писател Август Шеноа по тој повод го напиша романот "Селанска буна". 1595.- Во Лондон умре Франсис Дрејк, англиски гусар, морепловец и адмирал, прв Англичанец кој го преплови светот. Неговите потфати имаа големо значење за англиското колонијално ширење, особено во Северна Америка. Роден е во 1540 година. 1635.- Ришељ ја основа „Француската академија“ (подоцна Институт), додека француската „Академија на науките“ ја основа Луј Четиринаесетти во 1666 година по сугестија на Жан Батиста Колбер. 1676.- Фјордор Трети Романов стана цар на Русија по смртта на Алексеј, неговиот татко. На престолот беше до 1682 година, кога го наследни полубратот Петар Велики. Поради честите болести на малолетниот Петар со земјата управуваа неговите вујковци Милославски. Во текот на неговото владеење Русија ја зацврсти власта на огромните новоосвоени територии во Поволожје, Сибир и во Украина. 1688.- Роден е шведскиот мистик, филозоф и истражувач Емануел Сведенборг, автор на специфичното мистичко-теозофско учење. За неговите визии пишуваше Имануел Канд во написот „Соништа на еден духовник“. Неговите дела се многу читани и денеска. Дела: „Opera philosophica et mineralia“, „Arcana coesestica“, „De nova Hierosolyma“. 1782.- Роден е францускиот композитор Даниел Франсоа Еспри Обер. Дела: оперите „Fra Diavolo“, „Црно домино“, „Блудниот син“. 1843.- Роден е американскиот државник Вилијам Мекинли, кој беше претседател на САД од 1897 до 1901 година. На Шпанија и објави војна во 1898 година, за да ги одземе од неа Филипините, Порторико, Гуам и Куба, започнувајќи ја така ерата на отворен американски империјализам. Заедно со европските сили, учествуваше во гаснењето на антиколонијалното востание во Кина (од 1899 до 1901 година) познато како „Боксерско востание“ со цел да се наметне режимот на слободната трговија и непречен проток на американскиот капитал во Кина. Во атентат беше убиен во 1901 година. 1856.- Востановен е „Викторијанскиот крст“, највисоко британско воено одликување. 1860.- Во Таганрог е роден Антон Павловиќ Чехов, руски новелист, раскажувач и драмски писател. Изврши големо влијание врз развојот на новелистиката и драмската книжевност во светот. Во своите новели даде голем број карактеристики на руското секојдневие и цела галерија промашени, несреќни и несфатливи луѓе. Најпознати дела му се драмите "Галеб", "Три сестри", "Вујко Вања" и "Вишновата градина", како и збирките раскази "Човекот во футрола", "Куќа на кат", "Селани" и други. Умре во Баденвалер, во Германија на 15 јули 1904 година. 1866.- Роден е Ромен Ролан, француски раскажувач, романсиер, драматург, музиколог и борец за мир и демократија. Познати се неговите дела "Жан Кристоф", "Кола Брењон", "Маѓепсана душа", "Четиринаесетти јули", "Дантон", потоа делата за животот на Бетовен, на Микеланџело и на Толстој. Во 1915 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре на 30 декември 1894 година. 1867.- Роден е шпанскиот писател и политичар Висенте Бласко Ибањес. Светската слава ја стекна со романот „Четворицата јавачи на апокалипсата“. Целиот живот го посвети на борбата за татковината, а кога во 1923 година во Шпанија беше заведена диктатурата се стави на чело на борбата за демократија и ја напиша брошурата „Разобличениот Алфонсо Тринеаесетти“. Дела: „Меѓу портокалите“, „Крв и арена“, „Хорда“, „Катедрала“, „Подрум“, „Колумбо“ и други. 1884.- Роден е Огист Пикар, познат швајцарски физичар. Ги проучуваше радиоактивноста, атмосферскиот електрицитет и космичките летала. Се занимаваше и со испитување на стратосферата и големите морски длабочини. Тој изврши прв лет во стратосферата во 1931 година, достигнувајќи височина од 15.780 метри, а во 1932 година и 16.370 метри. Со батискаф се спушти и до 4.000 метри океанска длабочина. Умре во 1962 година. 1886.- Карл Бенц ги прикажа своите „кочии без коњ“. Неговата моторизирана кочија го означи почетокот на автомобилската индустрија која набрзо го освои светот. 1896.- Американскиот лекар Емил Граб прв ја употреби терапијата со зрачење во лекувањето на ракот на белите дробови, применувајќи ја во Чикаго врз пациентката Роуз Ли. 1899.- Умре францускиот сликар од англиско потеколо Алфред Сисле, еден од основачите на импресионизмот. Сликаше исклучиво пејзажи. Посебно го привлекуваше сликањето на реки, при што најмногу ги изразуваше светлосните ефекти. 1916.- Германците во Првата светска војна првпат од цепелин го бомбардираа Париз. 1916.- Британската армија во Првата светска војна првпат ги тестираше тенковите во местото Хетфилд во Англија. 1941.- Умре грчкиот генарал и државник Јоанс Метаксас, кој како претседател на владата и министер за војска во 1936 година го распушти парламентот и воспостави лична диктатура. Учествуваше во војната против Туците во 1897 година и во Балканските војни во 1912 и 1913 година. Во Втората светска војна во октомври 1940 година го одби улиматумот од Италија организирајќи решавачки отпор кон италијанската агресија. 1942.- Советскиот Сојуз, Велика Британија и Иран договорија во Втората светска војна британско-советските сили да го напуштат Иран шест месеци по завршувањето на борбата против силите на Оската, а Техеран им дозволи на Москва и Лондон неограничена употреба, контрола и одржување на сите комуникации, аеродроми и пристаништа на иранска тетиторија. 1942.- Перу и Боливија со потпишувањето на протоколот во Рио де Женеиро ја окончаа војната започната во 1941 година, поради спорните погранични територии меѓу двете земји и подрачјето на амазонската џунгла. 1949.- Велика Британија го призна Израел. 1950.- Почна првата серија на побуни во Јоханесбург, предизвикна од расистичката политика на владата на Јужна Африка. 1950.- Во Скопје е формиран Сојузот на филателистите на Македонија. 1963.- Францускиот претседател Шарл де Гол стави вето на приемот на Велика Британија во Европската економска заедница. 1963.- Умре американскиот писател Роберт Ли Фрост, четирикратен добитник на Пулицеровата награда за поезија. Дела: збирка песни „Северно од Бостон“, „Потокот што тече на Запад“, „Собрани песни“. 1964.- Панама и упати жалба на Организацијата на американските држави заради агресијата на САД, барајќи свој суверенитет во зоната на Панамскиот канал. 1973.- Во Адис Абеба почна заседанието на Советот за безбедност на ООН, прво заседание на овој орган на ООН на африканскиот континент. 1989.- По седумгодишното недоразбирање и меѓународна арбитража, Израел на Египет му го врати градот Табу на Црвеното Море. Овој град Израел го држеше од војната во 1967 година, во која ги победи сите арапски земји. 1992.- Во Скопје умре Иван Дојчинов, борец во Шпанската граѓанска војна, учесник на Првото заседание на АСНОМ, член на Главниот штаб на НОВ на Македонија и носител на "Партизанска споменица 1941". 1994.- Австралијанката Улрике Мајер, двократна светска првенка во скијање, умре од здобиените повреди при падот во натпреварот во спуст за Светскиот куп. 1996.- Венецијанската оперска куќа „Ла Фениче“ исчезна во пожар, вторпат во текот на нејзиното 204-годишно постоење. 1999.- Во Скопје умре Тодор Николовски, македонски драмски и филмски актер, режисер, еден од основачите на современото македонско глумиште. Роден е во Велес, на 16 јануари 1902 година. 2005.- Умре израелскиот писател, сатиричар, сценарист и режисер Ефраим Кишон. Дела: „Не е фер Давиде“, „Уште малку па вистината“, „Лисица во кокошарник“, „Дома е најлошо“, „Јаболката е виновна за се“. Филмови: „Салах Шабати“, „Блаумилхов канал“. 2005.- Умре режисерот и сценарист Живорад Жика Митровиќ. Филмови: „Ешалонот на д-р М“, „Капетан Леши“, „Марш на Дрина“, „Ужичка република“, „Мис Стон“, „Сигнали над градот“, „Солунски атентатори“, „Невесинска пушка“, „Тимочка буна“. 2006.- Умре јужнокорејскиот уметник Нам Џун Пајк, пионер на видео уметноста во шеесетите години од минатиот век. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1648.- Со потпишувањето на договорот во Минстер заврши осумгодишната војна меѓу Шпанија и Холандија, предизвикана од наметнувањето на римокатолицизмот од страна на Шпанците. Шпанија во октомври истата година конечно беше принудена да ја признае независноста на Холандија. 1649.- На англискиот крал Чарлс Први Стјуард, чие авторитарно владетелство предизвика граѓанска војна, му беше отсечена главата врз основа на пресудата на револуционерниот суд. Образложението беше дека тој е виновен за предавство - односно водел тајни преговори со Шкотите. Под притисок, тој во 1628 година објави „Петиција за правата“, гарантирајќи ги правата на Парламентот како и личната слобода на граѓаните, но таа обврска не ја почитуваше. 1830.- Во Охрид е роден Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19. век. Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите "Сердарот" и "Скендербег" и познатото дело "Автобиографија". Со поемата "Сердарот", за која на поетскиот конк*рс во Атина доби Ловоров венец, ја издигна македонската литература меѓу најпознатите на Балканот во тоа време. Умре во Охрид, на 6 февруари 1893 година. 1835.- Претседателот на САД Ендрју Џексон го преживеа првиот атентат врз шеф на држава во американската историја. 1882.- Роден е Франклин Делано Рузвелт, претседател на САД, кој на должноста беше избиран четири пати. Популарноста ја доби со својата политика со која успеа да ја ублажи големата економска криза во земјата. Кога избувна Втората светска војна застана на страната на сојузниците, а по влегувањето во војната целиот индустриски потенцијал го потчини на потребите на војната против силите на Оската. Умре на 12 април 1945 година. 1883.- Роден е Јарослав Хашек, чешки писател. Автор е на популарниот хумористично-сатиричен роман „Доживувањата на добриот војник Швејк за време на светската војна“, во кој ја разоткрива сета бесмисленост, суровост и лудост на милитаризмот. Умре на 3 јануари 1923 година. 1889.- Австроунгарскиот престолонаследник надвојводата Франц Карл Јозеф Рудолф Хабзбург и неговата 17-годишна љубовница баронката Марија Вечера извршија самоубиство во царската ловечка куќа во Мајерлинг. 1909.- Во Гостивар е роден академик д-р Харалампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската литература, истакнат македонски научен и културен работник, долгогодишен редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и еден од првите членови на Македонската академија на науките и уметностите. Тој е автор на голем број трудови од областа на македонската уметност и народна литература, како и од областа на литературите на другите словенски народи. Неговиот научен опус опфаќа повеќе од 1.000 библиографски единици. Умре во Скопје, на 15 февруари 1984 година. 1927.- Роден е шведскиот државник Улоф Палме, шеф на владата и на Социјалдемократската работничка партија на Шведска од 1969 до 1976 година, и од 1982 до февруари 1986 година кога врз него беше извршен атентат во кој загина. Улоф Палме одлучно се противеше на воената интервенција на САД во Виетнам. Од 1980 година ја водеше независната меѓународна комисија за унапредување на процесот на разоружување. Како лидер на Социјалистичката интернационала (СИ) повеќе пати раководеше со мировни мисии на ОН (за мирољубиво решавање на судирот меѓу Иран и Ирак) и СИ (работна група за Јужна Африка). 1933.- Претседателот на Германија фелдмаршалот Паул фон Хинденбург за канцелар го наименува Адолф Хитлер. Во таа влада се наоѓаа уште само двајца нацисти, но Хитлер набрзо ги тргна неистомислениците и се здоби со апсолутна власт. Со тоа го отвори патот на нацистичката диктатура и масовни злосторства во Втората светска војна. На 1 септември 1939 година ја започна Втората светска војна со нападот врз Полска. Истиот датум во 1937 година Хитлер му соопшти на Парламентот дека Германија го повлекува својот потпис од Версајскиот мировен договор потпишан по Првата светска војна. 1937.- Роден е рускиот велемајстор Борис Васиљевич Спаски, светски шаховски првак од 1969 до 1972 годна. Титулата светски првак во шах ја загуби во мечот со велемајсторот Боби Фишер во 1972 година, во Рејкјавик. 1937.- Родена е англиската театарска и филмска актерка Ванеса Редгрејв. Филмови: „Морган“, „Морнарот од Гибралтар“, „Исидора Данкин“, „Ѓаволи“, „Марија кралицата на Шкотска“, „Убиство во Ориент експрес“, „Џулија“ (Оскар“, „Агата“, „Вагнер“, „Бостонци“. 1943.- Британското воено воздухопловство во Втората светска војна го почна првото деноноќно бомбардирање на Берлин. 1948.- Во Њу Делхи е извршен атентат врз Махатма Ганди, водач на индиското ослободително движење. Ганди, наречен Махатма (голема душа) ги пропагираше не насилничките методи за национално ослободување и поради тоа стана симбол на борбата на народите на Индија за независност. Роден е на 2 октомври 1869 година. 1948.- Умре американскиот пилот и конструктор на авиони Орвил Рајт, пионер во авијацијата, кој во 1903 година заедно со својот брат Вилбур, со авионот кој тие го направија, го изведе првиот лет во историјата на воздухопловството. Летот траеше 59 секунди, а авионот прелета 285 метри. Браќата Рајт во 1905 година го конструираа авионот кој прелета 39 километри. Во 1909 година ја основаа „Америкен Рајт компани“ за производство на авиони и истата година на војската на САД и го испорачаа првиот борбен авион „Сигнал Корпс I“. 1951.- Во Битола умре Павел Шатев, македонски револуционер, родољуб и публицист, еден од легендарните солунски атентатори, наречени „гемиџии“, крунски сведок што остана да раскажува за она што се случуваше во Солун во 1903 година. Неговиот живот е мошне бурен и мачен. Беше член на АСНОМ и министер за правосудство во првата македонска влада. Поради несогласувањето со повоената политика, беше отстранет од политичката сцена. Роден е во Кратово, на 15 јули 1882 година. 1957.- Обединетите нации ја прозваа владата на Јужна Африка да ја преиспита политиката на апартхејдот. 1964.- Во Советскиот Сојуз за првпат во историјата на космонаутиката со една ракета беа лансирани сателити во различни орбити - „Електрон 1“ и „Електрон 2“. 1967.- Папата Павле Шести се сретна со претседателот на Президиумот на Врховниот совет на Советскиот Сојуз Николај Подгорни, првиот шеф на советската држава кој го посети Ватикан. 1967.- Во Виетнамската војна почна едномесечната офанзива наречена „Тет“ (Нова година) под команда на северновиетнамскиот генерал Во Нгуен Ѓапа, во која северновиетнамските трупи и јужновиетнамските герицли го нападнаа Сајгон и повеќе од 100 други места во Јужен Виетнам. „Тет“ се смета за пресвртница во војната бидејќи ја натера владата на САД да почне да размислува за повлекување од Виетнам. 1972.- Британските војници во Северна Ирска убија 13 луѓе, учесници во забранетиот марш на римокатоличките демонстранти за граѓански права во градот Лондондери. 1972.- Пакистан го напушти Комонвлетот во знак на протест поради одлуката Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд да го признаат Бангладеш (поранешен Источен Пакистан). 1983.- Умре Лав Лозански, еден од основачите на Природноматематичкиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје и познат научен работник во областа на физиолошката наука. Роден е во Полска, во 1911 година. 1995.- Во експлозија на автомобил-бомба која во Алжир ја активираа исламски терористи загинаа најмалку 20 луѓе. 1996.- Како прилог на весникот "Вечер" излезе првиот број на весникот "Занаетчија", гласило на Здружението на занаетчиски и други самостојни стопанственици на град Скопје - Стопанска комора на Македонија. 2000.- Кенијскиот „Ербас 310“ во летот од Лагос до Најроби се урна во море. Падот го преживеаја само 10, од вкупно 179 патници и членови на екипажот. 2000.- Умре Славко Јаневски, македонски писател, сценарист, и сликар. Во 1945 година излезе неговата прва книга поезија „Крвава низа“. Неговото книжевно дело е мошне богато и разновидно. Последното негово дело е романот „Депонија“, објавено во 2000 година. Роден е во Скопје на 11 јануари 1920 година. 2002.- На заедничката седница на Претставничкиот дом во Сенатот, претседателот на САД Џорџ Буш Ирак, Иран и Северна Кореја ги окарактеризира како „основа на злото“. 2005.- Во Ирак се одржани избори за националното собрание - први слободни избори во последните 50 години. 2007.- Во борбите покрај ирачкиот свет град Наџаф беа убиени 236 бунтовници додека преку 500 беа заробени во еден од најжестоките судири од почетокот на американските инвазии врз Ирак во 2003 година. Лидерот на побунетата група, самонаречениот Махди исто така настрада, додека неговата група „Небески војници“ беше разбиена. 2007.- Во калифорнискиот град Ранчо Мираж, умре Сидни Шелдон, американски писател, еден од најчитаните автори во светот на сите времиња. Познати му се делата „Се плашиш ли од мракот“, „Гневот на ангелите“, „Господар на играта“ и други. Роден е во Чикаго, на 11 февруари 1917 година. 2008.- Британскиот „Opinion risrcc
biznis“ (ORB) соопшти дека повеќе од еден милион Ирачани го изгубија
животот како резултат на конфликтот во таа земја, од почетокот на
војната која ја поведоа САД во 2003 година. Истражувањето кое го
спроведе организацијата ORB покажало дека повеќе од 20 отсто од луѓето
во Ирак имале најмалку по еден смртен случај во семејството како
последица од војната која започна во 2003 година. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1328- Роден е францускиот крал Шарл Четврти Убавиот, последниот директен потомок на династијата Капет на престолот на Франција, кој воедно беше и крал на Навара, како Шарл Први. Во текот на владеењето од 1322, ја реформира администрацијата со настојување да ја зајакне монархијата, а 1327 година склучи мир со Англија. 1650.- Умре францускиот филозоф, математичар и физичар Рене Декрет, основач на нововековната европска филозофија, посебно на модерниот рационализам. Дела: „Расправа за методите“, „Правила за раководење со умот“, „Медитации за првата филозофија“, „Расправа за страстите на душата“, „Принципи на филозофијата“, „Геометрија“. 1790.- Првпат заседаваше Врховниот суд на САД, една година по основањето. 1793.- Револуционерна Франција по неполни две недели по погубувањето на кралот Луј Шеснаесетти, им објави војна на Велика Британија и на Холандија. 1834.- Во Охрид е роден Кузман Шапкарев, еден од најзначајните собирачи, публикатори, афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари, човек кој со големи саможртви во времето на националната преродба на Македонците и се предаде на благородната мисија на обнародување на духовното богатство на својот македонски народ. Ги објави делата "Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина", "Материјали за животописот на браќата Миладиновци Димитрија и Константин", како и осум учебници што ги напиша за потребите на училиштата на Македонија. Умре во Софија, на 18 март 1909 година. 1840.- Во американскиот град Балтимор отворен е првиот стоматолошки факултет во светот. 1861. - Тексас се отцепи од Унијата и и се приклучи на Kонфедерацијата на јужните американски држави. 1872.- Во селото Лактиње, Охридско, е роден Смиле Војданов, македонски револуционер, учител и војвода. Учесник е во Илинденското востание во својство како војвода во Дебарско и Охридско. Тој е првиот македонски лобист на просторот на цела Северна Америка, залагајќи се за македонска држава. Умре во Понтијак, САД, на 4 март 1958 година. 1874.- Роден е австрискиот писател Хуго фон Хорфманштал, чии стихови и прозни дела се полни со меланхолија и резигнација. Соработуваше со Рихард Штраус, за чии композиции пишуваше либрети. Дела: драмите „Тицијановата смрт“, „Бела лепеза“, „Електра“, „Едип и Сфинг“, „Човек“, „Кула“, либретите „Кавалер со ружи“, „Жена без сенка“, приказната „Бајка на 672 ноќи“, есејот „Писмо на лордот Чендос“. 1883.- Под раководство на францускиот инженер Фердинанд Лесепс, градител на Суецкиот канал, почна изградбата на Панамскиот канал, која заврши со еден од најголемите финансиски скандали во 19. век. Работите беа прекинати цели 20 години. Целосна контрола над зоната над каналот презедоа САД, со чија финансиска подршка, каналот е завршен во август 1914 година. Каналот е долг 81 километар. 1887.- Основан е Холивуд, најголемиот филмски град (предградие на Лос Анџелес) во светот. Првиот филм е снимен во 1911 година. 1893.- Томас Едисон во Вест Оринџ во Њу Џерси го отвори првото филмско студио во светот. 1901.- Роден е американскиот филмски глумец Клерк Гејбл, кој играше во повеќе од 70 филмови. Филмови: „Источен пат“, „Слободна душа“, „Се случи една ноќ“ (Оскар), „Кинеско Море“, „Однесено од виорот“, „Сан Франциско“, „Могамбо“, „Пробен пилот“, „Неприлагодени“, „Луѓе во бело“ и други. 1907.- Хондурас почна војна со Никарагва поради пограничните територии. 1908.- Во одговор на теророт предизвикан од режимот, републиканските следбеници во Лисабон ги убија португалскиот крал Карлос Први и неговиот син кој требаше да го наследи престолот. 1912.- Во селото Буф, Леринско, е роден д-р Трифун Пановски, борец во НОВ на Македонија. Загина во несреќен случај во близина на селото Буринец, Струшко (во несреќата загинаа уште тројца борци и едно дете), на 22 јуни 1944 година. 1922.- Родена е италијанската оперска пејачка Рената Тебалди, една од најголемите лирски сопрани на 20. век, која брилјантно ги интерпретираше големите рољи, посебно во оперите на Ѓузепе Верди и Ѓакомо Пучини. 1924.- Британската лабуристичка Влада го призна СССР, што значително придонесе за намалување на дипломатската изолација на првата социјалистичка земја во светот. 1942.- Водачот на норвешките нацисти Видкун Квислинг во Втората светска војна во окупираната Норвешка стана претседател на марионетската влада. 1943.- Кај селото Старо Градско, на Косово, во борба против италијанските фашисти и против балистите, загина Александар Урдаревски - Станко, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во селото Чучер, Скопско, на 18 февруари 1920 година. 1944.- Во Њујорк умре Пит Мондријан, холандски сликар и теоретичар. Како еден од основачите на групата "Де Стил", во 1920 година објави манифест за "неопластицизмот". Од 1940 година живееше во САД. Тој е значаен претходник на новото сликарство. Роден е на 7 март 1872 година. 1945.- Во велешката гимназија „Кочо Рацин“ првпат во слободна Македонија почна наставата на мајчин македонски јазик. Гимназијата е основана во 1857 година и е најстара гимназија во Македонија. 1946.- Тригве Ли (од Норвешка) е избран за прв генерален секретар на Организацијата на Обединетите нации. 1946.- Унгарија е прогласена за република со претседателот Золтан Тилдиј и премиерот Ференц Наѓи. Во меѓувоениот период Унгарија беше кралство без династија, што претставува единствен случај, па затоа грофот Хорди ја вршеше функцијата регант. 1958.- Египет и Сирија се обединија под заедничко име Обединета Арапска Република. 1962.- Во Белград умре Пјер Крижариќ, сликар и графичар од Словенија, еден од доајените на современата поранешна југословенска карикатура. Роден е во Глина, на 19 мај 1890 година. 1966.- Умре американскиот филмски глумец и режисер Бастер Китон, кој секогаш глумеше осамен човек, предодреден да се бори сам против сите. Филмови: „Генерал“, „Нашето гостопримство“, „Навигатор“, „Снимател“, „Булевар на самракот“, „Светла сцена“. 1974.- Во пожар кој го зафати новоизградениот облакодер во бразилскиот град Сао Паоло загинаа повеќе од 220 луѓе. 1979.- Иранскиот верски водач алатолахот Рухолах Хомеини по 15 години бегство од Париз се врати во земјата. Со тоа настапи новата фаза на исламската револуција со која во Иран е воспоставена исламската теократија. 1982.- Прогласена е конфедерацијата Сенегамбија, која настана по здружувањето на двете западноефриканските држави Сенегал и Гамбија. Оваа заедница престана да постои на 30 септември 1989 година. 1991.- Во земјотрес кој ги погоди пограничните области на Авганистан и Пакистан загинаа повеќе од 1.200 луѓе. 1994.- Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Финска на ниво на амбасади. 1995.- Поплавите во Холандија ги натера околу 250.000 луѓе да ги напуштат своите домови. Тоа беше најголемиот егзодус во историјата на Холандија. 1996.- Претседателот Жак Ширак објави дека Франција заврши со нуклеарните проби „еднаш за секогаш“. 1996.- Советот за безбедност на ООН го прифати предлогот на генералниот секретар на ООН од овој датум силите за превентивно распоредување на ООН (УНПРЕДЕП), да останат целосно независна операција во Република Македонија. 2000.- Ултрадесничарската Слободарска странка на Јерг Хајдер и Народната партија на Волфганг Шисел постигнаа договор за коалиција, наспроти предупредувањето на останатите 14 земји-членки на Европската унија и САД дека влезот во владата на Хајдеровата партија, на која и се препишува кокетирање со нацизмот, ксенофобичност и дискриминација на малцинствата неизбежно ќе предизвика непријатни последици за Австрија. 2003.- При враќањето на Земјата од мисијата која траеше 16 дена, американскиот вселенски шатл „Колумбија“ се запали и се распадна над Тексас 15 минути пред планираното слетување. Загинаа сите седум членови на екипажот, вклучувајќи и две жени и првиот Израелец-астронаут. 2004.- Во метежот во текот на муслиманскиот обред Каменување на ѓаволот во близина на Мека загинаа 251 верници. 2004.- Во просториите на две к*рдски партии во Ербил, на север во Ирак, двајца исламски терористи-самоубијци усмртија најмалку 117 луѓе. 2007.- Умре Аделаида Тамбо. Целиот свој живот го посвети на борбата против апартхеидот. „Мама Тамбо“, како ја нарекуваа, беше меѓу водечките членови на Африканскиот национален конгрес (АНЦ). Покрај бробата против апартхеидот, беше и борец за женски права. Аделаида Тамбо беше пратеник на АНЦ во првата демократски избрана влада на Јужноафриканската Република. 2008.- Во две одвоени експлозии, на багдатските пазари, кои ги изведоа жени бомбаши-самоубијци, загинаа 99, а беа повредени најмалку 145 луѓе. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
- Светски ден за заштита на водните живеалишта.
1509.- Португалците под команда на Франсиско де Алмејде ја уништија муслиманската флота во битката во Индискиот Океан, во близина на градоот Ди во северозападна Индија, по што воспоставија контрола во водите околу индискиот потконтинент. 1536.- Основан е Буенос Аирес, главен град на Аргентина. 1556.- Во една од најголемите катастрофи во историјата на човештвото - земјотресот - беше опустошена кинеските провинции Шанси, Шанхси и Хенан, усмртувајќи повеќе од 850.000 луѓе. Притоа беа срамнети со земја неколку стотици населени места. 1594.- Умре италијанскиот композитор Ѓовани Пјерлуиѓи да Палестрино. Дела: „Миса на папата Марцела“, „Стабат Матер“. 1709.- Шкотскиот морнар Александер Селкрејг, познат како Александер Селкрик беше пронајден на пустиот пацифички остров на кој во 1704 години се засолни после бродоломот. Неговата животна приказна го инспирираше Даниел Дефо да го напише романот „Робинзон Крусо“. 1801.- Британскиот парламент ја одржа првата седница на која присуствуваа и ирски претставници. 1848.- Во градот Гваделупе Идалго, по двегодишна војна е склучен мир меѓу Мексико и САД. Мексико беше поразен и на САД мораше да им ги предаде Тексас, Ново Мексико, Аризона и Калифорнија, како и надомест од 14 милиони долари. 1882.- Во Даблин е роден Џејм Џојс, ирски писател, еден од основоположниците на современиот роман, новатор на раскажувачките форми и предвесник на модерниот израз. Најпознато негово дело е „Улис“, а потоа следуваат „Камерна музика“, „Деблинци“ и други. Умре во Цирих на 13 јануари 1941 година. 1901.- Во Вилма, Русија, е роден Јаша Хајфец, руско-американски виолинист, најдобар виолинист на светот во 20 век. Својата дарба и виртуозност ја покажа уште во првата деценија на својот живот. Соработуваше со пијанистот А. Рубинштајн и со виолончелистот Г. Пајтогорски. Поголемиот дел од животот го помина во САД. Умре во Лос Анџелес, на 11 декември 1987 година. 1904.- Роден е Валериј Павлович Чкалов, советски пилот. Во 1937 година изврши прв транспортен лет без спуштање од Москва преку Северниот Пол до Ванкувер во САД. Умре на 15 декември 1938 година. 1907.- Во Петроград умре Дмитриј Иванович Менделеев, руски хемичар, еден од најпознатите научници од оваа област. Тој е татко на Периодичниот систем на хемиските елементи. Неговата книга "Основи на хемијата" е преведена на многу јазици. Роден е во Тоболск, на 8 февруари 1834 година. 1932.- Во Женева почна Првата светска конференција за разоружување во чија работа учествуваа претставници на 61 земја. Користејќи ги несогласувањата меѓу поранешните победници, Германија на тој собир се залагаше за општо разоружување, но истовремено бараше право на еднаквост во вооружувањето. Неуспехот на Конференцијата беше и успех на империјалистичка Германија, бидејќи велесилите и ја признаа бараната еднаквост, што значеше дека има право повторно да се вооружува. 1950.- Умре Џорџ Бернард Шо, еден од најголемите англиски писатели и драматичари од ирско потекло. Литературната кариера ја почна со пишување на романи и на театарски критики, а дури подоцна почна да пишува драми по кои стана и најпознат. Меѓу неговите најпознати дела се вбројуваат "Пигмалион", "Кандид", "Цезар и Клеопатра" и други. Во 1925 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Даблин, на 26 јули 1856 година. 1969.- Умре американскиот филмски глумец од англиско потекло Борис Карлоф. Филмови: „Закон на подземјето“, „Луѓе гении“, „Франкештајн“, „Изгубена патрола“, „Мумија“, „Стара темна куќа“, „Црна мачка“, „Франкештајновата невеста“, „Франкештајновиот син“, „Терор“, „Мета“. 1970.- Во Пенриндидред, Велика Британија, умре Бертранд Расел, англиски филозоф, математичар и писател. Поради тоа што одби да оди во војска за време на Втората светска војна беше затворен, ја изгуби работата, но и скоро стана мошне популарен поради смелите и напредни тези за различните политички и општествени прашања. Во 1950 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Трелек, на 18 мај 1872 година. 1971.- Во иранското гратче Рамсар е потпишана Конвенција за заштита на водните живеалишта. 1983.- Во Охрид умре д-р Елена Етингер Каваева, еден од основоположниците на македонската заштита на охридско-струшкиот крај и во Македонија, активен учесник во Октомвриската социјалистичка револуција во Русија, личен пријател на Ленин и помагач на НОВ во Македонија. Заедно со својот сопруг д-р Влдимир Каваев влезе во енциклопедиите на медицинските науки. Родена е во Честахов, Полска, на 20 ноември 1903 година. 1986.- Во Кнежеството Лихтејнштајн жените за првпат гласаа на парламентарните избори. 1994.- Република Чешка ја призна Република Македонија. 1996.- Во Скопје е потпишан меморандум за отворање Британски информативен центар. 1990.- Јужноафриканскиот претседател Фердинанд де Клерк ја укина забраната за Африканскиот национален конгрес на Нелсон Мандела. 1995.- Лидерите на Израел, Јордан, Египет и ПЛО за првпат се собраа на состанок во Каиро за да изнајдат мировно решение и да дадат поддршка на израелско-палеститнската спогодба. 1996.- Умре американскиот филмски глумец, режисер и балетан Џин Кели, една од најзначајните фигури во историјата на мјузиклот. Филмови: „Американец во Париз“, „Танц на дожд“, „Гусар“, „Во град“, „Хело, Доли!“. 1998.- Падот на филипинскиот патнички авион „ДЦ-9“ на југот на Филипините не го преживеа никој од 140-те патници и членови на екипажот. 2005.- Умре некогашниот шампион во бокс во тешка категорија Германецот Макс Смелинг, кој во историјата на светскиот бокс влезе во 1936 година, кога во Њујорк пред 42.000 гледачи, го накаутира дотогаш непоразениот Џо Луис. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
- Национален празник на Нов Зеланд 1564.- Роден е англискиот писател Кристофер Марлоу кој битно влијаеше врз Вилијам Шекспир. Дела: „Тамерлан Велики“, „Д-р Фаустус“, „Евреинот од Малта“, „Едвард Втори“. 1665.- Родена е англиската кралица Ана, која владееше од 1702 до 1714 година како последен монарх од династијата Стјуард. Кралицата Ана во 1707 година ги обедини Англија и Шкотска. 1685.- Умре англискиот крал Чарлс Втори Стјуарт, син на Чарлс Први кој беше погубен во граѓанската војна во 1649 година. Чарлс Втори Стјуард стана монарх во 1660 година, по укинувањето на републиката која беше воспоставена во 1653 година од Оливер Кромвел. 1793.- Умре Карло Голдони, италијански комедиограф. Познати негови дела се: "Мирандолина", "Рибарски караници", "Скржавец", "Коцкар" и други. Мошне интересна е неговата драма "Далматинка" (прикажувана во 1758 година), во која го слави илирскиот народ во Далмација. Роден е во 1707 година. 1802.- Роден е англискиот физичар Чарлс Витстоун, пионер на телеграфијата. Toj го пронајде методот за одредување на електричниот отпор, а ги истражуваше и електрицитетот, светлината и звукот. 1804.- Умре Џозеф Пристли, англиски материјалистички филозоф, физичар и хемичар. Ги откри кислородот, амонијакот, хлороводородот, сулфурната киселина, азот-диоксидот и јаглеродниот диоксид. Роден е на 13 март 1733 година. 1838.- Роден е англискиот актер Џон Хенри Бродриб, познат како Хенри Ирвинг, еден од најголемите трагичари во 19. век. 1893.- Во Охрид умре Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19 век. Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите "Сердарот" и "Скендербег", и познатото дело "Автобиографија". Со поемата "Сердарот", за која на поетскиот конк*рс во Атина доби Ловоров венец, ја издигна македонската литература меѓу најпознатите книжевни остварувања на Балканот во своето време. Роден е во Охрид, на 30 јануари 1830 година. 1897.- Роден е бразилскиот филмски режисер, сценарист и продуцент Алберто де Алмеида Кавалканти. Филмови: „Ивет“, „Воз без очи“, „Капетан Фракас“, „Одморот на ѓаволот“, „Николас Никлби“, „Првиот џентлмен“, „Земјата е секогаш земја“, „Газдата Пунтила и неговиот слуга Мати“. 1897.- Грчкиот остров Крит доби автономен статус во рамките на турското царство, што беше последица на масовното востание кое изби на Крит. Островот Крит на Грција и припадна по Балканските војни во 1913 година. 1899.- На Филипините избувна востание против американската окупациска армија. По Американско-шпанската војна, САД ги приграбија Куба, Порторико и Филипини, што го означи крајот на шпанското колонијално царство. 1905.- Роден е полскиот политичар Владислав Гомулка, водач на Полската работничка партија (комунисти) од 1943 до 1948, и од 1956 до 1970 година. Од должноста генерален секретар беше сменет во 1948 година во времето на јакнењето на Сталинизмот, а оставката на оваа функција ја даде во 1970 година, притиснат од работничките немири. 1911.- Роден е американскиот политичар и државник Роналд Реган. Републиканец, а на почетокот на својата кариера и актер. Од 1967 до 1974 година беше гувернер на американската држава Калифорнија. Како претседател на САД од 1981 до 1989 година се залагаше за цврста монетарна политика, го либерализираше пазарот, ги намали државните трошоци и инфлацијата и придонесе за зголемување на вработеноста во САД. Успешно ја реши кризата со американските заробеници во Иран и ги подобри односите со поранешниот Советски Сојуз. Десет денови по неговата инаугурација за претседател на САД, врз него е извршен атентат. Тој беше пренесен во болницата "Џорџ Вашингтон", каде што му беше направена хируршка интервенција. 1912.- Родена е Ева Браун. Официјална сопруга на германскиот диктатор Адолф Хитлер стана еден ден пред заедничкото самоубиство во Хитлеровиот берлински бункер кон крајот на април 1945 година. 1922.- Во Вашингтон заврши конференцијата на претставниците на САД, Велика Британија, Франција, Италија, Белгија, Холандија, Португалија, Јапонија и Кина на која е извршена нова поделба на колонии и се одредени сферите на влијание на Далечниот Исток и Тихиот Океан. Договорот што е потпишан на конференцијата предвидуваше почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина. Истиот ден, "петмината" (САД, Велика Британија, Јапонија, Франција и Италија) потпишаа Договор со кој се ограничува поморското вооружување на земјите потписнички. 1931.- Родена е аргентинската танчерка, потоа државничка Марија Естела Исабелита Мартинес, позната како Исабела Перон. Беше претседател на Аргентина од 1974 до 1976 година. Функцијата шеф на државата ја стекна по смртта на својот сопруг Хуан Перон. Претходно во 1973 година стана потпретседател на Аргентина, а од власта е тргната по воениот удар, по што врз основа на одлука на воената хунта беше затворена од 1976 до 1981 година. 1932.- Роден е францускиот филмски режисер Франсоа Трифо, еден од творците на „новиот бран“ во францускиот филм. Со светска слава се стекна уште со првиот филм „400 ударци“, снимен во 1959 година. Останати филмови: „Жил и Џим“, „Американска ноќ“ (Оскар), „Приказна за Адела“, „Пукајте на пијанистот“, „Дивото дете“, „Сосетка“, „Последно метро“, „Украдени бакнежи“. 1943.- Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер е именуван за врховен командант на сојузничките сили во Северна Африка за време на Втората светска војна. 1945.- Во Скопје почна со работа првата предучилишна установа "Орце Николов". 1952.- Умре британскиот крал Џорџ Шести, која го наследи ќерката, кралицата Елизабета Прва. 1958.- Во авионска несреќа на минхенскиот аеродром загинаа 23 патници, вклучувајќи и осум играчи на англискиот фудбалски клуб „Манчестер јунајтед“. Несреќата се случи по враќањето на играчите од Белград каде „Манчестер јунајтед“ играше натпревар во европскиот Куп на шампиони со „Црвена ѕвезда“. 1974.- Во Сен Џорџ, главен град на Гранада, прогласена е независност на овој остров - држава во Карипското Море. Гренада 300 години беше британски колонијален имот. 1985.- Во Охрид умре Тодор Зографски, македонски револуционер и општествено-политички работник. По завршувањето на првата светска војна активно учествуваше во македонското комунистичко и националноослободително движење. Притоа тој стана раководител на Месниот комитет на ВМРО (обединета). Во 1929 година кралскиот суд (на Кралството Југославија) за заштита на државата заедно со група македонски револуционери, е осуден на робија. Подоцна активно ја помагаше НОВ на Македонија, поради што беше и интерниран. Роден е во Велес, во 1892 година. 1989.- Умре францускиот филмски режисер Андре Жан Кајат. Иако се бавеше со адвокатура, новинарство и со пишување сценарија, светската слава ја стекна како режисер. Филмови: „Сите ние сме убијци“, „Огледало со две лица“, „Љубовниците од Верона“, „Правдата е задоволена“, „Премин преку Рајна“. 1992.- Република Турција ја призна Република Македонија. 1993.- Умре американскиот тенисер од африканско потекло Артур Еш. Тој беше првиот црнец играч кој со триумфот во Вимблдон во 1975 година успеа да победи на Грен слем турнирот. Умре од сида бидејќи беше заразен од вирусот на оваа болест по трансфузијата на крв при операција на срце. 1994.- Шефот на опозициските социјалдемократи Марти Ахтисари ги доби првите директни претседателски избори во Финска, победувајќи ја министерката за одбрана Елизабет Рен. 1995.- Два вселенски брода од по 100 тони - најголеми кои некогаш биле споени во вселената, се сретнаа во првото американско-руско вселенско „матине“ после 20 години. 1996.- Јован Теговски стана првиот амбасадор на Република Македонија при Европската унија. 1997.- Конгресот на Еквадор го смени претседателот Абдал Букарам, прогласувајќи го за непресметлив. 1998.- Во Доминиканската Република, во сообраќајна несреќа загина Јохан Холзек - Фалко, австриски поп и рап изведувач. Роден е во Виена, на 19 февруари 1957 година. 2000.- Вршителот на должност претседател на Русија, Владимир Путин изјави дека се завршени операциите во главниот град на Чеченија, Грозни, од кој се исфрлени исламските терористи. 2000.- Поранешниот фински шеф на дипломатијата Тари Халонен победи на претседателските избори, станувајќи прва жена шеф на држава во историјата на Финска. 2004.- Во експлозија која ја активира исламски бомбаш-самоубиец во метро во Москва загинаа најмалку 40 луѓе. 2007.- Умре Френки Лејн познат американски пејач кој со серија хитови стана еден од најпопуларните музичари во 50-тите години од минатиот век. Со својот препознатлив глас баритон и песни како што се "That`s My Desire", "Mule Train", "Jezebel", "I Believe" i "Rawhide", Леон беше еден од „претплатените“ на топ-листите се до појавувањето на рокен-ролот. Во текот на седумдецениската кариера, продаде повеќе од 100 милиони плочи од кои повеќе од 20 достигнаа златен статус. Имаше широк репертоар кој опфаќаше џез, блуз и кантри музика. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1943.- Сите Евреи од Македонија кои беа собрани во
Монополот во Скопје беа транспортирани во логорот на смртта Треблинка,
во Полска, во кој по извесно време беа ликвидирани од германските
фашисти но со помош на бугарскиот окупатор во Македонија.
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
885.- Умре Македонскиот просветител Методиј, постариот брат на Кирил, со кој ја состави првата словенска азбука, глаголицата. Тие преведуваа црковни книги и во Моравија го ширеа христијанството. 1199.- Умре англискиот крал Ричард Први Плантагент, наречен „Лавовско срце“, еден од водачите во Третата крстоносна војна. 1490.- Умре унгарскиот крал Марија Хунјади, познат како Матија Први Корвин, кој во текот на владеењето од 1458 година војуваше против Турците и хабзбуршките владетели. Ја зазеде Виена во 1486 година во која и умре. После неговата смрт Унгарците ги изгубија сите територии кои тој ги освои. Кралот Марија Хунјади ја обнови унгарската држава по неколку децении феудална анархија, реформирајќи ги финансиите, војската, правосудството и администрацијата. 1520.- Во Рим умре Рафаело Санти, италијански сликар, најголем претставник на ренесансата во сликарството. Се прослави со Мадона, насликана во 1513 година. Работеше портрети од кои по убавината на уметничката обработка се истакнуваат Портретот на млад човек во Будимпешта, на папата Јулиј Втори во Фиренца и други. Роден е во Фиренца, на 28 март 1483 година. 1528.- Умре германскиот сликар Албрехт Дирер, еден од најголемите ренесансни мајстори. Црташе природа, а работеше и акварели. Неколку години живееше во Нирнберг, каде што ги создаде најзначајните дела, вклучувајќи ги „Четири апостоли“, „Портрет на Холцшуер“ и други. 1667.- Во земјотрес загинаа три четвртини од населението на Дубровник, а поголемиот дел од градот беше уништен. По оваа трагедија Дубровник никогаш повеќе не успеа да ја врати старата слава бидејќи обемот на трговските работи кои градот тогаш ги имаше никогаш не беше остварен. 1789.- Џорџ Вашингтон е избран за прв претседател на САД. 1874.- Роден е американскиот магионичар по потекло унгарски Евреин, Ерих Вајс, познат како Хари Худини, најпознатиот магионичар во 20. век. Името го смени во чест на францускиот магионичар Жан Езен Робер Худин. 1890.- Роден е холандскиот воздухопловен инжинер Ентони Херман Жерар Фокер, основач на воздухопловната индустрија „Фокер“, која и сега произведува авиони, главно патнички. Тој во Јохаништал кај Берлин 1912 година ја изгради првата фабрика за авиони. По војната изгради фабрика во Амстердам, а потоа ја прошири дејноста во САД и Шпанија. 1896.- Во Атина почнаа првите модерни Олимписки игри кои беа организирани од страна на Французинот Пјер де Кубертен, претседател на Меѓународниот олимписки комитет од 1896 до 1925 година. На игрите кои завршија на 14 април, учествуваа 484 натпреварувачи. 1909.- Американскиот поларен истражувач Роберт Едвин Пири (1856-1920) стигна прв на Северниот пол. Тој се смета за негов откривач. Пири го испита и најсеверниот дел на Гренланд ("Пириева земја") и напиша неколку дела за своите патувања, како што се "Најблиску до полот", "Северниот пол" и "Тајните на поларните патувања". 1917.- САД во Првата светска војна, по вонредното заседание на Конгресот, и објавија војна на Германија. 1941.- Силите на Оската (Германија, Италија, Унгарија и Бугарија), без објавување на војна го нападнаа Кралството Југославија. 1965.- Првиот светски комерцијален сателит е лансиран од космодромот Кејп Кенеди. 1971.- Умре рускиот композитор Игор Фјодорович Стравински, еден од најуиниверзалните музички творци во 20 век. Од 1910 живееше во Франција, а од 1937 година во САД. Дела: балетите „Жарот на птиците“, „Пролетна посветеност“, сценската кантата „Свадба“, мелодрамите „Приказна за војникот“, „Персефона“, операта-ораториум „Кралот Едип“, операта „Живот на развратникот“, Концерт за 16 инструменти, Регтајм“, автобиографските трудови „Хроника на мојот живот“, „Музичка поетика“. 1991.- Во Прилеп почна Првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. 1992.- Умре американскиот писател и профсор по биохемија од руско потекло Исак Асимов, пишувач на научно-фантастични прози. Научно-популарните дела: „Хемикалиите на жвотот“, „Ѕвездите и нивните патишта“, „Внатре во атомот“, „Светот на нитрогенот“, „Човечки мозок“, „Науката, броевите и јас“. Литературните дела: „Јас, робот“, „Голо сонце“, „Вселенски струи“, „Крај на вечноста“. 1996.- Умре американската филмска глумица од ирско потекло Грир Гарсон, добитник на Оскарот за филот „Госпоѓа Минивер“, снимен во 1942 година. Останати филмови: „Збогум мистер Чипс“, „Мадам Кири“, „Јулие Цезар“, „Излезот на сонцето во Кампобела“. 2000.- Поранешниот премиер на Пакистан, Наваз Шариф е осуден на доживотна робија. 2000.- Умре поранешниот претседател на Тунис Хабиб Бен Али Бургиб, водач во борбата за независност. Беше прогласен за доживотен претседател на Тунис од 1957 година, но во 1987 година беше тргнат од власта со државен удар без крвопролевање. 2005.- На 81-годишна возраст почина принцот од Монако Рение Трети. Тој владееше со Монако од 1949 година и беше европски лидер кој најдолго останал на престолот. Негов наследник е принцот Алберт. Рение Трети беше оженет со холивудската дива Грејс Кели. 2007.- Умре италијанскот режисер Луиџи Коменчини, основач на Италијанската кинотека. Кариерата ја започна како филмски критичар, а дебитираше на големото платно со документарниот филм „Деца во град“ (1946 година). Филмови: „Доживувањата на Пинокио“, „Леб, љубов и фантазија“. |
|
leoglas75
Група Регистриран: 29.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 80 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dnes na 1 mart 1941g. Sineokite Ricari minaha Dunava posreshnati ot ludete so cvetia i kitki ,s nadegda ga osvobodiat bratiata ni ot Makedonia.
|
|
Българио, за тебе те умряха,
една бе ти достойна зарад тях, и те за теб достойни, майко, бяха И твойто име само кат мълвяха, умираха без страх. Иван Вазов |
|
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На денешен ден пред 130 години е роден Јордан Пиперката. СЛАВА МУ |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поттикнат од Мунгос80 , кој почна да поставува значајни настани, сметам дека треба повторно да биде активна темата "На денешен ден".
1861. - Во Загреб излезе од печат Зборникот на народни песни, епохално дело на браќата Димитар и Константин Миладиновци, македонски преродбеници во 19 век. Зборникот стана поетски учебник за идните генерации македонски писатели. Обајвувањето на Зборникот го овозможи познатиот хрватски бискуп, Јосип Јурај Штросмаер. 1864. - Во Париз е роден Анри де Тулуз Лотрек, француски сликар, голем мајстор на литографијата, чии омилени мотиви беа личностите и настаните од ноќниот живот на Монпарнас, во Париз. 1975. - Меѓународната организација на трудот во Женева, ја усвои Конвенцијата за работниците-емигранти. Конвенцијата предвидува обврска на сите земји-членки да ги почитуваат основните човекови права на сите странски работници на работа во нивното стопанство и да обезбеди еднакви можности за вработување, социјално осигурување и индивидуални и колективни слободи. Изменето од Македон - 25.Јуни.2010 во 00:25 |
|
Внеси реплика | страница <1 2728293031 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |