IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Дали знаете зошто ......????
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали знаете зошто ......????

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 9>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 19:05
Една банана дневно за здрав и долг живот

Храната богата со калиум може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести, тврдат италијанските научници кои својата најнова студија ја претставија на конференцијата „American Heart Association’s Nutrition, Physical Activity and Metabolism“ која се одржа во Сан Франциско.

Втората студија, исто така, претставена на конференцијата покажа дека консумирањето на свежо овошје и зеленчук го спречуваат мозочниот удар.

Студијата на научниците од Универзитетот во Неапол е базирана на десет истражувања кои се спроведени помеѓу 1966 и 2009 година во кои учествувале најмалку 280.000 возрасни луѓе. Истражувањата покажаа дека консумирањето на храна која содржи калиум може да ги намали шансите за мозочен удар за 19 отсто, а ризикот од коронарни болести на срцето за осум отсто.

Калиумот е неопходен минерал кој се наоѓа во бројните видови на овошје и зеленчук, меѓу кои и бананите, компирите, сојата, кајсиите, авокадото, гравот и сувите сливи.

Студиите покажаа дека калиумот го намалува крвниот притисок и ги спречува васкуларните болести. За здрав живот научниците советуваат намалување на храната богата со сол, а зголемено консумирање на храната богата со калиум.

 

Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 19:16
Ме насмеа постот на Бијонсе.

Прдежите кои содржат големи количини на метан и водород може да се запалат..........изненадување

Деца, подалеку од запаливи материи...
Посебно кога прдите.голема%20насмевка
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2010 во 19:22
Зошто треба да внимаваме на начинот на туширање...

Чуството на студ, умор, исцрпеност и нервоза може да исчезне по... само едно туширање, но не било какво. ........размислување

Кај главоболките, настинките и потешкотиите со крвотокот  корисна е  топла вода, а кај уморот и нервозата - ладна вода.

Наизменичните туширања со топло-ладна вода се користат при ладни раце, потешкотии со спиењето и исцрпеноста.

Нос, грло и плуќа: секое утро по топлото туширање пуштете ладна вода (околу 20 секунди).Тоа ќе донесе крв во носот и грлото, а со нив и клетките задолжени за имунитет со што бактериите ќе имаат помалку шанси за напад.Краткиот ладен туш им помага и на бронхите и го олеснува дишењето.

Мозок: Секоја промена на температурата се пренесува од кожата до мозокот.Со ладен туш врз рацете (од прстите до рамењата) се делува на сивите ќелии зголемувајќи ја способноста за концентрација, а воедно  се ослободуваме од психичката исцрпеност.......губитник

Срце: Наизменичните млазеви на топло-ладна вода се одличен тренинг за срцевата мускулатура....рименувајќи го тоа на рацете и нозете се намалува крвниот притисок......среќа

Имунитет: Секојдневниот топло-ладен туш го активираат целиот имунитет....... расте и одбраната на телото.....Организмот нема веќе да биде подложен на настинки, а може да се ублажат и алергиите.Туширањето секогаш завршува со ладна вода......губитник

Крвни садови: Ако рацете  се ладни, ладно туширање на нозете (од стапалата до колената) ќе  помогне да се забрзате циркулацијата.Водата силно делува на крвните садови, па тие се шират и собираат и со тоа ја регулираат температурата на целата кожа......Ефектот ќе биде поголем ако се прави наизменичното топло-ладно туширање........губитник

и тооо да

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 20:22
Дланките откриваат опасни болести

Дланките можат да откријат многу податоци околу состојбата на вашето здравје. На пример еден од типичните знаци за цироза на црниот дроб се црвените дланки.

Цирозата подразбира значајно оштетување на ткивата на црниот дроб, а освен што може да биде предизвикана од прекумерно користење на алкохол, таа може да биде предизвикана и од вирус, да речеме хепатит C.

Карминастото црвенило на дланките обично ги зафаќа ивиците на дланките и малиот прст. Крвните садови во дланките се шират поради промената на хормонската рамнотежа предизвикана од болестите на црниот дроб.

Отечените врвови на прстите укажуваат на рак на белите дробови.

Ако вашите врвови на прстите имаат облик на купола или на безбол палка, тогаш можеби боледувате од сериозни болести, како рак, туберкулоза или мезотелиом (карцином на белите дробови предизикан од азбест). Иако овие поединости ги забележал уште Хипокрит пред повеќе од 2.000 години, научниците од Универзитетот во Лидс неодамна открија за што всушност станува збор. Тоа е акумулација на супстанцијата познати како PGE2, која помага во ублажување на воспалението на белите дробови. Поради туморот на белите дробови, производството на оваа супстанција драстично се зголемува, често и за десетпати, отколку што му треба на организмот. Таа се таложи во врвовите на прстите и предизвикува нивно отекување.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 00:38
Пронајден нов лек за холестеролот

Тим на истражувачи, меѓу кои научници од шведскиот Karolinska институт, открија дека хормонот на тироидната жлезда, кој како супстанција работи посебно на црниот дроб го намалува холестеролот во крвта без сериозни несакани ефекти.

Високите нивоа на холестерол во крвта примарно се третираат со група на лекови наречени статини, но тие не секогаш се доволно ефикасни и повисоките дози често предизвикуваат негативни реакции.

Новите пронајдоци се базираат на клиничко испитување, кое покажа дека лекот епротиром може ефикасно да го намали холестеролот во крвта кај пациенти кои веќе добиле третман со статини.

Пациентите на кои бил даден овој медикамент во крвта имале до 30 отсто понизок холестерол отколку претходно.

Истражувањето траеше три месеци, а биле вклучени 189 пациенти. Останува да се проучи дали епротиромот е подеднакво безбеден и ефикасен за поголема група на пациенти на еден подолг временски период.

- Овој нов лек би можел да помогне кај пациентите кои негативно реагираат на статинот, или пак да се користи како дополнителен третман за оние кај кои холестеролот е на високо ниво, вели професорот Бо Ангелин, главен автор на студијата.

Епротиромот е природна способност на хормонот на тироидната жлезда да го стимулира холестеролот, а неговите ефекти се исклучиво врз црниот дроб.

Студијата е објавена во The New England Journal of Medicine.


Кон врв
Џо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Каубоец

Регистриран: 17.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Џо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 12:46
Зошто луѓето добиваат морници (‘се ежат‘) ?
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima



Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 10:14
Ќелавоста може да биде добра за здравјето!

Добра вест за оние со опадната коса – научниците открија дека ќелавоста е знак за добро здравје.

Американските научници спроведоа истражување на две илјади мажи на возраст од 40 до 47 години, од кои половина од нив имале рак на простата. Процентот на тумор кај испитаниците кои признале дека почнале да ја губат косата пред 30-тата година бил спореден со оние кои не ја изгубиле својата коса, и притоа се утврдило дека ќелавоста го намалува ризикот од добивање на оваа болест за значајни 29 до дури 45 отсто.

Научниците кои го воделе ова истражување сметаат дека тајната се крие во високото ниво на машкиот хормон тестостерон кој го имаат ќелавите мажи, а кој изгледа ги намалува ризиците од заболување од карцином.

Губењето на коса е голем удар за егото на повеќето припадници на посилниот пол, кои поради тоа имаат големи проблеми со самодовербата.

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2010 во 19:15
Постои лечење со гладување- „тотална терапија“........збунетост

ImageДали ви е познато дека пред појавата на лечење човекот инстинктивно се воздржувал од храна се додека здравјето не ќе му се подобрело? Дека е тоа најделотворен начин за прочистување на телото од насобраните отпадоци?
Таткото на медицината, Хипократ, често го препорачувал гладувањето против болести, како и Гален и Парацелзус ,Платон и Сократ, често гладувале за да постигнат поголема ментална и физичка активност.
Спротивно од вообичаеното верување, организмот со гладување не слабее и не се исцрпува, туку напротив- здравствената состојба се подобрува, а физичките и менталните капацитети се зголемуваат и организмот се подмладува......размислувањеСекоја келија на организмот треба да се нахрани со кислород и хранливи материи. Поради недостиг на хранливи материи, забавен метаболизам, статичен начин на живот, недостиг на свеж, воздух, стрес, прекумерно внесување на адитиви и конзерванси преку исхраната, недостиг на физичка активност, ќелиите немаат потреба од храна, почнува нивно пропаѓање и дегенерација, како и процес на наталожува на отрови во организмот. Така неотпорен организмот го напаѓаат разни болести. Доколку ќелиите пропаѓаат побрзо отколку што се изградуваат нови, се забрзува и процесот на стареење.

Со воздржување од храна е можно да оздрави и да се подмлади организмот, а објаснувањето е многу логично: за време на гладувањето тој не добива цврста храна, особено протеини и масти, па во процесот на автолиза или самоварење ќе почне да ги користи сопствените резерви и тоа секогаш според ист редослед. Тука и лежи тајната на делотворноста на гладувањето: организмот прво ќе ги „изеде“ ќелиите што се болни, оштетени и стари. За време на гладувањето тој ќе се храни со најлошите материи, како што се туморите, апсцесите, оштетените ткива, масните наслаги...размислувањеЗдравите ткива, виталните органи и жлездите се целосно поштедени од овој процес. Наедно во текот на гладувањето се поттикнува изградбата на нови ќелии. Со помош на црниот дроб, бубрезите, белите дробови и кожата мноштво наталожени отрови се исфрлуваат од организмот.

„Тотална терапија“ денес се спроведува на многу клиники во светот, иако не е призната од страна на официјалната медицина. Искуството на оние што ја примениле укажува на можноста од лечење на заболени од рак и други тешки болести, доколку покажат верба, храброст и сила во целост да ја спроведат.Суштината на оваа терапија е гладување со употреба на чаеви, тинктура и соодветен сок, во траење од 42 дена. Кај болните кои претходно биле лечени со медицински методи, кои примале зрачење и силни цитостатици, имунитетитот им е ослабен и оштетен. Во тој случај најнапред треба да зајакне организмот и да се врати имунитетот, па дури потоа да се примени терапијата....за сето време на гладување, без оглед колку тоа трае, не смеете да се пасивизирате. Продолжете со своите редовни физички активности, активно шетајте и лесно работете телесни вежби......

За време на гладувањето со помош на сок од пченична трева и чајни мешавини се стимулира исфрлувањето на штетни материи.

Во практиката гладувањето од 42 дена се покажало како оптимална должина н траење на терапијата. Суштината е 6-неделно воздржување од цврста храна и да се активира внатрешната сила на организмот која секој ја поседува.....да

За време на траењето на терапијата организмот обично губи до 15 кг тежина, не доведува до какво било психофизичко пореметување, туку напротив, телото станува повитално, поподвижно, а менталната и работната способност се зголемуваат, па оваа терапија можеме да ја спроведуваме и превентивно. Доколку се спроведува во превентивни цели и за слабеење, не треба да трае подолго од 21 ден.

Примери на исхрана пред почетокот на „тотална терапија“:

1.
Појадок: чаша сок од цвекло
Ручек: 2 супени лажици боровница да се измиксаат во 1/4 л. млеко од соја
Вечера: зеленчукова вода 1/4 л. со додаток на 1 кафена лажица ѓумбир

2.
Појадок: чаша сок од ананас и морков 50/50
Ручек: чаша сок од цвекло
Вечера: чаша пченична вода

3.
Појадок: миксани 'ркулци во зелен чај
Ручек: да се свари еден домат и да се измикса, да се зачини со ѓумбир
Вечера: чаша сок од цвекло

4.
Појадок; чаша сок од ананас и морков 50/50
Ручек: миксани 'ркулци во зелен чај 1/4 л
Вечера: зеленчукова вода од суво овошје

5.
Појадок: миксани 'ркулци во млеко од соја
Ручек: супа од кромид со кафена лажица ѓумбир
Вечера: Чаша сок од целер

6.
Појадок: чаша зеленчукова вода од свежо овошје
Ручек: сок од трупка и целер 50/50
Вечера: чаша сок од морков

7.
Појадок: сок од чуваркуќа (растение слично на алоја)
Ручек: чаша зеленчукова вода од свеж спанаќ и брокули
Вечера: оризова вода

Препораки и предупредување:
За време на траењето на „тоталната терапија“ не се препорачува зрачење или употреба на инјекции. За намерата е потребно да се информира Вашиот лекар за да не дојдете во ситуација да бидете прогласени за непослушен пациент, а освен тоа вашето здравје ќе биде следено во секој момент.....губитник

„Тоталната терапија“ не им се препорачува на лица веднаш по извршена операција. Од операцијата мора да поминат најмалку 60 дена, а во меѓувреме е пожелно повремено да се пие сок од пченична трева.

Подготовката за оваа терапија трае 2-3 недели пред почетокот и се состои од промена на начинот на исхрана и постепено намалување на внесување на цврста храна во организмот. Храната треба да биде свежа, во пресна состојба без варење, пржење и барење. Тоа значи да се консумираат свежо овошје и зеленчук, како и свежо цедени сокови од пченична трева, чуваркуќа (Sempervivum tectorum), цвекло, морков, целер, трупки...

Дневно еден оброк треба да содржи проникнати житарици, зеленчукова вода и риѓувелак (напиток кој потсетува на разблажена боза).

Водата од чешма треба да се замени со чаеви од невен, коприва, нане, ајдучка трева.
Да се престојува што повеќе на свеж воздух и да не се престојува во затворен и зачаден простор.

Во кругот на семејството треба да владее пријатна атмосфера, а домашните треба да дадат максимум позитивна енергија.
По завршувањето на терапијата треба да се биде внимателен со враќањето на цврста храна. Наглото преминување на цврста храна може да биде кобно. Затоа треба да трае онолку долго колку што траела терапијата. Во првите денови по завршувањето на терапијата треба да се внесува главно течна храна и тоа во разумно количество.

Примери за исхрана за првата недела по „тоталната теерапија“:

1.
Појадок: чаша јогурт да се разреди со провриена вода или чај и да се зема полека, голтка по голтка, во текот на претпладнето
Ручек: чаша сок од морков
Вечера: шолја чај од шипинки засладен со кафена лажица малтекс (јачмен слад)

2.
Појадок: чаша разреден јогурт да се измикса со една супена лажица на овошје (јагоди, малини, капини, рибизли)
Ручек: 2 дл. бистра супа од зеленчук (брокули, карфиол, морков, целер...)
Вечера: шолја оризова вода

3.
Појадок: 1 лажица од кои било никулци да се измикса во чаша сок од целер
Ручек: 1/3 банана да се измикса во чаша млеко од соја
Вечера: шолја компот од сливи (сливите да не се јадат)

4.
Појадок: 1 супена лажица семенки од сончоглед да се измикса во чаша сок од цвекло
Ручек: да се свари еден домат во 3 дл вода и да се измикса
Вечера: пире од едно јаболко и лажица на изникната гершла

5.
Појадок: 1 супена лажица бадеми, лешници или ореви да се измикса во чаша млеко од соја и да се заслади со 1 кафена лажица малтекс
Ручек: да се направи поретка каша од 2 дл провриена вода и 1-2 лажици интегрално пченично или 'ржено брашно
Вечера: каша од провриен морков

6.
Појадок: 1/2 банана да се измикса во чаша сурутка
Ручек: во 1/4 л оризова вода да се измикса 1 супена лажица проникната пченица
Вечера: шолја чај од матичник засладен со супена лажица малтекс

7.
Појадок: шолја овошна салата (без цитрусно овошје)
Ручек: шолја ретко варен интегрален ориз
Вечера: поретка супа од целер.

Секој оброк во текот на првите 7 дена треба да се зема со лажица, односно голтка по голтка, никако нагло ниту се наеднаш. Тоа значи 2-3 голтки или лажици, па по 20-30 минути повторно.....губитник
 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2010 во 15:06
Вијаграта може да предизвика губење на слухот!

Научниците докажаа дека Вијаграта и други слични медикаменти кои се користат за решавање на проблемот со еректилната дисфункција предизвикуваат губење на слухот кај мажите.

Консумирањето на овој лек двојно го зголемува ризикот за ослабување на слухот, кој може да има долготрајни последици.

Студијата спроведена над 11.525 мажи на возраст од 40 години кои користеле Вијагра или други слични лекови, понудила резултати со кои се заклучува дека гореспоменатите медикаменти го оштетуваат слухот, пишува во научниот портал Live Science.

Со ова истражување се потврди предупредувањето дека лековите како Вијагра се опасни по здравјето.

Во следниот период научниците објавија дека ќе ја откријат причината и начинот на кој овие лекови го оштетуваат слухот и дали постои начин овој проблем да се реши.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2010 во 15:59
Слатките се лоши за срцето

Шеќерот покрај животинските масти е еден од главните виновници за болести на срцето.

Џон Јадкин, професор по филозофија на „Queen Elisabeth College“, Универзитет во Лондон, напиша книга „Слатко и опасно“, во која објасни како благото лошо влијае врз срцето.

Џадкин докажал дека потрошувачката на шеќерот и болестите на срцето се во блиска врска. Луѓето кои боледувале од коронарни болести консумирале повеќе сахароза, обичен шеќер, отколку луѓето кои не биле заболени.

Коронарните болести на срцето, кои се многу ретки пред 75-тата година, денес се главна причина за смртност.

Просечната потрошувачка на шеќерот кај луѓето со кардиоваскуларни болести била 70 килограми годишно, додека кај здравите изнесувала 40 килограми. Од тоа е заклучено дека мажите со внесување на сахароза имаат далеку поголема шанса да заболат од срцевите болести во животната доба од 45 до 65 години, отколку оние кои консумираат помалку сахароза.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2010 во 17:03
Млечните производи го намалуваат ризикот од инфаркт

Консумирањето на млечни производи може да биде корисно за срцето, покажаа најновите истражувања на шведските експерти од Универзитетот во Упсала.

Млечната исхрана е значаен извор за засирени масни киселини, кои се доведуваат во врска со срцевите заболувања. Од друга страна, млечните производи би можеле да бидат и корисни за срцето, затоа што го намалуваат крвниот притисок и нивото на холестерол.

За да се разјасни оваа недоумица, тимот од Упсала ја мереше содржината на два биомаркери млечни масти во крвта на 444 испитаници кои преживеале срцев удар и 556 здрави испитаници.

Утврдено е дека испитаниците кои во крвта имале најмногу биомаркери на пентадеканоични и хектадеканоични киселини, кои се индикатори на нивото на консумирање на млечните масти, се под помал ризик од срцевииот удар.

Кај жените од таа група ризикот од инфаркт бил помал за 26 отсто, а кај мажите за девет отсто.

Точниот механизам на доброто дејство на млечните производи за срцето се уште не е познат, но шведските експерти напоменуваат дека тие се извор на многу биоактивни супстанци, меѓу останатото и калциум, витамин Де и калиумот.

Некои поранешни истражувања покажуваа дека консумирањето на млечни производи може да придонесе со зголемување на нивото на т.н. „добар“, односно ХДЛ холестерол.

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2010 во 00:02
Дали знаете зошто служи Kirshner-ова игла????

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/en/a/a2/Wrist_Kirschner_Wires.JPGFile:Broken%20fixed%20arm.jpg


Kirschner жици или пин игли преставува стерилизирани глатки игли од нерѓусувачки челик кои се користат во ортопедија па дури и во ветеринарство.Главна улога е да ги држи заедно сите фрагменти на коските и да озовможи заеднички спрег на скелетното оптоварување . ( pin fixation)...може да се протнат преку кожа во коска т.н.перкутана фиксија.Исто така се користат привремено за фиксирање во текот на некоја операција при што се остарнуваат кога ќе се направи дефинитивна фиксација........наоѓаат примена во дефинитивна фиксација на преломи чии делови се помали ....претежно лакт , рака и колено. Честа примена имат и при имобилизација на зглоб....
Компликации  губитник
Можно е да дојде до т.н Пин инфекција поради пролазот на К.игла низ кожата до коската и со тоа е потенцијален пролаз за бактериите од кожа да мигрираат од кожа во кослките и да предизвикаат инфекција и во тие случаеви доаѓа до црвенило и оток дури и до лачење на гној околу К.игла.......инфекцијата проѓа со остранување на самата К.игла.
Други компликации се состојат во свиткување дури и до кршење на иглата и со тоа се губи самата фиксација и сето ова поради незараснување на преломот.
Инаку К.игла е и дел од т.н. Илизаров апарат кои се користат при третирање на преломи .......еве вака

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/en/8/82/Ilizarov6.jpg       http://upload.wikimedia.org/wikipedia/en/f/f6/Ilizarov2.jpg
 
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/en/d/d9/Ilizarov3.jpghttp://upload.wikimedia.org/wikipedia/en/5/52/Ilizarov4.jpg http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/9/9f/External_Fixator.JPG

Или пак внатрешно еве како би изгледало иглите како прави фиксна спојка.....

Јас мислам дека е сега ОК да   веќе имаш поим што значи голема%20насмевка


Изменето од bijonse1 - 13.Јули.2010 во 00:50
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2010 во 00:37
Неможам а да не ти се заблагодарам јавно bijonse1 бејб големо%20гушкање
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2010 во 00:53
а јас ко бајаги на анонимус а ти одма се јави тууууууууу....
ај ме умори ....смеење
лека ноќ и не туку се секирај најтешкото поминазабава
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,984 секунди.