IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3233343536 61>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 18:55
Македонската лига најевтина во Европа!

Во Македонија дефинитивно се игра најевтин фудбал во Европа. Почнувајќи од месечните примања на фудбалерите, преку годишните буџети на екипите, па се до вредноста на играчите и нашите тимови на европско ниво. Во пракса, сите истражувања и споредби покажуваат дека македонскиот фудбал се наоѓа меѓу првите тимови, но секако почнувајќи по обратен редослед. Истиот случај е и со последното истражување кое вели дека македонската Прва фудбалска лига е најевтина во Европа. Условите на терените се катастрофални, квалитетот на лигата е на најниско ниво, па оттаму не треба да не чуди ниту фактот што нашата "елита" е најевтина во Европа. Доколку ги собереме сите прволигаши заедно, секако тука сметајќи ги и Македонија ЃП и Слога Ј., кои до вчера беа во најквалитетното македонско фудбалско натпреварување, ќе видиме дека вкупната цена на Првата лига е 40.230.000 евра. Секако оваа сума е добиена откако ќе се соберат сите 12 екипи и, секако, нивните фудбалери.

Оваа сума е пресметана според цената на играчите кои ја имаат во моментов според германската интернет страница "трансфермаркт", секако поединечно и кои настапуваат во нашата фудбалска лига, распоредени по клубови. Дека навистина нашата Прва лига е најевтина во Европа покажува и споредбата со балканските првенства и првенствата во поранешните југословенски лиги. На оваа листа Македонија се наоѓа на претпоследното место, но само благодарение на тоа што Црна Гора има лига со десет екипи и, верувале или не, поевтина е за само 230 илјади евра.

Иако нашата фудбалска лига е далеку постара и повозрасна од Првата лига на Црна Гора, сепак, оваа земја и покрај помалиот број тимови е на самата граница со нас според вредноста на фудбалерите и екипите. Споредба со Грција, Турција, Бугарија и Хрватска не може да има бидејќи овие лиги се далеку, далеку поскапи од нашата. Но доколку не можеме да се споредиме со српската Супер-лига, сепак, можеме да се споредиме со нивната Втора лига. Македонската "елита" во моментов има вредност 40.230.000 евра, додека Втората лига на Србија, верувале или не, е поскапа од нашата, со моментална вредност од 40.575.000 евра. Доколку се земе овој показател предвид, тогаш сигурно ќе заклучиме дека сме цела класа, па можеби и две послаби, или поточно речено понеквалитетни од Србија.

Најскапиот македонски прволигаш е Металург со цена од 7.500.000 евра, следува Ренова со 5.250.000, а трет е Работнички со 4.825.000 евра. Македонскиот клуб кој во моментов, според цената на фудбалерите, вреди најмалку е Слога Југомагнат, чија "тежина" изнесува 1.600.000 евра. И сега некој ќе каже па добро е, Металург вреди повеќе од 7 милиони евра. Сумата само навидум е висока, но доколку се спореди со вредноста на екипите во соседството ќе се види дека секој просечен тим толку вреди. Тимот од Автокоманда барем ние во Македонија не го сметаме за просечен, туку една од екипите кои конк*рираат за највисок пласман и која ќе се бори за титула. Само за споредба, еден Борац Чачак, Јавор Ивањица, БСК Борча (од Србија), Черно Море, Славија (Бугарија), Истра, Меѓумурје (Хрватска), Рудар, Нафта Лендава (Словенија) вредат исто колку и македонскиот најскап клуб.

Разликата е во тоа што овие екипи во секоја сезона се борат за опстанок во лигата, или обезбедување пласман во "златната средина", а Металург е тим кој го посакува врвот на македонскиот фудбал, што значи дека по сево ова може да се забележи дека во Македонија се игра најевтин фудбал. Нашите играчи имаат најмала цена, нашите екипи најмалку вредат и, секако, со најмала сума пари се обезбедува излез на европската фудбалска сцена и освојување на шампионска титула или пехар во Купот. Излезот на европската фудбалска сцена е главната цел на многу наши екипи, а она што ги очекува понатаму, тоа толку и не е важно. Важно е да се учествува!!!.

Вредноста на клубовите според цената на фудбалерите

1. МЕТАЛУРГ 7.500.000

2. РЕНОВА 5.250.000

3. РАБОТНИЧКИ 4.825.000

4. ТЕТЕКС 3.625.000

5. ХОРИЗОНТ Т. 3.225.000

6. ПЕЛИСТЕР 3.000.000

7. СИЛЕКС 2.600.000

8. ВАРДАР 2.500.000

9. ПОБЕДА 2.475.000

10. МАКЕДОНИЈА ЃП 1.930.000

11. МИЛАНО 1.700.000

12. СЛОГА Ј. 1.600.000

*Сумите се изразени во евра, и се пресметани според цената на фудбалерите и моменталниот состав на екипите

*Извор "трансфермаркт"



изненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадување Секогаш сум си мислел ќе во Ерменија , Ѓорѓија,Молдавија су најефтините футбалери.Сум многу изненадан од ова новина изненадувањеизненадувањеизненадување
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2010 во 09:37
Порто и Баерн со "минималец"

Фудбалерите на Порто и Баерн со предност ќе ги пречекаат реванш-осминафиналните дуели од Лигата на шампионите, но далеку од тоа дека ја завршиле својата работа. Актуелниот португалски првак оствари минимален триумф во дуелот со Арсенал кој веројатно ќе се анализира во следните денови поради неколкуте чудни судиски одлуки, а многу сличен тек имаше и мечот на Алијанц арената на кој Баерн ја продолжи победничката серија што сега изнесува 13 во сите натпреварувања.

Кога станува збор за натпреварот во Порто, повторно во главна улога беше шведскиот судија Мартин Хансон, оној истиот што ја превиде играта со рака на Тиери Анри во бараж-дуелот меѓу Франција и Ирска за пласман на Мундијалот во Јужна Африка. Контроверзниот арбитар влезе во центарот на вниманието поради две одлуки во 52. минута кои директно влијаеја на конечниот исход. Прво, не санкционира еден старт на Росицки во шеснаесетникот на домашниот тим кој за многумина беше пенал и кој веројатно ќе го донесеше Арсенал во предност. Веќе во следниот напад на Порто, имаше намерно враќање на топката од Кемпбел до голманот Фабиански. Чуварот на мрежата на Арсенал играше со рака, па Хансон оправдано досуди индиректен удар. Меѓутоа, зачудува тоа што судијата им дозволи на домашните фудбалери веднаш да го изведат индиректниот удар по кој Фалкао му донесе победа на Порто. Претходно, по една грешка на Фабијански во 11. минута домаќините дојдоа во водство преку Варела, но само седум минути подоцна Кемпбел на асистенција на Росицки израмни. Арсенал настапи без петмина стандардни фудбалери и тоа беше една од причините за поразот на "топчиите".

Во Минхен, Баерн го скрши отпорот на Фиорентина дури во финишот иако како голем фаворит влезе во дуелот со италијанскиот тим кому не му оди најдобро оваа сезона. Германскиот вицешампион беше далеку подобар противник, имаше дури 62% од поседот на топката, но во поголемиот дел од мечот немаше решение за расположениот Себастијан Фреј. Чезаре Прандели очигледно доста добро ја простудирал играта на Баерн и постави одлична формација која ги запре најопасните фудбалери Рибери и Робен. Ван Гал можеби направи грешки што Олиќ го уфрли во игра дури во 66. минута, но тоа ќе биде предмет на анализа следниве денови. Баерн дојде во водство во последните моменти од првото полувреме откако Рибери беше фаулиран во шеснаесетникот на Фиорентина, а Робен прецизно го изведе слободниот удар. Гостите израмнија по само пет минути игра во вториот дел кога Маркиони изведе корнер, а Кролдруп со глава израмни. Конечниот резултат го постави токму Олиќ во судиското продолжение во ситуација во која гостинските фудбалери бараа офсајд.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2010 во 12:40
Среде зима "гори" во Пелистер!!!

"Жешки" денови го очекуваат битолски Пелистер, и тоа среде зима. Бурно ќе биде кај "зелените" во наредниов период со оглед дека Централниот регистар го прифати Ванчо Атанасов за претседател на Пелистер на оспореното Собрание. Оваа одлука е против сите оние кои вистински ја сакаат битолската гордост затоа што сите тие се на страната на сегашниот прв човек Круме Волнаров. Токму Волнаров ја има поддршката од навивачите и од фудбалерите, но и од стручниот штаб. Ова раководство го однесе Пелистер на подготовки и турнеја во Шпанија, успеаја да направат трансфер на еден од најголемите битолски таленти во моментов, Стефан Спировски, за кого имаше интерес и од Бундес-лигата. Затоа се очекува денеска и реакција од Волнаров, кој најави жалба на оваа скандалозна одлука, како и прес-конференција за последните случувања во таборот на битолчани. Сигурно дека нема така лесно да се откажат, иако сега на хартија Ванчо Атанасов го има клубот, иако веќе неколку денови низ Битола коментира дека ги нема потребните финансии за да се задоволат потребите на Пелистер. Доколку Атанасов и дефинитивно биде претседател, тогаш се очекува разрешување на целокупниот играчки кадар кој целосно му ја дава поддршката на Волнаров, како и на стручниот штаб на чело со "шефот" Зоран Штерјовски. Не е јавна тајна дека во таа ситуација на клупата на "зелените" би се вратил Наум Љамчевски. Тогаш големо прашање би било со каков играчки кадар би играл Пелистер во пролетниот дел од шампионатот.

Во една ваква ситуација каде што има две страни во "пелистерци", најдобро би било одржување на Собрание на клубот. Едноставно, да се види кој е кој во Пелистер и кој ќе раководи со еден од најголемите клубови во Република Македонија. А вака неправедно е да се одржуваат Собранија зад затворени врати и тајно да се презема претседателската функција на Пелистер.

Битолчани и покрај проблемите во есенскиот дел добро "грабеа" и беа вистинска атракција во Првата македонска фудбалска лига. Останува да се види како целокупните случувања ќе влијаат и на подготовките на екипата, иако дознавме дека веќе неколку дена "пелистерци" не тренираат.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2010 во 13:54
Камбијасо и Занети не играат на Мундијалот?

Аргентинскиот селектор Диего Марадона не ги повика ветераните Естебан Камбијасо и Хавиер Занети за претстојниот пријателски натпревар против Германија што се игра на 3 март на Алијанц арената во Минхен. Во новата селекција на Марадона има место за Валтер Самуел и Диего Милито заедно со новите фудбалери на Фиорентина и Палермо, Марио Болати и Хавиер Пасторе, како и Николас Бурдисо од Рома.

Разочарување доживеа уште еден фудбалер од италијанското првенство, Езекиел Лавеци кого многумина го споредуваат токму со Марадона, меѓу другото и поради тоа што игра во Наполи. Тој долго време беше повреден, па мораше да оди на лекување во Буенос Аирес и се ближи денот кога ќе се врати на терените.

Од Марадона засега нема објаснување дали фудбалерите што не добија повик за пријателскиот меч со Германија ќе останат без Светското првенство во Јужна Африка. Ова е еден од најважните тестови за "гаучосите" пред почетокот на Мундијалот, па многу е веројатно дека Занети и Камбијасо претстојното лето ќе бидат слободни. Марадона пред неколку месеци изјави дека ќе оди на подмладување на селекцијата, но за тоа сигурно не може да стане збор ако во неа го повикува 29-годишниот Николас Бурдисо.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 19:36
Фудбал: казнија Жозе Моуриньо за три натпревари 

Тренерот на италијанскиот шампион Интер - Жозе Моурињо доби казна од три натпревари поради контраверзното си однесување за време на мечот од Серија "А" со Сампдорија (0:0) во викендот. Санкциите беше наметната заради гестовите кои португалецот направи, пишува во електронското си издание весникот "Ла Гадзета дело Спорт". Како што е познато шампионите играа околу час со 9 лица, откако црвени картони добија Валтер Самуел и Иван Кордоба. Судииските решенија подоцна провокираха Моуриньо да направи знак, сé едно рацете му оковани во лисици. Исто така, тој почна да се смее истерично кога Самуел Ето'о доби жолт картон за симулација во противничкиот пенал.  Моуриньо ќе мора да плати и парична казна во размер од од 40 000 евра.
Моуриньо не е единствениот кој доби казна. Италијанската федерација лиши од  права за две натпревари Естебан Камбиасо, Сали Мунтари, Валтер Самуел и Иван Кордоба, додава медиумите.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 20:26
Фудбал: Роналдо завршува кариерата во 2011 

Еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 години - Бразилецот Луис Назарио де Лима - Роналдо размислува да стави крај на активната си состезателна кариера на крајот на 2011 година .Веста беше оповестена од самиот играч, кој откри дека е продолжил договорот со  тимот си Коринтианс до 31 декември 2011 година и повеќе нема желба да го продолжува, соопшти локалнато издание "О'Голбо". "Подновив договорот за уште две години. Тоа ќе бидат последните два сезона во мојата кариера. Јас ќе сторам сé уште да се забавуваам на теренот и исто така да спечелам уште титули, ако можам", изјави Роналдо.
"Мислам дека уште имам шанса да играм на Светското. За финалето во 2014 година во Бразил не, но во Јужна Африка се уште можам да дадам нешто на тимот", рече 33-годишниот играч.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 09:40
Никој не знае каде е Тевез

Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини, почна да го губи своето трпение поради тоа што Карлос Тевез се уште не е со екипата, но и му се загуби трагата во Аргентина. Еден од најдобрите стрелци на Сити оваа сезона пред десетина дена доби дозвола да замина дома бидејќи неговата сопруга била пред породување.

Според извештаите со кои располагал Манчини, Ванеса Тевез не се чувствувала најдобро, но во меѓувреме добил информации дека таа и детето се чувствуваат добро и дека добиле дозвола да ја напуштат болницата. Она што на Италијанецот му пречи е тоа што за Тевез последен пат се информирал минатата среда и оттогаш воопшто нема претстава каде се наоѓа и кога ќе се врати.

"Пред нас е исклучително важна недела и се надевам дека Карлос ќе се врати деновиве. Имаше семејни проблеми, но колку што знам, тие се решени. Во овој момент од напаѓачите го имам само Адебајор бидејќи Белами е надвор од тимот, а Санта Круз има проблеми со коленото. Итно ни е потребен Тевез", изјави Манчини, кој полека го губи трпението со некогашниот фудбалер на Манчестгер Јунајтед.

Инаку, колку е комплицирана ситуацијата со Тевез покажува и податокот дека Аргентинецот не можат да го најдат ниту неговите правни застапници.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2010 во 08:18

Без победник во Москва, минимална предност за Интер

 

Лига на Шампионите

Првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Шампионите помеѓу ЦСКА Москва и Севиља заврши без победник.

Севиља одолеа на московската зима, а малку недостасуваше и да победат на "Лужники". Гостите од Шпанија поведоа со 1:0 по првата права шанса на натпреварот преку Негредо во 25-та минута од натпреварот. Долго се чекаше на одговор од домаќините во чии редови се чувствуваше недостаток на натпревари. За израмнувањето и за конечниот резултат се погрижи Чилеанецот Марк Гонзалес кој во 66-та минута од натпреварот го совлада Палот и ги постави конечните 1:1.

На вториот и поинтересен дуел вечерва Жозе Мурињо ја доби првата битка против својот поранешен клуб, но конечната одлука околу вкупниот победник од овој двомеч ќе биде одложена за следниот дуел во Лондон. Интер рано го отвори натпреварот и поведе уште во 3-та минута со голот на Милито. Челзи беше подобар противник во првиот дел но сепак не успеа да стигне до израмнување по промашените неколку шанси. Саломон Калу на почетокот на вториот дел со гол од дваесетина метри го совлада несигурниот Цезар и го израмни резултатот во 51-та минута. Резултатот на семафорот не стоеше долго 1:1, само четири минути подоцна Камбиасо со одличен удар од далечина успеа да им донесе минимално но сепак заслужена победа на својот клуб. Нашиот репрезентативец Горан Пандев влезе во игра во 68-та минута од натпреварот на местото на Самуел Ето но немаше некоја посериозна шанса за погодок.



Изменето од емил - 25.Февруари.2010 во 08:19
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2010 во 09:32
Одиграно првото пролетно коло во Првата фудбалска лига

 
Во Првата македонска фудбалска лига попладнево беа одиграни три натпревари во првото коло по зимската пауза.

Пелистер со пресврт победа од 2:1 против Тетекс во Тетово стигна до трите бода. На гостински терен се радуваа и фудбалерите на
 
Металург кои во Прилеп ја победија Победа со 1:0. Силекс во Кратово го победи Хоризонт Турново со 3:0.

Вчера во Скопје, Вардар – Милано 2:0.

Слободни во ова коло беа Ренова и Работнички.

Табела: Ренова 42 бода, Работнички 37, Металург 31, Пелистер 26, Силекс 26, Хоризонт Турново 24, Победа 19, Тетекс 17, Вардар 16 и Милано 3.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2010 во 09:44
Халилхоџиќ повеќе не е селектор на "слоновите"

Босанскиот стручњак Вахид Халилхоџиќ повеќе не е селектор на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска откако во саботата добил отказ лично од претседателот на Фудбалската федерација, Жак Анума.

"Го раскинавме договорот со Халилхоџиќ бидејќи не ги исполни целите што ги поставивме, а тоа е освојување на Купот на африкански нации", рече Анума.

За смената на искусниот стручњак почна да се зборува веднаш по поразот од Алжир во четвртфиналето од Купот на африканските нации, а дури сега стигна потврда за тоа. Поранешниот фудбалер на Вележ, Нант и ПСЖ беше селектор на "слоновите" од 2008 година и не ја прифати мирно одлуката за негово отпуштање.

"Имав само еден пораз во 24 натпревари и добив отказ. Ова е неверојатно, чиста политичка одлука", рече Халилхоџиќ.

Името на неговиот наследник се уште не е познато. Интерес за преземање на функцијата покажа францускиот стручњак Жан-Марк Гију, а познато е дека меѓу кандидатите се наоѓа и Ерик Геретс. Францускиот Л'Екип најавува дека се уште постои можност Брегот на Слоновата Коска на Мундијалот во Јужна Африка да го води Гус Хидинк, кој од 1 август ќе биде селектор на Турција.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2010 во 15:30
 Интер сака да привлече Габриел Милито 

Шампионот на Италија Интер сака да привлече бранителот на Барселона и аргентинската репрезентација Габриел Милито. Бранителят лечи долго време повредата, но сега е обновен и се претставува силно во селекцијата на Хосеп Гвардиола. Весник "Тутоспорт" информира дека тренерот на Италијанците Жозе Моурињо има голема желба да се обезбеди со услугите на аргентинецот. Се очекува сумата што ќе биде платена за играчот да биде 10 милиони евра.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 12:32
Бекам по Мундијалот се враќа во Галакси

Англискиот репрезентативец и во моментов член на Милан, Дејвид Бекам на крајот од сезоната сигурно ќе се врати во Лос Анџелес Галакси и покрај најавите дека е можно да потпише перманентен договор со членот на Серија "А". Тоа го потврди комесарот на американската професионална лига (МЛС), Дон Гербер, кој додаде и дека Бекам е голем успех за фудбалот во оваа земја. Како што е познато, 35-годишниот Англичанец во јануари го почна вториот шестмечен престој во Милан каде настапуваше и во пролетната полуетапа од минатата сезона.

"Дејвид ќе се врати по Светското првенство, нема никакво сомнение во тоа. Тој е еден од најпопуларните луѓе на планетата и се уште е член на Лос Анџелес Галакси. Со негово враќање во САД ќе покажеме дека ние сме сериозна лига и дека сериозно сметаме на големите светски фудбалски ѕвезди", рече Гербер.

Бекам вчера настапи за англиската репрезентација во пријателскиот дуел против Египет, што е прва проба за Гордиот албион пред почетокот на Мундијалот во Јужна Африка. Лично селекторот Фабио Капело лани му препорача игра во Милан оваа полусезона со цел да биде во врвна форма за настапот на Светското првенство. Основна цел на Бекам е да го достигне легендарниот Питер Шилтон според бројот на настапи за англиската репрезентација. Поранешниот голман во својата кариера одигра 125 натпревари, а Бекам досега има 115.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 12:46

Во пријателските кои во средата се играа ширум светот за одбележување се победите на Шпанија и Аргентина на гости во Франција, односно Германија. Англија со пресврт го победи Египет, а Италија и Камерун одиграа без голови.

Еве некои од поинтересните резултати:

Грција - Сенегал 0-2

Јужна Кореа - Брегот на Слонова Коска 2-0

Словачка - Норвешка 0-1

Турција - Хондурас 2-0

Б и Х - Гана 2-1

Алжир - Србија 0-3

Унгарија - Русија 1-1

Австрија - Данска 2-1

Швајцарија - Уругвај 1-3

Белгија - Хрватска 0-1

Полска - Бугарија 2-0

Германија - Аргентина 0-1

Италија - Камерун 0-0

Холандија - САД 2-1

Словенија - Катар 4-1

Велс - Шведска 0-1

Англија - Египет 3-1

Франција - Шпанија 0-2

Шкотска - Чешка 1-0

Португалија - Кина 2-0



Изменето од fiks - 04.Март.2010 во 12:47
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2010 во 05:33
ФИФА не го одобри датум на финалето за Купот на кралот 

Светската фудбалска централа (ФИФА) го отфрли барањето на Шпанската фудбалска федерација финалето за Купот на кралот помеѓу Атлетико (Мадрид) и Севиља да се игра на 26 мај, пишува весникот "Ас". Причината е услов на ФИФА, според кој сите играчи национални спортисти да не играат во периодот помеѓу 16 и 23 мај. Исклучок се само се прави заучесниците во финалето на Лигата на шампионите - 22 мај, појаснува весникот.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3233343536 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.