|
Македонскиот јазик и македонската азбука |
Внеси реплика | страница <1 4041424344 146> |
Автор | ||||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Pravopis na makedonskiot literaturen jazik 1, Читаме и пишуваме латиница, училишна Книга 2, Macedonian Latin alphabet, Pravopis na makedonskiot literaturen jazik, B. Vidoeski, T. Dimitrovski, K. Koneski, K. Tošev, R. Ugrinova Skalovska- Prosvetno delo Skopje, 1970, p.99 |
||||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Да де, знам, Конески, и тоа во 1970. Македонска имитација на Србите. Навистина се прашувам ако тој предмет се уште го има, зошто го има? Според Уставот ние иммаме само едно писмо, а настрана и тоа, „македонската латиница“ не се употребува никаде. Уште еден од непотребните анахронизми во Македонија. |
||||
Zero Tolerance For Silence
|
||||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Инаку , децата во Р. Македонија учат МАКЕДОНСКА ЛАТИНИЦА ( читај “МАКЕДОНСКА АЗБУКА “ ) на училиште и за тоа добиваат оценка . Кој не ја знае македонската латиница нема да ја помине годината , ЌЕ ПОНАВЉА , што значи дека истата е обврзувачка . |
||||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Мислиш ќе повторува!
Дали има лошо во тоа што во Македонија се учи и латиницата, адаптирана на македонскиот јазик? По мене тоа не е никаков проблем, од причина што не е на одмет да се знае нешто повеќе, а притоа што во официјалната употреба сеуште останува кирилското писмо. Кои се тие на кои им смета ова? |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Бидејќи сум цитирана погоре од eptendosadno, да се дообјаснам за да не се врти дискусијата околу толкувања на правилата:
Дискусијата на пдф Историја подразбира дека прашањето на азбуката се третира од историски аспект, не од аспект на правилата на ИДИВИДИ. Штом со правилата се препорачува употребување македонска кирилица, се подразбира дека тоа не е наредба туку препорака, која остава простор и за користење македонска латиница или латиница прилагодена на македонскиот јазик. Латиницата не е внесена во правилата на форумот затоа што официјално писмо кое се користи на територијата на Р. Македонија е македонската кирилица. Се’ што е надвор од овие две писма, е надвор и од правилата, а на историја е јасно прецизирано кога и како може да се употребува. Толку за правилата... and now - back to the history (да не кажете ја дискриминираме латиницата) Изменето од Анастеа - 03.Март.2010 во 02:25 |
||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Абе сум ја учел и јас, ама колку таа има примена и колку ми била потребна се гледа од фактот дека се зачудив на терминот „македонска латиница“. Македонска латиница еј, жити се, до каде сме стасале од св. Климентовата азбука Бог да чува и да брани. Инаку до Платеникот, се разбира дека знаењето на латиницата е пожелно, ама подобро би било да се изучуваат хрватската, чехословачката и полската латиница, т.е. нешто што постои во реалниот живот, а не нечии фантазии таму. А да не зборуваме за тоа дека Бугарите на форумов се всушност во право за Илинденската азбука. Нашите деца ќе „ПОНАВЉААТ“ ако не научат нешто за што никогаш немало примена и никаква полза од тоа, и кое што нема никаква врска со нашата автентична историја, а не можат да прочитаат што напишале луѓето кои ни се предци, кои се дел од нашата пишана традиција, како што е случајот со преродбениците, и врз кои се гради нашиот идентитет. Македонија- земјата на парадоксите. Изменето од Pat - 03.Март.2010 во 09:13 |
||||
Zero Tolerance For Silence
|
||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Е да, и кога веќе се поправаме за јазикот , во македонскиот јазик зборот „смета“ го има истото значење како српскиот збор „рачуна“, а она што во српскиот јазик е„смета“, а што мене многу ми ПРЕЧИ, се србизмите и турцизмите и воопшто странцизмите во македонскиот јазик за кои што имаме стопати поубави македонски зборови. |
||||
Zero Tolerance For Silence
|
||||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Е, има и Македонска абецедарска азбука. Таа си е чиста хрватска латиница
|
||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Иста е да, само без Î и Ü. |
||||
Zero Tolerance For Silence
|
||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не би сакал да спорам со тебе, но само ради информација во македонските речници за да се преведат англиските зборови disturb, disturbed, disturbance, disturber,disturbing се користат следниве поими и синоними: Ремети, се плетка, смета, безредие, возбуда, вознемиреност, вознемирување, врева, нарушување, немир, смеќавање, неред, обеспокојување, пречење, растроеност, сметање,смеќавање,смут, пореметен, загрижен, немирен, растроен, грешник, нарушител, вознемирувачки. Со некои поими, јас лично не сум согласен, но тоа е тоа. Оставам на покомпетентните да ги корегираат речниците. Незнам само зошто сите работи, кога е во прашање Македонија, треба да се исполитизираат до таа мерка при што се добива впечаток дека се нема излез од тој затворен круг на јалови дебати. Ниту една земја на светов не е имуна, туку е напротив подлежна е на надворешни влијанија. Македонија не е исклучок од тоа. Тргни прво од направата која ја користиш за да комуницираш со мене. РОМ, Харддрајвс, бајтс, Софтвер, Хардвер, ЦД, ДВД, бродбанд, копи, пајст, клик, онлајн, имаил, а во весниците можат да се сретнат термините како круцијално, сентенции, омбудсмани, фанови, фајтери, кул...па радио, телевизија, ракета автомобил, авион, факс итн Од некои работи неможе да се избега, но треба да се воспостави одредена контрола, барем таму каде што треба да се користи литературниот јазик, јавните медиуми, државните установи, образованието.... Сметам дека доколку погоре споменатите работи останат само на ниво на жаргон, некако и ќе се истрпи. Немој да забораваме дека на нашите иселеници им се смеевем кога ќе дојдеа на посета во Македонија и ќе употребува зборови од типот, ќе ти рингам, карот, ќе вокаме или ќе одиме на бичот. Сега сме ние уште полоши од нив, ако за нив и можеше да се најде оправдување, за нас сигурно такво оправдување нема. Јас пак неразбрав кои се тие на кои им ПРЕЧИ или им се ремети спокојтвото ако во Македонија се учи и латинското писмо, адаптирано за македонскиот јазик?! Дали некој со тоа ќе биде помалку Македонец. |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Историски гледано ( морам така да почнам за да добие мислата историска тежина ) нашите родители , а продолжуваме и ние , треба да се ослободиме од догмата дека кирилицата е наша , па као треба да ја сочуваме , па дури и со закон ( ова не важи правилата на форумот , они не се и не смеат да бидат тема за дискусија ). Крајно искрено , јас не сум задоволен од македонската кирилица и правописот , сметам дека некои работи треба да се изменат со што би дошол до полн израз дијакетот од Пиринска Македонија , кумановскија и.т.н. , со што истите би се сочувале за идните генерации . Инаку , дали предпоставените можат да ме подучат дали има источно МАКЕДОНСКИ ДИЈАЛЕКТ од Сандански - Р Бугарија , со бугарски примеси , и дали е тој според нивните стручни мислења дозволив за користење на форумов ? Изменето од eptendosadno - 03.Март.2010 во 14:38 |
||||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пријател, какво ти е тоа смеќавање бе, жити Господ? Тоа или е нешто поврзано со шмеќерлак или со меќава или со не знам што ама во македонскиот јазик, освен природно во северните дијалекти, зборот смета го нема, туку е пречи. А ако толку одиме на пример на дијалектните форми ете, тогаш зошто англискиот збор witness не го преведеме со следниве синоними: очевидец, свидетел (свидетелство, ти текнува? ) а наместо тоа имаме сведок, сведоштво итн. А што се однесува до речниците, знаеме во кој период се подготвувани тие и каде се подготвувани тие што ги подготвувале, затоа и денес имаме потреба од емисии од типот „Говорете македонски“ во крајна сметка. Што се однесува пак до тоа „дали некој ќе е помалку Македонец ако..“, епа ајде еве, што има врска „македонската латиница“ со Македонија, освен што ја измислил Блаже Конески? Изменето од Pat - 03.Март.2010 во 14:52 |
||||
Zero Tolerance For Silence
|
||||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Witness во бугарскиот се преведува точно како очевидец, свидетел.
|
||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Јас ги извадов зборовите од речник, а притоа ти напоменав дека со некои поими не се согласувам. Истовремено ти напоменав дека ќе ја оставам таа проблематика да ја разрешат покомпетентите. Едно знам дека никогаш во нема да употребам смеќавање или смеќава. Според македонските речници во македоснкито јазик е дозволено користење на следниве поими, за да се преведе зборот witness: Очевидец Потврдува Сведок Сведочење Сведочи докажува доказ засведочување лично присуствува свидетел Сега Блаже Конески ќе биде кривец и за латиницата?! Па пред 10тина години беше повторно адаптирна, а во тоа време Конески беше починат. |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
Внеси реплика | страница <1 4041424344 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |