|
Занимливости околу исхраната |
Внеси реплика | страница 123 20> |
Автор | ||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 11.Ноември.2009 во 12:48 |
|||||
Британка има фобија од зеленчук Една млада Британка има необична фобија, лаханофобија, односно паничен страв од зеленчук. Вики Ларије (22) од Портсмут е натерана на специфичен режим на исхрана бидејќи се храни исклучиво со месо, компир и житарки. Таа монотонија ја пресекува со по некое јаболко, пишуваат локалните медиуми. - Секој пат кога ќе погледнам во зеленчук не само во мојата чинија и кај кого било друг, добивам панични напади, се препотувам и срцето забрзано ми чука, вели Ларије. Уште од како мала го одбивала зеленчукот. Кога воочиле дека има вистински проблем, родителите ја однеле на лекар каде што и дијагностицирале лаханофобија. Кога била дете, фобијата и била добар изговор дека не јаде зеленчук. Меѓутоа, сега како возрасна личност често посакува да го осознае вкусот на некои зеленчуци. Таа вели дека поради лаханофобијата често се наоѓа во непријатни ситуации на обични места како што се супермаркетот и рестораните каде што купувањето и излегувањето со пријателите лесно се претвора во вистински пекол. Изменето од Valerija - 09.Мај.2012 во 08:40 |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ovde kje si pastirame nekoi interesni textovi okolu ishranata,nacinot na ishrana,so eden zbor se sto na prv pogled se cini zanimlivo za diskusija
|
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Од мрсната исхрана потешко размислуваме Секојдневното уживање во калоричната исхрана, освен на телото делува и на работата на мозокот. Истражувањето спроведено врз стаорци покажало дека после девет дена мрсна прехрана можеле да истрчаат 50 проценти помалку од оние што се хранеле здраво, исто така и правеле повеќе грешки во задачите што покажува на влошување на когнитивните способности.
Изменето од Valerija - 09.Мај.2012 во 08:41 |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Лекување на бубрезите со здрава исхрана Бубрезите се двоен орган во облик на зрно од грав сместени во горниот дел од стомачната празнина, близу до рбетниот столб. Бубрегот не се простира паралелно со рбетот, туку е навален, така што горниот дел му е блиску до рбетот, а долниот за 4 сантиметри подалеку од него. Предната страна е нерамна и доаѓа во допир со органите од стомачната празнина, а задната е рамна и лежи во горниот дел од дијафрагмата. Кај возрасните бубрезите се долги од 10 до 12 сантиметри, широки од 5 до 6 сантиметри, а дебели од 3 до 4 сантиметри. Десниот бубрег е сместен 2-3 сантиметри пониско од левиот, па затоа камењата најчесто се таложат во него. Кај жените бубрезите се сместени пониско за разлика од мажите. Урината се создава во бубрезите со филтрирање на уреата и другите отпадни материи од крвните садови и исфрлање на други супстанци од филтрати. Нормалната работа на бубрезите е нарушена кога бубрезите делумно ја вршат својата функција. Нарушувањето на бубрезите е најчесто предизвикано од воспаление, силни психички стресови и други оптоварувања, а не ретко и како резултат на неправилна исхрана и неконтролирано внесување лекови. Заради застојот на урината во бубрезите се зголемува крвниот притисок кој создава секундарна атрофија или општа бубрежна склероза со значително оштетување на протокот на крв. Во некои случаи може да биде успешно и конзервативното лекување. Во поголемиот број случаи успех се постигнува со операција, но добри резултати се постигнуваат и со алтернативната медицина посебно со лековите од природата.
Изменето од Valerija - 09.Мај.2012 во 08:41 |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Изменето од Valerija - 09.Мај.2012 во 08:42 |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Сокот од боровинки ја подобрува меморијата?! Неколку чашки сок од боровинки дневно можат да помогнат за подобрување на меморијата кај постарите луѓе, вели нова студија. Извештајот кој се појави во магазинот на ACS за агрикултура и храна, се наведува дека боровинките се едни од најбогатите и најздравите антиоксиданси кои ја подобруваат меморијата. Во истражувањето учествувале доброволци на возраст од 70 години, кои секојдневно пиеле две до три чашки сок од боровинки. По завршувањето на студијата тие покажале значително подобрени резултати во учењето и мемориските тестови, потврдија научниците. Изменето од Valerija - 09.Мај.2012 во 08:42 |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Маслиново масло - зачин храна и лекОбјавено: 2010-02-09 Маслинките и маслиновото масло покрај хранливите, имаат и некои диететски и лековити својства. Зелените маслинки се набрани пред полната зрелост, а бојата им е светло-зелена и сламeсто-жолта. Црните маслинки се плодови кои се набрани во пола зрелост, а бојата им е црно-вилетова до темнокостенлива. Маслинките се потопуваат во среден раствор натриум-хидроксид-алкалии, а потоа добро се пасираат во вода за да се отстрани олеуропеинот - природен горчлив јаглен хидрат. Потоа зелените маслинки се ферментираат, пред да се стават во солен раствор. Црните маслинки не се ферментираат пред пакувањето, па поради тоа имаат поблаг вкус отколку зелените. Маслинките имаат доста масло и многу малку јаглени хидрати и белковини, а содржат доста билни влакна. Од витамините имаат најмногу витамин А, а од минералните материи содржат најмногу железо. Инаку содржат доста сол ако се земе во предвид и начинот на конзервирање. Лековити својства - Го намалуваат нивото на ЛДЛ холестеролот во крвта, ја прочистуваат крвта од масни материи воопшто, го спречуваат формирањето на камен во жолчното кесе, им користат на дијабетичари за намалување на шеќерот во крвта, го намалуваат зголемениот крвен притисок, го штитат срцето и крвните садови и содржат состојки кои го успоруваат стареењето и појавата на рак. Колку да јадете? Се смета дека од 10 до 15 маслинки или лажица маслиново масло се уништува холестеролот кој го внесуваме со 2 јајца. Пет до шест лажици дневно го подобрува составот на крвта, особено кај срцевите болни, додека 2/3 лажица масло дневно може да го намали крвниот притисок. Со двојна количина на маслинки се постигнува сличен ефек. Лекарите советуваат дека оние кои држат диети со малку масти и сол треба да консумираат повеќе маслинки. |
||||||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Совети за како да уживате во храната
Многу од нас веќе се навикнаа на брзото јадење, под кое што вообичаено се подразбира јадење од нога. Низ светот веќе стана вообичаено на секое ќоше да има по еден ресторант за брза храна, но време е да се вратиме на добрите стари едноставни работи – уживање во храната. Еве неколку совети со кои можете да уживате во храната. - Направете пауза меѓу залаците и затворете ја вилицата. Уживајте во вкусот на храната. - Облечете се убаво, било да сте во некој ресторан или пак дома. Чувствувајте се убаво и сензуално.
|
||||||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Некои вистини и заблуди за исхранатаНЕТОЧНО:
Диетите без масти се добри за здравјето. ТОЧНО: Една третина од калориите кои секојдневно се внесуваат, треба да потекнуваат од мастите, дури и кога се обидувате да се ослободите од вишокот килограми. Мастите се потребни за: * Енергија * Обновување на ткивата * Транспорт на витамините низ телото. Во просек, на жените им се потребни околу 70 грама масти дневно, а на мажите 95 грама. Доколку сакате да го намалите внесот на масти, минималната дневна количина не треба да биде пониска од 30 грама. Наместо целосно да ги отстраните мастите од исхраната, трудете се заситените масни киселини, да ги замените со незаситени. Во храна богата со незаситени масти спаѓаат некои видови риба, како лососот и сардините, зелениот лиснат зеленчук, оревите и другите видови на семки, маслиновото масло и др. Разумно уживајте во храната. Ако сметате дека во исхраната внесувате помалку масти од колку што дневно е потребно, тогаш препорачливо е да се консумираат таблетки со Омега 3 рибино масло, а ако примате дополнителни витамини, најубаво е да се земаат за време на оброците, бидејќи за време на оброкот коснумирате масти, а на витамините токму мастите им се потребни за да се разложат. |
||||||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Совети за термичка обработка на храната Начинот на кој се приготвува храната игра огромна улога во зачувувањето на хранливите состојки што ги содржат продуктите. При неправилно приготвување продуктите се уништуваат, ја губат сварливоста и самиот состав, особено витамините, минералните соли и белковините. Значи не е доволно храната да се подготвува според потребите и возраста на детето, туку таа треба да се обработува така што ќе се зачуваат сите хранливи состојки кои се наоѓаат во производите. Неколку општи работи кои треба да ги знаете 1. Млекото никогаш не треба да го варите двапати. Мастите (маслата) мора да се заштитат од дејството на светлината и воздухот. Се препорачува чување во порцелански или стаклен сад кој треба да биде покриен.
Ако сакате сочно и вкусно месо, тогаш треба да го ставите во зовриена вода. При тоа се создава тенка кора која ги задржува соковите, белковините и минералните соли за да не можат да се одвојат од месото. Млекото се додава откако ќе се свари зрното и се враќа на оган да проврие само еднаш. Истовремено со млекото се додаваат шеќер или сол. Кога кашата ќе се тргне од шпоретот се става путер и добро се меша. Супите од зеленчук мора да се искористат најдоцна 1,5 час после приготвувањето. Треба да се вари неизлупен бидејќи лушпата ги зачувува минералните соли, витамините и белковините. И оваа вода може да се користи за приготвување оброци. Изменето од Valerija - 09.Мај.2012 во 08:42 |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Природни антиоксиданси за зачувување на храната На листата позитивни дејства на маслинката, аргентинските и австралиските научници додадоа уште една карактеристика. При нивното истражување откриле дека антиоксидансите од полифенолите богати со маслиново масло можат да го спречат расипувањето на вкусот на месото.
Изменето од Valerija - 09.Мај.2012 во 08:43 |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Време е за детоксикација! По тешката и нездравата храна која ја консумираме во текот на зимата, време е својот организам да го подготвиме за доаѓањето на пролетта. Големиот број на тоскини кои ги внесуваме во телото доаѓаат од храната која ја консумираме. Научниците веруваат дека токсините, кои се складираат во нашиот организам предизвикуваат разни болести, како срцево заболување и рак. Најлесен начин за детоксикација на организмот е еден до два денови во неделата да ја исфрлите пржената или варената храна од менито. За време на тие денови најдобро консумирајте сурово овошје и зеленчук. Екстремен начин на детоксикација е внесувањето само на течности. Еден ден во неделата, по можност оној кога сте дома и немате многу обврски, пијте само свежо подготвени сокови од овошје и зеленчук. Најчист облик на детоксикација е внесувањето само на вода. Изменето од Valerija - 09.Мај.2012 во 08:43 |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Направете ја нездравата храна здрава
Постои храна на која не можеме да и одолееме затоа што при консумирање предизвикува чувство на пријатност, како на пример помфритот, колбасите, масните сирења и мајонезот. Сепак во вистинска комбинација, нема причина зошто да не се почестиме со нив. Механизмите кои создаваат чувство на глад се сложени, како и оние кои создаваат желба за пријатност. Некои намирници го зголемуваат чувството на пријатност, но тие се на црната листа на нутриционистите. Меѓу нив се пржените компирчиња, трајните суви колбаси, мајонезот и трајните сирења. И покрај тоа што споменатите намирници се наоѓаат на листата на „забранети“, сепак понекогаш можеме да ги консумираме, без страв дека ќе и наштетиме на нашата линија или организмот. Треба само правилно да ги комбинираме, бидејќи одредени намирници помагаат при разградувањето на оние кои се штетни. Пржените компирчиња се вистинска калориска бомба, бидејќи при пржење впиваат маснотии од зејтинот. Проблемот не е само во калориите кои ги внесуваме, туку и во маснотиите кои нашиот организам тешко ги поднесува. Затоа треба да се комбинираат со мешункасти растенија, бидејќи тие содржат лецитин, кој помага при разградување на мастите, делува посредно на подобрување на дисперзијата на мастите во мали капки. Колбаси направени од првокласно свинско месо и сушени на воздух и тоа како се примамливи, а со правилно одгледување на свињите добиваме врвно, квалитетно месо, богато со железо и Б витамини. Но колбасите знаат да се особено солени и калорични. Затоа треба да ги јадете со салати од свеж или варен зеленчук, кој содржи поголеми количини на калиум. Најдобар извор се доматите, спанаќот и компирот, многу калиум содржат и бананите. Мајонезот исто така спаѓа во групата намирници на кои тешко одолеваме. Дури 80 отсто од содржината на мајонезот се растителните масла, а остатокот се јајца. Во 100 грама мајонез има 700 калории. Ако не сакате да се одречете, треба со него да јадете намирници кои ја олеснуваат работата на црниот дроб и го покренуваат метаболизмот, и ја намалуваат ресорпцијата на мастите во дигестивниот тракт. Тоа се артичока, шпаргла, кељ и зелка, бидејќи содржат биолошки активни соединенија (кинарин, кафеинска киселина) кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ) во крвта и прават детоксикација на црниот дроб. Ако сакате сирења, не избегнувајте ги поради високиот процент на масти ( од 30 до 40 отсто масти). Најдобро е да ги консумирате после супа од зеленчук со додаток од рузмарин и темјан, бидејќи содржат терпенин. Овие материи со влакната од зеленчукот ќе го олеснат разградувањето и ја намалуваат ресорпцијата на мастите од сирењето. |
||||||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Занимливости околу храната која може долго
...да не оддржува ...млади ...
Потрагата по еликсирот на младоста од секогаш претставувалo огромен предизвик. Од она што сме го научиле досега, знаеме дека и здравјето и убавината произлегуваат од начинот на живот и исхраната. Еве неколку информации за храна која ќе ни помогне да го зачувате здравјето и убавината..... Маслиново масло Уште пред четири децении научниците од Грција, откриле дека мононезаситени масти во маслиново масло се во голема мера одговорни за ниската стапка на срцеви заболувања и рак. А, денес знаеме и дека маслиновото масло исто така содржи полифеноли, моќни антиоксиданси кои можат да помогнат во спречување на болести поврзани со стареењето. Јогурт Во 1970-тите, се шпекулирало дека во Советската Грузија имало повеќе стогодишници од било која друга земја. Извештаите во тоа време тврделе дека тајната на нивниот долг живот е јогуртот. Јогуртот е богат со калциум кој го спречува појавувањето на остеопороза и содржи "добри бактерии" кои помагаат во правилно функционирање на дигестивниот систем. Риба Пред триесетина години, научниците почнале да истражуваат зошто кај луѓето од Аљаска, не биле забележани никакви болести поврзани со срцето. Тие откриле, дека причината за овој феномен е големата количина на риби кои тие ја јаделе. Рибата е богат извор на омега-3 масти, кои помагаат во спречување на покачување на холестеролот во артериите и ја подобруваат работата на срцето. Чоколадо Куна луѓето од Сан Блас островите (Панама), имаат стапка на срцеви заболувања девет пати пониска од Панамците кои живеат на копно. А, причината е нивниот традиционален пијалок кој го пијат во големи количини, базиран на какао, кое помага во правилно функционирање на крвните садови. Одржување на "млади" крвни садови го намалува ризикот од висок крвен притисок, дијабетис тип 2, болести поврзани со бубрезите и деменција. Вино Пиењето алкохол во умерени количини заштитува од срцеви болести, дијабетис и губење на меморијата поврзано со стареењето. Црвеното вино содржи резвератрол, соединение кое е одговорно за сите негови благодети. Изменето од zamislena - 15.Јуни.2010 во 11:21 |
||||||
Внеси реплика | страница 123 20> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |