|
За македонската традиција - општо |
Внеси реплика | страница <1 456 |
Автор | |
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас прв пат сега слушам и читам за ова....
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
не си само ти
|
|
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
be kako be - glej shto pishuva Во чест на несреќната љубов на богот Македон и на божицата Ксантија, Македонците првиот пролетен месец го нарекле Ксант, а пролетниот празник Ксантика, велат од здружението „Ксантика“. |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е добро де....сакав да кажам дека сега се оживува поим кој досега имал адекватна заменка "Цветници".... и со генерации наназад го знаат како Цветници...
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
cvetnici e druga rabota
barem kaj nas e druga rabota |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Епа јбг....
И за Ксантика кај нас досега не се чуло....
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ам Честита 3та Ксанта и на вас бе
Изменето од Анастеа - 05.Март.2010 во 01:30 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е Ксанта туку Ксантика - Ксантика е една од најсветлите обележја на старомакедонските народни обичаи, која со својата волшебна моќ ги обединувала душите на Македонците во заедничките стремежи за опстанок и подобар живот. Ксантика Македонците ја празнувале како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината. Но, за жал, во сегашно време не се знае скоро ништо за овој духовен празник, кој во старо време беше синоним за македонскиот идентитет. Се чини дека Ксантика е оставена на заборавот на времето, да изгасне со природна смрт. Може и затоа што таа е чист македонски феномен, никој од нашите соседи не се осмелил да ја присвои и прикаже како дел од своето културно наследство. Првите податоци за Ксантика потекнуваат од VI век пред Христа и нив ни ги пренесува старогрчкиот писател Хесихиос, од кои дознаваме дека Ксантика ја празнувале луѓето кои живееле на север од Олимп и дека при празнувањето доаѓало до излив на силни емотивни чувства, тешко разбирливи за елинскиот свет. Многу подоцна, во I век од новата ера дознаваме за Ксантика од античките писатели: Диодор, Јустин и к*ртиј Руф. Тие во своите дела посветени на походите и подвизите на Александар III Македонски, ја споменуваат Ксантика како празник на пролетта, во кој македонските војници ја манифестирале длабоката почит кон обичаите на своите предци. Од нив дознаваме дека Ксантика се славела секоја година, со спонтани манифестации, културни приредби и спортски игри, без разлика што престојувале меѓу други со различни култури. Празнувањето на Ксантика преставувало голема атракција за тамошните жители. Македонските војници ја славеле Ксантика облечени во свечена македонска облека, пееле и играле македонски песни и ора со што ја истакнувале својата посебност во однос на војниците припадници на други народи, а посебно од војниците на елинските државички-градови. Современите истражувачи на македонската историја, американскиот професор Јуџин Борза и британскиот научник Николас Хејмонд, ја споменуваат Ксантика како посебен празник на кој Македонците им оддавале особена чест и на починатите македонски цареви. Тоа го правеле во завршните свечености на празникот, кога во свечената поворка во македонската престолнина Пела се изнесувале златната дијадема, воената опрема, оружјето, царскиот дневник и други воени трофеи на секој починат цар во посебни возила. Вреди да се нагласи дека и Александар III Македонски својот историски подход, го започнал во пролетниот празник - Ксантика. Што значи "Ксантика" и зошто Македонците го празнувале овој празник спонтано со невиден занес, гордост и љубов? Неуморниот истражувач на изворната македонска митологија, проф. Ташко Белчев, во своето дело: "Орфеј - Горпеј", ја оживува легендата за Божицата на цвеќињата Ксантија и богот Македон, синот на семоќниот Бог на Пантеонот Ѕевс (Диј). Според преданијата, Ксантија била Божица на сите цвеќиња што цветаат во градините, полињата и горите. Во неа бил вљубен до последниот здив Богот Македон. Но, откако злите сили на некои од боговите на Пантеонот ја замениле Ксантија во цвеќе, кутриот бог Македон, секоја пролет ја барал својата прва и незаборавна љубов низ сите ливади и полиња, кај сите бистри потоци и реки, кај сите цветни градини во својата омилена земја - Македонија. Во чест на оваа необична и несреќна љубов на Богот Македон и на Божицата на цвеќињата Ксантија, Македонците првиот пролетен месец го нарекоа Ксант, а пролетниот празник Ксантика. Празникот на пролетта Ксантика е многу битен за сфаќањето на светогледот на Македонците, за нивното обединување и формирањето на нивната држава од страна на легендарните аргеадски цареви со потекло од Орештија (Орестија). Ксантика е празник во кој Македонците верувале дека се случува "измивање на душите", простување на гревовите, доминација на разбудената пролетна светлина врз зимската темнина, што ги притиска нивните души. Симбол на празникот беше црвено-белата врвка исплетена од бел и црвен конец. Од тука, нешто што е и до денес зачувано и кај нас, тоа е онаа "мартинка", онаа просто волшебна црвено-бела плетенка која тогаш се провлекувала како нишка за спојување на тие луѓе за време на празникот. Белата боја во таа плетенка најверојатно потекнува како симбол на белиот делфин кој се сметал за божји дар и кој живеел само во Егејско Море, па и оттука и називот" Беломорска Македонија". Белата боја се сметала за симбол на чистота и искреност, а црвената боја за симбол на светлоста и љубовта. Ксантика беше длабоко впиена во душите на Македонците со вчудоневидена сила. Славањето на Ксантика беше проследено со невиден ентузијазам и занес. Црвено-белите симболи се ставаа на вратите и прозорците и оградите. Жените и девојките од нив правеа ѓердани, си ги украсуваа косите. Мажите ги врзуваа на ремените или на појасите. Децата ги носеа како белегзии на рацете. На коњите и на јагнињата им се правеа буфки од црвено-бело предено. Црвено-белите симболи се ставаа и на оралата, на јаремите, ги обелжуваа со нив кравите и овците, се ставаа на крблата за молзење млеко. Жените ја истакнуваа облеката, исткаена и извезена во зимскиот период, збогатена со изворна инспирација, монументална хармонија и раскошен колорит. Најзабележителни беа долгите и широки фустани за на оро, наречени ајти, како и кошулите, прегачите и муфеските со разновидни украси, прекрасен вез, збогатен со живописен колорит, што претставуваше вистински израз на творечката надареност. Главни обележја на машката облека беа: шеритот (појас), што се сметаше за симбол на машкоста, хламидата (наметка) и богато извезената и накитена кошула. Мажите на главата носеа бели ленти или каусии (капи со широк круг). Вистинска убавина претставуваа нивните мелодични песни и развиорените ора, особено карпеа (карпестото) и телесија (телесното). Низ сите населени места, низ сите долини и планини ечеа со застрашувачка моќ волшебните звуци на тапаните, гајдите, грнетите, буриите, зурлите и кавалите. Ксантиката се славаше цел месец, со зачудувачки ентузијазам и вознес кон боговите и вечното Сонце - симболот на животот. Превземено од „Македонска цивилизација“ Изменето од Анастеа - 05.Март.2010 во 01:31 |
|
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако таа Ксантика е толку битна за македонците, како тоа предедо ми и прабаба ми не ја спомнале. Триста приказни сум чул за али и аждаи, султани и принцови, Настрадин Оџа и Крале Марко и Итар Пејо, Исус и Марија, и Господ Бог, ама Ксантика ја нема никаде. Како што ги немаше ни грчките или римските богови.
Како го објаснуваш тој дисконтинуитет во преданијата?
|
|
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Неэнам јас эа тебе,мене баба ми и дедо ми ми раскажувале эа Македони и Ксантика уште кога бев мало дете
|
|
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мора многу да биле стари баба ти и дедо ти, штом паметеле античко-македонска богиња...
|
|
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Искрено, од приказните, постарите, од на мајка ми страната, ми раскажувале за тоа како старите, во селата во Костур, кога биле мали, им кажувале дека Македонците страдаат поради клетвата на Александар Македонски ( а и споменаа некаква клетва на Самуил ), дека Македонија поради тоа е поделена и слично. Тоа е се на што можам да се сетам во моментов за пренос на традиции поврзани со антиката.
|
|
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Историјата на Македонија испишувана низ долги милениуми со кованиците на македонските цареви ни го претставува тоа неисцрпно богатство, застапено во сите симболи на монетоковањето. Тоа е наше овековечување. Трајност, факти. Континуитет, убавина. Вредност, уметничко обликување и сведоштво низ историјата...
Кованите монети- статерот на Александар Македонски беше единствено разменско средство во цела Индија и поранешното персиско царство неколку стотини години и по владеењето на Големиот Александар. Македонските влијанија на македонските пари се исти како и влијанијата и потеклото на европските царства во сродство со македонските династии. Сите колекционери, покажувајќи го историјатот на ковачниците, сакаат да покажат претопување на македонската историја во "елинистичка" или "предримска". Така ги покажуваат сличностите на македонските кралеви и симболи со "римските" или "византиските". На парите се гледа и се чита сè тоа што е македонско. Во народот парата отсекогаш преставувала фетиш или амајлија. Секогаш жените се кителе со пари, со златни и со сребрени низи со чапрази, со обетки од златни пари, со лента нанижана на чело, со прстен од пара... За жал, што и да се открие и да се гледа дека е македонско по симболите, како и парите, се прикажува како да им припаѓа на некои други народи. Знаеле Македонците како да создадат трајни вредности со порака, со писмо, со симбол на парите за да стигнат до нас како реликвии и по толку посегнувања, присвојувања и неспомнувања. Блеска сјајот на македонските пари во колекциите по светот. Така сонцето на парите го среќаваме како точка, како круг, како ѕвезда или сириус, го среќаваме како блесок на сончевиот диск на самата пара. Сонцето е потпис на парите од Македонија или старински гувернер, што гарантира севкупна вредност на богатствата во Македонија. Во колекцијата на принтот речиси нема пара без македонскиот знак на сонцето. Толку длабоко е навлезен сончевиот симбол во свеста на македонските династии и македонскиот народ за да ги зачуваат името и културата примарни за опстанок на државата. Тука не застануваа македонското царство на монетоковањето. Ковачниците од Пела, Стоби, Амфипол и сите други подготвено ги пречекале Римјаните за да им направат македонски пари, со македонски симболи на богови и букви и полека да ги вметнуваат римските императори до Август, Тибериј, Ливија, Трајан, Гордијан, Марко Аврелие. Од 168 г. пред. христа. до 180 . пр. не и натаму до 2 445 – кај Гордијан II сите цезари се оковани во македонското сонце и ликовите на македонските богови на реверсот. Гордијан отишол толку далеку со обожавање на македонските науки што за симбол го ставил Асклепио со змијата на стапот, како што го гледал на бистите наредени во Лицеумите низ македонските царски градови. Кога се присвојуваат цивилизациските вредности на еден народ, на почетокот така правеле и римските цезари, се дружеле со имињата на македонските богови на парите. Подоцна ги преименувале. Така Асклепио станал Ескулап. Сите императори се завиткале во македонските царски хламиди и го употребиле македонскиот штит, орелот, венецот и другите симболи од македонските пари. Александар Север дури до 235 н.е., година на реверсот, го носи Зевс исто онака како што бил врежуван во македонските пари пред 600 години и со исто име. Сите колекционери, покажувајќи го историјатот на ковачниците, сакаат да покажат претопување на македонската историја во "елинистичка" или "предримска". Така ги покажуваат сличностите на македонските кралеви и симболи со "римските" или "византиските". Со тоа е постигнат обратен ефект. Можеби тоа го прават несвесно, неуко или тенденциозно, се едно, на парите се гледа и се чита сè тоа што е македонско. Има потреба од покомплексно претставување и реално, како што е тоа на парите. Тоа значи поддржување на континуитет изразен за Македонија низ историјата на парите како историја на народот и државата. Во исто време треба да се поддржува големото влијание во светот, кое го извршиле Македонците правејќи им култура и економија со пари на сите модерни држави во Европа. Исто така,дабовиот венец е вплетен уште подолг период во кованите пари од Македонија. Да го земеме статерот на Филип II или на Персеј, чии ликови со лента, дијадема на глава и од другата страна орел во дабов венец ги вклучува разновидните монограми, и Василевс или Базелиус (А.Б) титулата на царот. Таа титула ќе се испишува уште 1.000 години на парите од македонската династија во Цариград на Константин до Васил II. Парите се најголеми македонски морнари кои ги препловиле сите реки и мориња и три милениуми лежат закотвени по музеите во светот, на истите места каде што некогаш вршеле парична функција во оптек. Истите тие пари од Македонија сега вршат историска функција, ни го бранат името и идентитетот. Статерот на Александар во издание од било кој владетел на македонското царство, било единствено разменско средство во цела Индија и поранешното персиско царство неколку стотини години подоцна. Македонските влијанија на македонските пари се исти како и влијанијата и потеклото на европските царства во сродство со македонските династии, како што тоа го утврди Александар Донски во своите истражувања. Преку парите може да се утврди и колку римски императори и колку турски (везири) султани за да станат тоа што биле, претходно морале да го докажат своето македонско потекло. Кај народот парата отсекогаш претставувала фетиш или амајлија. Секогаш жените се кителе со пари, со златни и со сребрени низи со чапрази, со обетки од златни пари, со лента нанижана на чело, со прстен од пара и монистра од бисер. Таа македонска традиција во круните и на облеката на цариците и придружбата царици, сите осветлени од македонско сонце. Прстенот со пара имал и има особено значење при поздравувањето. Во царското семејство служел како печат, а кај народот во Македонија бил свадбен подарок. Секако дека изработката на парите прикажува врвна уметничка и ликовна способност за изработка, своевидно творештво, за да може само по себе да биде накит, да украсува и да разубавува. |
|
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
|
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тешкото оро се смета за едно од најубавите и најтешките Македонски ора. За него е многу напишано и многу зборувано бидејќи представува важно дело на македонскиот музички фолклор. Географски како и носиите во кои се игра потекнува од областа Галичник во Северозападна Македонија, на планината Бистра.
Во основа потекнува од моментите кога печалбарите заминувале на печалба. Го играле на крајот од селото, на местото каде се разделувале со најблиските пред да се впуштат на патот кон непознатата исцрпувачка работа во туѓина. Но со тек на време прераснува во химна не само на печалбарството туку и на сета тежина и горчина собрана во Македонските души низ безбројните векови робување. Орото претставувало инспирација за многу уметници како за поетот Блаже Конески со поемата Тешкото така и за композиторот Тодор Скаловски со хорската композиција Македонско оро. |
|
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
|
Внеси реплика | страница <1 456 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |