|
Зимски Олимписки Игри - ЗОИ Ванкувер 2010 |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Snosti ja gledav hokej mazi, uste po grupi se igra no interesen natprevar SAD- Kanada!! Salata za hokej ecese!!bukvalno i toa...domakinite zagubija 5:2,no tribinite bea 50-50..ne samo sto se blisku teritorijalno, tuku Sad i Kanada imaat zaednicka profesionalna hokej liga, pa skoro site igraci od Kanada igraat za Americki tim...super atmosfera, a i komentatorine na Eurosport Srbija se maksimalno otkaceni, sekogas suoer raspolozeni..ke te nateraat da gledas prenos
A malku pred toa gledav Bodi Miler kako za prv pat vo svojata dolgogodisna kariera osvojuva zlaten medal na olimpijada vo super-kombinacijata!!!
|
|||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Риш златна по падот на Вон!
Германката Марија Риш го надмина разочарувањето од спустот во средата со триумф на трката во супер-комбинација, за свое прво олимписко злато, откако нејзината најголема пријателка и прва ривалка, Линдзи Вон, која водеше по спустот, падна во слаломската трка. 25-годишната Германка е позната како вистински спортист, откако покрај скијањето игра тенис (и е рангирана во германскиот систем), а се трка и со велосипеди. Притисокот го направи своето за Вон, која цела сезона се мачи во техничките дисциплини, додека доминира во брзинските. Самата Американка призна дека ќе биде многу тешко да се задржи мотивираната специјалистка за технички трки Риш зад неа. Џулија Манкусо пак продолжува со олимпискиот "препород", откако пред Олимпијадата отпишаната Американка во сенка на попопуларната и поуспешната Вон, сега го заработи својот втор сребрен медал во Ванкувер, откако имаше две солидни возења во спустот и слаломот. На Манкусо се уште и претстои одбраната на титулата во велеслалом од Торино 2006. Но, најголемо изненадување и вистински пример за олимписки дух секако претставува бронзениот медал за Швеѓанката Ања Персон, која во средата имаше неверојатен пад на олимпискиот спуст. Откако призна дека има болки по паѓањето, таа чекаше последен момент за одлучи дека може да ја стартува тешката трка која се состои од едно возење спуст и едно возење слалом. Инаку за Персон ова е втора бронза во дисциплината, откако пред четири години беше трета во старата алпска комбинација (еден спуст и две слаломски возења). |
|||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Швајцарецот Симон Аман триумфираше и на големата скокалница на Зимските Олимписки игри во Ванкувер и со тоа го повтори успехот од 2002 година од Игрите од Солт Лејк сити кога освои два златни медала. На подиумот исходот беше комплетно ист како и на малата скокалница Адам Малиш од Полска го освои второто сребро, а Грегор Шриленцауер од Австрија беше трет.
Австрија имаше победничка на женскиот супервелеслалом. Најбрзо патеката ја мина Андреа Фишбахер и на својата држава и го донесе вториот златен медал на Игрите. Втора беше Тина Мазе од Словенија, а трета Американката Линдзи Вон, што за неа беше втор медал во Ванкувер. Во Вистлер Олимпискиот парк возбудливо беше на крос кантри трката од 30 километри пурсуит (15 класично + 15 слободно) кај мажите. Маркус Хелнер од Шведска прв ја мина целната линија, пред Германецот Тобиас Ангерер и сонародникот Јохан Олсон, кој пак водеше до самата цел, но во финишот немаше сили за првата позиција. На патеката за брзо лизгање во трката на 1500 метри златото го освои Марк Туитерт од Холандија, пред олимпискиот шампион од трката на 1000 метри Американецот Шани Дејвис и Навард Боко од Норвешка. Во дисциплината шорт трек трки имаше во двете конк*ренции. Кај жените на 1500 метри триумф на Јанг Зу од Кина, пред Еун Буил Ли и Хи Сеунг Парк двете од Кореа, а кај мажите „1-2“ победа за Кореа. Јунг Су Ли го освои и второто злато пред сонародникот Хо Сук и Американецот Аполо Антон Охно. На турнирот во хокеј во натпреварот од А групата Швајцарија по продолжение ја победи Норвешка со 5:4. Во Б групата Словачка беше убедлива против Летонија 6:0, а Белорусија ја совлада Германија во дуелот од Ц групата со 5:3. По деветтиот натпреварувачки ден на листата за медали први се Американците со 23 (6 златни – 7 сребрени – 10 бронзени), пред Германија со 14 (4-6-4) и Норвешка со 11 (5-3-3). |
|||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Норвешка ја потврди доминацијата во супервелеслаломот на Зимските Олимписки игри откако синоќа Аксел Лунд Свиндал го освои златниот медал и го наследи Кјетил Андре Омот, двократниот олимписки шампион. И Американците повторно имаа радосни моменти откако Боде Милер ја освои втората позиција, а изненадување направи Ендрју Вајбрехт со третото место.
Полека и нордијците на Норвешка излегуваат од кризата. Марит Бјерген по осмиот ден е најуспешната на Игрите со три медали – две златни. Бјерген на крос кантри трката 15 километри пурсуит (7,5 километри класично + 7,5 километри слободно) ја задржа предноста и триумфираше пред Ана Хаг од Шведска, која пак за 4 десетинки беше побрза од Јустина Ковалчук од Полска. Велика Британија е 26-тата држава која освои медал во Ванкувер откако Еми Вилијамс беше најбрза на скелетон трките, пред Германките Керстин Симковјак и Ања Хубер. Кај мажите нов златен медал за Канада донесе Јон Монтгомери, среброто му припадна на Мартинс Дук*рс од Летонија, а бронзата ја освои Александар Третјаков од Русија. На натпреварите во хокеј беше комплетирано 2.коло кое синоќа мина без изненадувања. Во рамките на Б групата Чешка ја победи Летонија со 5:2, додека во дуелите од Ц групата Шведска – Белорусија 4:2 и Финска – Германија 5:0. |
|||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Швеѓаните се обидоа да го направат крос кантри скијањето во тимски настап во саботата откако со тактика која често се гледа на Тур де Франс стигнаа до две места на подиумот во Вистлер. Маркус Хелнер стигна до победа на трката на 30 километри со 2.1 секунди предност пред Германецот Тобијас Ангерер, додека третото место со 2.8 секунди послабо време му припадна на Швеѓанецот Јохан Олсон. Со тројца Швеѓани во топ 10, имаше доволно шанси да се наруши темпото на трката и да се блокираат ривалите, но Ангерер не беше задоволен.
"Се обидоа да го сопрат ритамот на групата. Но, на крајот направија се добро бидејќи се двајца на подиумот", вели Ангерер. Олсон не демантираше дека тој, Хелнер и Андерс Содергрен (кој беше 10.) работеа заедно. "Беше тешко да одам соло 15 километри, но кога слушнав дека тие го прават тоа бев задоволен", вели Олсон. Во петокот до второто злато од Ванкувер стигна Норвежанката Марит Бјерген, откако триумфираше на 15 километри. 29-годишната Бјерген ја совлада Швеѓанката Ана Хаг и светската шампионка во пурсуит Полјачката Јустина Ковалчик, која во фото-финиш ја совлада Норвежанката Кристин Стермер Стеира. "Ова е одлична Олимпијада за мене. Минатата година го сменив мојот тренинг бидејќи сакав да бидам целосно подготвена во Ванкувер, последна шанса да освојам олимписко злато", вели Бјерген, која може да освои и други медали во штафтета и маратонот на 30 километри. |
|||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Титула за Канада во шорттрекот
Канада освои златните награди и при штафетата во шорттрекот на игрите во Ванкувер во дисциплината до 5 километри. Вкупното време на победниците во финалето "А", беше 6:44,244 мин .Втори останаа спортистите на Јужна Кореја, со време 6:44,446. Трети се нареди тимот на САД, заостанувајќи само на 52 стотни. Силно трчање за Американците направи Аполо Оно, кој пред тоа беше дисквалификуван во индивидуалниот натпревар кај мажите, во дисциплината на 500 метри. |
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Хокеј на мраз: Финска со бронзени награди во Ванкувер
Националниот тим на Финска за хокеј на мраз освои бронзени медали од 21-ите Зимски олимписки игри во Ванкувер, соопшти официјалниот сајт на трката. Во малиот финале Финска победи исклучително драматично Словачка со 5:3 (1:0, 0:3, 4:0). Te одлучија работите во своја корист дури во последната третина, кога одбележаа четири безответни гола. Со основен придонес за доброто претставување беше Оли Йокинен, кој истакна две попаденията. Другите головите беа дело на Валтер Филпула, Никлас Хагман и Сами салон, кој оформи конечниот резултат. За Словачка прецизни беа Маријан Габорик, Маријан Хоса и Павол Демитра, што сепак не беше доволно и на тој начин Финска се окичи со бронзени признанија. Големиот финале ќе се одигра оваа ноќ меѓу составот на САД и Канада. |
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Канада со златото од машкиот турнир кaрлинг
Mашкиот тим на Канада донесе нов златен медал за домаќините од 21-ите Зимски олимписки игри, кој се одржа во Ванкувер, јави Евроспорт. На финалето Канада се стави над составот над тима Норвешка со 6:3. Победата е рекордна 13 по ред за канадците на Олимпијадата, што повеќе од 6 илјади навивачи пeeха националната химна на земјата за време на награждаването.
|
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Пласман после 15-от ден по награди
Држава/ Златни/ Сребрни/ Бронзови/ Општо
1. Канада 13 7 5 25 ---------------------------------------------------------------------- 2. Германија 10 12 7 29
-----------------------------------------------------------------------
3. САД 9 14 13 36 ----------------------------------------------------------------------
4. Норвешка 8 8 6 22
---------------------------------------------------------------------- 5.Јужна Кореја 6 6 2 14
----------------------------------------------------------------------
6. Швајцарска 6 0 3 9
----------------------------------------------------------------------
7. Кина 5 2 4 11 ---------------------------------------------------------------------- 8. Шведска 5 2 3 10
----------------------------------------------------------------------
9. Австрија 4 6 6 16 -----------------------------------------------------------------------
10. Холандија 4 1 3 8 |
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Затворени 21. Зимски олимписки игри во Ванкувер
Зимските олимписки игри во канадскиот град Ванкувер свечено се затворени рано изутринава по средно европско време, по две недели натпреварувања во 15 спортови и со учество на 2.638 спортисти од 82 земји. Прекрасната церемонија на затворањето на Би-Си Плејс стадионот, пред околу 60.000 гледачи, е завршена со спуштање на олимпиското знаме и гаснење на олимпискиот оган, кој повторно ќе биде запален на 7 февруари 2014 година во рускиот град Сочи. Пред да ги прогласи за затворени 21. ЗОИ, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Жак Рог ги опиша како „одлични и многу пријателски“, уште еднаш оддавајќи му почит на трагично починатиот грузиски санкач Нодар Кумариташвили, кој го загуби својот живот на тренинг на 12 февруари, непосредно пред отворањето на Игрите. Рог претходно го прими олимпиското знаме од рацете на градоначалникот на Ванкувер Грегор Робертсон, а потоа му го предаде на неговиот колега од Сочи Анатолиј Рахомов, по што на јарболот беше подигнато руското знаме и изведена кратка програма за претставување на домаќинот на 22. Зимски олимписки игри. Најбројна репрезентација на овие Игри, трети кои се одржани во Канада, имаа САД, кои беа претставувани од 216 натпреварувачи, а следеа домаќинот Канада со 206 и Русија со 187 спортисти. Најмногу златни медали освои Канада (14), пред Германија со 10 и САД со девет освоени највисоки признанија. |
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ептен малку гледав од Олимпијадата,и сега ми е мака.
|
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |