Испечати | Затвори го прозорот

Зимски Олимписки Игри - ЗОИ Ванкувер 2010

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Останати спортови
Опис на форумот: Одбојка, тенис, планинарење, пливање, точаци, висење по форуми...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21741
Датум на принтање: 16.Февруари.2025 во 13:54
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Зимски Олимписки Игри - ЗОИ Ванкувер 2010
Постирано од: blackeye
Наслов: Зимски Олимписки Игри - ЗОИ Ванкувер 2010
Датум на внесување: 12.Февруари.2010 во 03:25
Утре започнуваат Зимските олимписки игри

Од утре до 28 февруари во Ванкувер ќе се одржуваат 21-те Зимски олимписки игри на кои ќе учествуваат над 5.500 натпреварувачи од околу 80 земји во 15 спортови.

По Монтреал 1976 година (ЛОИ) и Калгари 1988 година (ЗОИ) ова е трета Олимпијада на која домаќин е Канада.

Најголеми фаворити за освојување на медали се натпреварувачите од Германија, САД и Австрија.

Македонија во Ванкувер ќе ја претставуваат тројца натпреварувачи. Алпинецот Антонио Ристевски и нордијците Дарко Дамјановски и Росана Кироска се македонските учесници на 21-то издание на зимските олимпијади. Норма во Биатлон имаше исполнето и Ѓорѓи Ицовски, но тој отпадна, бидејќи според критериумите на меѓународната Биатлонска унија олимписките визи се делат врз основа на националното рангирање, а не индивидуално.

Свеченото отворање на ЗОИ ќе биде во 18 часот по локално време, односно во 13 часот по македонско време. Според средствата одвоени за програмата на отворањето се очекува спектакл. Околу 40 милиони долари се потрошени за организирање на утрешната церемонија, што значи второ најскапо свечено отворање после ЛОИ во Пекинг 2008 година.

официјален сајт: http://www.vancouver2010.com/ - http://www.vancouver2010.com/
 
Нека победат најдобритесреќа и многу среќа за нашите учесници!


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....



Коментари:
Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Февруари.2010 во 12:12
                                                    Отворени Зимските олимписки игри

 Во предградието на Ванкувер во арената „БЦ Палас“, за првпат во покриен стадион, доцна ноќеска по македонско време беа отворени 21-те Зимски олимписки игри – ЗОИ.

Македонија во Ванкувер ќе ја претставуваат тројца натпреварувачи. Знаменосецот, алпинец Антонио Ристевски и нордијците Дарко Дамјановски и Росана Кироска

Олимпискиот оган заедно го запалија легендарниот хокеар Вејн Гредски, скијачката Ненси Грин, кошаркарот Стив Неш, параолимпиецот Рик Хенсен и некогашната натпреварувачка во брзо лизгање Лимај Доан. Палењето на огнот мина со мал технички проблем бидејќи една од четирите бакли не се поткрена од лежиштето.

Вејн Грецки запали олимписки оган и на градскиот плоштад во Ванкувер.


На спектакуларното Свечено отворање присуствуваа околу 60.000 гледачи. За церемонијата беа потрошени 40 милиони долари, што го прави второ најскапо отворање на Олимписки игри, по Пекинг 2008.

Химната на Игрите „Bang the Drum“ ја отпеаа Нели Фуртадо и Брајан Адамс, а на присутните им се обрати претседателот на Олимпискиот комитет Жаг Рок.

- По трет пат во историјата на Олимписките игри сме во Канада. После Монтреал и Калгари сега е на ред Ванкувер. Игрите денеска се многу повеќе од спортски настан. Тие се шанса за запознавање на разни спортисти од разни континенти со различни раси и култури, истакна Рог на отворањето.

Учесниците на игрите доаѓаат од 82 земји. На затворениот стадион во Ванкувер 40-тина минути продефилираа 2.600 спортисти од кои најголеми овации добија домаќините Канада, како и репрезентацијата на Грузија од чии редови во несреќен случај на тренинг животот го загуби 21-годишниот санкаш Нодар Кумариташвили. Тој на тренингот на последниот свиок изгуби контрола над санката и со брзина од 145 километри на час го прелета бетонскиот ѕид и со главата удри во метален столб покрај патеката. И покрај укажаната лекарска помош Кумариташвили во болницата им подлегна на повредите.

ЗОИ за отворени ги прогласи Гувернерката на Канада Мишел Жан.

Денеска на Игрите ќе бидат доделени и првите медали. Иако топлото време им создава пречки на организаторите, предвидени се натпреварите во спуст кај мажите, скокови, брзо лизгање, биатлон жени на 7,5 километри, шорт трек мажи 1.500 метри и слободно скијање жени во дисциплината „могул“.





-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Февруари.2010 во 13:20
МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО ЗАБЕЛЕЖИ СВОЈОТ ЧЕТВРТИ НАСТАП НА ЗИМСКИТЕ ОЛИМПИСКИ ИГРИ
Важно е да се учествува...

Македонската експедиција во која има тројца натпреварувачи ќе биде четвртата што ќе забележи настап на Зимските олимписки игри и овој пат сите очекувања се да има подобри резултати отколку на минатите игри.

И на оваа Олимпијада македонските спортисти се под мотото "Важно е да се учествува", но и покрај тоа сите очекувања се спортистите да ги постигнат своите најдобри резултати во кариерите.

Дарко Дамјановски е најискусниот во составот, но и спортист кој успеа да обезбеди "А" норма. Со тоа стана првиот македонски натпреварувач на зимските игри кој успеал да се избори за норма и место на игрите без валјд-карта. Сепак, во неговата дисциплина конк*ренцијата е максимално голема, па секое место во првата половина од вкупниот број учесници ќе биде максимално добар резултат.

Росана Кироска е најмладата во македонскиот тим и на нејзиното деби на Олимписките игри не може да се очекуваат спектакуларни резултати. Ако успее да истрча добро и да го потврди потенцијалот секако дека ќе треба сите да бидат задоволни. Таа ќе биде првата која ќе излезе на старт од македонските репрезентативци на игрите, па ќе има за задача да го "скрши мразот".

Знаменосецот на Македонија, Антонио Ристевски ќе чека за своите настапи, па ќе има време добро да се запознае со условите. И тој влегува во трка со многу поискусни скијачи од него. Нема притисок и за него за спектакуларен резултат, но може да се очекува да отскија добро. Влез меѓу најдобрите 30 по првата трка и во слалом и во велеслалом би било рамно на подвиг или на место на пиедесталот. Сепак, за сето ова многу повеќе ќе се размислува кога ќе дојде времето.

Најважно од сe во моментов е дека Македонија по четвртипат има свои претставници под сопствено знаме. Првпат настапи Весна Дунимаглоска во 1992 година, но тогаш под друго знаме, а откако во 1994 година ги пропуштивме Игрите во Лилехамер секогаш имаме свои претставници. Честа овој пат им припадна на Кироска, Дамјановски и Ристевски. Сите погледи во следните две недели ќе бидат насочени кон нив.

***

Првпат со "А" норма

На овие игри Македонија првпат има свој натпреварувач кој има обезбедено "А" олимписка норма. Се работи за Дарко Дамјановски, кој во понеделник ќе настапи на патеката од 15 километри трчајќи во слободен стил.

Нордијците први на терен

Претставниците на Македонија во нордиските дисциплини, Росана Кироска и Дарко Дамјановски први ќе излезат на терен. Росана ќе настапи во понеделник, од 19 часот по македонско време (10 по локално). Дајмановски настапува два и пол часа подоцна.

Ристевски дури на 21 февруари

За разлика од Кироска и Дамјановски, Антонио Ристевски има повеќе време за аклиматизација. Тој ќе настапи дури на 21 февруари, кога на програмата е трката во велеслалом. Шест дена подоцна ќе биде дел и од трката во слалом.

Скијачите првпат со еден претставник

Во составот на Македонија првпат на една Олимпијада имаме повеќе натпреварувачи во нордиско скијање отколку што имаме скијачи. Досега вообичаено имавме повеќе претставници во алпско скијање. Сега има само еден скијач, но затоа ќе имаме и двајца олимпијци на патеките во нордиско скијање кои ги предводи поранешниот нордиец и македонски олимпиец Ѓоко Диневски.

Дамјановски трет со втора Олимпијада

Нордиецот Дарко Дамјановски ќе биде третиот олимпиец од Македонија кој по вторпат ќе учествува на Зимските олимписки игри. Тој беше дел од македонската експедиција и на Игрите во Торино.

Претходно двапати на ЗОИ учествуваа и Ѓоко Диневски и Јана Николовска.

Делегација од десетмина

Покрај тројцата натпреварувачи во македонската делегација има уште седум официјални лица. Тука се тренерите Иван Лесевски, Владимир Пановски и Ѓоко Диневски. Претседателот на МОК, Васил Тупурковски пристига во понеделник. Секретарот Сашо Поповски дојде неколку дена по олимпијците, додека директорот Владимир Богоевски е заедно со другите уште од првиот ден во Ванкувер.

 



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Февруари.2010 во 13:22

РОСАНА КИРОСКА

Датум: 22 јануари 1991

Висина: 173 цм

Тежина: 62 кг

Спорт: Нордиско скијање

Дисциплина: Ќе трча на патеката од 10 км во слободен стил. Според програмата таа ќе се најде на стартот во 19 часот по македонско време (10 по локално) на 15 февруари.

ДАРКО ДАМЈАНОВСКИ

Датум: 15 јули 1981

Висина: 180 цм

Тежина: 72 кг

Спорт: Нордиско скијање

Дисциплина: Ќе настапи во трката на 15 километри во слободен стил. И неговата трка е предвидена за 15 февруари, но стартот е во 21:30 часот.

АНТОНИО РИСТЕВСКИ

Датум: 19 мај 1989

Висина: 180 цм

Тежина: 84 кг

Спорт: Алпско скијање

Дисциплини: За разлика од нордијците, тој ќе настапи во две трки. Првата е на 21 февруари на патеката во велеслалом. На еден ден пред крајот на игрите, 27 февруари ќе скија и слалом.


ДОСЕГАШНИ ОЛИМПИЈЦИ

1992 Алвербил

- Весна Дунимагловска (скијање)

1994 Лилехамер

- не учествувавме

1998 Нагано

- Ѓоко Диневски (нордиско)

- Јана Николовска (скијање)

- Александар Стојановски (скијање)

2002 Солт Лејк Сити

- Ѓоко Диневски (нордиско)

- Јана Николовска (скијање)

- Дејан Пановски (скијање)

2006 Торино

- Дарко Дамјановски (нордиско)

- Ѓорѓи Марковски (скијање)

- Ивона Ивчевска (скијање)

2010 Ванкувер

- Росана Кироска (нордиско)

- Дарко Дамјановски (нордиско)

- Антонио Ристевски (скијање)




-------------


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 13.Февруари.2010 во 14:23
Zalosno za mladiot olimpiec od Gruzija sto pocinal na terning nekolku casa pred otvoranjeto тага Imal samo 21 godina i ova bile negovite prvi olompiski igri. Za zal, toj e i prvata zrtva na edni zimski olimpiski igri. Trebalo da ucestvuva vo natprevarot vo sankanje ednosed.
 
 
Nodar Kumaritashvili роза pocivaj vo mir!
 
 


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 13.Февруари.2010 во 14:31
Олимпиец загина на тренинг http://www.zazabava.com/index2.php?option=com_content&task=view&id=9049&pop=1&page=0&Itemid=73">Печати http://www.zazabava.com/index2.php?option=com_content&task=emailform&id=9049&itemid=73">Е-меил
%20Трагичен увод во Зимските олимписки игри во Ванкувер. Само неколку часа пред церемонијата за свеченото отварање...

 

..., загина Грузискиот санкаш Нодар Кумаритасвили.

При тренингот на своите први игри Нодар изгуби контрола над санката и при брзина од 144,3км/ч излета од стазата и удри во метален слолб.

Помош ми била укажана веднаш на лице место, а потоа со хеликоптер бил пренесен во трауматолошкиот центар во Вистлер.

За жал, докторите неможеле да го спасат, со што неискусниот 21-годишен санкаш стана првиот спортист кој изгубил живот во историјата на Зимските олимписки игри.

%20

%20

%20



-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 13.Февруари.2010 во 19:27
многу жално за грузиецот, стварно ми дојде жал... и делегацијата кога минеше едвај се воздржав да не плачам ( а ја не плачам мнг мнг )... најмногу тагуваше човекот што одеше последен - видов дека одеше со наведната глава и плачеше... тага
 
Почивај во мир роза


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 09:04
Падна првиот рекорд во Ванкувер
 
Штафетата на Кина за жени постави олимписки рекорд на полуфиналето на 3000 метри во турнирот по шорттрек на олимписките игри во Ванкувер. 
    
Штафетите на Кина, Канада, Република Кореја и САД ќе спорат за титулата во финалето на 24-ти февруари.
    
На полуфиналето кинезките освоија првата серија со време 4:08.797 минути, што е олимписки рекорд. Втор заврши Канада со 4:11.476 минути, следат Јапонија и Унгарија.
    
Во првата полуфинална серија победи квартет на Република Кореја со време 4:10.753 минути, пред САД со 4:15.376 минути, Холандија и Италија. 



 



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 10:49
Канада разгроми Словачка со 18:0 во првиот натпревар од групата "А" на олимпискиот турнир во хокеј на мраз за жени во Ванкувер.


По три гола за домаќините имаше Џејн Хеферд и Меган Агос. 


Головите  на Канада се двојно повеќе од ударите, кои добија во својата врата во целиот натпревар.


Во другиот натпревар Шведска победи Швајцарија со 3:0.


Разгромната победа на Канада става под прашање учеството на овој спорт на олимписки игри.16 496 гледачи имаше на дуелот.


"Тоа не помага на нашиот спорт", рекоа по натпреварот од канадскиот тим, кој  е двапати олимписки шампион.


Интересно е дека додека во Канада над 85 илјади жени тренираат хокеј, во Словачка, тие се само 263.


Следните дуели на 15-ти февруари ќе застанат Канада против Швајцарија и Шведска против Словачка. 


-------------


Постирано од: dimigor
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 20:19
Еве го видеото од Грузиецот што загина.Многу тажно. Кога го гледам како се засилува да тргне по патеката се наежувам.Трагедија...нека почива во мир!
http://mesto.com.mk/video/a8f2de7576546c8/ - Трагедија на Зимските Олимписки Игри - загина Nodar Kumaritashvili , 21 година      


Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 10:33
Дамјановски 85-ти на трката на 15 километри крос кантри на ЗОИ во Ванкувер 

Вториот наш натпреварувач кој настапи на Зимските олимписки игри во Ванкувер доцна синоќа по македонско време беше нордиецот Дарко Дамјановски.

Во „Вислер олимпискиот парк“ тој трката од 15 киломтери ја истрча за 41 минута, 36 секунди и 8 десетинки и со 8 минути и 5 десетинки послабо време од победникот Дарио Колоња од Швајцарија го освои 85 место. Сребрениот медал го освои Италијанецот Пиетро Котер Пилер, а бронзата Лукас Бауер од Чешка. Трката на 15 километри ја завршија 95 натпреварувачи.

Од македонските натптреварувачи остана да настапува уште Антонио Ристевски, кој ќе се појави на патеката за велеслалом на 21-ви февруари.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 10:47
Росана Кироска 77.ма на 10 километри крос кантри на ЗОИ во Ванкувер

 Македонската репрезентативка Росана Кироска го освои 77.место во конк*ренција на 78.натпреварувачки на трката на 10 километри крос кантри на патеката во Вислер Олимпискиот парк на Зимските Олимписки игри во Ванкувер.

Ова за 19.годишната Кироска беше прв настап на Олимписките игри, а патеката ја мина за 34 минути 45 секунди и 8 десетинки со заостанување од 9 минути , 47 секунди и 4 десетинки зад победничката Шарлота Кала од Шведска. Второто место и припадна на Кристина Смигун Ваехи од Естонија,а трета на целта стигна Марит Берген од Норвешка.

Кироска и на контролата од 5 километри се наоѓала на 77.та позиција.

Вториот наш натпреварувач Дарко Дамјановски вечерва ќе се појави на стартот на трката од 15 километри во крос кантри.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 11:26
Морнар пренесувал лепра во Ванкувер 
 
Случај на една од најголемите правела зарази во историјата на човештвото изопна нервите на организаторите на XXIте зимски олимписки игри во Ванкувер. Морнар, чие име се чува во тајност, бил примен во болница со лепра. За пациентот се знае само дека не е канадски државјанин и дека работел во машинското одделение на брод, кој е превозвал дел од полицајците за безбедноста на Олимпијадата. 

Има опасност само за луѓе кои биле во блиски контакти со предметниот морнар. Затоа видите сите од екипажот  им е даден профилактички антибиотик, вели шефот на здравствените служби во Британска Колумбија д-р Пери Кендел. 

изненадувањеизненадувањеизненадување
 



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 07:48
Германија освои злато и сребро во бобслея 

Првиот тим на Германија (Андре Ланге, Кевин Куске) освои златниот медал во трката по бобслеј за парови, а вториот (Томас Флоршуц, Рихард Адей) заслужи сребрена почести. Со време 3:26.65 минути победниците успеаја да заштитат трофея од Олимписките игри во Торино со титула од Ванкувер. Русите Александар Зубков и Алексеј Воевода останаа трети со време 3:27.51 минути и донесоа на Русија прв медал од Олимписки игри во дисциплината од 12 години.


-------------


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 12:00
Snosti ja gledav hokej mazi, uste po grupi se igra no interesen natprevar SAD- Kanada!! Salata za hokej ecese!!bukvalno i toa...domakinite zagubija 5:2,no tribinite bea 50-50..ne samo sto se blisku teritorijalno, tuku Sad i Kanada imaat zaednicka profesionalna hokej liga, pa skoro site igraci od Kanada igraat za Americki tim...super atmosfera, a i komentatorine na Eurosport Srbija se maksimalno otkaceni, sekogas suoer raspolozeni..ke te nateraat da gledas prenosсреќа
 
A malku pred toa gledav Bodi Miler kako za prv pat vo svojata dolgogodisna kariera osvojuva zlaten medal na olimpijada vo super-kombinacijata!!!дадада


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 12:13
Риш златна по падот на Вон!

Германката Марија Риш го надмина разочарувањето од спустот во средата со триумф на трката во супер-комбинација, за свое прво олимписко злато, откако нејзината најголема пријателка и прва ривалка, Линдзи Вон, која водеше по спустот, падна во слаломската трка. 25-годишната Германка е позната како вистински спортист, откако покрај скијањето игра тенис (и е рангирана во германскиот систем), а се трка и со велосипеди.

Притисокот го направи своето за Вон, која цела сезона се мачи во техничките дисциплини, додека доминира во брзинските. Самата Американка призна дека ќе биде многу тешко да се задржи мотивираната специјалистка за технички трки Риш зад неа.

Џулија Манкусо пак продолжува со олимпискиот "препород", откако пред Олимпијадата отпишаната Американка во сенка на попопуларната и поуспешната Вон, сега го заработи својот втор сребрен медал во Ванкувер, откако имаше две солидни возења во спустот и слаломот. На Манкусо се уште и претстои одбраната на титулата во велеслалом од Торино 2006.

Но, најголемо изненадување и вистински пример за олимписки дух секако претставува бронзениот медал за Швеѓанката Ања Персон, која во средата имаше неверојатен пад на олимпискиот спуст. Откако призна дека има болки по паѓањето, таа чекаше последен момент за одлучи дека може да ја стартува тешката трка која се состои од едно возење спуст и едно возење слалом. Инаку за Персон ова е втора бронза во дисциплината, откако пред четири години беше трета во старата алпска комбинација (еден спуст и две слаломски возења).

-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 12:14
Швајцарецот Симон Аман триумфираше и на големата скокалница на Зимските Олимписки игри во Ванкувер и со тоа го повтори успехот од 2002 година од Игрите од Солт Лејк сити кога освои два златни медала. На подиумот исходот беше комплетно ист како и на малата скокалница Адам Малиш од Полска го освои второто сребро, а Грегор Шриленцауер од Австрија беше трет.

Австрија имаше победничка на женскиот супервелеслалом. Најбрзо патеката ја мина Андреа Фишбахер и на својата држава и го донесе вториот златен медал на Игрите. Втора беше Тина Мазе од Словенија, а трета Американката Линдзи Вон, што за неа беше втор медал во Ванкувер.

Во Вистлер Олимпискиот парк возбудливо беше на крос кантри трката од 30 километри пурсуит (15 класично + 15 слободно) кај мажите. Маркус Хелнер од Шведска прв ја мина целната линија, пред Германецот Тобиас Ангерер и сонародникот Јохан Олсон, кој пак водеше до самата цел, но во финишот немаше сили за првата позиција.

На патеката за брзо лизгање во трката на 1500 метри златото го освои Марк Туитерт од Холандија, пред олимпискиот шампион од трката на 1000 метри Американецот Шани Дејвис и Навард Боко од Норвешка.

Во дисциплината шорт трек трки имаше во двете конк*ренции. Кај жените на 1500 метри триумф на Јанг Зу од Кина, пред Еун Буил Ли и Хи Сеунг Парк двете од Кореа, а кај мажите „1-2“ победа за Кореа. Јунг Су Ли го освои и второто злато пред сонародникот Хо Сук и Американецот Аполо Антон Охно.

На турнирот во хокеј во натпреварот од А групата Швајцарија по продолжение ја победи Норвешка со 5:4. Во Б групата Словачка беше убедлива против Летонија 6:0, а Белорусија ја совлада Германија во дуелот од Ц групата со 5:3.

По деветтиот натпреварувачки ден на листата за медали први се Американците со 23 (6 златни – 7 сребрени – 10 бронзени), пред Германија со 14 (4-6-4) и Норвешка со 11 (5-3-3).

-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 12:14
Норвешка ја потврди доминацијата во супервелеслаломот на Зимските Олимписки игри откако синоќа Аксел Лунд Свиндал го освои златниот медал и го наследи Кјетил Андре Омот, двократниот олимписки шампион. И Американците повторно имаа радосни моменти откако Боде Милер ја освои втората позиција, а изненадување направи Ендрју Вајбрехт со третото место.

Полека и нордијците на Норвешка излегуваат од кризата. Марит Бјерген по осмиот ден е најуспешната на Игрите со три медали – две златни. Бјерген на крос кантри трката 15 километри пурсуит (7,5 километри класично + 7,5 километри слободно) ја задржа предноста и триумфираше пред Ана Хаг од Шведска, која пак за 4 десетинки беше побрза од Јустина Ковалчук од Полска.

Велика Британија е 26-тата држава која освои медал во Ванкувер откако Еми Вилијамс беше најбрза на скелетон трките, пред Германките Керстин Симковјак и Ања Хубер.

Кај мажите нов златен медал за Канада донесе Јон Монтгомери, среброто му припадна на Мартинс Дук*рс од Летонија, а бронзата ја освои Александар Третјаков од Русија.

На натпреварите во хокеј беше комплетирано 2.коло кое синоќа мина без изненадувања.

Во рамките на Б групата Чешка ја победи Летонија со 5:2, додека во дуелите од Ц групата Шведска – Белорусија 4:2 и Финска – Германија 5:0.


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 12:15
Швеѓаните се обидоа да го направат крос кантри скијањето во тимски настап во саботата откако со тактика која често се гледа на Тур де Франс стигнаа до две места на подиумот во Вистлер. Маркус Хелнер стигна до победа на трката на 30 километри со 2.1 секунди предност пред Германецот Тобијас Ангерер, додека третото место со 2.8 секунди послабо време му припадна на Швеѓанецот Јохан Олсон. Со тројца Швеѓани во топ 10, имаше доволно шанси да се наруши темпото на трката и да се блокираат ривалите, но Ангерер не беше задоволен.

"Се обидоа да го сопрат ритамот на групата. Но, на крајот направија се добро бидејќи се двајца на подиумот", вели Ангерер.

Олсон не демантираше дека тој, Хелнер и Андерс Содергрен (кој беше 10.) работеа заедно.

"Беше тешко да одам соло 15 километри, но кога слушнав дека тие го прават тоа бев задоволен", вели Олсон.

Во петокот до второто злато од Ванкувер стигна Норвежанката Марит Бјерген, откако триумфираше на 15 километри. 29-годишната Бјерген ја совлада Швеѓанката Ана Хаг и светската шампионка во пурсуит Полјачката Јустина Ковалчик, која во фото-финиш ја совлада Норвежанката Кристин Стермер Стеира.

"Ова е одлична Олимпијада за мене. Минатата година го сменив мојот тренинг бидејќи сакав да бидам целосно подготвена во Ванкувер, последна шанса да освојам олимписко злато", вели Бјерген, која може да освои и други медали во штафтета и маратонот на 30 километри.


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 12:17
Боде Милер стана олимписки шампион во суперкомбинација
Понеделник, 22 Февруари 2010 07:30

Американецот Бoде Милер стана олимписки шампион во ски-алпската дисциплина во суперкомбинација за мажи на Олимпијадата во Ванкувер.

Ивица Костелиќ од Хрватска е носител на сребрениот медал а Силвен Цурбиген од Швајцарија остана третопласиран.

Најдобриот во комбинација, Боде Милер постави вкупно време по спуст и слаломската трка од 2 минути 44 секунди и 92 стоинки а второпласираниот Ивициа Костелуќ заостана само 67 стоти делови.

Колку беше изедначена борбата покажува и времето на третопласираниот Цурбриген кој зад Костелиќ на третата позиција имаше послаб резултат за 7 стотинки од Хрватот.

Пласман во суперкомбинација за мажи:
1. Боде Милер - САД
2. Ивица Костелиќ - Хрватска
3. Силван Цурбриген - Швајцарија
4. Карло ЈАнка - Швајцарија
5. тед Лигети - САД
6. Бенџамин Рајх - Австрија



-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Февруари.2010 во 07:15
Титула за Канада  во шорттрекот 

Канада освои златните награди и при штафетата во шорттрекот на игрите во Ванкувер  во дисциплината до 5 километри. Вкупното време на победниците во финалето "А", беше 6:44,244 мин .Втори останаа спортистите на Јужна Кореја, со време 6:44,446. Трети се нареди тимот на САД, заостанувајќи само на 52 стотни. Силно трчање за Американците направи Аполо Оно, кој пред тоа беше дисквалификуван во индивидуалниот натпревар кај мажите, во дисциплината на 500 метри.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Февруари.2010 во 07:58
Хокеј на мраз: Финска со бронзени награди во Ванкувер 

Националниот тим на Финска за хокеј на мраз освои бронзени медали од 21-ите Зимски олимписки игри во Ванкувер, соопшти официјалниот сајт на трката. Во малиот финале Финска победи исклучително драматично Словачка со 5:3 (1:0, 0:3, 4:0). Te одлучија работите во своја корист дури во последната третина, кога одбележаа четири безответни гола. Со основен придонес за доброто претставување беше Оли Йокинен, кој истакна две попаденията. Другите головите беа дело на Валтер Филпула, Никлас Хагман и Сами салон, кој оформи конечниот резултат.
За Словачка прецизни беа Маријан Габорик, Маријан Хоса и Павол Демитра, што сепак не беше доволно и на тој начин Финска се окичи со бронзени признанија.
Големиот финале ќе се одигра оваа ноќ меѓу составот на САД и Канада.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Февруари.2010 во 08:03
 Канада со златото од машкиот турнир кaрлинг
 
Mашкиот тим на Канада донесе нов златен медал за домаќините од 21-ите Зимски олимписки игри, кој се одржа во Ванкувер, јави Евроспорт. На финалето Канада се стави над составот над тима Норвешка со 6:3. Победата е рекордна 13 по ред за канадците на Олимпијадата, што повеќе од 6 илјади навивачи пeeха националната химна на земјата за време на награждаването.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Февруари.2010 во 10:36
Пласман после 15-от ден по награди
 
Држава/ Златни/ Сребрни/ Бронзови/ Општо
1. Канада          13        7               5               25
----------------------------------------------------------------------
2. Германија      10      12               7              29
----------------------------------------------------------------------- 
3. САД                  9       14            13              36
----------------------------------------------------------------------
4. Норвешка        8         8               6             22
----------------------------------------------------------------------
5.Јужна Кореја    6         6               2             14
----------------------------------------------------------------------
6. Швајцарска      6         0              3             9
---------------------------------------------------------------------- 
7. Кина                 5          2             4              11
----------------------------------------------------------------------
8. Шведска           5          2             3              10
---------------------------------------------------------------------- 
9. Австрија            4         6             6              16
-----------------------------------------------------------------------
10. Холандија       4         1             3              8 


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 01.Март.2010 во 09:28
Затворени 21. Зимски олимписки игри во Ванкувер

Зимските олимписки игри во канадскиот град Ванкувер свечено се затворени рано изутринава по средно европско време, по две недели натпреварувања во 15 спортови и со учество на 2.638 спортисти од 82 земји.

Прекрасната церемонија на затворањето на Би-Си Плејс стадионот, пред околу 60.000 гледачи, е завршена со спуштање на олимпиското знаме и гаснење на олимпискиот оган, кој повторно ќе биде запален на 7 февруари 2014 година во рускиот град Сочи.

Пред да ги прогласи за затворени 21. ЗОИ, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Жак Рог ги опиша како „одлични и многу пријателски“, уште еднаш оддавајќи му почит на трагично починатиот грузиски санкач Нодар Кумариташвили, кој го загуби својот живот на тренинг на 12 февруари, непосредно пред отворањето на Игрите.

Рог претходно го прими олимпиското знаме од рацете на градоначалникот на Ванкувер Грегор Робертсон, а потоа му го предаде на неговиот колега од Сочи Анатолиј Рахомов, по што на јарболот беше подигнато руското знаме и изведена кратка програма за претставување на домаќинот на 22. Зимски олимписки игри.

Најбројна репрезентација на овие Игри, трети кои се одржани во Канада, имаа САД, кои беа претставувани од 216 натпреварувачи, а следеа домаќинот Канада со 206 и Русија со 187 спортисти.

Најмногу златни медали освои Канада (14), пред Германија со 10 и САД со девет освоени највисоки признанија.


-------------


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 01.Март.2010 во 17:58
Ептен малку гледав од Олимпијадата,и сега ми е мака.тага

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk