|
Омилени соседи |
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Автор | ||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како може да ти биде ова за Вероисповед, па моите лични ставови и верувања влијаат врз моите погледи врз сите сегменти од животот. Не можам јас во црква да бидам добар верник, и да сум убедена дека треба да ги љубам своите непријатели, а надвор од таму или на тема Политика-да ги мразам. Тоа би прилегало на двојна личност, а јас тоа ен сум. Една изградена личност која си има свои ставови неможе туку така да биде дистанцирана од себе. Се гледа дека си многу млад, но со тек на време кога ќе се изградиш како личност, ќе видиш дека тоа не е баш така едноставно, освен ако човек нема некое душевно заболување кое би водело до внатрешен расцеп |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За забеган: Кога некој човек ги мрази своите соседи, тој пред се не е во мир со самиот себе, ниту пак може да се сака самиот себе. А за да ги сакаш другите, прво мораш да знаеш да се сакаш себеси. (Сакај го својот ближен како што се сакаш себеси)
Секогаш кога ќе видам човек кој е искаран со сите соседи и на кој ништо не му чини знам дека проблемот не е во соседите, бар не секогаш. Изменето од maria_magdalena - 28.Февруари.2010 во 00:16 |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ве молам без лични препукувања.
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Интересни се ставовите на марија м. и ми се допаѓаат, но сепак треба да бидеме на јасно со некои работи.
Ако добро разбирам, Марија кажува дака го сака народот и нормално е да е така... и ја се сложувам со тоа, но сигурен сум дека и марија би била согласна дека кога станува збор за политиката т.е. за надворешната политика на нашите соседи кон Македонија - тука нема “христијанска милост“ или етика и бонтон - а политика!
Мене не ми се допаѓа политиката на нити еден наш сосед -најмалку на Србија... како да забораваме дека они постојано и подмолно работат против нас и се замараме со бугари, албанци, грци.... а србите не “тапкаат“ по рамо и како што не “тапкаат“ така и ножот ни го забиваат...
колку ли само до сега направија скандали кај нас и како ништо да не било..
па погледнете ја четничката политика по однос на црквта... верувајте ми дека не постои разлика и во државната политика - но кај нас некако не се замараме со “србите“ ... демек они се наши... па се прашувам: Јас србин ли сум... за секој дневно преку медиумите некој да ме “србизира“...
Зарем не е жално тоа што се случува во нашата држава...
Зарем народот треба да биде жртва на политиката и медиумите на двајца “болни“ јуносталгичари... а ние како нација секојдневно да ја трпиме нивната “србоманска“ тортура... а се занимаваме со другите соседи...
тука има проблем - ете конкретно во Охрид изјавата на градоначалникот некако помина “ незабележано“ ...
Ако ова го изјавеше неговиот против кандидат Кирил Трендафилов Нанче - тоа ќе беше скандал на деценијата, а можеби и на столетието...
Бучко во негово време пропагираша “пробугарска политика“ па никому ништо... Едноставно како ништо да не кажал! (сетете се за празнувањето на Илинден)
и безброј вакви случки...
Затоа по нашите канали не може да се чуе ништо друго освен велико српски идеи и српски шоу емисли и силиконски певалки... па ми се гади од ова....
а се чудам совет за радиодифузика како дозволува да има толку српска програма... (жално е за нас македонците....)
но тоа не тоа... кој што си надробил тоа ќе си срка...
|
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
во таа реалност нема простор за проповедања или филозофирање а да го сакаш непријателот воопшто не е убаво, зошто да сакаш некој кој сака да ти наштети? ако ти него го сакаш додека тој кова планови на кој начин да те уништи, тогаш со среќа... да повторам пак дека се работи за политика, а не за нечиј душевен мир а и да е за душевен мир, јас душевен мир ќе имам кога никој нема да ми претставува закана Изменето од zabegan - 28.Февруари.2010 во 00:49 |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
па еве и самата политика толку многу пати низ историјата ја има злоупотребувано и уништувано религијата, а тоа се прави и денес, така да, да имаш религиозен политички став е многу нереално, барем според мене... |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Omilenosta kon nekoj od sosedite moze da se meri niz razlicni arsini.
Licno mene ne bi mi precelo da imam zena srbinka, ili pak bugarka, grkinka, rusinka i sl. Bi mi precelo i nikogas ne bi osnoval semejstvo so nekoja protestantka ili katolicka, drugite ne sakam ni vo misla da gi stavam. Toa e za semejstvo, a za onaduvanje e druga prikazna . Toa i praksata go dokazuva i den denes, koga mnogu makedonci-ki se zimaat so srbi-nki, bugari i dr. bliski po vera nacionalnost. Sekoja ptica vo svoe jato, taka vikaat starite |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
немам доверба, ама најсродни и со култура и со се ни се србите мислам... ради ЈУ, де
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сите соседи си ги почитувам и сакам, некои заради народот/менталитетот, други заради природните убавини, трети од бизнис гледна точка (лична)...
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
a,.koj drug moze da bide? se koja od koja ,..pozae**** ,...osven grcija,..dabome!
Изменето од Анастеа - 01.Март.2010 во 01:43 |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
абе луѓе не се работи за лични односи, пријатели и семејства, па фала богу секој човек е различен, и без разлика на етничка и верска припадност може да ти биде пријател или непријател
се работи за политички меѓусоседски односи, освен ако погрешно не сум ја разбрал темата |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Така е забеган, јас дури сега видов дека анкетата на темата е “Во која соседна држава имате најмногу доверба“ иако темата гласи “Омилени соседи“. Тоа не е исто, никако.
Па отткука мислам и секое недоразбирање, поради слабата дефинираност. Зашто, едно е Омилен сосед (кој може да е омилен поради куп причини) а сосем друго Во кого имаме доверба. Во случај насловот да е како и насловот на анкетата, би одговорила Бугарија. Мислам дека на секое поле имаме солидни односи, а и взамна почит. Штета е што толку години, за време на комунизмот цело време биле оцрнувани како најгоеми непријатели на македонскиот народ, никогаш не се согласував со тоа. |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Забеган, не си ја разбрал погрешно темата, дискутираме на подфорум политика и се знае на какви односи со соседните држави се мисли и на каква доверба.
Е сега, нормално кај секој човек да има и емотивни поврзувања со одредена земја или народ, како туристичка дестинација, како природна убавина, култура, народ, лични врски, бизнис релации.... Имам пријатели од скоро сите околни држави, немам предрасуди кон никој, луѓето ги гледам прво како луѓе, потоа како Срби, Грци, Бугари, Албанци, Мексиканци, Тунгузијци... Секоја од околните држави си има свои убавини и свои недостатоци. Но, политика си е политика и тука треба реално согледување на односите со соседите и нивната политика кон нас. Од таа призма, пред се поради политичко-историските проблеми, пропаганди, присвојувања и негирања од соседите, омилена соседна држава, во која би имала најмногу (политичка) доверба - немам. |
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
исто така слушам коментари од типот дека сите направиле по нешто за нас, а ние не сме им возвратиле, па зарем ја имаме ние таа моќ да помагаме на држави поразвиени од нас? |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |