|
Aнтички или словенски? |
Внеси реплика | страница <1 6061626364 74> |
Автор | |||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Toa ne e tolku cudno - sto stanuva so zborovite koi gi koristat hunzite a imaat slavjanski zvuk - kako toa pak se slucilo,kade i kako se tuka vlasite i grcite
|
|||
g-1
Сениор Регистриран: 10.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
A, da, mozeme da vidime od video materiali, a ushte podobro od nivnata neodamneshna poseta. Orginal kako "slavejcinja". Изменето од g-1 - 26.Февруари.2010 во 12:08 |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Sekako moze da razgovaras i so lugjeto sto imaa kontakt so niv koga dojdoa - impresiite bea nevideni - drugite pak zacudeni kako "gluvcinja"
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не ми е јасно зошто е толку чудно што зборувале грчки.Малку е познато кај другите ( Не Власи) дека Власите се билингвисти и дека сите од мали напоредо ги учат двата јазика- влашкиот и јазикот на земјата во која живеат, а како трет го учат и јазикот каде ќе се доселат. И би молела ако може постовите да се префрлат во темата Власи, поточно сликите бидејки се милина за очи, а веројатно тука ке бидат избришани сметајки ги како коментари вон тема. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мамамд, зарем во НР Македонија службен јазик беше грчкиот? Или пак во Скопје се зборуваше грчки? Саракачаните, барем дел од нив, се нарекуваа Грковласи, не Власи и не знаеја влашки ( барем тие во Скопје ), меѓу себе на грчки си говореа. Додека цело Влашко маало говореше влашки и македонски, тие говореа грчки ( меѓу себе ) и македонски. Постовите се дел од темата, затоа што ??.??. ги постави како компарација на носиите на Хунзите, кои се декларираат Македонци и Саракачаните, кои како што разбрав се декларираа Грци, а штом досега не се избришани, значи има причина за тоа. Гледам дека си го цитирала ??.??. веќе во темата Власи. Се надевам дека ??.?.?. ќе каже и таму нешто повеќе околу Саракачните, нивната национална припадност и слично. Изменето од Македон - 26.Февруари.2010 во 16:43 |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Како еден од околу деветте илјади Македонци што живеат во Англија, одамна сум сведок на контрастите меѓу неосознаениот патриотизам кој е правило во Македонија и чудното одбегнување на прашањето за националниот идентитет меѓу Македонците во Англија.
Живеејќи во Англија од 11-годишна возраст со по една нога газам и во двата кампа - или поточно се чувствувам странец и на двете места. Во почетокот воопшто не зборував англиски, потоа зборував англиски со акцент, потоа макдонскиот ми доби акцент, а сега со потешкотии се сеќавам на некои македонски зборови. Оваа двојност не ми претставува проблем - подготвен сум да му се извинам на некого ако го згазнам на ногата, но и да кружам низ куќата да ги затворам прозорците за да не дува промаја. Една од најлесно препознатливите македонски карактеристики која ја надминува границите на класната поделба е ревносната приврзаност кон идејата „да се биде Македонец“. Меѓу обичните Македонци нема да најдете многумина кои се прашуваат што значи националноста, имајќи предвид дека македонската националност веќе се доведува до прашање од соседните земји. Најкарактеристичен мешу нив е за Балканот типичниот дипломатски ќорсокак - 19-годишниот спор со Грција за името. Зачленувањето на Македонија во ЕУ е еден од приоритетите на македонската Влада, но процесот беше запрен со грчкото вето на сите асоцијативни процеси. Поради грчките забелешки во сите официјални документи на Обединетите нации и НАТО Македонија се нарекува ПЈРМ (Поранешна југословенска Република Македонија), што згрозува многумина во Скопје. Атина го оспорува уставното име на Македонија (Република Македонија), бидејќи смета дека терминот Македонија и идентитетот кој произлегува од него се дел од нејзиното античко културно наследство. Некои од македонската страна велат дека напротив македонскиот народ е тој кој може да претендира како културен и етнички наследник на древното царство на Александар Велики, со аргументот дека тој народ никогаш не го напуштил регионот. Аспирациите како на Грците, така и на Македонците, за наследство на древното македонско царство се бизарни. Иако биле дел од елинистичката култура, античките Македонци не биле „Грци“ во ниту една денешна смисла на овој збор, но со сигурност тие не биле ни словени. Источниот сосед на Македонија, Бугарија беше меѓу првите земји што официјално ја призна македонската држава, но таа се уште одбива да ја признае како нација, сметајќи ја земјата и нејзиниот народ за оттуѓени Бугари. Многумина во Бугарија македонскиот јазик го сметаат за дијалект на бугарскиот. Како и во случајот со Грција противречностие во односите со Бугарија водат корени во сложената историја на регионот - во овој случај станува збор за нетолку далечен период во историјата. Во текот на 19-от век локалните револуционери како Гоце Делчев и Јане Сандански воделе вооружена борба против Османлиите, остварувајќи слаб политички успех, но стекнувајќи се со ореолот на речиси митски личности меѓу локалното население. И Македонија и Бугарија се однесуваат исклучително посесивно кон овие личности и не можат да се договорат за нивната националност. И во двете држави има градови што го добиле името по Делчев, а негови споменици се поставени на македонските и бугарските градски плоштади. Портретот на Делчев висеше во мојата училница во основното училиште, а неговото име заедно со она на Сандански се споменуваат во македонската национална химна. Слично на Грците, и Бугарите сметаат дека ќе изгубат вреден дел од своето историско национално наследство ако отстапат пред идејата за посебен македонски идентитет. За зголемување на збрката придонесува и фактот што османслиските бирократи кои вршеле пописи на населението пред 20-от век не правеле разлики меѓу националните идетитети, па терминот „христијански Словени“ за нив бил сосема доволен. И подоцнежните истражувања не се од особена помош - антропологот Роберт Њуман, кој патувал низ македонските делови на Кралството Југославија во 1935 година, утврдил дека многу локални жители се декларираат како Бугари, Срби, Македонци или Турци во зависност од тоа кој идентитет им изгледал поприфатлив во конкретната ситуација во која се наоѓаат. Денес во Македонија разговорите за политиката се сеприсутни и жешки - фрустрациите од дипломатските спорови се големи, затоа што сите знаат кои се и што се и немаат трпение да чекаат останатите да го признаат она што веќе постои. Македонците пијат турско кафе, возрасните гледаат преведени аргентински сапуници, тинејџерите слушаат американска популарна музика и сите сериозно ја сфаќаат Евровизијата. Низ целата држава се наоѓаат византиски урнатини, османлиски пазари, средновековни православни цркви и бетонски градби од времето на југословенската ера. Како и кај секоја друга нација суштината не може да биде објаснета, но е лесно разбирлива ако си дел од неа - тоа претставува збир од многу работи, некои добри, некои лоши (како што може да потврди ромското малцинство), но во основа сите се македонски. Со Грци и со Бугари сум разговарал во смисла „зошто ме негираш затоа што си Грк/Бугарин?“. Не можам да се сетам што точно ми одговорија, бидејќи веројатно беше нешто неинтересно од типот „па ... не сум сигурен“. Би сакал да кажам: Не е важно дали Гоце Делчев бил Бугарин, дали Александар бил Грк и дали моите претци во 19-от век се сметале за Срби или Турци - јас не сум ниту едно од сето тоа. Да се биде ПЈРМ-ец е бессмислено, а да се биде Бугарин не може да стане ни збор. Веројатно станува збор дека сме земале грчки термини и симболи додавајќи варијанти на бугарскиот јазик и сме ги измешале за да создадеме нација и народ, кои потекнуваат од заедничкото наследство на регионот. Но, ништо од сето тоа не го менува фактот дека денешните Македонци не се ништо друго освен Македонци и имаат право да се нарекуваат така. |
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Интересен пост. Дали ова е твое дело, бидејќи немаш наведено извор?
Инаку, во однос на јазикот има една невистина во погоре изреченото- ние не сме ги „земале“ тие варијанти туку сме ги зборувале и се уште ги зборуваме. Јазикот го имаме наследено, и не залудно јазикот се вика мајчин. Има и една друга непринципиелност, но за тоа потоа, ќе чекам првин да ми одговориш на прашањето дали текстот е твој. Изменето од Pat - 05.Април.2010 во 12:36 |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не,не е мој,го видов ми се допадна,мислев дека е соодветен на темата и го постирав
Изменето од Boogie - 06.Април.2010 во 00:07 |
|||
ThePPPTrooper
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор АнтиКомунист.. Регистриран: 12.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 581 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Неодамна добив прашање во врска со тоа зашто немаме заеднички став околу прашањето за Антички или Словенски Македонци и кој е мојот став за тоа прашање...еве го мојот одговор..
Е вака.. прва работа, за воведната реченица. Немаме обединетост во ставовите поради преголемата себичност, суетност и ароганција. Ќе наведам два примери. Пред неколку години убедував еден пријател дека Аристотел бил Македонец. Тој упорно одбиваше да го признае тоа и кажуваше како тој му ја полнел главата на Александар со хеленска култура. Подоцна се појави во јавноста Ангелина Маркус, која тврдеше дека Аристотел бил Македонец. Мојот пријател преку ноќ го смени своето мислење и почна да тврди дека Аристотел бил Македонец. Втор случај. Професорка која предава предмети од областа на политиката цинично кажува дека Александар бил хомосексуалец. Студент по историја и археологија аргументирано ја демантира. Таа не сака ни да слушне. Прашањето е, што е проблемот во ситуацијата? Мораше на мојот пријател некој авторитет да му каже за Аристотел, мојот збор не вреди, јас не сум важен? Истото е и со професорката. Не прифаќа мислења од обични мали студенти? втора работа. Да кажуваш дека си Антички Македонец или Словенски Македонец е чиста глупост. Ти си Македонец. Така се роди и крај. Немојте да ме убедувате дека после илјадници години, поминати римски, византиски, словенски (некои тврдат дека доаѓањето на Словените е мит), турски, бугарски, албански, грчки, српски војски, па потоа и со глобализацијата, со мешани бракови, сега треба да кажуваме дека сме вакви или онакви чисти Македонци. Сето тоа произлегува од хормоналниот патриотизам, оној кој подлегнал на патриотската пропаганда. Ние имаме проблем во менталниот склоп. Кога некој денес зборува за Александар Македонски, кажува како Македонија била до Индија и го владеела светот. Никој не зборува како сега да го владееме светот. Како да се подобриме себеси, да се стремиме кон совршенство. Залудно се декларираш како антички Македонец, потомок на Филип 2-ри, кога живееш како дивјак, не почитуваш ништо и никого, кршиш и чкрташ по автобусите, ги кршиш кантите за отпадоци, КОГА НЕ ЦЕЛИШ КОН ВРВОТ! трета работа. Историјата е станата поголема к*рва и од политиката. Ние имаме проблем да се договориме околу дејноста на Тодор Александров, а не пак да зборуваме за антиката. Историјата изобилува со фалсификати, подметнати од соседните земји со цел остварување на историските аспирации. Античките Македонци зборувале грчки јазик? Невозможно! Зборовите Грција и Грци се појавуваат пред околу 200 години. Тие можеби зборувале хеленски, но велам можеби. Има македонски истражувачи и научници кои го велат спротивното. Дека имало македонска цивилизација, сите градови биле перфекција, со неверојатна култура. Еве едно мое размислување. Значи Македонците во антиката биле племе, група на неписмени овчари, кои биле обединети од Филип 2-ри. Што е проблемот. Како тие неписмени овчари успеаја да создадат светска империја и да направат систем кој ќе и овозможи беспрекорно да функционира со години, со векови.И НАЈВАЖНО: КАКО НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ТИЕ НЕПИСМЕНИ ОВЧАРИ СЕ ПОЈАВИ КОКИНО; ОБСЕРВАТОРИЈА КОЈА ГО МЕРЕЛА ВРЕМЕТО ПРЕЦИЗНО КАКО И ДЕНЕС, 1200!!! ГОДИНИ ПРЕД ХЕЛЕНСКИОТ АСТРОНОМ МЕТОН ДА ГО СОЗДАДЕ ЛУНАРНИОТ СИСТЕМ??? Затоа, да резимираме. Залудна е целата енергија околу таа античка Македонија. Треба да си направиме наша модерна античка Македонија. Таа Македонија ќе се огледува во вредностите кои ќе ги негуваме. Кога ќе престанеме да си поставуваме сопки, кога дивите таксисти нема да ги 'ограбуваат' туристите од странство, кога навивачите нема да навиваат качени на столчињата...кога...кога...кога ќе се цивилизираме и излеземе од балканското ниво. А што ако не водеа и словенски и антички Македонци политичари? Тие не оставија 30 години зад светот. На крај ќе кажам. Грците се единствени и во лагата. Знаат како приграбија голем дел од Македонија во 1913-та. Сепак се единствени во ставот. Затоа ослободете се од догмите! Нема ВМРО вакво, ВМРО онакво, антички Македонци, словенски Македонци...ИМА САМО МАКЕДОНЦИ! Нашиот репер треба да биде Шарпланинецот. Погледнете го тој пес, кој е овде од памтивек, кој ги надживеа сите окупатори. Неговиот однос спрема стопанот. Верен, непоткуплив, искрен, решителен во одбраната на своето. Такви треба да бидеме и ние! Такви во одбраната на нашиот стопан, куќата која ни е доверена на чување, името нејзино, Македонија! Вистината нека не води да бидеме единствени. Македонија на Македонците! Изменето од ThePPPTrooper - 15.Април.2010 во 22:02 |
|||
Those who wants to live, let them fight, and those who does not want to fight in this world of eternal struggle, do not deserve to live!
|
|||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во Стоби откопана мермерна глава стара 2.000 години
линк |
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
само , таа главурдата не е од античкиот период на аце туку од периодот на римската империја
|
|||
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Откриена античката Струмица Монети од времето на античкиот крал Филип Втори кои потекнуваат од четвртиот век пред нашата ера и на кои е претставен ликот на богот Аполон се пронајдени на локалитетот Цареви кули во близина на Струмица, каде што, според археолозите, се наоѓал античкиот град Астраион. Монети од времето на античките македонски кралеви се ископани на повеќе домашни археолошки локалитети, но за првпат се откриени во Струмичко, каде што периодично се истражува од 70-тите години на минатиот век. Раководителот на проектот, археологот Зоран Рујак, вели дека покрај паричките има и други наоди од тоа време, кои сведочат за постоењето антички град во оваа област. - На локалитетот најдовме амфори од 5 и од 4 век пр.н.е, приврзок со претстава на бронзен орел од 4 век пр.н.е, написи на керамички плочки, накит, фрагменти од вазни и друго - вели Рујак. Сите наоди се ископани за време на последните истражувања на локалитетот, почнати пред еден месец. Археолозите тврдат дека најновите откритија ја потврдуваат старата теза според која токму на местото каде што сега се наоѓа Струмица постоел античкиот град Астраион. - Сега сум сигурен дека тука живеел Астраион. Наодите покажаа дека градот постоел уште од 5 век пр.н.е, од времето на Филип Втори “ објаснува Рујак. Досегашните наоди на Цареви кули укажуваат дека живот на Струмичката тврдина имало од енеолитот (5000 години пр.н.е), кој продолжил и во средниот век, се до крајот на 16 век. - Најдени се праисториски куќарки-земјанки во карпа, доцноантички бедем и две кули под средновековниот бедем на тврдината. Постојат и артефакти кои покажуваат дека местото каде што се наоѓала Струмичката тврдина се користело за време на Балканските војни и за Двете светски војни - вели Рујиќ. Министерството за култура одвои три милиони денари за почетокот на годинешните археолошки зафати на наоѓалиштето Цареви кули. Од Министерство велат дека, по најновите пронајдоци, за локалитетот ќе бидат одвоени уште средства. На Струмичката тврдина ќе се ископува една година. Изменето од Vercingetorix - 24.Април.2010 во 16:06 |
|||
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
МАКЕДОНЦИТЕ НЕ ГО ЗАБОРАВААТ СВОЕТО ИМЕ
Наспроти обидите од надворешните сили да ни се замени етничкото име со политичко, сепак гледаме дека успех не е постигнат. Причини за ова има неколку. Некои од нив се: 1. На прво место несомнено е причината дека Македонецот никогаш не ја заборавил својата древна слава. Имињата на двата најголеми македонски цареви Филип Втори и Александар Македонски, пренесувани низ вековите, стигнале и до нас. Овде секако се и урнатините на старите македонски престолнини Едеса (Воден) и Пела; потоа надгробните споменици, расеани речиси низ цела Македонија - сето тоа постојано го потхранувало споменот по минатото и жедта за ново воскресение на нашиот народ. 2. Значителен дел од нашата татковина, уште од крајот на 8. век, го востановил своето етничко име. Тоа е територијата на источна Македонија, која ги опфаќала следниве граници: на север стигнувала до падините на Стара Планина. На југ, по течението на р. Марица, стигнувала до Егејското Море. На запад стигнувала до околината на Солун. Оваа територија од крајот на 8. век била организирана како одделна административна тема во Византија, која го носела името Македонија. Ова име останало до крајот на византиското владеење. 3. Византија продолжувала да ги собира своите војски на етнички принцип. Така, во оваа империја, постоеле: "тракиска војска", "македонска војска", "словенска војска" итн. Овие војски биле обучувани и командувани главно од команданти Македонци, кои стекнале слава како најдобри полководци, додека нивната војска се сметала како најдобра во битките. 4. Своја заслуга имаат и македонските писатели. Како прва земја во Европа, која го прифатила христијанството, Македонија дала многу маченици во негова слава. Споменот на овие маченици бил овековечен во т.н. "житија". Во овие житија, писателите ја спомнувале својата татковина и, што е уште поважно, секогаш ја разграничувале од соседните земји и народи. 5. Се разбира дека овде се и западните хроничари кои честопати го спомнувале нашето етничко име. Со посебна популарност биле користени и четирите книги за солунскиот чудотворец Свети Димитрија. Во нив среќаваме многу детали од политичкиот и општествено-стопанскиот живот на Македонија во Средниот век. Во "Месецословот", пишуван во времето на Василиј Втори, каде што се собрани поголемиот дел од житијата на македонските свештено-маченици, пишува дека: "...четириесетте девици-маченици биле од Адрианопол во Македонија" (ГИБИ, т. 6, стр. 48). Од посебно значење биле и многуте географски патеписи, кои ја користеле старомакедонската топонимија. Така, на пример, Михаил Псел раскажува за востанието на Македонците во 1057 година, на чие чело бил Лав Торник. Псел, како современик на Торник, соопштува дека Македонците си биле живи и здрави и во 11. век. Тој пишува: "Тогаш околу престолнината имаше многу Македонци, главно такви, кои од памтивека живееја во Адрианопол" (исто, стр. 102). Овде Псел открива и дел од моралните квалитети на Македонците, па пишува: "Повеќето Македонци се луѓе, полни со надменост и смелост..." (исто, стр. 105). |
|||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Адрианопол Одрин ли беше? |
|||
Внеси реплика | страница <1 6061626364 74> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |