|
Возобновување на БИГОРСКИОТ МАНАСТИР |
Внеси реплика | страница <1 678910> |
Автор | ||
LoveHim
Нов член Регистриран: 11.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 13 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас не сум воопшто против возобнувањето на манастирот, и против донациите за манастирот, но аке веќе сите свештеници сакаат да се возобнови манастирот побрзо, нека продадат некое BMW,Mercedes ili Audi, секако имаат по две возила на човек, нека бидат малку скромни, како што се имаат заколнато пред да станат свети лица.
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Манастирот се гради со помиш на вистинските верници а не со BMW,Mercedes ili Audi... ако некој се плаши и лично е загрозен од силата на манастирот или дека “конечно православието се буди и се слуша гласот на Живата Црква“ тогаш тоа е негов личен проблем...
|
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
LoveHim
Нов член Регистриран: 11.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 13 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас не се плашам од силата на манастирот, затоа што манастирот нема сила, туку Господ има сила. Како второ кажи ми дали згрешив за тоа што го кажав за свештениците, дека пред да станат свети лица се колнат на скромност. Межеби се скромни, или може да се рече дека личат многу на Исус Христос, целите со злато наредени како да се цареви. Ако тоа нивното го нарекуваш скромност тогаш што да речиме за другиов народ. Не велам за сите, но повеќето се тука не поради Божја слава, туку поради човечка.
|
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Da ne ja rasipuvame temata za vozobnuvanjeto na manastirot Sv. Jovan Bigorski. Daj Boze site da se potrudime kolku sto mozeme ovoj kulturen spomenik na Makedonija povtorno da go vrati svojot sjaj . Prekrasni spomeni mi doagaat od vremeto koga go posetuvav ovoj manastir i uzivav vo Bozjata priroda vo koja e smesten. Daj Boze sto poskoro da se vozobnovi. AMIN! |
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е зашто не отвориш тема за овој проблем... тука ли најде да пишуваш за ова?
А манастирот служи на Господ и затоа Господ дава сила... така да знаеш...
|
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ТОРЖЕСТВЕНА ПРОСЛАВА НА ИМЕНДЕНОТ НА ИГУМЕНОТ НА БИГОРСКИ МАНАСТИР - АРХИМАНДРИТ ПАРТЕНИЈ
Свечени богослужби во Бигорскиот манастир (20.02.2010) Радувај се, облека на лишените од смелост; радувај се љубов што победува секаква лоша желба! ( стих од Акатистот кон Мајkата Божја) Со колку нежна мајчинска љубов Пресветата наша Владичица ги закрилува монасите. Ја излева врз нив својата благодат, им доаѓа на помош во моментите на искушенија, им испраќа утеха во неволјите и ги учи на постојана молитва кон нејзиниот Син и наш Господ Исус Христос. А монасите, тие ангели во тело, ја чувствуваат нејзината неизмерна љубов и Ѝ возвраќаат на Пречистата со бескрајна почит и верност, со најголема доверба ги упатуваат своите молби, како дете кон својата мајка, ја величаат со химни и славословија, надевајќи се на нејзиното неуморно застапништво и искрено сострадување во крсниот подвиг на трнливиот монашки пат. Таа неземна поврзаност на оние што Христа ради ги презреле сите светски задоволства со Богомајката се надѕира во сите аспекти на монашкиот живот, но најмногу доаѓа до израз токму во деновите на Великиот пост, кога низ стиховите на Акатистот кон Мајката Божја монасите ја преточуваат во зборови сета своја синовска нежност, почит и верност. За браќата од Бигорската света обител првиот Акатист е особено свечен момент за кој тие со посебна љубов се подготвуваат. Во чест на Царицата храмот, кој уште на почетокот од постот се облекува во црно, тогаш ги остава своите строги темни покајнички покривки и повторно го наметнува празничното руво, се закитува со цвеќиња и исполнува со благопријатни мириси, нестрпливо очекувајќи го мигот кога монасите ке ги отворат своите срца за од нив да потече најубава химна за пожртвуваната молитвеничка и застапничка за целиот човечки род, нашата премила Мајка Богородица. А оваа година Бигорскиот храм ги собра на молитва и братството и сестринството од метохот на Св Георгиј Победоносец, а и голем број на верници кои поттикнати од голема љубов ги занемарија големите препреки и опасностите од постојани лавини и сепак притекнаа кон манастирот, за заедно со монасите да ја чествуваат Мајката Божја. Веќе следниот ден храмот беше дури и претесен за да ги собере сите што пристигнаа на свечената архиерејска Божествена Литургија, во чест на славниот Партениј Лампсакиски, светителот чие име го носи и игуменот на Бигорскиот манастир. Повторно верните духовни чеда се собраа од сите страни за да го прослави именденот на својот сакан старец, и да му ја искажат својата неизмерна благодарност што со својата неуморна грижа и татковска љубов им овозможи „да пијат од изворот на Преданието, кој постојано тече во овој свет манастир, што ги запира нивните чекори, кога се оддалечуваат од евангелскиот пат, дење и ноќе непрестано го смилостува праведниот Судија, молејќи го да ги прости нивните беззаконија и да ги чува од секакви искушенија и зла“. Во оваа прилика, митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки, г. Тимотеј, кој, на голема радост на монасите, исто така пристигна во манастирот и кој чиноначалствуваше со светата Божествена Литургија, упати и пригодна беседа до присутните, во која уште еднаш им напомна за значењето на постот, за тоа колку е потребно ова силно духовно оружје во борбата против разните искушенија и соблазни: 'Нашиот Спасител Господ Исус Христос,својата искупителна мисија за спасување на човечкиот род ја започнал со постот.Немал потреба да пости бидејќи е безгрешен,но сакал да ни покаже пример на нас грешните дека треба да постиме...Постот е потребно средство за да се постигне почист и совршен духовен живот.Со постот се контролираат страстите,се задушуваат лошите мисли,се исфрлаат нечесните желби,со еден збор,со постот од стариот гревовен човек се соблекува извалканата облека и се облекува во чиста и светла облека.Во срцето и душата умира стариот човек,а се раѓа нов, измиен, препороден, светол и осветен.Умира грешник и воскреснува повторно нов човек.Човекот станува повторно вистински син Божји и како таков, станува наследник на царството небесно. Драги браќа и сестри, и ние денес собрани во оваа света обител, кога го прославуваме св. Теодор Тирон, а истовремено и св. Партениј Лампсакиски, подготвувајќи се во оваа прва недела од Великиот пост, како телесно така и духовно со исповед, да се соединиме со нашиот Спасител Господ Исус Христос преку светата причест. Да се помолиме на св. Теодор и св. Партениј, тие да бидат наши молитвеници, наши заштитници, поддржувачи во духовниот подвиг, не само денес туку и во останитите дни од Великиот пост.Деновите да ги поминеме во пост и молитва, со добри дела и да го дочекаме уште порадосни и повесели и светлото и победоносно Воскресение Христово. Ја користам оваа прилика на игуменот Партениј, да му го честитам именденот и да му посакам крепко здравје и духовен напредок во неговиот живот во раководењето на братството на Бигорскиот манастир, како и сесетринството во Свети Георги во Рајчица. Св. Јован и Св. Партениј нека му бидат на помош. Амин." По молитвите на Пресветата наша Владичица, Богородица и по молитвите на светиот Партениј Лампсакиски, Господи Исусе Христе, помилуј нè! ВИДЕО МАТЕРИЈАЛ И ПОВЕЌЕ ФОТОГРАФИИ Изменето од Maran Ata - 25.Февруари.2010 во 08:00 |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
„До 1995 година, поточно, до моето доаѓање, во манастирот немаше ниту Библија“ (отец Партениј, управител на манастирот "Свети Јован Бигорски") Извор: Вест |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Токму така - без монаштво, тешко нам, непросветените. Ете всушност како монасите го проповедаат Христос! Секоја чест и длабок поклон за високопреподобниот архимандрит Партениј за сето она што го прави. Жив доказ дека верата и денеска на очиглед живее во Божјите праведници. Нека му е честит именденот кој го славеше минатиот петок и уште многу години да продолжи во своето сеопшто дело за спасение на народот, и духовно, и телесно. А ние, како верни Христови, да му помогнеме во тоа дело. Ќе даде Бог манастирската градба да биде уште поубава, а оние кои сеуште не се научени на првите слова на верата, да разберат дека манстирот не го прави каменот или ѕидовите, туку Светиот Дух кој дише во срцата на монасите |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Se nadevam deka ova e samo figuratuvno zborenje. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Токму така, тешко вам непросветените без, но и со монаштво. Но, настрана вашите тешкотии, зарем пред 1995 г. немало монаси во тој манастир па немало кој да ја однесе Библијата таму или што било работата? Тетратка, како можеш да велиш дека тој манастир му служел на Бога кога во него до 1995 г. воопшто не ни престојувал Божјиот збор? |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На ова прашање ќе одговорам со прашање. Дали знаеш Евангелос, во СФР Југославија, културното наследство, во чија надлежност било? Ако тоа го одговориш, што верувам дека можеш да го направиш, тогаш, ете го и одговорот зошто немало Божји збор во манастирот. Мала помош: монашкиот живот во Свети Јован Бигорски во времето на социјализмот е забранет! |
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ако ти се коментира нешто за темата коментирај... ако сакаш да провоцираш - тоа прави ги на друго место!
|
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
A зошто, пак, само фигуративно да е? |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Претседателот на Р. Македонија во посета на манастирот во Рајчица и на Бигорскиот манастир (04.03.2010) Братството на Бигорската света обител и сестринството во Рајчица, денес ја имаа честта да го пречекаат во своите манастири, многупочитуваниот претседател на нашата држава, г. Ѓорге Иванов. Најпрво претседателот со голема љубов беше свечено примен од сестрите во Бигорскиот метох, посветен токму на светителот чие име го носи, и на свое големо задовоство, имаше можност да се поклони на моштите од Св Георгиј Победоносец, за кои тој истакна дека се од големо значење не само за манастирот туку и за целиот наш народ, бидејќи, според неговите зборови тие се „делче од светата десница која го победи злото”. Посетата продолжи во Бигорскиот свет манастир, каде на г. Иванов му беше приреден торжествен пречек, со доксологија – молитви кон нашиот милостив Господ Исус Христос за укрепување и духовно просветлување на нашата христољубива влада, како и молитви за самиот претседател, просејќи од Господа да го посети со својата благодат и да ја води неговата десница во достоинственото раководење со нашата татковина. Во оваа свечена пригода игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, го израдува претседателот со еден навистина прекрасен подарок – зографисана икона со сребрен и позлатен оков од неговиот светител – заштитник, светиот Великомаченик Георгиј. Притоа о. Партениј му ги изрази својата голема почит и срдечни желби за успешно и пожртвувано раководење на државата во духот на христијанските морални начела.
|
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Внеси реплика | страница <1 678910> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |