IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Свет
  Активни теми Активни теми RSS - Грција економски руинирана
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Грција економски руинирана

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567>
Автор
Порака
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 05:47
Originally posted by Marko sk Marko sk напиша:

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Податоците покажуваат нешто друго:

Македонја

- Надворешен долг по глава УСД 2258
- Буџетски дефицит УСД 72мил или 0,75% од БОП
- Екстерен долг/БОП = 0,48

Во Македонија се раѓаат повеќе луѓе одколку што умираат.

Грција

- Надорешен долг по глава УСД 46994
- Буџетски дефицит УСД 18 милијарди или 5% од БОП. Се смета дека буџетскиот дефицит на Грција во 2010 ќе биде 12% од нејзиниот БОП.
- Екстерен долг/БОП = 1,41

Во Грција умираат повеќе луѓе од колку што се раѓаат.

Грција не е во состојба да ги сервисира своите долгови.


Кои се причините за таквата костатација дека Македонија никогаш не била во полоша состојба?

Колку и да не не интересираат другите сепак Македонија е дел од светот и ако ништо друго треба да се споредува барем со опкружувањето. Убеден сум дека опкружувањето има силно влијание врз состојбите во Македонија, како на политички, така и на економски план.

Na ekonomista seto ova mu e jasno, t.e. vakviot skan kazhuva mnogu...no sepak treba da se podvleche deka Grcija ( ako gi sledish inf. okolu regionov) kaj i da e, od Kina ochekuva da kupi za cca 47 mld $ `helenski` obvrznici, pirejskoto pristanishe go zema pod koncesija, isto taka EU sakala - nekjela mora da gi pomogne, ima tuka bajagi igri na golemite igrachi... ( a eve i eden mal secundraen povod, sega slusham, eden kup germanski banki kje otishle vo bankrot od prichina shto dale krediti na Grcija, i ne im odgovara ako stane krajno nesloventna kon nadvoreshniot dolg, ...sega vo momentov slusham demek e stavena i pod direkten nadzor od Francija i Gremanija, nekoj vid na valuten bord, no istive siguren sum kje ja pomognat obilno.
Papandreu ( pokraj toa shto ima odlichni vrski so Morgan and Lynch, Bank of America ) sega kje bara zaem i od Rusija, ( pravoslavnata `vrska` najverojatno kje profunkcionira ), ....no vo sekoj sluchaj, i ovaa kibernetsko `sovreshna` EU, so site polugi na kontroli sepak pokazhuva elementarni slabosti....a ona za Island, nekoj go spomena, pa toj beshe gotov, samiot odeshe da proglasi totalen bankrot a Ruisja izrazi zhelba da go kupi, da gi plati dolgovite negovi, ama zapadov sepak - se osvesti, i mu gi reprogramira site dolgovi i obilno inekjtirashe `svezhi` likvidni sredstva...
Kako i da e, Grcija e vo klubot, a toj drzhejkji do sebe nema lesno da se otkazhe od toj negov `image`, ova e ona primarnoto...

I da zavrsham, Grcija e mileniche , t.e. dete na Fr i UK, tie ja napravija 1820, a bogami i US, i nema taka lesno da dozvolat krah na svojata gradba.... a i na nas ( kolku da zvuchi paradoksalno) ne ni odi vo prilog bankrotot na Grcija, nikoj ne videl air od bankrotiran sosed:)



Неможеше да бидеш по исправен во своите констатации, со кои наполно се согласувам.

За наша несреќа Грција од секогаш била и по сеизгледа ќе биде галениче, пред се на политчки, а тоа неминовно значи и на екосномски план.

Залогот е премногу голем за некој да го одстапи. Без разлика што во последниве години рускиот капитал се повеќе пенетрира во Грција, сепак таа и понатаму останува свера на интерес на западниот свет.

Во една таква економско-политичка консталација Македонија се наоѓа во една инфериорна состојба апропо Грција. Борабта е нерамноправна, но сметам дека Македонија има капацитет и треба да издржи до крај. Верувајте на никому не му чуе во светот дека таму на Балканот некоја си Грција води спор со името на Македонија. Мнзинството ниту знаат за Грција ниту за Македонија. Единствени кои го подгреваат овај “проблем“ се Грците и оние кои се фатиле на оро со нив. Всушност оние кои ги имаат создадено Грција и митот за Хелените.

Зошто го велам ова? Покрај сите детски болести кое ги поминува младото демократско општество во Македонија, покрај недостатокот на ресурси (човечки, материајлни и финасиски) и без јасна или конкретна политчка подршка од некои од големите играчи, Македонија сепак успева да опстане. Не само што опстанува туку и во одредени сегменти, барем спрема економските параметри, Македонија покажува дека е пред многу земји во опкружувањето. Конзервативната и разуманта економска политика која Македонија ја води ја става во рангот на средно задолжените земји. Да не се разберем погрешно, далеку од тоа дека сакам да ја иделаизирам состојбата, но човек кој живее надвор од Македонија и ја посетува на секои 3-4 години сметам дека е во состојба пообјективно да ги види промените.

Најмногу што мене ме загрижува, покрај објективните фактори односно политичкото опкружување во кое се наоѓа Македонија е субјективниот фактор. Константото незадолство и неаргументираната самокритика, почнуваат да стануваат дел од културата на живеењето, постануваат искарикирано кажано, генетска деформација. Но, и тоа го разбирам како дел од процесот, сите недостатоци, недоречености ќе треба да не принудат да се фатиме во костец со истите. Реалноста треба да се прифати, разбере но никако и помирување со неа. Решавањето на пробелмите треба да биде прагамтично, без емоции и партиски препукувања, а таквиот пристап ќе не доведе до саканата цел. За се може да се дебатира, расправа, за се има решение со исклучок на една работа, а тоа е името на Македонија и идентитетот на народот.

На крајот, несакам да се добие впечаток дека Македонија нема шанси за да се избори за посветла иднина или дека тревта е позелена кај соседите, па ајде ќе се поситиветуваме со нив. Но знам едно, капиталот нема крв, нема боја, нема национална одреденост. Оди таму каде што смета дека ќе се оплоди најбрзо и со најмал можен труд.

Од тој аспек, анализирајќи ги состојбите и покрај тоа што Србија беше една цела декада третирана како едно мало размазено и инаетчиски настроено дете кое добро беше исплескано по газот, што една Бугарија наликуваше на руина, без никаков смисол за дебата, резон за демократски диалог, корумпирана и поткуплива, држава која наликува на брод кој тоне, а нејзините грѓани како глувци кои го напуштаат бродот или една Албанија која со степенот на образованост на скала од 1 до 10 имаше -5, без никаква инфаструктура, сепак тие имаат копаративна предност во однос на Македонија. За Грција веќе зборувавме. Бројноста на тие држави, а последователно на тоа и пазарите, објективно се поголеми. Тоа го сака политичкиот естаблишмент, тоа го сака капиталот. Покрај несреденоста на демократските процеси во тие земји, сепка странскиот капитал таму многу повеќе се инвестира.

Колку и да звучат охрабрувачки декларациите за човекови права, еднаквост, рамноправност, толерантност, компромис сепак се соочуваме со решенија кои се дијаметрално спротивни на погоре споменатите декларации. На самата Европа и е потребна промена, пред се во начинот на рзмислување, а и во начинот на кој се води високата политика.

Таквиот однос треба да биде само доплнителен мотив за Македонија да истрае до крај, борбата ќе биде тешка, а победата не пирова, туку слатка.

Понетата на моите постови (предходен, а и на овај) повеќе е сугестија, кон оние дежурни критизери и неверни Томи, како обејктивно да почне да се гледа на нештата. Да не се критизира без аргументи, а неопходно е да се има аналитички пристап како кон економкската така и кон политичката проблематика.

Грција во мојот преходен пост ја зедов само како репер, а истото можев да го сторам со било која друга земја во соседството.



   

Изменето од Platenik - 16.Февруари.2010 во 05:48
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 20:20
Kako prilog na temava, na linkov imame eden retko dobar i 'izdrzhan scan`, nesamo na momentalnite sostojba na Grcija tuku i na Balkanov, kako i idnite `prospekcii` na golemite igrachi vo vrska so regionov:
http://www.globusmagazin.com.mk/default.asp?ItemID=843C006BA3BD204B8BFFAFAB47D9EA5B
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 03:11
Originally posted by Marko sk Marko sk напиша:

Kako prilog na temava, na linkov imame eden retko dobar i 'izdrzhan scan`, nesamo na momentalnite sostojba na Grcija tuku i na Balkanov, kako i idnite `prospekcii` na golemite igrachi vo vrska so regionov:
http://www.globusmagazin.com.mk/default.asp?ItemID=843C006BA3BD204B8BFFAFAB47D9EA5B



Текстот е издржан и една убава геополитичка анализа за Балканот.

Единствено не се согласувам со делот каде авторот пишува за малите диктатори, националисти од типот на Ѓукановиќ, Куштуница или Груевски.

Тука, сметам , фали обејктивност. Ниеден лидер на Балканот, а тука ги вметнувам и Борисов, Папандреу или било кој друг не се во состојба, односно моќни да поставуваат услови или доснесуваат самостојни решенија. Големината на било кој од нив е правопропорционална со подршката која некој од нив ја добива од големите играчи, а пред се на политчки план. Нивна работа е само да слушаат и ги применуваат “добронамерните совети“. Нивен избор може да биде само на кој од големите игачи ќе му се подадат, отворат.

Србија се знае традиционално гравитира кон Русија.
Бугарија, малку запад, малку исток, па повотрно малку запад, малку исток или секогаш во правец каде ветрот ќе им дува во грб.
Грција е традиционално свртена кон запад и нивните креатори, барем што се однеува до политчката врхушка, додека народот е генерално хомос балканикус со некои социјалистички симпатии.
Албанија е се само не источно ореинетирана, кокетира со запад, али на големиот броја албански национал роматичари погледите им се свртени кон блискиот исток и Мека и Медина. Овие последниве, не ради тоа што антрополошки припаѓаат таму, туку ради врските по основа на исламот.

Македонија е само таа која е оставена на ветрометина од причина што никој од големите играчи никогаш не се ни заинтересирал за неа. Генерално Македонците би ја држеле истата опција која што ја држат и Србите, но за жал Русија историски гледано никогаш не ги отворила картите према Македонија. Што и останува на Македонија, единствено да балансира и да се надева на милост дека во 21 век конечно ќе почнат да се спроведуваат во дело универзалните декларации за човекови права, рамнорпавност, еднаквост, правот на само определување итн.

Затоа кога ќе ги видам писанијата по медиумите дека Груевски и Иванов биле вакви, Црвеновски и Фрчквски онакви или дека овај бил диктатор, онај бил демократ или СДСМ имал решение за Македонија, а ВМРО ја водел Македонија во изолација, незнам дали да се смеам или да плачам. Можеби и двете, трагикомедија.

Да не се лажеме, таман Македонија и да ги исполни сите услови, да ги препише сите европски закони прашање е дали Европа е спремна да се промени, да се конфронтира со своето галениче, со нејзината творба Грција. Тоа значи да се погази самата себе и се она што го правела во изминативе 200 години. Сметам дека Европа не е спремна за тоа. Оваа политика и однос спрема Македонија е преседан, досега незабележан во историјата на човечанството.

Македонија стана експериментална лабароторија, а демократските права кои малцинствата ги уживаат во Македонија ги немаат ниту малцинствата во САД, Канада или Австралија. Тие демократски права во Европа сеуште се мислена именка.

Затоа ќе ве молам, дали тоа е Црвенковски, Груевски или пак се Марко и Платеникот, за Европа неправи разлика. “Добронамерните“ претставници на Европа кои ја посетуваат Македонија и нудат солуции за нашиот идентит треба само љубезно да бидат дочекани и пољубезно испратени.

Оваа финансиска криза, која ја тресе Грција, се надевам дека ќе ги принуди Грците да ја научат лекцијата и сватат дека време е да се оди напред, да се покаже поголемо разбирање, толеранција, компромис. Очекувам ниванта преговарачка моќ, која доаѓа од позиција на сила, да биде разнишана и спуштена на едно реално рамниште.

Исто така се надевам дека Европа конечно ќе сфати дека своето дете Грција, која таа го има родено, не е повеќе достојно за родителската љубов. Мислам дека е време на своето мрсулаво дериште му каже доста, порасни и почни да се грижиш сам за себе.     





Изменето од Platenik - 17.Февруари.2010 во 03:35
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 16:57
Германија да плати воена отштета
20.02.2010

Грчки опозициски пратеници вчера побараа Германија да исплати репарации за окупацијата на Грција за време на Втората светска војна, како одговор на германските критики за грчката должничка криза, пренесоа светските агенции. - Како смее Германија да не суди за нашите финансии, кога се уште не ги исплатила компензациите за грчките жртви во војната. Се уште има Грци кои ги оплакуваат своите загинати браќа - изјави Маргаритис Ѕимас, пратеник од најголемата опозициска партија Нова демократија, за време на парламентарна дебата за предлог-законот за преструктурирање на Националната статистичка служба. Шестмина пратеници од Коалицијата на радикалната левица СИРИЗА ја повикаа Владата да изврши притисок врз Берлин за исплаќање на репарациите. Тие ги обвинија германските банки и германската влада за кризата во Грција. - Со своите изјави германските политичари и германските финансиски институции играат водечка улога во подлата игра на шпекулации на штета на грчкиот народ - посочуваат пратениците од СИРИЗА во писменото прашање до Владата. Во одговорот на критиките дека Грција ги преправала податоците за своите финансии за да влезе во еврозоната во 2001 година, пратеникот од Комунистичката партија (ККЕ) Никос Папаконстантину изјави дека самата Германија употребувала слични шеми за да влезе во Европската монетарна унија. Министерот за финансии Јоргос Папаконстантину, меѓутоа, не се приклучи кон нападите за Германија. - Сите имаме свои критики за тоа како јавното мнение во една или друга земја го доживува грчкиот проблем - посочи тој за време на парламентарната дебата. Во 1960 година Германија и исплати на Грција околу 115 милиони германски марки компензации за жртвите на нацистичките репресии. Грција, меѓутоа, инсистира на тоа дека оваа сума не ги покрива цивилните жртви на репресиите.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefau...ticleID=134460


Е не се нормални навистина, Германија до сега 100 пати им ги има исплатено и преплатено сите оштети на Гејовите па уште барат , ако не беше таа Германија досега 100 пати ќе пропаднаа , и сега повторно кога се пред банкрот ќе ги вадат од гомна...Но никој не и е крив на Германија која ја преплати втората светска војна и уште плаќа , а не ги подржува другите народи врз кој бил извршен геноцид во остварување на нивните права...
Кон врв
Polaris Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2007
Локација: Turkey
Статус: Офлајн
Поени: 1514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polaris Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2010 во 03:04

И да ја спаси Грција, еврозоната може да се распадне

 

Привремена помош е доволна за Грција, но ќе останат Шпанија, Италија, Португалија и Ирска, кои не може да се спасат на ист начин. ЕУ треба да воведе построг надзор и да создаде механизам за помош на членките, под конкретно определени услови, смета американскиот инвеститор Сорос

Засега е доволна привремена помош за спас на Грција, но еврозоната е соочена со уште поголеми проблеми што го доведуваат во прашање опстанокот на еврото, оценува американскиот инвеститор Џорџ Сорос.

%20Во авторски текст во „Фајненшл тајмс“, милијардерот вели дека ЕУ треба да воведе построг надзор и институционален механизам за обезбедување помош на своите членки, при конкретно определени услови. Сорос смета дека е потребен и доброорганизиран пазар на еврообврзници.

- Привремена помош би била доволна за Грција, но остануваат Шпанија, Италија, Португалија и Ирска. Тие заедно претставуваат преголем дел од евроленд за да може да им се помогне на ваков начин. И да опстане Грција, проблемот со иднината на еврото ќе остане нерешен - нагласува Сорос.

Во меѓувреме, Брисел, Берлин и Атина ги демантираа информациите објавени во саботата во неделникот „Шпигел“, дека еврозоната ќе ја спасува Грција со сума меѓу 20 и 25 милијарди евра. Германија, пак, нагласи дека ЕУ треба да воведе построги казни за членките што нема да ги почитуваат ограничувањата за буџетскиот дефицит. Според правилата на евроклубот, буџетскиот дефицит на членките не смее да надмине три отсто од бруто-домашниот производ (БДП), а 16-те држави на еврозоната може да се соочат со санкции доколку ги прекршат правилата.

Но светската криза ги вивна буџетските дефицити на земјите на ЕУ до таван. Грција, чиј дефицит лани достигна 12,7 отсто од БДП, поради тоа е ставена под надзор на Брисел, а делегации на ЕУ и на ММФ неделава во Атина разгледуваат можности за воведување нови мерки за пополнување на буџетската дупка. Владата на Јоргос Папандреу утре ќе се најде пред нов тест, за кога е закажан национален штрајк на синдикатите поради најавените кастрења. Сепак, наспроти стравувањата за социјални безредија, испитувањата на јавното мислење покажуваат дека мнозинството Грци ја поддржуваат политиката на штедење на Папандреу. Според резултатите од анкетата објавена во „Етнос“, 60 отсто од Грците ги одобруваат мерките на владата.

Во меѓувреме, ЕУ соопшти дека Грција не го испочитувала рокот за достава на информации за финансиските зделки со неколку американски банки со кои, според „Њујорк тајмс“, земјата го прикрила долгот за да влезе во еврозоната. Атина се правдала оти го пробила рокот поради штрајк на вработените во Министерството за финансии, јави АФП.




Пангалос: ЕУ нема лидери

ЕУ денес нема политичко лидерство што може да се справи со финансиската криза, изјави вчера грчкиот вицепремиер Теодорос Пангалос. Тој смета дека денешните лидери на ЕУ не се дораснати на задачата за надминување на кризата. Според него, тоа е една од причините за состојбата во Грција зашто ЕУ не ги убедила другите држави дека Атина може да го плати долгот.

- Ако Жак Делор беше лидер на ЕУ, Франсоа Митеран на Франција, а Хелмут Кол на Германија, работите ќе беа поинакви - оцени Пангалос, алудирајќи на бившиот претседател на Европската комисија, поранешниот претседател на Франција и бившиот канцелар на Германија.
 
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2010 во 19:03
ccccc...ke propadne ,...jaz'k!тага...samo makedonija ke ostane!изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2010 во 19:46
нека%20ти%20е%20срам ..... и турција ............ која вчера ни подари и џип .......... за гасење пожари намигнување 
Кон врв
Polaris Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2007
Локација: Turkey
Статус: Офлајн
Поени: 1514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polaris Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2010 во 17:16

Дипломатска војна Берлин-Атина за карикатура на гола Венера

 
Карикатурата на Венера во германскиот неделник „Фокус“
 

Карикатура на Венера која покажува среден прст и наслов „измамниците во европското семејство’’ во текстот за економската криза во Грција, осамна во најновиот број на германскиот неделник „Фокус“ од 22 февруари.

Претседателот на грчкиот парламент Филипос Пецалникос го повикал германскиот амбасадор во Атина да му упати протест поради третманот на Грција во германските медиуми.

Пецалникос протестирал поради срамната карикатура на насловната страна на неделникот „Фокус“ со закана дека Грција е еден од најголемите купувачи на оружје од Германија.

Сторијата на „Фокус“ се однесува на начинот на кој Грција со години криела дека има големи долгови пред Европската комисија и на тој начин успеала да влезе во евро зоната.

„Грција врати ни ги парите, и што ќе стане со Шпанија, Португалија и Италија?“, се наведува во текстот на „Фокус“.

Германскиот амбасадор во Атина се оградил од пишувањата на германските медиуми имајќи ја в предвид слободата на печатот, но изјавил дека ќе го пренесе протестот до германското министерство за надворешни работи.

Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2010 во 00:42
ЕВРО 2 нова грчка валута ?!

Се размислува за воведување на нова валута, евро 2, што би била со послаба вредност од еврото и што би служела како платежно средство во Грција се додека таа не излезе од економската и финансиската криза


Бран штрајкови и социјални немири се шири низ Европа. По протестите во Шпанија, Германија и Франција, стотини илјади Грци излегоа на улица на генерален штрајк против плановите на владата за намалување на трошоците со цел да се спаси грчкото стопанство.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=72163C8B26D3E64094BA0DDB64A0C293

Интересно, интересно...
Така е секогаш со разгалените деца...никогаш неможат да се осамостојат и сами да се издржуваат...
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2010 во 22:03
jas pa,изненадување..nachuv...makednoskata para,..ke ja zele za glavna valuta!изненадување....mnogu bila jaka ,..vikale.
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Polaris Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2007
Локација: Turkey
Статус: Офлајн
Поени: 1514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polaris Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2010 во 19:44
Знамето на ЕУ гореше во Атина
 
 

Знамето на Европската Унија синоќа гореше низ улиците на Атина. Гневни што товарот за излегување од должничката криза ќе падне на нивниот грб, Грците излегоа на улиците, некои носејќи ги и децата.

Намалувањето на платите и зголемувањето на даноците натераа некои од нив да се судрат со полицијата. Демонстрантите кои вчера го окупираа министерството за финансии вечерта се судрија со безбедносните сили, толпата почнала да гаѓа со камења, на што полицијата возврати со солзавец и со шок-гранати.

Со безбол палки се кршеле автобуски постројки и влезови на банки. Нови протести се најавени и за денеска, кога парламентот треба да го одобри планот за затегнување на појасот. Нема да работат сите јавни служби, ќе биде прекинат и сообраќајот. Ќе протестира и приватниот сектор.

„Сите знаат кој треба да плаќа, но секогаш плаќаат само работниците“, изјави Никос Гиолус, протестант.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска заминува во клучна посета на Берлин. Германскиот канцелар Ангела Меркел деновиве изјави дека ги поддржува напорите на Грција за излез од кризата, но оти не планира доделување финансиска помош. Папандреу пак истакна дека Атина од Берлин ќе побара само политичка поддршка, но „ниту еден цент од парите на германските даночни обврзници“.

 
 
 
Насилства во Атина, каменувана полицијата
 
 
05.03.2010 18:56
 
 

Солзавец, шок гранати, проектили, тепачки, каменувања, претепани полицајци и граѓани. Насилства во Атина по усвојувањето на планот за штедење кој треба да и ги намали долговите на Грција и да ја ублажи кризата.

Маскирани вандали го нападнаа лидерот на најголемите грчки синдикати Панагопулос, а се обидоа да се пресметаат и со специјалната единица што го обезбедува парламентот.

Полицијата апси, граѓаните каменуваат. Илјадници демонстранти се собраа во центарот на метрополата додека пратениците јавно гласаа за новиот закон за кратење на трошењата на државата за цели 4,8 милијарди евра. Граѓаните се револтирани оти врз нивни грб ќе падне операцијата намалување на трошоците бидејќи ќе се зголемат даноците, ќе се намали платата на административците за 8 проценти.

Паралелно со протестите новите економски мерки денеска ги затворија болниците и училиштата, го парализираа јавниот превоз во Атина.

„Се чувствувам предаден и изманипулиран, се чувствувам како да ми ја одземаат гордоста“, изјави жител на Атина.

 
 

„Денеска треба народот да се крене, пратениците преземаат мерки кои не осудуваат на сиромаштија и мизерија“, вели жител на Атина.

Во меѓувреме премиерот на грција папандреу во луксембург лансираше дипломатско барање за конкретна помош од Унијата во битката на неговата земја со должничката криза.

„Ова е проблем на европа и ние треба да го решиме проблемот како Европска Унија“, рече Жан Клод Јункер, премиер на Луксембург.

Папандреу вечерва треба да се сретне и со германската канцеларка Меркел во Берлин. Ова воопшто не им е важно на граѓаните на Атина кои доцна синоќа го запалија знамето на европската унија. кризата во Грција ќе ја погоди и Македонија. Најмногу ќе страда трговската размена со јужниот сосед.

Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2010 во 20:54
toa ti se vika vistinski narod...svaka im chast !аплауз
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2010 во 21:42
кој има и грам достоинство , ќе го стори истото што го сторија тие аплауз

Изменето од МАРШАЛ - 05.Март.2010 во 21:44
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2010 во 23:10
koj ima gram dostoinstvo?збунетост....ovie?...изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.