IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Втора светска војна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Втора светска војна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 9>
Автор
Порака Обратен редослед
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2010 во 02:59
Договорот Рибентроп-Молотов е потпишан по подолг период на изразито заладени советско-германски односи и по евидентно редуцирана економска соработка меѓу двете земји, кон крајот на четвртата деценија од минатиот век. На овој историски настан дури му претходеа и некои оружени конфликти, со кои СССР се спротиставуваше на штотуку формираната хитлеровска коалиција во Европа, како, на пример, војната во Шпанија или оружените конфликти на Далечниот Исток. Сепак, за меѓународната јавност, во тоа време, овој договор беше целосно изненадување, вистинска политичка бомба, особено што по неговото потпишување кружеа гласини дека напоредно со него, постојат и други “тајни договори” меѓу Советскиот Сојуз и Германија. (Такви навистина се откриени во 1948 г., а некои дури и во 1993 г.)
Потпишувањето на Пактот Молотов-Рибентроп, и покрај вложените политички напори на највисоките раководства на двете земји, на чело со Сталин од советска и на Хитлер од германска страна, и огромниот ангажман на дипломатиите на овие држави во тоа време, не успеа да ì застане на патот на меѓусебната војна. Од моментот на германскиот напад врз СССР, на 22 јуни 1941 г., на само две години по потпишувањето на “историскиот” договор, тој и сите други тајни и јавни руско-советски договори престануваат да важат. Од тој момент, меѓу двете држави ќе започне долгогодишна, тешка и крвава војна, со енормно голем број жртви и стравични разурнувања на материјални, инфраструктурни и хумани добра, по што Втората светска војна ќе влезе во историјата како една од најстраотните и со најголем број човечки жртви.
Историчарите и политичките аналитичари во контроверзното советско-германско “зближување” во очи на војната, за жал “пост фестум” видоа и открија противдејствие на познатиот германски реваншизам, бидејќи по доаѓањето на Хитлер на власт во Германија во 1933 г. и особено по неговата “национал-социјална револуција”, со низа антисоветски и антикомунистички ексцеси, СССР демонстративно ги уриваше и разградуваше своите дотогаш мошне добри економски, воени и политички позиции, односи и соработка со Германија, градени во империјалниот период на претходниот 19 век.

КРАХ НА ВЕРСАЈСКИОТ МИРОВЕН ДОГОВОР

Исто така, постојат претпоставки дека Сталин, кој наследувајќи го Владимир Илич Ленин на чело на КПСС и целокупниот државен комунистички апарат во СССР во сомнителни околности, со својот авторитарен метод на владеење, кон појавата на Хитлер и кон неговиот национал-социјализам се однесуваше како кон “краткорочна појава” и политичка марионета на германската висока елита. Тој сметал дека со потпишувањето на еден договор за ненапаѓање ќе може да го уценува и Хитлер, и оние за кои тој сметаше дека стојат зад него.
Од тоа време, официјален к*рс на советскиот Народен комесаријат за надворешни работи, кој сè уште го раководеше непомирливиот антинацист Максим Литвинов, станува к*рсот на создавање определен систем на “колективна безбедност” во Европа, односно систем на меѓународни договори што би ја поддржале “версајската политика” за заедничко европско спротивставување на реваншистичките планови на Германија.
Но, во март 1935 г., Германија конечно престана да се придржува кон одредбите на Версајскиот мировен договор склучен во 1919 г. и во земјата беше воведена општа воена готовност. Хитлер нареди превооружување на германската армија. Интересен и зачудувачки е фактот што сите тие активности, кај западните земји-гаранти на Версајската спогодба, во тоа време, не предизвикуваат соодветни противдејствија.
Напротив, во тие години советската дипломатија развива богата активност на широк план, склучувајќи билатерални договори за соработка, поддршка и заштита со повеќе земји во Европа: Франција, Чехословачка и други. Но, од друга страна, како и СССР, Германија исто така бара свои сојузници. Во ноември 1936 г. со Јапонија го потпишува таканаречениот “Антикоминтерновски пакт”, насочен директно против Советскиот Сојуз. Кон овој пакт во 1937 г. се приклучува и Италија. СССР во тоа време ì пружа воена и економска помош на републиканската влада на Шпанија, додека Италија заедно со Германија, активно ја поддржуваат фашистичката диктатура и превратот на генералот Франко во оваа земја. Таква беше сликата на предвоениот политички европски мозаик.

“АНШЛУСОТ” СО АВСТРИЈА - НАВЕСТУВАЊЕ ЗА НОВА ВОЈНА

Во март 1938 г. се случува аншлусот, “обединувањето” на Германија со Австрија, во практика анексија на Австрија од страна на нацистичка Германија, а потоа следат и отворени територијални претензии на Хитлер спрема Чехословачка. Англија и Франција и во такви политички услови за Европа, водат неутрална политика на помирување, со што, всушност, го охрабруваат и засилуваат германскиот реваншизам. Згора на тоа, вложуваат и крупни инвестиции во германската економија, а најмногу во германската тешка индустрија.
Што се однесува до официјалната надворешна советска политика, што ја спроведува Народниот комесаријат за надворешни работи на СССР со помош на својата развиена дипломатска мрежа, сè уште раководена од Литвинов, може да се заклучи дека во тие “смутни” години трпи определено двојство во својот к*рс, бидејќи напоредно со официјалната советска стратегија, Сталин сам и на своја рака води двојна надворешна политика токму во однос на Германија, сакајќи самоиницијативно да го придобие Берлин. Потрагата по можности за контакти со Хитлер, Сталин ја започнува уште во 1934 г., кога после погромот од “Ноќта на долгите ножеви”, конечно сфаќа дека Хитлер цврсто ја држи власта во Германија во свои раце и дека планира сериозно и долго да владее со земјата. Тој повремено праќа свои пратеници-емисари во Берлин, со цел да ги испитаат можностите за подобрување на советските односи со Германија и за воспоставување негови потесни лични релации со фирерот. Но, Адолф Хитлер е крајно внимателен и сомничав во намерите на Сталин и се држи на дистанца.
Натаму, настаните во Европа се развиваат со засилена динамика:
во септември 1938 г. , со познатиот “Минхенски договор”, значајни стратешки делови од Чехословачка им се доделени на Германија, Унгарија и на Полска, со што СССР е ставен во многу тешка ситуација и е доведен во некаков вид изолација.

ПОЛИТИКА НА “ЖЕШКИ КОСТЕНИ”

Во таква ситуација, истата 1938 г. Сталин му испраќа на германскиот фирер јасни сигнали за своите желби за унапредување на советско-германските односи, па макар тие биле и “само економски”. За таа цел, Сталин во Берлин како економски претставник го испраќа лично народниот комесар Анастас Микојан, еден од неговите најблиски соработници и висок партиски функционер. Од тој момент сите советско-германски контакти и преговори се водат преку него. Советскиот печат неочекувано ја запира информативно-политичката пропаганда против Хитлер. Меѓутоа, тоа не остава некој особен впечаток кај веќе егзалтираниот германскиот водач.
Во исто време, Хитлер за прв пат ги обелоденува германските територијални претензии спрема Полска, за чие реализирање му требаше, ако не поддршка, тогаш барем неутрализирање на СССР. Во својот говор во Рајхстагот, на 30 јануари 1939 г., тој сепак за првпат се воздржува од какви било, дури и идеолошки напади врз Советскиот Сојуз. Реално гледано, во тој момент тој веќе и не бил којзнае колку заинтересиран за развој на германско-советските односи доколку не бил решен да го неутрализира советскиот отпор кон евентуалната веќе планирана анексија на Полска. И ваквата тактика на Хитлер наскоро дава резултат: на 18. конгрес на Серуската комунистичка партија на болшевиците, на 10 март 1939 г. во Кремљ, Сталин отворено ги обвини Англија и Франција дека сакаат да предизвикаат војна со Германија, а како главна задача на советската надворешна политика го посочи унапредувањето на советско-германските односи. Ваквиот превртлив став на Сталин кон Хитлер и Германија, на Запад е наречен “политика на жешки костени”. Тоа како приоритетна политичка задача пред тогашната советска дипломатија отвора нови и мошне тешки предизвици и службата ја става пред големи искушенија.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2010 во 02:56
очно пред 64 години, светот се вџаши од она што го донесе военото жешко лето 1945 г. Привремениот началник на штабот на американските вооружени сили, генерал Томас Т. Хенди, на командантот на стратегиската авијација, генерал Карл Спац, на 25 јули 1945 г. му даде наредби во кои за првпат требаше да се употреби ново оружје на големата сила. Според наредбата, првата атомска бомба треба да се фрли на Хирошима т.е. Кок*ра, или Нијагата т.е. Нагасаки. Се спомнуваа и други атомски бомби кои по првата би требало да се фрлат на други цели.
За одлуката, во своите мемоари Труман запиша: “Крајна одлука каде и кога ќе се употреби атомска бомба, требаше да донесам јас. Да нема недоразбирања, бомбата ја сметав за воено оружје и во ниеден момент не се колебав дали треба да се употреби”.

Еден ден пред Хенди да му ги испрати наредбите на Спац, Труман донесе начелна одлука. Тогаш се наоѓаше во Потсдам. Неколку дена подоцна, на 2 август, со крстосувачот Аугуста се врати во САД. На бродот одлучи да не ги прекинува или окончува веќе почнатите воени подготовки, по што Спац ја заврши својата програма и на 6 август се исфрли првата атомска бомба врз Јапонија. Во тој момент, САД и Јапонија веќе беа во војна три години и осум месеци. Воените команданти во Токио своите сили смислено ги употребија за неочекуван напад врз САД кој предизвика многу жртви. Дури и кога стана потполно јасно дека Јапонија нема повеќе што да постигне, војниците продолжија да се борат пркосејќи ì на смртта. Се чинеше како воопшто да не можат да се вразумат и дека само сила може да ги фрли на колена. Труман проценуваше дека негова задача е што побргу да ја оконча војната со што помалку загуби, пред сè во американски животи. За таа цел секое оружје беше прифатливо. Масовната употреба на бомби против речиси беспомошните индустриски градови целосно се вклопуваше во таа програма. Атомската бомба беше само следен чекор. Тоа беше сосема едноставно, барем навидум.

ТАЈНАТА

Мала група врвни стручњаци која во Америка се занимаваше со истражувања на полето на атомска физика, уште во 1939 г. дојде до сознание дека германските атомски истражувања можат да доведат до конструкција на атомска бомба. Пред сè, Лео Силард, научник од унгарско потекло, го наговори својот прославен колега Алберт Ајнштајн кај Рузвелт да инсистира на развој на атомската бомба, во случај на опасност, за да се стекне предност над Германците. Ајнштајн на 2 август 1939 г. за тоа прашање му напиша писмо на претседателот, а како последица на неговиот чекор во октомври истата година беше донесена програма за истражување и развој на која почнаа да учествуваат и британски научници и која подоцна носеше шифра Проект Менхетн. Она што во тие години се чинеше од животна важност - на секој начин да се спречи единствено Хитлер да располага со страшното оружје - кон средината на 1945 г., во добар дел, го загуби значењето. Германија беше поразена и капитулира. Со атомско истражување, инаку, веќе со години не се занимаваше, па сериозно не ја ни разгледувала крајно опасната комбинација на ракетата Фау-2 и атомската бомба. И Јапонија, во суштина, веќе беше победена. Нејзиниот краен пораз, во најлош случај, беше прашање на неколку месеци борба. Значи, не беше неопходно да се употреби бомбата. Таа сега само би ја забрзала капитулацијата.

Развојот на атомската бомба беше обвиен со крајна таинственост. Еден бригаден генерал кој во еден момент дојде на брилијантна идеја армијата да почне да ја истражува можноста за употреба на атомската енергија во воени цели, наеднаш стана, на свое чудење, предмет на грижен надзор на органите на безбедност. Труман за сето тоа беше известен дури кога стана претседател. На предлог на Стимсон е организирана Привремена комисија која на 1 јуни 1945 г. ги даде следните предлози: бомбата против Јапонија треба што побргу да се употреби, и тоа против некоја важна воена цел за да се оствари што е можно поголем психолошки ефект врз јапонската влада. Не смееше претходно во никаква форма да им се даде некоја опомена. Неколкумина, меѓу кои и Лео Силард, предложија да се изврши пробна експлозија на ненаселен остров или во пустина пред претставници на сите сојузници и тогаш Јапонија изрично да се предупреди. Никој дотогаш сè уште не видел слична експлозија. Не беше дури ни сигурно дека бомбата ќе експлодира и дали ќе ги има очекуваните ефекти.
Извештајот на четворицата научници е објавен на 16 јуни. Шест дена подоцна армијата ја оконча борбата на Окинава, меѓутоа токму оваа операција на Американците им покажа колку жртви би барало истоварувањето во Јапонија. На инвазивната флота би се нафрлиле камикази и милиони Јапонци би биле подготвени со сите средства да се борат до крај. На азиското копно се наоѓаше уште една голема воена сила - квантуншката армија, која, веројатно, само со советска помош би можела да се онеспособи.

КАКО ДА СЕ ПОРАЗИ ЈАПОНИЈА?

За стратегијата против Јапонија, со своите важни политички импликации, особено што се однесува до Советскиот Сојуз, во средината на јуни, дискусијата беше во полн ек. Во груби црти постоеја три начини да се оствари целосна јапонска капитулација: борба на конвенционален начин, било со, било без инвазија; употреба на атомска бомба; и убедување на политички план.

За ова, пред сè, се залагаше поранешниот амбасадор во Токио, Џозеф Гру, кој бараше да не се употребува изразот безусловна капитулација, туку да се најде предлог кој Јапонија полесно би го прифатила. Тоа подразбираше Јапонија да постои како независна држава, но да се отстрани царот, иако тој беше дел од демократско државно уредување. Чудно е дека Гру не присуствуваше на состанокот на 18 јуни, меѓутоа неговото гледиште му беше познато на претседателот, како и на останатите. Конвенцијата без оглед на отсуството на Гру помина мошне невообичаено.

Прашањето на бомбата дојде на ред дури во последниот момент. За систематско разгледување на трите алтернативи не стана збор. Се стекнува впечаток дека претседателот тогаш сè уште немал јасен увид во целата ситуација. Меѓутоа, на Трумановото барање, Стимсон на 2 јули состави меморандум во кој се презентирани дотогашните предлози со анализа. Веројатно е дека овој документ претставуваше основа за одлука на Труман за употреба на атомска бомба. Стимсон се залагаше Јапонија да се предупреди пред тешките разурнувања да ја доведат во очај и пред Советскиот Сојуз да напредне далеку со нивната офанзива. Предупредувањето требаше да укаже на неизбежно уништување доколку Јапонија продолжи да се бори. Тоа требаше да содржи и барање јапонската воена гарнитура веднаш да исчезне од политичката сцена и Јапонија безусловно да се предаде. Документот, меѓутоа, истовремено требаше да остава и надеж во независна егзистенција и уставно загарантиран цар. Стимсон во меморандумот со ниеден збор не ја споменуваше атомската бомба, но беше јасно дека ова оружје ќе се употреби како средство да се убедат Јапонците во сериозноста на ситуацијата. Документот во главни црти беше прифатен. Два дена откако беше разгледуван, Британците јавија дека се согласни со употреба на атомска бомба против Јапонија. Првата бомба на 16 јуни експлодира во пустина во Њу Мексико. Експериментот успеа во целост, иако не даде одговор на прашањето што ќе се случи ако бомбата се фрли од голема височина од авион и кои разурнувања ќе ги направи во голем град. Овие прашања останаа отворени до 6 август и беа главен аргумент против пробна експлозија во заливот наспроти Токио, како што некои предлагаа: што ако апаратот не би функционирал?

Јапонија на 26 јули со Потсдамската декларација доби предупредување, меѓутоа во тој документ со ниеден збор не се спомнуваше царот. Заповедите за Спац веќе беа испратени, меѓутоа повеќе имаа карактер на подготовка отколку на конечна одлука. Бидејќи Јапонија не реагираше, Труман уште повеќе беше убеден дека е потребна една или повеќе атомски бомби да му се дотера паметот на Токио. Сега само се чекаше на Спац и луѓето кои требаше да ја извршат таа работа.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 18:09


Коj го стави првото знаме на Раjхстагот?



Изменето од Македон - 24.Февруари.2010 во 16:06
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 18:07
Originally posted by чоли чоли напиша:

Од моjот линк:

Април 30, 1945 година во 22 часот и 30 минути капетан В. Н. Маков од 79 пешадиски корпус
и артилеристите од 136-та бригада на Армијата
Г. К. Загитов, А. Ф. Лисименко, А.П. Бобров, М. Л. Mинин, отворајќи го патот со оган од автоматско оружие
и рачни гранати, скршиа преку покривот на Рајхстагот, и тие побучиа црвеното знаме. Сите беа наградени со Орден на црвеното знаме.
По 2-3 часа на истото место на предната страна на Рајхстагот, разузнавачи водени од сержант Егоров и помлад воjник М.В. Кантариjа, придружувани од заменик-командант на баталјонот за политички прашања леjтенант А.П. Береста и група на автоматчици водени од   И.J. Сиjаин постави знаме дадено им од на воениот совет на 3 ударна армија. На 2 Мај истото знаме беше преместена на куполата од Рајхстагот и стана симбол на победата над советските трупи   



принципиално за атаката си во право
са биле неколку атаки - првата успешна е групата на развечиците со Зигитов. Сите са носели црвени баjраци по телата си - па ако некоj оживее да стави там едно знаме да има да се знае

Но Зигитов загива неколко годин подир победата
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 18:06
уште една од Рајхстагот
и неколку слични
 
 
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 18:01
и само да напомнам дека и Чапаев е наше момче

http://www.youtube.com/watch?v=K37675nENQ8задоволство
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 18:01
Од моjот линк:

Април 30, 1945 година во 22 часот и 30 минути капетан В. Н. Маков од 79 пешадиски корпус
и артилеристите од 136-та бригада на Армијата
Г. К. Загитов, А. Ф. Лисименко, А.П. Бобров, М. Л. Mинин, отворајќи го патот со оган од автоматско оружие
и рачни гранати, скршиа преку покривот на Рајхстагот, и тие побучиа црвеното знаме. Сите беа наградени со Орден на црвеното знаме.
По 2-3 часа на истото место на предната страна на Рајхстагот, разузнавачи водени од сержант Егоров и помлад воjник М.В. Кантариjа, придружувани од заменик-командант на баталјонот за политички прашања леjтенант А.П. Береста и група на автоматчици водени од   И.J. Сиjаин постави знаме дадено им од на воениот совет на 3 ударна армија. На 2 Мај истото знаме беше преместена на куполата од Рајхстагот и стана симбол на победата над советските трупи   
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 17:57
Originally posted by чоли чоли напиша:

Татринот Гази Загитов забил знамето на Раjхстагот:

Гази Загитов во денешно време




Гази Зигитов загинува во 1953 година

нема како да е на втората слика


Изменето од Македон - 24.Февруари.2010 во 16:03
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 17:56
 
 


Изменето од МАРШАЛ - 23.Февруари.2010 во 17:57
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 17:54
а еве го и човекот од фамозниот документарец
 
 


 Михаил Петрович Мињин среќа
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 17:52
што значи , утредента е извршено пресликување со татаринот но и како чин за подигање на моралот кај НЕРУСИТЕ намигнување
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 17:46
ова е тогашниот Рајјхстаг
а ова е некој споменик ............. има разлика намигнување
 
 
инаку , десната рака на војникот кој помага  е НАМЕРНО затемнета зошто на неа имало повеќе рачни часовници кои војникот ги “ собрал “ од некои германци а во тоа време тоа било строго казниво намигнување
 


Изменето од МАРШАЛ - 23.Февруари.2010 во 17:50
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 17:37
Татринот Гази Загитов е забил знамето на Раjхстагот:

Гази Загитов во денешно време


Инаку на филмираното "повторно" забиване на знамето учестват Егоров и Кантариjа.

http://minin-300445-zagitov.narod.ru/


http://www.bulgarile.narod.ru/syny/pobeda.htm

Изменето од чоли - 23.Февруари.2010 во 17:41
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 17:35

http://english.pravda.ru/russia/history/11-01-2008/103368-soviet_union-0


Изменето од Македон - 24.Февруари.2010 во 16:00
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.