IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Секс
  Активни теми Активни теми RSS - Секс занимливости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Секс занимливости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 49>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 14:13
Секс поза: Тампон

Оваа недела  ви претставуваме поза за орално задоволување на вашата партнерка.

Таканаречениот Тампон орално ќе ја излуди девојката поради аголот под кој што вашиот јазик ја допира нејзината интимна зона, со особен акцент на клиторисот. Стимулацијата е особена интересна и поради тоа што нозете на партнерката не се премногу раширени, туку само онолку колку што е потребно главата на партнерот да се постави меѓу нив.

Како што девојката е поблизу до состојбата на оргазам така сè повеќе ги шири нозете што од своја страна води кон постепено и мошне интензивно орално задоволство. Доколку до сега не сте успеале да ја доведете до оргазам, ова е вистинската позиција за вас.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2010 во 23:26
 
 
 ...Што сакаат мажите во сексот......

* Мажите сакаат секс со еротски помагала?-Ова е неточна констатација, повеќето мажи ја почитуваат сопствената телесна акција.
* Кога жената при орално задоволство ќе се послужи со забите, им станува одбивно на мажите? Неточно. Нежното грицкање на органот ги возбудува.
* Кога би можело да биде се по негово, тој избира да е одозгора?Неточно. Мажите не сакаат секогаш да доминираат во сексот.
* Го пали кога жената цврсто го држи за тестиси?Апсолутна вистина. Мажите се палат баш на ваквата грубост.
* Мажите се палат кога за време на сексот, се занимавате и со неговиот задник?Грев е да се каже дека ова не е вистина. Колку и да им е убаво, страв им е да го признаат тоа, за да не помислите дека е "хомо". Факт е дека премногу го сакаат тоа.
* Сакаат први да почнат?Не точно. Се возбудуваат кога ќе видат дека жената се ослободила од стереотипноста, и спремна оди во секс напад.

Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2010 во 00:04
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2010 во 13:36
 
Жените кој често доживуваат оргазам имаат повеќе успех во кариерата, како и подобро здравје, тврди првата британска учителка за оргазми Лиза Тарнер. Имено спрема нејзините зборови, вистинскиот оргазам може да ја зголеми енергијата. Истражувањето покажало дека 28% од жените ретко или никогаш не доживеале оргазам, па многу од нив се одлучиле да одглумат.Но, вистинскиот оргазам не само што ќе ви го подобри сексуалниот живот, туку и здравјето, концетрацијата со која жените ќе се поуспешни и на работа."После доживеаниот оргазам ќе се чуствувате поздраво и со полна енергија" - изјавила Лиза која тврди дека постојат четири видови на оргазам
 
Клиторални оргазам
Во минатото не се признавало дека на жените им е потребна клиторална стимулација да би доживеале оргазам. Но денес тоа е општо познато и прифатено, но често на штета на другите видови на оргазми која жената не може да ги доживее.
 
Вагинален оргазам
Вклучува познавање на Г - точката и други многу чувствителни делови кои се наоѓаат внатре во вагината. Тие оргазми се различни и можат да бидат помалку или повеќе физички интезивни, но тие не ја намалуваат енергијата, туку ја подигаат.

Повеќекратeн оргазми

Се дожувуваат како врв на сексуалното возбудување и се во серија еден по друг.

Оргазам на целото тело

Тоа е редок оргазам кај повеќето жени, но не затоа што е тешко да се доживее, туку затоа што со вистинско вежбање секој може да го доживее, па дури и мажите. "Може да трае и до 30 минути, иако кај повеќето случаи трае само неколку минути", зборува учителката Лиза. Исто така нагласува дека жените не доживуваат оргазам најчесто поради трауми или не знаат да се препуштат на моментот
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2010 во 09:05
 
Говорот на телoтo открива многу за вас, а може да направи вистинска збрка во текот на сексот, затоа размислете пред да ја завртите главата од партнерот или пред да почнете незаинтересирано да гледате во таванот за време на односот.

Доколку за време на сексот не сакате да го гледате в очи, или гледате во далечина или ја свртите главата, партнерот ќе знае дека нешто не е во ред.

Партнерот ќе се обиде да дознае за што се работи, дали има лош здив, дали сте срамежливи или дали не сакате да се бакнувате откако орално ве задоволил.

Доколку навистина не сакате нешто од овие наведени работи или имате свои причини, објаснете му го тоа нежно и по можност пред самиот секс, или препуштете се на бакнување, затоа што се ќе падне во вода.

Не проверувајте дали има прашина на таванот!

Партнерот за време на сексот дава се од себе, а вие цело време гледате во таванот и изгледате незаинтересирани, доколку сценариото е такво, нешто сигурно не е во ред.

Ако не уживате во сексот прекинете, но нежно и тактички. Ако партнерот ви е тежок, кажете му нежно дека сакате да пробате друга поза, во секој случај извлечете се со помош на шарм.

Сексот во кој проверувате дали има прашина на таванот, нема да ве задоволи ниту вас ниту вашиот партнер.
Не го криете своето тело!

Заборавете на водење љубов во мрак. Слабото светло или свеќи можат да поминат, но на целосниот мрак ставете му крај.

Мажите се визуелни типови и сакаат да уживаат во вас и во секој дел од вашето тело, не им го скратувајте тоа, затоа што неговите воздишки и допири и вас ќе ви донесат задоволство.

Бидете таа која иницира секс!

Немојте да допуштите секогаш мажот да биде тој кој се труди, изненадете и скокнете му по враќањето од работа или по утринското туширање.

Таквите работи ќе го воодушеват, па и доколку тоа не ви го каже со зборови. Тоа ќе го искаже со говорот на телото.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2010 во 16:05
Како да ја мотивирате на орален секс

Кога би ги запрашале мажите што најмногу не им се допаѓа кај сексуалниот однос, најверојатно би го наспоменале фактот што жените ретко ги задоволуваат орално. И оние жени кои ќе се решат на ваков чекор го третираат машкиот пенис како најстрашното нешто на светот, а мажите повеќе имаат чувство дека ги каснала змија отколку дека оралниот секс е задоволство.

Доколку вие сте еден од оние мажи кои сакаат да бидат орално задоволени,  обидете се со неколку „убедувачки“ методи кои што ќе ви помогнат да го добиете тоа што го сакате.

1.Средете се

Ниту една жена нема да ве задоволи орално доколку вашата интимна зона изгледа како амазонските прашуми. Значи бидете чисти и потсекувајте ги влакната. Вашиот пенис и областа околу него нека изгледаат претставително.

2.Дајте и предизвик

Жените добро реагираат на предизвици. Обидете се да ја наметнете темата во стилот дека оралниот секс овозможува одлично задоволство или пак дека поголемиот дел од жените не знаат точно како да се снајдат. Можеби тоа ќе ја поттикне таа да ги земе работите во свои раце.

3.Бидете гласни

Кога таа веќе ќе се реши да ве задоволи,  покажете и дека навистина уживате. Тоа значи дека не треба да се штедите, воздивнувајте кога ќе го погоди местото, па ако треба и подвикнете.

4. Правете го она што сакате да ви го прават

Ако сакате што повеќе орално задоволство, ќе морате да покажете иницијатива и вие да ја задоволите неа. Популарната 69-ка е идеален избор за тоа. Доколку успеете да и предизвикате оргазам за време на орален секс, верувајте дека и таа ќе се потруди и достигнете задоволство.

5.Сè нека биде игра

Обидете се низ игра да го практикувате оралниот секс. Бидете опуштени, шегувајте се и уживајте во секој момент.

6. Не ја присилувајте на тоа

Ако и ја буткате главата кон пенисот или нешто слично ќе предизвикате спротивен ефект. Тогаш вашата партнерка ќе го сфати оралното задоволување како нешто што мора да го прави, а не како начин на задоволство.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2010 во 08:58
Секс факти за кои не сте знаеле
 
Дојде време да се потсетиме на некои неверојатни факти во врска со сексот и да отркиеме некои кои ни се непознати, како што се на пример интимните перики или од каде доаѓа терминот blow job.

*Првите презервативи се изработувале од животински црева и по употребата се переле изненадувањеизненадување

За почеток еве нешто за потеклото на кондомите, за кое историчарите не се согласуваат.

Некои наведуваат дека кралот Чарлс II користел кондом од животинско ткиво за заштита од болести од проститутките.

Стручњаците велат дека најстарата илустрација на кондомот потекнува од Египет и е стара повеќе од 3000 години.

Најстарите пронајдени кондоми биле изработени од риба и животински црева, а датираат уште од 1640 година.

Во 1940 и 1950 години, кондомите се переле по употребата.

*Интимни перики за да се криење болести како сифилис

Во 15 век проститутките носеле интимни перики за да спречат пренесување пренесување на срамни вошки, а во Викторијанското време ги носеле за да ги скријат болестите како што е сифилисот.

*Терминот blow job потекнува од Викторијанската ера

Популарниот термин за орален секс потекнува од изразот blowsy, а така во тоа време го нарекувале проститутките. Истиот израз се користел и за ејакулација.

Во триесеттите години изразот blow job се користел за орален секс со ејакулација.

*Мажите кои гледаат геј порничи произведуваат повеќе сперма

Истражувањата покажаа дека мажите кои гледаат геј или би порничи произведуваат повеќе сперма од тие што гледаат машко-женски порничи.

Стручњаците веруваат дека оваа појава е поврзана со машката конк*ренција во репродуктивните способности.

*Жените пингвини се занимаваат со проституција и флертуваат

Дури и ако се во долгогодишна врска, жените пингвини разменуваат сексуални услуги со други пингвини и тоа за замена за камчиња со кои ги градат своите гнезда.

Понекогаш жената пингвин, ритуално го заведува мажјакот, се додека тој не собере доволно камчиња за гнездото, а потоа таа побегнува.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2010 во 17:25
Мора ли сексот во реалниот живот да биде како во порно филм?

Во порнографските филмови сексот секогаш изгледа сензационално, па поради тоа некогаш се случува да се чувствуваме несигурни во нашата спална соба ако работите не изгледаат така. Меѓутоа, дали воопшто е битно ако нашиот секс не изгледа филмски?

Ако повеќето работи за сексот сте ги научиле од порно магазините или порно филмовите, можеби сте се запрашале зошто реалниот сексуален живот толку многу се разликува од она што е прикажано на филмот. Не треба да се чувствувате разочарано или огорчено затоа што не „работите според прописите“. И сами знаете дека филсмкиот свет во повеќето случаеви нема никаква сличност со стварноста.

Порнографијата се темели на фикција. Многу често во порнографските филмови домаќинките се покажуваат како успешни жени кои само чекаат да дојде водоинсталатерот кој ќе ги задоволи нивните сексуални фантазии. Во вистинскиот живот жените не размислуваат така, а со странците разговараат многу внимателно, посебно ако тие се во нивната куќа.

Раскошна домаќинка и надарен водоинсталатер

Физичкиот изглед на домаќинките и водоинсталатерите е научна фантастика. Во порно филмовите домаќинките имаат мерки 100-50-100, а водоинсталатерите имаат мускули и грандиозен пенис. Во вистинскиот свет многу ретко постојат овие примери.

Сексот во порно филмовите секогаш е ускладен, а љубовниците прават сè синхронизирано. Секако, тука постои нешто што се вика сценарио. Во таквите филмови нема многу од она што се случува во животот, а тоа се нервозите, неудобноста, случајните удари, прејаки гризнувања или пак грчеви кај мускулите поради некоја поза.

Немојте да заборавите дека со партнерот најважна е комуникацијата. Кажете што и како сакате и што вам ви се допаѓа. Со тоа вие ќе го подобрите вашиот сексуален живот.

Оргазам во исто време и нежно гледање во очи

Дали некогаш сте виделе во порно филм некој да се грижи за сигурниот секс. Дали некогаш актерот ја прашал актерката дали таа зема пилули. Не, бидејќи такви работи нема во порно филмовите, тие таму веднаш се фрлаат на „работа“. Главниот актер има беспрекорно долга ерекција, а има енергија за пет часа секс. Актерките пак доживуваат оргазам само по две минути предигра. За двајца кои се сретнале пет минути пред тоа изгледа прилично добро. Совршена ускладеност.

Романтичните филмови сè уште по лоши. Во нив партнерите доживуваат оргазам во исто време и нежно се гледаат во очи. Секако, оргазмот доаѓа по само неколку мрднувања во креветот. Слатко, нема што.

Меѓутоа, сево ова нема врска со сексот во реалниот живот. Такви филмови немаат стандарди кои се реални. Немојте никогаш да заборавите дека вистинскиот живот нема ништо со тоа што се прикажува на филм. Уживајте со својот партнер и партнерка и препуштете му се на сексот и реалниот живот. 

______________________________________________________
 
Немора.Пошто тоа во порнофилмите е се друго но не и секс.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 19:02
Кондоми за деца

Во Швајцарија почна продажба на екстра мали кондоми наменети за момчиња од 12 до 14-годишна возраст.

Кондомот, наречен Hotshot, е произведен откако владино истражување покажало дека денес многу повеќе деца од таа возраст имаат сексуални односи отколку пред десет-дваесет години.

- Не шокираше сознанието дека млади момчиња се впуштаат во секс без заштита и оти во голем дел од случаите се лошо информирани за сексот. Не ги сфаќаат последиците од она што го прават и ги оставаат девојчињата тие сами да ги решаваат, истакна Ненси Бодмер, која го спроведе истражувањето.

Противниците на кондомите, меѓутоа, тврдат дека младите луѓе кои уште сега рано се соочуваат со сексуалноста и порнографијата, ќе бидат под уште поголем притисок да се впуштаат порано во сексуални односи.

Кондомот за млади, што го произведува компанијата „Lamprecht AG“ е потесен од конвенционалните и чини 7,60 швајацрски франци (околу пет евра) за пакување од шест парчиња.



газење%20од%20смеење
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 19:21
Кондоми за деца

Во Швајцарија почна продажба на екстра мали кондоми наменети за момчиња од 12 до 14-годишна возраст.

 
кондомите не се за деца .............. ПРОТИВ ДЕЦА СЕ голема%20насмевка
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 19:49
Тринеделната ерекција ќе го убиеше за малку
 
Докторите на еден Индиец одвај му го спасија животот откако три недели имал непрекината ерекција. Мажот предоцна побарал лекарска помош, па по долгата операција останал импотентен.

Индиецот кој завршил на операциона маса не користел ниту Вијагра ниту други лекови за потпомагање на ерекцијата. 55-годишниот маж имал пореметување на нервниот систем, па откако три недели имал постојана ерекција решил да побара лекарска помош.

Иако дошол предоцна и по операцијата останал импотентен сепак имал среќа што останал жив. Постојаната ерекција може да биде опасна по неколку часа, а не па по неколку недели.

Како што вели докторот што го оперираше, Авишек Мухерје, во таков случак потребно е да се прави хирушки зафат по 6 часа бидејќи инаку би можело да дојде до деформација на пенисот или до смрт.

Операцијата траела 1 час. Докторите морале да ја отстранат крвта од пенисот, па освен тоа што ќе остане импотентен други последици по неговото здравје нема.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2010 во 08:20
Дали жените сонуваат секс со партнер кој има голем пенис? 
 
Големиот пенис е  женска фантазијата или навистина малиот пенис може да биде потполно бескорисен?
Пред извесно време сретнав една анкетата, каде што 80 отсто од жените се изјаснале дека нивна желба е да имаат партнер со голем пенис.

Кога велам голем пенис, јасно е дека мислам на вистинска големина. Најмалку 22 или повеќе сантиметри долга машина, кој може да игра во нејзината вагина. Значи голем пенис жените може само да сонуваат зошто анкетите за должината на машкиот пенис, зборуваат сосем поинаку од бараните сантиметри. Дали жените навистина се опседнати со големината на машката алатка или тоа им служи само за набивање на комплекси кај мажите? Дали за добар секс навистина потребна е голема дебела алатка? Дали мажот кој нема голем пенис не може да ја задоволи жената?

Просечниот пенис навистина е добра понуда за добар секс, затоа што сексот никогаш не зависи само од пенисот, важни се страстите како и дали  партнерите се согласуваат еден со друг.

И навистина дали мозаикот ќе се склопи, тоа знаат само жените и дали малиот пенис е употреблив за доведување до колминацијата? Но, мажот треба точно да знае со својата големина на пенисот да ја излуди жената, која сепак  ја крие желбата за голем пенис, впуштајќи се во фантазија за голем алат. Дали жената кога ќе го добие задоволството од малиот алат  вели дека големината на пенисот не игра улога, или нема да признае за добиеното задоволство со малиот пенис дека уживала и со него, или  повторно ќе вели  дека преферира алат со голема димензија? Дилема ќе е, а одговорот ќе го знае само жената.

Од друга страна  добредојдена е  една друга анкета, каде  жените признаваат дека премногу големите пениси се бескорисни, кој дава болка и непријатност.

Значи, драги момци, да не ви е товар должината на пенисот и на жената покажете и ја вашата способност во сексот без разлика на вашите сантиметри, не со пенисот, туку со страста и посветеноста, што далеку зад себе го остава неверојатниот гигант од пенис. И нè заборавајте, на многу жени им е важен изгледот на пенисот. Ако пенисот е убав, може да биде и малку помал, а жената  ќе биде многу задоволнa
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2010 во 13:45
Дали да се открие сексуална интима пред пријателите?

Колку пати до сега сте им ги откриле сочните детали на своите пријатели за тоа како сте ја поминале претходната вечер? Најверојатно речиси секогаш го правите. Но, дали некогаш сте се запрашале колку е мудра вашата постапка. Во денешно време е мошне тешко да се пронајдат вистински пријатели, а уште потешко да им се верува за многу нешта, особено за интимниот живот.

Мажите честопати сакаат да споделуваат детали од сексуалниот однос со своите пријатели, но понекогаш тие приказни излегуваат од тесниот круг на машкото друштво и лесно може да дојдат до ушите на девојката. Доколку станува збор за сериозна врска, приказната сигурно нема да заврши добро. Иако споделувањето на сексуални искуства и не е толку лоша идеја, кога веќе се фалите направете го тоа пред сигурни луѓе, а не пред секого, бидејќи никогаш не знаете како би можело да ви се врати.

За разлика од мажите, жените го сведуваат својот круг на пријателки со кои споделуваат интимни детали на минимум. Ова најчесто се должи на фактот што жените може да бидат особено опасни и љубоморни. Додека кај мажите зависта и омразата се изразуваат преку директен конфликт, жените функционираат на далеку поподмолен начин. Тие можат да изгледаат како грижливи и „добри“ пријателки, кои веќе во првата прилика кога ќе постигнете некаков успех се прашуваат како да ви наштетат. Можеби затоа изборот кој го прави една девојка најчесто се сведува на една до две пријателки во кои има апсолутна доверба.

Во случај покрај себе да ги имате вистинските луѓе, раскажувањето на сексуалната интима може да биде мошне добро за вашиот сексуален живот. На тој начин ќе научите нешто ново, отворено ќе зборувате за своите размислувања, а кој знае можеби и ќе ја подобрите вашата сексуална самодоверба.

Сепак, запомнете дека секогаш треба да остане определен дел кој што ќе го задржите само за себе и за својот партнер или партнерка. На крајот на краиштата не е интересно кога пријателите знаат баш сè.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2010 во 15:19
Четири Камасутра секс пози

Овој пат ви нудиме четири пози од познатата Камасутра со цел малку да го зачините својот сексуален живот за време на викендот.


КРЕВЕТ

Упатство: Жената се спушта на креветот и лежи на стомак така што само горниот дел од телото да и се наоѓа на креветот, а долниот „виси“. Мажот приоѓа, ги подига нејзините нозе и започнува да пенетрира.

Ефект: Оваа поза ги зајакнува мускулите на задникот и бутовите.

Степен на тежина: 1

ЛИЗАГАЊЕ

Упатство: Жената лежи на бутот, долната нога се наоѓа на подот, а горната нога е во воздухот и тоа свиткана во коленото. Партнерот седнува во пределот на меѓуножјето, ја подига нејзината горна нога и пенетрира.

Ефект: Зацврстување на страничните и стомачните мускули

Степен на тежина: 2

МОСТ

Упатство: Жената прави мост од своето тело така што се свиткува кај половината, малку ги витка колената, а со рацете се потпира на подот. Мажот влегува одзади придржувајќи се за нејзиното торзо.

Ефект: Вежбата е одлична за зајакнување на горните и долните стомачни мускули кај жените.

Степен на тежина:3

СЕЗАМ

Упатство: партнерот нека легне на грб на работ од креветот, така што стапалата ќе му бидат на подот. Жената го јавнува, а притоа едната нејзина нога го допира подот. Станува збор за мошне интимна поза во која телата едноставно се вплеткано едно со друго.

Ефект: Ова е спора сензуална поза која е одлична за истегнување на целото тело

Степен на тежина:3
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 49>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,160 секунди.